build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гранични премини и царински терминали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 24-Nov-2013 at 18:29
Се уредува граничниот премин кај Ново Село



Во соработка на Царинската управа, Министерството за внатрешни работи и општина Ново Село, деновиве се врши уредување на граничниот премин кај Ново Село.

Комплетно се чисти и хортикултурно се уредува просторот околу граничниот премин, се бојадисуваат објектите, се поплочуваат тротоари, нови простори, се обновува сообраќајната сигнализација, осветлувањето.

Како што не информира Столе Лазаров, шеф на Царинска испостава Ново Село, оваа заедничка акција со МВР и општината Ново Село, е во насока за поефикасно функционирање на едношалтерскиот систем со цел побрз сервис на граѓаните и нормален проток на луѓе и стоки.

http://www.strumicanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=2118:%D1%81%D0%B5-%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%BD-%D0%BA%D0%B0%D1%98-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%BE&Itemid=296
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 27-Dec-2013 at 19:15
Реконструиран граничниот премин Блаце

Реконструиран и проширен граничниот премин Блаце кон соседно Косово. Државата во помош на Светска Банка го реализираше проектот вреден милион и 800.000 евра, за зголемување на капацитетот на преминот и целосна обнова на објектите за царината и граничната полиција. Ако досега за влез или излез од државава на преминот се чекаше по 15тина минути, според пресметките на наделжните сега ќе бидат потербни околку 3 минути.

Во текот на годината скоро два милиони луѓе го минале преминот во двата правци. Од јануари до ноември годинава преку Блаце извезени се стоки во вредност од околу 280 милиони долари, со што се потврдува економската оправданост и потребата од современ граничен премин кон Косово.

На линкот има и видео http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=68613#.Ur3DavRDvTo
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 27-Dec-2013 at 19:16












МИА.мк

Edited by Џоле - 27-Dec-2013 at 19:20
За сè има вторпат
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 29-Dec-2013 at 18:55
Нели е пологично да има посебна лента за државјани на Македонија, а посебна за ЕУ и сите други? Нели е очекувано државјаните на РМ да имаат предност, односно да не чекаат на иста лента со државјаните на Косово?

Супер што „имаме“ поставено стандарди за ова и што не можеме барем на сопствената ганица да се чувствуваме привилегирани вo однос на странците.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 29-Dec-2013 at 20:05
Закон за гранична контрола

Член 20
На оние гранични премини каде што ќе се оцени дека е потребно и каде што тоа го дозволуваат условите можат да се определат посебни сообраќајни ленти наменети за државјаните на Република Македонија, за државјаните на Европската унија, како и за државјани на трети земји и таквиот режим на сообраќај треба да се применува со тоа што државјаните на Република Македонија можат да ја користат која било сообраќајна лента, а не само онаа којашто за нив е определена.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1051
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 29-Dec-2013 at 22:33
Дали со ова реновирање е опфатено носење вода за пиење и функционални санитарни јазли на преминот?На Табановце и на Ќафасан на пример, ова беше изоставено.Службите си носат вода за пиење од дома или изнајмиле апарати (на сопствен трошок), за вц ја користат истата вода, а патниците не можат ништо да користат поради немање јавни чешми и тоалети
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 30-Dec-2013 at 18:59
Originally posted by OCB

Закон за гранична контрола

Член 20
На оние гранични премини каде што ќе се оцени дека е потребно и каде што тоа го дозволуваат условите можат да се определат посебни сообраќајни ленти наменети за државјаните на Република Македонија, за државјаните на Европската унија, како и за државјани на трети земји и таквиот режим на сообраќај треба да се применува со тоа што државјаните на Република Македонија можат да ја користат која било сообраќајна лента, а не само онаа којашто за нив е определена.


Текстот во членот е ОК, но џабе е тоа кога никој незнае дека државјаните на РМ може да ги користат сите ленти. Ако ги следиш знаците логично е да се наместиш на лентата каде што пишува државјани на РМ...

Edited by nylon - 30-Dec-2013 at 19:12
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 31-Dec-2013 at 02:12
Originally posted by nylon

Originally posted by OCB

Закон за гранична контрола

Член 20
На оние гранични премини каде што ќе се оцени дека е потребно и каде што тоа го дозволуваат условите можат да се определат посебни сообраќајни ленти наменети за државјаните на Република Македонија, за државјаните на Европската унија, како и за државјани на трети земји и таквиот режим на сообраќај треба да се применува со тоа што државјаните на Република Македонија можат да ја користат која било сообраќајна лента, а не само онаа којашто за нив е определена.


Текстот во членот е ОК, но џабе е тоа кога никој незнае дека државјаните на РМ може да ги користат сите ленти. Ако ги следиш знаците логично е да се наместиш на лентата каде што пишува државјани на РМ...


Па не би се согласил. Во многу наврати кога има гужва, самите полицајци и цариници ве усмеруваат према другите ленти, слична е тактиката и во Турција и Србија, а има и такви примери и во Словенија и Хрватска. Не секогаш значи дека граѓани што не се од ЕУ немаат право да ја користат таа лента.
23ka.wordpress.com
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 04-Jan-2014 at 02:03
Значи не се работи за тоа дали полицајците усмеруваат или не... Едноставно, обележаноста (распределбата) на лентите нема логика. Или со други зборови, не ги привилегира граѓаните на таа држава. Или со други зборови, самите себе си не се привилегираме

Во секој случај, обележувањето на лентите на Блаце ми боде очи.
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 346
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 11-Feb-2014 at 12:23
live stream od granicnite premini : )

http://faktor.mk/archives/95953

"Каква е состојбата на патиштата, има ли гужва на граничните премини? Овие информации сега и сами ќе можете да ги проверите директно на интернет страницата на јавното претпријатие за државни патишта.

На редизајнираната вебстраница, што денеска ја презентираа министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски, секој граѓанин може да добие слика од камерите поставени на повеќе локации, на патарините и граничните премини."

http://www.roads.org.mk/315/video-kameri
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 21-Feb-2014 at 15:11
Реконструкција на граничниот премин „Богородица“



Започнуваат градежните работи за реконструкција на граничниот премин „Богородица“, административната зграда и придружните објекти.

Реконструкцијата на најголемиот и најфреквентниот граничен премин кон соседна Грција е дел од проектот за Развој на граничната инфраструктура – Border.In, финансиран во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција 2007-2013 од Инструментот за предпристапна помош (ИПА).

Истовремено овој проект претставува дополнение кон воведувањето на Новиот компјутеризиран транзитен систем на ЕУ во Македонија, проект исто така поддржан од ЕУ во рамките на Програмата ИПА. Новиот систем, компатибилен со системите на ЕУ, кој ќе започне да се применува од 1 март 2014 година, преку исклучиво електронско поднесување на документи за транзит, претставува дополнително забрзување и олеснување на царинските постапки. Воведениот нов транзитен систем, преку поврзување со системите на ЕУ во текот на идната година, ќе овозможи избегнување на граничните хартиени царински формалности при стоковата размена со државите членки на ЕУ и дополнителна корист за економските оператори.

http://www.porta3.mk/rekonstrukcija-na-granichniot-premin-bogorodica/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 28-Jun-2014 at 02:17
Originally posted by cinxxx;115260205

Entering Macedonia from Albania at Tushemisht/Sveti Naum


AL_SH64 von cinxxx auf Flickr


MK_R1301 von cinxxx auf Flickr


MK_R1301 von cinxxx auf Flickr

За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1547
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 28-Jun-2014 at 15:14
Sto e ova so soobrakajnite informativni talbi? Na Tabanovce stoi tabla so informacija 60, 80, 110, i avtopat 130km/h, a ovde na slikata gledam nesto drugo, 50, 80, 100, 120km/h!?

Znae li nekoj dali konecno se planira rekonstrukcija na granicniot premin "Prohor Pcinski"? Ovoj granicen premin izgleda epten zanikade...
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 23-Jul-2014 at 11:35
Нов лик на објектот на Царината на ГП Богородица



Објектот на Царинската управа на Македонија на граничниот премин Богородица доби нов лик, преку проект кој е финансиран од ЕУ.

Реконструкцијата вредна 193.000 евра е реализирана во рамки на Проектот BORDER IN финансиран од ЕУ, а дел е од програмата за прекугранична со Грција. Целта е подигање на квалитетот на царинските услуги за граѓаните и компаниите, но и на безбедноста во граничниот регион.

ЕУ го финансираше и унапредувањето на уште два капацитети на Царината – граничните премини Табановце со 1,9 милиони евра и Ќафасан во вредност од 1,5 милини евра.

emagazin.mk

Edited by jyvation - 13-Jan-2015 at 11:30
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 12-Aug-2014 at 12:52
ГП Табановце – автопат е најуспешна царинска испостава за период април – јуни



Царинската управа на Република Македонија информира дека во вториот квартал за 2014 година, за период април – јуни, Царинската управа за најуспешна царинска испостава која врши патнички промет ја избра Царинската испостава Табановце-автопат, Царинарница Куманово, а за најуспешна внатрешна царинска испостава која врши стоково царинење ја избра Царинската испостава Гевгелија, Царинарница Гевгелија

Покрај прворангираните царински испостави, се прави селекција и на второ и трето рангирани царински испостави и тоа: Второрангирана гранична царинска испостава е царинската испостава Дојран, Царинарница Гевгелија, а треторангирана гранична царинска испостава е царинската испостава Богородица, Царинарница Гевгелија.

Второрангирана стокова царинска испостава е царинската испостава Куманово, Царинарница Куманово, а треторангирана стокова царинска испостава е царинската испостава Аеродром – отсек за стоково царинење, Царинарница Скопје.

http://www.kumanovskimuabeti.mk/gp-tabanovtse-avtopat-e-najuspeshna-tsarinska-ispostava-za-period-april-juni/

Edited by jyvation - 13-Jan-2015 at 11:30
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 13-Jan-2015 at 09:16
Деве Баир - вака е веќе 5-6 години

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=900389563329344&set=pcb.599286163536151&type=1&theater

Edited by Џоле - 13-Jan-2015 at 09:17
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 30-Jun-2015 at 11:11
Табановце и Ќафасан ќе се надградуваат и модернизираат



Граничните премини кон Србија и Албанија ќе се надградуваат и модернизираат. Царинската управа избра консултантска фирма која до крајот на годината треба да изготви градежно-техничка документација за надградба на објектите на граничните премини Табановце и Ќафасан. Во план е постојниот терминал за увоз и извоз на стока на граничниот премин Табановце да се прошири за дополнителни 4.000 квадратни метри и да се изградат нови придружни објекти, додека на преминот Ќафасан, пак, на површина од 9.500 квадрати ќе се гради нов увозно-извозен царински терминал со пристапни патишта, ќе се градат нови објекти за царинење и за други инспекциски органи, а постојните објекти ќе бидат реконструирани.

За реализација на двата проекти се обезбедени средства од ИПА фондовите. За проектот за граничниот премин Табановци 1,9 милиони евра, додека за граничниот премин Ќафасан 1,5 милиони евра.

„Со овие проекти, кои се дел од програмата на Владата за периодот 2014-2018 година, ќе се олесни стоковата размена, особено на фреквентните гранични премини, а истовремено ќе се забрза транспортот долж пан-европските коридори 8 и 10“, се вели со соопштението од Царинската управа.

http://www.porta3.mk/tabanovce-i-kjafasan-kje-se-nadgraduvaat-i-moderniziraat/
Back to Top
BoyFromKavadarcii View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Jul-2015
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote BoyFromKavadarcii Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 22-Jul-2015 at 00:12
Убаво е што ќе се надоградат и модернизираат редно беше но зошто само овие два премина ? ГП прохор пчинси е во многу лоша состојба , Деве баир исто така и Меџитлија заслужуваат реконструкција ..
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 483
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 11-Aug-2015 at 02:21
Што испадна со отварањето на преминот од селото Мајден,Кавадарци до грција ? знам дека уште пред 4-5 години почна да се пробива патот , дали е некој запознат со ситуацијата ?
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1384
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 10-Sep-2015 at 22:33
Попоски: Македонија размислува за ограда за спречување на приливот на мигранти


Македонија размислува за изградба на оградба, слична на онаа која што ја гради Унгарија, во обид да го сопре растечкиот број на мигранти кои доаѓаат од југ, изјавил шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во четвртокот, пренесува Reuters.

Повеќе на линкот во насловот
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.