build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гранични премини и царински терминали

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6789>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 11-Sep-2015 at 01:18
Нема шанси на такво нешто ,европа нема да дозволи пола метро sид да кренеме
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11025
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 11-Sep-2015 at 09:25
Ѕидовите никогаш не биле ефикасни. И тој во Унгарија го пробиваат на многу места, нашиов уште повеќе. Проблемот со мигрантите и бегалците (да, тоа се две различни категории што ни доаѓаат) е подлабок и ние можеме само да ги пренесеме до границата со Србија, во меѓувреме и да заработиме нешто од нив (без да ги злоупотребиме цените и слично, зашто меѓу нив има и страдалници, но има и едно чудо економски мигранти со пари). Но, како што реков, проблемот е посложен и една слаба држава како нашава не може сама да се справува, посебно зашто ние не сме дел од него.
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3678
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 11-Sep-2015 at 18:31
Ние пак Сид би кренале😂. И да ги туркаш нема да си останат кај нас аман хаха ко да сме швајцарија. Бизнис без крај прави државата со луѓе што се во опасност па сега сид, за смеење и така веќе банана држава сме.. МЖ ќе го памти овај промет во наредните 10 години и неколку лопови.
Ние пак некоја СТАБИЛНА држава, дај да не ни се случи нас вакво сценарио па ќе се качиме како мајмуни по сидови.
Државата не прави никакви трошоци туку касира од сите страни. Не знам каде е сега проблемот?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 11-Sep-2015 at 22:08
Мора да се воспостави ред и на граничните премини и во возовите. Без оглед на тоа дали се работи за туристи или бегалци,мора да се има ред. Самите бегалци си прават проблем што се туркаат за да поминат кој како ќе стигне да влези. Нека се направи ред нема да има проблем барем кај нас на границата.

Неможи никако да се дозволи некој да влези(како што гледаме од сликите кога се туркаа со полцијата) а да небиди уредно регистриран.

пробајте негде на граница во ЕУ поминете насила без дозвола на граничарот па.....

И да се потсетиме дека масовната несреќа после Велес на пругата беше предизвикана баш од немање ред и дисциплина-т.е. мигрантите се тепале меѓу себе со шипки и во гужвата неслушнале дека доаѓа возот
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3678
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 11-Sep-2015 at 22:19
Епа со sид се ќе се среди? Не верувам, не е решение прави само лоша слика...
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 11-Sep-2015 at 23:24
За ѕидот министерот даде демант, во кој кажува дека е тоа лошо решение, и како такво го објаснил

Попоски: Изјавата за подигање ограда е извадена од контекст и неточна!

Извадена од контекст и недоречено пренесена, изјавата на министерот Попоски за наводно подигнување ограда на границата со Грција за спречување на бранот мигранти, предизвика целосно погрешна слика за Македонија и нејзините напори за хумано справување со бегалците.

Во интервјуото за унгарски Фигјело, Попоски запрашан, дали размислувавте за тоа да ги заштитите границите со ограда, слично како што го стори тоа и унгарската влада, вели дека таквиот чекор го смета за лошо решение.

- Очигледно и кај нас ќе треба некаква физичка заштита за да го намалиме нелегалното преминување на границата. Тешко е тоа да се постигне за кратко време, а не е решение за долг период. Но доколку озбилно го земеме тоа што го бара од нас Европа, тогаш ќе има потреба и од тоа. Било војници, било ограда, или комбинација од двете. Но нагласувам: не го сметаме ова за добро решение, изјавил Попоски.

Според министерот Попоски вадењето од контекст било очекувано.

,,Јасно е дека постоеше тенденција да биде извадена од контекст целата изјава. Се работи за изјава која е насочена во правец на помошта која ја бара Р.Македонија и во делот на справување со мигрантскиот бран, кој е во тенденција на зголемување, но и во делот на обезбедување на граничните премини кон Република Макеоднија и целиот граничен простор од Република Грција. Главниот предизвик е што нашите европски партнери кои се крајна дестинација на мигрантите, главно Германија очекуваат да имамае кредибилен систем за регистрирање и нудење на можност за баратели на азил. Впрочем истата таа можност тие треба да ја имаат во претходната земја, која е земја членак на ЕУ, но сите земји на оваа рута од Турција, преку Грција, Макеоднија, Србија, Унгарија, Австрија се соочени со истиот проблем‘‘, изјави Попоски

Попоски додава дека не само Македнија, туку ниту една земја не може целосно да спроведе физичко обезбедување, што било јасно кажано во интервјуто.

,,Во оваа ситуација физички ниту една земја вклучително и Р. Македонија нема да може да обезбеди таков систем. Јасен одговор беше даден дека оградувањето на границата не е решение и долгорочно не може да го реши овој проблем. Впрочем тој одговор го имав дадено и на новинарот кој го постави тоа прашање. Но, мораме да обезбедиме висок степен на обезбедување на границата за да се намали бројот на нелегални премини и впрочем мора да се зголеми соработката и со секоја соседна земја‘‘, смета Попоски.

Попоски очекува посилна соработка и ангажман од европската полиција за справување со бранот мигранти.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1477
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 11-Sep-2015 at 23:40
gjoko, problemot e sto nasite institucii ednostavno se nesposobni za menadjiranje nitu na edna obicna selska opstina, a kamo li na eden takov osetliv problem od svetski karakter. Da ne navleguvam premnogu vo politika, ke gi izdvojam samo najvaznite raboti. Begalcite se pojavija uste vo Januari a nasite vlasti se pravea slepi pri oci ignorirajki gi malkute novinarski zapisi i izvestai, i nisto ne prezemaa. Ako togas vospostavea sistem i pokazaa volja za pomos, denes se ke bese poinaku. Koga se sluci napliv na begalci nasite "umni" politicari vospostavija takanarecen sistem "ko ce prvi". Ja zatvorija granicata so specijalni policiski sili i prevezuvaa neznacitelen broj na begalni kon Tabanovce ili vo prevod, pustaa samo eden voz. Znaejki go toa begalcite ne biraa nacin kako da se kazat vo siromaskiot voz. Denes gledame deka situacijata e mnogu poinakva. Soobrakaat cetiri vozovi, a tuka se i avtobusite, pa napnatosta splasna.

Edited by Denko - 12-Sep-2015 at 00:02
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 12-Sep-2015 at 11:01
Досега беше кривично дело ако ти фатат во возило човек кој е нелегално влезен во државата. Само годинава во Кичево имаме поднесено еден куп на кривични пријави на таксисти и газди на кафани кои имале кај себе луѓе со нелегален статус-најчесто певалки(проститутки) од Србија и Албанија.

Едниот кафанџија (Рушит кој го знае) одлежа 1,5 година бидејќи му најдоја во колата певалки.
Поради ова на границата во Гевгелија несмееше да се превезуваат мигрантите, па после државата одлучи свесно да се крши законот за да си немаме проблем.

Сега некој адвокат или политичар доколку сака мо=и да направи проблем, егзакно барајќи да се почитува уставот и законот и НИ возовите НИ автобусите несмеат да превезуваат мигранти.

парадокс
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 12-Sep-2015 at 15:50


Не е точно веќе, имаше мала промена во законот. Имено, ако се регистрира како барател на азил, има право да се превезува во рок од 24 (48?) часа.

Не сум баш начисто, но го имам видено неколку пати делот кога им викаат „морате да имате ливче, земете го од онде ене запишете се, и после смеете во автобусот“.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11025
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 12-Sep-2015 at 16:04
Имаат рок од 72 часа да поднесат барање за азил, а во меѓувреме можат да користат секаков вид превоз (воз, автобус, такси итн.)
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 12-Sep-2015 at 16:50
да, ама све се тоа ад хок решенија. додека не се донесе таа уредба, немаше правна основа за тоа.

и пак тука се јавува основниот проблем-турканиците на самата граница. тие што се туркаа со полицијата(а некој од џандарите и маваа со пендреците) неможат да имаат такви ливчина за азил,и фактички се нелегални престојувачи.

значи пак се навраќаме на она првото што го напишав-без ред и дисциплина на граница нема решение за ниеден проблем.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 07-Dec-2015 at 13:14
Царинската управа на Република Македонија започна со реконструкција на асфалтните површини на граничниот премин Табановце кoе ќе трае во следните 15 дена. Асфалтирање се врши на влез во Република Македонија и тоа на делот од лентата за автобуси и пред колската вага за мерење на тешки товарни возила, како и на излез од терминалот пред наплатната куќичка ,исто така неодамна беше сменет асвалтот и на богородица на нај оштетените делови.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 08-Feb-2016 at 13:16
Денеска во косово е потпишана спогодба за преминување на државната граница со биометриски лични карти за краток престој.Исто така и за отварање нов граничен премин Бељаковце - Станќиќ.
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 09-Feb-2016 at 18:07
Originally posted by WolfLeader

Денеска во косово е потпишана спогодба за преминување на државната граница со биометриски лични карти за краток престој.Исто така и за отварање нов граничен премин Бељаковце - Станќиќ.


Тоа е добра вест бидејќи:

Македонски држајванин со биометриска лична карта сега може да се движи во Косово, Србија, Албанија и Црна Гора. Што значи на пример пат во Црна Гора со лична карта може преку Косово. Исто печати не удираат во пасош што е предност ако може со лична карта.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 10-Feb-2016 at 16:25
Originally posted by one1

Originally posted by WolfLeader

Денеска во косово е потпишана спогодба за преминување на државната граница со биометриски лични карти за краток престој.Исто така и за отварање нов граничен премин Бељаковце - Станќиќ.


Тоа е добра вест бидејќи:

Македонски држајванин со биометриска лична карта сега може да се движи во Косово, Србија, Албанија и Црна Гора. Што значи на пример пат во Црна Гора со лична карта може преку Косово. Исто печати не удираат во пасош што е предност ако може со лична карта.


Па да , според мене ова е убава вест за сите оние кој што претежно работата им е таква што мора да ја напуштаат државата и често ги користат граничните премини кон соседните држави , а и лето за одмори по црна гора и албанија баш е добро вака , низ европа ако не се лажам секоја членка минува граница само со лична карта ...
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 12-Nov-2016 at 15:37
Дали е точно тоа дека Табановце е најголем меѓународен граничен премин во Југоисточна Европа ??
Back to Top
FlytheSky View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Sep-2016
Online Status: Offline
Posts: 157
  Quote FlytheSky Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 12-Nov-2016 at 18:23
По проток на возила Капитан Андреево, Бугарија-Турција, убедливо.
Критичар за критика
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 13-Nov-2016 at 13:05
Originally posted by FlytheSky

По проток на возила Капитан Андреево, Бугарија-Турција, убедливо.


Па случајно го сретнав некаде тој податок , но не беше точно наведено на што се мисли , можно ли е по површина да е најголем ? И тоа не ми држи вода бидејќи сум го минал преминот што го кажа и на Турскиот имаше 10 или 11 ленти за минување едноставно импозантен премин, а кај нас има по 4-5 ленти така што и по површина тој е сигурно поголем ... Или е грешка информацијата или е некој стар податок незнам.
Back to Top
FlytheSky View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Sep-2016
Online Status: Offline
Posts: 157
  Quote FlytheSky Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 13-Nov-2016 at 13:40
Еве од мое лаичко мислење, прво сите знаеме најголемиот транзит посебно во лето но и камионски превоз од и за цела Европа се одвива од и до Турција затоа е тоа така. На пример од Ниш имаш раздвојување на транзитниот сообраќај кон Скопје па преку Грција кон Турција и Софија директно за Турција, затоа оваа насока се користи повеќе зашто е пократка и реално врвот се достигнува токму на тој премин.
Критичар за критика
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 13-Nov-2016 at 19:48
Да и кај нас преку лето транзитираат неколку милиони туристи но сепак неможе да се достигне со бројот што е Србија,Софија,Турција ...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6789>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.