build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Трговски центар во Сопиште

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Трговски центар во Сопиште
    Posted: 20-Nov-2021 at 17:06
Сторија: Урбанистичкиот бум наспроти спокојот на жителите на општина Сопиште









https://telma.com.mk/2021/11/20/сторија-урбанистичкиот-бум-наспроти/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 16-Mar-2022 at 18:22
Трговски центар во Сопиште е барање и потреба на жителите, проектот е закочен само поради тужба од наш нов сограѓанин, вели Трпковски



Почитувани сограѓани, потребата од трговски центар во општина Сопиште е ваше барање и потреба, негова изградба беше ветена и во мојата изборна програма и истиот ќе биде реализиран, затоа што е ваше барање и потреба, вели Стефче Трпковски, градоначалник на Сопиште.

„За жал морам да ве информирам дека најавената изградба за одреден период е запрена, поради опструкции и тужба пред Управниот суд од страна на нашиот неодамнешен сограѓанин Костаке Милков. Со почнување на судската постапка се одлага и изградбата на објектот се до конечна разврска на спорот. Сите факти се на страна на општината и на страна на проектот.

Се извинувам од мое и од името на општината што овој проект на определено време е закочен, иако тој е потреба на сите вас. Се надевам и на разум кај нашиот нов сограѓанин кој нема да чека да заврши спорот во кој фактите се на наша страна, и ќе ја повлече тужбата за да може Сопиште да добие објект каде сите вие и вашите најмили ќе можат да поминат дел од своето слободно време, без да треба да патуваат во други општини за да посетат таков објект“, додаде тој.

https://skopje1.mk/archives/172321
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 16-Mar-2022 at 19:11
Јебем ти општество кај што се очекува државата да гради трговски центар. И на што ќе личи ова после? А и ептен правна да ти била државата кајшто државни органи (општина) јавно го личнува со име и презиме граѓанинот поединец што поднел тужба пред друг легитимен државен орган (суд)! Као демек сега треба притисок да му праиме?! Можда НКВД треба у гулаг да го прати?! Ебати сељаците! Па направете притисок врз судот побрзо да го затвори случајот, ако сте у право ќе си продолжи се како што сте замислиле.

Edited by user8642 - 16-Mar-2022 at 19:11
Back to Top
antigona View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote antigona Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 17-Mar-2022 at 08:23
Градоначалникот на Сопиште е едно ретко неспособно, а корумпирано детиште...ама си го бира народот...еве за овој случај: http://telma.com.mk/2021/11/21/%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%83%D1%80%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B1%D1%83%D0%BC-%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 09-May-2022 at 14:35
Трговски центар со станбени згради во ниви и без пат прогласен за проект од јавен интерес

Отсуството на критериуми и урбанистички план им остава простор за злоупотреби на општините своеволно да избираат што е проект од јавен интерес. Поради ова, граѓаните често се борат со општинските власти за да се сработат приоритетните и реални потреби на заедниците. Жителите на Сопиште се последните жртви на легалното беззаконие промовирано од сиот партиски естаблишмент. Градоначалникот 10 години им ветува канализација, пат и адекватна водоводна мрежа, но и со започнат трет мандат Сопиште помалку личи на урбано место, а повеќе на село во процес на хаотично бетонирање. Последната одлука на градоначалникот Стефче Трпковски заврши пред Управниот суд, а случајот го истражува и Антикорупциската комисија. Сè почна кога Општина Сопиште реши да прогласи трговски центар со станбен комплекс за проект од јавен интерес на локација до која не постои пат. Ова му помогнало на инвеститорот да избегне плаќање скапи комуналии за деловен простор.

тефче Трпковски во својата последна, трета изборна трка, покрај своите вообичаени ветувања за подобар пат или подобра канализација, ќе даде и едно необично ветување – дека ќе изгради трговски центар во Сопиште. Од ветувањето до остварувањето ќе помине рекордно кратко време. Предизборната реклама првпат беше прикажана во септември 2021, а веќе по една година Општината одлучи трговскиот центар да биде прогласен за проект од јавен интерес и со тоа ослободен од комуналии за деловен простор.

Лукративните дилови се поплочени со (зло)намерно скроени лоши закони

Семејството Милкови својот нов дом го изгради на едвај неколку метри од местото каде што треба да биде новиот трговски центар со две станбени згради од по шест ката. Милкови не знаеја дека до нив ќе се гради вакво здание. Не би ни можеле да знаат затоа што во Сопиште 10 години не постои урбанистички план за селото, па така, што ќе се гради се одлучува само со доставен проект од потенцијални инвеститори, по што Општината издава дозволи.

„Две години баравме место за конечно да живееме во мир. Немавме никакви информации дека некој планира таков објект. Ние дознавме за градбата кога еден ден почнаа да копаат на неоградено земјиште до нас. Ни се распрснаа сите желби“, вели Коста Милков.

Градоначалникот на Општина Сопиште, Стефче Трпковски, кој е на позицијата речиси цела декада, тврди дека овој проект се планирал подолго време. Според него, трговски центар ќе ги подобри условите за живот на жителите на Сопиште. Овој став ќе биде и законската основа за Општината да го ослободи инвеститорот „ЈАКО Македонија“ од плаќање комуналии за деловниот простор на предвидениот објект.

Лукративните дилови се поплочени со (зло)намерно скроени лоши закони

Семејството Милкови својот нов дом го изгради на едвај неколку метри од местото каде што треба да биде новиот трговски центар со две станбени згради од по шест ката. Милкови не знаеја дека до нив ќе се гради вакво здание. Не би ни можеле да знаат затоа што во Сопиште 10 години не постои урбанистички план за селото, па така, што ќе се гради се одлучува само со доставен проект од потенцијални инвеститори, по што Општината издава дозволи.

„Две години баравме место за конечно да живееме во мир. Немавме никакви информации дека некој планира таков објект. Ние дознавме за градбата кога еден ден почнаа да копаат на неоградено земјиште до нас. Ни се распрснаа сите желби“, вели Коста Милков.



Постојните закони овозможуваат проектите од јавен интерес да се толкуваат произволно бидејќи не постојат критериуми. Отсуството на урбанистички планови, чие носење општините можат да го одолговлекуваат бесконечно, како во случајот на Сопиште, не е пречка за градоначалникот и за општинарите да исцртуваат какви сакаат маркици и да делат какви сакаат одобренија за градби повикувајќи се на обичен архитектонски урбанистички план (АУП).



Општинскиот совет го одобрил проектот од јавен интерес

Зданието од околу 3.300 квадратни метри, кое би се издигнало на централна локација во општината, ќе вклучува 30 стана и трикатен деловен простор кој зафаќа повеќе од половина од вкупната квадратура – 1.700 квадратни метри. Токму за предвидениот трговски центар Советот на Општината со одлука го ослободил од плаќање комуналии инвеститорот „ЈАКО Македонија“ непосредно пред да му издаде одобрение за градба во септември 2021 година. Советот го прифатил образложението на инвеститорот дека трговскиот центар во „голема мера ќе ги подобри условите за живот“ на жителите на Сопиште.

Образложението на инвеститорот дека изградбата на трговски центар е предуслов за подобар живот во Сопиште е неприфатливо за оние што одлучија да побараат подобар живот поради чистиот воздух, зеленилото и спокојот што го нуди подножјето на Водно.

„Болници, училишта, градинки, тоа се објекти од јавен интерес, а не трговски центри“, рече Коста Милков кој живее само на неколку метри од нивата каде што треба да се изгради трговскиот центар. Поголемиот дел од жителите на Сопиште, иако плаќаат данок во таа општина, децата ги носат во училиште во други општини. И покрај брзорастечката урбанизација, Општината го има само старото селско училиште кое не ги задоволуваше потребите на мештаните ниту пред бранот доселувања.

Општина Сопиште во септември 2021 година првично му издала одобрение за градење на инвеститорот „ЈАКО Македонија“. По сознанието дека до неговата куќа ќе се гради деловно-станбен објект, Коста Милков се пожали во Министерство за транспорт и врски за процедурални недостатоци. Жалбата беше уважена и во декември 2021 година првото одобрение се поништи. Инвеститорот потоа повторно ја поднел проектната документација до Општината. Еден месец подоцна, во јануари 2022 година, Општина Сопиште издаде второ одобрение за градење за истиот објект. Ако по стариот тарифник за трговскиот центар требаше да се уплатат околу 50 илјади евра во општинската каса, со новите цени сумата порасна на 127 илјади евра. Но, и покрај поскапувањето и новото решение, „ЈАКО Македонија“ нема да ѝ плати ниту денар на Општината на име комуналии бидејќи се повика на одлука на општинскиот Совет за ослободување од оваа такса со образложение дека станува збор за – „објект од интерес за граѓаните и развиток на Сопиште“.

Фирмата ‘ЈАКО Македонија’ постои 11 години, а е основана од Цветко Николовски. Првите пет години таа работела со загуба. Во наредните три години вкупниот профит на фирмата бил околу 17.000 евра. Според финансиските извештаи што ИРЛ ги доби од Централниот регистар, 2020 година е пресвртна година во работењето на друштвото. Во текот на 2020 година ‘ЈАКО Македонија’ заработила 25.000 евра или повеќе од сета добивка во сите претходни години од нејзиното постоење. Истата година како содружник во фирмата доаѓа Бети Вуковојац, по што започнуваат со работа на урбанистичкиот проект за деловно-станбениот објект во Сопиште“.

Иако се обидовме, не успеавме да стапиме во контакт со Јако Македонија, за да обезбедиме одговор, како успеале да ја убедат општина Сопиште да ги ослободи од комуналии во висина од 127 илјади евра. Сопругот на еден од содружниците во Јако Македонија во телефонски разговор посочи дека не сака да ни даде контакт од претставник од компанијата и дека се што не интересира околу проектот да прашаме во општина Сопиште.

Одлуката на која се повикуваат и од Општина Сопиште, но и инвеститорот е донесена пред локалните избори на 17 октомври лани, поточно во септемвири кога „за“ ослободување од плаќање комуналии во име на развојот на општината гласале советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои го имаа и сега го имаат мнозинството во општинскиот Совет. Градоначалникот Стефче Трпковски не се откажа од изградба на трговски центар.

Улица со ширина од три метри ќе служи како пристап до 3.300 квадратни метри објект

Пристап до влезот на новиот трговски центар ќе има од една тесна помошна уличка широка само 3,5 метри. Скрпена од приватно земјиште, таа е замислена како пристапен пат за локалните жители, а која во иднина ќе мора да ја делат со 30 други семејства, но и со посетителите на трговскиот центар.

„Ние по куќиве што сме едвај можеме сега да се разминеме. Некој секогаш треба да чека другиот да помине, а камоли кога ќе се вселат повеќе семејства. Ќе се направи огромен проблем и нема да може да излеземе“, вели Милков.

Во разговорот со ИРЛ, градоначалникот на Сопиште Стефче Трпковски напомена дека во 2014-та или една година откако дошол на власт тој се обидел да изработи урбанистички план за селото како што е замислено со Законот за просторно и урбанистичко планирање, иако не е задолжително за општините. Еден од клучните замисли на тој план била и експропријацијата на приватно земјиште на некои од жителите со цел да се прошират тесните селски улички. Откако стотици жители се пожалиле, планот останал неизработен. Оттогаш во Сопиште се гради според стара планска документација врз која се носат урбанистички проекти кои овластени приватни проектанти ги изработуваат за поединечни парцели во име на инвеститорите. Општината е контролниот механизам што треба да ја регулира законитоста на оваа процедура, а воедно и да ги заштити јавните интереси.

Вода нема, а сепак ќе се гради трговски центар

Проблемите со инфраструктурата, а особено недостигот на вода се дел од секојдневието на многу жители на Сопиште. Тие велат дека не само што притисокот значително се намалува за време на викенд, кога голем број скопјани доаѓаат да се одморат од градската динамика, туку делови од општината често и воопшто немаат вода. Граѓаните се загрижени дека доселување на нови соседи и метежот од трговскиот центар дополнително ќе ја оптоварат старата водоводна мрежа.

Според планската документација доставена до општината во 2020 година, трговскиот центар ќе се снабдува со вода преку предвидена реконструкција на постојната мрежа. ЈП „Водовод“, исто така, извршило увид во документацијата и издало одобрение за приклучување кое подразбира надградување на водоводот. Надградбата на ваков вид инфраструктура во пракса се врши паралелно со изградба на објектот.

Од ЈП „Водовод“ за ИРЛ изјавија дека во Секторот за технички работи и развој при јавното претпријатие од страна Општината или од приватен инвеститор досега не била доставена документација за надградба на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација за таа локација во Сопиште.

Во разговор со новинари од ИРЛ, градоначалникот Трпковски рече дека не чул за проблеми со недостиг на вода.

https://irl.mk/trgovski-centar-so-stanbeni-zgradi-vo-nivi-i-bez-pat-proglasen-za-proekt-od-aven-interes
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 02-Jun-2022 at 16:58
Притисок да се изгради трговскиот центар во Сопиште



Управниот суд даде последна можност за Коста Милков и неговото семејство да спречат помеѓу нивите и лозјата во Сопиште да се изгради трговско-деловен и станбен комплекс од 1.700 квадратни метри. Тужбата е поднесена на 3 јануари годинава, денот кога фирмата „ЈАКО Македонија“ добива второ одобрение за градење од општинската администрација. Но со последното решение – Милкови институционално да ја бараат правдата и, како што велат, да спречат нова бетонизација на Водно – стигнал и првиот бран притисоци и тоа индиректни – но не од компанијата што реши да инвестира во деловен објект и беше ослободена да не плати комуналии од 127 илјади евра. Притисокот пристигнал од сопругот на Бети Вуковојац, која е содружник во „ЈАКО Македонија“. Адвокатката на семејството Милкови, Соња Божиновска, за ИРЛ посведочи дека Горан Вуковојац, сопругот на Бети, ѝ соопштил дека инвеститорите на станбено-деловниот објект (ЈАКО Македонија) ќе бараат надомест лично од Коста Милков, зашто со тужбата до Управниот суд инвестицијата е стопирана, а на терен не може да се почне со градежни зафати, иако плацот е ограден.

По барање на Милков, јас ги известив инвеститорите за поднесената тужба. Бурна реакција имаше од Горан Вуковојац, кој рече дека штом на овој начин бараме да се поништи одобрението за градба тогаш тие ќе направат сè што можат да бидат обесштетени и ќе бараат надомест лично од Милков поради последиците што ги предизвикал со тужбата. Јас му укажав дека постапката не е против ‘ЈАКО Македонија’ туку против неправилното издадено одобрение за градење од страна на Општина Сопиште, а е воедно законска и праведна“, изјави Божиновска, која е дел од адвокатска канцеларија Соња и Сања Божиновски.

Во телефонски разговор со сопругот на Бети Вуковојац, Горан Вуковојац, кој не фигурира ниту како основач ниту како управител во „ЈАКО Македонија“, вели дека нема удел во фирмата туку дека едноставно и помага на својата сопруга. Исто како и градоначалникот на Сопиште, Стефче Трпковски, Вуковојац уверува дека трговскиот центар е вистинска потреба за жителите на Сопиште. Фирмата „ЈАКО Македонија“ постои 11 години. Основана е од Цветко Николовски. Во 2020 година како содружник во фирмата доаѓа Бети Вуковојац, која тогаш сè уште работи како советник во Бирото за метрологија при Министерството за економија. По 12 години поминати во Министерството, од кои седум во Бирото за метрологија, во септември 2020 година станува сосопственичка во „ЈАКО Македонија“, а позицијата во државната служба официјално ја напушта во декември истата година.

„ЈАКО Македонија“: Трговскиот центар е капитален објект за Сопиште

ИРЛ праша во „ЈАКО Македонија“ како ја убедиле локалната самоуправа во Сопиште дека ова е најдоброто идејно решение и проектот за изградба на трговски центар заслужува да биде реализиран, а притоа да не платат 127 илјади евра за комуналии.

„Како жители на општината можевме изворно да ја согледаме потребата од изградба на еден ваков капитален објект во кој граѓаните на општината ќе можат на едно исто место и на еден поквалитетен начин да задоволат повеќе потреби. Место каде што ќе има банка, каде што ќе можат да ги купат потребните намирници од супермаркетот, месарницата, пекарницата или други трговски брендови. Место каде што граѓаните ќе можат да ги прославуваат родендените и останатите приватни веселби и место во кое како младите така и повозрасните жители на општината ќе го зголемат квалитетот на сопствениот социјален живот. Токму недостатокот на еден ваков објект во општината беше главна причина што нè привлече да се одлучиме да инвестираме во еден ваков проект во Општина Сопиште. Веруваме дека токму горенаведените причини во голем дел помогнаа Советот на Општина Сопиште да го одобри нашето барање за ослободување од комуналии за деловниот простор“, одговорија од „ЈАКО Македонија“.

Локалната власт во Сопиште го прогласи трговскиот центар за проект од јавен интерес, а со тоа и го ослободи инвеститорот „ЈАКО Македонија“ од плаќање 127 илјади евра за комуналии за деловниот простор. Трговскиот е само дел од објектот што треба да се издигне во строгиот центар на Општината. Зданието од шест ката ќе вклучува 30 стана и две подземни гаражи, а пристап до објектот е тесната помошна уличка која ја користат мештаните и е широка само 3,5 метри. Советот на Општината со одлука го ослободи од плаќање комуналии инвеститорот непосредно пред да му издаде одобрение за градба во септември лани. Советот го прифати образложението на инвеститорот дека трговскиот центар во голема мера ќе ги подобри условите за живот на жителите на Сопиште, став кој го дели и градоначалникот на Општина Сопиште, Стефче Трпковски, кој, меѓу другото, јавно го повика Коста Милков да ја повлече тужбата за да се реализира проектот за изградба на трговско-деловен центар во Општината кој тој ја води веќе една декада.

Општина Сопиште низ годините прерасна во атрактивна локација каде што најчесто скопјани се одлучуваа да градат викенд-куќи во потрага по мир и спокој далеку од градската врева и урбаниот хаос во Скопје. Од Општината за ИРЛ посочија дека вкупно имаат издадено 238 одобренија за градење во последните пет години и нагласуваат дека сите одобренија се со намена за станбени куќи. Но, увидот во документацијата на Одделот за урбанизам при Општина Сопиште на ИРЛ открива дека одобренија за градење биле издадени и за три објекти со намена групно домување, а одобрение било издадено и за станбена зграда.

https://irl.mk/pritisok-da-se-izgradi-trgovskiot-centar-vo-sopishte/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.