build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пристаништа и воден транспорт

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 05-Sep-2009 at 12:43
Да ја евидентираме и тука веста...
Потона брод со 45 патници, државниот врв во Охрид

 Бродот „Илинден“ што претпладнето потона во Охридското езеро превезувал 45 патници, а спасувачките екипи досега извадија тела на 17 удавени.

Првичните претпостави за причините за несреќата се дека бродот бил претоварен и имал значително повеќе патници од дозволеното., соопшти попладнево македонската Влада.

Според информациите, бродот имал уредна документација за техничка исправност.


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски, како што е соопштено, заминаа за Охрид на местото на несреќата.

Кон местото на несреќата со хеликоптер се упатија и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, министерот за здравство Бујар Османи и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Според првичните информации, патниците на бродот „Илинден“ биле бугарските туристи.
Во време на несреќата, нуркачки екипи на МВР изведувале редовен тренинг во близина на несреќата и веднаш се вклучиле во спасувањето.

Бродот потонал на околу 200 до 300 метри од брегот, во близина на автокампот Елешец, нешто по 11,00 часот./

Теренот го обезбедуваат бројни полициски екипи, а на местото на несреќата во Охридското езеро се неколку полициски глисери. Додека нуркачи ги пребаруваат водите во близина каде потона бродот.
„Го гледав бродот додека пловеше. Одеднаш се прекрши на половина и потона буквално за една минута“, изјави очевидец за Макфакс.


makfax.com.mk


Прво жалење за загинатите!

Нема сеуште официјални истражни наоди и немаме потврда што е причината за несреќата но имаме некој hint дека бродот бил претоварен и дека се скршил на пола и потонал. На еден бугарски медиум прочитав за некои шпекулации и дека бил многу стар бродот. Конечно некој мора да понесе одговорност што све плови и дали плови според прописи! Сите знаеме дека бродовите се претовараат, се возат стари second hand бродови, се регистрираат на одреден број патници, а се возат дупло, на МТВ обајвија дека во случајов бродот бил ргистриран за 42, а превезувал 53 патници! Да не дозволиме да се деси нешто полошо и од ова! Поголем повод за решавање на хаосот неможе да има!


Edited by lslcrew - 05-Sep-2009 at 12:46
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 05-Sep-2009 at 12:56
МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ СИ ПОДНЕЛ ОСТАВКА ПО МОРАЛНИ ПРИЧИНИ! КОНЕЧНО ПОСЛЕ НЕВИДЕНА ТРАГЕДИЈА!!!
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 05-Sep-2009 at 13:07
Ако е точна тогаш оваа информација е уште позагрижувачка:
Според неофицијални информации од Капетенијата во Охрид, бродот „Илинден“ датила од 1920 или 1930 годна и бил дел од воена моранрица во времето на кралството на СХС.


Edited by UrbanFreak - 05-Sep-2009 at 13:07
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 05-Sep-2009 at 13:36
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1150
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 05-Sep-2009 at 14:00
Isl ovaj e toj brodot sto potona ??
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 05-Sep-2009 at 14:13

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8829
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 05-Sep-2009 at 18:26
Несреќи се случуваат. Со малку среќа можеле многу луѓе да се спасат, не изгледа длабоко, езерото било мирно итн...

Сепак од сите новинарски материјали што ги разгледав едно е сигурно. Бродот бил преоптоварен. Дали бил +10, +20 или +30 луѓе колку што варираат информациите не е ни битно. Такви глупости се случуваат на траекти во Африка или во Југоисточна Азија, не би требало да се случуваат во Македонија. Срамота!

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 05-Sep-2009 at 18:45
Најалармантен податок од сите ми изгледаше дека на бродот имало само два елеци за спасување! Како воопшто можел да исплови без стандардна опрема. Па макар и трикратно да бил препополнет, доколку имало елеци за сите којзнае дали воопшто ќе имаше жртви. Единствено времето за ставање на тие елеци може да биде пресудно, но во секој случај да имаше елеци сметам дека ќе имаше помалку жртви!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11861
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 05-Sep-2009 at 19:04
Се изнаслушавме секакви информации... Новинарите повторно се на ниво. Не верувам дури ни во она што изгледа логично и веројатно додека не го слушнам од официјален извор на официјална прес конференција, а камо ли ова со елециве.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8829
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 05-Sep-2009 at 19:21
Originally posted by lslcrew

Најалармантен податок од сите ми изгледаше дека на бродот имало само два елеци за спасување! Како воопшто можел да исплови без стандардна опрема. Па макар и трикратно да бил препополнет, доколку имало елеци за сите којзнае дали воопшто ќе имаше жртви. Единствено времето за ставање на тие елеци може да биде пресудно, но во секој случај да имаше елеци сметам дека ќе имаше помалку жртви!


LSL точно, ова е многу битен детал и дефинитивно и за ова треба да се одговара. Иако според кажувањата на очевидците ставање на елек не било опција, ова се случило молскавично.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 05-Sep-2009 at 19:48
Незнам дали ја слушнавте изјавата на една од патниците дека се створила таква паника така да имало 100 елека не би помогнало. Секако тука се вмешал и старосниот просек на патниците.

Но за мене е главниот проблем е во капетанијата, прегледите и контролата и секако капетанот (23 години) да го претовари бродот - Money makes the world go around
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11861
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 15-Sep-2009 at 17:39
Патниците бараат појаси за спасување
По несреќата од 5 септември кога потона бродот "Илинден" и со себе однесе петнаесет животи, бродскиот сообраќај на Охридското Езеро се нормализира, но со видоизменети навики кај патниците.

Зоран Гилески, сопственик на бродот "Александрија" изјави дека бродовите повторно нормално пловат и нема откажувања на претходно закажаните тури и крстарења, но ја нагласува забележливата нелагодност кај патниците. - Малку има страв. Во саботата возевме група од Бугарија, сите побараа елечиња и ги ставија на нив. Досега не било случај, кој што барал добивал, ама сега масовно се бара, изјави Гилески.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=BF4FF5D0C409454AA721D9BA82539324
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 02-Oct-2009 at 08:39
 

ОТКАКО ИЛИНДЕН НЕСЛАВНО ЗАМИНА ВО ИСТОРИЈАТА


Во Охрид се прави џиновски брод


Капацитетот на бродот ќе биде 200 патници, Тој се изработува во каналот Билјанини извори и е со должина 28 метри а ширина 6 метри


Џиновски брод од следната сезона ќе заплови во водите на Охридското Езеро. Новиот пловен објект започна да се гради минатата година а сопствениците најавуваат дека до почетокот на летото бродот ќе биде комплетно готов. Капацитетот ќе биде за 200 патници, со најголема ширина и должина во однос на останатите бродови кои ги има Охрид.

Овој огромен брод со должина 28 метри а ширина 6 метри се гради во каналот Билјанини Извори според проект изработен од бродоградежниот инжињер Мартин Ѓуричик од Србија. кој моментално ги надгледува активностите врз бродот.
- По направениот проект бевме во Турција кај наш пријател бродоградител инжињер и даде позитивно мислење исто така бевме и во Бугарија каде стручните лица дадоа зелено светло. Бродот се гради според сите стандарди, сакаме да влезиме во сигурна инвестиција велат инвеститорите и сопственици на бродот Живко и Зоран Гилевски.
Бродот има челична кострукција а моторите се веќе набавени и се од Англиско производство од типот Перкинс.

 
 
 
 
 
 
 
По направениот проект бевме во Турција кај наш пријател бродоградител инжињер и даде позитивно мислење
 
Ohno Crazy
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 02-Oct-2009 at 09:35

Јас незнам кој им е критериумот на нашиве новинари, па брод од 28 метри им е џиновски Crazy

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 02-Oct-2009 at 13:21
Originally posted by UrbanFreak

Јас незнам кој им е критериумот на нашиве новинари, па брод од 28 метри им е џиновски Crazy


Ако не е кајче тогаш е џин   LOL
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 21-Oct-2009 at 00:20

Паднато дрво 10 дена го блокира каналот Билјанини Извори

Големо дрво што пред десетина дена се урна во каналот Билјанини Извори на педесетина метри од мостот, се' уште не е отстрането, а каналот е блокиран. Поради тоа сообраќајот во каналот е прекинат, а кајчињата и глисерите не може да влезат и да се паркираат во внатрешноста на каналот. Тие што се таму не може да испловат.

Во ЈП „Охридски комуналец“ се запознаени со овој проблем, но велат дека не можат да преземат мерки затоа што немаат директна надлежност за чистење на каналот Билјанини Извори. Ингеренциите за езерскиот сообраќај се во рамките на Охридската капетанија, која е надлежна за одржување на каналот.

- Охридската капетанија со нас нема склучено договор за чистење на каналот, ниту има побарано таква услуга. Нашето претпријатие работи со годишна програма на активности, па парите за работењето ни се однапред планирани. Ние и самоволно би го решиле овој проблем, но не сме во можност да трошиме дополнителни средства за извршување работи, кои не се наша надлежност - изјави Сашо Алче, директор на „Охридски комуналец“.

Дрвото падна поради силниот ветер, кој пред десетина дена дуваше во Охрид. При паѓањето дрвото под себе поклопи и неколку кајчиња.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E991DD7664485A469A5536CE05DAB74D
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 01-Feb-2010 at 13:50
Немавме нишка за водостопанство? Никаде не ја најдов!

Дрим голта бротчиња
ПОНЕДЕЛНИК, 01 ФЕВРУАРИ 2010 11:14



Поради обилните снежни врнежи во изминатиот период, но и наглото топење на снегот, водостојот на Охридското езеро е на највисоката кота, поради што во Дрим истекуваат големи количества вода.

Портите на испустот кај Струга деновиве се широко отворени, а речната струја влече се со себе.

Едно помало бротче вчера речиси беше проголтано од реката. За среќа отворите на истекот на Дрим се премали, па бротчето не “отплови“ кон Албанија.


Тера ТВ
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 08-Mar-2010 at 04:46
26°33'34.06"N 81°59'36.65"W Што мислите, колку би можело во Македонија да се склопи нешто вакво. Дали во Охрид може да се направи некоја ваква елитна населба. Се работи за населба каде освен улична мрежа има и паралелна каналска мрежа и куќите имаат два пристапа еден со глисер друг со автомобил. Малку се тешки за оддржување каналите, но пред се мислам колку нешто вакво би можело да се смести во Охрид, и колкава би била заинтересираноста? Колку би можеле нешто вакво да се спроведе особено после ваквите сериозни проблеми со водостојот и пред се поради променливиот водостој кој не е фиксен како море. Или евентуално да се реши со тоа што би можело да има повеќе влезови иако не би требало, не ни мислев на нешто толку обемно, но да се реши со систем на базен со две брани кој би се користел за влез излез при вакви ситуации, а во рамки на услови до горна граница да си стојат цело време отворени. Вакво решение е особено погодно пошто има реки што би полнеле ваков базен за помалку од минута. Или па само една преграда која во вакви ситуации ќе се затвори и да се прекине сообраќајот, со оглед на тоа што се работи за крајкотрајни ситуации и не би било воопшто проблем. Сметам дека треба да се размисли ваквиот предлог и после планираната марика да се иде и на вакво решение.


Edited by lslcrew - 08-Mar-2010 at 04:53
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 08-Mar-2010 at 15:33

интересно тоа би можело без проблем да се направи со преносници, а за вакво нешто најиделано место е (мислам партизан ја викаа) населбата отаде тврдината кон струга... не дека не е изводливо и на други локации, но на друго место во охрид вакво нешто ептен ќе узурпира непотребно простор!

ама кој бе лсл, тие од готово прават вересија пример со биљанини извори или марината, а не па нешто трето, иако реално попрво нешто вакво да истераат него да се одважат да ги стокмат постојните канали!  

Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 18-Apr-2010 at 01:19
Дојран сериозно се враќа во игра за туристичка дестинација во земјава.
Видете има и видео.

Се гради пристаниште во Дојран

Дојран ќе добие пристаниште за глисери, чамци, кајчиња. Марината се гради на потегот меѓу градската и струмичката плажа.

Машините работат секој ден се спрема за сезона.
Повеќе погледнете од репортажата е на Сузана Мицева.


http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=59550
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.