build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Карпош - Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Карпош - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34353637>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Ipkisija Meskosa View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 04-Apr-2021
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Ipkisija Meskosa Quote  Post ReplyReply #701 Posted: 21-Jul-2022 at 13:35
Денешни.
Хелга, Диас и измеѓу нив:





Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15970
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #702 Posted: 21-Jul-2022 at 17:26


И меѓу нив пак е Хелга колку што видов по катастар и по новиот проект што го објавија на веб сајтот.

----------------------------------------------------------------------------

Ова е некаде во Тафталиџе 2





https://www.pazar3.mk
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15970
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #703 Posted: 09-Aug-2022 at 16:49
Кај Алуминка Карпош 3



https://www.pazar3.mk
Carpe diem
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 425
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #704 Posted: 09-Aug-2022 at 18:16
.Previous
Зградава создаде одлични услови тротоарот одовде па сѐ до Сити Мол да прерасне во паркинг. Applause

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14320
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #705 Posted: 09-Aug-2022 at 22:05


Уште од фоткава се гледа дека си во право
За сè има вторпат
Back to Top
Ipkisija Meskosa View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 04-Apr-2021
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Ipkisija Meskosa Quote  Post ReplyReply #706 Posted: 14-Aug-2022 at 16:39
Originally posted by stef4o

Кај Алуминка Карпош 3



https://www.pazar3.mk


Надежно беше додека се градеше, барем јас имав очекувања дека ќе е пристојно скоцкано, ама како почнаа со завршните финеси, така го зашлакаа. Од секој агол има неправилности по фасадата, а ова е на сите тераси:



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15970
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #707 Posted: 15-Aug-2022 at 17:21
Ќе никне ли висококатница кај поликлиниката „Букурешт“?



Со тоа што градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски оневозможува да се одржи седница на Советот, има план да потпише дозвола за изградба на 28-катница кај поликлиниката „Букурешт“. Ова го тврди претседателот на Советот, Бранко Ристов, наспроти изјавата на Јакимовски дека тоа нема да се случи.

Ристов веќе поднел решение за свикување седница на 18 овој месец, со единствена точка на дневен ред „Предлог- Одлука за задолжување на градоначалникот и општината да стопираат издавање на градежни дозволи, забрана за започнување градба и спроведување ревизија на ДУП за градска четврт З 05 блок 08.

Сметаме дека има ургентна потреба да се спроведе ова, за до крајот на месецот да почне процедура за ревизија на тој блок. Градоначалникот намерно ја одложи претходната седница. Мене ме загрижува тоа што градоначалникот преку службите намерно работи да се донесе ДУП таков каков штој си замислува. Моја обврска е да го спроведам тоа што сум го ветил. Има грешки во процедурата, не би требало да се дозволи овде да се гради 28-катница. Со ревизијата ќе можат да се отстранат сите недостатоци од минатото носење на овој ДУП – изјави Ристов за весникот ВЕЧЕР.

Претходно, Јакимовски јавно кажа дека на посочената локација нема да се гради таков објект во таков габарит и оти тоа е негов став кој нема намера да го менува, а, впрочем, како што нагласи, тоа им го ветил и на граѓаните.

https://www.vecer.press/ќе-никне-ли-висококатница-кај-поликл/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15970
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #708 Posted: 17-Aug-2022 at 11:26
НЕМА ДОЗВОЛА ЗА ЗГРАДА НА 28 КАТА Градоначалникот Јакимовски ги смирува карпошани

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски уверува дека во Карпош нема да се гради 28-катница. Зграда е вметната во Деталниот урбанистички план, а според Јакимовски ќе има најмалку 10 спрата.

– Јас прв излегов и кажав дека 28-катница во Крпош нема да има. Зграда со 28 ката нема да има, таму е предвидено вискоа зграда, но може да биде најмногу на 10 ката – рече Јакимовски во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Тој најави дека наскоро во општина Карпош ќе се случат инвестиции во вредност од 1,5 милиони евра.

– На одлуките на Советот и на мојот ангажман чекаат инвестиции од милијарда и пол евра. Јас максимално ќе работам да ги отвориме вратите за овие инвестиции, а со тоа да се зголемат приходите во општините и граѓаните да имаат поквалитетни услуги. Штом ќе имаме повеќе средства повеќе ќе вложуваме во градинките, во училиштата, ќе има за сите потреби за граѓаните на општината – рече Јакимовски.

Деновиве, како што тврди градоначалникот, ќе се става камен темелник на една голема инвестиција на турска компанија, која ќе гради 65 типски куќи во атарот на Бардовци. За ова инвестиција комуналиите се уплатени, Општината го издала одобрението за градба и се чека тоа да стане правосилно. Според Јакимовски ќе се развива левата страна од рекате Вардар, таму фирмата “Голден арт“ ќе гради објект.

https://plusinfo.mk/nema-dozvola-za-zgrada-na-28-kata-gradonachalnikot-akimovski-gi-smiruva-karposhan
Carpe diem
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 425
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #709 Posted: 17-Aug-2022 at 12:41
А баш вчера која ја отворив темава сакав да напишам дека на крај ќе направат компромис и место 28-катница ќе има уште еден кокошарник на 7 ката и ќе се фалат како ете, спречиле нешто. LOL
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 185
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #710 Posted: 17-Aug-2022 at 16:56
Никако 28-катница,ќе ја нагрдит НАЈГРДАТА населба во Македонија
Убо си е вака,10-катница со мали прозорчиња,селски балкончиња му е мајката,или некое ѕидче.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15970
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #711 Posted: 17-Aug-2022 at 17:12
Хелга Компани К4,овој дел за кратко време стана големо градилиште и зградички една до друга(од фб)





Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15970
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #712 Posted: 19-Aug-2022 at 11:52
Ќе се гради или не 28-катница во Карпош?



Советот на Општина Карпош ја запре изградбата на 28-катницата кај „Букурешт“, но градоначалникот Стевчо Јакимовски не ја признава одлуката.

Вчера се одржа седница на Советот на Општина Карпош, која беше закажана од претседателот Бранко Ристов, а на која како единствена точка на дневен ред беше предлог-одлуката за задолжување на градоначалникот и на Општината да стопираат издавање градежни дозволи, забрана за започнување градба и спроведување ревизија на ДУП за градскиот кварт З 05 блок 08. На седницата не присуствуваа советниците од СДСМ и од ГРОМ.

На седницата со 12 гласа „за“, полноправно е донесена одлука со која се забранува издавање дозвола за градба во рамките на ДУП за градскиот кварт З 05 блок 08, односно во делот каде што е предвидена изградба на 28-катница, во близина на поликлиниката „Букурешт“.

„Со одлуката се обврзува Општината да спроведе елаборат за суспензија на овој ДУП и да почне процедура за негова ревизија. Во моментов, тој ДУП е спротивен на ГУП и на линиските центи што се над планот. Очекуваме со ревизијата да има нова анкета со која граѓаните ќе го дадат своето мислење за тоа како да биде уреден тој дел на ДУП“, вели Ристов и очекува Општината да ја испочитува одлуката и да ја објави во „Службен гласник“ на Општина Карпош, со што ќе стане правосилна.

За разлика од него, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, пак, вели дека одлуката ниту ќе ја објават во „Службен гласник“ ниту, пак, овие советници можат да го прават тоа што прават.

„Не може да се носи одлука спротивна на закон. Нивната концепција е да се оневозможи да се донесе ниту еден план. Карпош во моментов како да е во 1945 година, без урбанистички планови, а тоа значи дека луѓето не можат ниту да надградат ниту, пак, да доградат. Се работи за сериозен проблем“, тврди Јакимовски и додава дека таму каде што има урбанистички план, тие настојуваат да го урнат на Уставен суд, а таму каде што не можат да ги урнат, се обврзуваат да прават ревизии за да го запрат Карпош.

https://www.porta3.mk/kje-se-gradi-ili-ne-28-katnica-vo-karposh/
Carpe diem
Back to Top
Ipkisija Meskosa View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 04-Apr-2021
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Ipkisija Meskosa Quote  Post ReplyReply #713 Posted: 19-Aug-2022 at 19:59
Алубонд перфекција во Влае





https://reklama5.mk/AdDetails?ad=4099484



Edited by Ipkisija Meskosa - 19-Aug-2022 at 20:02
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15970
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #714 Posted: 08-Sep-2022 at 16:55
Rais Residence K4,20.08.2022,od fb











Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15970
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #715 Posted: 10-Sep-2022 at 17:12
Originally posted by stef4o

Хелга Компани К4











https://www.facebook.com/photo?fbid=614266767061231&set=pcb.614267997061108

Edited by stef4o - 10-Sep-2022 at 17:13
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15970
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #716 Posted: 11-Sep-2022 at 10:52
Rais Residence K4,







https://www.facebook.com/photo?fbid=526358452630861&set=pcb.526358672630839
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15970
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #717 Posted: 17-Sep-2022 at 16:45
Originally posted by stef4o

Урбани атентатори: Сезона два

Неколку години по бетонизацијата на Тафталиџе, за која Обвинителството води предистражна постапка, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, со старите партнери тргнува во нов поход. Фирмата „Аполо инженеринг“, која профитираше од бетонизацијата на Тафталиџе, сега подготвува терен да гради висококатници на местото на поранешното кино „Влае“.

Во Влае се подготвува втора сезона од „Бетонизацијата на Тафталиџе“





Стевчо Јакимовски е на почеток на четвртиот мандат како градоначалник на Карпош. На изборите во 2017 година не успеа да ја добие довербата на карпошани. Пресуден за поразот беше масивниот проект за бетонизација на населбата Тафталиџе, кога неповратно се уништи мирната урбана населба. Граѓаните беа немоќни да го спречат спроведувањето на планот за изградба на десетици станбени згради со илјадници станови. Во Тафталиџе веќе не остана празно место каде што може да се гради. Јакимовски во новиот мандат му „фрли око“ на Влае.

Една од првите локации каде што се планирани станбени згради и деловен објект е токму локацијата во која ја славеше победата – „Кино Влае“. На местото на дрвеното кафуле ќе се изгради скалест комплекс, односно една зграда од десет и една зграда од осум ката, кои ќе бидат споени со трговски центар. Земјиштето и објектот се во сопственост на старите деловни партнери на Јакимовски кои учествуваа во бетонизацијата на Тафталиџе.

Сопственик на земјиштето е фирмата „Аполо инженеринг“ на Јонче Спирковски, а кафулето на фирмата „Вентота“ во сопствеништво на неговиот син Дарко Спирковски. ИРЛ побара увид и историјат во Агенцијата за катастар со цел да го утврдиме начинот на приватизација на земјиштето што Јакимовски го вметна во планот за Влае. Документите покажаа дека отуѓувањето одело по истиот модел според кој се обработуваше ДУП за Тафталиџе.

https://irl.mk/urbani-atentatori-sezona-dva/


Сведоци сме деновиве на сечење на големите дрвја кај Кино Влае.
Прво мислевме дека ги кршат само сувите дрва, но денес сме сведоци на скршено здраво дрво.







https://www.facebook.com/photo/?fbid=129753719805742&set=pcb.129754026472378
Carpe diem
Back to Top
Ipkisija Meskosa View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 04-Apr-2021
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Ipkisija Meskosa Quote  Post ReplyReply #718 Posted: 19-Sep-2022 at 11:50
Originally posted by stef4o

Originally posted by stef4o

Хелга Компани К4











https://www.facebook.com/photo?fbid=614266767061231&set=pcb.614267997061108


Го намалиле рибникот


Инаку одличен поглед ќе имаат комшиите, кога ќе се крени зградава над рибникот

Edited by Ipkisija Meskosa - 19-Sep-2022 at 11:59
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15970
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #719 Posted: 24-Sep-2022 at 14:06
Темелна Хелга К4







https://www.facebook.com/edil.quartz.7
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15970
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #720 Posted: 27-Sep-2022 at 12:15
Парцела на која принципите доаѓаат да умрат

Триесет години од независноста сведочевме за разни непринципиелни политички коалиции, мотивирани исклучиво од лукративни побуди на поединци. Такви епизоди има многу, а последна што исплива во јавноста е урбанистичката приказна што се одигрува во скопската Општина Карпош.

Историјата на градежната маркичка, веднаш зад бензинската „Макпетрол“, крај Партизанска, детално ги бележи бизнис-интересите што политичките елити, без разлика која од нив е на власт, ги тераа и ги тераат последнава деценија.

И оваа сторија, како и сите такви политички игранки, изобилува со иронија.

Па, така, политичарите што овозможиле во ДУП-от да се впише 28-катница (Стевчо Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ) денес се поборници или за „пониска зградичка“ или, пак, за зеленило, а нивните противници (СДСМ), кои како долгогодишна опозиција градеа имиџ на борци против бетонирањето на Скопје, сега не гласаа за суспензија на висококатницата.

Од познатите ликови, покрај ВМРО-ДПМНЕ и Јакимовски, тука ги имаме и неизбежните Сашо Мијалков и Орце Камчев, СДСМ, пријател на семејството Заеви, а одредена улога има и Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

„На ти го, дај ми го“

Неслучајно приказната почнува во политички бурната 2013 година.

На локалните избори, градоначалникот Јакимовски ја изневери матичната СДСМ, која планираше бојкот, за повторно да се кандидира. Тој победи и по жестокиот „развод“ од Бранко Црвенковски премина на спротивната страна.

Влезе во неформална, а подоцна и во формална коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Од „бомбите“ на Зоран Заев дознавме дека Јакимовски уште пред изборите барал услуги од поранешниот шеф на тајната полиција, Мијалков. Асистенцијата се чини била добра „инвестиција“ на тогашниот директор на УБК, чии пријатели, а потоа и тој самиот влегува со сопственост на атрактивното земјиште.

Кусо време по разговорот што го слушнавме во бомбите, во ноември 2013 година, Општина Карпош, под раководство на Јакимовски, зад бензинската „Макпетрол“, на 3.500 квадрати впишала маркичка за зграда висока 28 ката или вкупно 88 метри.

Година и нешто подоцна, календарски во 2015, локацијата ја купиле тогашните пријатели и бизнис-партнери на Мијалков.

Камчев зел две третини од тоа земјиште, а Дејан Панделески остатокот.

Дејан е синот на Цветан Панделески, кој им „правеше друштво“ на Камчев и на Мијалков во обвинението за случајот „Империја“.

Следната 2016 година и Сашо Мијалков дошол на сцена, односно неговата семејна фирма го откупила земјиштето. И таква е состојбата на терен сѐ до промената на власта.

Она што се случило во октомври 2017, кога СДСМ растури на локалните избори, добивајќи ги речиси сите општини вклучително и Карпош, може да се класифицира под фолдерот „прилично интересно“. Земјиштето од Мијалков повторно го презеле Камчев и Панделески, меѓутоа овојпат како директор на фирмата зад парцелата се јавил тогаш релативно анонимниот бизнисмен од Битола, Стојан Чифлигароски.

Чифлигароски е човек што не го крие пријaтелството со Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев.

БИРН, пред три години истражуваше како по доаѓањето на СДСМ на власт, Чифлигароски се етаблираше во клубот бизнисмени што профитираат од РЕК Битола. Кога се актуализираше аферата „Рекет“, на Јутјуб се појави и снимка на која се слуша како Камчев преку Чифлигароски бара средба со Вице Заев.

Следната есен, 2018 година на политичката сцена вриеше.

Се подготвуваа уставни промени околу кои, тоа подоцна го дознавме, асистирал и Мијалков, убедувајќи ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат.

Арно ама, Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за потребите на истрагата Империја „замрзна“ голем дел од имотот на тројката Камчев, Мијалков и Панделески. Во таа акција, „под мраз“ отиде и парцелата во Карпош, а Камчев и Мијалков заминаа во притвор.

Следните четири години нема поголеми промени околу ова земјиште, освен што во 2020 година, Камчев вратил „свој“ човек да го управува.

По мразот – суспензија



Статус кво ситуацијата траеше до пролетва. Камчев, во април се спогоди со обвинителството околу „Империја“, плати пет милиони евра казна и судот следниот месец го одмрзна неговиот имот заедно со градежната парцела во Карпош.

И во тој момент почна нова епизода околу оваа фамозна маркичка.

Прво порталот на „Фокус“ објави дека Камчев договорил продажба на земјиштето на бизнисменот Кочо Стојчески и на „Гранит“ за сума од 13 милиони евра, пет во кеш и осум милиони во станови.

Сепак, Стојчевски, во разговорот со БИРН, летово откри дека со партнерот дигнале раце од инвестицијата зашто се вмешал градоначалникот Јакимовски.

Иако под негова палка е донесен ДУП-от во 2013 година, Јакимовски сега е против да се гради објект висок 88 метри. Промената на ставот тој ја образложува како своја корекција откако „го чул ставот на граѓаните“.

Сега Јакимовски е да се гради помал објект, меѓутоа несудениот инвеститор Кочо Стојчески низ медиумите изјавуваше дека насетува игра во корист на друг инвеститор.

А, другиот инвеститор е познатиот градежник Фатмир Етеми. Етеми за БИРН сега потврдува дека е заинтересиран за тоа земјиште, меѓутоа сѐ уште го нема купено.

Како стојат работите, и тој не би се усреќил со оваа парцела.

Откако Јакимовски ја растури дружбата со ВМРО-ДПМНЕ, мнозинството во Општина Карпош, предводено од партијата на Христијан Мицкоски, го суспендираше урбанистичкиот план и парцелата.

Сега идниот инвеститор, кој и да е тој, не може да добие градежна дозвола.

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Роберт Велјановски ја најави оваа одлука, образложувајќи дека таа е согласно заложбите на партијата за хумано урбано живеење во Општина Карпош и борбата против урбаната мафија.

Советничката група на СДСМ, пак, реши да не присуствува на оваа седница.

Амплитудите во ставовите на сите актери од приказната се пример што покажува дека политичките елити немаат апсолутно никаков проблем да ги сменат ставот и заложбите за 180 степени само за да им се поклопат со нивниот моментален интерес.

Затоа еднаш се залагаат за зеленило, а другпат за зграда.

Впрочем, оваа парцела, денес обрасната со високи треви, е само уште една точка на која принципите доаѓаат да умрат.

https://prizma.mk/partsela-na-koja-printsipite-doagaat-da-umrat/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34353637>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.301 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.