build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Карпош - Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Карпош - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 33343536>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15957
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #681 Posted: 29-Apr-2022 at 07:27
od fb



Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15957
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #682 Posted: 29-Apr-2022 at 17:24
vo SKOPJE,naselba "KOZLE"na granica so naselba"Kapishtec"



https://www.pazar3.mk
Carpe diem
Back to Top
Ipkisija Meskosa View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 04-Apr-2021
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Ipkisija Meskosa Quote  Post ReplyReply #683 Posted: 05-May-2022 at 15:56
RAIS:




HELGA:



DIAS:


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15957
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #684 Posted: 30-May-2022 at 17:30
Урбани атентатори: Сезона два

Неколку години по бетонизацијата на Тафталиџе, за која Обвинителството води предистражна постапка, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, со старите партнери тргнува во нов поход. Фирмата „Аполо инженеринг“, која профитираше од бетонизацијата на Тафталиџе, сега подготвува терен да гради висококатници на местото на поранешното кино „Влае“.

Во Влае се подготвува втора сезона од „Бетонизацијата на Тафталиџе“





Стевчо Јакимовски е на почеток на четвртиот мандат како градоначалник на Карпош. На изборите во 2017 година не успеа да ја добие довербата на карпошани. Пресуден за поразот беше масивниот проект за бетонизација на населбата Тафталиџе, кога неповратно се уништи мирната урбана населба. Граѓаните беа немоќни да го спречат спроведувањето на планот за изградба на десетици станбени згради со илјадници станови. Во Тафталиџе веќе не остана празно место каде што може да се гради. Јакимовски во новиот мандат му „фрли око“ на Влае.

Една од првите локации каде што се планирани станбени згради и деловен објект е токму локацијата во која ја славеше победата – „Кино Влае“. На местото на дрвеното кафуле ќе се изгради скалест комплекс, односно една зграда од десет и една зграда од осум ката, кои ќе бидат споени со трговски центар. Земјиштето и објектот се во сопственост на старите деловни партнери на Јакимовски кои учествуваа во бетонизацијата на Тафталиџе.

Сопственик на земјиштето е фирмата „Аполо инженеринг“ на Јонче Спирковски, а кафулето на фирмата „Вентота“ во сопствеништво на неговиот син Дарко Спирковски. ИРЛ побара увид и историјат во Агенцијата за катастар со цел да го утврдиме начинот на приватизација на земјиштето што Јакимовски го вметна во планот за Влае. Документите покажаа дека отуѓувањето одело по истиот модел според кој се обработуваше ДУП за Тафталиџе.

Пред фамилијата Спирковски да го купи земјиштето, сопственици биле повеќе наследници кои во 2007 година го вратиле со денационализација. Локацијата е поделена на неколку парцели, па отуѓувањето одело парцијално, дел по дел. Во сопствеништвото влегле две фирми – „Аполо инженеринг“ на Спирковски и фирмата „Импексел 2“, која, исто така, изгради станбени згради во Тафталиџе за време на владеењето на Јакимовски.

Кога процесот на отуѓување од старите наследници завршува, од сопствеништвото излегува „Импексел 2“ и останува само „Аполо инженеринг“. Новиот сопственик, бидејќи поседува 30 проценти од земјиштето, ја искористува законската можност и во 2020 година го откупува околното државно земјиште. Доколку овој план се усвои, планерската куќа и Општината планираат да му дадат можност на инвеститорот да си докупи државно земјиште кое моментално е дел од улицата „Есперанто“ и од околното зеленило.

Парцелата предвидена во ДУП за градба на станбен комплекс е подготвена. Останува уште една пречка пред да влезат багерите. Планот за Влае да помине во Советот на Општина Карпош.

ИРЛ разговараше со управителот на Аполо инжинеринг, Жарко Јовчевски, кој вети дека ќе одговори на нашите прашања. Но, и по неколку потсетувања, до објавата на оваа сторија Јовчевски не нѐисконтактира.

Во Карпош се кројат 39 нови плана

Општина Карпош има 23 советници. Составот е шарен, најголем дел се од СДСМ (8) и ВМРО-ДПМНЕ (7), четири претставници има Левица, двајца советници се од партијата на Јакимовски – ГРОМ. На последните локални избори имаше најмногу независни советнички листи, а во Карпош успеаја да влезат две советнички кои не гласаат по партиски директиви, туку тие во Советот го претставуваат гласот на граѓаните.

Невена Георгиевска и Татјана Стојановска се долгогодишни активисти против бетонизацијата на Карпош и урбаната мафија. Двете беа дел од групата која во 2016 година оспори неколку детални урбанистички планови пред Уставниот суд.

На почетокот на својот четврти мандат Јакимовски одлучил да започне нова пракса со која советниците ќе ги запознае со сите детални планови за нивната општина кои се во постапка на донесување. На двете средби биле презентирани вкупно 39 детални урбанистички плана кои биле во фаза на планирање, други пред комисија, а некои пред одлучување.

Георгиевска и Стојановска велат дека плановите се со енормно големи бетонски зданија на штета на зелените површини.

„Имаме целосен хаос во ликот на општината кој се креира, предвидена но тешко остварлива инфраструктура, нов прилив на жители во делови каде што нема доволно градинки и основни училишта кои би ги опслужиле и постојните жители. Тоа не е развој на општината, тоа е задушување на просторот и, искрено, убивање на луѓето што таму имаат домови“, вели Стојановска.

Георгиевска вели дека за неколку плана се поминати јавните анкети, но дека градоначалникот не може да очекува штетните урбанистички планови да бидат изгласани од Советот.

„Свесни сме за финансиската ситуација во која се наоѓа Општината, но не можеме да се согласиме дека единствениот излез од таа ситуација е со распродавање на целиот преостанат слободен простор и градење. Тоа е само привремено купување време до следен мандат, а носи многу повеќе проблеми. Нашата цел е колку што можеме да го спречиме тоа. Градење и развој – да, но базирано на реалните потреби на жителите“, вели Георгиевска.

На иста линија е и советничката група на Левица, од каде што велат дека нема да гласаат за планови што ќе му нанесат штета на месното население, а ќе ќарат само неколкумина приватни инвеститори.

„Во речиси сите детални планови што ни беа презентиранина предвидените објекти им е дадена максимална висина. Ретко кој инвеститор не ја искористува можноста за катност што му е дадена со ДУП. Советничката група на Левица нема да поддржи ниту еден детален урбанистички план во кој не се застапени интересите на граѓаните кои живеат во оваа општина“, велат од советничката група на Левица.

Таинствен инвеститор го прекројува Козле
Паралелно со жителите на Влае, битка за зеленилото водат и жителите на населбата Козле. Во март годинава на јавна анкета беше ставен детален урбанистички план со кој е предвидено во дворовите на староседелците да се изградат куќи за семејно домување кои треба да имаат приземје плус три ката.

Предвидено е да се изградат и две затворени игралишта на места каде што сега има отворени игралишта, пристапни улици за новите објекти и една станбена зграда на местото на поранешната продавница „Славија“.

Планот го изработува планерската куќа „Тајфа“, која не открива кој е инвеститорот што платил за донесување на новиот ДУП.

Одземена лиценца на „Аполо инженеринг“
Според документите од Централниот регистар, во 2017 година инспектори од Министерството за транспорт и врски откриле дека фирмата „Аполо инженеринг“ немала осигурување од штети и незгоди, туку само групна полиса за осигурување на вработените. Поради ова, во 2019 година ѝ била одземена лиценцата за изведувач на градби од Б-категорија. Според закон, по одземање на лиценцата, фирмата една година нема право да побара издавање нова лиценца. „Аполо инженеринг“ во јули 2020 година добила нова Б-лиценца која има важност до 2027 година.

https://irl.mk/urbani-atentatori-sezona-dva/
Carpe diem
Back to Top
Phiko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Aug-2020
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote Phiko Quote  Post ReplyReply #685 Posted: 31-May-2022 at 14:58
Карпош, нов објект, немаше табла:


Back to Top
Phiko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Aug-2020
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote Phiko Quote  Post ReplyReply #686 Posted: 31-May-2022 at 15:00
Денешна, Карпош 4:

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15957
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #687 Posted: 02-Jun-2022 at 14:22
Originally posted by Phiko

Денешна, Карпош 4:



od fb-Rais Residence




Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15957
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #688 Posted: 03-Jun-2022 at 16:42
Ќе никне ли облакодер кај поликлиниката „Букурешт“?!





Изјавата на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, при гостување во еден од медиумите, дека зад бензинската пумпа на „Макпетрол“ кај поликлиниката „Букурешт“, според важечкиот ДУП, е предвидено да се гради зграда на 28 ката, предизвика револт и загриженост кај советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Општина Карпош. Оттаму бараат веќе на следната најавена седница, која треба да се одржи на 8 јуни, да се предложи точка на дневниот ред со овој ДУП, за Советот на Општината да може да расправа за носење предлог-одлука за бришење на градежната маркичка за предметната висококатница или поништување на ДУП-от во целина.

Нема да дозволиме да се гради 28-катница. На Советот на Општина Карпош ќе му предложиме точка на дневен ред со која привремено ќе бараме суспензија на предметниот ДУП, со што и формално-правно ќе постигнеме забрана за издавање градежна дозвола за објектот за колективно домување (висококатница) – изјави советникот од ВМРО-ДПМНЕ Роберт Велјановски.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, не негира дека со ДУП-от е предвидена зграда на 28 ката, но потенцира дека нема да дозволи да се гради.

– Не ја разбирам вознемиреноста на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која преку прес-конференција ми се обрати со барање за укинување маркица за градење на 28-катница. Имено, јас јавно кажав дека таква висококатница нема да се гради и дека никогаш нема да ставам потпис на таков објект – истакна Јакимовски, потенцирајќи дека за да ги смири советниците, но и јавноста, уште еднаш јавно потврдува дека на посочената локација нема да се гради таков објект во таков габарит и оти тоа е негов став кој нема намера да го менува, а, впрочем, како што нагласи, тоа им го ветил и на граѓаните.

https://www.vecer.press/ќе-никне-ли-облакодер-кај-поликлиника/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15957
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #689 Posted: 09-Jun-2022 at 17:14
Чии интереси попречи високатницата во Карпош, која веќе предизвика и политички земјотрес?



Пред да ја раскине коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски најави дека нема да дозволи изградба на 26-катница, која всушност е предвидена со ДУП донесен за време на неговиот претходен мандат. Според податоците што ги обезбеди Фокус, парцелите каде треба да се гради овој објект беа во сопственост на „Орка Холдинг“. Но, минатиот месец земјиштето го купила „Специјал Градба“ за 13 милиони евра.

ШТО СЕ КРИЕ ВО ПОЗАДИНА?

Според податоците од Катастарот на недвижности, се работи за земјиште опфатено со две катастарски парцели во рамки на катастарска општина Карпош со број 1801/3 и 1801/5.

Инаку, вкупната површина на ова градежно неизградено земјиште изнесува околу 3.500 квадратни метри.



Проверките што ги извршивме покажуваат дека овие парцели во електронската евиденција на катастарот се уште се водат во сопственост на компанијата „Делта 2015 Констракшн“.

Според податоците од Централниот регистар, оваа компанија, формирана во 2015 година со основачки влог од 3,5 милиони евра, е во сопственост на „Орка Холдинг“ на семејството на Орце Камчев.

Но, податоците што ги обезбедивме покажуваат дека оваа компанија неодамна, односно на крајот на минатиот месец мај, ја продала фирмата што го поседува земјиштето на друга компанија, која не е поврзана со ниту едно од лицата што беа споменати во јавноста.

Се работи за друштвото „Специјал Градба“ во сопственост на бизнисменот Кочо Стојчевски, кое, според договорот со кој располагаме, за целиот уддел на „Делта 2015 Констракшн“ се обрзува на „Орка Холдинг“ да и исплати 5 милиони евра и дополнително да и отстапи недвижен имот во вредност од 8 милиони евра, што претставува 25 отсто од објектот што треба да се изгради до 2025 година.

Според нашите информации, „Специјал Градба“ планирала да го гради станбено-деловниот објект во соинвеститорство со реномираната градежна компанија „Гранит“, меѓутоа оваа компанија се откажала од таквата намера токму по последните случувања на политички план.

Неофицијално, како причини за излегување од преговорите за партнерството со „Специјал-Градба“, од „Гранит“ ги навеле и изјавите на Јакимовски дека нема да дозволи да се гради објект со предвидената големина, како и барањата на советниците на ВМРО-ДПМНЕ за бришење на маркици.

ШТО ПРЕДВИДУВА ПЛАНОТ?

Инаку, овој објект е предвиден со ДУП-от за Градска четврт 305 помеѓу бул. Илинден, 8-ми Септември, Партизански одреди и Љубљанска, кој е донесен во 2013 година, кога градоначалник беше токму Јакимовски, кој сега најавува дека нема да потпише одобрение за градба.

Во изводот од урбанистчкиот план стои дека на споменатите две катастарски парцели вцртана е една градежна парцела со број 6.1, на која е предвиден објект со намена А2-домување во станбени згради, со приземје, 26 ката и поткровје (П+26+пк) и висина од 88 метри.

Фокус се обрати и до градоначалникот Јакимовски и до Општина Карпош, со прашање дали е поднесено барање за издавање на одобрение за градба, како и кои се причините поради кои најавува дека нема да потпише таква дозвола, доколку барањето се однесува за вцртана маркица во важечки ДУП?

Исто така, прашавме зошто тој во овој случај зазема сосема спротивен пристап и став од оној со изградбата на бензиска пумпа близу салата Борис Трајковски од страна на нафтената компанија „Пуцко Петрол“ на семејството на пратеникот Исмаил Јахоски?

За потсетување, Јакимовски апелираше да се донесе ДУП-от за делот каде требаше да се гради бензиска, со цел општината да не плаќа оштета од 15 милиони евра кон инвеститорот, кој тужеше бидејќи кога го купувал земјиштето на него била вцратана маркица, но потоа планот беше поништен од страна на Уставниот суд.

Како што е познато, по апелите на градоначалникот и на Државното правобранителство, сите советници освен оние од Левица и „зелените“, го изгласаа планот, што се случи на ист ден кога судот донесе пресуда во корист на компанијата, по што сега случајот во жалбена постапка.

Имајќи во предвид дека планот за висококатниците не беше еден од поништените планови и активен е до ден денес, дали Јакимовски со најавите дека нема да додели одобрение за градба сега самиот ризикува тужба од инвеститорот?

Во однос на овие и други прашања, досега не добивме одговори од Општина Карпош, чиј градоначалник Јакимовски деновиве обелодени дека се соочуваат со тужби и опомена пред тужба од повеќе компании.

https://fokus.mk/chii-interesi-poprechi-visokatnitsata-vo-karposh-koja-veke-predizvika-i-politichki-zemjotres/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15957
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #690 Posted: 14-Jun-2022 at 07:38
Дали Јакимовски има друг фаворит за висококатница во Карпош, прашува сопственикот на земјиштето

Откако го објавивме текстот „Чии интереси попречи високатницата во Карпош, која веќе предизвика и политички земјотрес“, се огласи Кочо Стојчески, сопственик на градежната компанија „Специјал Градба“, која го поседува земјиштето покрај Партизанска, каде всушност градоначалникот Стевчо Јакимовски најавува дека нема да дозволи изградба на висококатница, иако таа е предвидена со важечки Детален урбанистички план.

Како што открива Стојчески за Фокус, тој остварил неколку средби со градоначалникот Јакимовски, кои, тврди тој, завршуваат со согласност за градба на истата локација од страна на градоначалникот, како и учество на претставници од Општина Карпош во изработката на идејното решение за објектот.

Меѓутоа, посочува Стојчевски, после овие средби Јакимовски во неговите јавни настапи споменува имиња на лица и фирми кои немаат никаква врска со локацијата, без притоа да ја спомене неговата “Специјал Градба“, иако, како што нагласува сопственикот на фирмата, градоначалникот знае дека договорот е потпишан со нив и знае дека тие се носители на проектот.

„Градоначалникот на Општина Карпош во неговиот јавен настап на подкаст на веб порталот “Инфомакс” сигурен во себе и одлучен потенцира дека, цитирам: „Јас нема да дозволам, додека сум јас градоначалник на тоа место, да се изгради таква зграда, 28 ката, мој потпис на тоа нема да ставам“.



Но, малку подоцна во неговото излагање потенцираше и произнесе различен став и рече: „Таа зграда ќе биде во деминутив, односно зградичка“, со што изрази нејасни ставови и ја збуни јавноста.



Целото излагање на градоначалникот Јакимовски во подкастот, заедно со водителот, споменуваа имиња на лица и фирми кои немаат никаква врска со локацијата, но никако не ја споменуваат “Специјал Градба”, иако градоначалникот знае дека Договорот е потпишан со нас и знае дека ние сме носители на проектот.



Кога велам дека со сигурност знае дека Договорот е потпишан со нас, тоа и го тврдам, од едноставна причина што јас, како сопственик на “Специјал Градба” во периодот пред да ги изнесе овие ставови јавно, најмалку 3 пати имам остварено средба со градоначалникот Јакимовски и тоа со точка на дневен ред токму на оваа тема.



Сите разговори завршуваа со согласност за градба на истата локација од страна на градоначалникот, како и учество на претставници од Општина Карпош во изработката на идејното решение за објектот.



Се со цел да направиме објект кој ќе биде урбанистички и естетски пример за Карпош, што всушност е и наша мисија како компанија која има цел да гради проекти кои се вклопуваат во хуманиот развој на живеење во општината“, вели Стојчески.

Притоа, тој додава дека не може да најде ниту едно логично и законско образложение на ваквите ставови на Јакимовски, па затоа, како што нагласува, сака јавно да изнесе неколку заклучоци и воедно да постави неколку прашања, меѓу кои е и дали Јакимовски, како што вели Стојчески, има друг фаворит кому сака да му овозможи да гради на споменатата локација?

ШТО ПРЕДВИДУВА ПЛАНОТ?

Инаку, овој објект е предвиден со ДУП-от за Градска четврт 305 помеѓу бул. Илинден, 8-ми Септември, Партизански одреди и Љубљанска, во кој стои дека две катастарски парцели вцртана е една градежна парцела со број 6.1, на која е предвиден објект со намена А2-домување во станбени згради, со приземје, 26 ката и поткровје (П+26+пк) и висина од 88 метри.

Овој план е донесен во 2013 година, кога градоначалник беше токму Јакимовски, кој сега најавува дека нема да потпише одобрение за градба на објект вцртан токму со овој план.

Тоа е спротивно на неговите досега прокламирани ставови дека треба да се носат планови за да се решаваат проблеми, додека донесените планови мора да се реализираат и почитуваат, бидејќи во спротивно општината се соочува со тужби.

https://fokus.mk/dali-jakimovski-ima-drug-favorit-za-visokokatnitsa-vo-karposh-prashuva-sopstvenikot-na-zemjishteto/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15957
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #691 Posted: 18-Jun-2022 at 14:53
Originally posted by stef4o

Во Карпош 4





Прогрес во градбата на зградата на Хелга Компани(од фб)











Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15957
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #692 Posted: 19-Jun-2022 at 13:51
Објект на Настел во Козле градено 2015



http://reklama5.mk
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15957
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #693 Posted: 23-Jun-2022 at 16:51
Во Карпош 4,се отвора уште едно градилиште до зградата на Хелга





https://www.facebook.com/photo/?fbid=2194089804090529&set=pcb.5429040790484592
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15957
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #694 Posted: 24-Jun-2022 at 17:18
od fb



Carpe diem
Back to Top
Phiko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Aug-2020
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote Phiko Quote  Post ReplyReply #695 Posted: 27-Jun-2022 at 18:58
Не сум сигурен дали се за оваа нишка ама неколку низ влае, сликани на 6ти Јуни:

1. Вселена е зградата кај семафорите Ацо Шопов:



2. Вселени се објектите на ДДМ:


3. Завршни работи на објект на Иван Цанкар:



4. Исто на Иван Цанкар:

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15957
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #696 Posted: 02-Jul-2022 at 16:39
Во К4,меѓу градилиштата на Хелга и Диас се отвара ново,можно е повторно да е на Хелга но не сум сигурен ако некому му е близу тој дел нека направи обиколка со фотки од објектите



https://www.facebook.com/stories/108298200991426/
Carpe diem
Back to Top
Phiko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Aug-2020
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote Phiko Quote  Post ReplyReply #697 Posted: 04-Jul-2022 at 20:19
Originally posted by stef4o

Во К4,меѓу градилиштата на Хелга и Диас се отвара ново,можно е повторно да е на Хелга но не сум сигурен ако некому му е близу тој дел нека направи обиколка со фотки од објектите


Денешни:












Edited by stef4o - 04-Jul-2022 at 20:45
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15957
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #698 Posted: 07-Jul-2022 at 13:30
Se prodavaat novi stanovi vo Taftalidze, vo blizina na Replek. Stanovite se vo gradba.



https://www.pazar3.mk
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14320
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #699 Posted: 08-Jul-2022 at 09:21
На бул. Партизански одреди



На ул. Алжирска



El Oxido 2



Edited by Џоле - 08-Jul-2022 at 09:26
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15957
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #700 Posted: 15-Jul-2022 at 11:46
Originally posted by stef4o

Во К4,меѓу градилиштата на Хелга и Диас се отвара ново,можно е повторно да е на Хелга но не сум сигурен



https://www.facebook.com/stories/108298200991426/


Станбен објект во Карпош 4 на ул. Никола Парапунов бр. 11.

Објектот располага со 84 станбени единици.



http://www.hellgaconstruction.com

Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 33343536>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.