build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Карпош - Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Карпош - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 343536
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Ipkisija Meskosa View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 04-Apr-2021
Online Status: Offline
Posts: 25
  Quote Ipkisija Meskosa Quote  Post ReplyReply #701 Posted: 14-Aug-2022 at 16:39
Originally posted by stef4o

Кај Алуминка Карпош 3



https://www.pazar3.mk


Надежно беше додека се градеше, барем јас имав очекувања дека ќе е пристојно скоцкано, ама како почнаа со завршните финеси, така го зашлакаа. Од секој агол има неправилности по фасадата, а ова е на сите тераси:



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15647
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #702 Posted: 15-Aug-2022 at 17:21
Ќе никне ли висококатница кај поликлиниката „Букурешт“?



Со тоа што градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски оневозможува да се одржи седница на Советот, има план да потпише дозвола за изградба на 28-катница кај поликлиниката „Букурешт“. Ова го тврди претседателот на Советот, Бранко Ристов, наспроти изјавата на Јакимовски дека тоа нема да се случи.

Ристов веќе поднел решение за свикување седница на 18 овој месец, со единствена точка на дневен ред „Предлог- Одлука за задолжување на градоначалникот и општината да стопираат издавање на градежни дозволи, забрана за започнување градба и спроведување ревизија на ДУП за градска четврт З 05 блок 08.

Сметаме дека има ургентна потреба да се спроведе ова, за до крајот на месецот да почне процедура за ревизија на тој блок. Градоначалникот намерно ја одложи претходната седница. Мене ме загрижува тоа што градоначалникот преку службите намерно работи да се донесе ДУП таков каков штој си замислува. Моја обврска е да го спроведам тоа што сум го ветил. Има грешки во процедурата, не би требало да се дозволи овде да се гради 28-катница. Со ревизијата ќе можат да се отстранат сите недостатоци од минатото носење на овој ДУП – изјави Ристов за весникот ВЕЧЕР.

Претходно, Јакимовски јавно кажа дека на посочената локација нема да се гради таков објект во таков габарит и оти тоа е негов став кој нема намера да го менува, а, впрочем, како што нагласи, тоа им го ветил и на граѓаните.

https://www.vecer.press/ќе-никне-ли-висококатница-кај-поликл/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15647
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #703 Posted: 17-Aug-2022 at 11:26
НЕМА ДОЗВОЛА ЗА ЗГРАДА НА 28 КАТА Градоначалникот Јакимовски ги смирува карпошани

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски уверува дека во Карпош нема да се гради 28-катница. Зграда е вметната во Деталниот урбанистички план, а според Јакимовски ќе има најмалку 10 спрата.

– Јас прв излегов и кажав дека 28-катница во Крпош нема да има. Зграда со 28 ката нема да има, таму е предвидено вискоа зграда, но може да биде најмногу на 10 ката – рече Јакимовски во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Тој најави дека наскоро во општина Карпош ќе се случат инвестиции во вредност од 1,5 милиони евра.

– На одлуките на Советот и на мојот ангажман чекаат инвестиции од милијарда и пол евра. Јас максимално ќе работам да ги отвориме вратите за овие инвестиции, а со тоа да се зголемат приходите во општините и граѓаните да имаат поквалитетни услуги. Штом ќе имаме повеќе средства повеќе ќе вложуваме во градинките, во училиштата, ќе има за сите потреби за граѓаните на општината – рече Јакимовски.

Деновиве, како што тврди градоначалникот, ќе се става камен темелник на една голема инвестиција на турска компанија, која ќе гради 65 типски куќи во атарот на Бардовци. За ова инвестиција комуналиите се уплатени, Општината го издала одобрението за градба и се чека тоа да стане правосилно. Според Јакимовски ќе се развива левата страна од рекате Вардар, таму фирмата “Голден арт“ ќе гради објект.

https://plusinfo.mk/nema-dozvola-za-zgrada-na-28-kata-gradonachalnikot-akimovski-gi-smiruva-karposhan
Carpe diem
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 411
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #704 Posted: 17-Aug-2022 at 12:41
А баш вчера која ја отворив темава сакав да напишам дека на крај ќе направат компромис и место 28-катница ќе има уште еден кокошарник на 7 ката и ќе се фалат како ете, спречиле нешто. LOL
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #705 Posted: 17-Aug-2022 at 16:56
Никако 28-катница,ќе ја нагрдит НАЈГРДАТА населба во Македонија
Убо си е вака,10-катница со мали прозорчиња,селски балкончиња му е мајката,или некое ѕидче.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15647
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #706 Posted: 17-Aug-2022 at 17:12
Хелга Компани К4,овој дел за кратко време стана големо градилиште и зградички една до друга(од фб)





Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 343536

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.