build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

„Транзициска“ архитектура

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: „Транзициска“ архитектура
    Posted: 25-Oct-2008 at 22:57
Оваа нишка е посветена на оној тип на архитектура која ги демолираше Дебар Маало, Буњаковец, Кисела Вода и до некаде и Центар во последниве 20на години. Се работи во најголема мерка за станбени објекти со дискутабилна естетика, кои најчесто ги пробиваат границите на својата маркица, ги узурпираат тротоарите, одат во висина над дозволеното, немаат решено ни П од паркинг прашањето, градени се по никакви стандарди, со ефтини материјали, без никаков обзир за сеизмологијата, заедничките простории се најчесто клаустрофобични под секакви стандарди во трката за продажба на квадрат повеќе, ................................................. Можам да продолжам до утре но знаете веќе за што говорам.

Овие објекти веројатно опфаќаат 90% од градежните активности во овие 20 години и работите на терен почнуваат да се менуваат кон подобро дури во последниве неколку години. Сигурно дека меѓу сите овие објекти има и такви кои се квалитетни, во кои стандардите се испочитувани и кои бесправно ќе се најдат во оваа нишка која има негативен предзнак, а само поради "транзициониот стил" во кој се градени. Во таквите случаи однапред ќе се извинам (верувам и во името на другите учесници на форумот кои ќе учествуваат во градењето на оваа нишка) и се надевам дека сопствениците/проектантите/инвеститорите/изведувачите добронамерници кои ќе налетаат тука ќе не демантираат во нашите претпоставки.

Cheers


Edited by pbanks - 29-Oct-2008 at 21:55
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-Oct-2008 at 23:04
Еве прва тура фотки од мене

1 ФИКОМ во Кисела вода веднаш после рампа. Меѓу друго сведоштво и за криминал со недвижнини типичен во последниве неколку години.

2 Големиот станбен блок на Јужен булевар кај подвозникот накај Црниче. Ако за 90те типични беа мали зградички градени од човек фирма денеска имаме покрупни и веројатно доста поквалитетни објекти од тоа време. Иако само што го завршија овој комплекс, според стилот сепак би го ставил во транзициската категорија

3

4 Купче зградички позади Порта Буњаковец. Наскоро дополнително ќе бидат покриени и од деловните објекти Корнер и Аркадија. Дефинитивно припаѓаат во оваа нишка

5 Неколку објекти на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов некаде карши ТЦ Беверли Хилс. За жал некои од нив никогаш не се доизградија

6

7

8 Не сум сигурен за локацијата на оваа зграда но мислам дека е исто така во реонот на Буњаковец




Edited by pbanks - 25-Oct-2008 at 23:05
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 29-Oct-2008 at 11:33
Зградата до Алмако МТ карши Градски ѕид. Транзиција во сред центар Ohno


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Oct-2008 at 14:40
Се мислев дали да го ставам во оваа нишка објектов бидејќи ги надминува стандардите дури и на транзициската архитектура ама во недостаток од подобра нишка и на реална негова конкуренција за почеток на една таква нишка сега за сега нека иде тука. Коментарите се мислам излишни.

Повеќе за објектов и зошто е ваков каков што е може да прочитате тука

http://www.hotelambasador-sk.com.mk/home1.htm




Edited by pbanks - 29-Oct-2008 at 14:40
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 29-Oct-2008 at 14:43
Еден од најгрдите деловни објекти од 90те. Палата Унија. Ако може да постои Академија Леонтиќ зошто да не може да постои и Палата Унија Roll%20eyes

Да се надеваме дека следниот скопски земјотрес ќе биде темелен околу овие објекти Yes

1

2

3

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 29-Oct-2008 at 14:49
Јас да сум архитект и некој од мене да побара да пректирам ваков кич едноставно ќе го одбијам. Дали вреди за некоја ситна пара да се проектира ваков кич, па потоа кога целата фела ќе те дознае дека ди го преоктирал после тоа никој повеќе да не побара следен проект. Овој објект им ја крши кичмата на сите стилови што се појавиле од антиката до денес. А како врв на грдоќата доаѓа и фактот што објектов не е кречен доста време. А незнам знамето што бара на врв на зграда, изгледа да го јакне идентитетот и да може да се види од кај грчка амбасада. Знам дека се ставаат знамиња, ама обично на пристојни вертикални јарболи внатре или па пред објектот. Ова, како собрание да е! Даље идат лавовите, климите, зелената боја......


Edited by lslcrew - 29-Oct-2008 at 14:50
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Oct-2008 at 15:44
мене лично оваа зграда кога се појави баш во тој транзиционен период ми држеше некако вода во споредба со погорните типови на моделарство, сепак прецизни оштри едноставни линии со армоника полустаклена фасада, мислам дека во недостакот на стакларници, оваа беше една од ретките згради застаклена со затемнети стаклата во СК, се друго или беше импровизација или социјалистичката шема како стакларникот на ССМ. дури мислам дека прввпат чуварска служба(рецепција) во приватен објект таму имав видено, после и лифтот во тоа време им беше мислам best of во СК, па заради сето ова мислам неблагодарно е да се споредува со визионерски потфати како хотел амбасадор или хотел мрамор, може евентуално да се мери со новиот бран на аути од фасади и згради, но повторно ќе биде непривилегирана бидејки и е далеку постара од истите а и е далеку подобра земете ја за споредба мак-оил, инаку она со еркондишните не беше случај на почетокот но најверојатно тоа е последица на не воведувањето на централна климатизација, што стана вообичаено за секој нов помалку надежен деловен центар, исклучок е неоком, но тоа фрижидерите место на кров до зграда ги залепија абе саде екстра декор па ни помалку ни повеќе кон делот спрема нова железничка... незнам како фирма ПАКО (унија) кои се згради во СК ги има проектирано и изведувано, мислам дека има повеќе но ова како главна зграда им беше во тоа време ремек дело, дури и редакцијата на дневник беше таму - незнам може уште и е...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 29-Oct-2008 at 16:10


И имаш и немаш право. Уљезот во нишкава е Хотел Амбасадор а не Унија. Сепак и поголемиот дел од станбените згради кои ги постирав погоре се далеку над нивото на Амбасадор но помалку или повеќе на нивото на Унија (секоја во својот домен: станбен, деловен итн).

Инаку и јас сум го имал тој позитивен впечаток пред 10на години кога се пушти зградата. Разиграноста на фасадата ми беше интересна, како што спомна и мене ми изгледаше културно влезот на зградата, лифот итн. Уствари најголема атракција за мене лично беше фактот дека се изгради деловна зграда во време кога 99% од новоградбите беа станбени.

10 години подоцна сепак работите се многу појасни. Па и Светски Трговски Центар беше почнат во тоа време но дури и да останеше според стариот проект немаше да го прогласиме за транзициона градба. Или пак Палата Македонија. Па дури и Неоком. Зградата дефинитивно падна на тестот на вонвременост, дури е и смешно да ја спомнуваме во таков контекст.

Факт дизајнот на зградата е нешто што и јас би можел да го смислам (а јас сум комплетен антиталент за дизајн), фасадата е исклучително ефтина, непостоењето на централна климатизација е голем минус и резултатите ги гледаме денеска. Гревот е многу поголем поради локацијата. Ова е сред центар, целиот потег на Митрополит Теодосиј Гологанов од раскрсницата со Климент Охридски до Католичка црква спрема мене требаше да се нареди со квалитетни објекти а не со ефтини зградички што е фактичката ситуација на терен.

Секако и твоето мислење си е на место, не сум јас репер што е транзиционо што не е, сите си имаме свои аршини кои се на крајот на краиштата субјективни, а тука би било убаво да го евидентираме низ слики и дискусија овој, сакале или нејќеле битен период од скопското (македонското) неимарство со оглед на тоа дека со својот обем остави трен белег врз физиономијата на градовите, пред се на Скопје, Охрид, Тетово и Гостивар кои добија највеќе новоградби од овој тип.

Cheers


Edited by pbanks - 29-Oct-2008 at 16:11
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 31-Oct-2008 at 13:14
хихи баш добро ги опишуваш сите згради пбанксLaugh

Ама навистина местото не им е во СкопјеOuch
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 03-Nov-2008 at 17:17




______

Да продолжиме...

1 Транзициско ѓубре на сред Водно. Никогаш не сфатив како не се дигна повеќе прав за волкава зградурина на сред Водно кога за сосема легитимни локации во центар се правеа огромни проблеми

2 Срамота ваков убав ќош да се пополни со вакви никакви содржини (ул. Водњанска-ул. Железничка)

3 Веднаш од другата страна, обид да се биде малку различен но ништо повеќе од тоа

4 Еве една транзициска улица во транзициско маало (Огњан Прица - Кисела Вода)




Edited by pbanks - 03-Nov-2008 at 17:18
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 03-Nov-2008 at 18:06
На 1 и 3 не би им дал толку лоши оценки (висината на зградата на Водно е друга приказна и за тоа потполно се сложувам)

Бр.4 - класични транзициски срања.

Бр.2 - вистинска мизерија, а локацијата уште повеќе го потенцира тоа. За жал во блиската околина има изобилство од вакви гадости...
Puke


Edited by Cloverstack - 03-Nov-2008 at 18:07
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 03-Nov-2008 at 18:17
Originally posted by Cloverstack

На 1 и 3 не би им дал толку лоши оценки (висината на зградата на Водно е друга приказна и за тоа потполно се сложувам)

Бр.4 - класични транзициски срања.

Бр.2 - вистинска мизерија, а локацијата уште повеќе го потенцира тоа. За жал во блиската околина има изобилство од вакви гадости...
Puke


1 e maksimalno tranziciska vo odnos na lokacijata/gabaritot. Dizajnot e daleku od sofisticiran.

3 vakvo nesto ne bi sakal da vidam vo linijata od Ruzveltova pa se do transporten centar.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 03-Nov-2008 at 18:24
Originally posted by pbanks

1 e maksimalno tranziciska vo odnos na lokacijata/gabaritot.
Да, за тоа потенцирав дека се слагам.

Dizajnot e daleku od sofisticiran.
Да, но зборот ми беше дека е сепак над вообичаениот беден транзициски просек, барем по мое гледање.

3 vakvo nesto ne bi sakal da vidam vo linijata od Ruzveltova pa se do transporten centar.
Премногу бараш друже, ја би бил пресреќен кога таква ексклузија би се свела на Бр.2 и Бр.4 Big%20smile
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 03-Nov-2008 at 18:30


Абе реков во воведниот пост дека тука ќе има и згради кои можеби бесправно ќе се најдат во нишкава. Сепак неможе за секоја транзициска нијанса да отвараме нишка. Ако правиме градација 3ка е можеби бисер во позитивна смисла на транзициската архитектура но сепак би ја ставил во таа категорија.

Особено ми мава на ганглија што се наоѓа на критична локација според мене. Знаеш дека ќошеви ми лежат на срце а овој ќош е битен бидејќи ја отвара Водњанска.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 07-Nov-2008 at 23:20
Не сум ве прашал што мислите за зградава.
Можи треба да ја ставам во транзициона архитектура,затоа што мене стварно не ми се бендисува.


build.mk, гради форумска историја
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-Nov-2008 at 15:04


Еве ја преместив за тебе во транзициона бидејќи мислам дека дефинитивно ги исполнува критериумите. И мене не ми се допаѓа Thumbs%20Down
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 09-Feb-2009 at 04:56

Балконите.....
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 09-Feb-2009 at 12:03
прекрасен поглед, нема што Bash
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3792
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 09-Feb-2009 at 12:54
kade se gradit ako mozete da mi kazete
nekoj koordinati ako e mozno
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 09-Feb-2009 at 13:35
my macedonia веќе у една друга нишка го имаме евидентирано објкетов оддмна...
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=52&PID=19210#19210
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.