build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хиподром и Ченто

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Хиподром и Ченто
    Posted: 24-Dec-2009 at 23:47

Се продава градежно земјиште на влезот од Скопје


Хиподром ќе добие нова населба

На површина од околу 28 илјади квадрати ќе се градат девет згради, а на 2300 метри квадратни комерцијално-деловен објект


Во Хиподром, на самиот влез во Скопје, од левата страна на автопатот, ќе никне нов станбено-деловен комплекс. На површина од околу 28 илјади квадрати ќе се градат девет згради, а на 2300 метри квадратни комерцијално-деловен објект. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека станува збор за градежно земјиште во сопственост на државата кое ќе се продава на тендер.

Според Детелниот урбанистички план станбените објекти ќе се градат на девет локации со површини од 2.000 до 5.000 метри квадратни. Почетната цена за квадрат на ова земјиште е 3.500 денари за квадрат, а заинтересираните компании може да се пријават за една или повеќе локации. Почетната цена за земјиштето за комерцијалните и деловните објекти е 5.400 денари.

Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 21 јануари, а јавното наддавање ќе се одржи на 28 јануари. Текстот на јавните објави може да се прочита на интернетската страница на Министерството за транспорт и врски њњњ.мтц.гов.мк, а јавните повици се објавени и во печатените медиуми.
- Со реализирање на предвидените проекти, односно со изградба на станбените згради и деловно-комерцијалниот објект на оваа локација, освен што ќе се овозможи заживување на овој дел од Скопје, ќе се овозможи и дополнителен простор за домување со конкуретни цени што дополнително ќе доведе до стимулирање на конкуренцијата во областа на недвижностите, изјави портпаролот на Министерството, Драган Симоновски.

За учество во јавното наддавање потребно е да се поднесе пријава во писмена форма со доказ за платен депозит, кој изнесува 10 отсто од почетната цена на јавното наддавање за утврдената површина на градежната парцела.

(Е.А.)


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A04B69EBE231814EB3330A51393E364F
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-Jan-2010 at 00:30

Никој не сака да гради станови

Ниедна компанија не е заинтересирана да гради станбени и деловни објекти во Хиподром. На повикот за јавно наддавање на Министерството за транспорт и врски, кој заврши минатата недела, не се јавила ниедна фирма, поради што се одложува и јавното наддавање закажано за деновиве. Во текот на наредните денови повикот ќе биде повторен, информираат од Министерството. Согласно со деталниот план „Маџари-Хиподром“, повторно ќе бидат понудени десетте локации државно градежно земјиште во населба Хиподром. (С.Н.)                                                                                                                                   http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=52EAEF07804A06408230C3E741C8690B      
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Apr-2010 at 00:38
Нов обид и за „Хиподром“

Помеѓу повеќето огласи за јавно наддавање за државно градежно земјиште кои деновиве ги објавува Министерството за транспорт и врски се најдоа и деветте парцели во скопската населба Хиподром, за кои неодамна имаше неуспешен обид да се најдат купувачи. Министерството нуди парцели со големина помеѓу 2.062 и 5.021 метри квадратни и вкупна површина од 27.822 метри квадратни. Според ДУП Маџари – Хиподром, маркичките се предвидени за станбени згради, а четири од нив може да се комбинираат и со алтернативна намена – мали трговски и деловни единици. Почетната цена за сите изнесува 3.500 денари за квадрат, исто како и во минатиот обид. Пријавите за учество може да се достават до 11 мај, а наддавањето ќе се одржи на 21 мај. Претходно објавен оглас и за парцелата наменета за комерцијално-деловен објект, која беше дел од првиот пакет.



http://www.build.com.mk/?p=2727


Edited by Cloverstack - 10-Apr-2010 at 00:57
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7800
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Aug-2011 at 15:30
прекинете со станбените комплекси, ПРЕКИНЕТЕ ВЕЌЕ АМАН!
ако ништо друго, барем теши што е перифарна локацијата и што почнуваат да се расчистуваат нелогичните индустриски комплекси за нови урбани содржини
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 10-Aug-2011 at 16:29
Забеган, сметаш дека има доволно станови на пазарот? Кога последен пат си се заинтересирал колкаваа е цената на метар квадратен станбен простор? Од каде потребата за вакви клизачи? Дефинитивно си на автопилот...

Што замерка најде на самиот факт што ќе се градел станбен комплекс? Да беше на неприкладна локација, ќе те подржев, ама за оваа локација, треба да се надеваме дека проектот навистина ќе се реализира и дека целиот тој простор ќе се исчисти од индустрија, на која не и е местото таму.


-----------------------------------------------------


Индустриската зона во овој дел дефинитивно со текот на времето стана чир на градот и треба да замине во историјата. Ама со оглед на бучавата од Те-То, се прашувам колку е атрактивен реонот за станбена изградба, барем оној што е непосредно околу термоелектраната-топлана... Овој најавен комплекс ќе биде практично во скут на Те-То.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7800
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 10-Aug-2011 at 18:12
Originally posted by Cloverstack

Забеган, сметаш дека има доволно станови на пазарот? Кога последен пат си се заинтересирал колкаваа е цената на метар квадратен станбен простор? Од каде потребата за вакви клизачи? Дефинитивно си на автопилот...

Што замерка најде на самиот факт што ќе се градел станбен комплекс? Да беше на неприкладна локација, ќе те подржев, ама за оваа локација, треба да се надеваме дека проектот навистина ќе се реализира и дека целиот тој простор ќе се исчисти од индустрија, на која не и е местото таму.


-----------------------------------------------------


Индустриската зона во овој дел дефинитивно со текот на времето стана чир на градот и треба да замине во историјата. Ама со оглед на бучавата од Те-То, се прашувам колку е атрактивен реонот за станбена изградба, барем оној што е непосредно околу термоелектраната-топлана... Овој најавен комплекс ќе биде практично во скут на Те-То.
јас мислам дека за ова време, доволно се станбените комплекси кои ги имаме и сеуште не се скроз искористени
и не ми смета што имаме голем број на станбени објекти, туку што воопшто немаме други видови на објекти и комплекси, немаме деловни комплекси, немаме културни комплекси, ниту пак административни, а за такво нешто како поделба на комплекси на градот, воопшто не сме ни слушнале... едноставно секој нов бришан простор го пополнуваат со станови, а потоа прават турлитава со додавање на нови содржини
нема буквално никаква организација на новите простори
сите градови си ги планираат просторите уште од самите почетоци, кај нас се е спонтано и само се даваат нови предлози без некој посебен план
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14250
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 09-May-2013 at 12:27
Оваа зграда на влезот од Скопје (нас. Ченто) мислам дека досега не била постирана на форумов.



за поголема слика кликнете на линкот http://www.panoramio.com/photo_explorer#view=photo&position=9&with_photo_id=89935743&order=date_desc&user=21091

Edited by Џоле - 09-May-2013 at 12:28
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 09-May-2013 at 13:08
Previous
 
Фотографијава е тазе или постара ?
 
Јас ја помнам зградава во ваква состојба уште од пред 3 години кога поминував таму и ја помнам како ваква.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14250
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 09-May-2013 at 14:24
Мислам дека е релативно тазе, бидејќи девојка ми живее зад неа, па пред една недела поминував од таму... Колку што знам, имаат финансиски проблеми, бидејќи ги продавале становите за илјада и нешто евра за квадрат, што е многу за да живееш на влезот од Скопје. И така, нема доволно заинтересирани, па не можат да ја затворат финансиската конструкција. Но ова се само муабети, не знам дали се точни.
За сè има вторпат
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 10-May-2013 at 01:18
Фотографијата гарант е тазе, ама нема никаква разлика помеѓу оваа и фотографија од зградава пред 3 и кусур години, толку долго се нема чепнато ништо...
Пред некој ден поминав таму, ја загледав зградава и баш се прашував што ли се случува овде ама мене ми изгледа за пропала инвестиција...Roll%20eyes
Back to Top
irena.1 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 31-Dec-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote irena.1 Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 10-May-2013 at 08:19
Зградава е баш на самиот автопат, така?
ако е таа што мислам не е ни чудно што не се продаваат становите
irena
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14250
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 10-May-2013 at 14:08
Да, баш е на автопат... искрено, не знам кој ќе купи стан тука, по цел ден да му фрчат возила под прозор.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14250
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 13-Jul-2013 at 18:53
Во Ченто (зградата што се гледа од автопатот на источниот влез од Скопје)


DSC01005 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14250
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 29-Jul-2013 at 18:17
нова зграда во населба Ченто (сликав со мобилен)



За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14250
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 20-Oct-2013 at 18:23
станбена зграда во Ченто





За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14250
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 02-Aug-2014 at 19:43
Станбена зграда во населба Ченто. Немаше табла со крајниот изглед на зградата, па ќе чекаме да видиме како ќе излезе.

DSC04802 by george k. 1981, on Flickr

DSC04803 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14250
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 02-Aug-2014 at 19:44
Инаку, градежните работи на зградава што се гледа од автопатот продолжија со засилено темпо по долгогодишниот застој.

DSC04799 by george k. 1981, on Flickr

Еве ја, се гледа и од овде...

DSC04796 by george k. 1981, on Flickr

Edited by Џоле - 02-Aug-2014 at 19:47
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14250
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 08-Apr-2015 at 16:39
Во Ченто...





И ова десно:

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14250
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 19-Sep-2015 at 17:55
нас. Ченто

За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 19-Sep-2015 at 19:54
овие што ќе седат во овие згради кога ќе ги прашаат дали им сметаат колите по автопатот ќе им одговорат со ``нееееееееееее` вртејќи ја нагло главата од лево на десно
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.