build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Ќерамидница и Маџари
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ќерамидница и Маџари

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Ќерамидница и Маџари
    Posted: 10-Aug-2011 at 09:08
Продадено земјиштето на скопската фабрика за автобуси

Ќе никне станбен комплекс на местото на ФАС 11 Октомври

Викторија Милановска
Ќе%20никне%20станбен%20комплекс%20на%20местото%20на%20ФАС%2011%20Октомври%20

На местото на фабриката за автобуси ФАС 11 Октомври во општина Гази Баба во Скопје ќе се гради луксузна станбена населба. Фабриката е продадена како хипотека врз недвижен имот од страна на една банка, а купувач е познат скопски бизнисмен, дознава “Капитал“. Според нашите информации, огромната површина земјиште од над 50.000 метри квадратни на кое се наоѓа ФАС 11 октомври е купена за околу два милиони евра на јавно наддавање. Сите погони ќе се уриваат и на нивно место ќе се гради станбен комплекс. Неофицијално, веќе е подготвен и проект како треба да изгледа населбата, но се уште тече процедурата за добивање дозволи за градба. Кога ќе почнат да работат машините на просторот на ФАС 11 Октомври, кој се наоѓа во непосредна близина на центарот на Скопје, зад Скопски саем, на левата страна од реката Вардар, не е познато. Се шпекулира дека во оваа зделка ќе се вклучат и други инвеститори. Се споменува името на бизнисменот Орце Камчев, но тој вчера категорично демантираше дека е дел од овој проект. Овие информации тој ги нарече чисти шпекулации.

Поранешниот сопственик на фабриката ФАС 11 Октомври пак, Славе Распашковски, тврди дека ништо не знае. Тој вели дека нема информација дали земјиштето на некогашната фабрика е продадено, иако токму неговата компанија Унитајерс заложи дел од објектите на ФАС 11 Октомври како хипотека за кредити од банките. Според досега објавените информации, објектите со вкупна корисна површина од 50.652 квадратни метри што се наоѓаат на земјиштето на поранешната фабрика за автобуси беа ставени на лицитација со почетна цена од 17,5 милиони евра

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/72095/kje_nikne_stanben_kompleks_na_mestoto_na_fas_11_oktomvri.aspx
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Aug-2011 at 19:16
Originally posted by zabegan

јас мислам дека за ова време, доволно се станбените комплекси кои ги имаме и сеуште не се скроз искористени
Кои се тие?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7808
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Aug-2011 at 19:50
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by zabegan

јас мислам дека за ова време, доволно се станбените комплекси кои ги имаме и сеуште не се скроз искористени
Кои се тие?
расадник, реонски центар, лисиче, тие се единствени започнати комплекси, а не се довршени,  а што правиме што има уште предвидени комплекси, како и милион објекти кои се изградија и се градат по Карпош, Водно и Кисела вода
и тоа што го спомнуваш ,што имаме проблеми со пазарот, се случува поради тоа што нема соодветна политика на населување на становите, едноставно Скопје си се преплавува со жители без никаква контрола, ниту на тоа кој, ниту каде ќе живее
покрај се, имаш луѓе со по пет стана, а и фамилии со по десет члена во стан од 40 квадрати, има и многу станови што се продаваат од стари објекти и секогаш има нови... буквално се е пореметено и испревртено и само изградбата на нови и нови станови не решава ништо (освен можеби тоа што ќе се расчисти и урбанизира индустриска зона)


Edited by zabegan - 10-Aug-2011 at 19:51
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Aug-2011 at 20:50


По кој основ би му наложил на некој инвеститор да инвестира во реонски центар или во расадник, а не во Ќерамидница, ако урбанистичките планови го дозволуваат тоа. Или можеби имаш некаква подобра идеја за тоа што треба да има на просторот кај ФАС, мада до сега не пиша таква работа...

Проблемот со големите разлики во развојот на регионите во државава што придонесува за големо доселување во Скопје е многу комплициран и тежок и не може да се реши за кратко време. Во меѓувреме доселениците ќе бидат реалност и ќе ја зголемуваат побарувачката, од тој факт не може да се избега, тоа до сега требаше да биде јасно. А решението за заостанатите региони е нивен развој, не е блокирање на станбената изградба во Скопје.

Кој колку станови имал, дали некој имал 5 додека фамилии со 10 ченови живееле во станови од по 40 квадрати, исто така нема блага врска со дискусијава. Освен ако не мислиш дека треба да се направи некаква прераспределба која е незамислива во денешново општество.

Проценката за тоа колку станови се продавале ти е многу релативна. Ако имаше толкав вишок, едноставно немаше да постои интерес за градење на нови, како во случајов. И покрај сите дисторзии и матни игри, пазарот сепак може да ги одреди тие рабои многу подобро отколку што можеш ти вака „од око“.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 10-Aug-2011 at 23:21
Треба да се искористи шансата да се испреговара со инвеститорот ако може малку да се помести трасата на булеварот да проаѓа по работ на дворот од фабриката, за да се искористи шансата да не треба во иднина да се отвараат горливи проблеми со експропријација и луѓе кои потенцијално ќе очекуваат да ќарат цели станови за трошни куќи, а и реално најдобра опција и за нив е ова да дојдат инвеститори кои во замена на просторот ќе им дадат стан. Така да еве порака до валстите да реагираат брзо.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 4033
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 11-Aug-2011 at 08:10
Zabegan, mozebi vo momentov ti izgleda deka mnoogu stanovi se gradat
Vidi pristina se gradat stanbeni zgradi 3pati povekje a ima 200 iljadi lugje... skopje gradi 3 pati pomalku stanbeni zgradi a ima 800 iljadi lugje, znaci ne e mozno da e za skopje malku
A inace mnogu sum siguren deka site mladite kje pocnat da kupuvaatt stanovi osobeno vo ova kampanja na vladata kupi kukja kupi stan..

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 11-Aug-2011 at 09:32
Скопска фирма ќе биде инвеститор на локацијата Керамидница 1

ИСКРА ММ ќе гради станови на местото на ФАС 11 Октомври

Викторија Милановска
ИСКРА%20ММ%20ќе%20гради%20станови%20на%20местото%20на%20ФАС%2011%20Октомври

Скопската фирма ИСКРА ММ ќе го гради луксузниот станбен комплекс на местото на некогашната фабрика за автобуси ФАС 11 Октомври, дознава ексклузивно “Капитал“. Од општина Гази Баба откриваат дека на оваа локација ќе никнат големи трговски објект и станбени згради. Според нацртот на деталниот урбанистички план, треба да се изгради модерна станбена населба. Засега никој не сака да открие повеќе детали за луксузниот проект. Колку и какви објекти ќе се градат ќе се знае откако правното лице ќе ги добие градежните дозволи. Сопственик на фирмата ИСКРА ММ е познат скопски бизнисмен. Стечајниот управник на ФАС 11 Октомври, Симон Михајлоски, вели дека не е информиран за најновите случувања со фабриката за автобуси.“Јас мојата работа си ја завршив кога фабриката му ја продадов на Славе Распашковски. Поради неговите подоцнежни долгови и кредити, Стопанска банка Битола му ја активираше хипотеката. А кој е новиот сопственик и за колку пари го купил земјиштето не знам. Тоа понатаму е работа на извршителот“, изјави Михајлоски. Извршителот Христо Јованов остана недостапен за коментар затоа што заминал на годишен одмор. И неговата заменичка не сакаше да ни даде информации за случајот. Накратко потврди само дека некогашната фабрика ја купило правно лице. И поранешниот сопственик на ФАС 11 Октомври, Славе Распашковски, ниту вчера не сакаше да коментира на оваа тема...

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/72152/iskra_mm_kje_gradi_stanovi_na_mestoto_na_fas_11_oktomvri.aspx
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14321
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-May-2019 at 15:41
Станбена зграда кај Мак Ауто Стар



Edited by stef4o - 13-Sep-2022 at 21:16
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 25-May-2019 at 05:41

Каде поточно се наоѓа зградата во Дебар Маало?
Патем кај Мак Ауто Стар мислев дека ќе биде деловен објект а не станбена зграда.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14321
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 25-May-2019 at 10:28
Originally posted by stef4o


Каде поточно се наоѓа зградата во Дебар Маало?
Патем кај Мак Ауто Стар мислев дека ќе биде деловен објект а не станбена зграда.


https://www.google.mk/maps/@42.0016887,21.4189729,3a,75y,334.45h,90t/data=!3m5!1e1!3m3!1sCD32v1GC9dkxAR_rytmebA!2e0!6s%2F%2Fgeo3.ggpht.com%2Fcbk%3Fpanoid%3DCD32v1GC9dkxAR_rytmebA%26output%3Dthumbnail%26cb_client%3Dmaps_sv.tactile.gps%26thumb%3D2%26w%3D203%26h%3D100%26yaw%3D340.43982%26pitch%3D0%26thumbfov%3D100?hl=en

...

Објектов кај Мак Ауто Стар има табла од Жикол на која се прикажани основи на станови. Но, оставам простор дека грешам.



Edited by Џоле - 25-May-2019 at 10:30
За сè има вторпат
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 425
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 25-May-2019 at 14:46
Според ДУП-от, зградата кај Мак Ауто Стар е станбена, а планирани се уште неколку.


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 18-Jun-2019 at 12:51
Originally posted by Џоле


Станбена зграда кај Мак Ауто Стар




Еве рендер

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14321
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 18-Jun-2019 at 13:28


Многу чудна локација за станбена зграда, буквално среде индустриска зона.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 18-Jun-2019 at 13:35

Ми го зеде зборот и јас токму тоа сакав да го потенцирам затоа прво и се посомневав дека станува збор за станбен објект бидејќи досега во околината се беа деловни објекти а колку што знам предвидено е да никнат уште неколку станбени објекти на овој простор.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2053
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 18-Jun-2019 at 19:46
Ајдеееее, а со месеци го гледам објектот ни на крај памет дека е станбена зграда...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 25-Jun-2019 at 16:34
Новоградба има започнато нов станбен објект во Гази Баба(кај Мерцедес).Еве рендер

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14321
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 25-Jun-2019 at 22:52
Не дај боже да избегаат од дизајнот на 1980-та година. При крај сме на втората деценија на 21 век.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 14-Jul-2019 at 11:27
Зградата која Жикол ја градат во Гази Баба близу Мак Ауто Стар

Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 913
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 16-Jul-2019 at 00:55
Материјалот со кој се изработени балконските прегради е веќе виден и употребуван на еден куп згради,последен пример на една од новите згради до Сити Мол...
Ова другово е стандартниот кутија стил на кој сме навикнати...
Но да,за Скопје ова е феноменална и вонсеријска архитектура.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14321
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 16-Sep-2019 at 08:37
од ЅЅС:
кај Мак Ауто Стар



Edited by stef4o - 09-Apr-2022 at 16:49
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.