build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

НВО за Урбан и Рурален развој

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 20-Aug-2011 at 11:12

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=630&PID=48320#48320

Здружение за хумано домување - ХМ филијала на habitat for humanity international http://www.habitat.org.mk/eng/Lbuilds.html 

http://www.youtube.com/watch?v=72bLkv9WYjQ&t=1m58s




Edited by Max - 21-Aug-2011 at 20:31
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 21-Aug-2011 at 20:31
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 22-Aug-2011 at 13:50

Центар за истражување и информирање ЕKО-СВЕСТ - http://www.ekosvest.com.mk/about_us_mac.html

http://www.facebook.com/pages/Eko-svest/263436404923



Edited by Max - 22-Aug-2011 at 13:51
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 08-Sep-2011 at 11:00

Здружение за одржлив развој на планинските региони - МАКМОНТАНА - http://www.makmontana.org/about.htm

(member of EUROMONTANA – European Association of Mountain Regions)[1][2]

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 26-Sep-2011 at 22:11


МАК-ЈАМС 

Ова здружение претставува алумни асоцијација на македонски учесници на курсеви организирани од страна на Јапонската Агенција за Меѓународна соработка (JICA), како вид на техничка помош која ја дава Јапонската влада за зајакнување на капацитетите на човечките ресурси во Република Македонија. http://www.mak-jams.mk/

http://www.facebook.com/pages/JICA-Alumni-Association-Macedonia/116024598472341

http://www.studyjapan.go.jp/en/ath/ath0206e.html

последен семинар кој е наведeн во биово на премиерот е месец дена на аотс во јокохама ’98 http://samvak.tripod.com/cvng.html изгледа од таму е поривот за брендирање инвестициска и туристичка дестинација од земјава, прашање е дали за месец дена истиот тој порив може да  се смикса подобно за наш стандард и навики

РАЗВОЈ НА НОВ ПРОИЗВОД – КОНЦЕПТ НА ГЕНЕРИРАЊЕ НА НОВ ПРОИЗВОД http://www.mchamber.org.mk/(S(g3twoq45ksoalf45bhonog55))/default.aspx?mId=56&evId=564&lId=1


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 27-Sep-2011 at 15:31

Мрежата за рурален развој на Р.Македонија – РуралНЕТhttp://ruralnet.mk

Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРДhttp://www.ceprosard.org.mk [1]

Регионална развојна агенција на Пелагонија – ПРЕДАhttp://www.preda.org.mk



Edited by Max - 27-Sep-2011 at 15:31
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 28-Sep-2011 at 16:31

дали постои бар еден пример каде некое здружение на граѓани успеало да истера економски корисен проект за заедницита, урбана или рурална, немам чуено за работилници за обука или дообука на населението во ниедна област од овој сектор, претежно се работи на небљудувања и анализи, но не и директно на имплементации, секоја чест на исклучоците, секторов ми личи како екипиран претежно со мајстори за лична заработка него со филантропи за колективен бенефит!

добар осврт на темава има Кристофер Делисо авторот на Скриена Македонија кој официјално и без здружение или фондација зад него успева бар да не промовира надвор:

Economically speaking, NGO's do not create wealth. Nobody invests in them. They are alien to the real small entrepreneurs who have traditionally built free market economies by going out and risking their assets. NGO's do not promote competition; rather, they promote and perpetuate systems of patronage. Fundamentally, they are destructive insofar as they prolong the old scourge of socialism, with all of its stasis and nepotism. http://www.antiwar.com/orig/deliso88.html
 

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 28-Sep-2011 at 22:16

Здружение за одржлив развој и соработка - АЛКА - http://alka.org.mk/mk/organizacija/za_nas/

Ако се погледнат општите трендови во Република Македонија во однос на развиеноста на граѓанскиот сектор во урбаната наспрема руралната средина, може да се забележи мошне драстична разлика. Конкретно, според студијата на Индексот на граѓанското општество, податоците до 2003 година покажуваат дека 43,8 % од вкупниот број граѓански организации пред с$ регистрирани во Скопје. Останатите организации, повторно во голем број, се регистрирани во поголемите градски центри. 
За жал, соодносот на урбани наспрема рурални граѓански организации е 10:1, односно во урбаните средини има 5 организации на 1.000 жители, а во селските 0,5 организации на 1.000 жители.
http://www.mcms.org.mk/images/docs/2007/studija-za-sostojbite-vo-ruralnite-zaednici-2007.pdf

Пасивност на НВО секторот во руралните општини

Раководствата на здруженијата Стогово, Бело јагне, Коџатурк и Жупа Турклери имаа свои проекти во повеќе сфери, но според нив тешката финансиска не дава можности за спроведување на проектите.
Во оваа општина невладиниот сектор има добра меѓусебна соработка, но во четирите здруженија се свесни дека во моментов им е потребна поширока поддршка за да имаат позначајни активности.

„Невладинот сектор во оваа општина го нема своето место кое го заслужува. Како главни причини за пасивноста на НВО се доцнењето во појавата и регистрацијата на наведените здруженија, потоа бројните финансиски тешкотии, неодвојувањето од страна на општината средства од буџетот за потребите на невладините здруженија, но и масовната миграција на младите“, вели Фехми Скендер од здруежението „Жупа Турклери“.

Според него и во една ваква состојба со бројни финансиски проблеми, невладиниот сектор се труди да спроведе одредени активности во повеќе сфери, бидејќи во оваа рурална општина нема културни, спортски и други активности. Ако невладините организации не организираат активности, тогаш и населението останува без можност да види активности во наведените сфери. Ова лето здруженијата организираа културни и спортски манифестации кои ги следеа и голем број печалбари кои се дојдени во родниот крај да го минат летниот одмор.

„И покрај сите проблеми ние се трудиме да реализираме одредени активности. Ние имаме фолклорна група која настапува овде локално, но и во други градови од земјава па и во странство. Се трудиме со одредени активности да организираме и проекти за стопирање на миграцијата, која тешко дека некој може да ја стопира.“

Во општина центар Жупа, турската етничка заедница е најбројна, но овде живеат и Македонци и Албанци. Невладините организации даваат нагласен придонес и во продлабочувањето на добрите меѓуетнички односи.

„Ние сме пример како општина кога се говори за меѓуетничките односи. Секогаш сме заедно и во добро и во лошо. Овде има добар соживот“, вели Скендер.

Инаку оваа рурална општина е печалбарска. Над 75 насто од населението е на печалба како во западноевропските земји така и во САД.
http://www.makdenes.org/content/article/24299793.html


Edited by Max - 30-Sep-2011 at 21:33
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 28-Sep-2011 at 23:28


Фондацијата Агро-Центар за Едукација – АЦЕhttp://www.ace.org.mk/za-ace.php

и евроцентар имале сличен концепт но краткотраен - http://www.evrocentar.mk/s.AGROEVROCENTAR/ENG/proekti.html 

Во Свети Николе формиран Центар за едукација, образование и истражување „Агро-ФОРОП“ 

Образованието на земјоделците и реонизацијата се двата клучни проблема на аграрот во Овчеполието, покажуваат анализите на фондацијата „Евро центар“ од Свети Николе која денеска го промовира новоформираниот Центар за едукација, образование и истражување „Агро-ФОРОП“.

Претседателот на „Евро центар“ Никола Шалев најави дека наскоро ќе биде отворено првото училиште што ќе се занимава со дополнително образование на земјоделците или т.н. доживотно учење. 
Според него, проектот за едукација ќе ги зачува семејните бизниси кои во Свети Николе засега се вкупно 2.370, и ќе придонесе за нивен развој.

Предлог програмата на Фондацијата „Евро центар“ предвидува и проект за „реонизација“ во атарот на Овче Поле по сектори и рурални средини.

- Во Македонија постои концепт и стратегија за развој на производството и руралните средини, но ниту една општина ги нема дефинирано. Оваа едукативна програма подразбира правење земјоделската куќа од темел, образложи Шалев.
Програмата на Фондацијата „Евро центар“ треба да се верификува од општините Свети Николе, Штип, Карбинци, Лозово и Пробиштип.
http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/713253/index.html
 

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 30-Sep-2011 at 18:31
Волонтирај или Донирај

Стратегија за промовирање и развој на волонтерството - http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/strategija_volonterstvo.pdf

http://www.konekt.org.mk/web/images/stories/konekt/Zakon_za_donacii_i_za_sponzorstva_vo_javnite_dejnosti.pdf



Перспективите на нво секторот во вршењето на јавни услуги во Р.Македонија - http://hrcak.srce.hr/file/99939

Прирачник - форми на соработка на локалната самоуправа
и граѓанскиот сектор - http://www.skopje.gov.mk/images/File/mak-n.pdf

http://www.scribd.com/doc/36398256/Соработка-на-локалната-самоуправа-со-граѓанските-организации


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 01-Oct-2011 at 11:52

Фондација за локален развој - ФОКУС - http://focus.org.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=139 

Волонтерски Центар Скопје - http://www.vcs.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=49&Itemid=57&lang=mk  

EYCA и волонтерството - http://www.europeanyouthcard.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=99&Itemid=188&lang=mk 

Прв кампус за пожарникари-волонтери - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=404&PID=113715#113715   

ЦКРМ - Стратегија за волонтерство - http://www.ckrm.org.mk/flip/strategy/Volunteers/mk/index.html [1]

Законот за волонтерство - http://www.tacso.org/top_links/Print.aspx?id=5259 [1]



Edited by Max - 11-Oct-2011 at 11:52
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 01-Oct-2011 at 16:43

 

02.09.2011 - Врз основа на член 6 став 2 од Законот за волонтерство „Службен весник на РМ“ бр. 85/87 и 161/2008/ и член 36 од Статутот на Општина Центар - Скопје, /„Службен гласник бр. 01/2006/ градоначалникот на Општина Центар - Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр.01 за ангажирање на волонтери во Општина Центар - Скопје
Општина Центар - Скопје, има потреба од ангажирање на волонтери, за работни позиции во Општина Центар - Скопје, кои веруваат во сопствениот капацитет, поседуваат вештини за тимска работа и се подготвени за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици во периодот на спроведување на значајни проекти во Општина Центар - Скопје.
Кандидатите треба да имаат завршен еден од следните факултети: Архитектонски факултет, Градежен факултет, Машински факултет, Правен факултет или Економски факултет. Од кандидатите се бара да имаат познавање на еден странски јазик.
Co лицата кои ќе бидат избрани, Општина Центар - Скопје ќе склучи договор за волонтерство.
 Заинтересираните кандидати потребно е да достават мотивациско писмо, лична биографија /CV/ препораки, диплома за завршено образование, уверение за познавање на странски јазик, уверение за познавање со работа на компјутери и фотографија.

Огласот трае 5 дена сметано од денот на објавувањето.
На адреса:
Општина Центар - Скопје Ул. „Михаил Цоков“ бб
Co назнака: Општина Центар - Скопје Одделение за човечки ресурси Јавен оглас бр. 1
ОПШТИНА ЦЕНТАР - СКОПЈЕ
http://www.dobrarabota.mk/job/17363/volonteri.html

 на почетокот од годинава веќе се примени волонтери кои ќе им помагаат на старите лица во општината

 

Волонтери ќе им помагаат на стари лица

Граѓаните постари од 65 години, кои живеат во општина Центар, наскоро ќе имаат можност да побараат помош по телефон од специјално обучен тим од лекари, психолози и волонтери. 

Во една од бараките на Општина Центар веќе е опремена канцеларија во која ќе биде сместен тимот, а ќе работи од 8 часот наутро до 18 часот, секој работен ден. Услугите што ќе ги дава овој центар ќе бидат бесплатни.

Од Општина Центар велат дека одделението за здравствена и социјална заштина во моментов врши евиденција колку и на кои адреси има стари лица на кои ќе им треба нивната помош.

Елена Чалческа, од одделението за здравствана социјална заштита вели дека програмата е наменета за помош на стари лица кои не се во можност сами да ги обавуваат своите секојдневни животни потреби.

Таа додава дека тимот ќе биде алка меѓу локалната самоуправа и старите лица.

- Центарот ќе биде локален механизам за помош на старите лица, а ќе дејствува во согласност со нивните потреби на целата територијата на Општина Центар. Ќе се потрудиме за овие граѓани да обезбедиме континуирана грижа, помош и поддршка. Обврската на Центарот ќе биде дневно да ги опслужуваат лицата во основните потреби. Ќе им обезбедиме примарна медицинска помош, информации, помош и медицинска нега во домашни услови. Но, имаме и мобилна екипа која ќе оди во набавка на храна и лекови и на други најнеопходни средства за старите лица, објаснува Чачлеска.

Од Општината додаваат дека тимот кој е ангажиран за работа со стари лица го обучувале експерти од Заводот за социјални дејности.

Нивната работа, велат од Општината, ќе биде олеснета ако и старите лица сами им се обратат на телефон кој деновиве ќе биде јавно објавен.

- Поаѓајќи од фактот дека во последните децении се соочуваме со многубројни промени поврзани со стареењето на населението, Општина Центар го почна овој проект со цел да им го олесни живеењето на постарите сограѓани. Имајќи ги предвид потребите на старите лица, активностите ќе бидат насочени кон теренска работа. Центарот за стари лица, ќе биде активен особено во зимскиот период кога ризикот по здравјето и повредите кај старите лица е најголем и преку лето кога се горештините. Овој проект се реализира во соработка со Заводот за социјални дејности, Центарот за социјални работи и Здружението на пензионери во општината, велат од кабинетот на градоначалникот Владимир Тодоровиќ.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=F9823320C2D46344A5813DFC5D7F47D9



Edited by Max - 01-Oct-2011 at 17:18
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 03-Oct-2011 at 19:56

и волонтерството и донациите се слабо промовирани и потикнати кај нас, што не мора да значи дека и на тоа ќе остане, во меѓу време вакумот може квалитетно да се пополнува со казни за општокорисна работа, но за кои ќе нема парична алтернатива, а кои би се изрекувале не само од комунална инспекција туку и од комунална полиција како што е случај пример во србија[1][2][3] но може да се организираат и редовни еко-патроли и од грѓанските здруженија кои во својот домен на делување би имале исти овластувања како и комуналната полиција  

Една од главните придобивки е што за првпат во земјава се воведува општокорисна работа, односно помалите казни прекршителите ќе можат да си ги одработат, така што ќе чистат улици, снег, речни корита и слично.
http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1009&Itemid=46

Ќе фрчат казни за неисчистен снег Глобата е меѓу 30 и 50 евра или општокорисна работа во општината каде што живее казнетиот
http://vest.com.mk/?ItemID=BAA2EAA33ABED5439DDED438240F81F4



Edited by Max - 03-Oct-2011 at 21:33
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 03-Oct-2011 at 21:22

Невладините ќе се учат на борба против црните пари

Според измените во законот што ја регулира оваа област, покрај банките и брокерските куќи, и фирми и граѓански организации мораат да спроведуваат мерки во борбата против црните пари. Иако обврските се дефинирани со закон од 2008 година, невладините организации воопшто и не знаат за што станува збор и какви се нивните обврски на тој план. 

Обврска на невладините е задолжителната годишна програма што треба да се достави до надлежната институција.

- Во обврските нема ништо спорно. Тие веќе функционираат во европските држави. Казните и кај нас се високи и изнесуваат околу 30.000 евра ако не се достави програмата, што е многу за невладина организација - велат од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

За преставниците од невладиниот сектор иницијативата е добра, особено ако се земе предвид одиумот што важи за нив како пералници на пари, кои во повеќето случаи одат за терористички организации.

- Државата треба да прави контрола во невладините организации. Се покажало дека во многу региони во светот, а и Македонија не е исклучок, со трансфери на пари преку НВО се финансираат криминални активности, најчесто тероризам - вели Слаѓана Тасева од невладината „Транспарентност нулта корупција“.

Тасева додава дека е потребно под лупата на државата да бидат и самите програми што ги спроведуваат невладините организации, парите што ги добиваат за нив од донаторите и начините на кои ги трошат.

Роберто Беличанец од Центарот за развој на медиуми за обврските дознал случајно, но вели дека нема ништо против да се засили контролата и да се спречи влегување на сомнителен капитал.

- Треба да се посвети поголемо внимание и на медиумите, градежните компании, фудбалските клубови.

За обврските од законот што се однесуваат на невладините организации треба да има скалила, односно работите да одат пофлексибилно. Тоа треба да се однесува на поголемите организации, кои имаат, да речеме, годишен прилив од 100.000 евра, а не на мали здруженија, кои воопшто немаат или, пак, имаат скромни приливи - вели Беличанец.

Како дел од стратегијата за спречување на перењето пари, минатата година беше промовиран и прирачник [1]

Од Управата за спречување на перењето пари веќе спровеле контроли во четириесетина граѓански здруженија и фондации по случаен избор за да проверат дали имаат програма.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3311913467&id=9&setIzdanie=22221

настрана организираното перење пари, еве интересен индивидуален пример од хрватска http://dugoselo.org/dugoselo/hrvatska/opravdano-je-zapitati-sejesu-li-neke-udruge-samo-poligon-za-pranje-nov/ ова и кај нас е можно преку законот за донации (http://www.oop.mk/phocadownload/brosuri/brosura-za-vllozuvanje-vo-zaednicata.pdf последната колумна), но поозбилен проблем би можеле да бидат пример спортските здруженија на граѓани како што сега се трансформирани сите досегашни спортски клубови 

Невладините организации детективски ќе ловат перачи на пари и терористи

Покрај ташната, ќе се бара и лична карта

Анализа на донаторот, негово идентификување, какво минато има, од која земја доаѓа, со што се занимава, следење трансакции, доставување извештај до надлежниот орган ако се појави црвот на сомнежот дека станува збор за валкани пари се дел од законските обврски на граѓанските здруженија и невладините организации и фондови во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам.
Невладиниот сектор вчера на едукативен семинар организиран од шведскиот институт за јавна администрација, преку проектот за техничка поддршка на граѓански организации, финансиран од ЕУ, учеше за нивните обврски, дел до заедничката борба со државата против перењето пари и финансирањето тероризам.

Обврска на организациите што имаат над 50 вработени е да формираат и посебен оддел за борба против валканите пари, а сите НВО и фондации ќе мора да подготвуваат и годишна програма за борба за тоа. Ваква програма до Управата за спречување на перењето пари и на финансирањето тероризам досега нема поднесено ниту една граѓанска организација.

Во македонскиот систем за борба против перењето пари и финансирањето тероризам, субјектите, меѓу кои од 2008 година се и граѓанските здруженија и фондови, се првиот столб во битката. Со обврските тие во извесна смисла стануваат и првата одбранбена линија во фронтовската битка со валканите пари. Ако се посомневаат дека парите што им се донираат се за да бидат испрани или, пак, со нив се финансира тероризам, тоа веднаш треба да го пријават во соодветната управа.

- Сомневањата субјектите ги градат врз основа на непосредни сознанија или во основа на список индикатори - велат од управата.

Индикаторите се 12 на број, кој не е конечен. Некои сомневања произлегуваат непосредно, но за дел од нив треба истражување. Кај дел од невладиниот сектор се појави негодување, дали тие треба да ја играат улогата на полицајци или еден вид истражни органи.

- Не можам јас да водам истрага и да пресудувам некому. На пример соработувам со неколку хотели, преку ден таму е сé во ред, но навечер можеби тоа е дувло на проституција, не можам јас да го истражувам тоа. Потоа соработуваме со амбасади на странски држави, тие се донираат во проекти. Дали тоа значи дека треба да го идентификуваме амбасадорот - рече еден од преставниците на НВО на вчерашниот семинар.

Од управата велат дека обврските се во насока на поуспешна борба со перењето пари и финансирањето тероризам, а информациите, сомневањата, ако се појават, само ќе помогнат во работата на другите два столба во системот за борба, управата и истражните органи.

Ако се земе бројот на субјекти, по категории во земјава што имаат обврски во борбата со перењето пари, тогаш невладините организации ќе бидат најмногубројни во армијата од која ќе тргне битката.

Според статистиката, до крајот на минатата година во земјава биле изброени 11.350 граѓански организации и фондации, кои во вкупната бројка на субјекти учествуваат со 74 отсто.

Најголем дел од нив лани имал годишни приходи до 100.000 денари, но пет од нив во завршните сметки прикажале и приход од над 100 милиони денари.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=341184546&id=9&setIzdanie=22222


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 11-Oct-2011 at 09:11

еден од начините за одржување здрави граѓански организации е нивно огранизациско јакнење, кое може да се постигне неформално преку силна волја за напредок На односно Во организацијата, или формално преку програми за институционален развој кои ги спроведуваат обучени инструктори, пр. од  МЦМС[1] или ЦИРа[1], кои пак се користат со материјали за обука од тренинг агенции како MDF[1], односно во случајот на цира се "имплементираат" обуки и насоки од владината усаид, но ваквите обуки се корисни за граѓански здруженија со поголема активност и капацитет, додека за помалите организации можат да бидат оптеретување, со оглед дека со јасна цел пред себе секој механизам може да профункционира колку и за тоа да нема услови бидејќи така насочен добива целосна подршка од заедницата, наместо сам да мора да бара начини како да ја активира истата таа заедница во граѓански иницијативи за спроведување на организациските цели...

кај нас најчесто функционира неформалниот пристап преку импровизација од искуствата на самото членство во здружението, додека институционализираниот пристап иако можеби потребен и пофункционален сепак како непрофитен истиот може да биде сопка за насоките и целите на здруженијата, затоа е битно да се воочи која е потребата од структурално јакнење на организацијата и колку и како тоа би и помогнало, да се воочи дали истото ја комплицира или поедноставува работата во здружението, и дали сите членови можат да го подржат таквиот модел на функционирање...

пред се фокусот кон целта е битен, јасна насока и делување кон истата, и постојано освежување на истите, сето останато се надополнува како организацијата расте...



Edited by Max - 11-Oct-2011 at 10:10
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 11-Oct-2011 at 20:43
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 11-Oct-2011 at 21:11

Osim državnog novca, sredstva koja udruge dobivaju iz europskih i privatnih fondova, brojnih tvrtki, korporacija, ambasada i međunarodnih organizacija teško je nabrojiti. Pretpristupni fondovi EU još uvijek su jedni od najvećih izvora financija za nevladine organizacije, a i tvrtke u Hrvatskoj u sve većoj mjeri doniraju dio profita koji se u tom slučaju ne oporezuje, a što je marketinški vrlo efektno. Novac za projekte donira se i na razini gradova i županija, a vlastite fondove ima i većina ministarstava. Tako se udruge nalaze na svojevrsnom tržištu na kojem jedne drugima konkuriraju kvalitetom projekata, čija tematika može biti zajednička nekolicini organizacija: za istu donaciju često se mogu prijaviti sasvim različite udruge jer se, primjerice, u borbu protiv HIV-a mogu uključiti mnoge. No hoće li dobiti novac za određeni projekt često ovisi i o njihovoj reputaciji u javnosti, koja se stječe rezultatima ali i marketingom.
...
Nevladin sektor je, ističe, izuzetno bitan za svaku državu, jer “donosi inovacije ili preuzima na sebe dio posla koji u tom trenutku država ili županija ne mogu odraditi. Istodobno, nevladine organizacije zapošljavaju ljude i plaćaju poreze. Upravo su zbog toga, ističe, države koje što više financijski podupiru nevladine organizacije percipirane kao države koje brinu o svojim građanima, dok se istodobno rasterećuju i dijela posla koje obavljaju udruge.
...
Sve se udruge, uvjetno rečeno, nalaze na tržištu, na kojem se svake godine preferiraju neki drugi problemi. Tako su, recimo, u posljednje vrijeme hitovi korupcija, Romi i rodne manjine, tematike koje gotovo da garantiraju dobivanje sredstava za projekte koji se time bave. Zato nije ni čudno da se odjednom pojavilo mnogo udruga koje se bave korupcijom, jer Europska komisija i ostali donatori za te probleme trenutačno daju velik novac. Donatori pogotovo vole i projekte na regionalnoj ili međunarodnoj razini, tako da bih ja ovog trenutka lako mogao smisliti projekt koji će vrlo vjerojatno donijeti novac - a ne projekt za koji smatram da je trenutačno važnije realizirati.
...
http://www.nacional.hr/clanak/32326/nevladine-udruge-paraziti-ili-stit-demokracije

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 12-Oct-2011 at 10:55

мотиви за здружување има во изобилство, прашање е кој ќе застане зад нив и од каде истите добиваат подршка, неретко со цел за осигурување финансии(свесно или несвесно) здруженијата иако независни се трансформираат во полтрони на одредени донадори(домашни или странски) или се формираат од нив[1][2][3][4], таквите појави го корумпираат невладиниот сектор кој треба да биде амортизер на потребите на граѓаните а не на центрите на моќ, тој пристап буди недоверба на граѓаните во овој сектор, што е оправдано бидејќи транспарентноста и неутралноста не се јасно и јавно потенцирани...

треба свест и кај самите граѓански здруженија дека можат спонтано да бидат инструирани од нечија политичка или економска агенда, додека бркаат средства или подршка за организацијата! потребно е претпазливост за тоа со кого и за што се фаќаат на оро со некого, просто човек и да не сака да спроведува нечии агенди, доколку е финансиски прихрануван т.е. одржуван централизирано од некој донатор, самиот тој станува зависен и во најмала рака чувствува благодарност(одговорност) кон донаторот заради што и станува посугестибилен или поотворен за спроведување агенди на донаторот, наместо фокусирање на сопствените, иако пример има случаи каде истите може и се преклопуваат, сепак здружението мора да се бори да остане независно во своите одлуки и делување... 

(Не)владини организации

Телефонскиот број не постои.“„Корисникот што го баравте го исклучил својот телефон или е надвор од корисничката мрежа.“ 
Вакви одговори ќе добиете ако се обидете да побарате некоја невладина организација по случаен избор во телефонскиот именик. Според последните податоци на Македонскиот центар за меѓународна соработка, во земјава се регистрирани повеќе од 9.000 невладини организации. Експертите сметаат дека од нив, само 10% пројавуваат некаква активност, а со полна пареа работат 40-тина невладини организации.

Политичарите, граѓаните, експертите и луѓето од граѓанскиот сектор се согласни дека во јавноста се создава слика дека невладините организации се формираат и работат за партиски интереси на штета на граѓаните. Според последното истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка, помалку од половина од испитаниците имаат доверба во граѓанскиот сектор. Повеќе од 80 отсто од испитаниците сметаат дека зад граѓанските организации се кријат политички партии и нивни цели.  
... 
Партиски невладини организиции
Невладините организации, наместо продолжена рака на граѓаните, прераснуваат во оружје со кое власта и опозицијата водат битки, сметаат лугето од граѓанскиот сектор. Тие велат дека наместо да бидат непрофитабилни, невладини и граѓански организации, застапници на потребите на граѓаните, тие се обидуваат да го делат профитот, политички и економски. Претседателот на Асоцијација за демократски иницијативи, Љуљзим Хазири вели дека таквите невладини организации, кои кокетираат со власта и партиите, го нарушуваат угледот на оние кои навистина работат за интересите на граѓаните.
...
Минатата година група на граѓани протестираа поради загадувањето од „Окта“. Миливое Станковски, еден од организаторите на протестот вели дека само една локална еколошка организација го подржала нивниот протест. Останатите нелвладини организации кои се залагаат за здрава животна средина не биле заинтересирани за нивниот проблем.
„Ние сме многу разочарани не само од невладините организации, ние сме разочарани и од здруженијата за екологија, освен велешкото друг никој не ни даде поддршка.“  
...
Комуникологот Сеад Џигал смета дека невладините организации често стануваат жртва на политички пресметки. Дел од нив се продолжена рака на власта и исполнуваат партиски цели, а дел се само жртва на таквите случувања. 
„Невладините организации сакале или не, стануваат дел од таа политичка борба на тие кампањи кои што се спроведуваат помеѓу главните партии и тука страдаат и оние кои што се навистина виновни за тоа и оние кои што не се. Партиите, политичките субјекти си дозволуваат повеќе од тоа што смеаат. Значи го окупираат граѓанскиот сектор и не му даваат да дише и да работи така како што тој би требало да работи.“
Цветковиќ вели дека политичарите на различни начини се обидуваат да ги присвојат невладинате организации.
„Па еве на пример, мене не ми е јасно, зошто опозицијата досега во овие четири години не организирала ниту еден протест, а немаат никаков проблем да се појават на туѓи протести и притоа да го земат целото внимание на медиумите. Тоа суптилно наметнување знаете што прави, иако се свесни дека со тоа што ќе се појават на одреден протест ќе дефокусираат јавноста и во исто време медиумите наместо да зборуваат за целите и ставовите за кои што се организирал тој протест, почнуваат да зборуваат кој бил на тој протест, зошто се оддржал тој протест и притоа почнуваат да се бараат некои скриени мотиви за што се виновни медиумите.“
...
За да се подобри состојбата со невладиниот сектор и да се врти довербата, неопходно е да се работи на имиџот и на етичкиот кодекс, сметаат експертите. Еден од авторите на истражувањето за граѓанскиот сектор на МЦМС, Александар Кржаловски вели дека во јавноста се мешаат поимите политичко и партиско дејствување на невладините организации:  
„Граѓанските организации по тоа што го прават, во голем дел е полтичка активност дури и Здружението за заштита на животната средина е политика на животна средина. Значи некои ги мешаат партиско дејство со политичко дејство. Значи граѓанските организации по функција дејствуваат политички само треба да бидат непартиски.“

Кржаловски додава дека граѓанскиот сектор треба да се труди да ја задржи својата независност.
„За некој став ќе има поклопување со некоја од поголемите политички партии, а за друг став со некоја друга или пак ако тоа често се поклопува нормално е да дојде до некакво поистоветување. Некои се дури и идеологиите им се такви, на некоја институција како прогрес.“
...
Професорот по етика, Дејан Донев смета дека транзицијата остава длабока рана во македонското општество. Тој вели дека граѓанскиот сектор треба да биде етички коректив на општеството.  .
...
http://www.makdenes.org/content/article/2015893.html

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 12-Oct-2011 at 11:44

надворешното финансирање во голема мера може да ги корумпира организациите, особено доколку истите целосно зависат од(постојат за) него, во таков случај примарна цел станува финансирано делување наместо слободно делување...

во принцип нво-то треба да продуцира алтернативни решенија за опстанок на заедницата а не да се гуши во системските, а и на таков начин треба да функционира[1] наместо да чека коски за глодање, кои како такви ја прават организацијата подобна за инструирање од страна на донаторите, но на тоа не е имун никој па ни државата[1

најкорисно е финансирање од лoкални фирми и корпорации, кои при донации добиваат даночни олеснувања[1][2][3] а интересите на донаторот се насочени целосно за добробит на заедницата бидејќи и самиот е дел од неа... еве како е во еу на овој план - Tax treatment of corporate donors in EU (стр.57)



Edited by Max - 13-Oct-2011 at 14:41
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 12-Oct-2011 at 17:31
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.230 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.