build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

НВО за Урбан и Рурален развој

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1 Topic: НВО за Урбан и Рурален развој
    Posted: 28-Oct-2008 at 01:20

Македониаја е место каде отсекогаш имало постојано неформално здружување на луѓе кои нуделе поинакви идеи и опции за градот и државата од оние на политичарите, индиректно скромно наметнувајќи им на авторитетите решенија како да се излезе на крај со сите предизвици што се дел од урбаниот и руралниот живот. сепак не секое здружување е долгорочно, ниту пак има капацитет постојано да функционира доколку истото не е од отворен тип и не најде изводлив начин на функционирање.
интернетот т.е. форумите се сличен начин на здружување, но пред се крајно едукативен момент, чив единствен простор за делување му е кибернетичкиот простор каде мора да се признае не живеат сите. па  затоа и влијанието е повеќе налик пуштање вода по вардар која заради некоординираниот и нецензурираниот момент е премногу заматена, па и тие евентуално што би се напиле од таа вода неможат за срце да ја врзат. од друга страна пак неможноста за постојан контакт и разменување на милсења и идеи од ваков вид како на форумите беше голема препрека за НВОата, за чистите пароли да се исфилтрираат и стимулираат максимално. затоа мислам дека комбинација од двата вида на здружување сигурно би дало поголем ефект но и постојаност на идеите...

како адресар-база на здруженијата во Македонија е MANGO  чадорот на НВО во МКД или сличниот проект на фондацијата МЦМС - Граѓански Свет, таму се прегледно набројани сите здруженија во Македонија па секој јавно може да види за што се и колку се има регистрирано здруженија во МКД(само активните или оние што биле активни нво-а)... инаку како проект на МЦМС е и НВО ИНФОЦентарот кој е интерактивен медиумски портал за НВОата во Македонија, а за односи меѓу НВОата и владата е задолжена владината www.nvosorabotka.gov.mk 

инаку конкретно незнам од каде би почнал со диференцирање на оние здруженија што би влијаеле на урбаниот или руралниот развој на земјава, сепак тука влегуваат и еколошките и социјалните и културните здруженија, но има некои здруженија кои се трудат да го тангираат претежно урбаниот момент како ПРОАКТИВА или УРБИС, или оние кои го разработуваат руралниот момент во општествово како ИСКОН или ЖИВО НАСЛЕДСТВО , сепак за пофалба се и некомерцијални проекти како ЕКОНет Порталот... па ајде повелете на фалење, фрлање, етикетирање, разобличување и демистифицирање, а нормално и информирање!



Edited by pbanks - 31-Oct-2008 at 10:45
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 28-Oct-2008 at 02:33

здружението Урбис највеќе се експонира кога беше актуелно урбанизирањето на долниот дел на Калето, преку разни трибини, иницијативи, протести, можеби уште жив штит фалеше но прилично беа гласни...

Хуманизација на урбаниот простор - Civic World - 01.02.2001

Здружението за култура на живеењето, унапредување и хуманизација на просторот – УРБИС, обединува повеќе познати архитекти, урбанисти, градежни инженери, социолози, но и граѓани со други професии, за кои е заедничка желбата Скопје да биде хуман урбан простор.

Здружението делува локално, а неговите цели се поттикнување на интересот на граѓаните за повисок квалитет на живеењето, висока професионална етика во областа на користењето на просторот, подобрување на законската регулатива од оваа област, афирмација на просторно-планерската струка и кадрите во неа, заштита и рехабилитација на културното наследство на градот и околината и друго.

Како што ни рече арх. Олга Чоланчевска, претседател на УРБИС, овие и другите цели ги постигнуваат преку повеќе секции во рамките на здружението: секција за културно наследство и градска традиција (ја раководи арх. Јасмина Хаџиева – Алексиева), секција за ликовно обликување на просторот (проф. Борис Петковски), урбана социологија (д-р Илија Ацевски) и други.
Организиравме две јавни трибини – за хаосот во сообраќајот и за хаосот во урбанизмот). Планираме активно да се вклучиме во јавната расправа за нацртот на Генералниот урбанистички план на Скопје, но имаме забелешки дека е многу мало учеството на јавноста во фазите на изработката на планот. Сметаме дека сообраќајот во моментов е најголем урбан проблем на Скопје, поради што се залагаме за идејата за изградба на трамвај, што би ги поврзал источниот и западниот крај на градот (Ѓорче Петров – Маџари). Исто така, хаосот во урбанизмот е нешто што е карактеристика на Скопје во моментов – се гради без план и без ред, без да се почитуваат генералниот и деталните урбанистички планови. Сметаме дека наш голем успех е тоа што во некоја мера го намаливме хаосот во градењето во Дебар Маало и тоа што граѓаните ги придобивме на наша страна – тие сфатија дека ние работиме на нивна линија, бидејќи голем број граѓани се жртва на претприемачите, кои им продаваат станови без покриетие, дивоградби – вели арх. Чоланчевска.

 

УРБИС бара јавна дебата за Калето - Вест - 12/1/2003

Тркалезна маса на УРБИС: Да го сочуваме Калето - Вест - 12/9/2003

Живот во Скопје - РСЕ - 04.02.2003
Ние и тие, лева и десна страна на Вардар, чисти етнички населби

Џорџ Буш да се откаже од Калето - Дневник- 10.12.2003

Архитектонската академија бара повлекување на одлуката за продажба на калето - А1 - 25.12.2003

ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА ПРОДАЖБАТА НА ДЕЛ ОД СКОПСКОТО КАЛЕ - К5 - 22.01.2004

"Урбис" ќе се бори за Калето - Дневник

"УРБИС" Предлага: Кале - туристичка атракција

„Урбис" бара Владата да ја повлече одлуката за продажба на Калето - Утрински

УРБИС ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВНИОТ СУД - СМК - 07.04.2004

Уставен Суд vs Урбис - 24.11.2004

Урбис и ЕД.Опстанок: Интегрирана заштита, културен предел-Примена на Европската конвенција од Фиренца- НВО саем’04 - 05.12.2004 

Скопјани се незадоволни од тоа како се развива градот - Утрински - 16.10.2006

УРБИС Архитектите бараат нова регулатива  - Дневник-  18.03.2006


.   



Edited by beTon - 28-Oct-2008 at 03:36
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-Nov-2008 at 13:31

за да ја поткрепам првата реченица со која ја започнав темава, еве во прилог видувања од дебатата (панел “дискусија“ расправа) 100 години македонска државност и граѓанските иницијативи низ тој период, која се одржа во склоп на 3 НВО Саем, одржан во скопско сајмиште во 2003... 


Богата традиција на граѓанско здружување

Доволно беше, благодарение на љубезноста на службениците во Државниот архив на Република Македонија, да ги разгледаме регистрите на фондовите и збирките, за да се запознаеме со богатата традиција на граѓанското здружување и граѓанскиот активизам што постоел со векови наназад. Иако поинаку се нарекувале, организирале и функционирале, тие друштва се базирани на многу слични принципи, а веројатно и програми, како и денешните граѓански здруженија.

Во документацијата на Архивот се регистрирани разни еснафски здруженија (Еснаф на бакалите од Битола, Здружение на градежните предузимачи од Скопје), хуманитарни друштва, културно-просветни и научни друштва (Географско-етнографско друштво „Јован Цвијиќ“ од Скопје, Македонски литературен кружок од Софија, Здружение на глумците на Кралството Југославија - секција Скопје) и повеќе други (Македонска патриотска организација во САД, Друштво „Обединета Преспа“ во Австралија, здруженија на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија во Канада, Австралија, Романија)…

Граѓански Свет

100 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ДРЖАВНОСТ И ГРАЃАНСКИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ НИЗ ТОЈ ПЕРИОД - Граѓански Свет - 22.11.2003

Мишо Докмановиќ
 
  Денеска треба да бидеме горди на фактот што ние сме генерацијата што има можноста да ја прослави 100-годишнината на македонската државност. Илинден претставува големо дело на еден мал народ, условно, едно дело што ќе овозможи слобода на Македонија, тоа е дело што претставува еден јуриш кон ѕвездите, една саможртва за сопственото самоопределување. Тезата што ја застапувам е дека корените на граѓанското организирање не се присутни од вчера, не се присутни од пред 10, 13 или 15 години, туку дека тие се присутни низ овој цел период од 100 години македонска државност.

  Накратко би се задржал на периодот од Илинденското востание до Версајската мировна конференција, односно на трите клучни години - 1903 - Илинденското востание, 1913 - крајот на Втората балканска војна и Букурешката мировна конференција и конечно 1919 година - Версајската мировна конференција каде што се запечатува судбината на Македонија и на македонскиот народ кој останува поделен во трите дела.

  Тука мораме да ги спомнеме активностите што му претходат на Илинденското востание, потоа активностите на формираната независна федеративна партија или народна федеративна партија, настапите на таа партија низ цела Македонија, како и изборот на нејзини пратеници во турскиот парламент, коишто таму ги застапуваат интересите на македонскиот народ, потоа активностите на македонската колонија во Петроград, на македонската емиграција во Швајцарија итн.

  Не случајно, австрискиот конзул Пара во Солун ќе рече дека активностите на народната федеративна партија поради својата програма претставуваат едно социјалдемократско здружение.

  Значи, самата таа дефиниција на народната федеративна партија повлекува мислење дека била претежно ориентирана кон социјалните права на македонскиот народ.

  Гледајќи го овој цел период од 1903 до 1919 година и граѓанските иницијативи што се јавуваат во овој период можеме да извлечеме определени заклучоци за карактерот, природата на граѓанското организирање и да направиме една паралела со денешните организации од тој тип.

  Мора уште на самиот почеток да се подвлече дека се работи за период во кој демократијата претставува мислена именка, што самото по себе може да не навлече на заклучок дека во едно феудално општество во распаѓање е невозможно да постојат форми на граѓанско организирање, а уште повеќе е невозможно да се споредат тие иницијативи со оние што постојат денеска во нашето секојдневие.

  Понудениот историски преглед нуди една сосема поинаква слика. Слика која порачува дека не само што може да се споредат граѓанските активности, туку можат и рамо до рамо да се носат со овие од денес. Притоа, неизбежно е да се нагласи нивната политичка обоеност, која произлегува од самиот факт што граѓанските иницијативи биле фокусирани кон промена на постојните општествени односи од феудален карактер и нивна замена со демократски политички режим. Посакуваните промени биле изводливи единствено преку револуционерна вооружена борба, при што употребата на евентуални политички методи била сведена на минимум.

  Во тој контекст низ целиот период којшто беше предмет на наша анализа очигледно е дека носителите на граѓанските иницијативи имале мошне солидни познавања на либералната демократија, што се гледа и во самото државно устројство на Крушевската Република, се гледа во предлозите, програмите што се пројавуваат во овој период, каде што имаме одредби за формирање на уставотворно собрание, воведување министерска одговорност, за воведување одредени социјални права, како и правото на слобода на изразувањето и враќањето на бегалците.

  Исто така, кристално јасна е сличноста што постои меѓу граѓанските иницијативи некогаш и денес во однос на примената на средствата за постигнување на целта. Средствата што “егземпли кауза” ги користело политичкото здружение на Македонците во Швајцарија се идентични со оние методи што денеска ги користат денешните граѓански организации за анимирање на јавноста, тука влегуваат митинзи, собири, апели, предлози, резолуции, предлог-програми. И овие како методи на промовирање на целта на здруженијата биле предвидени во правилниците на ова здружение.

  Во тој правец мора да се посвети внимание на фактот што многу професори, новинари, парламентарци, писатели од странски земји се зазеле за решавање на македонското прашање во полза на македонскиот народ. Доволно е само да се види листата на почесни членови, на главниот совет на македонските друштва во Швајцарија и с# е јасно. Сите тие се надевале дека преку нивната активност ќе го помогнат македонското национално ослободително движење.

  Почитувањето на правата на малцинставата е уште еден сегмент кој зазема значајно место во активностите во овој период. Со самото создавање на Крушевската Република во нејзиниот манифест беше нагласен мултиетничкиот карактер на државата, во кој Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите ќе живеат рамноправно. Тоа уште еднаш покажува дека потребата од етнички соживот постоела уште многу одамна.

  Овие принципи се вградени во програмата на народната федеративна партија.

  Од аспект на денешните случувања, интересен е и фактот што голем број од опфатените организации ја нагласувале и потребата од возобновување на Охридската архиепископија.

  Сума сумарум, можеме да заклучиме дека првенствено граѓанските иницијативи биле насочени кон политички промени на статусот на Македонија и македонската нација, но и дека тие се занимавале и со секојдневните проблеми на населението. Иако овие иницијативи не вродиле со успех, тие одиграле извонредна улога во зачувување на идентитетот и во јакнењето на самодовербата на македонската нација. Токму овие работи ќе имаат пресудно значење во создавањето на македонската држава како федерална единка во поствоена Југославија, но и во прогласувањето самостојна и независна Република Македонија на референдумот одржан на осми септември 1991 година.

  Би завршил со зборовите коишто добро ја илустираат тешката судбина на македонскиот народ низ вековите, тоа се зборовите на еден ирски патриот, Роџер Кејсмен, кој вели дека знае за само две трагични истории во светот, онаа на Ирска и онаа на Македонија. Мислам дека тие зборови силно ја рефлектираат судбината на македонскиот народ и неговата држава низ овие сто години.

Ружица Фотиновска

  Велиме дека граѓанските иницијативи ја менуваат свеста на луѓето. Кога човек ќе констатира дека ќе има некаков проблем, бара свои истомисленици кои заедно понатаму покренуваат иницијативи и сакаат да ги сменат работите, односно да легализираат нешто што дотогаш државата не им го овозможила.

  Меѓутоа, кога ќе зборуваме за граѓанските иницијативи пред 100 години, тогаш не може а да не се констатира дека тие всушност биле борба за гола егзистенција. Во тој период власта во Македонија била туѓа, меѓутоа Македонците отсекогаш тежнееле да си формираат сопствена држава. Сите тие иницијативи што биле покренувани на тој план, власта ги третирала како некаква опасност. Ако се оди хронолошки, тогаш веднаш по Илинденското востание секоја активност во Македонија речиси замрела. Причините ни се на сите нам добро познати, едната е што голем број македонски имиња загинале во Илинденското востание, втората причина е секако стравот од прогонство и од затвори, па оние што преживеале ги натерало да ја напуштат Македонија и да отидат во емиграција.

  Меѓутоа, во тој период Македонија го привлекла вниманието на странската јавност, така констатираат историчарите. Голем број видни светски личности се заинтересирале за Македонија и што прават и за што се залагаат Македонците. Во тој период посебно се истакнува името на Франческо Гвичердини, италијански парламентарец, кој подоцна станал министер за надворешни работи.

  Тој веднаш по Илинденското востание ја посетил Македонија и бил воодушевен од обичниот Македонец, од желбата на Македонецот да формира сопствена држава. Тој направил една книга во вид на проект, којашто излегла некаде 1905-1906 година под наслов “Впечатоци од Македонија”. Во таа книга Гвичердини ги изложил на остри критики големите европски сили Англија и Франција и отворено проговорил дека Македонците заслужуваат да имаат сопствена држава. Тој кажал дека културните обележја што ги имаат овие луѓе се многу постари од нивните соседи и дека доколку големите европски сили не дозволат да се формира македонска држава, тогаш на Балканот долго време нема да има мир.

  За жал, иницијативата на Гвичердини не била реализирана, а неговите предвидувања дека со години нема да се смират страстите на Балканот, на некој начин се реализирале.

  Значајно место во историјата на Македонија во однос на граѓанските иницијативи биле и иницијативите што ги покренувале македонските емигранти. По Првата светска војна и за време на Првата светска војна, односно 1914-1918 година, македонските емигранти започнуваат лични и колективни барања во вид на петиции до тогашното Друштво на народите, асоцијација денеска позната како Обединети нации, со барање дека на овие простори, значи на етнички географски граници, е потребно да се формира македонска држава. Во тој период посебно се издвојува друштвото што го формирал доктор Коцарев, лекар по вокација, родум од Охрид. Тој во Швајцарија на некој начин се обидел да ги собере Македонците и во здружението насловено како “Македонско друштво за независна Македонија” ја афирмирал идејата за осамостојување на Македонија.

  Нивната идеја понатаму исто била и да се соберат останатите Македонци коишто живееле во останатите европски земји, и сите заедно да се обидат да го афирмираат македонското прашање и да го привлечат вниманието на светската јавност кон Македонија.

  Првата светска војна завршила со Версајскиот договор и со една вештачка поделба на Македонија. Едниот дел му припаднал на Кралството СХС, другиот дел на Грција, третиот на Бугарија. Тој период бил навистина тежок за Македонците, тогаш многумина загинале на боиштата, изумиреле од глад, епидемија од болести, меѓутоа сепак постоел духот да се организира некаква граѓанска иницијатива, да се продолжи понатаму со желбата за да се формира сопствена држава.

  Во тој период, од она што успеав да го истражам и да го откријам е дека покрај одделни штрајкови, масовно и организирано, Македонците им се спротивставиле на обидите да се мобилизираат од страна на бугарските окупатори. Како посебни во тој период се издвојуваат демонстрациите што ги организирале македонските регрути од Битола, каде што во 1919 година се собрале околу пет илјади, Битолчани, Охриѓани, Кичевчани, Дебрани и Ресенчани. Тие демонстрации против мобилизацијата речиси преминале во масовен бојкот. Биле носени пароли со назнака против мобилизацијата и против монархијата на бугарскиот окупатор.

  Понатаму, хронолошки кога се разгледуваат граѓанските иницијативи застанува времето некаде на средината на 30-тите години. Младината почнува да го промовира македонското прашање. Македонските студенти кои студирале во Загреб и во Белград се запознале со современите студентски движења и со работата на револуционерните организации.

  Тие се организирале во свои сопствени здруженија. Името и на здружението во Загреб и во Белград било Вардар. Нивната идеја била да организираат претставување на македонското битие, во вид на претстави. Тие ги презентирале македонските песни и ора, организирале драмски претстави од животот на Македонија и од желбата на македонскиот народ да формира сопствена држава. Многу важна во тој период била турнеата што ја направило Загребското здружение Вардар низ Македонија. Тие дури се обиделе и успеале во тоа да формираат и сопствен весник каде што ќе ги промовираат идеите за осамостојување на Македонија. Весникот бил насловен “Наш весник”, меѓутоа, за жал, уште по излегувањето на првиот број во Загреб полицијата го запленила и забранила секакво понатамошно печатење на весникот.

  Литературните кружоци го свестувале светот за Македонија. Посебно активни биле во периодот меѓу двете светски војни и по втората светска војна. Како посебно важен се истакнува литературниот кружок што бил формиран во Софија во 1938 година, а како основачи на овој литературен кружок се јавиле Никола Вапцаров, Антон Панов, Ѓорги Абаџиев, Димитар Митрев и ред други познати Македонци. Нивната идеја била преку весниците да ги анимираат странските власти за борбата на Македонците за формирање сопствена држава.

  Од друга страна, пак, овие литературни кружоци, биле третирани како голема опасност, посебно од бугарските официјални фактори, и биле голема пречка во нивната работа, односно во нивната шовинистичка великобугарска пропаганда.

  Жените, исто така, земаат дел од граѓанските иницијативи што се случувале во Македонија и за Македонија во изминативе 100 години. Тие освен во борбата против окупаторот, имале голема богата разновидност во освестувањето на македонскиот народ, на македонската жена, користејќи ги редиците пред продавниците, но и на посебно организирани седенки жените успеале да ја освестат македонската жена и да ја натераат да излезе на улиците да демонстрира, да бара леб, да се бунтува против мобилизацијата. Како посебно важни биле демонстрациите што ги организирале жените во 1942 година во Велес, и тоа на 11 мај околу 200-300 жени успеале да се соберат пред велешката општина и со транспаренти да се бунат против мобилизацијата, односно против тоа Бугарите да ги земаат нивните синови и мажи и на фронтот да ги користат како чисто топовско месо.

  Гимназијалците успеале на некој начин да се организираат и да покренат низа граѓански иницијативи во текот на втората светска војна, поточно во 1942 г. и повторно во Велес се издвојуваат неколку примери, каде што тие се побуниле против бугаризацијата, против воведувањето на бугарскиот јазик во училиштата, против фалсификувањето на македонската историја, којашто од страна на Бугарите била наметната како пробугарска.

  Познати се протестите во 1942 кога гимназијалците во Велешката гимназија излегле на протести и ја прекинале наставата кога нивни пет ученици биле протерани од училиштето поради пропагандна дејност.

  Гимназијалците организирале низа граѓански иницијативи и му создавале проблеми на тогашниот бугарски окупатор кога се побуниле против тоа да бидат вклучени во низа фашистички организации што ги организирале Бугарите во Македонија и ги бојкотирале тие бугарски патриотски манифестации, ги бојкотирале црквите каде што свештениците се обидувале да наметнат едно мислење, дека наводно Македонија има бугарски карактер.

  Моето излагање би го завршила со овој дел дека иницијативи за независност, македонски здруженија покренувале и во нашите соседни земји, Албанија, Бугарија и во Грција. Меѓутоа, тие граѓански иницијативи повеќето се насочени кон подобрување на правата на малцинствата во овие земји, а би ги издвоила граѓанските иницијативи на здруженијата Обединети Македонци во Бугарија, Достинство во Македонија и Виножито во Грција.



Edited by beTon - 20-Nov-2008 at 13:33
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 20-Nov-2008 at 13:34
Маријана Иванова 

  Во периодот пред и по Илинденското востание, како и во понатамошната бурна историја на македонската државност, може да се види силен граѓански активизам. Многубројните организации, тајни кружоци, илегални групи и слични форми на здружување коишто се формирале тогаш, всушност се форми на здржување на граѓаните, иако во многу случаи тие не биле регистрирани, односно делувале вон системот.

  Овие граѓански здруженија во периодот којшто сега го разгледуваме, често и неминовно имале политичка обоеност, што би било сосема природно и разбирливо во условите во коишто дејствувале, онака како што и денеска граѓанските здруженија се стремат кон некои поголеми општествени промени, клучни во овој вид за Македонија, како што се демократизацијата на општеството, социјалната правда, доброто владеење, интеграцијата на маргинализираните групи, помирувањето, соработката, така и тогаш тие активности биле насочени кон клучни промени, можеби многу поголеми во тој миг.

  Но во услови на окупација, во тоа време, тие промени најчесто можеле да се изведат со политички методи, или пак по револуционерен пат.

  Интелектуалните групи кои се формирале околу Даме Груев, Гоце Делчев, Петар Попарсов и другите, во периодот кој непосредно му претходеше на Илинденското востание, биле всушност неформални здруженија на граѓани коишто својата иницијативност, својот граѓански активизам го насочиле кон остварувањето на тој вековен копнеж за македонска државност.

  Уште пред тоа, забележани биле бунтовите против језуитскиот систем на воспитание, организирани од младите луѓе, значи гимназијалците, како што се Ѓорче Петров, Пере Тошев, како и занаетчиските групи, кои многу често им се придружувале на младите интелектуалци во бунтовите против егзархијата.

  Овие форми на здружување коишто се јавиле во текот на 18 и 19 век нужно биле ориентирани околу тогашното најсуштествено прашање, создавањето на државата на Македонците и ослободување од аспирациите нивната земја и самите тие да се претстават како Бугари, Срби или Грци.

  Исто така, се јавувале и здруженија и не само здруженија, туку граѓански иницијативи, кои немале револуциски, туку можеби повеќе еволуциски предзнак, но кои сепак исто така биле многу важен придонес кон градењето на македонската државност и идентитет на македонскиот народ.

  На пример, македонските студенти, кои кон крајот на 19 век студирале во Софија под духовното водство на Петар Попарсов и Ѓорги Балавчев ја создале младата македонска книжевна дружина, која го издавала весникот Лоза, денес познат како пропагатор на македонскиот јазик, употребувајќи ги неговите елементи и особености кои јасно го разликувале од бугарскиот јазик.

  Ако одиме уште подалеку во времето, историјата ја забележала таканаречената словенско-македонска книжевна дружина на Ѓорги Пулевски, која си постави за цел да ја прероди народната македонска литература. Кузман Шапкарев самоиницијативно го собирал фолклорното наследство на македонскиот народ, а истото го правел уште еден голем македонски граѓанин - Марко Цепенков, додека галичанецот Ѓорги Пулевски се нафатил со мошне тешка работа и издал речници, граматика и песнарки на македонски јазик.

  Сето тоа се изрази на една граѓанска иницијатива и тие како и многу други придонеле во јакнењето на самодовербата и градењето на идентитетот на македонскиот народ.

  Ако настаните и актерите коишто имале клучно влијание во формирањето на македонската државност во изминатит 1,5 век ги посматраме вон тесната рамка која ја нудат архивите и историчарите, во нив лесно можеме да го препознаеме тој граѓански активизам.

  Сите овие групи и кружоци можеме да ги посматраме како своевиден пандан на сегашните граѓански здруженија, Лозарите, студентите, занаетчиите, интелектуалците, тие всушност биле граѓански активисти собрани околу неколку граѓански лидери, кои спроведувале своја јасно определена цел, тие се стремеле да го реализираат тој свој проект кој бил чекор кон остварување на нивната визија. Значи, тие функционирале на сличен принцип како друштвата каде било и кога било, како форми на здружување на граѓански идеи, енергија и желба, да променат и подобрат нешто, помалку или повеќе, од широк општествен интерес.

  Значи тогаш клучните зборови, активизам, лидерство, проект, визија, методи, средства се дел од препознатливата терминологија на граѓанските здруженија. Во периодот по Илинденското востание, а пред балканските војни, се јавиле социјалистичките групи на Васил Главинов, Димо Хаџидимов, кои ги обединувале и мотивирале работниците преку штрајкови и други форми да бараат своја социјална правда.

  Синдикати формирале чевларските, металските, трговските, шивачките и другите струки, застапувајќи ги правата на работниците.

  По младотурската револуција и релативниот мир којшто го донела таа во Македонија, се јавило значајно културно просветно движење, се формирале многу учителски друштва, културни здруженија, се развила печатарска дејност. Периодот меѓу двете светски војни претставува, пак, ренесанса на младинскиот активизам. Тогаш се јавуваат младите работници и студенти, кои формираат синдикални, културно-уметнички и спортски друштва во кои се ширеле и социјалистичките идеи.

  Овие здруженија биле извор на една силна струја со напредни, авангардни млади интелектуалци и тука како црвена нишка секогаш се провлекувало македонското национално прашање и прашањето на македонската државност. Една од таквите најпознати организации е онаа што била составена од студентите и млади интелектуалци, значи познатата МАНАПО, односно Македонскиот народен покрет, каде што се јавила и силна антифашистичка дејност.

  При ова мое истражување за потребите на Граѓански свет, пред околу три месеци, разгледувајќи ги фондовите на државниот архив, видов дека е запишана на некој начин, иако можеби не е експлицитно кажано дека е тоа така, дека во Македонија постои богата традиција на граѓанско здружување и граѓански активизам.

  Во регистрите на архивот на Македонија се спомнуваат две хуманитарни здруженија кои биле активни во Македонија пред Втората светска војна, тоа било Хуманитарното здружение “Тетовска јабука” од Скопје и Муслиманското добротворно друштво “Шефќет” коешто подоцна дознав дека значи милост.

  Во документацијата на Архивот се регистрирани разни еснафски здруженија (Еснаф на бакалите од Битола, Здружение на градежните предузимачи од Скопје), хуманитарни друштва, културно-просветни и научни друштва (Географско-етнографско друштво „Јован Цвијиќ“ од Скопје, Македонски литературен кружок од Софија, Здружение на глумците на Кралството Југославија - секција Скопје) и повеќе други (Македонска патриотска организација во САД, Друштво „Обединета Преспа“ во Австралија, здруженија на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија во Канада, Австралија, Романија)…

  Исто така, значајно сведоштво за мене, за граѓанскиот активизам којшто с# поблиску водел до создавањето на македонската државност, претставува и мемоарската книга на првиот претседател на самостојна Македонија, господинот Киро Глигоров, книгата “Македонија е с# што имаме”. Тој во неа се сеќава на своите гимназиски денови во Скопје, кога во машката гимназија со група соученици, меѓу кои Асен Симитчиев, Венко Марковски, Бојан Ризов, Панчо Икономов, Димче Аџимитревски, Илија Брашнарски и други ја формирале таканаречената група Македонци.

  Во оваа група младинците дискутирале за нивната судбина за перспективите на нивната национална определба, за делото на Илинденците. Оваа група формирала читалница којашто, како што вели господин Глигоров, “Беше форма што легално овозможуваше во вид на литературна група да се собираме сите истомисленици”. Групата станувала с# поорганизирана и од неа израснала Македонската младинска револуционерна организација ММРО. За време на неговите студии во Белград, со група студенти од Македонија, го формирале здружението Вардар, за коешто зборуваше и колешката Ружица, кое било регистрирано како културно-уметничко друштво, но активностите оделе подалеку од таа дејност. Понатаму, тој се сеќава на почетокот на војната и на дејствувањето во илегални услови, под водство на големиот, за жал загинат во борбата, македонски интелектуалец Кузман Јосифовски-Питу, кого господин Глигоров го нарекува преполн со ентузијазам и со интелектуална сила, ретко способен организатор и човек со визија. Тоа се атрибути кои се многу важни за еден граѓански лидер.

  Втората светска војна е во знакот на силната граѓанска активност во илегални услови, се формирале многу здруженија, меѓу кои АНОК (Антифашистичкиот народноослободителен комитет) и воопшто партизанската борба, иако политички водена, била поддржана од широкото граѓанство, на ист начин како што било и Илинденското востание.

  Граѓаните на најразлични начини се вклучувале во ослободителната антифашистичка борба којашто конечно доведе до копнежот - македонска држава.

  По втората светска војна единствената можност да се организираат граѓаните, односно да формираат свои здруженија, била преку таканаречениот народен фронт, во тој период кога единствената обединувачка сила била силната и тогаш единствената политичка партија - комунистичката, народниот фронт се јавува како организација којашто ја признава оваа политичка форма, но којашто сепак не била дел од партијата, била оставена една релативна слобода на делување и под покровителство на народниот фронт се оформиле многу младински женски организации, а нивните членови не биле истовремено и нужно членови на Комунистичката партија.

  Повеќето од нив дале огромен придонес за обновата на државата разурната од војната, но и во градењето на интелектуалниот потенцијал и културното миље на новата македонска држава.
 
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Jan-2009 at 02:40

Originally posted by ArchiTechTone

Инаку, дали сте размислувале, Build да прерасне во НВО? Или да се создаде невладина, која ќе ги застапува граѓаните кои им е преку глава од случувањата во градот? Организација која ќе дава официјални соопштенија и реакции за сите глупости? Евентуално организирање на прес-конференции и обраќања до медиуми... Можеби е преамбициозно но методите на делување против урбаниот хаос ме опседнуваат изминатиов период....

Roll%20eyes НВО бенд Smile

извини за ненамернава смешка но од муабетите што за момент ги начнавме на еден собир имам впечаток дека повеќето членови на билд се плашат да не биде таквата невладина злоупотребена, или пак да не и закачат некаква етикета, но сепак стравот повеќе е мислам од друга природа Smile односно одговорноста што со себе ја носи едно вакво граѓанско здружување во форма каде неминовно се вртат и сметководители и јасно рекетари во најмала рака пазачи, со оглед дека  ќе се тимари и гиба во долниот веш на урбаната мафија меѓудругото, па и не само урбаната него и руралната LOL

има и пострашна работа а тоа е моментот на јавна експликација и промоција, што мислам дека за повеќето членови ќе биде малку преголем притисок, со оглед дека ваквата НВО ќе биде во центарот на вниманието како медиумски така институционално! од лично искуство знам дека најдобро оружје е јавен и транспарентен напад но само доколку истиот е со печат односно ако истиот е легализиран преку некоја организација која немора да биде ни НВО доволно е и студенски сојуз при градеѓен или архитектонски, но во недостаток и од едното и од другото за сега функционира само тишината, евентуално интерактивните форуми, но истиве треба да бидат само како место каде ќе се тера дискусија и истата ќе се разработува, но дека од тука ќе почтечат некакви проекти кои ќе имаат директно или индиректно влијание на случувањата тоа не ми се верува!

интересно ајшто нема веќе хипици во права смисла на зборот, па нема веќе ни платени хипици Smile кој ти оди таму некаде на протест илидебата за некакви си таму општествени збиднувања!  

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-Jan-2009 at 02:48
Види бетон не е баш така како што мислиш. И ја бев едно време за строго НВО, ама еве и ти ги спомнуваш разни пазачи и "давачи на совет. Какви се игри се у прташање и кога све тоа ќе го преведеш на јазикот на тоа дека све бизнис и ништо друго, немој да мислиш дека којзане каков успех може да се направи, особено по залепената етикета и сурово отфрлен од јавноста која и е преку тоа од баење прикаски од разни нво-а! Сликата е илљада зборови, а подобро е слика од јајце, него иљада баења како нешто не чини! Е сега и за јајце треба да ти држи гзот, никој нема да ти донира за казна после!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 30-Jan-2009 at 03:06

ако на јајцето има печат од некакво НВО мислам дека казните ќе бидат далеку помали и поблаги, а ефектот подолготраен, со оглед дека се се архивира а воедно туку ќе постои и дежурен телефон на кој редовно новинарите ќе досаѓаат. досега НВОата не успеваа исклучиво бидејќи луѓето таму членуваат "повеќето" заради некаква корист или тепање време, но се до сега ретко каде младите се носители на организациите, освен можеби некои културни или социјални НВОа но пред се таму се заседнати баби и дедовци кои јасно имаат и фамилијарни проблеми а воедно немаат енергија и идеи како некој што е слободен и полн неистрошена енергија, ова го велам бидејќи теоретски во вакво НВО треба да членуваат студенти па и средношколци евентуално и постари сограѓани со оглед дека треба и искуство но носачи на цел процес треба да бидат младите!

а за тоа дека некој ќе етикетирал вака или онака мислам дека ќе се сопне штом налета пример на аргументирана дискусија на форум како овој кој би одел во прилог на невладината организација, а воедно НВОто како појава исто отвора поголем простор за ангажирање и на стручни елаборати или пак стручни форуми и поединци кои обично во недостаток на простор или волја ќе се отворат на ваков начин од сесрце. ова води до редовни јавни форуми и дебати, односно некој дневен клуб, што јасно подоцна може да се шири и на илјада начини како портали, емисии, телевизии итн. но со оглед дека во таков случај парите ќе заиграат потурбо, има голема веројатност работите да се изместат од основанта замисла и цел! затоа верувам дека треба ваква појава да е некако централизирана односно да се тера од образовните институции во случајов градежен и архитектонски, но професорите и деканатите во слободно време се презафатени најверојатно со програмирање на летните школи,  гостувања и патувања па немаат време да седнат и да ги ангажираат студентите на вакво нешто!



Edited by beTon - 30-Jan-2009 at 03:10
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 30-Jan-2009 at 03:39
Не можеме да ги обвиниме само професорите, бидејќи кога излезе проблемот со Црквата на Плоштад, Студентскиот сојуз на АФ беше презафатен со организирање на студентски забави, и сеуште е... Студентите се презафатени со бркање потписи, а професорите ги боли К (со опроштение)

Originally posted by beTon

[Има и пострашна работа а тоа е моментот на јавна експликација и промоција, што мислам дека за повеќето членови ќе биде малку преголем притисок, со оглед дека ваквата НВО ќе биде во центарот на вниманието како медиумски така институционално! од лично искуство знам дека најдобро оружје е јавен и транспарентен напад но само доколку истиот е со печат односно ако истиот е легализиран преку некоја организација која немора да биде ни НВО доволно е и студенски сојуз при градеѓен или архитектонски, но во недостаток и од едното и од другото за сега функционира само тишината, евентуално интерактивните форуми, но истиве треба да бидат само како место каде ќе се тера дискусија и истата ќе се разработува, но дека од тука ќе почтечат некакви проекти кои ќе имаат директно или индиректно влијание на случувањата тоа не ми се верува!


Јавното елаборирање на ставовите стално носи притисок, од едноставна причина што е јавно. МОже да се постават незгодни прашања, сигурно ќе има лепење на етикети, но не може да се очекува дека од пишување на форум ќе произлезат промени какви што сакаме. Дури и обичното вандализирање на обектот на Вангел, ќе ги покрене истите прашања што би се покренале во јавното произнесување на ставовите: “Кои сте вие и зошто сте против?“ Се слагам со јајцата и со урбаната герила но мислам дека тоа може да постигне обратен ефект, во смисла “ене ги вандалине, се бунтуваат без причина“. Работата е да се спречат работите пред да отпочне нивната реализација. После тоа, тури му пепел...

Еве не мора да биде НВО. МОже да биде здружение на граѓани. Онака со статут и собрание. Звучи досадно, но со зацртан статут и членови можностите за малверзации и застранување се помали... Но немора ни тоа...

И организирањето на дебати не е лоша идеја. Има доста луѓе по интернетов што се апсолутно против популизмов што беснее низ државава, но не се информирани до крај за тоа што значи плоштад, градска улица, ДУП, Гуп итн... Не знаат за сите глупости што власта ги готви за градов, а сигурно нема да им биде сеедно кога ќе дознаат! Доаѓаат луѓе на дебати, само треба да ги поканиш. Јавноста на дебатата ќе биде определена од упатените покани(медиуми, соодветни, НВО-а, институции... или само другари). Но со една дебата ништо не се праи, тоа треба да биде сукцесивно, за да има некаков ефект. Ако има расположени на форумов, може да пробаме...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 30-Jan-2009 at 15:38
Опциите за НВО, здружение на граѓани или некоја друга форма на организирање и делување се отворени, а гледам веќе се ствара и минимална критична маса, па добро е да си зацртаме за ова да направиме посериозен и поопширен муабет на наредната средба.

Главна идеја на форумов уште од сам почеток е со актуелизирање на одредени теми да помогне во подобрување состојбите и изградба на повисока граѓанската свест.  Тоа и само по себе е значајно, особено во мракот кој владее на македонскиот интернет простор. Но се слагам дека во вакви општествени околности ни треба да се надоврземе и со акција на терен.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 07-Feb-2009 at 00:08
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 22-Feb-2009 at 22:57

Originally posted by Cloverstack

Главна идеја на форумов уште од сам почеток е со актуелизирање на одредени теми да помогне во подобрување состојбите и изградба на повисока граѓанската свест.  Тоа и само по себе е значајно, особено во мракот кој владее на македонскиот интернет простор. Но се слагам дека во вакви општествени околности ни треба да се надоврземе и со акција на терен.

па добро за вакво нешто голем проблем реално се и вредностите на ова капиталистичко уредување, каде спроведувањето на позитивни вредности е  на милост и немилост на рамнодушната слободна волја и лихварските есапи за живот на вересија, за солидарност и да не зборуваме. 

јасно пополека почнавме да се движиме во правец на исполнување на зацртаните стандарди т.е. на крајот сме од транзицијата, но далеку сме од колективна хармонизација па затоа и мора да се запнува на разни начини. интересно е како во толку репресивни системи како феудализмот или комунизмот луѓето биле по свесни и совесни за потребата да се здружуваат за да бидат посилни,  но јасно главната причина  заради која  тогаш имале почиста мисла е  затоа што тогаш немале телевизија. еве еден пример:

5 јули 1956 Студентските бригади заминаа на акција
 
На железничката станица во Скопје веќе неколку вечери е особено живо. Заминуваат студентските младински бригади од Скопскиот универзитет на изградбата на објект во Пелагонија. Во втората смена ќе учествуваат околу 1.000 студенти.
Први заминаа бригадите „Никола Тесла“ од Природно-математичкиот оддел при Филозофскиот факултет, потоа бригадата „Кузман Јосифовски-Питу“ од правниот отсек при Правно-економскиот факултет и бригадата „Димитар Влахов“ од Земјоделско-шумарскиот факултет.
Синоќа заминаа бригадата „Кочо Рацин“ на студентите од третата година на Медицинскиот факултет, бригадата „Мирче Ацев“ од Медицинскиот факултет и бригадата на студентите од хуманитарниот отсек при Филозофскиот факултет „Иво Рибар Лола“. Покрај овие бригади замина и посебна чета од 45 студенти од Техничкиот факултет.
Исто така ќе замине и бригадата од Вишата педагошка школа, а на 15 јули уште една бригада, од Медицинскиот факултет. Тоа ќе биде последната студентска бригада што ќе замине на младинска акција.

НМ - 05.07.2008

абе катастрофа денес не наоѓаме време ни за невладини прошетки и екскурзии, а камо ли да фатиме лопата или токмак, тоа средношколците се срамат, а камоли пак студентите. добро исклучок беше  акцијата за садење дрва,  но и реално за работни акции треба и некој да  го затегне огламникот но на начин доволно примамлив за со радост да прифатат младите да земат учевство.  сепак за поголеми работни акции мора и ВОа да ја тераат работата каде ќе се стимулира учевството преку разно разни бенефициии за учесниците, со оглед дека ретко кој би прифатил денес испрља раце од филантропски побуди, освен ако учеството не е симулација.

Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 26-Feb-2009 at 00:03
Originally posted by beTon

види лобирај до некоја фондација, на билд да му пуштат некој грант за техничка помош за  полесно преструктуирање  на форумов во НВО, знаеш канцеларии, компјутери, фото и видео опрема, телефони, факсови, опрема за кампирање итн. LOL


еве веднаш со идеа, но не е баш за опрема, но кога би постоело НВО-то, би можело да пушти апликација во овој програм на Советот на Европа (Cultural Routes of Europe) за проекти поврзани со ревитализација и промоција на урбани и рурални простори кои имаат подзаборавена вредност.

Главната страна http://www.coe.int/t/dg4/cultureheritage/aware/Routes/default_en.asp

Листа на реализирани и тековни проекти
http://www.coe.int/t/dg4/cultureheritage/aware/Routes/list_en.asp#TopOfPage
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 26-Feb-2009 at 00:41

баш прееска пишував за иницијативата за виа игнација, која ќе биде финансирана со грантови од европскиот совет www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=219&PID=32282#32282 добро а на кое ниво оди соработката на државно или невладино, колку што можев да приметам од прва рака делува дека проектите мора да се  по терк на регионална соработка.

инаку и за ваква работа како што спомнав се одобруваат грантови односно за техничка помош на невладини, само во право си треба бар печат и официјална молба да се прати, инаку неформално здружување не ми се верува да подржат, но во секој случај можеш подетално да се информираш кои проекти најдобро поминуваат, и во најмала рака јасно доколку можеш да обезбедиш по некој урнек од веќе одобрени проекти, односно обрасци за да се запознаат од прва рака останатите како се изработува и тера издржан проект...

конкретно кај нас редовно има и еден куп работилници на оваа тема за структурално јакнење на НВОата но кога нешто ќе ти сервираат од МЦМС или од ФИИОМ човек на крај не е способен ни за добивање грант во МКД а камоли во ЕУ...  

Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 26-Feb-2009 at 10:29
Вака, за Cultural Routes of Europe може да се пријават и НВО-а и асоцијации од типот на ЗЕЛС, Стопанска комора и сл. Државна помош, во смисла на лобирање секогаш не е на одмет. Ова со програмава на Совет на Европа е слично како холандскава иницијатива за Виа Игнација.

Доколку се оформи НВО за кое се зборува на форумов, би можело да се проба со Cultural Routes of Europe, поготово што во втората половина на 2010 во траење од шест месеци на Македонија и е ред да претседава со Комитетот на министри на Советот на Европа (највисокиот орган на организацијата). Во тој период се што доаѓа од МК како иницијатива во секој случај ќе наиде на поголемо внимание овде. Околу ова можам да помогнам. Само, останува годинава да се оформи НВО-то, да покаже барем неколку активности и со едно почетно портфолио на остварени активности да пушти апликација во Стразбург, но и на други места. Ај на некоја наредна средба кога ќе можам да ве дружам ќе збориме околу ова.

Еве пример за една НВО која уште од 1980 е активна во Cultural Routes of Europe во активности поврзани со промоција на балансиран урбан/рурален развој http://www.ruraleurope.org


Edited by anDarko - 26-Feb-2009 at 10:31
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 31-Jul-2011 at 20:11

http://ruralnet.mk/?page_id=19&lang=mk

Целта на проектот беше да се изградат капацитети за локалните групи за рурален
развој да развијат локални стратегии за развој на руралните области, кои требаше да бидат вметнати во постоечките општински иницијативи и програми за развој. Овој проект е извршен во две фази.  http://idejaok.com/cms/mk/page-6/page-33/5/

http://lgrrpehcevo.weebly.com/

http://www.seerural.org/wp-content/uploads/2009/05/03_Politikata-na-EU-za-ruralen-razvoj-za-periodot-2007-2013.pdf

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 02-Aug-2011 at 15:51

Државни Асоцијации  

ЗЕЛС е систем со две гранки составен од Домот на градоначалниците и Домот на советите на општините. Домот на градоначалниците е тело на Заедницата, кое по функција, се состои од градоначалници од сите општини во Република Македонија и градоначалникот на градот Скопје.

  • Здружение на градежни конструктори на Македонија - http://www.mase.org.mk   
  • AAM - http://www.aam.org.mk/wp (според банерите претпоставувам идекс ја репарира страницата или)

Асоцијацијата на Архитектите на Македонија е основана во 1954 година во Скопје како Сојуз на друштва на архитекти на Македонија (СДАМ). Асоцијацијата денеска опфаќа 850 членови архитекти кои делуваат на полето на архитектурата, урбанизмот, градежништвото, ентериер и дизајн. Асоцијацијата на Архитекти на Македонија е членка на Меѓународната Унија на Архитекти (UIA),членка на втората регија на УИА и членка на Архитектонскиот Совет за централна и источна Европа (АССЕЕ)


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 02-Aug-2011 at 16:17
НОВИНИ ЗА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ЗА ФОНДАЦИИ
Граѓанскиот сектор ќе работи пазарно

Граѓанските организации и фондациите ќе може да остваруваат профит, но заработените пари ќе мора да ги искористат за финансирање на сопствените активности. Ова е една од новините во законот за граѓански здруженија и фондации. 

Министерот за правда Михајло Маневски, кој на вчерашната средба ги сослушуваше и забелешките на граѓанските организации, образложи дека со новиот закон се дава можност дел од нив да се стекнат со статус на организација од јавен интерес, а за нивното работење ќе може да добијат финансиска поддршка и даночни и царински олеснувања од државата. За тој статус може да конкурираат само организациите кои имале годишен приход од минимум 1.500 евра. 

Законот предвидува невладини организации да можат да основаат и малолетниците, како и странците, а меѓу основачите може да се јави и фирма. За основање фондација, наместо досегашните пет илјади евра, отсега се потребни десет илјади евра.

СРЕДСТВА ЗА РАБОТА НА ОРГАНИЗАЦИИТЕ 1.Извори на финансирање. Член 48 

Здруженијата, фондациите и сојузите средствата за финансирање ги стекнуваат од членарина, основачки влогови, доброволни прилози, донации, подароци (во пари, добра, имотни права), завештанија, легати, дејности со кои се стекнува добивка, кирии и закупнини, како и приходи од инвестиции, дивиденди, камати, заеми и други приходи во согласност со закон и со статутот [1][2]

Types of self-financing activities include both mission-related and non-related ventures:

- membership dues - fees for services - product sales - selling or licensing name -rental of unutilized assets - business ventures - interest on savings - investment dividends
http://www.isar.org/pubs/ST/NGOselffunding48.html

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 06-Aug-2011 at 13:46
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 09-Aug-2011 at 22:12
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 17-Aug-2011 at 11:31
Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување - МИР http://www.mir.org.mk       
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.