build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Aquapura Prespa

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 567
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 458
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 30-Aug-2011 at 19:49
Па добро, и не е толку трагично бидејќи при евентуална реконструкција, се ова што е сега распаднато би се сменило целосно. Битно е столбовите, ѕидовите и плочите да се во добра форма.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 30-Aug-2011 at 19:53
Originally posted by <Fresno>

Па добро, и не е толку трагично бидејќи при евентуална реконструкција, се ова што е сега распаднато би се сменило целосно. Битно е столбовите, ѕидовите и плочите да се во добра форма.
За жал карабината не е ни 25% од целата инвестицијаCrazy
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 458
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 30-Aug-2011 at 20:03
Ок, сепак е поисплатливо отколку инвестиција од 0. Сега видов дека Жан Митрев го купил објектов за да прави кардио-центар. А при пренамена од хотел во здравствен објект не верувам дека останува многу од ентериерот.
Back to Top
Kalinka View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Apr-2012
Location: Danska
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Kalinka Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 12-Apr-2012 at 11:19
Zdravo
A znae li nekoj sega koj e sopstvenik?
Zan Mitrev go kupil samo centarot ili komplet se od acuapura?
Fala.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 25-Aug-2015 at 22:14

Што се случува со Отешево, откако изгоре Европа ќе се најде ли алтернатива!?

морам да кажам планот на португалците беше речиси поезија, во прилог со се' тоа музеите на отворено, макар што главата им беше масонски обоена

Утеха, ако некогаш живнат некако тоа ски терените, сигурно ќе живне и цел комплекс повторно

~

edit



според заклучокот на текстов португалциве сеуште го имаат во владение местово, а само чекаат да се смени власта бидејќи со постојнава нели се закачија, бреј да не удреше тоа светската рецесија цела Преспа ќе ја окупираа за едно евро квадрат, та зар Отешево не е најспоредната убавина од езерово, каде се Сливница, Коњско, Мала Преспа...

а и без ова не ми е јасно како скотјани дремат по тоа камените плажи на охридско а не сакаат да пуштат чекор по песочните в преспанско, ем водата е бара и в септември, во најмала рака Преспанско езеро е мелем за прошетки



~

12.08.2015 - Од Аквапура во Отешево остана руина

По девет години од најавите за инвестиции од 50 милиони евра во хотел, вили – резиденции, спа и скијачки центри, не се стави ни темел.



Наместо елитно место за богаташи, бизнисмени и познати актери, имотот на португалската компанија „Аквапура“ во Отешево стана руина. По девет години од најавите за инвестиции од 50 милиони евра во хотел, вили – резиденции, спа и скијачки центри, не се стави ни темел. Местото е оставено на забот на времето. Бујната вегетација ги голта преубавите патеки за пешачење и спортските терени за голф и кошарка.

Најкатастрофална е сликата со хотелот „Европа“ кој остана нерасчистен по големиот пожар пред десет години. Искршено стакло, расфрлен стар мебел, распадната рецепција, измет и кабли на сите страни. Сепак, градбата е доволно цврста и ги зачувала собите, денес празни, но со волшебен поглед кон езерото. Жителите од соседното село Волкодери коментираат дека дсега никој не одговарал за ваквото злодело што ѝ се нанело на најубавата туристичка населба во Отешево.

„Јас војска одев, тогаш се градеше населбата. Ја градеа со коњи, камиони немаше. Отешево доаѓаа луѓе од Белград од каде не, за сега онака да го направат, тоа е резил. Туристи дури од Америка доаѓаа. Да ти е милина беше Отешево. Одевме на плажа, музика секоја вечер имаше. А сега вака жалосно да изгледа, тоа е за осуда“, вели Милан Тасевски од Волкодери.



„Хотелот така да пропаѓа. Имаше ресторан со голема тераса ја срушија. Четири вили и нив ги срушија. Ништо не изградија. Местото туристички пропаѓа, имаше пред пет години една продавница, но сега од Отешево до Подмочани нема ни еден колонијал“, вели неговиот сосед Ристе Павловски.

Туристичката населба беше продадена за евро од метар квадратен во 2006 година непосредно пред парламентарните избори, на португалската компанија „Аквапура“. Потоа од фирмата се жалеа дека државата ги кочи во изградбата, а таа дека не доставиле потребна документација. Случајот заврши на суд, каде од 400 илјади квадратни метри им беа одземени 100 илјади во комплексот Царина, зашто за местото не постоел урбанистички план.

Во Преспа денес нема претставник на фирмата, а од општината велат дека ова е комплицирана тема која треба да се истражува долго време од поранешни министри, директори, стечајни управници и други лица.

http://www.makdenes.org/content/article/27183790.html




Edited by Max - 28-Aug-2015 at 11:37
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 25-Aug-2015 at 23:22
Португалците врска немаат со овој проект, тоа беше маска за тоашниот градоначалник на општината. демек не е моја фирмата, португалци се....како сега Белизе
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 26-Aug-2015 at 04:20


та и сдс се масони абе Бузле мимо Бучко да тера тоа тешко, а потоа и Грујо да седне да преговара со Вас Гедеш [1] бреј се обврза човек цел зафат да прави на преспанско за да го крене нивото на езерото, ем ветуваше самоуверено само како би задржал еден ваков светски ланец хотели, она да повлечи нога, но и преспани му се изнасмеаја небаре ова само од Македонија зависи илити понорите на Галичица ќе ги затнат со леснотија

нејсе, Отешево ко одморалиште лесно може да се оправи, но дали за тоа постои волја и дали истата треба и може да биде државна тоа е веќе друга работа, јасно дека Европа изгоре за што поефтино да се раскрчми и однесе потоа, но да успеаја да најдат елитен инвеститор или партнер со тоа поприлично ќе го комерцијализираат потем езерото, нешто што сега допрва го прават со обновување на селските плажи

ако за нешто е добро Отешево тоа дефинитивно е за воздушна бања, а дали некој има абер како истата да бидне профитабилна тоа е друга работа, нека ја крене пример државата а потем нека ја дадат на Агенција за Млади и Спорт, а со тоа воедно место за ефтини припреми на сите спортски федерации во земјава, нормално ќе треба и нови спортски терени и нови содржини, ем штета на највисокото тектонско езеро на балканот да не се искористи ваквата местоположба од која фајде во таков слуај би имале и сите училишта во дрвата ко што беше случај со тоа редовните зимски или летни екскурзии порано


Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 588
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 26-Aug-2015 at 09:31
каква превара на векот испадна тоа со аквапура. Не варувам дека тоа ќе живне. Преспа малу по малу се иселува освен јаболката на луѓето не им остана ништо од што ќе живееат.
Back to Top
SugarBlue View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 02-Aug-2015
Location: Eindhoven
Online Status: Offline
Posts: 43
  Quote SugarBlue Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 27-Aug-2015 at 13:45
По оној индијецот ова е втората најголема од многуте останати превари во Македонија. Иначе да, додека на ТВ се прикажува розевата слика,не само Преспа туку и цела Македонија се иселува, колку и да не сакаме сепак тоа е вистината, тоа е реалноста.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 18-Aug-2016 at 12:15

веројатно песочните плажи во полн сјај го осончаа туристичкиот потенцијал на Преспа, едно највисоко природно тектонско езеро на балкан, а потем и чалам да се има резорт до најголемиот птичји резерват во југоисточна европа ... но јасно требаше прво да дојдат [1] за да ги полакомиме, и видат како тоа би изгледало, за и конечно да се нафатат да инвестираат во оваа убавина, не дека немаат пари но на слепо веќе ни во дубаи не се инвестира, дури за разлика од саудијци [1] кои сеуште не се приморани на диверзификација, ОАЕ и те како игра на таа карта, капак не ни бараат да се крене нивото на езерото филантропи

него зет ми вели ништо немало од ова оти скоро бил во ресенското оделение на катастар и не му се пофалиле за вакво нешто, може се плашат од сќурилак па да си помолчат пред да скокнат, нели и со португалците беше готова рабпта па пак изветреа истата

11.08.2016 - Арапи ќе го спасуваат хотелот Европа во Отешево

Не се знае цената која ја платија Арапите за да станат газди на хотелот. Фирмата „Глобал инвестмент фонд“ до идното лето треба да го реновира хотелот Европа, кој беше опожарен пред неколку години. Новите инвеститори најавија дека ќе привлечат многу туристи.

По Португалците, Арапи ќе го спасуваат хотелот Европа во Отешево кој беше оштетен во пожар пред десетина години. Глобал инвестмент фонд е новиот инвеститор од Обединетите Арапски Емирати кој ги купи урнатините што останаа од некогашниот луксузен хотел на брегот на Преспанското Езеро. Инвеститорот веќе го посети местото и оствари средба со локалната самоуправа.



Во изјавите што Општина Ресен ги испрати до медиумите во врска со заедничката средба немаше информација за цената која ја платија Арапите за да станат газди на хотелот. Во нив Абдулбари Салах од „Глобал инвестмент фонд“ изрази задоволство од атрактивната локација и најави дека ќе се привлечат многу туристи.

„Дојдовме во Македонија со намера да инвестираме во повеќе сектори и тоа во делот на енергетиката, гасификацијата и туризмот. Заинтересирани сме да инвестираме во хотелот „Европа“ којшто има големо значење за овој регион и за нас е важно што е лоциран во многу атрактивна област на брегот на Преспанското Езеро. Очекуваме да привлечеме многу туристи во оваа област“, изјави инвеститорот Салах.

Градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски, најави дека Арапите до идното лето ќе го реновираат хотелот.

„Фирмата „Глобал инвестмент фонд“ од Обединетите Арапски Емирати станаа сопственици на некогашниот хотел Европа, кој последните години за жал се наоѓаше во извонредно лоша состојба. Меѓутоа, според она што го имам како информација од инвеститорите, сметам дека се работи за една исклучително сериозна фирма која според она што го планира догодина во ова време ќе треба на местото на стариот хотел да никне еден нов модерен хотел кој ќе ги исполнува сите стандарди на модерниот туризам“, рече Стрезовски.

Хотелот „Европа“ во Отешево беше опожарен во 2005 година. Истата година пред локалните извори државата го продаде на португалската компанија „Аквапура“ која најави дека ќе изгради елитен туристички центар. Тие ветија дека ќе вложат 58 милиони евра и ќе изградат хотел со 70 легла, 50 вили, спа центри, сали за конгреси, скијачки центар и ловен резерват. Но, на терен работите не се помрднаа од мртва точка, а местото остана руинирано.

Во меѓувреме „Аквапура“се жалеше дека Министерството за транспорт и врски со години го одолговлекувало издавањето на дозволата за градба. Министерството, пак, ја имаше тужено „Аквапура“ зашто не започнала со градба. До денес нема официјален податок како завршија судските процесии, а градоначалникот на Ресен, Стрезовски, во една изјава дадена за медиумите, рече дека „од тој имотно правен лавиринт и најкомпетентните институции не можат да излезат“.

Граѓаните се надеваат дека новата инвестиција ќе му го врати сјајот на Отешево и ќе ги залечи раните од „Аквапура“.

http://www.slobodnaevropa.mk/a/27913566.html


~

муабетов официјално крчкал веќе два месеца, но веројатно по искуството со многу аквапурци, субрати и сличните намим медиумите веќе ќе да не се палат на вакви објави

туку не е лошо нишкава да се преименува во Хотел Европа та кој и да е инвеститор сега или во иднина, може ќе имаме среќа вака да дотераме и до ЕУ интеграција

30.06.2016 - UAE Company Expected to Complete Restoration of Europa Hotel in Prespa

...

Abdulbari Salah from the United Arab Emirates - based company said that, besides the tourism, they plan to invest in several other sectors, including gas and energy. The company has been scouting out other possibilities at the underdeveloped Prespan riviera.

http://www.independent.mk/articles/33797/UAE+Company+Expected+to+Complete+Restoration+of+Europa+Hotel+in+Prespa


~


можел да влезе со кросот и внатре





Edited by beTon - 20-Nov-2017 at 17:39
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 595
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 20-Nov-2017 at 17:37

што бидна со арапиве ... да не се истите катарци кои беа на општинска прошетка до Охрид есенва ... до толку ли нашево новинарство е утепано, да освен политички, нема никакви други истражувачки пориви, бар в капитал да направеа еден пресек како стојат работите ...

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 567

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.107 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.