build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Aquapura Prespa

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 09-Aug-2008 at 01:22
нешто чув но не дочув на вести вчера-завчера дека дефинитивно почнува изградбата на Отешево Турбо Мултикомплекс? оваа кованицава е мој мастраф бидејќи аквапурците, не само што ја имале земено туристичката населба туку ги зеле под рака и ски терените и Ловечкиот парк на Галичица. инаку неофицијално разбрав дека досега се влечеле нештата заради експроприација на земјиштето во Отешево па така повторно распеаните Ресенчани дури и за смешни површини од 1м2 добивале екстра надомест (конечно некој да види аир ко што треба).

инаку сето ова почнало премногу случајно (или не) бар така велат Преспани, добар бизнис пријател на Diogo Vaz Guedes (CEO на аквапура) кој бил родум од Битола го поканил човеков да на гости во Македонија, а ако бендиса нешто во Охрид и да инвестира... тргнале за Охрид од Битола по патот преку Галичица, но некаде Отешево на Диего му дошло зорт па застанале човекот да се испразни но кога вдишил аквапурецов од тоа воздухот му се отворил умот и плуќата Yes инаку човекот бил асматичар, кој носел со себе и сензор-апарат за мерење на квалитет на воздухот па кога видел како излегла мерката константирал дека најквалитетен воздух во европа е тој преспанскиот, така освен вишок течности решил и џебот да го испразни во Отешево на некаков проект кој на почетокот бил замислен како ребрендирање на возушната бања за белодробни болести, но прераснал подоцна и во природно-културолошки проект со отварање на музеи и вклопување на ловот и зимските спортови во својата понуда. најпрво Диего планирал 50ка за на крај да се официјализира договорот со општината и државата на 82 милиона евра... но го обврзал Грујо да го врати нивото на езерото како што било некогаш или бар приближно, што ќе биде прилично голема работа, нивото во последната деценија-две е отидено 8 метри во аут што во кубикажа е еквивалентно на две дојрански езера.
пред некое време имало проект финансиран од нато на кој работеле јапонски стучњаци до лани кои изработиле физибилити студија за санација на езерото, она што тие го откриле е навистина феномен, под Галичица има канали и езеро поголеми во кубикажа од самото Преспанско кои се на пониска надморска висина од истото но на повисока од Охридско па така многу вода апсорбирале и тие а воедно освен двата постоечки понора од кои се излева водата од Преспа во Галичица во последно време се појавил нов двапати поголем понор од двата заедно бидејќи Галичица е варовник па затоа со тек на време и се создало тоа средно езеро и еден куп канали под планината сето тоа било документирано и со видео материјал, влегле доле тоа јапонците па пуштале и боја во каналите која по 15 саати излегла кај Свети Наум... но во студијата констатирале дека најголем проблем бил неконтролираното влечење вода од езерото од страна на Албанија, која за разлика од двата капацитета преку кои влечат вода од Преспанско - Македонија и Грција (нормален капацитет на црпење), Албанија влечела 600 пати повеќе од останатите, некој вели за наводнување за некоја нивна рамница отаде Галичица а некои велат за полнење на некое ново вештачко езеро во Албанија, како и да е имаат и благослов од Љубчо со договор со кој ние им одобруваме турбо црпење мислам 2 или 3 години, договор кој истекува 2008 (Дојран го оправи, Преспа ја искриви?), а некои велат дека малото Преспанско езеро е на повисока надморска висина од големото па Грците го полнело влечејќи од поголемово, како и да е Грујо многу тешко ќе излезе на крај со ветувањето за полнење на езерото, освен ако УНЕСКО не го стави како Охридско под своја капа па колку толку работите да се нормализирааат со константното повлекување на езерото, велат Преспани...

ова со подземното езеро сигурно ќе им биде екстра мотив на аквапурци, а тука воедно се и натписите во форбс за патот на Галичица кој е вброен во листата 20 најатрактивни дестинации за патување на европскиот џет-сет, како и историската местоположба на крепоста Девол која се смета дека била лоцирана на потегот меѓу селото Евла и Отешево (каде е првобитно е возобновена Архиепископијата Јустинијана Прима па од тука подоцна седиштето е префрлено во Охрид), додека Диего додава Преспа е едно од најубавите места на светот што ќе ја пренесе славата на земјата на Александар Велики на сите меридијани.
а тука се и најголемиот резерват на птиците преселници во европа како и богатата флора и фауна за која никој не води никаква сметкани кај нас ни кај комшиите, па така во Преспа пример мрестот е по природен пат но во исто време и најекслузивен период за ловење бидејќи езерото е дадено на концесионер кој освен годишната такса од 600 евра ништо друго не го интресира ни дали некој лови во време на мрест ни дали се вадат мали парчиња или крап сосе икра, или дали заради тоа водата станува се поматна и попразна, абе греота е таа работа да се дава под концесија посебно кога концесионерите немаат ни еден брз чамец или воопшто немаат дневен надзор, прашање е дали излегуваат во контрола и еднаш неделно...

работата со аквапурци ќе ја биде кога државата под полна пареа ќе се заземе за Преспа како што се тресе за Охридско, па еве покажуваат и нешто реално она со отворањето на граничниот премин Маркова Нога кај Долно Дупени и проширувањето на патот дотаму со плус две ленти, но нема да видиме резултати се додека не се крене галама и надвор пр. по унеско и европскиот совет за превоспитување на Грција а посебно Албанија за неконтролираното празнење на езерото како од вода така и риба.
ај ако ништо друго за утеха ќе го имаме средното (Галичко) езеро под Галичица кое го лоцирале јапонците...

за јапонците се испостави дека имале македонски имиња и презимиња, во подолниот текст на утрински само наши научници се спомнуваат, што незначи и дека немало вклучено јапонци, но се додека не излезе целосната студија за проектот ќе се расфрламе со чаршиски муабети...



Edited by beTon - 09-Aug-2008 at 11:30
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 09-Aug-2008 at 11:16
еве потврда за нато проектот за ревитализација на Преспанско езеро...
Под Галичица има огромно подземно езеро  - утрински 01 август 2008

а еве и една интересна констатација на германски тим кој работи на Охридско езеро...
Studies showed that Ohrid basin is characterised with three tectonic forces. For now there is no danger from their activation and to move the lake’s surface. - turkishweekly 19 June 2008

ете ти, природна стапица или туристичка атракција...
ако удриме на интензивно истражување по цела Македонија ќе никнат аквапурци на секој чекор, ај да бидам поскромен на секој трет чекор Yes


Edited by beTon - 22-Jan-2009 at 17:57
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 10-Aug-2008 at 14:34


Јас пак знам дека Борис Трајковски бил пријател со португалецов од Аквапура па така тргнала работата.

Нема врска сето ова што го велиш ми звучи добро само да тргне конечно работата.

А за езерото дефинитивно треба нешто да се превземе. Како го решија проблемот со Дојран од каде ја преусмерија водата што го полни езерото? Има ли такви можности во Преспа?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 10-Aug-2008 at 14:54
Никој неможе да бие битка со природата, но сепак она што човечкиот фактор го заебал, можеме да го надоместиме. Во преспа делумно можеме да го вратиме она што отишло за наводнување јабуки во ресен, а не е малку тоа.

А тоа што понира вода према охридско, тоа е природен тек и неможеме да го спречиме, освен ако не ја затнеме галичица со некои потпорни ѕидови под вода слични како што се спречува ерозија, што и не е баш изводливо.


Edited by lslcrew - 10-Aug-2008 at 14:57
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 10-Aug-2008 at 14:58
Originally posted by lslcrew

Во преспа делумно можеме да го вратиме она што отишло за наводнување јабуки во ресен, а не е малку тоа.


Ја колку што знам, нема систем за наводнување од езерото, така да ако некој наводнува, тоа се оние што имаат овоштарници непосредно поред езерото, а тоа е занемарливо и плус таа вода пак се враќа у езерото.

Мене ме загрижува ако е вистина она со Албанија и тоа што потпишувал таму Љубчо...


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 10-Aug-2008 at 16:18
Originally posted by pbanks


А за езерото дефинитивно треба нешто да се превземе. Како го решија проблемот со Дојран од каде ја преусмерија водата што го полни езерото? Има ли такви можности во Преспа?


дека ќе се преземе нешто тоа е сигурно, бидејќи Грујо се обврзал со договор, но без слога со останатите комшии тешко ќе оди работата, освен како што кажав предходно под итно да се издејствува статус од УНЕСКО посебно сега со ова комбинацииве со систем на сврзани садови и три тектонски појаси, а ако ништо друго Преспанско ќе се повлече до надморска висина со Галичко(новото езеро под Галичица) и ќе се стабилизира што најверојатно брзо ќе се случи...
има и во близина на Преспа има едно Ѓавато (превојот кон Битола кој нон-стоп го реферираат на временска кога има извештаи за снег на Баба) кое е повеќе револуционерно него хидролошки богато место, туку цела работа е што реките од Баба планина посебно од Преспанската страна скоро сите претежно се пресушени бидејќи снегот на Пелистер и останатите врвови многу брзо се топи, па така зафат сличен на тој како во Гевгелиско Ѓавато е неизводлив.
евентуално може да се крене вештачко езеро под Бигла или Плакенска планина над Ресен но сигурно ова како проект ќе биде исцрпувачки и за езерото и за владата а и за месното население кое не по своја вина и за пиење и за наводнување влече вода од Преспанско, тука се и албанија и грција кои ич уво не ги боли бидејќи тие си имаат доволно мака со морињата па сега уште за некое езеро да му ја мислат...ќе видиме што решение ќе фрли од ракав Грујо но посекако ќе мора истото да биде мегаломанско и како идеја а посебно како изведба но со боксерски грб како америка се е можно, па тие ја финансираа преку нато физибилити студијата за спас на Преспанско езеро која неодамна заврши.....
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 13-Aug-2008 at 19:20
чисто заради континуитет а плус во текстов се спомнуваат фамозните јапонци, сепак опстоеле...

Тихи нестанак Преспанског језера

За непуне три деценије ниво воде опао је безмало девет и по метара а још нико није пронашао прави разлог и пут њеног отицања


Преспанско језеро – Кад је почетком године ниво воде у Охридском језеру опао за два сантиметра, у Македонији је подигнута медијско-политичка халабука као да је преполовљено. Од локалних власти је затражено да затворе испусте кроз које из језера у Црни Дрим отиче вишак воде, и када је то учињено одахнули су и они који на Охриду никада нису били. На тридесетак километара од охридског бисера је Преспанско језеро. Оно се „празни” великом брзином, али се на то овде готово нико и не осврће.

С времена на време, у рубрици „писма читалаца”, огласи се понеки забринути љубитељ Преспе, помињући алармантно да је од 1978. ниво воде у Преспанском језеру опао за 9,40 метара. Сликовитије речено, у том периоду из Преспанског је испарило девет Дојранских језера. Због конфигурације терена, нестајање језера мање је уочљиво на његовим југозападним обалама, али на североисточној страни је видљиво голим оком и очитава се у мочварном појасу ширине 1.200 метара.

Одговора на питање: где је ишчезло толико воде, нема. Једни веле да су криви македонски и грчки земљорадници који воду из језера користе за наводњавање огромних површина засађених јабукама, док други сматрају да вода понире у кречњачке пукотине испод планине Галичице. Ни једни ни други немају ваљаних доказа за своје тврдње, а језеро отиче.

Ову претпоставку су наводно, потврдили стручњаци НАТО, који су дубинским снимањем, у утроби Галичице открили огромно подземно језеро. Ова информација није званично потврђена, али се темељи на резултатима истраживања која је овде, између два рата, извршио чувени српски научник, хидробиолог и природњак Синиша Станковић.

Станковић се за Преспанско језеро заинтересовао док је истраживао воде Охридског језера. Откривши Биљанине изворе у подножју Галичице, на њеној западној страни, заинтригирала га је природа тих извора. Константна количина воде у њима током целе године навела га је на помисао да вода из Преспанског језера, које је на већој надморској висини, управо преко њих дотиче у Охридско. Своју претпоставку је и доказао тако што је у воде Преспанског језера, тамо где су мештани причали да она клокотом понире, сипао боју, која се потом појавила у води Биљаниних извора.

Откриће Синише Станковића нема додирних тачака са пражњењем Преспанског језера. Наиме, у време када је ниво воде у њему опадао и по 70 сантиметара годишње, он није у тој сразмери растао у Охридском језеру.

Мештани преспанског села Стења, у чијем атару се налази „казан” одакле вода понире, причају да је отицање језера почело после катастрофалног земљотреса који је задесио Црногорско приморје. За понирање језера заинтересовали су се јапански стручњаци, који су, наводно, предложили да се у „казан” спусте балони напуњени ваздухом, помоћу којих би се затвориле пукотине на дну језера.

Заједно са нестајањем воде Преспу су напуштали и туристи, па су хотели, радничка одмаралишта и ауто-кампови, запуштани до затварања и пропадања. Пре три године у пламену је нестао и чувени хотел „Југославија” и ту је стављена тачка на егзистенцију Отешева, некада најуређенијег и најпосећенијег туристичког места у Македонији. Иста судбина задесила је ски лифтове на Галичици, која је од средине минулог века стављена под заштиту државе а и данас слови за највећи природни резерват у Македонији.

Срећом по Отешево, у њему и даље ради болница за лечење респираторних органа а овамо, осим викендаша, залазе и љубитељи природних реткости и историјских знаменитости. Мета намерника из целог света је Голем град, (Змијско острво), једно од два острва у језеру, на ком се налазила летња резиденција цара Самуила и где су македонски археолози открили темеље цркве и других античких и средњовековних грађевина.

У међувремену цело туристичко насеље купила је португалска туристичка корпорација „Аквапура”, чији су стручњаци помпезно представили пројекат супермодерног летовалишта, али је на томе све завршено. Португалци су земљиште оградили, порушили десетак радничких хотела и из непознатих разлога, постављање темеља за хотелско насеље одложили до даљег.

У застоју је и пројекат ЕУ о комплетној заштити Преспанског језера, чије воде деле Македонија, Грчка и Албанија.

Политика 05.05.2008


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 19-Aug-2008 at 11:41
„Аквапура“ туристичка суператракција или нова афера?
Амбициозниот туристички комплекс „Аквапура Македонија“ на истоимената португалска компанија, кој требаше да вработи најмалку 350 работници, се наоѓа пред амбисот на финансиска катастрофа и нови спектакуларни апсења?
Ваквите прашања се наметнаа откако дознавме дека против Владо Бучковски, тогашен премиер, се подготвува кривична пријава токму за договорот „Аквапура“.
Голема афера во најава
Сигурни извори на „Нова Македонија“ велат дека СВР-Битола е при крај со предистражните работи. На поранешниот премиер и претседател на СДСМ не му е непозната работата на полицијата во овој случај, но и тој, како и нашите извори, не можеше да каже што може да биде спорно при изградбата на овој грандиозен туристички комплекс.
- Знам дека нешто испитуваат веќе две години. Не знам што може да биде спорно, освен реакциите на поранешниот министер Боби Спирковски, кој велеше дека негова била идејата за таков туристички комплекс - вели Бучковски.
Тој појаснува дека инвестицијата, тешка околу 70 милиона евра, треба да се реализира на брегот на Преспанско Езеро, кај Отешево, во близината на националниот парк Галичица. Владата пред повеќе од две години, по предолг на тогашниот министер Џемаил Мехази, донела одлука да им се продаде тоа земјиште на Португалците бидејќи било државно.
Сепак, и покрај тие двегодишни активисти на битолската полиција, Бучковски вели дека досега не бил поканет на разговор во МВР.
Официјално МВР, пак, само вели дека не е поднесена никаква кривична пријава во врска со „Аквапура“.
Димитар Бузлевски, градоначалникот на Ресен, смета дека истрагите на полицијата се залудни.
- Сè е чисто со проектот. Знам и јас дека полицијата истражува. За нас ова е многу битен проект, бидејќи ќе отвори 350 работни места, кои во екот на сезоната можат да стигнат и до 450. Ние веќе и бевме во Португалија, во седиштето на компанијата, со нас беше и оперскиот пејач Борис Трајанов. Изградбата на комплексот стои во место бидејќи поднесовме барање до Управата за заштита на културното наследство да провери дали на таа локација има некој стар објект. Тие утврдија дека има, поради што е изменет планот на комплексот, односно нема да се гради на местото каде што се смета дека има некоја античка градба. Тој план е доставен до Министерството за транспорт и врски и се очекува конечно одобрение од нив, по што ќе може да почне градбата - ни објасни ресенскиот градоначалник.
Римски вили под туристиЧките
Од друга страна, Паско Кузман, директорот на Управата за заштита на културното наследство, се надева, како што е пропишано со законот, Управата да добие финансиски средства од португалскиот инвеститор за археолошките ископувања.
- Сметаме дека на таа локација се наоѓаат вили рустика од доцната антика, односно од доцноримскиот период, 5 век од нашата ера. Кога ги информиравме општината и инвеститорот за ова, тие многу се израдуваа бидејќи гледаат на вилите како на туристичка атракција. Но за да се извршат археолошките ископувања и истражувања треба инвеститорот да плати. Досега немаме информација дека ќе ги финансираат истражувањата - вели Кузман.
Со оглед на веќе доставениот изменет план на општината Ресен за „Аквапура“ извесно е дека португалските инвеститори немаат намера да го финансираат откривањето на вилите рустика.



http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&EditionID=162&top=1&ArticleID=5731

Змијарник наместо монденско летувалиште во Отешево
Две години по големата најава на португалската корпорација „Аквапура“ за изградба на елитен туристички комплекс во Отешево, нема ни трага од проектот.
Овој предел со душа, како што го нарекоа Португалците, сега е обраснат со трева и затрупан во купишта руини, а населбата е во полоша состојба отколку пред две години.
Долу на брегот од езерото, каде што некогаш имаше илјадници капачи, сега трски, грмушки и плевел ја покрија плажата, која е претворена во змијарник.
Шуштењето на змиите ќе ве дочека и по целата патека од 4 километри во некогашната туристичка населба. Пустелија, каде што ќе сретнете понекој заталкан љубопитен турист, кој им се восхитува на убавините што може да ги дарува само природата, а да ги уништи човекот со својата негрижа.
Над брегот се останати траги и купишта камења од некогашните туристички објекти. Со проектот на „Аквапура“, кој требаше да го прероди Отешево, се предвидуваше инвестиција од над 30 милиони евра за атрактивни хотели, рекреативни терени, луксузни вили и конгресни центри на површина од 50 хектари, а беа најавени и 350 вработувања. Португалците го прогласија Преспанско Езеро за една од седумте точки на светската убавина, покрај локации во Португалија, Бразил, Мексико, Тоскана, Будимпешта и Прага, а еуфоричниот старт заглави во административни лавиринти и нерешени имотни односи.
- Вистинска штета е што еден ваков дар од природата е целосно запоставен и уништен. Минатото лето патував за Охрид преку Галичица и вниманието ми го привлече оваа руина. Застанав да разгледам и само по кус престој почувствував неверојатна енергија, ме маѓепса оваа магична убавина. Годинава ги доведов и моите пријатели да го видат ова место. Се прашувам зошто е оставено на милост и немилост - рече Александар Максимовиќ, кој е по потекло битолчанец, а живее во Белград, кого го затекнавме како од терасата на руинираниот хотел „Европа“ со својот фотоапарат ги овековечува убавината на Преспанско Езеро од едната страна и прекрасните предели на Галичица отспротива.
Невообичаената мртва атмосфера во туристичката населба, каде што пред петнаесетина години вриеше како во кошница од туристи, ја оживуваат педесетина пациенти во Центарот за рехабилитација од белодробни заболувања во Отешево и десетината туристи сместени во единствениот хотел што е во функција на овој дел од преспанскиот брег, а кој „Аквапура“ го откупи од осигурителната компанија „Кјуби Македонија“.
- Овде некогаш имаше 12 сместувачки капацитети, сега се сеќавам на имињата на дел од нив: „Младост“, „Пеликан“, „Загреб“, „Балкан“, „Галичица“, „Пелистер“... Останати се само шест. Другите се срушени. Таму горе се и двата опожарени хотела „Европа“ и „Југославија“. Тажна е сликата за Отешево денес. Малку се вакви места на светската карта, каде што природата создала езеро и планина на едно место - вели Игор Наумовски од Ресен.
Тажната слика ја заокружува и повлеченото езеро, кое секоја година сè повеќе му отстапува простор на копното. Го наплаќа ли природата својот данок за вековната негрижа и деструктивност на човекот? Жителите од овој регион, кои одамна заборавиле на туризмот како можност за егзистенција, се едногласни дека мора да се преземат одредени активности за да се спречи континуираното одлевање на водата, зашто во спротивно, наместо на езеро, туристите во иднина ќе можат да уживаат само во природните убавини и воздушните бањи што ги нуди овој дел од преспанскиот брег.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=162&top=1&ArticleID=5732
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 20-Aug-2008 at 04:30
Метар квадратен на Преспанско езеро по 1 евро?

Еден месец пред изборите 2006. година, тогашната СДСМ-ДУИ екипа на власт, експресно продаде околу 40 хектари од најубавиот дел од брегот на Преспанското Езеро, во КО Отешево, за сума од околу 400.000 евра. Или за по едно евро за квадратен метар. Станува збор за прочуената португалска инвестиција - „Аквапура“...

Пред неколку дена, во своето издание од 27. март, „Утрински весник“ на македонската јавност и соопшти мнооооооооогу радосна вест. Имено, според пишувањето на овој дневен весник, португалската компанија „Аквапура интернационал“ добила престижна меѓународна награда за елитен туризам „Златен клуч“ за нивниот проект „Аквапура - Доро“ во Португалија (ЧЕСТИТАМЕ!!!). Нашиот „Утрински“ дневен весник потсетува дека станува збор за фирмата- актуелен инвеститор на брегот на Преспанското Езеро, каде што се очекува да инвестира во изградба на елитен туристички комплекс. Престижната награда на португалската компанија и била доделена од тиражниот весник „Експресо“, медиум кој секоја година доделува награда во областа на елитниот туризам.



Најинтересниот дел од радосната вест на „Утрински весник“ се однесува на инвестицијата на „Аквапура интернационал“ во Македонија и објаснувањето дека оваа португалска компанија својата инвестиција во Преспа и на брегот на Преспанското Езеро ја доживува како своја седма точка на светската убавина, од вкупно дванаесет на планетата Земја каде што инвестираат. „Утрински весник“ на крај од својот афирмативен текст посветен на убавите вести поврзани за „Аквапура интернационал“, се осврнува на маките што португалците ги имаат во Македонија. Цитираме: „…по две години присуство на брегот на Преспанското Езеро, каде што ќе се гради туристички комплекс, деновиве се очекува Министерството за транспорт и врски да ја финализира постапката за усвојување на нацрт-урбанистичкиот план.“ Ова на македонски јазик преведено, значи дека деновиве се очекува актуелниот министер за транспорт и врски, Миле Јакимовски, да го заврши криминалниот процес започнат во 2006. година, за време на министерувањето на Џемаил Мехази (ДУИ) и неговите „теренски“ (Скопје-Ресен) СДСМ-асистенти…
За жал во овие две години никој не сака да се посвети на малку потемелно истражување на начинот на кој „португалци“ од Македонија, под закрила на ресенската фирмата-ќерка под назив „АКУАПУРА ХОТЕЛС ВИЛЛАС И СПА-МАКЕДОНИЈА“ ДООЕЛ Ресен, за безобразно смешна сума дошле до 40 хектари од најубавиот дел од Преспанското езеро, лоциран во Отешево. За да сфатите за каква измама и за каков криминален договор се работи, во факсимил го објавуваме договорот на Министерството за транспорт и врски, потпишан на 06. јуни 2006. година во Скопје. Договорот заведен под број 22-8575, тогашниот министер Џемаил Мехази го потпишал како ОТУЃУВАЧ, со „АКУАПУРА ХОТЕЛС ВИЛЛАС И СПА-МАКЕДОНИЈА“ ДООЕЛ Ресен, како КУПУВАЧ. Под името на оваа фирма има потпис, а името и презимето на овластениот потписник не е наведено. Претпоставуваме дека се работи за „португалецот“ од Ресен, Михаил Хаџи Ангелески. Исто така претпоставуваме дека зад него како „инвеститори- КУПУВАЧИ“ на атрактивното земјиште, стојат артисти од некоја патувачка театарска група од Португалија!? Две години по потпишувањето на Договорот, сеуште се вршат подготвителни активности сопствениците на „Аквапура интернационал“ да ја затрупаат Преспа со милиони евра инвестиции. Во меѓувреме, државата потроши скоро двојно повеќе средства од купопродажната сума, за да им го подготви теренот крај Езерото на „португалците“. За тие само да дојдат и да градат.

Инаку, договорот е составуван и потпишуван како ИТЕН, бидејќи се работи за период од еден месец пред парламентарните избори 2006. година. Во секоја нормална и цивилизирана држава, во предизборен период вакви договори не се потпишуваат, што не е случај со Република Македонија чии највисоки функционери залетани по кеш, во „минута до 12“ – ги продаваат 40-те најубави хектари земјиште крај Преспанското Езеро, за цена од 62 денари за метар квадратен. Или 399.422 квадратни метри крај езерото, во КО Отешево се продадени за 399.422 евра. Ова можете да го прочитате од член 3 од договорот. Ама ако договорот не бил потпишан тогаш во тој момент, имотот ќе паднел во рацете на “клетите вмровци“ (кои на изборите месец дена подоцна и победија!!!), па немаше да биде искористена приликата „реномираната португалска компанија што добива престижни туристички награди од тиражни европски весници, да го купи најубавиот дел од Отешево за 400.000 евра“.
Сепак да не бидеме неправедни кон „инвеститорите“ и кон нивните ресенски домаќини-супортери, нема да ги обинуваме за доцнење на инвестиционите активности на „Аквапура“. За доцнењето се виновни министерот Миле Јакимовски и неговите од министерството со кое раководи. Ептен споро „ја финализираат постапката за усвојување на нацрт-урбанистичкиот план.“ Затоа, ресенчаните со португалски табиет и европски манири, во меѓувреме се организирале, си направиле своја приватна истрага и успешно ги лоцирале главните „кочничари“ на процесот на финализација. Сфатиле дека работата не им оди заради дрскоста на сопствениците и управителите на приватните фирми „Евротурс Мако“ и „Европа 2002“, Миле Тановски и Симо Стојчевски. Овие двајца се всушност последните Мохиканци во Преспа кои на јавноста и отварале очи за направениот криминал во Преспа и за македонската „природа на португалската инвестиција“. Воедно, Стојчевски и Тановски се единствените кои јавно им се спротивставиле на градоначалникот на Ресен, Димитар Бузлевски и на „португалците“ правно формално предводени од Михаил Хаџи Ангелески. Затоа, неодамна, меѓу другото и ги снајде притвор и кривична пријава за затајување данок од страна на полицијата и на Обвинителството. Осомничени се дека како сопственици и управители на фирмите „Евротурс Мако“ и „Европа 2002“, врз основа на избегнување на плаќање на ДДВ во износ од 9.959.935 денари, ја оштетиле државата за исто толку пари. Врз основа на ова обвинение, Стојчевски и Тановски од страна на Основниот суд од Битола добија мерка притвор од 30 дена.

ПРОДОЛЖУВА

  

Автор: Зоран Божиновски
Објавено: 03.04.2008 12:03
portal mkdlife



тешко дека бучето ќе одговара за ваква клевета а бузле уште помалку бидејки нормално ке се извадат на муабетот стратешка инвестиција за МКД како главна локомотива за развојот на Преспа, приказна чуена многу пати досега, но она што боде очи во целава приказна се неколку навидум безначајни случајности како темпираната продажба претходно проследенаа со пожар кој го дообезвреднува овој комплекс и како капак малку суеверно но делува ептен невозможно случајно договорот да се потпише на 06.06.’06 колку пати во еден милениум ќе се поклопат волку нули и волку шески, абе марти мистерија не и рамен на португалскава атракција а има таман прилог на сето ова како наслов Змијарник наместо монденско летувалиште во Отешево, да видиме каков расплет ќе има во наредните месеци околу запршката од пријави, инаку португалците не се откажуваат од проектот дури и во музеи нели ке инвестираат а и да сака некој да ги одврати нема да успее бидејки со месони ке си има работа Vaz Guedes Diogo - Trilateral Commission. List of Members. 2002-01 (6) а јас се чудам од каде нато финансира проект за ревитализација на езерото вака изгледа појасно дали, останува само мистерија дали го градат комплексот за нивните војски или за некаков елитен туризам, да не биде работава забранет пристап во и околу отешево LOL


Edited by beTon - 01-Sep-2008 at 23:08
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 09-Sep-2008 at 05:30
Има ли нешто ново обај наш АКВАПУРА Ouch
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 20-Jan-2009 at 13:01
ПОРТУГАЛСКИОТ ЕЛИТЕН ТУРИЗАМ ДО 2011 ЌЕ СТИГНЕ ВО ПРЕСПА
"Аквапура" на Галичица ќе гради ски-центар

Португалскиот компанија "Аквапура" очекува годинава да стартува изградбата на елитниот туристички комплекс во Отешево, кој треба да чини до 50 милиони евра. Според претставникот на "Аквапура" Јордан Плевнеш, урбанистичкиот план е финализиран и наскоро ќе стартува изработката на главниот проект.
"Изработката на главниот проект за туристичкиот комплекс се очекува да трае до три месеци. Проектот ќе биде презентиран на Архитектонскиот факултет во Скопје, по што ќе стартува и изградбата", објаснува Плевнеш.
Изградбата на монденскиот комплекс се одложува веќе две години, но според Плевнеш одолжувањето нема да влијае врз износот на инвестицијата. Напротив, португалската компанија планира до 2011 година, кога се очекува да биде завршена градбата, комплексот да биде проширен со нови содржини во ски-центарот кој ќе се наоѓа во Националниот парк "Галичица".
"Комплексот ќе биде збогатен со нови содржини во зимскиот центар, кој ќе се наоѓа во Националниот парк 'Галичица'. Има повеќе експертски фондации од Европската унија кои ќе работат на хармонизирање на она што го нуди Националниот парк 'Галичица' и она што може да го направи 'Аквапура', со што ќе го стави Отешево на светската туристичка мапа", вели Плевнеш.
Агенцијата за развој и поддршка на туризмот денеска во хотелот "Младост" во Отешево на претседателот на "Аквапура хотелс вилас енд спа" Диего Ваз Гедеш ќе му ја додели наградата "Свети Климент Охридски 2009" за еден од најголемите елитни туристички проекти во Југноисточна Европа. Архитектот Мануел Аирес Матеуш ќе го презентира и проектот "Аквапура Преспа, Македонија".
Португалците во јуни 2006 година најавија дека до 2011 година на брегот на Преспанското Езеро ќе изградат луксузен хотел, скијачки и ловечки центар, педесетина вили и други луксузни објекти кои ќе бидат категоризирани со шест sвезди. Во септември 2007 година, на Крстовден, кога во Преспа почнува и јаболкоберот, инвеститорот го постави и камен-темелникот за новиот комплекс на брегот на Преспанското Езеро, но досега нема никакви активности околу реализацијата на проектот.
Португалската хотелска групација вакви комплекси има изградено во Бразил, Португалија, Панама, Чешка и во Унгарија.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=162336&idg=9&idb=2577&rubrika=Makedonija
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 21-Jan-2009 at 05:29
 

НАЈАВИ ЗА ПОЧЕТОК на ПРОЕКТОТ СТАР ТРИ ГОДИНИ

Португалската преродба на Преспа се актуализира

Поради обемноста на проектот и специфичната локација, административната процедура трае подолго, велат од фирмата „Аквапура“


Португалците го прогласија Преспанско Езеро за една од седумте точки на светската убавина, иако плажите се обраснати во трски, а многу е паднато и нивото на водата

На два месеца пред избори повторно се актуализираа проектот за туристичката преродба на преспанската населба Отешево. Преродбата досега не почна иако поминаа три години од најавата на општина Ресен дека португалската компанија „Аквапура“ ќе изгради ексклузивен туристички центар. Инвеститорите велат дека со оглед на обемноста на проектот и специфичниот карактер на локацијата, која се смета за природно богатство, нормално е административната процедура да трае подолг период.

- Кога се работи за вакви посебни места, секогаш процесот трае подолго. Треба да разбереме дека многу владини установи треба да го анализираат детаљно проектот. Урбанистичкиот план е во тек на одобрување и се надеваме дека ќе се финализира годинава, по што ќе почнеме со првите градителски активности - изјави Мигел Симуел Делмеида, менаџер на проектот „Аквапура“. Португалците планираат во изградбата на елитната туристичка населба да вложат 70 милиони евра. Таа ќе се протега на 50 хектари распослани директно пред езерото и ќе содржи хотел со 70 соби, спа-центар и 50 вили. Се очекува работа да добијат 300 лица.
Во сопственост на „Аквапура“ е и стариот хотел „Европа“, кој пред неколку години беше оштетен од пожар. Инвеститорите соопштија дека го купиле и поранешниот хотел на Кјуби, кој деновиве почнува да работи. Сепак, менаџерскиот тим не прецизира колку пари од најавените милионски суми вложил досега во Отешево.

- Ги завршивме работите со добивање на земјиштето, а во текот на годината ќе почнеме со инвестициите во градбата - додаде Делмеида. Според градоначалникот на Ресен, Димитар Бузлевски, се работи за капитален проект важен не само за државата, туку и за регионот.  Ќе значи видоизменување на туристичката понуда на Република Македонија кон светот. Тоа значи мапирање на Преспа на картата на најелитните дестинации за туризам во светот - изјави Бузлевски. Запрашан дали очекува поддршка или проблеми од централната власт во заокружување на сите формалности, со оглед дека е кадар на СДСМ, Бузлевски одговори дека проектот зафаќа голема површина и треба да се испочитува цела процедура.

- При крај се активностите во Министерството за транспорт и врски од каде треба да се добие согласност. По ова надлежностите се на општината. По поднесувањето на идејниот проект ќе ги дадеме одобренијата за градба - додаде Бузлевски. Португалците го прогласија Преспанско Езеро за една од седумте точки на светската убавина. Плажите во Отешево се обраснати во трски, а е паднато и нивото на езерото. Спречувањето на одливот на езерските води во иднина треба да претставува еден од главните приоритети на државната и на локалната власт, како и на инвеститорите во регионот. Во спротивно, туристите во иднина ќе можат да уживаат само во природните убавини и воздушната бања, која е многу погодна за пациенти со белодробни заболувања.

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4DF8E0789DD00645BA32B5EC5BC14D79
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 29-Jan-2009 at 23:23

„АКВАПУРА“ ПРОЕКТ ЗА ЕВРОПСКА ПРЕСПА

За Португалците од „Аквапура“, Македонија е „земја на ангели, езера и планини“, а со нивниот хотелски комплекс Преспа ќе биде „седма точка на светската убавина“

пишува: СИНИША СТАНКОВИЌ

s.stankovic@globusmagazin.com.mk

фото: АНДРЕЈ ГИНОВСКИ

Македонија веќе има своја историја. Дозволете ни тука да создадеме уште едно место со душа!, побараа сопствениците на португалската хотелска групација „Аквапура“, чиј проект „Аквапура – Македонија“, според нив и нивните домаќини во Преспа, треба да ја внесе Европа во Македонија и да ги прикаже убавините на Преспанскиот регион низ светот. Идејата за ваков проект била иницирана за време на првата посета на Лисабон на тогашниот македонски претседател Борис Трајковски во јануари 2004 година и, според португалските инвеститори, кои слични проекти за елитен туризам, покрај во Португалија (во „познатата долина на виновата лоза, која е прогласена за природно наследство на УНЕСКО“), досега граделе и во Чешка, Унгарија, Бразил, Панама и Италија, Преспа со него ќе стане „седма точка на светската убавина“. Сопствениците на „Аквапура“ се убедени дека нивната инвестиција во разнишаниот македонски туризам ќе биде од многукратна корист и за нив, и за Преспа, и за Македонија. Големиот комплекс „Аквапура - Македонија“ ќе се гради на педесетина хектари на брегот на Преспанско Езеро, во него ќе бидат вработени 300-350 лица, од кои дел ќе се обучуваат во центрите на „Аквапура“ во светот, и според локалната самоуправа, сигурно ќе ја подобри економската состојба во општината и во регионот. Според градоначалникот на Ресен, Димитар Бузлески, „Аквапура - Македонија“ не е само проект на Преспа туку и на Република Македонија, па и на регионот. „Знам што значи името ’Аквапура‘ во светот и сигурен сум дека таквиот третман им е даден со право, поради сето она што го имаат направено досега. Овој проект во Преспа ќе значи видоизменување на туристичката понуда на Македонија кон светот и лоцирање на Преспа, но и на целата држава, на мапата на најелитните туристички дестинации“.

Оптимизмот на преспанци го дели и власта. Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот минатата недела, на Водици, на претседателот на „Аквапура хотелс, вилас енд спа“, Диего Ваз Гедеш, му ја додели наградата „Свети Климент Охридски“ за неговите заслуги за инвестирањето во еден од најголемите туристички проекти во Југоисточна Европа. Самиот Ваз Гедеш, кој по доделувањето на наградата замина од Македонија, во своето писмо, кое беше прочитано утредента на промоцијата на календарот за изградба на објектите од македонскиот проект, потенцираше дека е длабоко поврзан со Македонија, дека „оваа библиска земја на Александар Велики и на апостол Павле, на св. Климент и св. Наум, на Охрид и Преспа, на Хераклеја и Курбиново, на прекрасните фрески и манастири“, го освоила неговото срце и дека затоа ги мобилизирале сите сили за Преспа да биде седма точка на светската убавина. 



 КАПАЦИТЕТИ Според последните најави, комплексот „Аквапура - Македонија“, чија изградба беше најавена уште во 2006 година, ќе почне да се гради уште напролет. По усвојувањето на урбанистичкиот план, главниот проект за комплексот ќе биде презентиран на Архитектонскиот факултет во Скопје. Комплексот ќе има хотел од 70-ина соби и апартмани (проект на португалскиот архитект Мануел Аирес Матеуш, кој според Ваз Гедеш е „постмодерно чудо“ и „спаѓа во врвот на модерната екстравагантна визија - кога совршено убавата природа влегува во совршеноста на архитектонската имагинација“), 50 вили, спа-центар на 2.000 квадратни метри, ски-центар и ловиште. Пролонгирањето на административните работи, според еден од промоторите на проектот, амбасадорот и писател Јордан Плевнеш, не се одразило врз оптимизмот на инвеститорите, кои очекуваат до 2011 година да бидат завршени сите градежни работи, вклучувајќи го и ски-центарот во Националниот парк „Галичица“. „Има повеќе експертски фондации од Европската унија што ќе работат на хармонизирање на она што го нуди Националниот парк ‘Галичица’ и она што може да го направи ‘Аквапура’, со што Отешево ќе биде ставено на светската туристичка мапа“, изјави Плевнеш. Инвеститорите од „Аквапура“ не се премногу загрижени ни за квалитетот на патот Охрид – Отешево, по кој ќе треба да ги транспортираат гостите од охридскиот аеродром до идниот монденски комплекс, и веруваат дека извонредната локација на брегот на највисокото езеро на Балканот (близината на аеродромот, Битола и Грција), ултрамодерниот хотел и особено природните убавини во Националниот парк „Галичица“, 115-те видови птици во орнитолошкиот парк „Езерани“ и бројните културни знаменитости во регионот се доволен предизвик за елитните туристи од Европа.

На минатонеделната промоција во објектот на „Кјуби“ во Отешево, на која присуствуваа и германската амбасадорка и претставничката на француската амбасада во Скопје, менаџерот на проектот „Аквапура - Македонија“, Мигуел Симоес де Алвеида, изрази разбирање и за македонската администрација и за досегашното пролонгирање. „Урбанистичкиот план за проектот е во Министерството за транспорт и врски, од каде што чекаме одобрување. Свесни сме дека кога станува збор за вакви посебни места, чија убавина е позната секаде во светот и кои се наоѓаат во заштитена зона, процесите може да траат подолго, оти поголем број владини агенции се вклучуваат во работата за да ги издадат сите одобренија за проектот. Не сметаме дека процесот е премногу долг и се надеваме дека ќе биде завршен на заедничко задоволство“.

И според првиот човек на Ресен, Бузлески, планирањето на „Аквапура - Македонија“ е во финална фаза и веќе деновиве се очекува согласноста од Министерството за транспорт. „Ресорното Министерство досега не' следеше во сите наши активности, но лиценцата за планирање во Македонија ја има агенцијата ’Инпума‘, која бавно работеше. Затоа бараме да се избегне монополот во планирање на просторот со доделување повеќе лиценци. ’Аквапура – Македонија‘ веќе е сопственик на земјиштето, на хотелот ’Европа‘ што го купи на тендер, како и на објектот на ’Кјуби‘ и на останатите помали објекти. Треба да докупат уште еден хектар земјиште од познати сопственици - приватници и со тоа се' ќе биде подготвено за почеток. Во првата фаза веќе е определен буџет од 34,9 милиони евра, а со градежните работи ќе се започне штом ќе се заврши со целосната документација. Јас сум оптимист, се' што е сработено досега ме уверува дека ова ќе биде извонреден проект кој навистина ќе ја приближи Преспа до Европа“. 

ЕВРОПСКИ ПАРИ Иако ЕК во последниот извештај не предложи датум за почнување преговори за пристапување, со статусот земја-кандидат добиен уште во 2005 година Македонија има пристап до европската помош, како за транзиција и за јакнење на институциите така и за прекуграничната соработка со земјите-членки на ЕУ и со други држави, за регионален развој во сферите на транспортот, животната средина и економскиот развој, за развојот на човечки ресурси и за руралниот развој. Барајќи ја таму својата шанса, локалната самоуправа во Преспанскиот регион интензивно работи на промоција на сопствените капацитети и на сегментите во кои со европска помош постои голема можност за понатамошен развој. Така, Општина Ресен, со помош и на „европските пари“, досега подготви извонредно спакувани пропагандни материјали за „убавата Преспа“, која ги повикува гостите да уживаат во летните авантури на „длабоката душа на езерото“ и во топлото „добредојде од се' срце“, кое го нудат жителите на селата Брајчино, Долно Дупени, Претор, Сливница, Стење, Љубојно..., чии сместувачки капацитети се презентирани како дел од туристичката понуда на регионот.

Според првиот човек на Ресен, Бузлески, локалната самоуправа прави се' што е во нејзина моќ да ја подобри економската слика во општината и во регионот но иако верува во успехот на проектот „Аквапура - Македонија“ и го истакнува постигнувањето на ЗЕЛС со Заедничкиот комитет „ЕУ - Македонија“, тој се жали дека во Македонија се' уште не функционира Законот за локална самоуправа. „Законот едноставно и не може да се операционализира, зашто нема национална стратегија за развој на регионите, а Брисел, јасно, негативно го оценува тоа. Не профункционираа центрите за развој на регионите, не се добиени акредитациите за платежната активност за средствата од фондовите... Се трудиме да воспоставиме адекватна комуникација со ЕУ, но истовремено се обидуваме да ги поттурнеме активностите во Владата, а тука нема битен исчекор. Немам одговор зошто Владата не се ангажира повеќе на тој план, иако концептот на развиена локална самоуправа значи и економски постабилна држава.

Наместо тоа, локалната самоуправа во Македонија е најцентрализираниот дел од процесот на децентрализација! Засега не можеме да понудиме локации и градежно земјиште, на пример, зашто сето тоа е во надлежност на министерствата. Бавно се реализираат урбанистичките планирања во општините и во секоја фаза плановите мораше да се усогласуваат со министерствата за животна средина и за транспорт и врски. Локалната самоуправа има ингеренции, ама нема можности да провлекува странски инвестиции. Еве, ’Аквапура – Македонија‘ е извонредна шанса за Преспа, но генерално, економската моќ на општините во Македонија е слаба и локалната самоуправа тука не може многу да помогне ако не се сменат околностите“.

Од друга страна, според првиот човек на „Аквапура“, Ваз Гедеш, оптимизмот околу проектот на неговата групација во Македонија се должи и на фактот дека петте последни години без проблеми соработувале со четири македонски влади од различни политички провиниенции, со разни министерства и институции и со Советот на Општина Ресен. Според Бузлески, пак, и во ЗЕЛС, главно, градоначалниците кои имаат слични проблеми ја маргинализираат партиската припадност. Уште кога на сите нивоа во државава така би се смениле околностите...

Ѓомлезе и шеќерпаре за елитни туристи

Стратегијата за рурален развој, со која познатиот печалбарски крај, користејќи ги и природните убавини, треба да стане пријатно место за живеење и за дочекување на гостите од светот, е една од опциите на кои работи локалната самоуправа во Преспа. Покрај туристичката мапа на Преспа и претставувањето на ризницата на културно-историските споменици во регионот, локалната самоуправа на компакт-дискови на потенцијалните гости им нуди пешачки патеки и можности за откривање на „непозната Преспа“, но и промотивни материјали за преспанската кујна, сосе рецептите за нивно приготвување: од сушените пиперки и полжавите од Љубојно, преспанскиот крап и „циронките“, преку сушените пиперки со праз, сармите од лозов лист, зелниците, млечникот и питулиците, до ѓомлезето и шеќерпарето...

Според градоначалникот на Ресен, Димитар Бузлески, општинскиот проект за развој на агротуризмот се совпаѓа со концепцијата на сопствениците на „Аквапура“ за развој на елитниот туризам во Преспа. Гостите на „Аквапура - Македонија“ би имале и адекватна понуда од индивидуалните даватели на услуги од Преспа, за чиј квалитет гарантира Општината со самото вклучување на домаќинствата и нивните сместувачки капацитети во мапата на понуди.


http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=494ED860F2135E41B6B79C0FDB3291D3

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 27-Mar-2009 at 01:48

Битката за прва фотелја во Ресен не ја поштеди „Аквапура“

Во меѓупартиските пресметки втурнат и португалскиот инвеститор кој треба да гради во Отешево

РЕСЕН - Битката за градоначалничката фотелја во Ресен не го поштеди ниту португалскиот инвеститор „Аквапура“, кој планира да вложи околу 70 милиони евра во елитен туристички комплекс на брегот на Преспанско Езеро. Во трката за освојување гласови од избирачите се разгоруваат страстите меѓу двајцата кандидати од власта и од опозицијата кои ќе ги одмерат силите на 5 април. За вториот круг од локалните избори, со тесна разлика од околу 600 гласа, се пласираа актуелниот градоначалник на Ресен, Димитар Бузлевски од СДСМ, и Михајло Волкановски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Волкановски на вчерашниот прес, покрај брегот на туристичката населба Отешево, обвини дека неговиот ривал Бузлевски три години ги лажел и ги убедувал ресенчани дека португалскиот инвеститор ќе гради туристички комплекс. Но, како што рече тој, наместо да се гради нешто, брегот на Преспа личи на руина.

„Во 2006 година, само неколку дена пред парламентарните избори, Бузлевски, со непосредна спогодба, продаде 400.000 квадратни метри од брегот на Преспанско Езеро на ‘Аквапура‘ за само 62 денара квадрат. Овде се кријат криминални активности за што ќе се вклучи и Обвинителството“, најави Волкановски.

Според опозицијата, во оваа матна продажба како зелена површина била отуѓена дури и болницата за белодробни заболувања во Отешево.

За оваа продажба се водел и судски спор меѓу Министерството за здравство и Министерството за транспорт и врски, потврдува и директорката на болницата, Мирјана Коцовска-Гулевска.

„Во 2006 година се соочивме со проблем, дека болницата не постои како објект при продажбата на земјиштето на ‘Аквапура‘. Тие ја презеле болницата преку катастар заверен на нотар. Ние, вработените, решивме да тужиме и да ја бараме сопственоста на објектите. Сега чекаме одлука од судот во Битола“, изјави Гулевска.

За кандидатот на СДСМ и актуелен градоначалник на Ресен, Димитар Бузлевски, обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ се лаички и без аргументи.

„Во Македонија постојат закони. Надвор од сите ингеренции на општинско ниво е располагање со земјоделско и градежно земјиште. Ако сака да биде сериозен противкандидат, нека се подготви кога дава изјави за медиуми, а не да изгледа смешен пред јавноста“, возврати Бузлевски на обвинувањата на Волкановски.

Според Бузлевски, градежните работи во Отешево се' уште не започнале, бидејќи и по една година, инвеститорот нема дозвола од Министерството за транспорт и врски за изградба на туристичкиот комплекс.

„Како општина, ја даваме само логистичката поддршка. Работите во Отешево ќе почнат кога Министерството за транспорт ќе даде согласност на урбанистичкиот план кој чека на одобрување цела година“, нагласи Бузлевски.

Со жалење дека без вина биле втурнати во изборната каша, по ваквите меѓупартиски пресметки се огласија и од „Аквапура“. Оттаму се убедени дека португалската инвестиција во Отешево ќе биде гордост за сите граѓани на Преспа.

„Инфраструктурните зафати се веќе започнати на терен. Кога ќе биде усвоен урбанистичкиот план, тогаш ќе започне и градбата на објектите. Тимот на ‘Аквапура‘ направи гест, со предлог до болницата се' што е нејзин терен да биде бесплатно вратен на Република Македонија, за неограничен период. Не сакам да навлегувам во она што се нарекува локални избори, бидејќи тоа е далеку од она што значи ‘Аквапура‘. Би било жалосно оваа инвестиција да се злоупотреби на брутален начин“, изјави Јордан Плевнеш, интернационален координатор на „Аквапура“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=16BC3457F6C3FA45B7DC66142DF7B478
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 10-Apr-2009 at 16:47
Еве и а адресата,можеби вака некако ке изгледа и во Преспа?

http://www.aquapurahotels.com/homepage-1.aspx
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 14-Sep-2009 at 02:44

без разлика на партиската рокада во Ресен, португалците се во лер заради светската економска криза, ова јасно може да се прочита од дописов на аквапурци...  

сепак главниот куршлус, јас сум убеден дека е заради невлегувањето на МКД во нато, исто како што е случај и со аеродромите и со ред други готови, а сепак одложени инвестиции!


De: Zoran Stojkovski [z_stojkovski@yahoo.com]
Enviado: segunda-feira, 16 de Marco de 2009 15:48
Para: geral aquapura
Assunto: info question
Dear Sir/madam

I am a resident of Prespa area, which is in Macedonia and I was wondering the following.
A local politician is talking about the great Aquapura project for some years now and it is pointing toward your company. To be more precise he says that any day now the company Aquqpura from Portugal is going to start with the building of luxury hotels and it is going to employ from 300-350 people. And this all leads to your company.
Would you be so kind and answer me is any of this true?

Thank you in advance
Mr.Zoran Stojkovski
Resen
Macedonia

Почитуван Г-дине/ Г-ѓо,
Јас сум жител на Преспа, која се наоѓа во Македонија и ме интересира следното:
Еден локален политичар веќе неколку години зборува за постоење на голем проект на Аквапура и ја посочува Вашата компанија. Да бидам попрецизен, вели дека во секој момент се очекува компанијата Аквапура од Португалија да отпочне со градење на луксузни хотели и дека че бидат вработени 300-350 луѓе. И сево ова води кон Вашата компанија.
Дали ќе бидете љубезни и ми одговорите дали ова е вистина?
Однапред Ви благодарам,
Г-дин Зоран Стојковски
Ресен
Македонија


~



----Original Message----
: msalmeida@aquapurahotels.com
: 23.3.2009 11:09
: "z_stojkovski@yahoo.com"<z_stojkovski@yahoo.com>
: "jordan Plevnes (aquapura@mt.net.mk)"<aquapura@mt.net.mk>
: FW: info question

Dear Mr. Zoran Stojkovski,

I must apologize for the delay in our answer to your question but your message was classified as SPAM in our server.

Just a quick note to say Aquapura is fully committed to carry on the Aquapura Prespa project in lake Prespa. Mr. Dimitar Buzlevski the Mayor of Resen is a great enthusiast and supporter of this important project for the future of the Resen region but mainly for the whole Macedonia.

As you know, the current economical situation is not helping any company with strategic and substantial investments but we hope to start the basis of the project during the course of this year. The political and economical stability of the region and the country will be critical for this and any other investments the country will need to join the EU.

Let me thank your contact and hope you could be one of the many supporters of this project. I'm copying our aquapura representative in Skopje so you can have more information.

Kind regards

Miguel Simoes de Almeida
Administrador / Managing Director


Почитуван Г. Зоран Стојковски,
Морам да Ви се извинам за доцнењето на нашиот одговор на Вашето прашање, но причините се технички.
Би сакал накратко да забележам дека Аквапура е целосно посветена на спроведувањето на Аквапура Преспа проектот на Преспанското Езеро. Г-нот Димитар Бузлевски, Грарадоначалникот на Ресен е голем ентузијаст и поддржувач на овој важен проект за иднината на ресенскиот регион, но пред се за цела Македонија.
Како што знаете, моменталната економска ситуација не им оди во прилог на ниту една компанија со стратешки и значајни инвестиции, но се надеваме дека ќе отпочнеме со базата на проектот во текот на оваа година. Политичката и економската стабилност на регионот и на целата земја ќе биде критична за оваа, како и за сите други инвестиции кои и се потребни на земјата за влез во ЕУ.
Би сакал да Ви се заблагодарам за контактот и се надевам дека Вие ќе сте еден од многуте поддржувачи на проектот. Повеќе информации можете да добиете од нашите претставници во Скопје.
Со почит,
Miguel Simoes de Almeida
Администратор /Менаџмент директор

http://mk-mk.facebook.com/topic.php?uid=48358729382&topic=9177



Edited by Max - 14-Sep-2009 at 02:50
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 14-Sep-2009 at 16:03
Previous

ako navistina moze da im se veruva deka ovaa godina ke pocnat, togas e ova odlicna vest. Ama dosegasnoto iskustvo so proektite vo makedonija me ostava so rezerva.....prvo da vidime bageri na teren posle ke se raduvame.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 26-Feb-2010 at 18:55

Владата бара поништување на договорот за Аква пура


Грандиозниот туристички проект Аква пура на суд. Владата дознаваме бара да се поништи зделката со португалските инвеститори кои од заборавеното и обраснато со троскот Отешево требаше да направат рекреативен центар на Преспанското Езеро. Тужбата веќе се разгледува во Битолскиот суд, потврдуваат од судот. Според информациите на јавното правобранителство власта тужи оти Португалците не го исполниле договорот, но и поради противречности во самата зделка. Од министерството за транспорт немаат коментар за тужбата. Само не упатуваат на јавното правобранителство. Сепак дознаваме дека освен неисполнување на договорот, министерството образложило дека Аква пура е и контра законите за заштита на природата и водите. 
Не се откажуваме од инвестицијата, која е најголема португалска инвестиција во Југоисточна Европа, велат претставниците на Аква Пура. Пошироко образложение ќе дадат в понеделник. 
Проектот Аквапура чија вредност се проценува на 50 милиони евра е од времето на поранешниот градоначалник на Ресен, Димитар Бузлевски. Околу 50 хектари земјиште Португалците го платија по цена од 61 денар по метар квадратен. За четири години откако е потпишан договорот, на терен не се гради, купени се само неколку од постојните хотели. Изградбата на Аква пура се најавуваше како ренесанса на Преспа, ставајќи ја на врвот на светскиот елитен туризам. Проектот предвидуваше изградба на хотел од највисока категорија, 50 вили, спа центар на 2000 квадратни метри, бизнис центри и ловен резерват на Галичица. 
26.02.2010, 17:53
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=58092
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 27-Feb-2010 at 01:44
Обично се залагам доколку може да се најде "политичко" медијаторско решение. Не знаеме дали имало некоја комуникација пред да следи судска постапка, веројатно имало без некој значаен исход па затоа се пристапува кон вакво решение. Сепак проектот факт е дека беше заташкан, причините како по обичај не ни се познати. Четири години и не се така мал периодот па дури и кога е оправдување светска криза. Очекувам да се одчитаат маргините на проблемот со оглед на тоа кои медиуми во иднина ќе го следат процесот, да добиеме некое појдовно сиже. Друга работа за која сум сигурен дека ќе се наметне во јавност е, односно очекувам да слушнеме протажирање на теза дека треба да им се прогледува низ прсти на вакви на прв поглед несериозности. На некој начин атрактивно земјиште стои така со нерешен статус, а инвеститорите не си ја земаат за сериозна најават на проектот. А па од друга страна има толку слободно место покрај езерото, да не верувам дека неможе да им се остави уште простор на инвеститорите. Порака требаше да биде пратена, но сепак мислам дека требаше да биде тоа во поблага форма од тужба. Или што знам, можеби владата има некој воневропски адут во џебот па затоа игра на оваа карта по брза постапка да ги стави пред сврпен чин португалците и да треба да одговорат конечно со да/не.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 27-Feb-2010 at 09:31
Инвестицијата ќе беше една од најубавите. Но мислам дека многу се мали шансите таа да се реализира, од проста причина што Португалците досега очекуваа дека Македонија ќе биде во НАТО и ЕУ (или барем веќе близу до ЕУ), во кој случај туристичкиот потенцијал драстично се зголемува за една земја.

Но сум против тужба, од причина што и да ги избркаме нив, не верувам дека други би дошле на нивно место со така добар проект.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.