build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Aquapura Prespa

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 7>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 27-Feb-2010 at 11:55
Не е тоа ништо пресудно дали сме дел од еу или не. Ионака тие аранжмани после се организириаат преку агенции и не ми се верува да воопшто, макар биле и блиски исток, тие капацитети да останат празни.

А колку е добар или не добар проектот воопшто не е мерило дали треба да се придржуваат до одредниците од договорот.

Како што кажав предходно, владата убеден сум дека има нешто на лагер кога веќе ваква постапка покренува.


Edited by lslcrew - 27-Feb-2010 at 12:07
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 01-Mar-2010 at 00:05
Може за некој хотел со три ѕвезди не е толку важно дали сме во ЕУ, но бизнис моделот на Португалците изгелда е направен со прогнози за одлична економска состојба во ЕУ и доста подобрена економска состојба во МК. Ниедна од двете во моментов не се исполнети, па логично е инвестицијата да се одложува/откажува.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 01-Mar-2010 at 07:59
pa oni ja odlozuvaat veke 3 godini koga nasata drzava ziveese podobri denovi od sega.ocigledno ne e toa problemot.mene mi izgledaat kako krajno neseriozni ovie aquapura
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 01-Mar-2010 at 18:29
Аква пура пропаѓа поради административни бариери?

Аква пура е закочена поради административни бариери, тврдат португалските инвеститори. Застанаа во одбрана на проектот, откако како што веќе објави Канал5 Владата ги тужи на суд поради неисполнување на договорот. Тврдат дека единствената причина што досега не почнала изградбата на грандиозниот туристички центар на Преспанското Езеро е што локалната власт со години не го усвојува урбанистичкиот план.
“Една од најзначајните инвестиции во новата историја на Македонија е блокирана административно. Три години трае процесот на усвојување на урбанистичкиот план, кога ќе биде усвоен тој план и кога општината во Ресен ќе го извести инвеститорот, тогаш ќе започне изградбата на Аква пура“, вели Јордан Плевнеш- дипломатски координатор на проектот Аквапура Македонија
Застапникот на Аква пура во Македонија бара локалната власта итно да го реши проблемот. Контра португалските инвеститори градоначалникот на Ресен, Михајло Волкановски тврди дека досега до нив не стигнало никакво барање за издавање на градежна дозвола. Кој е во право сепак судот ќе реши. Постапката е во тек. Владата тужи за неисполнување на договорот, и на негова спротивност со законите на заштита на природата и водите. Договорот е потпишан 2006-тата. Досега на терен ништо не е изградено, купени се само неколку хотели. Инвестицијата вредна 50 милиони евра, предвидуваше изградба на хотел, вила, спа и бизнис центри со што Преспа требаше да зачекори во елитниот светски туризам.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=58159
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 01-Mar-2010 at 19:07


Хмммм интересно... некој очигледно лаже, а можеби и двете страни!

Во секој случај, симптоматично е како тоа секој втор инвеститор во Македонија испаѓа дека е лош инвеститор. Не може сите да не чинат, да не е случајно до нас а?




Edited by Cloverstack - 01-Mar-2010 at 19:10
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 01-Mar-2010 at 19:38
Па испаѓа дека е лош инвеститор, кога како црви после дожд излегуваат лоши договори потпишани години наназад, кога како мерки за привлекување се давале делумни монополски позиции. Башка преку тоа за ефтини провизии си ја осигурувале ваквата положба. Како држава некој во наше име превземал обврски што се косат со пазарно стопанство, па дури и со еве нтуални мотивациони политики. Од друга страна имаме инвеститори што тераат повеќе политика одколку бизнис и толку треба. Ај што тераат политика туку може и слободно да се сомневаме дека исплаќале и провизии што де факто ги прави дел од и домашната политика, па сега го берат плодот.

А голема грешка, а гледам голем број луѓе отворено се залагаат, да виткаме кичма пред странски фирми и да си го рушиме домашниот правен систем, да го поплукаме пазарното стопанство и низа други последици со цел да задржуваме некоја компанија по секоја цена. Тоа само говори за нас во негативна смисла, и многу повеќе штета прави одколку што носи моментална корист.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 01-Mar-2010 at 20:56


Ајде да ти кажам отворено, фалинката на овие работи што ги изнесе е дека се тотално политизирани гледишта. Едната гарнитура биле лоши момци, а другиве биле добри момци кои сега ќе не спаселе. А не е прв пат да темелиш дискусија на ваква основа. Треба конечно да сватиш дека во политиката сите се лоши момци и дека тоа се интересни групи кои се во политика ради личен интерес. Единствен начин да се зауздаат е јавноста да биде политички зрела за да ги контролира, а не да си бираме страна и секој домен од животот да им се потчинува на нивните квази-идеологии. Тоа е и разликата помеѓу развиените демократии и ваквите како нас, додека лакомоста и корупцијата се универзални.

Туку ајде постави си неколку логични прашања. На пример кои се тие странски инвеститори што им се исплати да тераат политика наместо бизнис (ти пожелувам да бидеш многу успешен во животот и да се најдеш во ситуација да инвестираш така, па да провериш и сам дали има смисла тоа што го викаш). Понатака, кои се тие странски инвеститори што дале провизии за „монополски“ позиции (иако е екстремно многу чудно што Аквапура ја спомнуваш во ваков контекст), а после дремеле и не ги реализирале. Понатака, ако лошите договори и инвеститори се оставштина од минатото, каде се добрите договори и кои се добрите инвеститори од сегашноста? И конечно, зошто различен аршин во различни случаи? Колку што памтам, јас и ти за ТАВ се сложивме дека државата погази и правен систем и пазарна логика, ама исто така се сложивме дека веројатно така беше најдобро. Ама кога некој договор бил потпишан „години наназад“, одеднаш применуваш поинаква логика.

И ај појасни кој ти е всушност ставот... прееска тврдеше дека Португалците не се придржувале кон договорот (одолговлекувале) па владата со тужбата им вршела притисок за да почнат. А сега тврдиш дека договорот бил лош за Македонија, па претпоставувам сакаш да кажеш дека владава не спасува од штетите што би настанале по државата. Одлучи се...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 02-Mar-2010 at 01:38
Па тоа што ме протолкува дека зборувам од политичко гледиште е исто така друго политичко гледиште. Се работи за случај кајшто никој ништо не спомнува три години  и сега на крај кога една од двете страни повлекува чекор (владата), првата страна одма обвинува државна институција дека ги кочела. Само зборува за несериозност на инвестицијата, со оглед на тоа што предвиден нормален рок за средување документација е пола година. И сега ми викаш дека треба да бидат по дифолт сите национално да се доапатизираме и да мислиме дека се е така лошо во ситуација кога имаме потегнат потег да видиме до каде е статусов и ќе го биде или не. Проблемот барај го кај тој што купил, а повеќе кај тој што продал земјиште со непозната конечна сопственичка состојба, неурбанизирано, тотално непознато што се продава. И некој па уште демек дал пари за него, што само говори дека се работи за матен случај. Биди сигурен дека аквапура може да ги купи "со све пљачки" комплет ресенска управа и пошироко и за пола саат да се среди цела документација, доколку беа навистина сериозни. Најверојатно од целава работа очекувам исходот да биде анекс на договор кој би бил потпишан со оваа тужба што треба да виси како демоклов меч над инвеститорите, а во анексот да се исправат одредници од договорот. Нормално ни јас не би сакал да идат овие работи вака, но понекогаш се потребни неколку потези што ќе ги затруркаат работите. А дека има странски фирми што кокетирале или кокетираат со политички фактори од дома, верувам дека има, што нормално е лошои и за нас и за нив. На ризик се да вмешаат непотребно во домашна политика.

А во политика дали си бираме страна, да сите си бираме на четири години и незнам веќе што во оваа држава е толку табу тоа, башка тоа е менлива категорија а не генетска предопределба. Дајте веќе да се одлепиме од тој табу модел, за да можеме да се залепиме за друг поцивилизиран модел. Па сега што треба, пак да си бидеме со една нога во еден систем, со друга во друг. Ова чисто како договор на твоето прашање пошто го наметна, неповрзувајќи го со темата.

Класичен пример за странски инвеститори што во Македонија си "обезбедиле" монополска позиција со гаранции дека законодавството ќе им биде во нивни прилог се оние инвеститори од недокрај трансформираните сектори, како што беше евн (школски пример), окта (државата си има потпишано статус кво за промена на законодавство, и безвезни обврски). Додека сме тука со законите, ТАВ сега е ранлива инвестиција. Дури и никој да не го покрене тоа прашање наредниве 10 години, и ТАВ да го изгради Штипскиот аердором повторно може некој после тоа да покрене прашањеколку е оштетена држават што 10 години била без еден аердором. Тоа сега беше нај практчно решение и се слагаме, ама останува бележано со делумно килава постапка што може во иднина да биде ахилова пета. А пошто побара добар договор еве земи го телекомот. Една од ретките фирми што работи успешно после тие фамозни времиња, не беше така ефтина цената, немаше глупи обврски кои би биле пречка за дотрансформација на телекомуникацискиот пазар.


Edited by lslcrew - 02-Mar-2010 at 01:44
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 02-Mar-2010 at 02:00
lsl, вака по редоследов на постовите личи дека одговараш на мојот пост, ама впечатокот воглавно завршува таму - кај редоследот

Edited by Cloverstack - 02-Mar-2010 at 02:04
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 02-Mar-2010 at 03:19

абе сите ја заглавија со кризава и сопстевната ликвидност, а не па хотелиерството, ке наголемо зависи од веселите банкари кои расфрлаат кредити! јасно е како ден дека проектот не успеа прво оти се смени централната власт, па сите евентуални "ветени" бенефиции се одложиле во најдобар случај а со вондредните избори истите и се закопаа, тука јасно е и невлегувањето на земјава во нато, но и светската криза, дополнително и проблемот со водата во езерото! сепак власта е во ред да изврши притисок ваков или онаков кон инвеститорите доколку навистина тие и ја одолговлекуваат иницијативата, не за друго туку да знае на што е!

еве нешто потенденциозни текстови од ресен, но чисто заради весел муабет не е лошо да се пуштат!

Владата откако успеа да го одложи, сега бара поништување на проектот Аквапура - 27.02.2010

Грандиозниот туристички проект Аква пура на суд. Владата дознаваме бара да се поништи зделката со португалските инвеститори кои од заборавеното и обраснато со троскот Отешево требаше да направат рекреативен центар на Преспанското Езеро. 

Тужбата веќе се разгледува во Битолскиот суд, потврдуваат од судот. Според информациите на јавното правобранителство власта тужи оти Португалците не го исполниле договорот, но и поради противречности во самата зделка. Од министерството за транспорт немаат коментар за тужбата. Само не упатуваат на јавното правобранителство. Сепак дознаваме дека освен неисполнување на договорот, министерството образложило дека Аква пура е и контра законите за заштита на природата и водите.

Не се откажуваме од инвестицијата, која е најголема португалска инвестиција во Југоисточна Европа, велат претставниците на Аква Пура. Пошироко образложение ќе дадат в понеделник.

http://www.prespasky.com/index.php?option=com_content&view=article&id=982:2010-02-27-11-40-04&catid=37:2009-02-10-04-21-41&Itemid=112

Блокада од општината за Аквапура - 02.03.2010

Аква пура е закочена поради административни бариери, тврдат португалските инвеститори.

Тврдат дека единствената причина што досега не почнала изградбата на грандиозниот туристички центар на Преспанското Езеро е што локалната власт не го усвојува урбанистичкиот план.

“Една од најзначајните инвестиции во новата историја на Македонија е блокирана административно. Три години трае процесот на усвојување на урбанистичкиот план, кога ќе биде усвоен тој план и кога општината во Ресен ќе го извести инвеститорот, тогаш ќе започне изградбата на Аква пура“, вели Јордан Плевнеш- дипломатски координатор на проектот Аквапура Македонија.

Застапникот на Аква пура во Македонија бара локалната власта итно да го реши проблемот. Контра португалските инвеститори градоначалникот на Ресен, Михајло Волкановски тврди дека досега до нив не стигнало никакво барање за издавање на градежна дозвола. Кој е во право сепак судот ќе реши. Постапката е во тек. Владата тужи за неисполнување на договорот, и на негова спротивност со законите на заштита на природата и водите. Договорот е потпишан 2006-тата. Досега на терен ништо не е изградено, купени се само неколку хотели. Инвестицијата вредна 50 милиони евра, предвидуваше изградба на хотел, вила, спа и бизнис центри со што Преспа требаше да зачекори во елитниот светски туризам.

http://www.prespasky.com/index.php?option=com_content&view=article&id=987:2010-03-01-20-29-08&catid=37:2009-02-10-04-21-41&Itemid=112

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 02-Mar-2010 at 09:45
@lsl
 
Од лично искуство можам да ви кажам дека и претходната и сегашната власт се трудат да ги избркаат инвеститорите наместо да ги донесат. Работам со фирми кои 3-4 години чекаат да добијат градежни дозволи, за земјиште во Валандово или Прилеп кое го платиле како во Нов Белград. Згора на тоа дојде и  кризата па веќе 2 години финансирањата од банкоите се речиси замрзнати или многу неповолни. Затоа впрочем и ТАВ 2 години го чекавме да почне. Верувам дека причините се повеќе, но во секој случај ЛСЛ, верувај дека е мнхогу непопуларна мерка тужба за неиспочитуван договор, па веднаш инквизициска политичка пресуда. Баш ти е добар примерот со ЕВН, со тоа што ЕВН е огромна Австриска компанија која имаше навистина стратешки интерес да остане во Македонија, па подвитка кичма. За жал 90% од инвеститорите, на кои трошиме десетици милиони евра годишно да ги прелажеме да дојдат и инвестираат во Македонија не им се витка кичмата.
Можеби тука лежи одговорот зашто иако се ширеше лажна еуфорија дека наводно во Бунарџик ќе немало слободни парцели, останавме на 2 инвестиции, или 15% искористеност на зоната. А ни не губевме време па отворивме уште 4-5 такви зони, сите ќе сме ги наполнеле. Тоа е се политички маркетинг и кампања, за реално носење на инвеститори треба многу многу повеќе, а мислам и дека власта тоа го разбра па се сврте на проекти како Скопје 2014 и Црква на Плоштад.
 
Но да не тераме превише политика. Јас предвидувам за жал песимистичка разрешница на спорот, наместо Самак како министер кој треба да донесе странски инвестиции, да отиде во Португалија и да види кај заглавила работава, ние сега ќе слушаме типично балкански расправии кој бил крив. На крај, дури вината и да е кај Португалците, ќе си ги соберат парталите, а ние ќе успееме уште еден инвеститор да избркаме. Па види ти кој повеќе ќе изгуби.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 02-Mar-2010 at 12:42
Па немора толку црно бела да биде сликата, ако си отидат песимистичка разрешница, ако останат оптимистичка. Постои голема заднинска игра што укажува дека всушност инвестицијава е таква од сам старт, а не е од сега. Така да ваква инвестиција за секогаш може да остане килава и да биде предмет на судири, а потенцијално и на судски спорови. Подобро сега да видиме до каде е, одколку да ни ја вадат после да ја слушаме секој втор ден како рамстор.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 02-Mar-2010 at 13:19
@lsl
 
Во бизнисот или си успешен или не. Затоа не гледам за каква сива зона зборуваш. Значи или ќе се оствари инвестицијата, или инвеститорот ќе се повлече, и погоди кој повторно ќе биде губитникот? Вторно, не гледам никакви паралели со Рамстор, повеќе гледам паралели со пропаднатиот Сончев Град, поништената и пропаднатата продажба на ТЕЦ Неготино, спорото ширење на Туш, невлегувањето на Меркатор и еден тон други. Зарем немаат сите овие пропаднати инвестиции нешто заедничко? Или можеби сите тие се лоши инвеститори?
 
На денес најзапуштеното езеро во Македонија, некогаш стариот „лош“ систем
изградил прекрасни капацитети кои денес пропаѓаат. Каков Рамстор, не се работи за центар на Скопје, каде што има конкуренција за изградба на трговски центри, нити се работи за Монако или Дубровник, каде што крца од туристи и хотели, па прашање е кој повеќе ќе понуди. 
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 02-Mar-2010 at 13:32
Со рамстор ја повлеков аналогијата зашто после првата смена на власт на виделина излезе цената по која е продадено. Така и овдека кога едната власт ги тужи значи дека предходно постои сомневање дека искокетирале со некоја друга власт. Кога влегле во политичка игра, ќе ја играат до крај. Исто како некогаш во иднина со истата работа ќе се соочи и хотелот позади рамстор. Во Македонија за жал сеуште постои голема сива зона и тоа огромна.

А за стариот систем  јас ќе поставам обратно прашање. До каде сега ќе беше Преспа да не беше тој стариот систем. Ќе имаше многу многу повеќе одколку што сега е изградено. Селата покрај езерото ќе беа живи населени места. Па да речеме дека ќе беше слично како што сега е од другата страна на границата во Грција, па дури и многу поживо. Да ставиме на кантар да имавме тука пола век капитализам наспроти пола век тоа што го имавме.


Edited by lslcrew - 02-Mar-2010 at 13:39
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 02-Mar-2010 at 15:13
Не ми беше поентата да ги споредувам двата система, но крјаот околу Преспанските села не е толку исселен како што ти го прикажуваш. Од друга страна сум одел во 80тите на летување покрај Преспа и можам да ти кажам дека турбо работеа сите хотели, одмаралишта и кампови. Хотелот Европа беше меѓу најмодерните во СФРЈ, и беше преполн со гости од Србија, Холандија, Германија. Дури со моите одвеме редовно и за 11 Октомври, кога целиот крај и тоа како масовно беше ангажиран на јаболкобер, вклучувајќи и доста туристи кои што доаѓаа да бидат дел од манифестациите. Вавко нешто грчкиот ден на Преспа,  нити доживеал нити имал.
 
За цената, не ми е позната, но обврска на една влада е да ги испочитува одлуките на нивните претходници. За жал до сега ни едните ни другите не покажале ни елементарно ниво на демократија, па кој како дојде на власт ги шиканира инвеститорите кои претходниот ги донел. Знаеш на чива штета? Така што не гледам зашто под дифолт браниш вакви чекори кои се се, само не добри за подигање на странските инвестиции во МК.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 02-Mar-2010 at 15:42
mnogu ste ja razvlekle diskusijava

Ako gi vidime faktite,mnogu simptomaticno e kako toa portugalcive si kutele 3 godini deka imaat problemi so obstinata,pa otkako dobijaa tuzba im tekna na toa.

Jas veruvam deka po sudski pat bi se resilo koj lazi
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 02-Mar-2010 at 17:42

прилично површно изанализиравте, никој никого не брка, туку инвеститорите сакаат преку леб погача, а и власта прилично им ветува без разлика од која страна е!

и за сончев град и за аквапура никогаш не беа проблем урбанизмот и мтв, иако наводно превземените обврски државата не си ги исполнила, како носење инфраструктура итн. НО пред се компанииве ја заглавија со еден куп ситни наследници на земјиштето кои по денационализацијата како печурки по дожд се појавија и лупнаа екстра побарувања за своите ситни парцелички од пола декар! тука ја заглавија сите, па и тав па и меркатор дури и делта, кои несакајќи да се замараат со правни процедури а пикирајќи одредено место пробаа и со подмитување како што и претходно ја договарале но од постојнава власт добија шут заради таквиот пристап...

кај нас ете го средија колку толку конечно и катастарот, но секојдневно може да се појави некој кој судски си повратил право врз некое земјиште кое сеуште е во владение на државата или пак инвеститорите не сакаат да се расфрлаат со пари за покривање нечии парцели... врти сучи пак ќе излезе крива во тој случај државата бидејќи кога ги канела инвеститорите им ветувала чисти позиции на терен, а сетне статива! 

сметам дека оваа инвестиција ќе ја биде, но мора да се врши и притисок онаму каде инвеститорите ја заглавиле, истото е и со сончев град, истото е и со аквапура, и не за да се избркаат инвеститорите туку истите да си ги отворат картите и да почнат да си ја бркаат работата, а не заради својата неликвидност да се вадат на мала врата како тоа некој ги опструирал! ако се решени да инвестираат нема што нема да неможа да го истуркаат, особено треба да им биде лезет бидејќи земјиштето го добиле за бадијала (сончев град и аквапура) а треба да доплатат нешто ситно за нечија нивичка! несериозно е да сака некој да инвестира а во исто време со години да ескивира! истото е и со ТАВ ако имаат нека почнат, а не чекаат на кредит од ебор а во меѓувреме ни мачкаат очи со споредни муабети, те ова те она, но ТАВ е стратешки инвеститор за особено битна инвестиција па во ред е и да му се прогледа низ прсти, бар приближно во ист распон како тоа што беше со израелците и португалциве чии инвестиции не се воопшто до толку стратешки а добија приоритет и фор небаре тие ќе ја раздвижат економијата!

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 02-Mar-2010 at 19:19
Max, ми личи дека ти површно ги анализираш работите.
 
Како прво, ни Аквапура ни Сончев Град не заглавија поради пречки со ситни парцели вратени поради денационализација. Сончев град заглави поради грешка во плановите. Значи државата продала поголема парцела отколку што е реалната на теренот. Со други зборови продала Х хектари на на терен имало 0,8*Х (Фигуративно кажано, незнам точно колку % било помала реалната парцела). Значи тука грешката е само во државата и нејзините неспособни апарати. Пред повикување на така голем инвеститор (меѓу 5те најбогати израелци, споственик на најстариот и најголемиот дневен весник во Израел Једиот Ахронот) пред се требало да се пратат геодети на терен да ја проверат веродостоноста на катастарските податоци. Кај аквапура, очигледно проблемот е од друга природа, но со сигурност можам да ви тврдам дека повеќето странски инвеститори се заглавени низ административните лавиринти и шеткарања кога се во прашање градежните дозволи.
 
И каде те молам Мах ти тука гледаш барање на инвенститорот преку леб погача? Затоа што платил нешто а добил помалку? Се работи за класична измама, а нашава држава по којзнае кој пат не превзема никаква одговорност да ја разреши состојбата. Несакам да продолжувам натака, ќе звучи политички инспирирано, но индикиативно е дека многу големи светски корпорации бегаат од Македонија.
 
ЕДИТ: Катастарот едвај малку го потсредија, тука се согласувам, но за жал таа институција сеуште робува на нестручниот кадар и преамбициозните реформи за кои тие не се способни.


Edited by UrbanFreak - 02-Mar-2010 at 19:21
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 02-Mar-2010 at 19:31
Не очекувам од ниедна влада да почитува одлуки на свои предходници во случаи ако евидентна е штетноста по државата, или па во случај ако инвеститори добивале политичка закрила на работ на законот па и од таа страна. Напротив се очекува грешките во колкава мера да може да се санираат. Меѓу другото заглавен проект спаѓа во категорија грешка и повеќе од потребно е раздвижување. Дополнително има еден многу битен факт во целава приказна, односно потеклото на фирмата.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 02-Mar-2010 at 19:47

Епа лсл можеш да провериш и за која фирма и од каде е на странава:

 
Не би навлегувал понатаму, ваквите размислувања имаат познат епилог. Речиси нула странски инвестиции во Македонија.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.