build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Општинска зграда Кичево

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Општинска зграда Кичево
    Posted: 18-Aug-2022 at 16:39
Поранешното кучешко дувло во Кичево наскоро ќе се претвори во општинска зграда





Поранешната команда на гарнизонот Кичево што се наоѓа во средиштето на градот, наскоро ќе прерасне во нова општинска зграда, иако во изминатите години беше собиралиште за кучиња скитници и беше опасно за сите што ќе се најдат во нејзина непосредна близина. Средствата за реконструкција на оваа зграда се обезбедени преку ТАВ програмата, а градежните работи ќе ги изведе фирмата „Еуроинвест“, најави градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари.

– Конечно поранешната зграда на Командата на гарнизонот Кичево ќе ја добие својата трајна намена, откако ќе се изврши комплетна реконструкција на оваа зграда која ќе се одвива во наредните 6 до 8 месеци. Средствата за новата општинска зграда во износ од 1.250.000 евра се обезбедени преку ТАВ програмата а изведувач на реконструктивните работи ќе биде компанијата „Еуроинвест“ од Скопје. Со овој зафат ќе бидат реконструирани сите простории колку што ги поседува овој грандиозен проект, што ќе овозможи сите општински служби да се сконцетрираат на едно место а не како во изминатиот период кога дел од службите беа лоцирани во повеќе објекти во градот – истакна градоначалникот Дехари.

Во изминатите неколку години со средства од Центарот за развој на Југозападниот плански регион на оваа зграда беа променети старите прозорци и поставени нови, а во најголем дел од објектот беше поставена и нова енергетска фасада која сѐ уште не беше целосно завршена.

И додека општинарите со нетрпение го очекуваат вселувањето во новата општинска зграда, со големи проблеми се соочуваат од Здружението за грижа на кучињата скитници „Грифон“, кои се пред голема дилема каде да ги згрижат кучињата кои во досегашните неколку години беа сместени во оваа зграда. Од многуте растенија кои вегетираат на овој простор, истиот моментно наликува на вистинска џунгла.

https://novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/poraneshnoto-kucheshko-duvlo-vo-kichevo-naskoro-kje-se-pretvori-vo-opshtinska-zgrada
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19660
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 08-Dec-2023 at 15:53
Привршува изградбата на новата општинска зграда во Кичево



По нешто повеќе од 12 месеци се назира крајот од изградбата на новата општинска зграда во Кичево, во која претходно беше сместена Командата на гарнизонот Кичево во периодот на ЈНА, а последните три децении под забот на времето се претвори во руина, во која често престојуваа бездомници и улични питачи кои од другите градови доаѓаа во Кичево.

– Кон крајот на оваа или почетокот на наредната календарска година ќе заврши изградбата односно реконструкцијата на новата општинска зграда во Кичево. Во изминатите 14 месеци целосно е реконструирана внатрешноста на објектот, поставена е нова електрична мрежа, изградени се нови санитарни јазли на сите катови, а поставен е и нов инвентар кој ќе го користат вработените во ЕЛС Кичево. За довршување на овој капитален објект преостана асфалтирање на патот што води до објектот и партерното уредување со бекатон плочки на површина од 600 метри квадратни. Новиот објект ќе биде еден од најфункционалните од овој тип во државата – потсетуваат од општината.


Средствата за оваа намена во износ од 1 250 000 евра се обезбедени преку ТАВ програмата.

Во изминатите три децении поради недостаток на соодветен простор повеќе служби од општина Кичево беа лоцирани во повеќе објекти низ градот, а со изградбата на новата општинска зграда се очекува најголемиот дел од овие служби покривот над главата да го најдат токму во оваа зграда, па граѓаните нема да имаат потреба да го шетаат градот за да ги извадат потребни документи, туку се ќе можат да добијат на едно место и под еден покрив.
Во старата општинска зграда која е на оддалеченост на околу 300 метри, ќе останат единствено подрачните одделнија од повеќето министерства кои функционираат на локално ниво.

Граѓаните се презадоволни што некогашното ругло во центарот на градот ќе добие нов лик и вистинска намена.

– Мораме и можеме да бидеме задоволни што по 33 години поранешната Команда на гарнизонот Кичево го промени својот лик и ќе добие соодветна намена. На овој простор беше многу непријатно да се движиме во ноќните часови, бидејќи целиот простор беше целосно во темнина – вели Крсте Трајаноски граѓанин.

https://novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/privrshuva-izgradbata-na-novata-opshtinska-zgrada-vo-kichevo/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.