build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Хотел Парк - Охрид
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хотел Парк - Охрид

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Хотел Парк - Охрид
    Posted: 20-Mar-2021 at 15:14
ПАРК“ СЕ УРИВА СО ЕДНА ГОДИНА ИСТЕЧЕНО ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА, НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ НЕ МУ Е ЈАСНО ЗОШТО СТЕФОСКА БАРА ДА ИМ СЕ ОДЗЕМАТ ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА ОХРИД И СТРУГА

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески вели дека не му е јасно за одземање на кои ингеренции зборува министерката за култура Ирена Стефоска, откако таа вчера рече дека Општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО и затоа ќе иницира пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини.

Министерката Стефоска, која е и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, ова го најави откако вчера почна да се урива ресторанот-дискотека „Парк“ на брегот на Охридското Езеро, наградувано дело на архитектот Павел Балабан од 1989. Министерката Стефоска кажа и дека во делот на надлежностите на Министерството за култура, на одговорност ќе бидат повикани Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид како и Управата за заштита на културното наследство.

На местото на „Парк“ според одобрението за градба од 2018, инвеститорот градежната фирма „Ремис“ ќе гради хотелски комплекс од приземје три ката и поткровје. Но, Одобрението за градење на „Ремис“ е правосилно од 6 јули 2018, а првпат градежни работи почнуваат во 2021, што е речиси една година по истекот на важноста на одобрението за градење. Па затоа, Здружението Охрид СОС вчера поднесе иницијатива за итен инспекциски надзор до Инспекцискиот совет, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Државниот управен инспекторат поради прекршувања на одредби од Законот за градење што се кривични дела според Кривичниот законик.

Георгиевски, кој на 24 февруари изјави дека Општината нема правен основ да интервенира во одобрение и проект кој што биле во постапка пред носење на Планот за управување со Охридскиот Регион донесен во февруари 2020, денеска не се осврна на фактот дека „Ремис“ почнува со градба речиси една година по истекот на одобрението за градба и дека тоа не е санкционирано.

„Ако мисли министерката Стефоска мисли да покрене иницијатива за одземање на ингеренциите на Општините Охрид и Струга во сферата на урбанизмот, повеќе пати сме разговарале на состаноци изминатава година и половина откако сум градоначалник и беше заклучено дека не постои законска можност за такво нешто согласно Законот за градење. Во добар дел од територијата на Oпштина Охрид ингеренциите во сферата на урбанизамот се под Министерството за транспорт и врски. Не знам зошто сега доаѓа ваква изјава, кога Општина Охрид од кога е донесен планот за управување со Охридскиот Регион доследно го спроведува, ние не сме издале ниту едно одобрение кое е спротивно на планот. Министерката да нè става во ист кош Општина Охрид и Општина Струга, која досега не покажа никаква активност за исполнување на препораките на УНЕСКО, мислам дека во најмала рака не е фер”, кажа денеска Георгиевски.

Активистите на Охрид СОС и Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) минатата недела побараа да биде објектот заштитен како споменик на културата, а Иницијативата беше испратена до сите надлежни министерства, музеи и институции за заштита на културното богатство, а и лично до премиерот Зоран Заев. Но непосредно по покренувањето на Инцијативата, објектот вчера почна да се урива, а на 4.525 метри квадратни на просторот кај ресторанот и дискотеката „Парк“ ќе се гради нов хотел.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/park-se-uriva-so-edna-godina-istecheno-odobrenie-za-gradba-na-gradonachalnikot-georgieski-ne-mu-e-jasno-zoshto-stefoska-bara-da-im-se-odzemat-ingerentsiite-na-ohrid-i-struga/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 20-Mar-2021 at 15:21
од рушењето





https://www.facebook.com/katerina.slatinova/videos/5388581504517013
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 21-Mar-2021 at 11:59
Хотелот Парк на брегот на Охридското езеро вчера беше урнат. Најверојатно ќе се гради нов објект иако е во заштитена зона. Екологистите предупредуваа дека тоа не е дозволено. Според катастарот сопственици се исти фирми како и на дел парцелите од старата фабрика „Треска“ во центарот на Скопје.



https://www.facebook.com/prizma.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 22-Mar-2021 at 15:59
Викендов срушени поранешната дискотека и ресторанот „Парк“ во Охрид

Викендов со помош на тешка механизација беа срушени некогашната дискотека и ресторанот „Парк“, кои беа дел од комплексот кој повеќе не постои на просторот на Горица Еден. Ресторанот „Парк“ беше објект изграден според наградуваниот проект на познатиот охридски архитект Павел Балабан.

Иако претставниците на граѓанското здружение „Охрид СОС“ поднесоа иницијатива до Инспекцискиот совет, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Државниот управен инспекторат за итен инспекциски надзор врз зафатите кои започнале врз објектот на ресторанот „Парк“, активностите за рушење на објектите се реализираа бидејќи се работи за приватен имот, чиј сопственик ги обезбедил потребните дозволи.

Mинистерката за култура Ирена Стефоска, побара одземање на ингеренциите на општините Охрид и Струга поради негрижа за светското културно и природно наследство. Таа изјави дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО, поради што ќе иницирала пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, вели дека е изненаден од изјавата на министерката за култура за одземање на ингеренциите на општина Охрид, и реагираше на социјалните мрежи со став дека ако министерката вистински сака да помогне во делот на отстранување на објектите, треба да помогне да се обезбедат 60 милиони денари финансии кои Општина Охрид во неколку наврати ги барала.

Според најавите, на оваа локација планирано е да се гради хотел на три ката и потпокрив.

https://meta.mk/vikendov-srusheni-poraneshnata-diskoteka-i-restoranot-park-vo-ohrid/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Mar-2021 at 07:49
ВЛАДАТА НАРЕДИ ДА СЕ СПРЕЧИ ГРАДЕЊЕТО КАЈ „ПАРК“ ВО ОХРИД И ДА СЕ ИСПИТА ОДОБРЕНИЕТО ЗА ГРАДБА

Владата ја задолжи Општина Охрид да спречи градежни работи на локацијата на поранешниот ресторан „Парк“, наградуван објект на архитектот Павел Балабан кој беше урнат викендот, и во рок од два дена до Владата да достави Информација за важноста на одобрението за градба на оваа локација. Заради заштита на крајбрежјето на Охридското Езеро, Министерството за транспорт и врски во рок од два дена ќе формира стручна комисија која ќе изврши увид во работата за Општина Охрид за процесот на издавање и спроведување на одобрението за градење на локацијата и за своите наоди да ја извести Владата на нејзината наредна седница, соопшти Владата.

На местото на „Парк“ според одобрението за градба од 2018, инвеститорот градежната фирма „Ремис“ ќе гради хотелски комплекс од приземје три ката и поткровје. Но, Одобрението за градење на „Ремис“ е правосилно од 6 јули 2018, а првпат градежни работи почнуваат во 2021, што е речиси една година по истекот на важноста на одобрението за градење. Па затоа, Здружението Охрид СОС на 19 март поднесе иницијатива за итен инспекциски надзор до Инспекцискиот совет, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Државниот управен инспекторат поради прекршувања на одредби од Законот за градење што се кривични дела според Кривичниот законик.

Откако почна уривањето на „Парк“, министерката за култура Ирена Стефоска, која е и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, на 19 март рече дека рече дека Општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО и затоа ќе иницира пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини.

Денеска, Владата ги задолжи сите надлежни министерства и инспекторати, во взаемна и постојана комуникација и преку давање на стручна помош да ги решаваат проблемите со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. Исто така, Владата им укажа на Општините Охрид, Струга и Дебарца, одобренијата за градба да ги издаваат со извод од Деталниот урбанистички план (ДУП) и од Планот за управување со Охридскиот Регион. Во Општините Охрид, Струга и Дебрца до донесувањето на новите урбанистички планови кои ќе бидат усогласени со Планот за управување, изградбата на објекти или преземањето мерки за непосредна заштита со кои се нарушува интегритетот на културното наследство на Охридскиот Регион, задолжително да се врши со издавање на заштитно-конзерваторски услови.

„Имајќи предвид дека сите стручни дејствија кои се содржани во Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион се имплементираат преку Националната устанива Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид и Управата за заштита на културното наследство, Владата донесе заклучоци со кои овие дејствија на Заводот ќе се реализираат во соработка и со претходно мислење од Националниот конзерваторски центар – Скопје. Со цел, координирано одвивање на активностите за заштита на културното наследство во Охридскиот Регион, Управата за заштита на културното наследство актите ќе ги издава по претходно мислење на Министерството за култура. Заради обезбедување на стручност, Министерството за култура ќе формира комисија составена од докажани експерти за заштита на културното наследство која ќе дава стручна помош за мислењата и за актите изготвени од Управата за заштита на културното наследство“, соопшти Министерството за култура.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/vladata-naredi-da-se-sprechi-gradeneto-kaj-park-vo-ohrid-i-da-se-ispita-odobrenieto-za-gradba/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 07-Aug-2022 at 13:50
Порталот Ohrid Press објави визуелизации од планираниот хотел на местото на некогашниот Хотел Парк.
Според она што можеме да го видиме од приложеното, станува збор за блоковско решение со три единици организирани во П, поврзани меѓусебно со првите две нивоа. Височината на објектите изнесува П+4 или По+П+3 (со рамни кровни тераси), додека меѓузоната на плажата со комплексот е хортикултурно и партерно уредена, вклучувајќи и базен.





https://www.facebook.com/571296029668010/photos/a.574505502680396/2646533642144228
Carpe diem
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 790
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 07-Aug-2022 at 23:00
wtf? Па нели таму веќе има хотел, и тоа прилично нова е зградата?
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1006
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 08-Aug-2022 at 21:37
Не, ова е до тој објект. Нека се реализира што побрзо, туристичка црна дупка стана Охрид од што ништо не се инвестира.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 29-Aug-2022 at 11:55
На почетокот на август, со рекламни паноа беа покриени дел од тарабите кои ја зафаќаат целата парцела каде што се наоѓаше ресторанот. На нив може да се види планот за идниот изглед на хотелот кој ќе се гради на ова место. Истовремено наведени се и градежните компании кои се вклучени во изградбата, како и тоа кој го поддржува проектот за изградба.

Култниот ресторан и дискотека „Парк“ кои се наоѓаа на самото крајбрежје на Охридското Езеро беа срушени пред повеќе од една година. Ваквиот потег предизвика бројни реакции од граѓани, активисти за заштита на животната средина и архитекти.

Тогаш беше најавено дека на овој простор ќе се гради хотел на три ката, со приземје и поткровје на 4.525 метри квадратни.

„Парк“ беше изграден во 1970 година и е наградено репрезентативно архитектонско дело на Павел Балабан на Биеналето на македонската архитектура во 1989 година.





https://www.radiomof.mk/foto-zhal-mi-e-za-decata-od-novata-generacija-poraki-vrz-panoata-za-novata-gradba-kaj-restoran-park-vo-ohrid
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 14-Oct-2022 at 17:35
Се уредува просторот каде ќе се гради хотел кај поранешниот ресторан и дискотека „Парк“ (Фото)





На оградата на локацијата на поранешниот ресторан и дискотека „Парк“, неодамна беа објавени рекламни банери со 3D рендерирани слики на кои се гледа како ќе изгледа објектот кој ќе се гради на оваа локација.

Според истите, станува збор за објект со поголем габарит, односно два објекти со приземје плус три ката и поткровје, споени во делот на приземјето и првиот кат. Според планот, предвиден е и поголем базен, помали паркови со зеленило, како и комплетно уредување на плажата.

Минатата година оваа тема беше многу актуелна во јавноста откако беше обелоденето дека започна да се урива ресторанот и дискотеката „Парк“, специфичен објект, дело на познатиот охридски архитект Павел Балабанов, кој за него го добил специјалното признание на Биеналето на македонската архитектура за 1989 година.

https://ohridpress.com.mk/?p=160417&fbclid=IwAR14OkL88gOU0CxNwBT7qR4_zXW0zjES3onyK0gc5RiTi_1u0U39RIsVqbs
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 24-Jan-2023 at 18:29
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2023  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.