build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Подземен и надземен катастар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Подземен и надземен катастар
    Posted: 18-Aug-2008 at 10:44
Не прв пат слушаме убави прикаски, се надевам дека ова е повеќе од прикаска. Вакво нешто навистина ни е потребно.

Се гледа крајот на оштетувањата на туѓите инсталации
Градските власти изработуваат географски информациски систем (ГИС) што ќе ги содржи сите податоци за положбата на подземните инсталации на јавните претпријатија и на компаниите. Со тоа треба да се надминат проблемите што настануваат кога едно претпријатие ги раскопува улиците за своите потреби, а притоа оштетува кабли или цевки од друга фирма и им создава проблеми на граѓаните. Претпријатијата сè уште работат според стариот систем, односно имаат внатрешни подземни катастари за своите кабли или цевки, па кога им требаат податоци за другите треба да доставуваат барања за да добијат информации за трасите и за пресечните точки.
 
СИТЕ ПОДАТОЦИ НА ЕДНО МЕСТО
 
Од градот веќе подолго време ја најавуваат изработката на географскиот информациски систем што би овозможил подобар и побрз пристап до овие информации и евиденција на имињата на улиците, како и бројот на објектите поврзани со катастарските подлоги. Со тоа би се овозможиле размена на информациите и соработка со институциите на локално и на државно ниво, како и меѓу јавните и приватните претпријатија.
- Сите компании и јавни претпријатија што имаат подземна инсталација имаат и свој интерен катастар во електронска форма. Но ние сакаме сите тие податоци да ги обединиме во еден систем со кој би се вовела авторизирана евиденција на сите улици и објекти што се поврзани со подземната инсталација. Така би им се олеснила работата на сите градежни фирми, како и на оние претпријатија и компании што ќе имаат проблем со дефектите, за да можат побрзо да ги отстранат. Очекуваме да почне втората фаза во која треба да се обезбедат дополнителните податоци за развојот на ГИС, а ќе имаме и активна соработка со јавните претпријатија основани од градот - велат во градската управа.
 
БАРАЊЕ ЗА СЕКОЕ КОПАЊЕ
 
Компаниите и јавните претпријатија што имаат подземни инсталации, како ЕВН, „Водовод и канализација“, телекомот, „Топлификација“ и други се служат со веќе постојниот систем за добивање податоци, така што секогаш кога ќе треба да интервенираат на своите инсталации поднесуваат барања до другите за да добијат податоци за пресечните точки.
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ има подземен катастар за целата водоводна, фекална и атмосферска мрежа, кој е најразвиен од сите и покрива 99 отсто од инсталациите.
- Имаме катастар за нашата инсталација на кој работиме уште од 1998 година. Тој ќе биде доставен на увид до јавноста и до градот за да се обединат податоците на сите компании. Кога се гради, изведувачот на работите треба да побара од сите компании што имаат подземна инсталација каде се наоѓаат пресечните точки, а доколку се направи дефект на некоја од инсталациите, одговорноста е на изведувачот. Но дефекти при копањето не се случуваат често ниту од наша страна, ниту од страна на другите фирми што имаат подземна инсталација - изјави Игор Арнаудов, генерален директор на „Водовод“.
Слични шеми во електронска форма имаат и во „Топлификација“, „Македонски телекомуникации“ и во ЕВН, кои ќе ги достават до градот за да се обработат и спојат во еден географски информациски систем.
Од „Топлификација“ велат дека за какво било ископување треба да се побараат шеми за подземните цевки, но ако тие не се точно нацртани можат да се случат несакани дефекти.
- Нашите цевки се големи, се наоѓаат во бетонски канали и се покриени со бетонски капак, па затоа при копање не се случува да се пробие некоја од нив. А ние секогаш навреме се информираме за локацијата на другите подземни инсталации - објасни Христо Кировски, извршен директор за производство на топлинска енергија.
Од ЕВН додаваат дека ќе го достават до градот софтверот во кој е документирана електричната мрежа, но сепак се надеваат дека ГИС нема да биде јавен од безбедносни причини, поради можни саботажи врз нивната мрежа.
Граѓани се жалат дека им се случувало додека некој работи на нивната улица да им ги оштети инсталациите.
- Една фирма што поставуваше цевки за фекална канализација неколку пати ги скрши водоводните цевки и по цели денови немавме вода. Сè уште ги чувствуваме последиците од тоа - вели жител на Горно Лисиче.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=161&ArticleID=5683
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 30-Oct-2008 at 20:43

ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ СЕ ОБИДУВААТ ДА ГО НАЈДАТ КРАЈОТ НА СКОПСКИТЕ ПОДЗЕМНИ ИНСТАЛАЦИИ

Скопје ќе оформи катастар за подземната мрежа - 07.13.2002

По долги години проблеми и тешкотии со подземните инсталации и водови, градските власти и Советот на град Скопје донесоа одлука за подземен катастар, која ќе помогне да се формира банка на податоци.

Советот на град Скопје завчера ја усвои одлуката со која ќе се води евиденција на подземниот катастар на град Скопје. Досега, поради немањето ваква евиденција, за многу километри подземни водови не постоеше соодветна документација. Така, при разни реконструкции и санации на улиците се јавуваа проблеми со подземната мрежа, при што често се пробиваа роковите. Овие состојби, кои во голема мера го кочеа градежништвото, а и предизвикуваа штети, се вели во одлуката, сега ќе се елиминираат.
Според објаснувањата на градските власти, донесувањето на ваква одлука е од големо значење, бидејќи ќе се формира "банка на податоци" за подземните инсталации, водови, и разни мрежи во градот. За таа цел одлуката содржи оригинални теренски податоци од геодетско снимање, регистар и геодетски планови за сите површински и подземни инсталации. Она што недостига во целата оваа приказна е закон за подземен катастар кој, како што се вели, мора набрзо да се донесе.
Во Скопје досега се забележуваа многу пробивања на роковите при обнова на скопските улици. И градските и општинските власти подеднакво се жалеа на подземната мрежа. Сепак, рекордер во доцнење е Општина Центар кога пред две години го реконструираше едниот крак од плоштадот Македонија, улицата Максим Горки. Наместо 5-6 месеци, тие улицата ја правеа година и пол. Изговорот им беше дека работниците на"Гранит" на секој сантиметар наоѓаат по некоја непредвидлива цевка. Од Општина Центар деновиве почнаа да ја прават улицата Македонија, поранешна Маршал Тито. Општинарите најавија проблеми со подземниот катастар, но ветија дека ќе се потрудат работата да ја завршат навреме.

Вест - Ј. Ивановска - 7/13/2002

Скопје се' уште нема катастар на подземна инфраструктура - 08.02.2007

Обврската за изработка на ГИС и на катастар за подземни инсталации ја има Градот Скопје

Градот Скопје се' уште нема изработено катастар за подземни инсталации. Иако веќе неколку години градската администрација се подготвува за изработка на Географски информативен систем (ГИС), кој е од големо значење за општините, за потенцијалните инвеститори, бизнисмените, за градежните претпријатија и други, засега на ова поле нема напредок. Најуочлив резултат за тоа се раскопаните улици со месеци онаму каде што се градат нови згради. Проблемот е уште поголем кога за една зграда се копа неколкупати, за секоја инсталација посебно, па не ретко се случува тие да се испреплетат, или да дојде до дефект на инсталацијата која веќе е поставена. Немањето податоци за поставеноста на подземните инсталации е голем проблем, особено при планирањето нови проекти, бидејќи инвеститорите никогаш не се начисто што ќе откријат под земја кога ќе почнат да копаат. Поради тоа, одредени проекти доцнат со месеци, а некои дури воопшто и не можат да се реализираат. Обврската за изработка на ГИС, вклучувајќи го и катастарот за подземни инсталации, ја има Градот Скопје. Тој е надлежен за изработка, одржување, водење и користење единствен ГИС на Градот, кој содржи податоци за подземната инфраструктура, улиците, сообраќајната сигнализација, катастарските парцели и зелените површини. За реализација на таа обврска, Градот неодамна организираше координативен состанок со сите субјекти кои на некој начин се потенцијални корисници, но и даватели на сервиси на ГИС, како што се општините, приватни и јавни претпријатија, екологисти, пожарникари и други. Ангажиран е и експертот за ГИС, Урлих Боес, кој ќе изврши анализа и ќе помогне при изработка на тендерската документација и пилот-апликацијата.

„Очекуваме во март да се распише тендер за набавка на хардвер и софтвер за ГИС, кој ќе овозможи почеток на изработката на овој важен систем на геоинформации кој ќе ги содржи сите податоци што се од голема важност и за општините и за јавните претпријатија, Градот Скопје, државните институции и за многу други субјекти“, велат во Градот. За побрза реализација на проектот, Градот ќе изработи и ќе достави прашалници до сите кои имаат постојни ГИС-податоци, а резултатите ќе ги ажурира градската администрација. Во изработката ќе се вклучат и општините. Во таа смисла Аеродром веќе има обучен тим кој работи на ова поле, а општинарите ја збогатија и својата компјутерска опрема со компјутери, принтери во различни формати, плотер и скенер, донација од Европската агенција за реконструкција.

Утрински - Сања Наумовска - 08.02.2007

Податоците од подземниот катастар нема кој да ги обедини - 26.02.2007

„Телеком“, „Водовод“, „Топлификација“, ЕСМ и кабелските оператори самите си ги чуваат податоците

Катастар на подземна инфраструктура во Скопје водат повеќе претпријатија кои имаат свои подземни инсталации. Тоа се „Македонски телекомуникации“, „Водовод и канализација“, „Топлификација“, ЕСМ и кабелските оператори. Според податоците на Град Скопје, нивната евиденција датира неколку децении, а најточен е катастарот на „Телеком“. Сепак, велат во Градот, проблемот поради кој се случува хаосот на скопските улици, каде што копа секој кога и каде што сака, лежи во тоа што нивните податоци ги чуваат тие самите, бидејќи не постои еден орган кој е задолжен да ги обедини. Тоа ја усложнува и процедурата за добивање одобрение за градење, бидејќи инвеститорот треба да се обрати до сите поединечно ако сака да интервенира под земја.

Решението, велат во Градот, е во изработка на геоинформациски систем, за кој засега нема точна законска регулатива кој треба да го направи и, што е уште поважно, кој треба понатаму да го одржува. Во него, покрај податоците за подземната инфраструктура, треба да се содржани и информации за генералниот и за деталните урбанистички планови, сообраќајниците, сопственоста и други. Според пресметките, таков систем може да се изработи за две-три години, но и понатаму мора да се надополнува, што бара капацитет на институцијата која ќе го поседува. Примерите од европските градови кажуваат дека на ГИС работат цели фирми со стотици вработени, од кои голем дел секојдневно одат на терен за да ги регистрираат сите измени.

„Градот упати прашалници со сите претпријатија кои имаат свој катастар на подземна инфраструктура во кои треба да достават податоци со кои ќе почне да се оформува ГИС. Тоа е голема и сложена работа која бара ангажирање многу луѓе и технологија, а проблематично е тоа што засега нема пропис кој вели дека Градот или, пак, некоја друга институција е таа која треба да го изработи. Во секој случај, ГИС мора да постои и затоа Градот ќе започне со некои активности“, велат надлежните во Градот. Оттаму нагласуваат дека веруваат дека податоците што ги имаат овие претпријатија се в ред, освен на кабелските оператори, кои во последно време копаат и поставуваат инсталации секаде каде што ќе наумат, а за тоа никому не даваат отчет.

Утрински - Сања Наумовска -26.02.2007



Edited by beTon - 30-Oct-2008 at 22:37
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 30-Oct-2008 at 22:52

Живко Велјановски, професор на Градежен факултет на катедрата за водовод и канализација

„Водовод“ има подземен катастар за големите цевководи, а за малите нема - 25.03.2006

Мрежата на скопскиот водовод е изградена од доводни цевководи од челик со големина од 1.600 кубни метри и има должина од 40 километри. Професор Живко Велјановски од катедрата за водовод и канализација при Градежниот факултет во Скопје појаснува дека еден цевковод порано користела Железарница за своите потреби, а сега го користи скопски "Водовод°. Градот Скопје има околу 860 километри водоводна мрежа без селските населби. Од неа, 91 отсто се цевки од лиено железо, 2 отсто се ПВЦ цевки (поливинил хлорид) и само 7 проценти или малку над 60 километри се азбестно-цементни цевки и сите тие се поставени на длабочина од еден до два метра под земја. Велјановски тврди дека целиот водовод е изграден според овие стандарди, па може да се каже дека Скопје има мал процент на азбестно-цементни цевки во однос на другите градови во Македонија, каде што дури 70 отсто се од азбестно-цементен материјал.
Тој посочува дека можеби и во "Водовод" не знаат точно каде се наоѓаат азбестните цевки, бидејќи нема катастар за цевководи. Поточно, има за големите дијаметри, но за малите нема. Кога биле правени инсталациите, не биле правени и изведбени проекти, па токму затоа сега не постои точна информација за мрежата по вертикала и по хоризонтала и затоа деловите од подземниот катастар на инсталации се парцијални. Овие информации можат да се надополнат само преку кажувањата на некои од постарите вработени доколку се сеќаваат. Велјановски вели дека е крајно време катастарот да се спакува во електронска форма, а не да остане во папки и во некој плакар.
Здравствените организации потврдуваат дека азбестот во форма на прашина е канцероген, па во услови на негова обработка е потребна соодветна заштита на вработените. "Можеби поради тоа кај нас е создадено општо мислење дека азбестно-цементните цевки треба да се заменат. Зрачењето на азбестот не може да влијае на квалитетот на водата, но факт е дека дефектите се почести на азбестно-цементните цевки отколку кај цевките изработени од друг вид материјали, бидејќи полесно пукаат", тврди Велјановски.
Тој констатира дека скопскиот водовод има најквалитетно изведена водоводна мрежа во однос на мрежите во другите градови. Исто така, потенцира дека низ скопскиот водовод поминува бунарска и изворска вода, која, пак, врви низ решетки со што се оневозможува влез на ситни организми во неа.
"Водата перманентно се дезинфицира преку современи системи, со автоматски хлоринатори во Кондово, и тука не би требало да има пропусти. Кога водата се пушта од славина во домовите, содржи 0,2 до 0,5 милиграми хлор на литар, што е доказ дека водата е исправна. Дезинфицирањето и контролата го прават санитарните служби, Градскиот завод за здравствена заштита и Републичкиот завод за здравствена заштита на неколку пунктови и според конкретна законска процедура", појаснува Велјановски.  

Утрински - Снежана Калабакова - 25.03.2006

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 30-Oct-2008 at 23:00
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Nov-2008 at 18:18

Миле Јанакиески на прес конференција за GPS мрежа - МТВ - 12.9.2008

Сателитско геопозиционирање на недвижностите - Дневник - 13.09.2008

Агенцијата за катастар на недвижности го презентира новиот македонски позиционен систем МАКПОС  - 25.09.2008

Агенцијата за катастар на недвижности денеска пред претставници на приватни геодетски фирми и на бизнис заедницата го презентира новиот Македонски позиционен систем МАКПОС, кој е базиран на примена на сателитска технологија за глобално позиционирање и навигација.

МАКПОС треба да овозможи постојан сервис на геопозиционирање односно одредување на координати во просторот во реално време со точност од неколку сантиметри на кое било место на територијата на Македонија. Го сочинуваат 14 активни GPS станици на растојание од 50 до 70 километри рамномерно распоредени на целата територија на државата.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Љупчо Георгиевски на презентацијата истакна оти МАКПОС ќе најде примена кај широк спектар на корисници во повеќе области. Со воспоставувањето на GPS системот, нагласи Георгиевски, ќе се овозможи побрзо и поекономично премерување на недвижностите и ќе се создадат предуслови за поекономично работење на приватните геодетски фирми, а со тоа и можност за намалување на цените на нивните услуги кон граѓаните.

Правата фаза од воспоставувањето на МАКПОС е завршена и се поставени пет активни GPS точки, во Скопје, Тетово, Кичево, Прилеп и Велес. До крајот на годината ќе бидат инсталирани и ставени во употреба уште две активни GPS станици, во Охрид и во Битола. Се планира МАКПОС да биде целосно комплетиран и функционален до крајот на следната година, по што ќе биде пуштен во комерцијална употреба. Дотогаш заинтерсираните корисници ќе можат да добиваат податоци бесплатно.

Агенцијата за катастар на недвижности го воспоставува МАКПОС од минатата година во соработка со Шведската агенција за меѓународен развој - СИДА. Оке Утас, тим лидер на проектот СИДА информира оти со МАКПОС веќе се покриени 45 проценти од територијата на државата. Точноста на геопозицонирањето, која ја обезбедува системот, се движи во границите од еден сантиметар до 0,5 метри за различни потреби на корисниците.

Според презентацијата, системот за глобално позиционирање ќе се применува во повеќе области, геодезија, инжинерство и инфраструктура, сообраќај, рударство, земјоделство и шумарство, управување со кризи...

Контролниот центар на МКПОС се наоѓа во Агенцијата за катастар на недвижности. Преносот на податоци од активните GPS станици се одвива преку изнајмени VPN линии и ADSL, a дистрибуцијата на податоците до корисниците би се реализирала преку GPRS, GSM и Интернет.

МИА - 25.09.2008


ГПС Станица

www.makpos.katastar.gov.mk

www.geowildmak.com.mk/makpos_start.htm

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 22-Mar-2009 at 17:53
НОВ ШАЛТЕР НА КАТАСТАРОТ ВО АЕРОДРОМ

Агенцијата за катастар на недвижен имот отвори нов шалтер за поднесување барања во Општина Аеродром. Целта на новата канцеларија, лоцирана во ТЦ „Скопјанка“, е да се олесни пристапот на жителите на една од најголемите општини во Скопје до документите што ги издава Агенцијата.

Во новоотворената канцеларија на првиот кат во ТЦ „Скопјанка“ граѓаните ќе можат да добијат имотни и поседовни листови. Услугите ќе се добиваат секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот.

ОА - 16.3.2009

Скопјани имотен лист ќе може да извадат и во ТЦ "Скопјанка"

Агенцијата за катастар на недвижности и Центарот за катастар на недвижности - Скопје, вчера во трговскиот центар "Скопјанка" во населбата Аеродром отворија канцеларија каде што скопјани ќе можат да добијат имотен и поседовен лист. Канцеларијата секој работен ден со странки ќе работи од 9 до 16 часот, а како што најави директорот на Центарот за катастар на недвижности - Скопје Никола Тодоров, наскоро во оваа канцеларија граѓаните ќе можат да поднесат барање за издавање потврда за имотната состојба, копија од катастарски план и други услуги. Тодоров рече дека со оваа акција сакаат Скопскиот катастар да го доближат до граѓаните, односно тие побрзо и поедноставно да дојдат до потребните документи. Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Љупчо Георгиевски најави дека, заедно со Скопскиот катастар следната недела ваква канцеларија ќе отворат и во Општина Ѓорче Петров.

Вест - 14.03.2009

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 27-Apr-2009 at 09:25

Не знаеме што се крие под земја

Бидејќи не постои подземен катастар на Градот, при градежни работи често се оштетуваат инфраструктурните мрежи

„Почитувани корисници, евентуалното забавување на интернет-банката е последица на неочекуван прекин на еден од каблите со кои банката е поврзана со интернет, како последица на градежни работи во близина, кои се вон наша контрола“.

Ова соопштение на интернет-страницата на Комерцијална банка до граѓаните е само илустрација на хаосот што се случува при копањето на скопската почва поради непостоење на подземниот катастар. Работници што ја почнале изградбата на новата Филхармонија, кај Кејот на Вардар, ја предизвикале хаваријата.

Закопани милиони евра

Ова е само еден од стотиците, ако не и илјадниците примери, кои се случуваат во главниот град изминативе децении. Никој точно не знае што се' се крие во „подземјето“, односно не се знае каде и какви кабли и цевки ни ја прошарале земјата. Добар пример за ова е третата делница од улицата Македонија, која по реконструкцијата и поплочувањето беше повторно раскопана, бидејќи „Топлификација“ реши да ги менува старите топловодни цевки.

- Тоа беше вистинска срамота. Со месеци чекавме да ја реконструираат, а потоа повторно ја раскопаа зашто некому така му текнало. Со месеци владееше невиден метеж во градот поради тоа што делницата беше затворена за сообраќај, а се задушивме и во прав - револтирана е граѓанка од Градски ѕид.

Многу често се случува цели улици и населби да останат без вода, струја, или телефонска линија поради тоа што градежниците или нивните машини оштетиле мрежа при копање за темели. Поправката на дефектите чини многу и трае долго. Со денови изградбата на новиот објект стои во место што повторно се плаќа екстра додека се чекаат екипи за поправка. Роковите се пролонгираат и по неколку месеци. а граѓаните седат во темница, или не можат да се искапат.

Проблеми со подземната инфраструктура поради отсуство на катастар и координација нема само градската администрација, туку и општините. И нивните каси се празнат поради немање прецизни податоци што има под земја.

Податоци за подземниот катастар имаат неколку претпријатија, како „Водовод и канализација“, „Топлификација“, ЕВН, Телекомот, но проблем е што не се секогаш прецизни и обединети на едно место - во Географскиот информациски систем (ГИС). Тој би овозможил подобар и побрз пристап до овие информации и евиденција на имињата на улиците, како и бројот на објектите, поврзани со катастарските подлоги. Со тоа би се овозможиле размена на информациите и соработка со институциите на локално и на државно ниво, како и меѓу јавните и приватните претпријатија.

Немаат банка на податоци, се празни буџетот

Во Градот Скопје признаваат дека немањето банка на податоци им ги отежнува градежните работи, особено на капиталните објекти, поради што и се одлеваат пари од градскиот буџет.

- Градот Скопје изминативе години повеќепати се соочуваше со проблеми при изведбата на капиталните инфраструктурни проекти токму поради непостоењето подземен катастар. Непредвиденото наидување на подземна инсталација за градежните работи значеше непотребно оддолжување, а со тоа и трошење пари - објаснуваат градските власти. Десетина години се зборува за изработка на подземен катастар, но никако да се изработи, иако постојано се најавува. Новите прогнози од Градот велат дека ќе биде комплетиран во 2011 година.

- Изработката на детален подземен катастар на инфраструктурата во Скопје е скап и обемен проект. Важен е заради сите инфраструктурни зафати кои се почнуваат на улиците на Скопје. Во неговата изработка треба да се вклучат повеќе градски и државни институции. Подготовки веќе почнаа, а реализацијата е влезена и во Изборната програма на новиот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски. Според Програмата, до крајот на 2011 година се планира изработка на катастар на водоводната, канализациската, топловодната и гасната подземна инфраструктура, кој редовно ќе се ажурира - изјавија од градското Одделение за односи со јавноста. Катастарот се планира да биде дигитален, за побрзо да се доаѓа до потребните информации, а ќе се иподготвува во соработка со јавните претпријатија.

Трајановски ќе гради тунел од око

Градоначалникот Трајановски нема да го чека подземниот катастар за да ја почне изградбата на тунелот под плоштадот. Капиталните проекти може да се градат и без прецизни шеми.

- Изработката на градскиот подземен катастар е стратегиска определба која треба да се реализира во наредните две години, што не значи дека капиталните проекти предвидени во програмата на градоначалникот ќе бидат одложени. Во самите проектни решенија ќе се преиспитува подземниот катастар - велат од градското одделение за односи со јавноста.

Четирипати скинати електрични кабли

При реконструкција на улицата Теодосиј Гологанов, пред неколку години, електричните кабли биле скинати дури четири пати.

При изведба на инфраструктурата во Реонски центар - Аеродром биле пробиени телефонските и електричните кабли, а истото се случило и при изградба на мостот кај Маџир-маало. Голем дел од граѓаните по неколку дена биле без струја и телефон. Во Горно Лисиче при градењето на фекалната канализација неколкупати беа пукнати водоводните цевки.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A8C688554F18284AA542E24D90164EB6
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Aug-2009 at 14:38
Интересно објаснување за земјишните книги и катастарот има во еден постар текст за денационализацијата објавен во Вест
...
"Тие тапии се правени според пописен катастар, а сегашните податоци што ги користиме се од премерен катастар. Пописен катастар значи: од крушката на југ имотот граничи со Петре, на запад со Станко итн. Премерениот катастар утврдува КП (катастарска парцела) со точно одредена површина. Затоа се соочуваме со проблемот за идентификација. Онаму каде што е жив сопственикот од кого се одземало, може да дојде и да каже, посочувајќи една точка: 'Ова е мое земјиште, тоа почнува од оваа меѓа, од оваа нива'. Тогаш геометрите го идентификуваат земјиштето што е предмет на враќање и без ниакаков проблем тоа земјиште го враќаме. Малку сме претпазливи, бидејќи буквално се се сведува на кажување на граѓанин. Може да се случи да се посочува поатрактивно земјиште. Бидејќи постапката за денационализација е строго писмена, Советот за денационализација и комисиите, согласно Законот, немаат право да изведуваат докази врз основа на изјави на сведоци. Се постапува претпазливо за да не се случи на еден да му вратиме земјиште, на друг не, иако таков случај се уште сме немале. Ова особено може да се случи во оние појаси кои се уште се водат како земјоделско земјиште, меѓутоа се во првиот појас околу градовите каде што веќе се наsираат нови градби и полека се урбанизира"
...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 11-Sep-2009 at 15:16

Предбележување на градбите

Центарот за катастар на недвижен имот деновиве почна со предбележување на објектите кои се во фаза на изградба. Како што информираат од Агенцијата за катастар за недвижен имот, целта на оваа новина е јакнење на правната сигурност во прометот на недвижен имот и спречување можни злоупотреби при прометот на идните градби.

Предбележувањето се врши во листот за предбележување на градба во кој се внесуваат податоци за инвеститорите, за зградите, посебните делови од згради и други објекти, како и податоци за правото на залог на градбата и на сите други правни дела за промет на посебните делови на објектот. Со тоа сите промени што ќе настанат се предбележуваат во листот и на тој начин се избегнува можноста за ист посебен дел од објект што веќе е предбележан на едно лице, да се бара предбележување за друго лице.

По извршеното предбележување, секој заинтересиран субјект може да побара и да добие имотен лист во кој е извршено предбележување дека зградата се гради на предметната катастарска парцела.

Исто така, може да добие и лист за предбележување на градбата. (Б.А.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1C9444A66912914C91DB7BCDD9DF47A9
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 12-Sep-2009 at 00:50
Владата ја намали цената на дворовите на 1 евро за квадрат

Граѓаните и фирмите добиваат можност да го купат државното земјиште на кое имаат изградено свои објекти по цена од едно евро за метар квадратен. Кабинетот на премиерот Никола Груевски се собра во полн состав за да ја соопшти новата владина мерка која стапува во сила веднаш. Освен дворовите, по едно евро за квадрат ќе се продава и земјиштето под и околу колективните станбени згради, објектите за спорт и рекреација, јавните институции и земјиштето околу инфраструктурните објекти, како термоцентрали, трафостаници, водоводи и патишта. Новата мерка не се однесува на земјиштето кое се наоѓа под и околу фабриките.

Цената по која досега се продаваше државното градежно изградено земјиште беше поделена во неколку категории. Најскап беше квадратот во централниот дел на Скопје кој изнесуваше 13 евра.

http://www.time.mk/read/7d2e90b2a9/f7ead0d254/index.html


Конечно ред, целосно ќе се знае кој од каде и до каде има земја и право на неа, сега и власта сигурно ќе заштеди на откупување и легализирање на сопствените дивоградби! Во секој случај излегуваме од комунистичкиот јавашлук кој колективно владеел со урбанизмот во минатото http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=18583#18583 

Само не ми е јасно ЕВН како ја третираат во случајов и дали има право да си откупи тоа земјата под трансформаторите која беше спорна при пописот на Ламбе, ако им допуштат и ним да се стокмат може ова да значи и рака за помирување од страна на власта, што малку е далеку од умот но преродба и се е можно Question
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 12-Sep-2009 at 03:56
Власта воопшто и не откупува сама од себе. Тамо работата многу лесно иде и со одлука на влада се трансформира сопственоста на земјиштето, ормално со тоа што се слеваат пари и во општините.Јавашлукот повеќе би го сместил во доментот на катастарот а не во урбанизмот. Барем во тоа поранештното време организирансота во урбанизмот ја оценувам како доста многу подобра него оваа мтна ситуација денеска, додека за сопстевноста на земјиштата и катастаор сум потполно согласендека владеел јавашлук, неорганизираност, описен катастар и три други чуда што денеска ако ништо друго барем имаме технологии и можност да ги оправиме.

А за ЕВН логично би било да го откупи земјиштето под трансформаторите, само голема замка ќе излезе ос оние трансформати кои се по дворови по туќи земјишта , по ниви. Но па од друга страна ЕВН како сопственик на одредено земјипште ќе има законска можност за непречен пристап до своето земјиште и нема повеќе да гледаме сцени од ранчери како си играат мајтап со цели села и населби.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 12-Sep-2009 at 13:17

Не би рекол дека со одлука може за сите зданија и во еден здив се да стокми, затоа и на овој начин без многу помпа ќе си ги среди тапиите.

Инаку катастарот е последното свирало на кавалот, се почнува токму во и со урбанизацијата, бидејќи доколку некој издал градежна дозвола реално тој објект потоа и би се впишал во катастар, така врти сучи во глобала цела тогашна власт била со партизански пристап, плукни залепи закачи абе важно се истера на крај работата.

А за ЕВН има доста отворени недоумици, допрва ќе чуеме дали оваа одлука на власта ќе ја оправи ситуацијата и кај нив, сепак не се работи за било која фирма и било кој инвеститор, во случајов кој ни е турбо закачен судски, ова без некаков компромис тешко дека ќе помине и со нив !?

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 12-Sep-2009 at 13:36
Епа ваљда конечно ние како јавност ќе дознаеме што све се продаде кога се пордаваше ЕВН. Тоа ни тие што го продадоа незнат што продадоа па сега има како некоја мутна зона во договорот и не се знае што се продало. Мене колку тшо ми е познато земјиштето под трансформаторите не е продадено идопрва ќе треба. Е сега може ова ќе биде некој начин да се удри по ЕВН, за што искрено после целиов притисок што ни го направија и нема баш да ги жалам. Злоупотребија и судство и дипломатија и во непријатна ситуација ја ставаат и нашата и австриската влада, само затоа што некој ги тужел (не судска пресуда), туку зашто се тужени. За барање таков имунитет да воопшто неможе никој нив да ги тужи. Сега многу забегав настрана, ама муабетот ми беше дека вероватно ќе се обидат и со транформаториве да смутат нешто, барем таков впечаток имам.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 26-Oct-2009 at 19:13

Катастарот ќе ги подобрува услугите


Ние ќе добиеме два милиони и шестотини илјади евра. Се појави можност за оваа нова донација оти претходно бевме оценети како институција која успешно ги заврши своите проекти. Ја добивме оваа помош преку шведската амбасада изјави Љупчо Георгиевски, директот на агенцијата за Катастар на недвижности

Ова е почеток на третата фаза од проектот. Мислам дека е многу важно да се каже дека функционирањето на катастарот на пазарот на недвижности во Македонија, но и во другите земји е важен предзнак за функционирање на финансискиот пазар. Тоа е важен дел за привлекување на странски инвеститори. Задоволни сме што можеме да ја финансираме третата фаза од оваа успешна соработка изјави претставник од шведската амбасада
26.10.2009, 17:59


http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=54746
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 20-Dec-2009 at 23:33






http://webgis.katastar.gov.mk/arec/

Агенцијата за катастар со нова интернет услуга со 2Д и 3Д функционалности

Станува збор за АКН - ГИС порталот со 2Д и 3Д функционалности преку кои се добива графички приказ за одредена парцела со податоци за самата недвижност, како и тридимензионален приказ на теренот во кој се наоѓа објектот. Сервисот овозможува да се види и конфигурацијата на теренот, односно релјефот и поставеноста на бараната недвижност во просторот, како и да се прочита надморската височина на која било точка на теренот.На потенцијалните корисници порталот им нуди можност за увид во ортофото и топографски карти во различни размери и години на снимање, можност за креирање сопствена геометрија и размена на документи, можност за читање и преземање точки од геодетската мрежа за различни геодетски мерења, увид и пребарувањето по координати за која било точка од територијата на државата, односно парцелата да ја лоцираат на графиката преку координати добиени со GPS уредот и да го видат нејзиниот број.http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/agencijata-za-katastar-so-nova-internet-usluga-so-2d-i-3d-funkcionalnosti

 за да ги видите објектите во 3д откако ќе одберете град и катастарска општина, треба да ги активирате  останатите опции во менијата од десна страна, во десниот панел покрај основното мени тука се и: 1.менито за слоеви  каде има опции за 3д, ортофото, број на парцела, потоа 2.менито за изохипси и 3.менито за 3д параметри во кое може да се менува транспарентноста на 3д објектите, квалитетот-приказот на 3д објекти на картата во однос на зумот и висината-обемот на објектите и рељефот http://webgis.katastar.gov.mk/arec/help/arec_users_guide_mk.html  






Edited by Max - 07-Aug-2012 at 13:51

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 05-Jan-2010 at 17:47

Катастарските услуги поевтини до 72 проценти





 

Агенцијата за катастар на недвижности од почетокот на месецов ги намали од 10 до 72 проценти износите на надоместоците за најчесто бараните услуги за запишување во катастарот на недвижности и за издавање податоци за правни и за физички лица

 

 
%20  
Според новите цени, за запишување катастарска парцела се плаќа по 350 денари, наместо 500 денари како досега, а за деловна просторија, резервоар, силос со внесување на габаритетот на објектот по 500 денари, што е за 750 денари помалку од старата цена. Се намалува и цената на услугата за запишување семејна станбена куќа со подрум и гаража, од 500 на 450 денари. Новата цена за впишување еден посебен дел од зграда е 350 денари, наместо досегашната 500 денари. За впишување една деловна просторија за еден кат во комерцијални, индустриски, деловни, инфраструктурни, административни, спортски и културни објекти се плаќа по 350 денари. Старата цена на таа услуга изнесуваше 1.250 денари. Непроменет останува надоместокот за издавање имотен/поседовен лист, за кој се плаќа по 125 денари.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1510100486&id=10&prilog=0&setIzdanie=21878
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 14-Apr-2010 at 19:37

Катастарот доби признание за реформите

Скратеното време потребно за заверка на имот во Катастарот, големиот број недвижности влезени во катастарската евиденција, намалените цени за услугите, како и удвоените постапки за откуп, продажба или префрлање недвижности, се главните реформи спроведени во Агенцијата за катастар на недвижности изминативе години поради кои институцијата доби награда од Светската банка.

Проектот за реформи во македонскиот Катастар е еден од 12. победници на натпреварот „Подобрување на животот на луѓето во Европа и во Централна Азија“, на кој учествуваа 282 проекта финансирани од Светската банка. Освен Македонија, признанија добија и проекти од Ерменија, Азербејџан, Бугарија, Грузија, Киргистан, Молдавија, Таџикистан, Латвија, Русија, Турција и од Украина.

Постојаниот претставник на Светска банка во земјава, Маркус Репник, истакна дека Катастарот го добил признанието поради постигнатите резултати со реформите при регистрацијата на имот, како и поради внесените иновации во работењето. Според Репник, речиси 98 отсто од имотите во земјава се внесени во евиденцијата на Катастарот, за разлика од пред пет години, кога биле евидентирани 43 отсто. Трансакциите со недвижности лани биле удвоени на 100.000, наспроти 50.000 претходно. (Д.Т.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C618D91867810F48B79957E2DD95EF14
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 12-May-2010 at 17:17
Дванаесет милиони долари за дигитализација на катастарот на недвижности http://www.katastar.gov.mk/images/logo.pngБордот на директори на Светска банка вчера одобри 12 милиони долари дополнително финансирање за Проектот за реформи во катастарот и регистрација. Дополнителното финансирање, како што се наведува во денешното соопштение, ќе помогне во продолжувањето на реформите во катастарот и ќе ги надгради досегашните постигнати резултати. Со дополнителните финансиски средства ќе се помогне во дигитализацијата на постоечките катастарски мапи и планови и ќе се направи овие графички информации достапни за граѓаните, приватниот и јавниот сектор, преку интернет. Ќе ја подобри точноста и ефикасноста на премерот преку комплетирање и надградба на државната геодетска референтна мрежа и ќе ја поддржи Владата во изготвувањето на Стратегија и почетокот на имплементацијата на Националната инфраструктура на просторни податоци.

Дополнителното финансирање ќе го помогне и модернизирањето на работниот процес во Управата за имотно-правни работи при Министерството за финансии, со цел пружање на поефикасни и побрзи услуги на граѓаните.Со востанувањето на катастарот на недвижности, приоритетите на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) се насочени кон натамошно подобрување на услугите поврзани со рагистрацијата, подобрување на квалитетот на податоците и подобрен пристап до податоци преку интернет, се наведува во соопштението во кое се додава дека главните препреки за постигнување на наведените подобрувања се хартиениот формат на катастарските мапи и графичките податоци, како и некомплетната и застарена национална геодетска референтна инфраструктура, што лошо влијае врз ефикасноста и точноста на премерите.

- Сите се согласуваат дека ефикасен катастарски систем и развиени земјишни пазари се клучни фактори за привлекување странски и домашни инвеститори, рече Викторија Стенли, водач на тимот на Светска банка што го дизајнираше проектот.Според неа Проектот помогна во востановувањето на катастарот на недвижности и изградбата на капацитетот на Агенцијата за катастар на недвижности и сега има можност да се надградат постигнатите резултати и да се преземе следниот чекор. (МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2051&Itemid=125
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 31-May-2010 at 17:24
Почна со работа електронскиот Катастар
 
Од вчера официјално почна да работи електронскиот систем за Катастар. Засега е достапен за територијата на Скопје, а во блиска иднина се очекува да профункционира и во останатите градови од државата  

 
%20  
Проектот чинеше околу 320 илјади евра, средства обезбедени од буџетот на Катастарот и на него се работеше неполни две години.

Според вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, со воведувањето на е-Катастарот значително ќе се зголеми сигурноста на податоците и ќе се овозможи поефикасна услуга за граѓаните.

- Сигурноста на податоците ќе биде значително зголемена бидејќи во реално време ќе се има пристап до базата на податоци. Со тоа и работата и процедурите во самиот Катастар се значително забрзани, така што очекуваме и подобра услуга. Овој проект е еден од клучните за креирање ефикасна бизнис-клима, особено во делот на работата со недвижностите и воопшто за целиот градежен сектор - истакна Пешевски.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=531101045327&id=10&prilog=0&setIzdanie=21995

Edited by Cloverstack - 31-May-2010 at 17:24
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 24-Sep-2010 at 20:10
Девет милиони евра за Катастарот

Светската банка денес додели дополнителни девет милиони евра за продолжување на реформите во македонскиот катастар преку проектот „Катастар на недвижности и регистрација“. Заемот треба да се врати во наредните 25 години со осум години грејс период и каматна стапка од шестмесечен либор за евровалута со варијабилен распон која моментно изнесува 1,2 проценти.

Средствата треба да помогнат во дигитализацијата на постоечките катастарски мапи и планови и достапност на овие графички информации до граѓаните и приватниот и јавниот сектор преку интернет. Ќе се подобрат и точноста и ефикасноста на премерот преку комплетирање и надградба на државната геодетска референтна мрежа, а предвидена е и модернизација на работниот процес во Управата за имотно-правни работи при Министерството за финансии со цел нудење поефикасни и побрзи услуги за граѓаните.

Според министерот за финансии Зоран Ставрески, кој во име на Република Македонија го потпиша договорот со Светската банка, Катастарот на недвижности е воспоставен во 99 проценти од катастарските општини, а последните неколку години енормно е зголемен бројот на запишаните купопродажби, хипотеки и други трансакции, што укажува и на подобрување на ефикасноста во одржување на катастарот. Воедно времето за регистрација на купопродажба е скратено од 60 на пет дена.

http://www.build.com.mk/?p=5028

Edited by build.mk - 24-Sep-2010 at 20:11
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.113 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.