build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Подземен и надземен катастар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 18-Oct-2010 at 13:24
НЕИЗВЕСНА Е РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ДОЛГОНАЈАВУВАНИОТ ПРОЕКТ
Без закон нема подземен катастар

Даниела Трајковска

Скопје се уште нема подземен катастар, иако неговото постоење е неопходно, а неговата реализација се најавува со години. Дигиталниот катастар на подземната инфраструктура би бил од голема полза за граѓаните, а особено за инвеститорите и за градежните компании. При секоја изградба би можело да се добие план на подземните инсталации што се наоѓаат на одредена парцела од еден центар, без притоа да се оди од една до друга институција и да се собираат истите информации со месеци. -За да градам куќа, треба да поминам низ сите институции за да дознаам дали на таа локација има некоја мрежа. Па, така, трчам од Водовод, во ЕВН, па во „Телеком“, и така до бескрај. За да ги добијам сите информации, треба да чекам со денови, а може и со месеци - вели Сашо П. Градот премногу амбициозно, но не доволно подготвено, му пристапи на овој проект. Рокот за реализација на подземниот катастар е до септември наредната година, но ништо од неговата реализација се уште не е почнато. Портпаролот на Градот Неделчо Крстевски вели дека се уште не е донесен закон, со кој би било можно да се користат скиците за подземната инфраструктура на „Телеком“, ЕВН или на „Топлификација“. Со тоа се доведува во прашање и самата реализацијата на проектот бидејќи градот може да ги користи само информациите на јавното претпријатие „Водовод и канализација“. - Град Скопје подготвува соработка преку размена на просторни податоци од јавните претпријатија основани од градот. Со оваа соработка очекуваме прием на податоците за подземниот катастар во надлежност на јавните претпријатија. Додека за информациите од приватните претпријатија, кои се иматели на просторни податоци, како „Телеком“, ЕСМ-ЕВН, „Топлификација“, треба да се создаде законска претпоставка за нивно користење - изјавија од Градот. Истата информација ни ја потврдија и од „Телеком“. Според нив, идејата е навистина добра, меѓутоа, како што велат, бидејќи информациите со кои тие располагаат за сопствената инсталација се доверливи, не можат да ги дадат на Градот, се додека за таа проблематика не се донесе законска рамка. - Со задоволство би учествувале во проектот, меѓутоа, додека не се донесе законот, невозможно е да ги дадеме нашите доверливи информации за подземната мрежа - изјавија од „Телеком“. Од Град Скопје велат дека решавањето на подземниот катастар бара соработка меѓу државната и локалната власт, јавните претпријатија и институции, основани од државата и од приватни компании, кои се иматели на податоците за подземната инфраструктура. Од Агенцијата за катастар на недвижности немаат никакви информации за тоа дали надлежноста за подземната инсталација ќе биде нивна.http://www.time.mk/read/NONE/3559b9e19e/index.html

Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1941
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 10-Nov-2011 at 02:05
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8311844153&id=10&prilog=0&setIzdanie=22346
 

Подземен катастар за повеќе надземни инвестиции

 

Во изготвувањето на подземниот катастар ќе учествуваат сите фирми и претпријатија што имаат свои подземни инсталации, а исто така голем дел имаат и своја база на податоци за она што го поставувале под земја изминатите години, па и децении



http://vistinomer.mk/%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80/
 

Закон за подземен катастар

 

Ветување:

Со донесување на Законот за подземен катастар ќе се овозможи евидентирање и запишување на право на сопстве-ност на сите подземни инфраструктурни водови. Со овој проект на идните инвеститори им се овозможува поголема прегледност на подземните инфраструктурни водови, со што се олеснува постапката за добивање на одобрение за градење и се овозможува поефикасна реализација на идните инвестиции. Исто така, се овозможува искористување на подземните инфраструктурни водови од страна на нивните сопственици при добивање на кредити, можност за ставање под хипотеки и сл.

Р о к з а д о н е с у в а њ е н а з а к о н о т : o к т о м в р и 2 0 1 1 г о д и н а .

Р о к з а и м п л е м е н т а ц и ј а : д е к е м в р и 2 0 1 4 .


 
Првата статија од Нова Македонија е од 3 август 2011.
 
Сега сме ноември 2011.
 
Дали некој има информација околу тоа дали се има случено нешто ново околу донесувањето и почетокот на имплементацијата на законот за подземен катастар ?
 
Моја претпоставка е дека ништо ново се нема случено, но сепак еве, можеби грешам, па затоа прашувам.
 
На темите Трамвај Скопје (LRT) и Скопје 2020 / Скопје 2020 се прави муабет за метро, а ништо од тоа не е возможно и ќе остане така се додека не се усвои закон за подземен катастар и се додека истиот не се имплементира целосно најдоцна до 31 декември 2015, доколку воопшто планираме во 2020 година скопскиот јавен превоз да биде организиран онака како што дискутираме во темите Трамвај Скопје (LRT) и Скопје 2020 / Skopje 2020.
 
А за оптички Интернет и други инвестиции кои имаат потреба од подземен катастар па да не правиме муабет.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1941
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 28-Sep-2012 at 12:18
Нови ветувања и нови датуми, а се останато по старо.
 
http://www.sitel.com.mk/vladata-go-najavi-proektot-podzemen-katastar
 

Владата го најави проектот "Подземен катастар"

 
28. септември 2012 - 12:30
 
Приватните и државните компании ќе добијат сопственост на подземните инсталации. Преку законски измени или комплетно нов закон  ќе се овозможи  засновање право на сопственост врз подземната инфраструктура  и ќе може да се добие имотен лист за сопственоста по тој основ, најави денеска  на прес-конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.
 
Проектот за воведување подземен катастар и негово електронско функционирање, што го почнува Владата,  според Ѓорѓиев, е од исклучителна важност за граѓаните и за компаниите и исполнување на уште едно ветување.
 

 
Со реализацијата на проектот, појасни, ќе се зголеми вредноста на компаниите и можноста за располагање со инфраструктурата во правниот и економскиот промет, но и алатка за обезбедување нови средства. При градењето ќе се знае каква инфраструктура има на теренот за подземните градби и ќе може да се утврди нивната точна местоположба.
 
За инвеститорите ќе значи точна информација при планирање, безбедност при градба, помали трошоци. Одобренијата за градба ќе може да се издаваат побрзо затоа што ќе биде позната состојбата на теренот, што ќе биде од корист за граѓаните и инвеститорите, посочи владиниот портпарол.
 
Според акцискиот план за реализација на проектот што го усвоила Владата, македонската Агенција за катастар на недвижности  ќе го воспостави подземниот катастар  преку искуствата на Словенија, Литванија, Холандија и од Шведска. Во тие држави веќе се обучуваат стручни лица од Агенцијата. Најдоцна до октомври ќе се изготви физибилити студија за воспоставување подземен катастар, а до крајот на годината измени на законот за катастар на недвижности или пак комплетно нов закон за инфраструктурни градби. Во активностите ќе бидат вклучени Заедницата на единиците на локалната самоуправа и стопанските комори.
 
Владиниот портпарол појасни дека со добивањето сопственост за подземните инсталации ќе се зголеми вредноста  и на државните и на приватните компании. Тие ќе може да располагаат со таа сопстевност, да ја користат како хипотека или како покритие, што ќе ги подобри нивните перформанси.
 
Се планира по донесувањето на законот во текот на следната година Агенцијата за катастар на недвижности  да воведе електронски катастар и на подземните градби. Така ќе има точна информација дали на определена парцела има подземни водови, на која длабочина се, за каков вид вод станува збор. Ако нема водови на таа парцела, подземниот катастар на потенцијалните инвеститори ќе им даде информација на која оддалеченост е најблискиот вод за струја, телефон, водовод, пат, гас. Ќе  се зголеми и безбедноста при изведување градежни работи.
 
За  да се реализира електронското катастарско впишување на инфраструктурните објекти и за нив да се издава имотен лист, според Ѓорѓиев, ќе се изврши скенирање и снимање на подземната инфраструктура. Владата за таа намена на општините ќе им обезбеди финансии.
 
Комплетно проектот за воведување катастар на инфраструктурни градби ќе биде воведен во функција  во 2013 година по што ќе започне процесот за запишување на постојните инфраструктурни градби што се очекува да трае во наредните неколку години. За новите градби инвеститорите ќе имаат законска обврска да ги запишат во катастарот.

Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 11-May-2016 at 18:18

бре 4 години без абер во нишкава, патем имаме и нов геодетски портал

09.04.2016 - Македонија доби регистар на градежно земјиште

Регистарот е изработен по тригодишна работа на експертски тим составен од претставници од надлежните институции и за него се инвестирани 250 илјади евра обезбедени од Буџетот на Агенцијата за катастар на недвижности.
Регистарот е достапен за професионалните корисници како што се планерските куќи, Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за планирање на просторот, општините и геодетите, а од јуни годинава ќе биде достапен за користење и за граѓаните и за бизнис заедницата.

– Досега во Регистарот се внесени 477 урбанистички планови и урбанистичко планска документација доставени од општините. Упатувам апел општините кои сеуште не доставиле урбанистички планови во сила, тоа да го направат во најкраток можен рок, истакна денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески.

Бенефит од оваа нова алатка на Катастарот ќе имаат сите инволвирани страни почнувајќи од планерите до општините и граѓаните. Со него се овозможува брз и едноставен пристап во секое време до урбанистичката планска документација, следење на реализацијата на урбанистичките планови, како и можност граѓаните во секое време да видат што е планирано да се гради на нивната парцела…

Претставници од Комората на овластени архитекти и инженери изразија задоволство од новата алатка која им е ставена на располагање оценувајќи дека Регистарот претставува нов импулс за геодетските компании и унапредување на постапката за проектирање.

http://georeport.mk/archives/718


Регистар на цени и закупнини на недвижностите

Агенцијата за катастар на недвижности на 18 март 2015 година го воспостави Регистарот на цени и закупнини со што им се овозможи на граѓаните на Република Македонија пристап до сите информации поврзани со трансакциите на недвижниот имот. Преку ГИС порталот на Агенцијата, граѓаните можат да ги добијат сите информации за одредена трансакција, односно нејзината микролокација, катастарската општина на чија територија е извршена трансакцијата, типот на трансакцијата (продажба, закуп итн.), вредноста, валутата во која е изразена вредноста, површината на парцелата и датумот кога е реализирана трансакцијата.

До почетокот на имплементацијата на Регистарот на цени и закупнини на недвижностите, сите физички или правни лица кои сакаа да купат или да продадат имот, или да дадат или земат под закуп недвижен имот, се соочуваа со проблемот на недоволен број податоци и информации за цените од пазарот на недвижности и се потпираа на несигурни и неофицијални податоци од луѓе или правни лица кои купуваа или продаваа имот.





За да се овозможи јавен пристап до овие информации, Агенцијата за катастар на недвижности најпрво направи анализа на состојбите во Република Македонија и измени на Законот за катастар на недвижности. Со измените на Законот за катастар на недвижности усвоен во април 2013 година („Службен весник“ 55/2013), Агенцијата е надлежна за воспоставување на системот за масовна проценка. Реализацијата на проектот започна со изготовка на Студијата за воведување на системот за масовна проценка на недвижностите во Република Македонија од експертот Душан Митровиќ од Република Словенија, кој заедно со одбран тим од Агенцијата започна со работа во септември 2013 година. Студијата овозможи детални насоки за воспоставување на системот за масовна проценка, детаљна анализа на состојбата во Република Македонија, пред сѐ во делот на пазарот со недвижности, како и наплата на данокот на имот и промет, детален акциски план со зацртани активности за да се воспостави систем за масовна проценка на недвижностите. Еден од главните проблеми кои произлегоа од направената анализа беше малата транспарентност на пазарот со недвижности, односно малиот број информации за јавноста во врска со недвижностите, нивната вредност, карактеристиките, како и информациите за атрактивноста на одредена локација.

Со цел да се зголеми транспарентноста на пазарот на недвижности се направија промени во Законот за катастар на недвижности („Службен весник“ 115/2014) усвоени во август 2014 година со што Агенцијата стана надлежна за воспоставување и одржување на Регистарот на цени и закупнини. Регистарот на цени и закупнини претставува јавен регистар во кој се евидентираат сите трансакции со недвижностите, цената која е содржана во правниот основ за промет со недвижностите, како и други податоци содржани во изјавите кои ги даваат продавачите/закуподавците на недвижноста заверени кај нотар.

Во март 2015 година, начинот на водење, формата и содржината на Регистарот на цени и закупнини и формата и содржината на изјавата дадена од продавачот/закуподавецот заверена кај нотар се уредени во Правилник за начинот на водење, формата и содржината на регистарот на цени и закупнини и формата и содржината на изјавата дадена од продавачот/закуподавецот заверена кај нотар, објавен во „Службен весник“ на РМ бр. 40 од 13.3.2015 година и Правилник за изменување на правилникот за начинот на водење, формата и содржината на регистарот на цени и закупнини и формата и содржината на изјавата дадена од продавачот/закуподавецот заверена кај нотар објавен во „Службен весник“ на РМ бр. 64 од 21.4.2015 година.

Во овој период беше воспоставено и Одделението за масовна проценка на централно ниво како составен дел на веќе постоечкиот Сектор за геоматика. Во одделението работат 5 референти кои се задолжени за верифицирање на секоја трансакција одделно, како и за одржување и ажурирање на Регистарот на цени и закупнини.

По воспоставувањето на сите технички и правни услови, на 18 март 2015 година, со првиот упис на трансакција за купопродажба беше воспоставен Регистарот на цени и закупнини.

Во период од 4 месеци, односно од 18.3.2015 до 17.7.2015 година, во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани 7233 трансакции низ целата територија на Република Македонија кои се однесуваат за купопродажба на недвижности, закуп на недвижности, откуп од Република Македонија, продажба преку лицитација и купопродажба од инвеститор. Доколку го поделиме бројот на трансакциите по типови трансакции, тогаш може да се забележи дека 55%, односно 3994 трансакции се продажба на недвижности, 42% односно 3008 трансакции отпаѓаат на закупите и мал дел, односно 123 отпаѓаат на откуп од Република Македонија, 98 на продажба на недвижности од инвеститори и само 10 трансакции се однесуваат на продажба преку лицитација.

Покрај граѓаните, од овој регистар голема полза ќе имаат и огромен број институции и приватни бизниси. За таа цел е потпишан Меморандум за соработка со Комората на проценувачи на Република Македонија, со која ќе се воспостави и база на проценки на недвижностите во Република Македонија.

Соработката помеѓу Комората на проценувачи на РМ и Агенцијата за катастар на недвижности ќе се реализира преку:

  • воспоставување и одржување на базата на процени;

  • учество во пилот-проект за масовна проценка на недвижности;

  • спроведување обуки од областа на процената, односно масовната проценка на недвижностите;

  • доставување податоци кои можат да бидат од значење за работата на Комората и на АКН;

  • други активности од заеднички интерес кои произлегуваат од надлежностите на двете институции;

  • со цел имплементација на Меморандумот за соработка, АКН ќе ја воспостави и ќе ја одржува базата на процени и ќе обезбеди бесплатен пристап на проценувачите до базата.


  • При изготвувањето на процените, проценувачите кои се членови на Комората ќе можат бесплатно да ги користат податоците од базата на процени.

  • Извештај од регистарот на цени и закупнини за периодот 18.3.2015 - 31.8.2015 година(.pdf)


  • http://www.katastar.gov.mk/mk/Page.aspx?Id=606&m=1673

    HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
    Back to Top
    beTon View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 25-Jun-2008
    Online Status: Offline
    Posts: 3553
      Quote beTon Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 26-Jun-2016 at 18:09

    Ало Катастар, а едно две три рекламни кампањи ако може

    Контакт центарот функционира од мај 2014 година и досега има примено 48.510 повици од кои за 24.420 повици веднаш е дадена потребната информација која ја барале граѓаните што се јавиле. [1]


    Три нови услуги на контакт-центарот на Агенцијата за катастар на недвижности

    Три нови услуги на контакт-центарот промовираше во среда Агенцијата за катастар на недвижности(АКН).
    Станува збор за Онлајн-исправка на техничка грешка, Закажи состанок и Модул „Кампања“.

    Онлајн-исправка на техничка грешка овозможува граѓаните по електронски пат, преку е-пошта info@katastar.gov.mk или преку бесплатната телефонска линија 0800-80-800 да пријават техничка грешка на податоците во Катастарот, со што таа ќе биде разгледана и исправена, а граѓанинот ќе биде благовремено информиран.

    „Втората новина ‘Закажи состанок’ овозможува граѓаните само со еден повик на бесплатната инфо-линија 0800 80 800 да закажат состанок со раководно лице од Катастарот во точно утврдено време со кое ќе може да изврши консултации во врска со предмет од интерес на граѓанинот или стручен совет за решавање на некој имотно-правен проблем“, соопшти директорот на Катастарот Славче Трпески.

    Третата новина, новиот модул „Кампања“ овозможува масовно информирање на клиентите за одредени теми, новости, промени итн.

    Според Трпески, целта за формирање на новите сервиси и модули е граѓаните и бизнис-заедницата да ги добијат услугите од Катастарот на брз, ефикасен и економичен начин.

    http://makfax.com.mk/ekonomija/makedonija/tri-novi-uslugi-na-kontakt-centarot-na-agencijata-za-katastar-na-nedviznosti


    Back to Top
    +Protagorist View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 01-Nov-2012
    Online Status: Offline
    Posts: 3553
      Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 24-Feb-2017 at 23:59

    Граѓаните и компаниите од денеска ќе имаат он-лајн увид во сите урбанистички планови - http://build.mk/graganite-i-kompaniite-od-deneska-ke-imaat-on-lajn-uvid-vo-site-urbanistichkite-planovi/

    ~

    drugovo info go imame i tuka na nasiov portal no me iznenadi ostroumniov infografik na utrinski sklepan za elektronski nepismenite sogragjani
    za sleden novitet ostanuva samo 3d fly-through i za podzemniot katastar kolku odma da ima coek predstava kade i kako da se prikluci najlesno na komunalnite instalacii, kolku i toa da e bezbednosno rizichno

    ЗГРАДИТЕ И ПАРЦЕЛИТЕ ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВУВААТ ВО ТРИ ДИМЕНЗИИ

    За околу три години ќе биде воведен 3Д-катастар на недвижностите, за што се потребни законски измени, со што ќе се воведе 3Д-парцела и волумен наместо квадратен метар



    Наскоро недвижностите во државата ќе бидат претставувани во три димензии. Од Агенцијата за катастар на недвижности информираат дека за околу три години ќе биде воспоставен 3Д-катастар за станбените згради и за парцелите. За воведувањето и одржувањето на тридимензионалниот катастар ќе се користат искуства од холандскиот катастар преку ТАИЕЏ програмата на Европската комисија.

    „Воведувањето трета димензија во приказот на недвижностите ќе овозможи поедноставно разбирање на границите на правата врз недвижностите што ќе создаде поедноставна слика на тоа кој и што има, на кој начин го употребува и до каде се простираат неговите права врз соодветната недвижност, како во длабочина на земјата така и во висина“, рече денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески.

    Прв чекор кон 3Д-катастарот годинава ќе бидат воведување на висината при премерот на објектите, геореференцирање на етажните скици, како и електронско издавање податоци за нив. Целиот процес треба да овозможи воведување нови просторно дефинирани единици, како што се 3Д-парцела, волумен на кат и стан, да се олесни процесот на идентификација на дел од зграда и да се подобри визуализацијата на регистрираните недвижности. За активностите ќе биде потребна промена на законската рамка, со што ќе се овозможи воведување 3Д-парцела и волумен наместо квадратен метар.

    Според имплементаторот на експертската мисија, Клас ван дер Хок од холандскиот Катастар, Агенцијата за катастар на недвижности е на вистински пат да воспостави 3Д- катастар за три години. „Во однос на 3Д веќе имате многу податоци, но само како дводимензионални парцели, или како 2Д-модел и атрибути. Предизвикот е реалниот свет да се направи видлив и да се визуализира во системот. Се надевам дека холандскиот Катастар ќе може да ви помогне да го направите вистинскиот чекор“, рече Хок.

    Воспоставувањето 3Д-катастар претставува тренд на истражување во современите и развиените земји од Европа и во светот. Како што рече директорот Трпески, стремежот за воспоставување функционален 3Д-катастар е резултат на високоразвиените пазари на недвижности кои ги менуваат правилата на живеење и потребите од воведување нови пристапи во начинот на регистрација на недвижностите и правата врз нив.

    http://utrinski.mk/?ItemID=C5706D22B9486C43A9DA34509E6F4912


    Edited by +Protagorist - 01-Mar-2017 at 23:59
    HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
    Back to Top
     Post Reply Post Reply Page  <12

    Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



    This page was generated in 0.078 seconds.

    Copyright ©2007 - 2018  build.mk

    Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.