build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Кисела Вода и Сопиште
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кисела Вода и Сопиште

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Кисела Вода и Сопиште
    Posted: 22-Dec-2008 at 17:10
еве една слика од објектот што е кај шампионче т.е на ул.огњен прица мислам беше.кај што се одрони земјиштето пред некое време,незнаев кај да ја стаам сликава па тука.Laugh


Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-Dec-2008 at 18:04
Си требал да го сликаш рендерот, 2 метра подоле е... Не е ништо посебно но би требало да се документира тоа
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 22-Dec-2008 at 18:11
pa bev vo dvizenje i onaka samo izbaciv raka i sliknav so tel.Big%20smile
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 28-May-2009 at 13:56
Еве ги оние двата објекта во Кисела Вода на Огњан Прица кај што се свлекуваше земјиштето кај овој првиот. Ќе има и рендери ако пројдам, прееска беше гужва пред рендерот зашто се работеше...








Edited by lslcrew - 28-May-2009 at 14:00
Back to Top
KraFT View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote KraFT Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 01-Jul-2010 at 07:34
 
 
Еkoлошки проект од отворен тип:
Сопиште – Дајмонд Парк - 150 илјади квадратни метри станбен простор.
 
- 400 стана , од педесетина квадрати па нагоре, со околу 1000 до 1200 нови жители.
тениско игралиште, комбинирано игралиште за кошарка и мал фудбал, голем базен, црква, во комплексот ќе има современ маркет, ресторан, кафе-бар, градинка, спа-центар
 
Еkoлошки проект од затворен тип:
Долно Соње - Резиденцијален Луксузен Комплекс 
 
- Луксузни вили за  живеење. Мал хотел, Голем спа-центар, ергела за коњи, голем паркинг-простор, три-четири ресторани, патека за прошетка до крстот на од затворен тип, а однадвор ќе може да доаѓаат само оние што ќе бидат членови.
 
Овие информации ги најдов во еден пдф на сајтот на општина Сопиште.
Има интервју со директорот  НА ФЗК „ИНВЕСТМЕНТ ГРОУП ЛТД“ .
Проектант е ДСЦ ДИзајн. 
Ако некој знае нешто дополително за ова, се надевам дека ќе сподели.
 
КраФТ
 
 
 


Edited by KraFT - 15-Aug-2011 at 14:42
Back to Top
KraFT View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote KraFT Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 01-Jul-2010 at 07:50
 
Панорами на Сопиште и Долно Соње.
 
Кликнете и зумирајте. Сликите се поголеми.
 
На третата панорама се гледа убаво брдото....
Ако сум разбрал убаво, под предавателот над општината во правец кон  Скопје на север. ( Лево кон елките ).
 
1 Север кон Југ  - Поглед кон Долно - Соње
 
 
2. Север кон Југ  - Поглед кон Долно - Соње
 
 
3. Север кон Југ  - Поглед кон Сопиште и  Ракотинци .
 
 
 


Edited by KraFT - 01-Jul-2010 at 08:27
Back to Top
KraFT View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote KraFT Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 01-Jul-2010 at 08:32

Еве и некои политички активности што укажуваат за сериозноста на проектот. Претпоставувам дека се однесува за овој проект...

КраФТ 

_______________________________________________________________________

ДОМ реагира на урбаната окупација на Сопиште

Коментари (0)   
27.06.2010 16:33
Тони Ристов
 

ДОМ реагира на обидот на неколку градежни фирми да направат урбана окупација на општина Сопиште со згради од пет ката.

За таа цел тие од локалната самоуправа бараат да го смени деталниот урбанистички план кој сега предвидува индивидуални станбени објекти.

„Апелираме до локалната самоуправа да го зачува Сопиште како зелена општина и да се придржи на декларацијата за зелени општини, која ДОМ ја предложи веднаш по локалните избори во 2009-та година. ДОМ ги охрабрува градоначалникот и советниците да не потклекнат под притисокот на урбаната машинерија и да не дозволат оваа убава рурална општина да се претвори во квази град.

- Изградбата на високи згради во Сопиште би бил само првиот чекор, по него би дошла изградбата на пат преку Водно, проследено со сечење на широк појас од шумата, на крајот би имале целосно дивеење на Водно и во Сопиште, а градот Скопје би продолжил да се шири неконтролирано во интерес на десетина луѓе од урбаниот бизнис, а на штета на Скопјани, Скопје и Македонија“, рече Тони Ристов, ДОМ.



Edited by KraFT - 01-Jul-2010 at 08:43
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 01-Jul-2010 at 15:53
Кај нас има некоја чудна тенденција да сатанизираме нормално ширење на градовите. Што има лошо во овие резиденцијални комплекси. Самите зборат тоа дека Скопје бил проектиран за незнам колку луѓе (како да денеска немаме проектанти што треба да одговорат на новите потреби и да го репрограмираат градот и како да тој план е догма па мора да остане вечен), а забораваат дека токму за натаму има проектирано тунел под Водно.
Back to Top
KraFT View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote KraFT Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 05-Jul-2010 at 09:20

Викендов скокнав до Сопиште ме заинтересираа двата  проекта.

- Споменатите два проекта во билтенот на општината воопшто не се поврзани со фрлањето лопата од градоначалникот иако не само што сликата се става во контекст на двата проекта туку и е со текст посебно напишано дека се темелите од Дајмонд.
 
Сликата од текстот е од проектот na инвеститорот "Мартинили".
Еве ја панорамата од тоа место  а горните два проекта незнам каде ќе се, иако не би требало да се далеку од овде.
 
 
 
 
 
 
 
 


Edited by KraFT - 05-Jul-2010 at 09:22
Back to Top
master View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 15-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote master Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 15-Aug-2010 at 11:53
Me buni toa sto dadenite renderi na objektite so zeleni krovovi (pretpostavuvam trevnati) se sosema razlicni od onie na tablata za gradenje???
Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 15-Aug-2010 at 13:00
два проекти се
www.realmadrid-mk.blogspot.com
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 14-Nov-2010 at 18:06
znaete li koja ceta kvadratot e?
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
KraFT View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote KraFT Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 15-Aug-2011 at 14:47
Излегоа нови информации околу овој проект во Нова Македонија.




Елитната населба Сончев град сé уште не е реализирана, но ниту општината ниту Владата не се откажуваат од неа. Големите потенцијали на локалната самоуправа за изградба на елитни и приватни населби ги докажува изградбата на новата населба Дајмонд парк во месноста Осојница

Во тек е изградба на два од вкупно шест објекти кои ќе бидат дел од Дајмонд парк
Неколку пати најавуваната изградба на елитната населба Сончев град остана нереализирана, но локалната самоуправа и државните институции и понатаму сметаат дека овој дел од Скопје може да стане идното елитно место за живеење. Општината работи на изработка на нов урбанистички план за сончевиот град, кој го следеа многубројни проблеми, и очекуваат есенва по изгласувањето, Министерството повторно да ја продава парцелата предвидена за него.

Но, покрај овој проект, во Сопиште веќе се реализира друга луксузна населба, која на граѓаните може да им ги понуди истите бенефиции. Свеж и чист воздух, далеку од градската бучава, интима и приватност. Во месноста наречена Осојница, на територијата на Сопиште, во тек е изградбата на новата уникатна приватна населба, сместена во еколошки чиста средина.

- Сите што сакаат да избегаат од градскиот метеж и притоа да дишат чист воздух, за многу достапни цени наскоро ќе може да го направат тоа во Дајмонд парк. Ова е инвестиција на италијанската фирма „Џили груп“ и во изградбата на објектите ќе користиме само италијански производи - ни откри изведувачот Филип Скуманов, сопственик на ФЗК “Инвест“.

Урбанистичкиот план предвидува станбен простор од 50 илјади квадратни метри, а освен приватниот комплекс „Дајмонд парк“, во близината се градат две згради од страна на фирмата „Мартинили“. Со планот се предвидени индивидуални и колективни станбени објекти, детска градинка, потоа трговски центар, во чиј состав се планира маркет, и други компоненти за нормален живот, мини-парк, тениско игралиште и друго.

Предноста на локацијата, освен во чистиот воздух и во убавиот поглед, лежи и во обезбедената водоводна и фекална канализација, која треба да се продолжи од постојната до местоположбата каде што се гради, а на која ФЗК “Инвест&рдљуо; веќе работи.

- Комплексот, кој ќе биде од затворен тип, со свое обезбедување, се прави по стандардите на Европската Унија. Се користат исклучиво висококвалитетен материјал, термичка изолација со која греењето и ладењето ќе бидат значително поевтини, но обезбеден е и посебен систем за затоплување, кој секое домаќинство ќе може само да го регулира - додава Скуманов, според кого првата готова зграда од нивниот комплекс ќе ја види светлоста на денот пред крајот на 2012 година.

Градителите додаваат дека комплексот се прави и по сите сеизмички стандарди, бидејќи Скопје важи за трусно подрачје и мора да се пази на сите детали.
Општинарите од Сопиште, пак, се категорични дека нема да се откажат од сонцето поради дијамантите, а најавуваат дека во своите планови ќе предвидат изградба и на други луксузни населби.

- Сончев град сигурно ќе се изгради. Веќе работиме на сите проблеми што го следеа. Освен новиот урбанистички план, во тек е и изградбата на водоводната мрежа, која треба да обезбеди вода за поголемиот дел од населбите во Сопиште, а со тоа и за Сончев град. Но ова не е единствената елитна населба што се гради кај нас. Тука е и Осојница, а наскоро ќе изгласаме нов план за друга елитна населба, од која поголемиот дел лежи на државно земјиште, а само мал дел е на приватни парцели - вели градоначалникот на општината Сопиште, Јован Ѓорѓијоски.

Во минатото беше проблематичено од каде ќе се обезбеди чиста вода за пиење за Сончев град, бидејќи голем дел од општината Сопиште не добива вода од изворот Рашче, а жителите на Патишка Река не дозволуваа да биде направен водоводот од нивното село. Но тој проблем по долги превирања е надминат и веќе се прави главната водоводна мрежа во должина од 5 километри. Таа треба да се реализира во 3 фази, а моментално општината се подготвува за реализација на втората. Според плановите, главниот цевковод ќе биде готов идната година, а веќе се изработуваат проекти и за секундарните приклучоци.
     
Автор: Петранка Талеска
Извор: Нова Македонија
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 16-Aug-2011 at 00:32
Може ли координати за проектов
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 26-Sep-2012 at 12:22

За некаде во Кисела Вода...

Баш би сакал да се реализира... Скришно имам желба да беше за некаде во Аеродром xD



Edited by FoSsiL - 26-Sep-2012 at 12:34
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 155
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 26-Sep-2012 at 14:13
@fossil ahhahah epten e steta sto ne e nekade vo aerodrom,kolku bi bilo dobro ova negde na jane ili negde kade bi se gledalo da se napravi
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 26-Dec-2012 at 01:21
Луѓе има една зграда во Кисела Вода во изградба... вчера ја видов... висока бре... сигурно на 10 ката... во форма на буквата D...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1170
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 26-Dec-2012 at 17:08
Каде каде поточноо на која локација ?
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 14-May-2013 at 18:28
Во Кисела Вода (нас. Расадник) се градат 4-5 згради.
2 или 3 (не сум сигурен) веќе имаат целосна карабина и се поставени прозорите ,незнам што се работи.
1 позади базенот има веќе неколку спрата дигнато и сеуште активно се работи (денес бетонираа ако не се лажам)
1 се наоѓа позади градинката Сонце баш кај Мечкаров (мислам дека така се викаше) и таа е стигната до 3та плоча над земја.
Ако сум во можност ќе сликам и ќе прикажам сликовито, доколку некој друг има таква можност и го направи тоа би било супер.

Back to Top
innuendo View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Sep-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote innuendo Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 21-Feb-2014 at 01:07
Овде поминав Црниче да гледам станови, најдов една скоро готова зграда





Локација Баница 21
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2023  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.