Мичурин и Острово - Аеродром |
Post Reply | Page <12345 27> |
Author | ||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #41 Posted: 20-Aug-2018 at 12:35 | |
Во Мичурин на ул.Петар Ацев веќе е формирано ново градилиште,но сеуште се врши ископ.
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #42 Posted: 01-Sep-2018 at 08:18 | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #43 Posted: 02-Sep-2018 at 14:21 | |
И Мичурин(Општина Аеродром) би можел во скоро време да ја доживее судбината на Дебар Маало или Стар Аеродром бидејќи секојдневно приметувам дека се отвораат нови градилишта.Еве ги означив и на мапата новите потенцијални места за издигање на нови висококатници.Пред се хаосот со паркирање ќе се зголеми ако се решат на ул.Симеон Кавракиров да издигнат уште 3 шесткатници една на локацијата до црквата а уште две малку подолу кон ОУ Блаже Конески.Потоа на ул.Петар Ацев веќе на локацијата зад Рулет се гради петкатница а има уште 4-5 места вдолж улицата каде би можело да никнат слични градби.Во внатрешноста на ул.Анастас Митрев деновиве се почна со рушење на една мини зградичка каде веројатно за извесно време ќе никне 6-7 катница.Патем исто така во голем процент се губи и зеленило во населбата.
|
||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #44 Posted: 02-Sep-2018 at 17:59 | |
Некои се супер, ама повеќето се, пред сѐ, урбанистичко гомно и непријатели на градов. Скопје преживеало многу поголеми катастрофи, па верувам дека со тек на време и на овие ѓубриња ќе им го покаже местото: Дрисла. Ќе биде скапо зашто ќе треба да се срушат многу згради, ама не гледам друго решение кога ќе колабира градов.
Инаку зголемување на густината и зголемена урбанизација, доколку се врши плански, е добра идеја. Со малку подобрувања и рушење на мал дел од ѓубрето дури и фино би изгледало. Ако сакаме Скопје да стане вистински и функционален град, има доста работа. Прво да се отстрани предавството наречено „Скопје 2014“: да се уништат сите споменици, врби, галии и сл, да се вратат старите фасади и пополека да се почне со рушење на зградите (кои се со сомнителен квалитет и можеби и стварно ќе треба да се рушат, па моево нема да биде само Internet rant). Први треба да се АЕК и оние најновите околу МОБ. После зградуриите во Тафталиџе, па Водно (тука и Природата ќе си помогне), па Чаир, Аеродром и Кисела Вода. Инаку, како што може да се види во текстот објавен во нишката за Стар Аеродром, градов нема да може да го издржи товаров, а освен рушење на дел од зградите, друго решение не постои. |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #45 Posted: 02-Sep-2018 at 18:05 | |
Па цел град нека се сруши ако не, и да не постои Скопје. |
||
mirakuliks
Senior Member Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
Quote Reply #46 Posted: 03-Sep-2018 at 01:43 | |
За Скопје да стане функционален град треба да има оштествен консензус дека инфраструктурата која ги опслужува живеалиштата треба да има приоритет во однос на капацитет и одржливост во однос на зголемување на густина на население односно густина на работници во комерцијалните центри.
|
||
Dexter26
Senior Member Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
Quote Reply #47 Posted: 03-Sep-2018 at 05:30 | |
Твоите коментари воопшто не се ама баш никакво Интернет беснеење, туку најобично Интернет глупирање. Па нели победија овие животоносциве кои ветуваа живот за сите ? Нели ќе направеа ревизија на деталните урбанистички планови ? Па уште и очекуваш законите да се почитуваат во Чаир ? Навистина дете, на која планета живееш, и ако е планета Земја, дај кажи веќе еднаш на што си ? На здрав ум и разум дефинитивно не си, бидејќи во спротивно не би објавувал вакви глупости. .
---------------------- Коментарот е изменет, отстранета е навредата кон член на форумот. Декстер, би те замолил да олабавиш малку со политичките коментари и посебно да се воздржуваш од навредување на други членови, долго време си тука, знаеш дека тоа не е дозволено. Би ги замолил сите да го одржат пристојното ниво на дискусија. Благодарам. Џоле Edited by Џоле - 03-Sep-2018 at 09:22 |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #48 Posted: 03-Sep-2018 at 13:41 | |
На ул.Анастас Митрев во Мичурин.Објектот е веќе урнат и парцелата е оградена,делува масивно,сеуште нема информативна табла.Еве ја ситуацијата на терен
|
||
Dexter26
Senior Member Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
Quote Reply #49 Posted: 03-Sep-2018 at 14:45 | |
Повели побарај го истото и од старо-новите тролови на форумов. После идиотизмот низ кој поминавме со пвеводбеничките тролови на форумов, сега талибански тролови дојдоа на ред да продаваат приказни за рушење на се` и сешто што не е по нивен личен мерак ? Скопјево не е град по мој, твој, негов или било чиј личен мерак, туку си има соодветни власти кои одлучуваат за урбаното уредување на градот. А тоа што новите градски/општински власти испаднале исти, ако не и поголеми ѓубриња од луѓе наречени политичари, во споредба со нивните претходници, е` исклучиво одговорност на тие кои ги изгласале на нивните сегашни јавни функции. Јас од моја страна си имам чиста совест, на последните редовни локални избори кои се` одржаа во октомври 2017 свесно и намерно гласав за трети кандидати и трети кандидатски листи за кои очекував да изгубат, и да - изгубија, но барем можам да се ослободам од вината и одговорноста бидејќи победиле или изгубиле пвеводбениците или плавите жолтици, бидејќи не гласав ниту за едните, ниту за другите. Верувам дека нема место на форумов за талибанците, подеднакво колку што нема место ниту за пвеводбениците, ниту за плавите жолтици.
|
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #50 Posted: 03-Sep-2018 at 15:01 | |
Каде ти се гледаат тие плави жолтици освен во твоите постови? Само ти напнуваш за нив, никој друг. Не памтам да сум прочитал некој да е задоволен од сегашната локална власт, за разлика од порано, може слободно да се критикува без да напне некој партиски бот, главно во тоа е промената од форумска перспектива. Практично, од еден тип на неспособност преминавме на друг, и мислам дека никој не е изненаден од тоа. |
||
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #51 Posted: 10-Sep-2018 at 10:58 | |
Дали некој се интересира за градење зграда тука?
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #52 Posted: 11-Sep-2018 at 07:11 | |
Незнам.Мислам дека според претходниот ДУП што го донесоа па беше спорен и го повлекоа имаше предвидено изградба на неколку згради на овој потег но незнам дали би можело во скоро време нешто да се почне.Бидејќи во делот на населба Острово кај Тинексот веќе е отпочнато со изградба на една зграда а веројатно наскоро ќе никнат уште две-три. |
||
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #53 Posted: 11-Sep-2018 at 10:53 | |
На местото кај куќите треба да има голема зграда од 8 ката и улица која ќе оди до мостот, а покрај Вардар кадешто нема куќи треба да има средно училиште и ниска зграда од 3 ката. Проблемот мислам беше нешто со пристапната улица до средното училиште, ако не се лажам. Претпоставувам го решиле. А иначе, да, кај Тинексот почната е да се гради една ниска зграда. Таму треба да има уште две згради како неа. |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #54 Posted: 11-Sep-2018 at 18:40 | |
Во Мичурин,зад Рулет
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #55 Posted: 18-Sep-2018 at 12:47 | |
Во Мичурин-поставување на темелите на објектов,денешни фотки
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #56 Posted: 21-Sep-2018 at 13:01 | |
Во Мичурин-О.Аеродром на ул.Анастас Митрев ќе се гради шесткатница(прилично долга)
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #57 Posted: 25-Sep-2018 at 13:04 | |
Малку ме чудат податоците во врска со зградава што се гради во Мичурин на ул.Петар Ацев,зарем е можно 38 станбени единици во 1 влез(некако е многу,проблеми при чекање лифт како основни),плус тоа ќе фалат 4 паркинг места бидејќи се предвидени вкупно 34.
Еве извадок во продолжение |
||
kiriOK
Senior Member Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1008 |
Quote Reply #58 Posted: 26-Sep-2018 at 10:32 | |
Многу љубат да ги верглаат термините релаксација,урбано живеење,европски стандарди,висок квалитет,во мирни елитни зони ама сега веќе има и прекрасни пракови за прошетка во близина...заборавија уште да кажат дека ќе е еко зграда. Edited by kiriOK - 26-Sep-2018 at 10:35 |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #59 Posted: 04-Oct-2018 at 07:05 | |
Еве што се гради на локацијава И уште еднаш локацијата попрецизно |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #60 Posted: 10-Oct-2018 at 18:45 | |
Денешни фотки,локацијата е во Мичурин-О.Аеродром
Еве информации за инвеститор и приказ на објектот Од градилиште(патем позитивно сум изненаден од тоа што ги перат гумите од камионите при излез од градилиште,многу редок случај во градов) |
||
Post Reply | Page <12345 27> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |