build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Ѓорче Петров и Сарај
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ѓорче Петров и Сарај

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 14151617>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Lakistef View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Feb-2024
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote Lakistef Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 18-Feb-2024 at 22:48
Знаете кој е ивеститор на зградите кај стадионот ? И како е таму за живење ако има некој инфо.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1001
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 18-Feb-2024 at 23:04
Originally posted by Џоле

Originally posted by JovanOdGjorche

За предградие и 1000е за м2 е океј.


До некаде си во право, но ако видиш дека во Петровец и во Илинден се градат далеку поубави згради – и не си толку во право


Овој дел на Сарај е многу поблизок до урбано и градско Скопје него овие другиве.
Реално Гази Баба освен Автокоманда е тешка руралштина.
Back to Top
Bridgeburner View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Jan-2023
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 82
  Quote Bridgeburner Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 20-Feb-2024 at 09:26
2000 пати ти е подобро да купиш стан во Ченто/Маџари/Хиподром каде што имаш секаква инфраструктура отколку во Новоселски пат кај што една едина 22ка иде.

Додека во горе споменатите населби

Јавен превоз 50/52/53/63/66/68 превоз
Градинки/Училишта 3 основни училишта и 3 градинки во радиус од 3 км
Маркети
Амбуланти - Ченто/Маџари имаат амбуланти
Близина на центар 5-6км
Оптички интернет
Центарлно греење/ железарско парно.

Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1001
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 20-Feb-2024 at 09:29
Сарај е блиску до Ѓорче а не до Новоселски пат.
Иначе јас како македонец никад не би инвестирал во населби како Ченто па и Маџари, Хиподром...тоа се населби кои за 20 години ќе бидат етнички мешани.
Back to Top
Bridgeburner View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Jan-2023
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 82
  Quote Bridgeburner Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 20-Feb-2024 at 09:50
Originally posted by kiriOK

Сарај е блиску до Ѓорче а не до Новоселски пат.
Иначе јас како македонец никад не би инвестирал во населби како Ченто па и Маџари, Хиподром...тоа се населби кои за 20 години ќе бидат етнички мешани.


За Маџари и Хиподром не се сложувам, со години сум присутен за работа таму немам никаков поместување од тој аспект. Новите згради нема ќор албанец населено а има преку 10тина нови згради во овие 2 населби.

Ченто делумно да, иако за 22 години не се направи некоја поделба како што мислеа сите.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 515
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 20-Feb-2024 at 11:50
Зарем уште е важно дали населбите се мешани или не? Инаку овие нови згради во Ѓорче се веднаш зад населбата „Даме Груев“, а не кон Сарај.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 28-Feb-2024 at 19:35
Originally posted by Phiko

Originally posted by stef4o

Ти благодарам.Не ми текна дека тоа десно е новата зграда на кружниот во Влае и затоа се збунив за локацијата.
Веројатно и овој дел наскоро ќе добие доста нови згради.


Би требало, донесен е нов дуп за тој реон со повисоки згради, поголем дел од парцелите се државна сопственост, единствена што приметив дека има градежна фирма сопственост е парцелата помеѓу новата зграда и зградата на Американ, во катастар се води на:

ДРУШТВО ЗА ГРАДЕЖНИШТВО ,ТРГОВИЈА И УСЛУГИ РЕАГРОУП ДОО СКОПЈЕ
ДРУШТВО ЗА ГРАДЕЖНИШТВО,ПРОЕКТИРАЊЕ И ИНЖЕНЕРИНГ МАРАИ ДООЕЛ СКОПЈЕ
ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО,ТРГОВИЈА И УСЛУГИ САНИК ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ

Претпоставува дека таа парцела ке е следна:



Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 03-Mar-2024 at 14:50
Originally posted by stef4o

Зградата се наоѓа во Новоселски Пат / Ново Село



https://www.pazar3.mk








https://www.facebook.com/photo?fbid=748070537301356&set=pcb.748073003967776
Carpe diem
Back to Top
Phiko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Aug-2020
Online Status: Offline
Posts: 206
  Quote Phiko Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 03-Mar-2024 at 18:51
Originally posted by stef4o







Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 16-Mar-2024 at 18:29
НОВ ОБЈЕКТ - н.Хром
Зградата се наоѓа на одлична мирна локација кај последна 4 ка на ул. Воин Драшковиќ



https://www.facebook.com/UrbanBilding
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 19-Mar-2024 at 20:05
Се продаваат новоградба станови во почетна фаза од градба во нас.Даме Груев.
(општина Ѓорче Петров)



https://www.facebook.com/photo?fbid=856205429592356&set=pcb.856205836258982
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 19-Mar-2024 at 20:09
Хром ул,,Веле Марков,последна 4
Циле Инженеринг(од фб)




Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 20-Mar-2024 at 19:25
Се продаваат објектите на фабриката за бакар „Купрум“ во Скопје



Објектите на руинираната фабриката за бакар „Купрум“ која се наоѓа веднаш до кејот на реката Вардар во скопската населба Хром се ставени на продажба, објави ТВ21.

Од општина Ѓорче Петров, на чија територија лежи овој имот,претходно информираа дека според Генералниот урбанистички план просторот во фабриката „Купрум“ е предвиден со намена А-домување, што е потврда дека во иднина на овој простор е предвидено да се градат станбени објекти.

Ова транзициско индустриско ругло со децении стои запуштено. Станува збор за имот на фабрика која била во општествена сопственост и за кој подолг период се водеше стечајна постапка заглавена во судски процеси.

Јавното наддавање ќе се одржи на 29 март, а на продажба се ставени пет објекти на фабриката. Станува збор за вкупна површина од 3.200 метри квадратни, а проценети се дека вредат околу 2,3 милиони евра. Продажбата на имотот ќе се врши електронски по пат на јавно надавање без утврдена почетна цена односно почетната цена е 0 денари.

Се продаваат деловни и административни згради, со хали, стоваришта и хали.

Земјиштето на кое се наоѓаат сите објекти е во сопственост на државата и тоа не е предмет на продажба.

https://faktor.mk/se-prodavaat-objektite-na-fabrikata-za-bakar-kuprum-vo-skopje
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 20-Mar-2024 at 19:27
ВИДЕО На продажба објектите во некогашната фабрика „Купром“ во скопски Хром, дали се на повидок нови згради?





https://mk.tv21.tv/na-prodazhba-objektite-vo-nekogashnata-fabrika-kuprom-vo-skopski-hrom-dali-se-na-povidok-novi-zgradi/

Edited by stef4o - 20-Mar-2024 at 19:32
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 27-Mar-2024 at 19:08
od fb

Bastion Residence-Ѓорче Петров



Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 04-Apr-2024 at 19:07
од твитер,незнам колку е точно но кули се спомнуваа во новиот ДУП

Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 06-Apr-2024 at 17:19
Bastion Residence(od fb)





Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 09-Apr-2024 at 18:48
Originally posted by stef4o

НОВ ОБЈЕКТ - н.Хром
Зградата се наоѓа на одлична мирна локација кај последна 4 ка на ул. Воин Драшковиќ



https://www.facebook.com/UrbanBilding




https://reklama5.mk/AdDetails?ad=4993440
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 11-Apr-2024 at 18:58
Граѓани од населбата Даме Груев со години живеат во зграда без технички прием чекајќи имотен лист



Шест години трае голготата на станарите со молби до инвеститорот да им ја обезбеди потребната документација и да доврши дел од внатрешноста. Но, кога тоа ќе се случи, нема ни навестување.

Станари во зграда во населбата Даме Груев неколку години живеат во објектот на кој не е направен технички прием и не поседуваат имотни листови. Маката ги натерала да се вселат уште во 2018 година и во годините потоа, затоа што за купување на становите подигнале кредити и не можеле финансиски да издржат, како што велат, да плаќаат кирија и да отплаќаат и рати за кредити. Притоа, рокот за завршување на зградата бил мај 2018 година.

Граѓани од населбата Даме Груев со години живеат во зграда без технички прием чекајќи имотен лист


Шест години трае голготата на станарите со молби до инвеститорот да им ја обезбеди потребната документација и да доврши дел од внатрешноста. Но, кога тоа ќе се случи, нема ни навестување.

Станари во зграда во населбата Даме Груев неколку години живеат во објектот на кој не е направен технички прием и не поседуваат имотни листови. Маката ги натерала да се вселат уште во 2018 година и во годините потоа, затоа што за купување на становите подигнале кредити и не можеле финансиски да издржат, како што велат, да плаќаат кирија и да отплаќаат и рати за кредити. Притоа, рокот за завршување на зградата бил мај 2018 година.

Оттогаш до денеска трае нивната голгота со молби до инвеститорот да им ја обезбеди потребната документација и да доврши дел од внатрешноста. Но, кога тоа ќе се случи, нема ни навестување.

Во зградата нема лифт, постојано се случуваат дефекти на водоводната цевка, шахтите се преплавуваат. Постојано сами плаќаме за сето она што не е доправено и направено како што треба. Не можеме да ги осигуриме становите затоа што немаме имотен лист. Редовно ги отплаќаме ратите од кредитите за становите, а всушност правно исто како да немаме станови – раскажуваат станарите.

Според нив, во зградата се оставени само дупки за лифтот, а како што велат, без лифт не може да се направи ни технички прием, што значи дека не можат да добијат ниту имотни листови. Тие тврдат дека инвеститорот, кога ќе успеат да го добијат, затоа што им ги блокира телефоните или воопшто не им се јавува, им ветува дека тоа ќе се среди, ќе се постави лифт, но досега тоа не е направено.

Голем проблем со кои сега се соочуваат станарите што становите ги купиле преку кредити во банките е и тоа што од банките постојано им стигаат опомени да приложат имотен лист за станот.

Очајнички обиди правиме, преговараме, објаснуваме, се обидуваме да го продолжиме рокот во банката. Но, доколку наскоро не ги приложиме имотните листови, ќе ни стигне за наплата вкупната сума од земениот кредит или банката ќе ни ги одземе становите, ќе треба да се иселиме до обезбедување имотен лист. Не знаеме веќе што и како да направиме, каде да се обратиме – вознемирено објаснуваат дел од станарите.

Зградата без технички прием се наоѓа на улица 1766 во населбата Даме Груев, веднаш зад маркетот „Кам“ и бензинската пумпа, има четири влеза во кои се вселени сите станари. До зградата, како што велат, нема ни приод, туку само земјен пат. Во околината се изградени или се во изградба десетина нови згради.

Од Општина Ѓорче Петров на чија територија се наоѓа овој објект, побаравме одговор дали за изградбата на зградата е издадена градежна дозвола или не и дали има некаков проблем што досега не е направен технички прием, но и зошто до зградата не е направена соодветна сообраќајна инфраструктура. До овој момент, одговор не добивме.

Инвеститори на зградата се фирмите „Мулти офис ДООЕЛ“ и „ОМ там“, кои се дел од групацијата „Мулти офис“, познати по случајот со Еуростандард банка, кои Здружението на оштетени штедачи на оваа банка уште пред три години ги посочи како дел од фирмите што земале големи кредити од банката и никогаш не ги вратиле.

И ова не е единствената зграда во Скопје чии жители се на некој начин изиграни од инвеститорите и во кои со години граѓаните живеат без имотни листови, односно без правна сопственост и сигурност. Ги има и во Центар, во Карпош и во другите општини. Граѓаните очигледно нема кој да ги заштити од неодговорноста на инвеститорите.

Непоседувањето имотен лист, не е пречка само за јавните претпријатија, кои редовно си ги доставуваат за наплата сметките за вода, за комунална хигиена, за струја и кои жителите уредно си ги плаќаат.

https://www.slobodenpecat.mk/gragjani-od-naselbata-dame-gruev-so-godini-zhiveat-vo-zgrada-bez-tehnichki-priem-chekajkji-imoten-list/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20177
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 11-May-2024 at 19:02
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 14151617>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.127 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.