build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Базени и водени паркови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 14151617>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 03-Feb-2015 at 07:52
Битола бара инвеститор за аква парк

Битолското јавно претпријатие „Стрежево“ е во потрага по заинтересирани инвеститори за изградба на аква парк и други содржини за спорт и рекреација во населбата Довлеџик. Огласот за пројавување на интерес за реализација на овој спортско – рекреативен комплекс е објавен во текот на денешниот ден, додека приватните компании треба да ги достават своите пријави за интерес најдоцна до 20 фебруари. Јавното претпријатие ќе ја оценува сериозноста на заинтересираните партнери врз основа на доставениот бизнис план и инвестициона програма, по што ќе следува и натамошната постапка за доделување на договорот за воспоставување на јавно – приватно партнерство.

Ј.П. „Стрежево“ досега има изработено идеен проект за планираниот аква парк, а минатото лето беше изработена и физибилити – студија од страна на „Поинт Про Консалтинг“, во која е констатирано дека остварувањето идејата е исплатлива инвестиција. Новиот рекреативен капацитет во Битола би се простирал на површина од 5.000 метри квадратни, на локацијата на постоечкиот спортско – рекреативен центар „Довлеџик“.

Аква паркот ќе се гради во близина на сегашниот голем базен и истиот би се состоел од три тобогани со два пропратни базени, детски базен, базен со бранови, мрзлива река, кафе бар со лежалки, чадори и маси, како и пункт за информации, реквизити и за прва помош, тушеви, гардероби и тоалети. На годишно ниво аква паркот би можел да прими околу 80.000 посетители.

http://www.build.mk/?p=42889
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 03-Feb-2015 at 14:27
Февруари.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 24-Jun-2015 at 15:48
Во септември треба да почне изградбата на затворен базен во Охрид



Кон крајот на летото, односно почетокот на септември ќе почне изградбата на затворен базен во Охрид, информира денеска директорот на Агнцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

По посетата на учесниците на Летниот училиштен спортски камп – Охрид 2015, одговарајќи на новинарски прашања тој појасни дека во тек е тендерската постапка која АМС веќе ја распиша и очекува до крајот на август да имаме избрано најповолен понудувач и надзорен орган за изградба на базенот.

Затворениот базен, според Спасески, ќе се простира на површина од 15.000 метри квадратни.

- Базенот ќе биде со ватерполо димензии, со капацитет од над 500 седишта и можност сите млади спортисти кои сакаат да се занимаваат со пливање и сите водени спортови, но и граѓаните кои ќе сакаат рекреативно да спортуваат во зимскиот период ќе може тоа да го прават во затворенот пливачки базен. Новиот пливачки базен треба да ги реинкарнира спортовите по кои овој крај, охридско – струшкиот беше препознатлив, а тоа се ватерполо и пливањето, изјави Спасески.

http://emagazin.mk/vesti/vest/10308
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 05-Oct-2015 at 23:51
Кумановчани наскоро ќе го добијат новиот затворен базен

Привршуваат изведбените активности за изградба на новиот затворен базен во Куманово. Спортскиот објект во изминативе месеци беше целосно покриен, комплетирано е неговото фасадно уредување, а периодов привршува и внатрешното уредување. Најдоцна за неколку месеци, кумановчани ќе може да го користат спортскиот комплекс со површина од 4.000 метри квадратни. Општина Куманово од локалниот буџет инвестираше 2,2 милиони евра за изградба на затворениот базен, а градежно – занаетчиските работи ги изведува скопската фирма „Д.С. Галаб“.







Со реализација на проектот, граѓаните во вториот по големина град во земјава конечно ќе добијат затворен базен. Комплексот се состои од затворен зимски базен, отворен летен базен и спа – центар. На дополнителна површина од 1.600 метри квадратни се планирани комерцијални содржини, за кои Општина Куманово ќе најде наемател, или пак, концесионер. Поради фактот што Општината го гради базенот со сопствени финансиски средства, неговата реализација се одвиваше во неколку фази. Изградбата на затворениот базен започна во ноември 2011 година.

http://www.build.mk/?p=46553
За сè има вторпат
Back to Top
ja_licno View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 110
  Quote ja_licno Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 11-Oct-2015 at 22:21


Да не ти се веруе.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 14-Oct-2015 at 21:29
види види, и во Куманови нешто се работело... само дизајнов лелемајко...
Back to Top
ja_licno View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 110
  Quote ja_licno Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 14-Oct-2015 at 22:43
Kaко не се работи,за 5 години толку.На СК за 5 год. личен опис му се смени тука една карабина неможе да се изгради.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 15-Oct-2015 at 02:48
Макар шо коментарот ми беше циничен, сепак влада и општина не е исто.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 15-Oct-2015 at 22:36
Originally posted by fichot

Макар шо коментарот ми беше циничен, сепак влада и општина не е исто.
па владата ако сакала да инвестирал, можела и во базенов во куманово, наместо во фасадите во скопје, што всушност е проблем на општината, што е иронично

Edited by zabegan - 19-Oct-2015 at 14:12
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 12-Nov-2015 at 12:10
Pocna da se gradi bazenot vo Ohrid. Na linkot ima i vizualizacija na bazenot.

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=83257
Back to Top
buco55 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 20-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote buco55 Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 13-Nov-2015 at 08:22
Има некоја посебна причина зошто базенот не е проектиран со стандардни олимписки димензии од 50 м наспроти 33 како што е сега?

http://www.build.mk/?p=47188
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 13-Nov-2015 at 12:00
Еве, да се види дека не го критикувам само СК2014, базенот во Куманово се гледа дака го проектирале оперирани од дизајн комуњари.
А бе, обичен паралелопипед да направеја, ко фабричкиве хали со алукобонд, немаше толку гадно да изгледа.
Ми се повраќа од бедотијата на македонските архитекти. Еден архитект нема во државава, еден.
Каква грозотија човече, па ако немаш пари, и го градиш сам, не ти помага држава, мора ли да биде ужас невиден до сега.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 14-Nov-2015 at 14:03
Originally posted by Bojan10

Еве, да се види дека не го критикувам само СК2014, базенот во Куманово се гледа дака го проектирале оперирани од дизајн комуњари.
А бе, обичен паралелопипед да направеја, ко фабричкиве хали со алукобонд, немаше толку гадно да изгледа.
Ми се повраќа од бедотијата на македонските архитекти. Еден архитект нема во државава, еден.
Каква грозотија човече, па ако немаш пари, и го градиш сам, не ти помага држава, мора ли да биде ужас невиден до сега.


Слободно прошетај низ Куманово да видиш каков криминал се работи со договор помеѓу градоначалникот и локалните градежни компании, а таму СДСМ е на власт скоро од ослободувањето на Куманово.

Од една страна никнуваат албански ориентални касаби без никаков сенс за естетика, а од другата македонска страна се градат згради без никакво планско уредување во тесни улици прилепени до куќи. Во градот скоро не можеш да се разминеш од тесните неурбанизирани улици, затоа што секој градел како ќе му се присонило. Страшно, и тоа со амин од градоначалникот кој кумановци велат дека многу дебело се нафатил со бизнисот.

Во Куманово нема ниту една урбана и пропорционално изградена населба. Често одам во Визиана и Етно село, па имам прилика да го разгледам градот. Еден од најлошо уредените градови во Македонија.

Плус, при влегување во градот се приметуваат 4-5 новоизградени џамии коишто никнаа последните 10 години.

Edited by Kid_A - 14-Nov-2015 at 14:04
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 14-Nov-2015 at 21:50
@Kid_A Од град во кој главниот плоштад се вика Нова Југославија не треба и не може да се очекува повеќе.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 15-Nov-2015 at 21:10
Originally posted by Kid_A

Originally posted by Bojan10

Еве, да се види дека не го критикувам само СК2014, базенот во Куманово се гледа дака го проектирале оперирани од дизајн комуњари.
А бе, обичен паралелопипед да направеја, ко фабричкиве хали со алукобонд, немаше толку гадно да изгледа.
Ми се повраќа од бедотијата на македонските архитекти. Еден архитект нема во државава, еден.
Каква грозотија човече, па ако немаш пари, и го градиш сам, не ти помага држава, мора ли да биде ужас невиден до сега.


Слободно прошетај низ Куманово да видиш каков криминал се работи со договор помеѓу градоначалникот и локалните градежни компании, а таму СДСМ е на власт скоро од ослободувањето на Куманово.

Од една страна никнуваат албански ориентални касаби без никаков сенс за естетика, а од другата македонска страна се градат згради без никакво планско уредување во тесни улици прилепени до куќи. Во градот скоро не можеш да се разминеш од тесните неурбанизирани улици, затоа што секој градел како ќе му се присонило. Страшно, и тоа со амин од градоначалникот кој кумановци велат дека многу дебело се нафатил со бизнисот.

Во Куманово нема ниту една урбана и пропорционално изградена населба. Често одам во Визиана и Етно село, па имам прилика да го разгледам градот. Еден од најлошо уредените градови во Македонија.

Плус, при влегување во градот се приметуваат 4-5 новоизградени џамии коишто никнаа последните 10 години.
вака е и насекаде низ Скопје, ама него го сметате за којзнае каков град ако има споменик на плотадпт очигледно...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 17-Jan-2016 at 17:01
Налетав на овој објект, па си велам да го споделам тука:

Ohrid Watersports Club













http://koozarch.com/2015/09/23/ohrid-watersports-club_a-permanent-body-to-measure-time/

Edited by Џоле - 17-Jan-2016 at 17:02
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 17-Jan-2016 at 17:52
Не беше ли ова победнички проект? Ова почна да се гради? Бидејќи рендерот од линкот од Канал5 не го вервам ич.
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 17-Jan-2016 at 22:36
Добро што се ќе измислат за да победат на некакви избори кои нема најверојатно ниту да ги има... Ама ете не можат да се помират дека вечно НЕ се владее. Крајот мора да ти дојде.
Back to Top
kengur View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Jan-2015
Online Status: Offline
Posts: 6
  Quote kengur Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 18-Jan-2016 at 02:41
ДАЛИ ИЗГРАДБАТА НА ДОЛГО НАЈАВУВАНИОТ ЗАТВОРЕН ПЛИВАЧКИ БАЗЕН ВО ОХРИД ЌЕ БИДЕ УШТЕ ЕДНА ОД НИЗАТА ВЕТЕНИ А НЕОСТВАРЕНИ СНИШТА НА ВМРО-ДПМНЕ ??
SHARE ON:    
— 09/01/2016
Zatvoren_bazen_pr_4857
Дали изградбата на долго најавуваниот затворен пливачки базен во Охрид ќе биде уште една од низата ветени а неостварени сништа на ВМРО-ДПМНЕ и Локалната самоуправа на Охрид?!

Долго најавуваниот пливачки базен кој треба да се гради во комплексот на Билјани Извори а каде камен темелник фрлаше Премиерот Никола Груевски, истиот камен темелник бил фрлен врз приватно земјиште или на имот кој во постапка на денационализации бил вратен на 6 охридски фамилии.

Имено како што дознаваме повеќе илјади квадрати земјиште кое беше вратено по основ на денационализација државата поточно Агенцијата за спорт и млади во 2015 година повторно им го одзема на сопствениците по некаков Закон за експропијација на земјиште од посебен државен интерес ?!

Тогаш на таквиот акт сопствениците на одземеното земјиште поднесуваат тужба до Управниот суд на Република Македонија во која Управниот суд тужбеното барање го прифаќа и решението на Агенција за спорт и млади го става вон сила со образложение дека владата и Агенцијата за спорт и млади вршат експропијација на земјиште, при тоа не го наведуваат државниот интерес за која цел се зема, ниту наведуваат што ќе се гради, неприложуваат урбанистички план за истото а немале ни финансиска конструкција на кој датум би се обештетиле сопствениците.

Она што успеавме да го дознаеме од сопствениците на земјиштето кои водат правна постапка, за нив не е јасно како тоа државата им го одзема правото на сопственост кое е со Устав загарантирано а за кое земјиште веќе еднаш во 1945 година им било национилизирано и одземено од тогашната ФНРЈ а денес повторно со некој сомнителен Закон донесен во итна постапка повторно им се одзема имот без надокнада при тоа да не бидат ниту прашани ниту контактирана од страна на Општина Охрид, Агенција за спорт и млади и Влада на Република Македонија.

Сопствениците се зачудени од ваквиот начин на постапување и јавно се запрашуваат како е возможно да добијат само еден лист хартија каде се известуваат дека Агенцијата за спорт и млади им го одзема сопственичкото право а воедно ги известува сопствениците доколку на било кој начин го спречат или ја одолговлекуваат постапката за изградба, ќе сносат правни и материјални последици во смисол на надокнада на штета на инвеститорот?!.

Со ваквиот начин Агенцијата за спорт и млади правно врши заплашување на сопствениците на имотот, нешто што според нив нема да помини.

Правниот застапник на сопствениците на имотот е крајно дециден, тој како овластен правен застапник истакнува дека има низа нелогичности во целата постапка како на пример, според него имаме состојба каде како инвеститор се јавува Агенција за спорт и млади, јавна повик за изградба на затворениот базен распишува Општина Охрид, или со еден збор не е дефинирана сопственоста на која институција ќе припаѓа затворениот пливачки базен доколку тој биде изграден?!. Доколку имало транспарентна постапка многу нешта би биле појасни. Правниот застапник на оштетените-сопствениците на имотот во 2015 година поднесол барање до Општина Охрид во кое бара во законски рок да биде известен како правен застапник на сопствениците, кој всушност врши експропијација на земјиште кое е во сопственост на неговите клиенти?

До ден денеска на ова прашање правниот застапник нема одговор.

Сопствениците на земјиштето меѓу кои и советник во советот на Општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ се запрашуваат како е возможно да се спроведе ваков начин на одземање на имот во крајно нетранспарентна постапка или да претрпат уште една голема неправда но овој пат многу поголема од таа која ја претпеле нивните предци во 1945 година.

Воедно се запрашуваат од кога тоа затворен пливачки базен спаѓа во категорија на посебен државен интерес.

Дали некогаш ќе се изради овој долго најавуван затворен пливачки базен останува да покаже времето. Според она што може да се види на лице место кај што треба да се гради базенот поставени се замо преградни тараби, не е истакната табла која е задолжителна за Закон за градба во смисол кој е инвеститор и кој е изведувач на работите, што преставува грубо кршење на Законот за грдба но и фрла сомнеж во смисол дека не се работи нетранспарентно или некој не сака да се дознае вистината.

ОхридСкајhttp://ohridsky.com/?p=137803
Back to Top
100X View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 05-Feb-2016
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote 100X Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 05-Feb-2016 at 12:31
Внатрешноста на базенот во Куманово



http://kumanovskimuabeti.mk/gradskiot-bazen-poleka-go-dobiva-konechniot-vnatreshen-lik-foto/

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 14151617>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.