build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Базени и водени паркови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 16171819>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5359
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 13-Jun-2020 at 07:42
А дали аквапаркот е уште функционален?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 13-Jun-2020 at 10:46
Изградба на затворен базен во склоп на ООУ Невена Георгиева Дуња-Кисела Вода



https://www.facebook.com/TemelkovskiFilip/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14142
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 13-Jun-2020 at 12:55
Originally posted by гитардемон

А дали аквапаркот е уште функционален?


Лани отвори во јули, ако добро памтам, бидејќи јуни беше врнежлив, а годинава не знам што ќе се случи, земајќи предвид дека го имаме и проблемот со вирусот.
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 14-Jun-2020 at 11:54
И Битола неуморно работи. Судејќи по длабочината на темелите, ваљда монтажен ќе биде базенот




Вест

Edited by hcitrS - 14-Jun-2020 at 12:00
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 14-Jun-2020 at 16:12
Originally posted by Џоле

Пред водениот парк во Скопје (кај хотел Александар Палас), има нова фонтана со христијански мотиви:

не ми е јасно што се врти во главата на човек што помислува дека влезот на аква-парк во спортско-рекреативен комплекс е супер место за фонатана со Богородица
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 25-Jul-2020 at 10:08
Во Ѓорче Петров







https://www.facebook.com/AleksandarNaumoskizaGorce/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 24-Dec-2020 at 14:05
Originally posted by stef4o

ТЕТОВО ЌЕ ДОБИЕ БАЗЕН КАКО ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА 14 БАЗЕНИ ВО ДРЖАВАТА





https://www.facebook.com/AMSMacedonia/








https://www.facebook.com/teutaarifiofficialmk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 29-Dec-2020 at 17:57




https://www.facebook.com/AMSMacedonia
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 14-Jan-2021 at 15:44
Затворен базен во Ѓорче Петров
Во соработка со Агенцијата за млади и спорт, во основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ се гради затворен училишен базен.
Со ова за првпат во историјата Ѓорче Петров ќе добие современ, затворен базен кој покрај учениците, во текот на викендите и по завршување на часовите на учениците, ќе можат да го користат и граѓаните од општината.
Затворениот базен е со димензии 20,40х30,35 метри, со длабочина од 0,9 до 1,4 метри, прилагоден за децата од училишна возраст. Во склоп на базенот ќе има соблекувални и централен систем на загревање.





https://www.facebook.com/AleksandarNaumoskizaGorce
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 16-Feb-2021 at 15:51
BRVENICA SPORTS & RECREATION CENTER





https://www.arhitekt.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 20-Mar-2021 at 14:18
СТРУГА Е ГРАД НА ПЛИВАЧИ, А 15 ГОДИНИ ИМА БАЗЕН РУИНА ПОЛНА СО ЃУБРЕ

Затворениот базен во Струга, кој со години е нефункционален и надвор од употреба, ќе чека нов изведувач за негова реконструкција оти договорот со избраната фирма од 2019 е раскинат. За една година успеале да постават само табла и да го заградат просторот а објектот и понатака е запуштен и руиниран.

Реконструкцијата која требаше да чини 30 милиони денари предвидуваше функционален базен до крајот на 2021, но изведувачот сам побарал од Агенцијата за спорт и млади раскинување на договорот.

„Фирмата која го доби тендерот поради ковид пандемијата не можела да ги исполни обврските па побара раскинување на договорот пред два месецa. Договорот е веќе раскинат со сите пенали предвидени во него за раскинување на договорот на штета на самата фирма. Активирана е и банкарската гаранција“, вели директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски.

Сега ќе се бара нов изведувач на изградбата на Струшкиот базен, кој повеќе од 15 години стои како руина со срушени ѕидови и служи најчесто за фрлање отпад.

Според Мојсоски, предвидено е новоизбраната фирма да започне со градежните активности од мај, а за една година да заврши целиот проект.

Стружани се револтирани од ваквите најави. Велат дека ниту една власт не си ги исполнила ветувањата, а базенот секогаш се користел во изборните програми, но само како една голема лага.

„Струга е град на многу пливачи, децата некогаш тренираа тука, а денес е една голема рушевина обрасната со треви. На кровот има израснато и дрва. Сликата е грозна. Кој стигна вети, но никој ништо не направи. Не верувам ни сега. Ова се само празни ветувања“, вели повозрасен стружанец.

Застој има и во градбата на затворениот базен во Охрид. Објектот започна да се гради во 2015 и требаше да биде готов за 30 месеци, но и по 5 години сѐ уште не е завршен. Проектот чини околу 5 милиони евра, а инвеститор е Агенцијата за млади и спорт.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/struga-e-grad-na-plivachi-a-15-godini-ima-bazen-ruina-polna-so-gubre/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 29-Mar-2021 at 07:35
Беа ветени два базени во Чаир, но ги нема – Ганиу: Заглавивме поради имотно-правните процедури



https://mk.tv21.tv/bea-veteni-dva-bazeni-vo-chair-no-gi-nema-ganiu-zaglavivme-poradi-imotno-pravnite-protseduri/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 04-Apr-2021 at 14:07
Во Тетово





https://www.facebook.com/teutaarifiofficial/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 10-Apr-2021 at 14:52
градежните работи на базенот во Ѓорче Петров.







https://www.facebook.com/AMSMacedonia
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 10-Apr-2021 at 14:56
Карпош ќе добие затворен пливачки центар

Советниците од Карпош ја поддржаа Предлог – програмата за изградба на затворен базен за пливање, кој ќе биде лоциран во состав на спортскиот комплекс „Партизан“, во населбата Карпош 4. Проектот кој го изработија планерите од „Билд Урбан“ – Скопје предвидува базенот да зафаќа површина од 641 м2, кој пак ќе се наоѓа во непосредна близина на објектот за спорт и рекреација, со површина од 1.617 м2. Комплексот ќе содржи и игралиште од 461 м2, поплочени површини од 1.742 м2, а целиот простор ќе се протега на уредено зеленило од 4.151 м2. Теренот е прилагоден да овозможи и пристап за лица со попреченост, а проектот ќе го финансира Агенцијата за млади и спорт.

Во рамки на денешната 55. седница, советниците ја прифатија донацијата од „СЦМ Ретаил“ – Скопје во вредност од 31.535.000 денари, со која се планира изградба на Зелена зона – урбан јавен простор пред трговскиот центар „Скопје Сити Мол“. Јавниот парк кој ќе се простира на површина од околу 865 м2, подразбира хортикултурно уредување, засадување на тревни површини и разни насади, поставување клупи, елементи на детско игралиште и урбана опрема.

Поттикнати од стратегијата на општина Карпош за развој на своите периферни делови, советниците го изгласаа и Деталниот урбанистички план за Градска четврт ССИ 03, блок ССИ 03.02 (кај касарната „Илинден). Конкретниот ДУП опфаќа површина од 34,831 хектари, и е дефиниран на Север помеѓу магистралната улица „Словенија“, на Исток се движи по осовината на новопланираните сервисни улици „1804“ и „1811“. На Југ и Запад се протега низ транзитниот булевар „Никола Карев“.

Со планот, опфатот е конципиран во една целина со вкупно 34 парцели со намена за домување и трговски единици, хотелски комплекс, се предвидува изградба на основно и средно училиште, како и детска градинка, објект на МВР и станица за технички преглед на возила. Исто така, планот предвидува простор за парковско зеленило (Д1) и заштитно зеленило (Д2).

Советниците дадоа „зелено светло“ и на иницијативата на општина Карпош да објави јавен повик за избор на најдобро уреден ЕКО-училишен двор на основните училишта на своја територија. Локалната самоуправа ќе ги награди најкреативните училишни еко-катчиња со парична награда од 50.000 денари за прво место, односно со 30.000 денари за второ и 20.000 денари за трето место.

Членовите на советот, дадоа согласност за започнување на постапка за давање под закуп на дел од Адреналинскиot парк-Карпош (High rope). Локалната самоуправа се одлучи на овој чекор, од аспект на покривање на трошоците за одржување на адреналинскиот дел од паркот, (годишна цена на амортизација, материјали за одржување и опрема, меѓународна инспекција, осигурување на карти, лични приходи за вработените и сл.). Во овој случај, правните лица кои се заинтересирани да го закупат (High rope) делот, треба да бидат регистрирани за соодветната дејност, што подразбира дека тие се одговорни за примена на безбедносните протоколи, кои ќе ги спроведат стручни лица кои ја поседуваат лиценцата EN 15567-2.

Тоа значи дека, останатиот дел од паркот во чии рамки влегуваат двете игралишта на песок, скејт паркот, скверот и детското игралиште ќе бидат бесплатни за користење.

Во насока на стимулирање на просветните работници, општина Карпош ќе објави јавен повик, за избор на најдобар наставник и стручен соработник од основните училишта на своја територија. Постапката ќе ја спроведе комисија формирана од пет членови на Советот од општина Карпош. Потоа, комисијата за својата работа ќе изготви извештај кој ќе го достави до градоначалникот на општина Карпош. Врз основа на тој извештај, локалната самоуправа ќе исплати три парични награди во вредност од 10.000 денари, за најдобриот одделенски наставник, за најдобриот предметен наставник, како и за најдобриот стручен соработник.

Со истата динамика, советниците ја поддржаа и одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и општините Карпош, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари. Станува збор за утврдување на начинот, условите, и финансиското учество при имплементирање на системот за паметно осветлување, со кое треба да се реализира проектот за дигитален град „Смарт-сити“. Платформата подразбира поставување на т.н „паметно осветлување“ на јавни површини, паркови, плоштади, основни и средни училишта, културни и јавни институции.



Со одлука на Советот на општина Карпош, локалната самоуправа ќе им отстапи на користење два мотоцикли на полициската станица од Карпош. Со цел, навремено и поефикасно извршување на работните задачи, полициската станица ќе ги користи превозните средства за своја потреба, по што се обврзува истите да ги врати по изминување на период од две години.

https://lokalno.mk/opshtina-karposh-ke-dobie-zatvoren-plivachki-tsentar/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 23-Jul-2021 at 16:06
Порталб: Постапката за изградба на базен во Општина Чаир не е објавена, тендерот ќе следи во август

Постапката за јавна набавка за изградба на базен во населбата Топанско поле сè уште не е објавена, иако во мај беше речено дека тоа ќе се случи „за две недели“. Од Агенцијата за млади и спорт велат дека постапката не е објавена и дека огласот за тендер ќе биде во текот на август, пишува Порталб.мк.

„Постапката не е објавена. Согласно годишниот план за јавни набавки и согласно нашата програма за инвестиции во спортска инфраструктура, ги имаме предвидено базените и треба да објавиме тендер. Агенцијата за млади и спорт ќе објави тендер за избор на изведувач, а тој тендер планираме да го распишеме кон крајот на август, а може да се случи да биде објавен на 2, 3 август, односно планирано е да биде објавен во текот на август. Така, меѓу другите што ќе бидат објавени е и базенот во Општина Чаир“, велат од оваа агенција.

Оттаму додадоа дека, ако постапките се одвиваат според планираното, тогаш изградбата на базенот треба да започне кон крајот на септември или почетокот на октомври.

„Тендерската постапка, согласно законот, јавниот оглас трае минимум еден месец, па додека се проверат документите ќе минат минимум 45 дена. Се надевам, ако сè оди како што е планирано и ако тендерите бидат успешни, на крајот на септември или почетокот на октомври ќе започнеме со изградба“, објаснија од Агенцијата за млади и спорт.

На прашањето дали станува збор за неправилност затоа што според Изборниот законик во изборната кампања не треба да се гради, со оглед на тоа што локалните избори ќе се одржат во октомври, од оваа институција велат дека тоа не претставува проблем бидејќи овој проект е предвиден пред објавувањето на локални избори.

„Не е важно, бидејќи тоа го имаме предвидено во планот, да не беше предвидено во планот пред распишување на изборите, тогаш би имале проблем и не би можеле да го објавиме. Но, бидејќи тоа е предвидено во планот за јавни набавки и во нашата програма за работа оваа година, тогаш немаме проблем да распишеме тендери дури и за време на изборите. Но, за да се осигуриме дека навистина е така, обично бараме мислење од Антикорупциската комисија“, нагласија од оваа Агенција.

Порталб.мк испрати прашања на оваа тема и до Општина Чаир, но досега од таму нема одговор.

Ова значи дека градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу нема да може да го исполни ветувањето што им го даде на граѓаните за базенот. За време на предизборната кампања во 2017 година, Ганиу во договорот со кој ги освои гласовите на граѓаните, вети дека ќе изгради базен со отворено спортско игралиште. За овој проект вети буџет од 83.945.350 денари. Сепак, и покрај ветувањата, четири години не беа доволни за Ганиу да го изгради базенот.

https://meta.mk/portalb-postapkata-za-izgradba-na-bazen-vo-opshtina-chair-ne-e-objavena-tenderot-ke-sledi-vo-avgust/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 24-Jul-2021 at 10:42


https://www.facebook.com/AleksandarNaumoskizaGorce
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 26-Aug-2021 at 11:40










http://velart.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 02-Sep-2021 at 07:07
Construction of the Pool in Chair becomes a reality
The Agency for Youth and Sports of North Macedonia published the public procurement procedure for building a pool in the Municipality of Cair.
This pool is also planned to have photovoltaic energy efficiency panels that will reduce up to 80 % electricity costs for pool maintenance.





https://www.facebook.com/VisarGaniu.Cair
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14946
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 04-Sep-2021 at 09:39
Градежната фирма Ас Машини во соработка со фирмата ЈА МИ започнаа со чистење на просторот на поранешна Ла Луна. Овој простор целосно ќе биде исчистен додека се подготвува тендерската документација за изградба на затворен пливачки базен.
Кавадраци





https://www.facebook.com/MitkoJanchev
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 16171819>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.