build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Базени и водени паркови
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Базени и водени паркови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 19>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 06-Jun-2011 at 20:06
Прекрасно е реновиран базенот! И јас се надевам на итно реновирање и на Олимпискиот.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 06-Jun-2011 at 21:27
Отворен реновираниот базен „Младост“ во Карпош

Заврши реконструкцијата на базенот „Младост“, кој е дел од спортскиот центар „Борис Трајковски“. Засега ќе биде отворен само за професионални пливачи, а распоредот за рекреативците дополнително ќе се утврди. Со проектот за реконструкција беа опфатени фасадата, покривот, ентериерот, системот за филтрација на водата, поставување на сончеви колектори, како и дотерување на летната тераса, каде ќе функционира бар и терен за одбојка на песок. Поставени се и нови столчиња на единствената трибина, која има капацитет за 500 гледачи.

Реновирањето на базенот чинеше вкупно 1,4 милиони евра. Дел од проектот е и котларница на гас и нафта во вредност од околу 300 илјади евра, која треба да обезбеди поголема рентабилност во функционирањето на објектот и е добиена како донација од Република Чешка. Изведувач на работите на надворешноста на објектот беше фирмата „Градба промет – Алки“, а во внатрешноста „Торус Инженеринг“.


1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11


12



http://www.build.mk/?p=8034
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 06-Jun-2011 at 22:44
Убаво е среден базенот - единствено што ми падна во очи е тоа што сеуште не се сменети плочките во голениот базен (или барем префарбани) Знае некој зошто е тоа така и дали ќе се среди?
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 06-Jun-2011 at 22:51
Имам чувство дека секој наред проект реализиран од нашите компании е се поквалитетен и поквалитетен. Тоа веројатно се должи на искуството кое со времето го стекнуваат. Што се однесува до базенот изгледа многу квалитетно направен но мислам дека ваков тип на базен треба да биде наменет за професионален спорт. За рекреација дефинитивно е потребен друг вид на базени. Затоа мислам дека ќе биде одлично ако се реализира идејата за Аква Парк во истата општина.
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 07-Jun-2011 at 02:09
Originally posted by UrbanFreak

Прекрасно е реновиран базенот! И јас се надевам на итно реновирање и на Олимпискиот.
 
Se soglasuvam i jas, treba i olimpiskiot i voeniot bazen da se renoviraat. Za voeniot nema tolku mnogu da kosta samo ke treba da ja great vodata posto navistina e mnogu ladna i vo letno vreme smrznuvacka e. Tusevite isto taka moraat da imaat topla voda sekade a ne u grc ladna voda da se tusiraat i ke si napravat soblekuvalni tamo nema da bide nekoja golema investicija posto od kasarnata tamo si imaat izvor i od tamo ima voda puno.
 
Dali ima sauna i dzakuzi vo Karposh? da bide dobro za rekreacija lugeto da se odmorat.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 830
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 07-Jun-2011 at 15:28
Дали гледам поставени сончеви колектори на покривот и дали некој знае дали се за греење вода или се фотоволтажни колектори.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7768
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 07-Jun-2011 at 19:00
прекрасно го извеле, вакво нешто им е потребно на многу објекти во Македонија Applause
(многу е битно да продолжат да го одржуваат, бидејќи објект со тие бои и материјали, брзо ќе пропадне)

инаку, што се однесува до базените најчесто користени за рекреација, мислам дека е можно да се изведе базен со стаклена обвивка, значи целосно да биде отворен на сонце и светлина и да може просторот летни времиња да се отвори кон некаква летна тераса или вештачка плажа (како што е оваа на базенот Карпош)... а половина од објектот да биде затворен за другите потреби на објектот, па и некои додатни содржини
не знам колку ќе ја прифатите идејава, ама мислам дека кај нас е прифатлива и изводлива, а базенот ќе биде посетен во текот на целата година
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 07-Jun-2011 at 19:51
Колку би чинело загревањето во зима?



Originally posted by mirakuliks

Дали гледам поставени сончеви колектори на покривот и дали некој знае дали се за греење вода или се фотоволтажни колектори.
Колектори се, за загревање на вода. Барем така беше сооопштено.
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 07-Jun-2011 at 23:46
Originally posted by zabegan

мислам дека е можно да се изведе базен со стаклена обвивка, значи целосно да биде отворен на сонце и светлина ...



Мислам дека изградбата на ваков базен и не е така добра идеја - особено ако знаеме дека сонцето денес се повеќе и извор на штетно УВЕ зрачење кое за жал оштетениот озон не го одбива (последици се болести на кожа, па дури и рак)
Затоа јас преферирам пливање во затворен базен - под сенка во загрена вода - за потполно уживање. Потоа може изложување на сонце - но само во одредени периоди од денот и секако со соодветна заштита.

Затоа најдобар избор за ова ето повторно ќе бидат Олимписки и Карпош.

Кога веќе сме кај тоа знае некој колку ќе чини билет за рекреативци?

Edited by vlatko.mk - 07-Jun-2011 at 23:48
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7768
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 07-Jun-2011 at 23:59
Па UV зрачењето постои и кога се капеш и сончаш на плажа, па луѓето сеуште на велико го практикуваат тоа
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 913
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 08-Jun-2011 at 01:18
Стаклото блокира добар дел од УВ зрачењето, така да излегува дека е подобро да седиш цел ден во застаклен базен, отколку во Олимписки на пример и да се сончаш пола саат на терасата горе.
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 08-Jun-2011 at 04:43

Bazenot ke se gree na plin mislam deka rekoa da e donacija od Cheshkata Vlada, solarnata energija samo moze da bide alternativna opcija. Dobar e bazenot nema sto, mene mi se svigja mnogu Applause
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 08-Jun-2011 at 06:25

ВИСОКИТЕ ЦЕНИ ГИ ОДВРАЌААТ СКОПЈАНИ ОД БАЗЕНИТЕ

И капењето стана луксуз

Управителите на трите пливачки објекти „Младост“, „Олимписки“ и „Бисер“ објаснуваат дека интересот за рекреативно пливање засега, како и во текот на ланското лето, е многу мал и дека тоа е причина што атрактивните термини им се даваат на професионалните пливачи, а не на граѓаните

Пред летните жеги и високи температури во Скопје сега-засега сигурно е дека ќе работат само три базени со летни тераси: новиот „Младост, кој е целосно реновиран, Олимпискиот базен во Центар, како и оној во Аеродром, попознат како воен базен. Во време на немаштија и беспарица, на оние што нема да заминат никаде на одмор тие им се единствената опција за разладување во текот на летото.

Езерото Треска, како и во изминативе 15 години, ќе биде отворено за кампување и рекреација, но не и за капење поради водата која е загадена.

Проблемот со трите базени е што термините за пливање, исто како и години наназад, ќе бидат поделени меѓу спортистите и граѓаните.

Граѓаните одвикнати од желбата за пливање

Управителите на затворените базени сметаат дека има доволно термини за граѓаните. Објаснуваат дека интересот за рекреативно пливање засега, а и во текот на ланското лето, е многу мал. Тоа е причината што поголем дел од денот е определен за задоволување на потребите на професионалните пливачи и ватерполисти, а не за граѓаните.

- С` уште не сме се договориле со Пливачката и Ватерполо-федерацијата околу термините за тренинзите. Базенот само што е пуштен во употреба. Но, сигурно е дека ќе има доволно време и за рекреативците. Ватерполистите и пливачите не го користат базенот повеќе од пет часа, што значи дека за граѓаните на располагање остануваат 12 часа - изјави директорот на центарот „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски, задолжен за стопанисување на овој објект.

Отворениот базен „Бисер“ во населбата Јане Сандански за капачи е отворен од минатата недела, но според управителот на објектот, Александар Маниќ, досега не продале ниту една карта.

- Нема интерес иако цената на картата е намалена. Луѓето немаат пари. Не знам што ќе се прави. И минатата година заинтересираноста на рекреативците беше слаба. Затоа, базенот повеќе ќе биде во функција на професионалните пливачи и ватерполисти, кои овде ќе ги одржуваат своите тренинзи - рече Маниќ.

И Олимпискиот базен од истите причини ќе работи со преполовен капацитет. Само половина летна тераса, со околу 200 лежалки, ќе им биде на располагање на посетителите.

Според Билјана Антиќ, технички раководител, во јануари е извршен вообичаениот ремонт на објектот, во чии рамки исто така има и шанк каде можат да се купат пијалаци и храна.

Половина милион евра за реновирање од корен

По неколкумесечно реновирање, завчера официјално беше предаден во употреба реновираниот базен „Карпош“, и тоа со нова фасада, соблекувални, систем за ладење, филтрација на водата, санитарни јазли и друго. За реновирање на ентериерот, информираше Капушевски, потрошени се 380.000 евра, од кои 150.000 вложи Владата, а остатокот ги обезбеди спортскиот центар „Борис Трајковски“. Вкупната инвестиција, со обнова и на надворешноста, изнесува околу половина милион евра.

- Посетителите на овој базен ќе имаат можност да го користат и игралиштето за одбојка на песок, ќе има и хала за бокс, но и за аква-аеробик, игротека, а исто така пицерија и кафуле - објасни директорот.

За безбедноста, исто како и во другите базени, ангажирани се спасувачи, како и луѓе задолжени за одржување на хигиената. Изградена е и котлара, со цел да не се плаќаат високи сметки на „Топлификација“.

Граѓаните објаснуваат дека претходно не го посетувале базенот поради катастрофалната состојба во која се наоѓаше. Други пак предлагаат дека редно е да се воведат билети по час, а не да се наплатуваат по полна цена за цел ден.

- Од вецињата се ширеше реа. Син ми, кој одеше во пливачки клуб, ми беше страв да го праќам за да не се разболи од инфекции. Тушевите немаа топла вода и с` внатре пропаѓаше, почнувајќи од седиштата, плочките, терасата - раскажува Соња М., мајка на малолетно дете.

Анела Петрова


„Бисер“ најевтин за капење, а „Младост“ ганц нов

Работното време на базенот „Младост“ во Карпош 4 месецов ќе биде ограничено, односно од 12 до 19 часот. А од јули од 8 наутро до 1 по полноќ, но с` уште, како што кажа директорот Ратко Капушевски, не се определени докрај термините за граѓани и за спортисти. Дневниот билет чини 150 денари, а месечниот 2.500 денари, со тоа што секој ден ќе можат да ги користат сите активности во рамки на објектот.

Работното време на базенот „Бисер“ е од 10 наутро до еден по полноќ. Тренинзите за пливачи и ватерполисти се од 8 до 10 часот и од 18 до 21 часот. Картата е 100 денари, а за ноќно капење 50 денари. За деца до четиригодишна возраст влезот е бесплатен.

Олимпискиот базен е отворен од 10 часот до полноќ. Но раководството изјави дека с` уште не знае кои термини ќе ги намени за граѓани, а кои за ватерополисти.

Билетот за влез чини 200 денари, со тоа што во текот на летото ќе нема временско ограничување на користењето на базенот.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=E5BEE70A9691AC409B14F59B5AEAD828
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 09-Jun-2011 at 02:27
Тазе, од пред некој саат.


Иначе некој нека им каже на одговорните у Броис Трајковски дека сијалици на бандери редовно се мењаваат, затоа што пола простор околу овој, сеа веќе поприлично убав комплекс, не светат.
Back to Top
KinDeR View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 04-Jun-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 78
  Quote KinDeR Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 10-Jun-2011 at 22:33
Планирам утре да одам во реновираниов базен во склоп на Борис Трајковски. Сакав денес, али не работеше (според мене нелогично - поради неработниот ден) Се распрашав за цената, и билетот изнесува 150 денати + 250 денари капа за пливање која е задолжителна (според мене оправдано). Нормално капата ја купуваш еднаш и ја имаш за наредниот пат кога само ќе си платиш билет од 150 денари. За впечатоците од  условите и амбиентот утре. Smile
Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 12-Jun-2011 at 17:29
^
Капата е задолжителна ? Ок можеби затоа што се користи базенот и за спортисит но сепак еден базен за рекреација незнам зошто би била капата задолжителна. Мислам ако е за хигинеа па тогаш нека воведат и целосен костим за бањање.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 15-Jun-2011 at 14:51
„Саваната“ пред „Борис Трајковски“ ќе прерасне во аквапарк

До 2015 година, на запуштеното земјиште пред картингот и базенот „Младост“, на површина од 6.500 квадратни метри, треба да биде изграден аквапарк. Бидејќи тоа е територија на општина Карпош, најнапред треба општината да донесе нов ДУП, во кој ќе биде внесен и аквапаркот, па потоа да почнеме со реализација на проектот - изјави Ратко Капушевски, директорот на спортскиот центар „Борис Трајковски“



Од ДУП зависи дали ќе се гради аквапаркот

Топогани, лизгалки, повеќе базени, скокалници и други реквизити за на вода, за три-четири години ќе бидат изградени на запуштениот простор пред спортскиот центар „Борис Трајковски“. На зараснатиот простор меѓу булеварот Илинден и тазе реконструираниот базен „Младост“, директорот на спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски, најави аквапарк.

- Предвидено е да го направиме до 2015 година на површина од 6.500 квадратни метри. Бидејки тоа е територија на општина Карпош, потребно е прво да донесат нов ДУП во кој ќе го испланираат аквапаркот, па потоа ние да почнеме со реализација на проектот - изјави Капушевски.

Моментно надлежните од спортскиот центар подготвуваат барање до општината Карпош да им се дозволи да располагаат со земјиштето.

Надлежните од општината не се запознаени со овој проект, но се отворени за соработка, доколку постојат услови за аквапарк.

- Очекуваме барање или иницијатива од спортскиот центар. Официјално не стигнало никакво известување досега. Сé уште е рано да знаеме дали е можно во ДУП да влезе аквапарк. Тоа е долга процедура, па не би сакале хипотетички да зборуваме. Откако ќе добиеме официјално барање ќе направиме анализи, испитување, урбанизација и проверка дали постојат услови за изградба на ваков парк на оваа локација. Доколку нема никаква пречка, сигурно дека би го вметнале во ДУП - изјави Стефанија Макровска од одделението за односи со јавност на општината Карпош.

Граѓаните, иако не се запознаени со овој проект, имаат позитивен став околу збогатувањето на градот со ваков проект.
- Нови содржини секогаш се добредојдени. Ќе имаме каде да се рекреираме и да се разладуваме во летните горештини, но и да уживаме во водните лудории. Освен тоа, аквапарковите во другите градови се нешто вообичаено, нормално - изјави Мики Василевски, жител на Карпош.

Според граѓаните од општината уредувањето на просторот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ е неопходно.

- Просторот пред картингот е вистинска џунгла, не личи пред спортскиот центар да има ваков неред. Баш е супер што ќе се среди. Доколку се реализира тој аквапарк, ќе претставува вистинско освежување и за градот и за граѓаните. Но не мора да се чека до 2015 година, на градот му фали такво место, колку побрзо се направи, толку подобро - вели студентката Драгана Костовска.

Новата управна зграда на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, што ќе се гради на левата страна на реката Вардар, по дизајнот ќе одговара на барокниот изглед на петте хотели и катната гаража што се планирани на овој простор. Објектот ќе се гради на местото на постојните бараки на претпријатието на површина од 5.000 квадратни метри во основата, а ќе биде висок пет ката, плус купола.
Идејното решение е на архитектот Жарко Чаушевски.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61411233408&id=14&setIzdanie=22305
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7768
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 15-Jun-2011 at 15:02
не ми е јасно која е потребата од два аква-паркови во Скопје Question
за мене ова е тотално неплански... исто како што правеа порано, ако видиш празен тревен простор, лупни на него тениски или фудбалски терен, без разлика што е потребно...
според мене, просторот околу салата Борис трајковски плаче за спортски комплекс, каде ќе има сали и други објекти наменети за разни спортски натпревари и рекреативни спортови
а за рекреативно пливање, доволно е само да се направи еден отворен базен веднаш до базенот Младост со додатни елементи
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 15-Jun-2011 at 15:20
Од тоа што сум шетал низ странство, најчесто аква-парковите се во места каде има море/езеро, а мн поретко во главните градови. Ние неаме еден изградено, веќе втор планираат. Само напред кон тотална централизација на Македонија, па несомнено потеклото на овој "визионер" од директор кажува се. Мајке ми не гледам здрава логика од два аква парка. Па Охрид плаче за аква-парк, може и Дојран поради близина со грчката граница, но ваков план е надвор од здравиот разум. Се надевам дека општина карпош нема да го изгласа вметнувањето на овој проект во дуп. Од друга страна се појасно станува дека тука Меркатор нема да никне.
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 15-Jun-2011 at 15:21
И мене воопшто не ми се допаѓа локацијата. Ми се допадна идејата на N23, која ја даде пред некое време, да се изгради некаде по должината на Коридор 10, каде што ќе може да привлече и добар дел од транзитниот сообраќај. И, дали ова значи дека дефинитивно е раскинат договорот со Меркатор?

Edited by Мартин - 15-Jun-2011 at 15:22
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 19>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.