build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Спортски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Базени и водени паркови
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Базени и водени паркови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 20-Sep-2021 at 10:35
Затворените базени најавувани, но не изградени



Сеуште ништо од долгонајавуваните затворени базени во Охрид и Струга.Објектот во градот на мостовите е руиниран запуштен обраснат со трње и опколен со градежен шут .Стружани ќе чекаат нов изведувач за негова реконструкција бидејќи договорот со избраната фирма од 2019 бил раскинат. Од Агенцијата за млади и спорт посочуваат дека базенот кој ќе им служи на пливачите, спортистите и рекреативците ќе биде готов следната година.

Директорот на агенцијата за млади и спорт Мојсоски вели дека се интензивира изградбата на затворениот базен во Охрид инсталацијата е пуштена се работи на уредување на внатрешниот простор и се очекува месеците март - април идната година да биде пуштен во употреба.

Објектот во Охрид започна да се гради во 2015 и требаше да биде готов за 30 месеци, но сѐ уште не е завршен ,додека пак во Струга години наназад се најавува реконструкција на базенот последно во 2019 година отогаш до сега поставена е само табла и заграден е просторот.

https://sitel.com.mk/zatvorenite-bazeni-najavuvani-no-ne-izgradeni
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 20-Sep-2021 at 11:29
ИЗБРАН НОВ ИЗВЕДУВАЧ ЗА БАЗЕНОТ ВО СТРУГА ОТКАКО Е РАСКИНАТ ДОГОВОРОТ СО ФИРМАТА КОЈА НЕ НИ ПОЧНА ДА ГО ГРАДИ



Затворениот базен во Струга, кој со години е нефункционален и вон употреба, за една година ќе биде изграден. Тендерската постапка за избор на нов изведувач за негова реконструкција заврши, а фирмата која ќе го гради струшкиот базен за десетина дена треба да започне со градежните активности. Според, најавите стружани ќе добијат модерен и функционален базен на местото каде 15 години има рушевини и купишта смет.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, вели дека фирмата која претходно го добила тендерот поради финансиски проблеми и ковид-пандемијата не можела да ги исполни обврските, па договорот бил раскинат на штета на самата фирма и активирана е банкарската гаранција.

Стружани не веруваат во ваквите најави, оти пред избори сите давале лажни ветувања, а тие 15 години гледале само руина со срушени ѕидови и купишта отпад.

Реконструкцијата за стушкиот базен, која требаше да чини 30 милиони денари, предвидуваше функционален базен до крајот на 2021. Рокот е пробиен и за изградбата на затворениот базен во Охрид. Објектот започна да се гради во 2015 и требаше да биде готов за 30 месеци, но и по 5 години сè уште не е завршен.

Проектот чини околу 5 милиони евра, а инвеститор е Агенцијата за млади и спорт. Мојсоски најави дека и овој базен до следната сезона ќе биде завршен.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/izbran-nov-izveduvach-za-bazenot-vo-struga-otkako-e-raskinat-dogovorot-so-firmata-koja-ne-ni-pochna-da-go-gradi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 18-Jan-2022 at 07:56
СЕ ЗАТВОРА ГРАДСКИОТ БАЗЕН ВО КУМАНОВО ОТИ ТРОШОКОТ ЗА СТРУЈА И ГАС СКОКНА ОД 15.000 НА 50.000 ЕВРА МЕСЕЧНО

Затворениот градски базен во Куманово од утре нема да работи, поради енергетска криза. Од ЈП „Чистота и зеленило“ велат дека се одлучиле на ваков чекор поради енормното зголемување на цените на електричната енергија и природниот гас, кои не може да ги поднесе буџетот на претпријатието.

Директорот Даниел Стојчевски вели дека лани во зимскиот период, работењето на базенот чинело околу 15 илјади евра месечно, а сега тоа ќе изнесува 50 илјади евра.

„Цената на гасот е зголемена за над 200 отсто. Операторот кој нè снабдуваше со електрична енергија ни го раскина договорот еднострано и сега се снабдуваме со електрична енергија од ЕВН, која ја утрдува цената според пазарната вредност во тековниот ден и таа е за 3-4 пати повисока. Практично, тоа значи дека ако јавното претпријатие во истиот период лани за работата на базенот плаќало за природен гас од 500 до 600 илјади денари, сега треба да плати од 1,2 до 1,4 милиони денари. Струја плаќавме по 300 илјади денари, а сега треба да плаќаме од 1,3 до 1,5 милиони денари. Или соберено заедно, безмалку 50 илјади евра излегуваат трошоците за струја и за гас за еден месец. Тоа е за нас прескапо и ќе го блокира работењето на претпријатието. Затоа, менаџерскиот тим одлучи додека трае економската криза базенот да не работи“, изјави Стојчевски.

Тој додава дека паузата ќе ја искористат за сервисирање на постоечката опрема и одредени градежни работи.

Цената на природниот гас во Куманово од нова година се зголеми за 200 отсто. ЈП „Куманово гас“ го продаваше гасот по 25 денари, а од јануари по 80 денари за метар кубен. Сметките на домаќинставата во просек се движеле околу 3.000 денари месечно, по ново ќе изнесуваат 8.000 денари. Тоа натера голем број установи, институции, приватни фирми и домаќинства да го откажат користењето на гас и да се вратат на греењето на нафта, мазут и дрва.

Во Куманово има 400 физички и правни лица потрошувачи на гас, а Општината и јавното претпријатие во изминатите години го субвенционираа приклучокот за граѓаните, заради финансиските и еколошките придобивки. На гасоводот се приклучени и повеќа јавни институции, училишта, градинките и други државни и општински установи.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-zatvora-gradskiot-bazen-vo-kumanovo-oti-troshokot-za-struja-i-gas-skokna-od-15-000-na-50-000-evra-mesechno/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 20-Jan-2022 at 13:59
БАЗЕНОТ ВО СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ НЕ РАБОТИ ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА СИСТЕМОТ ЗА ГРЕЕЊЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ПЕТРОВСКИ

Базенот во склоп на А1 Арена спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје не работи поради дефект на системот за греење. Директорот на спортскиот центар Александар Петровски вели дека пукнал чилерот кој ја грее водата и поради тоа вратите на базенот се затворени за посетители. Веднаш не може да се реши дефектот бидејќи делот го нема кај нас, па мора да се нарача од Турција.

„Енергетската криза не е причина за затворање на базенот. Досега сите сметки се платени, а доколку во иднина имаме проблеми ќе бараме помош од Владата. Причината е од технички карактер односно сериозен дефект на системот за греење. Делот е нарачан и треба да стигне за две недели, по што веднаш ќе го отвориме базенот за посетители“, вели Петровски.

Тој додава дека ваков дефект имало и пред три месеци. Вели дека можеби причина за деловите да се расипуваат побрзо се честите прекини во снабдувањето со електрична енергија .

Лизгалиштето што е во склоп на СЦ „Борис Трајковски“ работи нормално.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bazenot-vo-sts-boris-trajkovski-ne-raboti-poradi-defekt-na-sistemot-za-greene-veli-direktorot-petrovski/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 20-Jan-2022 at 14:01
Тотален хаос во македонското пливање: Базените во земјава не работат

На околу 500 пливачи од Скопје, кои тренираа во базенот „Борис Трајковски“, им е драстично нарушен тренажниот процес поради неработење на објектот. Големото корито на Олимписки не е во функција, а ни базенот во Куманово не работи. Сето тоа се случува кога пливачите се подготвуваат за настап на СП.

Во пливањето во Македонија во моментов владее потполн хаос поради неработењето на базените и неможноста да се извршува нормален тренажен процес. Ова е оцена на претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски, кој на Вонредното изборно собрание неодамна беше избран на таа функција со огромно мнозинство гласови од клубовите.

Од денеска не работи базенот „Борис Трајковски“ поради дефект, а од пред неколку денови не работи ни базенот во Куманово. Единствено во функција во земјава е малото корито на Олимпискиот базен во Скопје, кое ни оддалеку не може да одговори на потребите на пливачите што останаа на суво. Според Стојановски, пливачката федерација прави напори во контакти со Агенцијата за млади и спорт, Олимпискиот комитет, некои министерства, па дури и преку премиерот Димитар Ковачевски. Добра волја има, но решението е неизвесно.

Добивме информација од надлежните дека за да се реши проблемот со базенот „Борис Трајковски“, ќе треба 10-15 дена. Нашиот пливачки спорт не може тој период да го издржи без тренинзи. Познато е дека 15 дена пауза во пливањето, потоа не може да се надомести во една година. Имаме сериозен проблем. Остануваат без тренажен процес и репрезентативците што се подготвуваат за СП во Јапонија во мај. Штетата е огромна – вели Стојановски.

Сите клубови ми се јавија за да најдеме решение. Направив контакти со премиерот и со надлежните министерства. Станува збор за сериозен проблем, додава Стојановски.

Во Скопје 500 пливачи од триесетина клуба остануваат без тренажен процес. Надлежните ветија дека ќе помогнат, но како и кога ќе стигне помошта, останува на нив. Ги запознавме АМС и МОК, па дури и премиерот, кој во моменти кога има многу важни прашања, се јави и се заинтересира за проблемот. Има навестувања дека ќе се направат напори да се надмине проблемот – вели Стојановски.

Тој гледа спас во активирање на големото корито на Олимписки, чија употреба би го ублажило или би го решило проблемот.

– Но да не заборавиме дека Олимпискиот базен го стопанисува приватен субјект – вели Стојановски, кој во моментот не можеше да потврди дали со помош на евентуално субвенционирање од државата, концесионерот на базенот би се согласил да го пушти и големото корито во функција.

– Малото корито на Олимпски го користат околу стотина-двесте пливачи. Кога ќе дојдат и овие 400 од „Борис Трајковски“, ќе биде хаос. Не е решение малото корито. Големото корито би ја завршило работата, но останува да се види дали тоа ќе може да се изведе. Но, тоа сега е единственото решение да се „бајпасира“ проблемот – рече Стојановски потенцирајќи дека многу ќе зависи од концесионерот.

Според Стојановски, решение би било Владата да го субвенционира трошокот барем еден месец додека не се надмине проблемот со „Борис Трајковски“.

Проблем е и тоа што пред неколку денови се затвори базенот во Куманово и пет клуба со 300 пливачи остануваат без тренинзи. Од Куманово информираат дека сѐ додека не помине енергетската криза, базенот ќе биде вон функција. Тоа значи некоја неодредена иднина за 300 пливачи, кои се на улица.

https://www.slobodenpecat.mk/totalen-haos-vo-makedonskoto-plivanje-bazenite-vo-zemjava-ne-rabotat/
Back to Top
kicevo View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Jan-2021
Online Status: Offline
Posts: 11
  Quote kicevo Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 20-Jan-2022 at 15:36
Tri zatvoreni bazeni vo cela drzava .Sto se pravelo 0d 1943 navamo. Dobro od 1991 neka bide .Sportska nacija Lele majko. Opstoto zdravje ic. Teskiot kriminal na politicarite go sobra danokot i ova e posledicata.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 20-Jan-2022 at 22:02
А базенот во Охрид уште ли не е готов? Ццццц...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 20-Jan-2022 at 22:10
Проблемот е во одржувањето на базените а не е битно само колку на број ќе ги имаме. Еве од сите три поголеми што ги имаме не можат ниту еден да оспособат,најмногу тоа се должи и на недостаток на средства за одржување и плаќање за греење така да и тие што почнаа да ги прават во склоп на некои школи прашање е колку ќе бидат во функција.
Исто важи и за многу други спортски сали и терени кои од година во година се повеќе се оставени да пропаѓаат.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 03-Apr-2022 at 15:15
Кичевскиот базен се уште незавршен – ветено за 18 месеци, поминаа 25 месеци



https://mk.tv21.tv
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14979
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #370 Posted: Today at 09:08
Ѓорчепетровци уште чекаат нивните деца да пливаат во затворениот базен



Затворениот базен во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ почна да се гради во февруари 2020 година, како еден од шесте базени од ваков тип што ги гради Агенцијата за млади и спорт во соработка со локалните самоуправи, а според последните информации, запрени се завршните работи од неговата изведба.

Првиот затворен базен што почна да се гради во општина Ѓорче Петров пред повеќе од две години сѐ уште не е завршен, иако рокот за затворање на проектот беше 18 месеци. Според последните информации, запрени се завршните работи од неговата изведба.

Родители на ученици што учат во основните училишта во оваа општина, прашуваат што се случува и до каде е реализацијата на најавуваниот проект.

– Базенот требаше да биде готов уште при крајот на минатата година, барем така се фалеа. Наутро ќе беше наменет за учениците од основните училишта, а попладне ќе имало пливачки клубови. И до каде е базенот, сега никој ништо ниту кажува ниту го спомнуваат. Имам две деца што сакам да ги запишам на пливање и сега треба да ги носам до СЦ „Борис Трајковски“. Чекавме, се надевавме, ама како што стојат работите, изгледа уште долго ќе чекаме – реагира Кристина од Ѓорче Петров.

Затворениот базен во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ почна да се гради во февруари 2020 година, како еден од шесте затворени базени што ги гради Агенцијата за млади и спорт во соработка со локалните самоуправи. Првичната најава за отворање на базенот беше за ноември лани, барем така најави директорот на Агенцијата Наумче Мојсовски, кој заедно со ексградоначалникот на општина Ѓорче Петров пред една година изврши увид на градежните работи на базенот.

Мојсовски рече дека пандемијата го забавила темпото на работа, но дека работите повторно ќе продолжат поинтензивно.

– До крајот на октомври или почетокот на ноември базенот ќе биде завршен. Со овие димензии на базенот се надевам ќе формираме и пливачки клуб во општина Ѓорче Петров. Ќе биде подобро што повеќе деца од училиштата да го користат – рече тогаш директорот на АМС.

Сега, од Агенцијата за млади и спорт нема одговор на прашањата до каде е реализацијата на изградбата на затворениот базен и кога тој ќе ги отвори вратите за учениците и рекреативците од општината.

Од Општина Ѓорче Петров исто така за подетални информации околу динамиката на изведба во периодот што следува, упатуваат во АМС.

– Досега изведена е фаза затворена карабина, а не е реализиран машинскиот дел. Не се изведени бетонските ѕидови, одводни и доводни инсталации. Практично, завршните работи се стопирани. Според последните информации, опремата е нарачана, но сѐ уште не е стигната – ги споделуваат од општината информациите со кои тие располагаат.

Спортскиот објект што се гради е со димензии 20,40×30,35 метри и со длабочина од 0,9 до 1,4 метри. Според проектот, планирано е базенот да има соблекувални и централен систем на загревање. Планирано е да биде по сите стандарди и да биде енергетски ефикасен и рентабилен.

Изградбата на базенот е со вредност од 38 милиони денари

https://www.slobodenpecat.mk/gjorchepetrovci-ushte-chekaat-nivnite-deca-da-plivaat-vo-zatvoreniot-bazen/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.