build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопје технолошки парк
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје технолошки парк

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Скопје технолошки парк
    Posted: 21-Sep-2022 at 17:10
Истакнати уметници со отворено писмо до Владата да започне со реализација на „Стоунбриџ Студиос“



Најавата за основање на филмски и музички студија во Скопје т.н „Стоунбриџ Студиос“, кои би ги предводеле врвните холивудски ѕвезди Џон Малкович, Мат Дилон и Д.В.Мофет ги обедини 27 истакнати македонски, српски и балкански професори, театарски, филмски и музички уметници, да упатат отворено писмо до македонската Влада да започне со реализација на проектот „Скопје технолошки парк“ и преку него, реализација на филмскиот град.

Меѓу потпишаните се и Драган Бјелогрлиќ, Мики Манојловиќ и Срџан Драгоевиќ.

„Свесни дека од осамостојувањето до денес, оваа иницијатива претставува еден од највозбудливите и најперспективните предизвици за севкупен економски, културен и технолошки исчекор на македонското општество, сакаме да ја охрабриме Владата за брзо и неодложно остварување на проектот СТП. Ги ставаме во функција сите наши академски и професионални капацитети одлуката која ќе ја донесе за доделување на статус на стратешка инвестиција на СТП, да помогнеме да ја спроведеме во дело“ – стои во отвореното писмо до македонската Влада .

„Мислам дека конечно е време да ни се случи и нешто убаво. Фактот дека тој проект ќе се реализира во Македонија и ќе биде поддржан од големи холивудски, светски ѕвезди значи буквално поместување од мртвата точка. Од друга страна, целиот квалитет што го носиме ние и како народ и како приказни што ги носиме во себе најверојатно ќе имаат шанса да се постават на филмското платно“ – вели Тони Михајловски.

За важноста на овој проект уште кога беше најавен апелираа и Џон Малкович и Мат Дилон.

За Иван Видаковиќ, кој е основач на „Скопје технолошки парк Капитал партнерс“ ваквото пролонгирање на постапката е несфатливо доколку се има предвид дека тие аплицирале на 27 јануари и колку што е тој запознаен процедурата би требало да трае 30 дена, во најлош случај не повеќе од два месеца, за потоа да се направи договор со Владата, да се донесе закон кој потоа треба да биде изгласан во Собрание, вели тој во телефонски разговор за Телма.

„Во моментов проектот е во Министерството за транспорт и врски и имавме состанок со господинот Бочварски. Ми ветија дека тој прв чекор на преглед на документацијата која ја доставивме со понудата и бизнис планот ќе биде завршен. Се уште ја чекам повратната информација, а тоа требаше да биде уште минатата недела. И да оди на комитетот на министри кои би требало да ја донесат одлуката врзана за проектот и неговиот статус“ – вели Иван Видаковиќ од „СТП Капитал Партнерс“.

Во наредниот период ќе се одржи состанок на Комисијата за стратешки инвестициски проекти, на кој ќе се разгледуваат повеќе проекти, вклучително и овој, велат од Владата.

„Скопје технолошки парк“ е проект кој во моментов е во процедура за утврдување на статус на стратешки инвестициони проект за кои течат роковите за постапување согласно Законот. Процедурата и условите за добивање статус на стратешка инвестиција е иста за сите добиени барања за стратешки инвестиции. – тврдат од владата.

Видаковиќ вели дека со овој проект Владата не ризикува ништо, но може многу да добие доколку се има предвид дека со добивањето статус на стратешка инвестиција„Стоунбриџ студиос “ ќе ја вброи Македонија на мапата на светската филмска индустрија.

https://telma.com.mk/2022/09/21/istaknati-umetnici-so-otvoreno-pismo-do-vladata-da-zapochne-so-realizacija-na-stounbridzh-studios/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 21-Sep-2022 at 17:17
Пример за потенцијална стратешка инвестиција



Технолошки парк Скопје“ е потенцијална стратешка инвестиција за која е поднесено барање да добие таков статус. Бизнис-планот упатува на инвестиција во распон меѓу 170 и 240 милиони евра. Врз основа на користење на мултипликатор на ММФ за вакви странски директни инвестиции од страна на подносителите на барањето, се проценува дека директните и индиректните нето-ефекти за македонскиот бруто-домашен производ и граѓаните ќе изнесуваат 528 милиони евра. Зад проектот стои група на компании и партнери главно лоцирани во САД. Се очекува групата странски инвеститори заедно со нивните домашни партнери (главно домашни градежни компании) да вложи околу 55 милиони евра, а преостанатиот износ да биде инвестиран од страна на странски компании и инвеститори кои потоа ќе бидат дел од реализацијата на проектот. Се проценува отворање на 850 работни места за ИТ-експерти.

Технолошки парк Скопје“ е мултифункционален развоен проект. Тој вклучува повеќе работи. Најпрвин, она што е вообичаено за технолошки парк, како што се канцеларии за истражување и развој во селектирани технолошки и медиумски сектори како интернет на нештата (ИоТ), сајбер-безбедност, блокчејн технологии, роботика итн... Потоа вклучува креирање на едукативен центар како меѓународен кампус за светски познати универзитети за технолошки сектори. Во пошироката рамка на едукативниот центар е предвиден центар за култура кој опфаќа школи за филм и креативни уметности. Проектот вклучува и комплекс за туризам и угостителство со познати хотели и конференциски центар.
Еден од клучните сегменти на проектот е изградба на студио за филм и музика. Ова треба да се развие на површина од 24 илјади метри квадратни за продукции со различна големина на буџети и технички потреби. Изградбата на вакво студио нема само да придонесе за развој на филмската индустрија на земјава, туку неа ќе ја позиционира како своевиден регионален центар за таа намена и технолошки исчекор во постпродукциската технологија.
Во целина, со реализацијата на ваков проект земјава добива технолошки парк кој станува центар на технологијата, на иновациите, на уметноста.

https://ekonomijaibiznis.mk/News.aspx?IdNews=26014&fbclid=IwAR0HQ8ohUfLGdTzyJCx9lmd1RUCMc1MEI5WbaZWfh06ta5LndKvoSIIqpRI
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 21-Sep-2022 at 17:20
Актерот Мет Дилон лобира за изградба на технолошки парк во Скопје

Отворено писмо од инвеститори до Владата за побрзо одобрување на одлуката за изградба на Технолошки парк во Скопје. Поддршка за проектот пристигна и од холивудската ѕвезда Мет Дилон кој што на МРТВ кажа дека

инвеститорите бараат забрзување на процедурата, зашто секој ден е важен за проектот што треба да донесе развој на регионот.

На почетокот на август, познатата американска филмска ѕвезда Џон Малкович најави дека во Скопје ќе се снимаат холивудски филмови, веднаш откако ќе се изградат повеќе филмски студија во околината на градот во рамки на проектот „Скопје технолошки парк“.

-Би сакал да ги поздравам моите македонски пријатели и да ви кажам колку сум возбуден што ќе соработувам со своите колеги професионалци Д.В. Мафет и Мет Дилон на создавање филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје. Прво студио од ваков тип на целиот Балкан, изјави Малкович за МРТ.

Тој најави дека ќе го посети Скопје веднаш откако Владата ќе го одобри проектот „Скопје технолошки парк“.

-Решивме да го наречеме проектот „Стоунбриџ студија“ во чест на богатата култура и неверојатната историја на македонскиот народ, истакна Малкович.

Порача дека како балканец по потекло му придава специјално значење на овој проект.

https://www.vecer.press/актерот-мет-дилон-лобира-за-изградба/
Carpe diem
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 4033
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 21-Sep-2022 at 17:39
Звучи интересно, каде точно (Центар, карпош итн) би требало да се изгради акоо воопшто дојде до тоа?
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 425
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 21-Sep-2022 at 19:53
Ова на сликата е на Серава, до крајот на бул. Словенија.



Originally posted by stef4o

Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 844
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 22-Sep-2022 at 00:11
Е ова би било одлично за градот и државата.
Back to Top
Aowek View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-Sep-2021
Online Status: Offline
Posts: 45
  Quote Aowek Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 22-Sep-2022 at 09:01
Локацијава им е утка според мене.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Online
Posts: 384
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 22-Sep-2022 at 09:20
Mislam deka lokacijata bas e dobra od povekje pricini.

1. Razvoj na toj del od gradot
2. Odlicno povrzana so obikolnica po izdignuvanje na jadranska magistrala na nivo na bulevar
3. Odlicno povrzana so vnatresna obikolnica (del od nea e i Ljubljanska)
4. Ima prostor za idno prosiruvanje i ponatamosen razvoj (za razlika od lokaciite niz centarot na gradot)
5. Relativno blisko do kompleksot tehnicki Fakulteti i lesna konekcija do Prirodno matematickiot fakultet
6. Bi se sprecilo sodziduvanje od Sanici i TrimLjumovci na toj del od gradot.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 844
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 22-Sep-2022 at 13:16
Супер е локацијата (баш таму кадешто треба и да се шири градот), туку дали воопшто ќе се реализира идејава?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 22-Sep-2022 at 17:15
Локацијата е супер градот и онака треба натаму да се развива но конкретно проектов не би ме чудело да остане само на најава,обично кај нас ваквите проекти не се поддржани,се нема став дали да се прави и слично.Мислам дека најавите се уште од 2019-та но еве до денес нема ништо конкретно.
Да беше планиран некој мол или некој станбен комплекс сигурно ќе го забрзаа процесот.

Carpe diem
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 22-Sep-2022 at 19:41
Odnapred se izvinuvam za mesanje na politika ama neli artan ljepi pocna za se da se prasuva vo drzavava ne ocekuvajte nisto konkretno od proektov probuva da vkluci ili brani necii interesi na firmi od profilot na pucko petrol trim i ljum itn...
Back to Top
Aowek View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-Sep-2021
Online Status: Offline
Posts: 45
  Quote Aowek Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 22-Sep-2022 at 20:32
Све е јасно тука, затоа реков утната локација.
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.095 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.