build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Терме Олимиа

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8899
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Терме Олимиа
    Posted: 13-Dec-2007 at 20:53
Приказнава за казина, старечки домови, бањи итн во Гевгелија се разгорува. Да се надеваме на хепиенд.

Светски брендови ќе градат хотели во Гевгелија

 

 

Вака треба да изгледаат хотелите на светски познатите брендови „Шератон“ и „Калифорнија ресорт“ во македонскиот Лас Вегас, во близина на граничниот премин Богородица.

Брендот на „Шератон“ го откупила турската компанија „Принцес“, која веќе има одобрение за градба на хотел со казино.

Во хотелско трговскиот комплекс на „Калифорнија ресорт“, ќе инвестира австралиски бизнисмен со грчко потекло.

Словенечката „Терма Олимија“ е новото инвестиционо име во бањскиот туризам.

Трите инвестиции тежат вкупно 100 милиони евра, а ќе обезбедат нови 1.000 работни места.

Како локалната власт го реши проблемот со земјиштето, каде треба да се градат хотелските комплекси?

„Бидејќи се судривме со проблем, како да се дојде до државно земјиште, еден дел од инвеститорите веќе поседуваат, купија приватно земјиште и на тие локации се врши урбанизација“, изјави Драги Делев, градоначалник на Гевгелија.

Низ македонската јужна порта годишно транзитираат околу 4 милиони патници. Сегашниот хотелски капацитет од 700 легла е недоволен да ги задоволи потребите на гостите, меѓу кои најбројни се Грците.

Околу 5.000 од нив неделно го полнат гевгелиските казина и ресторани.




Извор: А1


Edited by pbanks - 04-Nov-2008 at 12:11
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8899
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 12-Jan-2008 at 16:36
еве лош рендер (сликан од денешен Вест) од бањата што ќе ја гради Терме Олимпиа во Смоквица (Гевгелиско). Самиот проект ми се чини добар Cheers


Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 12-Jan-2008 at 18:55
Јас сите мои надежи за тоа која општина/град има најмногу надеж ги префрлив од Скопје на Гевгелиско. И јас ја видов сликава ама не можев да ја качам на нет. Изгледа интересно, а да замислиме тука во близина со Шератон и Фламниго казиното - би прераснало во еден навистина надежен туристички центар. Има некакви најави за инвестиции од други казина од светот, ама тоа се само ти реков-ми рече. Сепак, сите пари ги ставам на ова Thumbs%20Up
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 03-Feb-2008 at 17:56
Дали станува збор за оној проект, што имаше рендер во Вест од него , мислам дека pbanks го качи? Највероватно, чим зборат за геотермални води... Ја постирам веста за во случај да не е истата инвестиција..



 
Гевгелија наскоро ќе добие туристичко-рекреативен комплекс

Гевгелија наскоро ќе добие нов туристичко рекреативен комплекс, јави дописникот на Нетпрес. 

Комплексот кој ќе се гради кај месноста Туфка, село Смоквица ќе располага со хотел со 350 легла, казино и конгрес центар во сопственост на  новоформираната словенечка фирма “Терме-Гевгелија“.

Како што јавува дописникот, веќе бил донесен урбанистичкиот план за месноста Туфка за изградаба на објектот на автопатот Е-75, во правец на граничниот премин Богородица. Во комплексот се предвидени неколку базени, сауни, фитнес центар и центар за рекреација и разубавување.

Во објектот целосно ќе се користат геотермалните извори на реката Вардар.



Извор: Net press


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8899
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 03-Feb-2008 at 23:03


La Linea, тој е проектот. Многу ме нервира оваа неодредена категорија наскоро ќе се гради Bash. Истава објава ја рециклираат веќе околу 1-1.5 година. Варијација на тема. Кога ќе се излезе со поконкретен рок, со асален рендер во боја?

Во секој случај наше е да ја евидентираме информацијата Thumbs%20Up
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 28-Oct-2008 at 09:47
Еве уште една вест, за која мислам немаме нишка сеуште


Словенечки „Терме Олимиа“ ќе гради забавен парк во Гевгелија

Љубљана /28/10/ 07:49

Словенечката компанија за бањски туризам „Терме Олимиа“ има намера да гради забавен парк во Македонија во близината на Гевгелија.

Ова за словенечката агенција Морел, го изјави директорот на Терме Олимиа Здравко Почивалшек, додавајќи дека веќе го разгледувале теренот и се договориле со локалната самоуправа и со потенцијалните локални партнери.

Терме Олимиа има намера да изгради забавен центар во близината на Гевгелија, каде има неискористен термален извор. Центарот треба да вклучува голем водно-забавен парк со покриени и откриени базени, водени атракции, сауна, велнес центар, хотел со 4 ѕвездички, како и поголемо казино.

Проектот е многу интересен за нас, бидејќи локацијата е кај главната сообраќајница меѓу Солун (75 км) и Скопје (145 км), со што во радиус од 150 км покрива потенцијален пазар од 4 милиони луѓе, смета шефот одделот за продажба на словенечката компанија Васја Чретник.

Според него со новиот забавен центар ќе се отворат околу 300 нови работни места.

Словенечката компанија покрај локални партнери и локалната заедница во проектот има намера да вклучи и партнер што првенствено се занимава со игри на среќа.


http://www.makfax.com.mk/look/novina/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=2&NrArticle=129671&NrIssue=805&NrSection=10
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8899
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 28-Oct-2008 at 11:05


Немаме нишка но за жал и оваа вест само ни ја повторува најавата која се провлекува веќе барем 2 години а не ни носи нешто ново и поконкретно.


Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 228
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 28-Oct-2008 at 19:17
Ке има наскоро и рендери а го имам видено проектот на ТВ од Гевгелија и стварно е феноменално
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8899
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 29-Oct-2008 at 01:08
Originally posted by Raisinloaf

Ке има наскоро и рендери а го имам видено проектот на ТВ од Гевгелија и стварно е феноменално


Raisinloaf, имаме некои рендери ископано од пред пола година некаде од Вест само лош квалитет и црно бели

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=13&PID=3319#3319
Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 228
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 24-Nov-2008 at 21:29
Ова треба да биде комплексот Терме Олимпија кој треба да започне со градба следната година




Back to Top
EL DUKO View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 08-Nov-2008
Location: GEVGELIJA
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote EL DUKO Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 27-Nov-2008 at 13:12
paskalin kompani i gazda pejco iliev se makedonskite investitori i slovenski terme olimija,a startuvaat vo fevruari,slovencite dojdoa na 22.11.2008 i go podignaa planot od kataster so pecat od opstinata od 15.02.2008
Back to Top
EL DUKO View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 08-Nov-2008
Location: GEVGELIJA
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote EL DUKO Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 27-Nov-2008 at 13:18
P.S. kasnese pocetokot poradi zaverka na proektot od strana na vlada i odobrenieto za 2,5 hektari drzavna zemja koja e dadena na korist na hotelot za sportski tereni. sega se e gotovo,TAMAM PRED IZBORI.Banana 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 27-Nov-2008 at 13:48
Cheers


Одлично! Фала на инсајдерскиве информации Thumbs%20Up
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 18-May-2009 at 01:50
Во Негорските бањи се капел и Александар Македонски!

Мештаните тврдат дека од бањата до Пела, родното место на Александар Македонски има само 50 километри, а тие се единствените бањи во овој реон што постојат повеќе од пет века


Во подножјето на планината Кожуф, под сенките на црниот јасен, во пријатна медитеранска клима лоциран е термоминерланиот бањски комплекс Негорски бањи. Топлите минерални води кои достигнуват до 42 степени се дар од природата. Бањите ги користеле жителите на овој крај уште пред пет века, и токму поради тоа тие тврдат дека во овие води се капел и Александар Македонски.Од бањата до Пела, родното место на Александар Македонски, има само 50 километри, а тие се единствените бањи во реонот кои постојат повеќе од пет века.

Придобивка на бањскиот комплекс е што се наоѓа на надморска височина од околу 64 метри и е во непосредна близина на Гевгелија, еден од најтоплите градови на Балканот. Во непосредна близина е и монденскиот ски-центар Кожуф, локалитетот Смрдлива Вода, археолошкиот локалитет Вардарски Рид, а на само дваесетина километри е и Дојранското Езеро. Ова им дава огромни можности наБањите покрај бањскиот туризам да го развиват и рекреативниот и археолошкиот туризам.

Водите во Негорските Бањи се и со богат минерален состав, особено со калиум, калциум, магнезиум и натриум, како и сулфур.
Токму богатиот состав овозможува квалитетно лекување и рехабилитација на посетителите. За нив се грижи тим на лекари, медицински сестри, физиотерапевти и масери.
Според доктор Билјана Ичева, специјалист по медицинска рехабилитација,
Негорските Бањи функционират од 1954 година како спортско, туристички и здравствен објект кој нуди медицинска рехабилитација.
- Покрај богатиот хемиски состав на водата таа располага и со радиоактивни елементи како што е радонот кои исто така има лековито дејство - вели д-р Ичева.

Таа објаснува дека лекувањето се остварува со капење и со пиење на вода, а лековитото дејство на бањската вода е за дегенеративните заболувања што се присутни и кај младата и кај старата популација.

Рехабилитацијата најмногу се применува кај постоперативните, постревматските и хроничните заболувања. Кога водата се користи за пиење се лекува дигестивниот тракт, стомачни заболувања, чирот на дванаестопалачното црево и на желудникот, жолчните и мочните патишта. Водата благотворно влијае и на лекувањето на стерилитетот, одредени кожни заболувања како што е почетната фаза на псоријаза и почетна форма на латентна, скриена шеќерна болест.

Бањите се опремени со најмодерна апаратура за сите физикални терапии, како што е електротерапија, парафинска терапија, кинези сала и сала за масажа.

Доктор Ичева нагласува дека пред да се почне со третманот пациентот треба прво да го прегледа лекар за да се утврди што е најдобро за нековото лекување .
- Имаме соработка со Фондот за здравствено осигурување, односно работиме и со специјалистички и со болнички упати. Амбулантско третирање на пациентот ги чини само партиципација од 50 денари - вели д-р Ичева.

Според неа, со болничките упати се лекуват постоперативни и посревматски повреди. Таа се пофали дека работат и како центар за разубавување, особено во летните периоди актуелни им се антицелулитните третмани кои се наплаќаат приватно.
За невролошките заболувања, актуелна е летната бања која се користи од 1 април до крајот на ноември. Располага со природна хидромасажа, бидејќи водата излегува под притисок, оти бањата е поставена на самиот извор.

Таа, исто така, е позната како бањата на Шукри паша, бидејќи пред стотина години во неа се бањал пашата со своите девет жени. Уште во тоа време постоело џакузито како природна хидромасажа, бидејќи водата излегува под притисок во млазови.
Банскиот коплекс располага и со фудбалски терени, патеки за трчање и пешачење, велосипедски патеки и теретана што го прави атрактивен и за спортистите за нивните професионални обуки. Голем број на фудбалски и ракометни тимови, како и атлетичари од земјава и регионов, како што се од Србија и Косово, се чести гости на бањскиот комплекс

Според Дончо Атанасов, извршен директор на Негорски Бањи, комплексот деновиве се подготвува за туристичка сезона која почнува од 1 јули. Во моментов во Бањата се сместени децата од неколку основни училишта од земјава кои се дојдени за настава во природа.
Во комплексот има три хотели: Јасен, Илинден и Божур, со вкупно 275 кревети, кои се поделени во неколку категории, односно има апартманско сместување, полуапартманско, како и двокреветни и трикреветни соби.
- Лани имавме околу 43.000 ноќевања или 52 процентна искористеност на капацитетите, а од нив 15 проценти беа странски гости и тоа главно од Грција и Србија - вели Атанасов.

Тој нагласи дека од 1 април за 20 проценти се намалени услугите за пензионерите, а дали ќе има попусти и за другите посетители уште не е одлучено бидејќи реално економската криза засега не ја чуствуваат и во првите четири месеци од годинава посетеноста им е зголемена во однос на лани за 20 проценти.

Според него, бањскиот туризам е перспектива на овој крај, но треба се уште да се вложува за да се задоволот потребите на странските туристи. Засега тие соработуват со тур оператори од Бугарија, Србија и од Унгарија.

Со неговиот став се согласува и Каролина Бавчевска, туристички агент во агенцијата Аурора. Таа смета дека треба да се вложува во нашите бањи, оти голем број странски туристи пројавуват интерес за нивната посета. Бавчевска вели дека покрај нашите бањи за странците се интересни и беровскиот крај и реонот по течението на Радика.

СПА центар вреден 10 милиони евра
На дел од просторот каде се наоѓаат Негорски Бањи ќе се гради и СПА центар вреден 10 милиони евра.Од 22 хектари колку што се на располагање на Негорските бањи засега се искористени само 14 хектари. На останатиот простор се планира да се гради новиот хотелски комплекс, што ќе биде единствен од таков вид во земјава.
- Комплексот ќе биде модерен со СПА центар од типот какви што ги има во Словенија. Газдата се уште нема одлучено дали сам ќе го гради или ќе бара коинвеститор - вели Атанасов.

Тој додава дека има идејното решение за проектот. Според него, посебен белег на бањата ќе биде и црниот јасен кој во земјава е заштитен со закон, оти во регионов нема такво дрво освен во Македонија. Во светот црн јасен има само во Шпанија и Канада.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=B4A16278C044B24A805B597254B07289

Дали се работи за Терме-Олимпиа, или е ова некој друг планиран спа-центар?!


Edited by lslcrew - 18-May-2009 at 02:11
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4411
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 18-May-2009 at 02:01
Бањите ги користеле жителите на овој крај уште пред пет века, и токму поради тоа тие тврдат дека во овие води се капел и Александар Македонски.Од бањата до Пела, родното место на Александар Македонски, има само 50 километри, а тие се единствените бањи во реонот кои постојат повеќе од пет века.


Јас велам: http://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%B8
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 228
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 18-May-2009 at 14:26
lslcrew , за спа центарот да се работи за Терме Олимија 



Edited by Raisinloaf - 18-May-2009 at 14:26
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 21-May-2009 at 23:06
И Хрватска се заинтересирала! Извор http://limun.hr/main.aspx?id=362844

Slovenske Terme Olimpia gradit će zabavni park u Gevgeliji 29.10.2008 14:55:00

Slovenska kompanija Terme Olimpia namjerava graditi zabavni park u Makedoniji, točnije u blizini Gevgelije, izjavio je direktor kompanije Zdravko Počivalšek dodajući da je teren već razgledan i da je sve dogovoreno s lokalnom samoupravom i potencijalnim lokalnim partnerima. Za tu se lokaciju spomenuta kompanije odlučila jer je otkrila neiskorišten termalni izvor.

Centar bi trebao obuhvatiti vodeni zabavni park s pokrivenim i otkrivenim bazenima, vodne atrakcije, saunu, wellness centar, hotel s 4 zvjezdice, kao i veliki kasino. Novi zabavni centar će otvoriti oko 300 novih radnih mjesta. Terme Olimpia uz lokalne partnere i lokalni zajednicu u projekt namjerava uključiti i partnera koji će se prvenstveno baviti igrama na sreću.

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4411
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 22-May-2009 at 12:57
Значи убеден бев дека се вика Олимпиа а не Олимиа, бидејќи тоа очигледно е некаква печатна грешка. Ама од друга страна да не згрешиле Хрватите? Ај сменете го насловот сепак.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8899
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 22-May-2009 at 13:04
Olimia se vika 100%

http://www.terme-olimia.com/en/

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1825
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 21-Mar-2014 at 23:39
Што бидна со ова ? Има некакви информации ?
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.