build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје технолошки парк

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 31-Mar-2023 at 06:51
Од компанијата на Малкович со реакција за Деспотовски: Сакаме статус на стратешка инвестиција за филмските студија, а не да продаваме станови

Компанијата „СТП Капитал Партнерс Холдингс“ ДОО Скопје не сака прво да гради згради и да продава станови, туку сака најнапред да добие статус на стратешка инвестиција, да започне веднаш со изградба на филмските студија и останатите содржини, кои меѓу другите вклучуваат и екслузивни станови за сместување на филмските уметници по нивни вообичаени стандарди, на ИТ извршните директори и ИТ номади од целиот свет, како и станови за сместување на странските студенти кои би се образувале во горенаведениот универзитетски центар.

Ова е дел од демантот испратен од компанијата „СТП Капитал Партнерс Холдингс“ ДОО Скопје, а кој се однесува на интервјуто на Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за ТИРЗ за „Студио 10“ на ТВ 24 во кое тој вели дека прво од компанијата барале да им се дадат локации за изградба на станбени и деловни згради.

Од Компанијата велат дека локацијата за проектот „СТП“ е предложена од страна на Владата за компанијата „СТП Капитал Партнерс Холдингс“ да изготви бизнис план и достави барање за стратешка инвестиција.

„Истото е направено. Бизнис планот е оценет од врвни домашни и странски експерти, професори и уметници како ‘единствен од овој вид на Балканот’, или ‘транзициски проект’ кој има можност да ја транзитира македонската економија во стопанство со индустрии кои носат повисока додадена вредност. Филмските и музички студија-Стонебриџ, не се предвидени за градба во центарот на Скопје, туку проектот СТП (технолошкиот парк), а делот за кој говори Деспотовски беше планиран за една од ТИРЗ-и. Технолошкиот парк- СТП е прилагоден согласно постоечкиот ДУП за соодветната област и за истата локација не се бараат бенефиции за градба, туку да се изнајми и последователно откупи земјиштето по важечките цени“,се навдува во демантот од компанијата.

Оттаму велат дека Владата до ден денес, а ниту Дирекцијата за ТИРЗ, никогаш не доставила понуда за градба на филмските студија како што наведува директорот Деспотовски, ниту пак е добиена било каква писмена комуникација со која се дискутира статусот, или изградбата на овој проект. Имено, „СТП КПХС“ се уште, и по 14 месеци од доставеното барање, чека некаков одговор од Владата, велат од „СТП Капитал Партнерс Холдингс“.

Од „СТП Капитал Партнерс Холдингс“ го прашуваат Деспотовски и другите одговорни лица во Владата дали се запрашале кои се бенефитите за македонската економија, буџетот и граѓаните од имплементацијата на проектот СТП.

Од „СТП Капитал Партнерс Холдингс“ велат дека Владата, или некои одделни претставници кои во нејзино име даваат изјави, мора да се запраша дали кога се обидува да го претстави проектот СТП како, „проект за продажба на недвижнини (Real Estate )“, не прави со тоа големо промашување во проценките и дали на граѓаните не им одзема голема материјална основа за равој, врвно образование и културен исчекор од највисоки размери преку откажување од наведените фискални придобивки.

https://360stepeni.mk/od-kompanijata-na-malkovich-so-reaktsija-za-despotovski-sakame-status-na-strateshka-investitsija-za-filmskite-studija-a-ne-da-prodavame-stanovi/
Carpe diem
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 568
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 31-Mar-2023 at 20:34
Слободно избришете ја темата, ова секако ќе биде уште една од оние никогаш видени грандиозни инвестиции...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 30-Jul-2023 at 16:57
(ВИДЕО) Џон Малкович од Скопје побара „бланко“ поддршка за филмскиот град, повторно без можност за новинарски прашања



Холивудскиот актер вечерва зборуваше дека проектот за филмски студија „Стоунбриџ“, во кој тој е еден од партнерите, ќе ја стави Македонија на глобалната сцена на филмската и музичката индустрија, ќе го сврти меѓународното внимание кон домашните таленти, но и ќе отвори илјадници работни места и ќе даде економска иднина како на земјава така и на регионот привлекувајќи странски инвестиции од Запад. Додека бараше поддршка за проектот, тој не одговори на ниту едно новинарско прашање ниту пак откри детали во која фаза е реализацијата
Анализата на проектот која лани ја направи „360 степени“ покажа дека групата чиј дел е Малкович и која бара да стане стратешки инвеститор за да им бидат намалени многу од трошоците, всушност сака да гради и деловно-станбен комплекс на Качанички пат, веднаш до касарната „Илинден“. Пред неколку месеци, директорот на Технолошко-индустриските зони, Јован Деспотовски, изрази негативно мислење за проектот велејќи дека групата сака прво да продава станови, па да гради филмски студија

По Охрид, Скопје е вториот град што холивудскиот актер Џон Малкович го посети за време на неговото прво патување во земјава. Во Охрид тој се претстави пред публиката на „Охридско лето“ со претставата „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“, а она за што ПР-службата на фестивалот не му дозволи да зборува таму, го кажа вечерва во Скопје.

Малкович на македонската јавност преку видеопорака ѝ се обрати и лани давајќи и ветар во грб на целата оваа инвестиција. „360 степени“ степени тогаш се обиде да стапи во контакт со него и со останатите инволвирани, а меѓу оние што застанаа пред нашата камера беше српскиот бизнисмен Иван Видаковиќ кому американскиот актер вечерва му се заблагодари и го претстави како претседател на „Стоунбриџ студиос“. Тој тогаш сподели дека првите контакти ги оствариле во време кога премиер беше Зоран Заев и откри дека планот е да инвестираат меѓу 200 и 250 милиони евра.

Додека Малкович вечерва зборуваше само за проектот „Стоунбриџ студиос“ без да навлегува ќ во детали, уште минатата година стана јасно дека оваа инвестиција не се состои само од градење на филмски град туку дел од неа е и технолошки парк за што инвеститорите бараа проектот да се прогласи за „стратешка инвестиција“ и да се стекне со бројни поволности.

Од увидот во проектот што го имаше „360 степени“, замислата беше овој технолошки парк да се гради веднаш до касарната „Илинден“, покрај Качанички пат, на празна, но атрактивна парцела. Според бизнис-предлог, 44% од просторот ќе биде изграден со деловни објекти, 29% со хотели, а 27% со станбени згради.

Јавноста неколку месеци остана лишена од информации до каде е проектот, сè додека кон крајот на март годинава директорот на Технолошките индустриски развојни зони Јован Деспотовски во гостување на ТВ 24 не обелодени дека интересот на инвеститорите бил прво да градат станбени згради, а дури потоа филмски студија за што тој рече дека не гледа зошто таков проект би требало да стане „стратешка инвестиција“.

Со јавна реакција инвеститорите се јавија преку компанијата регистрирана во земјава „СТП Капитал Партнерс Холдинг“ одговарајќи му на Деспотовски оти не е точно дека сакаат прво да градат згради и да продаваат станови, туку дека целта е да добијат статус на „стратешка инвестиција“ за да започнат со изградба на филмските студија и останатите содржини. Меѓу тие останати содржини, како што река, има ексклузивни станови за сместување на филмските уметници по нивни вообичаени стандарди, на ИТ извршните директори и ИТ номади од целиот свет, како и станови за сместување на странските студенти кои би се образувале во горенаведениот универзитетски центар.

https://360stepeni.mk/video-dhon-malkovich-pobara-blanko-poddrshka-za-filmskiot-grad-povtorno-bez-mozhnost-za-novinarski-prashana
Carpe diem
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1127
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 31-Jul-2023 at 07:47
Субрата / тетовски електрични коли вајб
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 350
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 31-Jul-2023 at 10:59
Немој таке ова сигурно ќе се изградит,заедно со брзите пруги,пругата до аеродромот,гасификацијата,тунелите под кале,облакодерите на Ејпл,Гугл,Самсунг......................

Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 568
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 31-Jul-2023 at 21:34
Земјиштето е премногу атрактивно и се наоѓа на друга територија, не знам браќата дали толку лесно ќе го дадат на некој глумец, пффф. Скопје требаше да се прошири наваму уште одамна.
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 350
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 01-Aug-2023 at 05:51
А оти не би се градел во Расадник пример ?
Back to Top
bitola33 View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 21-Aug-2022
Online Status: Offline
Posts: 48
  Quote bitola33 Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 01-Aug-2023 at 14:42
Koja kompanija e to  EJPL?
Back to Top
bitola33 View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 21-Aug-2022
Online Status: Offline
Posts: 48
  Quote bitola33 Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 01-Aug-2023 at 14:43
Немој таке ова сигурно ќе се изградит,заедно со брзите пруги,пругата до аеродромот,гасификацијата,тунелите под кале,облакодерите на Ејпл,Гугл,Самсунг......................

KOJA E TO KOMPANIJA eJPL???????

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15134
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 01-Aug-2023 at 17:37
Текст на темава...

Да се биде Џон Малкович

Ѕвездан Георгиевски

Малку сум разочаран од изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека Владата и по година и пол сѐ уште не донела одлука дали таканаречените „филмски студија на Џон Малкович“ ќе бидат прогласени за стратешка инвестиција или нема.

Не знам зошто, ама некако бев убеден дека овој проект веќе е одбиен за влегување на листата „стратешки инвестиции“. Вака излегува дека Владата го одложува решението за проектот (поднесен на 27 јануари минатата година) за предизборниот период. Веројатно тогаш ќе пресметаат дали за рејтингот ќе им се исплаќа да го прифатат или ќе го остават на евентуалната идна влада на Христијан Мицкоски, кој веќе му даде сесрдна поддршка на проектот. И потоа ќе го градат својот опозициски маркетинг врз уште еден „случај Субрата Рој“.

Имено, според скудните податоци со кои располагаме, се чини дека не станува збор за ништо друго, туку токму за уште една измама по принципот АПП (ако помине – помине).

Првото прашање кое се поставува е: зошто Џон Малкович би градел студија токму во Скопје? Зошто не, на пример, во Хрватска, земјата од каде што потекнува? Или зошто не во САД, неговата родна земја и земјата во којашто живее? Или зошто не каде било во светот?

Затоа што Скопје има убава клима? Затоа што е инфраструктурно поврзан со светот? Затоа што Македонија има најпристапна даночна политика? Поради субвенциите што тука ќе ги добие?

Зарем навистина мислите дека Џон Малкович седнал да прави компаративна анализа на климатските услови, сообраќајната инфраструктура и даночните политики во сите земји во светот, па Македонија ја избрал како земја со најмногу компаративни предности? Или дека платил некоја стручна агенција да му ја направи таа анализа?

Се разбира дека не. И тоа од едноставна причина: проектот „студијата на Џон Малкович“ – не постои! И Џон Малкович ништо нема да инвестира. Тој е само „рекламно лице“ на една друга кампања за еден друг проект, каде што изградбата на филмски и музички студија се наведени само како спорадичен дел. И тоа, би рекле, само како форма преку која ќе можат да се ангажираат ѕвезди од калибарот на Малкович токму за постигнување високи маркетиншки ефекти.

Проектот е таканаречениот „Скопски технолошки парк“ (Skopje Tehnology Park), поднесен од фирмата „СТП капитал партнерс“ (STP Capital Partners). Зад оваа фирма, формирана специјално за овој проект, стои името на извесен Иван Видаковиќ, кој веројатно живее и работи во Белград.

Велиме „веројатно“ затоа што на интернет не можат да се најдат речиси никакви податоци за него и за неговото бизнис-портфолио. Единствениот релевантен податок што успеавме да го најдеме е дека е дел од тричлениот управен одбор на агенцијата „Артлинк“ од Белград, која го организира истоимениот фестивал на класична музика во Србија и која стои зад организацијата на гостувањата на Џон Малкович во регионот (минатата година, токму во рамките на фестивалот „Артлинк“, Џон Малкович гостуваше во Заечар, од каде што што прати видеопорака до „македонската јавност“ за значењето на студија „зад кои стои“).

За сите други податоци мора да се потпреме на официјалната страница на „СТП Капитал партнерс“. Во тимот на оваа компанија се наброени 14 познати, помалку познати и воопшто непознати имиња. Главно од САД и главно банкари, инвеститори, консултанти, градежници… Меѓу нив не е Џон Малкович.

Затоа, пак, има три имиња од Балканот, односно од Србија и од Македонија. Покрај споменатиот Иван Видаковиќ, наведен е и нишкиот адвокат Небојша Станковиќ, еден од актуелните кандидати од Србија за претставник во Судот за човекови права во Стразбур. Во неговиот богат животопис, поместен на неговата интернет-страница, наведени се по години многубројните негови достигнувања и ангажмани. „СТП Капитал партнерс“ никаде не се споменува.

На листата се наоѓа и името на Неби Хоџа, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија. Интересно е дека од сите 14 членови на „тимот“, само кај Хоџа стои дека е член на бордот на компанијата. Другите имиња од бордот не се наведени. Останатите членови на „тимот“ главно се претставени како советници.

Што се однесува до основачот на компанијата, Видаковиќ, во биографијата што самиот ја приложил, се вели дека потекнува од дисидентско семејство, кое во 1982 година морало да избега од тоталитарниот режим во Југославија и да бара (и да добие) политички азил во Кипар. Без да навлегуваме во веродостојноста на биографијата, само ќе констатираме дека се работи за период по смртта на Тито и пред доаѓањето на Слободан Милошевиќ на политичката сцена, како и тоа дека Кипар никогаш не бил познат како дестинација на југословенските политички дисиденти. Напротив, познат е како дестинација за некои други дејанија, главно врзани за перење пари и прикривање даноци.

Видаковиќ наведува дека таму се занимавал со градежништво и во еден момент решил да се врати во татковината. Инаку, Видаковиќ, наводно, има двојно државјанство, македонско и српско. Имено, мајка му била Македонка, а татко му Црногорец. Се наведува уште дека семејството на мајка му имало земја во Скопје, односно во неговата околина, која била национализирана, па овој податок исто така се користи како адут во преговорите со Владата за „стратешката инвестиција“.

Што се однесува до самиот проект „Skopje Tehnology Park“, тој за обичниот граѓанин опфаќа помпезни, но помалку познати термини, од типот на ИоТ хабови, центри за сајберсигурност, бизнис-инкубатори, центри за аплицирање грантови, регистрација на фирми, за вработување, мостови на поврзување на образовните центри од светот со овие од регионот итн.

Меѓутоа, има и две ставки што се лесно препознатливи: изградба на резиденцијални објекти за домување, кои ќе вклучуваат ресторани, продавници, паркинзи… Како и два луксузни хотела, заедно со конференциски центар.

За следната фаза на проектот: „Стоун бриџ студијата“, како што се именувани студијата на Малкович, на официјалната страница на компанијата нема никакви податоци, освен една компјутерски генерирана фотографија како тие би требало да изгледаат во екстериерот.

И, повторуваме, името на Џон Малкович не е никаде спомнато. Од нешто попознатите холивудски „фаци“ во тимот се споменува актерот Д. В. Мофет, кај нас евентуално познат по некои телевизиски серии и хорор филмови. Она што уште може да се пронајде во некои новински написи за „студијата на Малкович“ е дека Мофет и Малкович се наводно добри пријатели.

На официјалната страница не е наведена адресата на фирмата, но затоа е наведен телефонот со повикувачки број од Србија (+381). Страницата е направена 2018 година.

Официјална поддршка на „студијата на Малкович“ досега дадоа најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и Јордан Плевнеш, односно Универзитетот Еуропа Прима (поранешната ЕСРА), кој потпиша протокол за соработка со „СТП Капитал партнерс“, а Џон Малкович го прогласи за почесен доктор на науки.

Уште во септември минатата година проектот го поддржаа и 27 уметници од регионот, упатувајќи писмо со поддршка до македонската влада. Од попознатите имиња, медиумите ги наведуваат Драган Бјелогрлиќ, Мики Манојловиќ и Срѓан Драгојевиќ. Освен во споменатото писмо, барем овие тројца српски филмски работници никаде се немаат јавно изјаснето за споменатиот проект.

Ова се податоците што за релативно кусо време може, во домашни услови, да се пронајдат за „Холивуд во Скопје“. Токму затоа е нејасно зошто на Владата ѝ се потребни 18 месеци за да соопшти дека „предметот уште се разгледува“.

Инаку „стратешка инвестиција“ навистина подразбира низа олеснувања и погодности за инвеститорот, какви што впрочем доби и Субрата Рој.

(Авторот е новинар)

https://www.slobodenpecat.mk/da-se-bide-dzhon-malkovich/
За сè има вторпат
Back to Top
bitola33 View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 21-Aug-2022
Online Status: Offline
Posts: 48
  Quote bitola33 Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 26-Sep-2023 at 15:42
A sto znaci to, mislam koja e to firma EJpl?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20173
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 28-Jan-2024 at 19:56
(ВИДЕО) Раздор меѓу партнерите на Џон Малкович – втора шанса за холивудски студија во Скопје

Државата одби да му даде статус на стратешка инвестиција на претходниот проект, кој вклучуваше изградба на филмски и музички студија но само откако близу центарот на Скопје ќе се изгради комерцијално-станбен комплекс
Сега, „од игра“ е исфрлен барем еден од локалните партнери кој најавува и правна разврска. Кој и да е останат во холивидската приказна, властите тврдат дека одново се преговара со нив



Со други зборови, власта препозна обид под плаштот на филмски студија, некој да изгради канцеларии, хотели и станови со државна помош. Но тоа, се чини, не го поколеба Џон Малковиќ и барем дел од луѓето околу него.

Актерот и режисер дојде на Охридско лето 2023 година. На прес-конференција по повод неговото гостување, новинарите го прашаа, но протоколот на манифестацијата не му дозволи да одговори на новинарско прашање за изградбата на „Филмскиот град“.

https://360stepeni.mk/video-razdor-megu-partnerite-na-dhon-malkovich-vtora-shansa-za-holivudski-studija-vo-skopje/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.129 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.