build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Кочани,Штип,Делчево
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кочани,Штип,Делчево

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2186
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Кочани,Штип,Делчево
    Posted: 08-Feb-2010 at 14:59

Населбата Баби е локацијата, каде ќе се градат становите за АРМ

Викторија Димитрова - Јованова- Ирис Тв

 
 
babi-stanovi-mМинистерот за одбрана, Зоран Коњановски денеска оствари средба со градоначалникот на општина Штип, Зоран Алексов. Министерот при денешната посета на општината изрази благодарност кон локалната самоуправа и градоначалникот, кои уште пред месец и полвина му ја имаат дадено поддршката за реализација на проектот „АРМ мој вистински дом“.

„Во рамките на проектот ’АРМ мој вистински дом’ и во Штип ќе се градат станови за офицери, подофицери и платени војници. По спроведената анкета помеѓу вработени во касарната „Јане Сандански“, за најдобра локација за изградба на становите избрана е населбата Баби“, рече Коњановски.

Тој додаде дека веќе од утре ќе се спроведе и анкета помеѓу вработените, со цел да се изјаснат дали сакаат да си купат станови, по веќе утврдените критериуми.

Градоначалникот на општина Штип, Зоран Алексов образложи дека локацијата во Штип е всушност помеѓу двете најголеми населби Сењак и Баби, а во текот на наредните денови ќе се почне и со промена на детален урбанисти план.

„Досега АРМ на општина Штип и има дадено помош во многу наврати и затоа одлучено е да не се наплатат комуналиите од страна на општината за реализација на проектот ’АРМ мој вистински дом’“, вели Алексов.

Тој образложи дека комуналиите, кои треба да ги наплати општината и не се така големи, а со изградбата на овие станови всушност им се помага на оние кои секогаш својата поддршка ја имаат дадено на градот Штип.

Извор:

http://62.162.58.57/index.php/vesti/lokalnivestimeni/1640-2009-12-16-14-38-39
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 20-Feb-2010 at 16:09

Огромен интерес за становите кои ќе се градат за припадниците на АРМ

Целта на овој проект е многукратна. Им овозможува на припадниците на АРМ да имаат свој стан под исклучително поволни услови со ниска цена, можност за плаќање во наредните десет години и само 30% учество без обврска за камата. Со овој проект се врши намалување на трошоците на Министерството за одбрана за плаќање станарина и превоз, а придобивка ќе имаат припадниците на АРМ. Становите ќе бидат со различна големина од 35, 55 и 70 метри квадратни изјави Зоран Коњановски, министер за одбрана

            http://www.time.mk/read/1b2406af76/cc91a24cc8/index.html                                                                                                                                                 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 27-Feb-2010 at 09:22
ШТИП - Општина Штип урбанистички ќе се уредува со нови девет локации за изградба на станбени згради во населбата Сењак. Изградбата на станбените згради има голем интерес од страна на градежните фирми и бизнисмени, бидејќи во нивна близина ќе се гради и Студентскиот дом. Инаку, во моментов се чека изјаснување на Министерството за транспорт и врски по барањето на градоначалниците од источнопланскиот регион.
По намалување на цената на градежното земјиште ќе се организира и лицитација на земјиштето каде што е предвидена изградбата на станбените објекти. Одделението за урбанизам во општина Штип има уредено и 13 нови парцели за изградба на куќи во населбите Сењак и Блок 2000.                                                                                                                                                                                                                                                    http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A10133630D486A4DB932E24C3D0EBBE3                 
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2186
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 12-Mar-2010 at 22:18
Во Сењак и Блок 2000 план за над 20 плацеви за куќи и станови
plan-placevi-senjak-blok2000-01032010.jpgШтип, 1 март 2010 - Општина Штип ќе огласи градежни површни за 13 плацеви наменети за изградба на индивидуални куќи и 9 плацеви за станови. Општината побарала локации за 30 плацеви (16 плацеви за куќи и 14 за станови) но расположение постои вкупно за 22 локации.
Објавата ќе уследи откако Министертсвото за транспорт и врски ќе се произнесе за предлогот за намалување на цената на градежното земјиште. Тој предлог, како што е познато е доставен на разгледување во ресорното Министерство.

Согласно предлогот, цената на градежното земјиште во Штип би требало да се намали драстично со што би се создале услови за зголемување на градежните активности. Иако и до сега имаше интерес, намалувањето на цените би влијаело на зголемување на побарувачката за гардежно земјиште.

Откако ќе има повратна информација од ресорното Министертсво, ќе уследи објавата за овие површини. Локациски, становите се во населбата Сењак, додека плацевите за куќи се дел во Сењак а дел во блок 2000. Локацијата во населбата Сењак е иделана за изградба на станови, бидејќи според плановите тука се планирани и спортски терени, новиот студентски дом на Универзитетот „Гоце Делчев" а веќе постојат и најмалку 10-тина станбени објекти.

Што се однесува до интересот за градежните површини предвидени за нови куќи станови, за тоа ќе се види по огласувањето на земјиштето односно на самата лицитација. Засега нема локации во централното градско подрачје, за тоа е потребно промена на урбанистичките планови. Со измените е предвидено само измена на катната позиција на улицата „Ванчо Прќе" со што зградите од обете страни во височина би се израмниле. По реконструкцијата на улуцата и уредување на фасадите, овој дел од центарот на Штип ќе го добие заслуженото место.

 


http://www.stip.gov.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 09-Apr-2010 at 16:41

Станови за војниците, многу скоро- Коњановски во интервју за Канал 5                                                                                                                                       Во интервјуто со Миомир Серафиновиќ, министерот го кажува и тајмингот кога ќе почне реализацијата на проектот за решавање на станбеното прашање на офицерите и војниците.

09.04.2010, 16:41                                     CELO INTERVJU  http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=59213

 

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 08-Jun-2010 at 22:34

Штип ќе урива гаражи за згради

Во населбата Сењак се прави место за изградба на дел од четиринаесетте станбени објекти

Иван Бојаџиски



ШТИП - Шеесетина диво поставени, главно, лимени гаражи, ќе бидат отстранети во населбата Сењак за да ослободат место за изградба на дел од четиринаесетте нови станбено-деловни згради што ги промовира штипскиот градоначалник Зоран Алексов. За овие објекти локалната самоуправа постојано добивала поплаки од жителите на населбата дека го деградирале нејзиниот лик и биле поставувани без каков било ред.

„Ги информиравме сите сопственици на гаражите, кои треба да се отстранат, сами да го направат тоа во рок од една недела за да не прават непотребни трошоци. Ако дотогаш не се ослободи просторот, гаражите ќе бидат дислоцирани од наши екипи, но сопствениците ќе мора да платат за нивниот ангажман. Се надеваме дека ќе нема потреба од наша интервенција“, рече на вчерашната прес-конференција градоначалникот Алексов, во присуство на стручниот тим што ја води урбанизацијата на Штип.

Според Алексов, градот определил четиринаесет локации на кои ќе се граделе толкав број станбени и станбено-деловни објекти. Интересот кај бизнис-заедницата за добивање локации бил значителен, бидејќи сите биле во урбани средини каква што е и населбата Сењак.

„Во Штип можат да се избројат на прсти новите објекти изградени во последните две децении. Градот сега ја има шансата да почне динамична изградба на станбени и станбено-деловни комплекси. Со отворањето и развојот на Универзитетот „Гоце Делчев“ побарувачката на станови значително е зголемена, и како град сакаме да им излеземе во пресрет на инвеститорите што изразија спремност да градат“, објасни Зоран Алексов.

За да може да се тргне во постапка за доделување на четиринаесетте зацртани градежни локации на заинтересираните фирми, потребно е тие целосно да се исчистат од сите дивоизградени објекти, кои се многубројни. Градот, според градоначалникот, е на прагот на градежна експанзија, бидејќи постоел интерес за градба, а на општината била одговорната задача на таквите позитивни барања да одговори во што покусо време.

Инаку, Штип, според некои податоци од пред една година, се соочува со околу пет илјади дивоградби. Станува збор за комплетно дивоизградени куќи и други објекти, гаражи, но и доградби и надградби. Градежни стручњаци упатуваа на разните опасности што со себе ги носат самоволните доградби, а посебно надградбите. Безброј станбени згради во Штип, меѓу нив и во центарот на градот, се доградија со по еден кат без консултација на луѓето од таа струка.

Владо Бутлев, инженер-статичар, вели дека во Штип барем половина од надградбите не го поминале стручниот тест и не се знае дали можат да го издржат тој дополнителен товар. „За каква било надградба или доградба е неопходно да се направи статичка анализа на целиот објект за да се знае кој и колкав товар може да издржи таа зграда. Тоа кај половина објекти со такви доградби не е извршено, па секогаш ќе биде присутен стравот за безбедноста на станарите во нив“, додава Бутлев.

Штип не успева да го реши проблемот со дивоградбите, чии актери се и сиромашни луѓе, но и познати јавни личности. Постои уверување дека дивоградбите дури и во центарот на градот не се санкционирани поради т.н. јавни личности, кои секогаш имале пријатели кај надлежните локални водства. Имено, влијаеле нивните нелегални градби да не се уриваат што ги „спасувало“ и останатите што низ сите овие години граделе без какво било одобрение.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E6397BFB30451E44B40922C342B927DA

Edited by Cloverstack - 08-Jun-2010 at 22:34
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 05-Aug-2010 at 18:00
Во Штип продадено земјиште за трговски центар и станбен објект

Парцела со површина од 2.237 метри квадратни во штипската населба „Сењак 3“

е продадена за нешто над 100.000 евра. Со деталниот урбанистички план за

просторот е предвиден комерцијален простор над кој треба да никне станбен објект.






http://www.build.com.mk/?p=4737


Edited by Cloverstack - 18-Sep-2010 at 00:36
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 16-Sep-2010 at 18:42
Ќе се гради трговско-станбен комплекс во Штип trgovsko-stanben-kompleks-vo-senjak2.jpgВо месноста Сењак 3, во Штип, по пат на јавно наддавање е продадена градежната парцела, која со последна понудена цена од 2.800 денари за квадратен метар ја купи штипското претпријатие за продажба на материјали и репроматеријали за конфекција „НИКО 2002“, чиј сопственик е бизнисменот Ацо Николовски. Земјиштето со површина од 2.237 квадратни метри е наменето за изградба на објекти за колективно домување.

Николовски напомена дека заедно со фирмата „Роби Инжињеринг“, како фирма партнер со 50% учество во целокупниот проект, од овој неурбанизиран дел на градот, предвидуваат да направат нешто ексклузивно, кое не постои во ниту еден град во источниот дел на Македонија.
На вкупна површина од 1.650 квадратни метри, планиран е грандиозен, луксузен објект од 25.000 квадратни метри, со подрумски дел, три ката трговски центар, над кои ќе бидат изградени уште единаесет катови, каде ќе бидат сместени над 150 ексклузивни станови.
-Целата инвестиција ќе чини околу 10 милиони евра, а изготвувањето на проектот е во тек. Со активности ќе се започне на почетокот на наредната година, за во период од 15 до 20 месеци да биде завршен објектот - изјави Николовски.
Во трговскиот кој, како што вели тој, ќе ги засени останатите во овој дел од Републикава, ќе има повеќе локали, кои ќе се издаваат под наем, а луксузно опремените 150 станови, ќе бидат наменети исклучиво за продажба.
Д.Ристов

trgovsko-stanben-kompleks-vo-senjak.jpg











http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2592&Itemid=125
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2186
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 02-Oct-2010 at 12:52
Штип-,,Триаголникот,,доби зелено светло

Комисијата за урбанизам и градежништво денеска ја усвои измената на ДУП во
центарот на градот на делот познат како триаголник под Текстилното училиште
- Станува збор за делот кој што со години преставува грда слика во центарот на
градот.Според предвидените измени тука доаѓа до окрупнување на парцелите и ќе
ги има четири. На три од нив предвидени се загради во кои ќе има комбинација
,станови и дел со урбани содржини.Четвртата парцела е веќе изградена, тоа е
Верското училиште,,Медерсата,,.Паркин просторот и гаражите се предвидени но
тие ќе се решаваат во сопствениот простор - образложи Весна Василева од
одделението за урбанизам при локалната самоуправа.

На денешната седница, прифатена е и измената на ДУП во центарот на градот на
улицата ,,Васил Главинов,, под општинската зграда, меѓутоа не и барањето тука да се изгради зграда.Образложението е немањето на простор за паркирање.Сите останати барања за измени во смисла на доградби и надградби се прифатени, освен оние за кои нема просторни услови или пат до нив.

http://www.kanal77.com.mk/portal/images/stories/vesti/makedonija/Dimitar_Mirasciev.jpg
http://www.kanal77.com.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 25-Feb-2011 at 18:57
Во Штип ќе се градат над 200 станови stip-0010-1.jpg

Штип  - Во Штип на две локации ќе сеградат нови стабенизгради и деловен простор. Градоначалникот на општина Штип, Зоран Алексовинформира дека за двамесеци ќе почне изградбата на зграда и трговски центар во населбата „Сењак“.

- Земјиштето беше продадено од страна на Министерството за транспорт и врски по пат на јавна лицитација, фирмата што го купи, ги доби сите дозволи за градба. Согласно планот инвеститорите ќе градат трговски центар и 12 катница, во која на продажба ќе понудат 150 станови, рече Алексов.

Во текот на пролетта најавено е и изградба на станбена зграда на шест ката со околу 60 станови, на местото викано „Стара млекара“, кај крстосницата „Дујле“.

Штипскиот градоначалник посочи дека почнува пролетната градежна офанзива со стартот на изградбата на новите стабени згради. Во тек се и постапките за измени на урбанистички планови и добивање на градежни дозволи за градење на станбени згради, на местата на стари куќи во централното градско подрачје, покрај коритот на реката Отиња. (МИА)


http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2869&Itemid=125
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 29-Mar-2011 at 15:45
eve nekoi mali stambeni zgradi sto se izgradeni vo Kocani i sto se gradat
1
2.
3.
4.
5
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 18-Apr-2011 at 18:34
Во Штип ќе се градат нови станбени згради stip22.jpg

Штип  - Градоначалникот на Општина Штип, Зоран Алексов очекува изградбата на новите станбени згради да почнат во мај. Според него први со градба се очекува да почнат инвеститорите, кои купија државни градежно земјиште во населбата „Сењак" за изградба на станбена зграда со 150 станови.

- Очекувам во мај да почне изградбата на оваа станбена зграда, во која ќе има и деловни објекти. Во завршна фаза е и донесувањето на урбханистичкиот план во населбата „Автокоманда", каде се планира изградба на затворен Градски пазар и висококатница, со вкупна површина од 7.000 метри квадратни , рече Алексов.

Тој додава дека во централното градско подрачје покрај реката Отиња имаат барање од инвеститори за изградба на три станбени згради.

- Во завршна фаза се промените на урбанистичките планови за зградите покрај реката Отиња и мислиме дека сето ова доколку се реализира во текот на годината е сосема доволно дека Штип тргнува од мртвата точка за градење на станбени објекти, вели Алексов.

Сопствениците на Агенциите за недвижности ја поздравуваат изградбата на  нови станбени објекти, бидејќи отткако Штип стана универзитетски центар зголемена е побарувачката на станови . Во Штип цената на становите се движи од 400 до 900 евра за метар квадратен, во зависност од градбата и локацијата на објектот.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2967&Itemid=125
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 06-May-2011 at 16:47
Општина Штип по две години издаде градежна дозвола за изградба на деловно-станбен објект

stip_makedonija.jpgШтип - Општина Штип денеска издаде градежна дозвола за изградба на деловно-станбен објект во населбата „Сењак".

Портпаролот на општината Милена Ристова-Михајловска вели дека по две години општината ја издава првата градежна дозвола за изградба на станбено-деловен објект.

- Станува збор за 12 катна станбена зграда, во која се предвидени и деловни објекти, информира Ристова-Михајловска.

Фирмата „Нико 2002" државното градежно земјиште го купи по пат на лицитација во Министерството за транспорт и врски, а за комуналии на општина Штип треба да и уплати околу 560.000 евра.

Ристова-Михајловска посочи дека во тек се постапки за издавање градежни дозволи за уште неколку локации во централното градско подрачје

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3006&Itemid=125
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-May-2011 at 09:52
ПРВА ДОЗВОЛА ЗА ПРИВАТНА ЗГРАДА ПО СЕДУМ ГОДИНИ privatna_zgrada_po_sedum_godini_thumb.jpgОбјектот е на вкупна површина од 1.650 м² и ќе зафаќа 24.000 м². Зградата ќе има вкупно 16 катови, од кои два ќе бидат наменети за подземна гаража, три за трговски центар и 11 за станбен простор. Општина Штип, по пауза од седум години, издаде градежна дозвола за изградба на приватен станбен објект. Во изминатите години се градеа само станбени објекти на државата според различни програми. Во моментов таква зграда е во финална фаза во населбата Сењак 3, каде што ќе се гради и новиот објект. Во населбата Сењак 3 на продажба беше и парцелата Б-19-б, која по пат на јавно наддавање беше продадена со последна понудена цена од 2.800 денари за 1м². Локацијата лани ја купи штипското претпријатие за продажба на материјали и репроматеријали за конфекција ТДВИЛ „НИКО 2002“ ДООЕЛ увоз-извоз, во сопственост на Ацо Николовски. По тој повод, Николовски за Порта3 вели дека заедно со фирмата „Роби Инженеринг“, како фирма партнер со 50% учество во целокупниот проект, планираат од овој неурбанизиран дел на градот да направат нешто ексклузивно какво што не постои во ниту еден град во источниот дел на Македонија. На вкупна површина од 1.650 м² се планира грандиозен, луксузен објект од 24.000 м², со подрумски дел, три ката трговски центар, над кои ќе бидат изградени уште единаесет катови, каде што ќе бидат сместени над 150 ексклузивни станови. privatna_zgrada_po_sedum_godini.jpg„Целата инвестиција ќе чини околу 10 милиони евра, а изготвувањето на проектот е во завршна фаза“, вели Николовски. Од изградбата на објектот ќе се офајди и општинската каса во која ќе се слеат околу 560.000 евра на име комунални давачки. Во трговскиот центар кој, како што вели Николовски, ќе ги засени останатите во овој дел од Републиката, ќе има повеќе локали, кои ќе се издаваат под наем, а луксузно опремените 150 станови ќе бидат наменети исклучиво за продажба. Станува збор за деловно- станбен комплекс, прв од ваков вид по многу години. Зградата ќе има вкупно 16 катови, од кои два ќе бидат наменети за подземна гаража. Површината на објектот е 24.000 м². Инвеститорот „Топ Инвест“ ДОО (заедничка фирма на ТДВИЛ „НИКО 2002“ и „Телекабел“) објави јавен повик за прибирање на најповолна понуда за изведувач, а проектот на зградата го изработил студиото „Платформа“ од Скопје. Планиран рок на изградба е 18 месеци. Согласно дизајнот, објектот ќе има модерен изглед, нешто што досега ретко било практикувано бидејќи сите станбено-деловни комплекси биле во традиционален стил, во кој доминира бетонскиот екстериер со класични прозорци. Со дизајнот што е избран, овој деловно-станбен објект ќе биде вистинска атракција за Штип.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3014&Itemid=121
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 17-Aug-2011 at 20:11

Се гради станбено деловен комплекс во Штип


Во населбата „Сењак 3“ во Штип денеска  беше поставен камен темелник за изградба на  голем станбено-деловен комплекс, инвестиција од 10 милиони евра на  фирмата „Топ инвест“’.

stip-240
Роберт Димитров, еден од инвеститорите и сопственик на кабелскиот оператор „Телекабел“,  најави дека станбено деловниот комплекс ќе биде изграден за две години, а ќе има 150 станови, 10 апартмани, деловни објекти и катна гаража.

- Објектот е со површина од 25.000 метри квадратни и ќе биде нешто најголем во Штип. Зградата на 13 ката ќе има 150 станови и 10 апартмани, 4.000 метри квадратни деловен објект и на два ката катна гаража за возилата. Инвестицијата ќе достигне околу 10 милиони евра, кои ги имаме обезбедено. Објектот ќе се изгради без никаква пречка навремено и ќе биде нешто најубаво за Штип, изјави Димитров.

Според него, веќе се склучени купопродажни договори со 19 лица.

Земјиштето за комплексот е купено минатата година по пат на лицитација во Министерството за транспорт и врски, а подготвителните работи за изградбата на објектот се одвивале во изминатите шест месеци.

Штипскиот градоначалник Зоран Алексов оцени дека со поставувањето на камен темелникот на комплексот од фирмата „Топ-инвест“ почнува и градежната офанзива во Штип - На есен веќе е најавен и почеток на изградба на уште две станбени згради, а во Штип согласно развојот моментно му се потребни околу 1.000 нови станови, рече Алексов.

Тој додаде дека интерес за градење нови станбени згради има од страна на инвеститорите, но проблем се урбанистичките планови, а за кои треба подолг временски период да се решат.

http://www.kurir.mk/republika/opstini/39524-Se-gradi-stanbeno-deloven-kompleks-vo-Stip
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 18-Aug-2011 at 22:53
1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11


12


Edited by build.mk - 18-Aug-2011 at 22:54
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 19-Aug-2011 at 02:00
ми се свиѓа но само малку претераа со овај negative ефект на сликиве хехе
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2186
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 30-Dec-2011 at 08:23
Ubavo, no fakt e deka Štip leži na nogu strm teren, zatoa negovoto izgraduvanje vo idnina ke bide problematično, ama ubavo, ke bide na toj način kako San Francisco Yes. Mislam deka ke možam da sredam sliki od terenot, bidejki tamu živee edna moja bratučetka.
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2186
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 04-Apr-2012 at 08:08
Топ Понуда, од Топ Инвест, за Топ стан

Вторник, 03 Април 2012 18:34

 

Денеска фирмата ТОП ИНВЕСТ излезe со понуда за купување на станбен простор каква  досега ни една компанија во градежништвото нема понудено.

Понудата се состои од продажба на станови на 60 месечни рати, односно на отплата на 5 години БЕЗ КАМАТА.
Што вели Топ понудата .Ако купите стан со просечна површина и што би чинел  40.000 евра, потребно е да дадете учество од 20% или 8.000 евра. Остатокот за исплата на рати ќе Ви биде 32.000 евра. Месечната рата  би Ви изнесувала 533 евра.Ако земете кредит од банка со минимална камата за станбен кредит која во овој момент е во просек 7% ќе треба на банката да платите 2.240 евра годишна камата, или за 5 години на банката ќе треба да платите 11.200 евра камата. Трошоците околу вадење и одобрување на кредит, барање жиранти и оставање друг имот под хипотека Ви се секако трошоци плус на овој износ.Со оваа понуда сите трошоци и комплицирани процедури се отфрлаат, одбирате стан, се потпишува  договор кај нотар и со плаќањето на последната рата добивате сопственост на станот.Која е причината што ТОП ИНВЕСТ излезе со ваква понуда?
Фирмите кои се инвеститори на овој објект  РОБИ ТЕЛЕКАБЕЛ и НИКО 2002 имаат обезбедено сопствени  сретства да го изградат објектот до крај. Значи, не зависат од кредити и банки и не чекаат како другите градежни фирми - да купи некој стан па со тие пари да продолжат со градбата.
Потенцираме дека со оглед на фактот што ТОП ИНВЕСТ има 11.200m2 станбен простор за продажба, оваа понуда на потенцијалните купувачи би и  заштедила само по основ на камати од Банките, неверојатни 2.940.000 евра. Веќе ја имате најдобрата понуда во Македонија, го имате најубавиот станбен простор во Штип, Ваше е само да одлучите каде ќе ги инвестирате Вашите пари!-Велат Роберт Димитров сопственик на Роби Телекабел и Ацо Николов, сопственик на Нико 2002, чиј заеднички проект е Топ инвест.


http://www.radiostip.com.mk




Edited by Makedonij - 04-Apr-2012 at 08:08
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 17-Aug-2012 at 16:45
Од Штип


23ka.wordpress.com
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.129 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.