build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Градинки
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градинки

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
MACK View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 23-Nov-2017
Online Status: Offline
Posts: 18
  Quote MACK Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 29-Jan-2018 at 00:08
Intersesno sto se pravi gradinka vo bardovci , i se e toa super. Imam samo edno prasanje kako toa prioritet e da se gradi gradinka bo bardovci koj ima X broj ziteli , a vo rasadnik vo K.Voda Rasadnik kade se napraija 30 zgradi i se doselija 3 pati poveke luge od bardovcu ne se gradi gradinka pa nie sto sme tamu gi mnosime sekoe sabajle decata u przinoo , aerodron ili centar vo gradinka koj kade ke ubode i ke se snajde da go primat deteto bidejki vo kisela voda nema mesto. I pak ke kazam deka super e sto se gradi za site i sekade ama prioritetite vi se somnitelni malku poveke?@!@?#??
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1149
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 29-Jan-2018 at 15:36
Тоа во општина ќе си прашаш.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15257
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 15-Feb-2018 at 17:21
Реконструкција на детска градинка „Мајски цвет“ во нас. Карпош

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15257
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 12-Mar-2018 at 12:20
Детска градинка во Киев, Украина



























Повеќе фотографии на линкот

http://abcnews.com.ua/ru/education/kak-vyghliadit-samyi-tiekhnologhichnyi-dietskii-sad-ukrainy
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20832
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 06-Jul-2018 at 12:13
Детска градинка Буба Мара-Општина Аеродром(превземено од фб)









Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15257
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 18-Dec-2018 at 09:56
„МАЈСКИ ЦВЕТ“ ДОБИ НОВ ОБЈЕКТ ВО ТАФТАЛИЏЕ 2



Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2 доби целосно нов објект, со што капацитетот за сместување на деца се зголеми за дополнителни 150 m2.

Стариот објект од монтажен карактер се замени со нов, од цврста градба, и истиот е енергетски ефикасен, со можност за сместување на 95 деца.

Со него се добија деополнителни, четири простории, кои се опремени со нови дидактички материјали (играчки и едукативни средства изработени од еко – материјали, интерактивни ѕидови за цртање и нов мебел и опрема).













http://www.karpos.gov.mk/vest/10032
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 18-Dec-2018 at 11:24
Браво за инвестицијата, реткост е вакво нешто кај нас, ама занималниве повеќе на стоматолошка амбуланта наликуваат отколку на установа за деца.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20832
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 08-Jan-2019 at 15:25
Градинка Буба Мара-Аеродром(од фб)







Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20832
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 08-Jul-2019 at 16:34
Градинка во Општина Брвеница(од фб)





Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15257
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 07-Sep-2019 at 18:01
Детска градинка „8 Април“ во Шуто Оризари, наскоро треба да биде пуштена во употреба



https://plusinfo.mk/%d1%86%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b5-%d1%81%d1%80%d0%b5%d1%9c%d0%bd%d0%b0-%d1%88%d1%82%d0%be-%d0%b4%d0%b5%d1%86%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%be%d0%b4-%d1%88%d1%83%d1%82%d0%be-%d0%be%d1%80/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20832
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 06-Nov-2019 at 09:15
Неофицијално во план е на местото на игралиштето во дворот на ОУ Блаже Конески да се отвори градилиште за изградба на нова градинка во Мичурин.

Еве извадок од деталниот во дворот е вцртана маркица П+2

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20832
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 07-Nov-2019 at 15:08
Originally posted by stef4o

Неофицијално во план е на местото на игралиштето во дворот на ОУ Блаже Конески да се отвори градилиште за изградба на нова градинка во Мичурин.

Еве извадок од деталниот во дворот е вцртана маркица П+2



Аеродромци бараат градинка да се гради на друга локација    



Според ДУП-от за градска четврт И11, на посочената локација каде сега е детско игралиште, има впишано маркичка В2 за здравство и социјална заштита – детска градинка. Аеродромци бараат градинка да се гради на друга локација, а на децата да им остане игралиштето. Од општина Аеродром се децидни дека паралелно со градење на градинката, ќе се гради и детско игралиште во дворот на ОУ „Блаже Конески“



Единственото спортско игралиште во основното училиште „Блаже Конески” ќе се урива за да се изгради детска градинка. Оваа информација осамна на фејсбук-страницата на граѓанската група „Аеродром во моето срце“ кои се против тоа.

Оттаму наведуваат дека игралиштето секојдневно е полно со дечиња од Стар Аеродром и Мичурин и е единствено во тој дел од општината и затоа треба да остане.

– Претходното раководство го реконструираше ова игралиште и стави рефлектори за дечињата да можат и навечер да спортуваат, а сега некој решил сето тоа да го урива за да се гради нова градинка – реагираат од „Аеродром во моето срце“.

Тие апелираат до градоначалникот Златко Марин да не го уништува ова игралиште, а за градинка да бара друга локација!



На оваа информација не останаа имуни и останатите граѓаните од општината Аеродром. И тие реагираа со свои коментари.

– Кој им даде за право тоа да го прават. Само да се уривало. И онака немаше место за дечињата од училиштето. Сега градинка ќе правеле. Токму во екот на учебната година да се гради на место каде што децата трчаат и си играат да поминуваат разни машинерии и да се крева прашина. Тоа е голема грешка. Сами сме си виновни, гледаме и ќутиме. Срамота. Што народ ќе бевме – вели Тања Јакимова Поп-Тасев и предлага новата градинка да се прави кај градинката „Црвенкапа“, каде што има голем простор во дворот.

Соња Стаменковиќ смета дека треба да се распише референдум на локално ниво за да се изјаснат граѓаните.

– Јас сум за игралиште, а објект градинка нека планираат на место каде што си планирале станбен објект – зграда. Децата нема каде да играат, учениците од школото каде да одат – вели Стаменковиќ.

Од општина Аеродром одговорија дека според Деталниот урбанистички план за градска четврт И11, претходното раководство на посочената локација има впишано маркичка В2 за здравство и социјална заштита – детска градинка.

– Општина Аеродром има план да изгради две нови градинки во овој дел, затоа што е зголемена потребата на жителите од вакви објекти. Кога ќе се почне со изградбата на градинката, ќе се изгради ново спортско и детско игралиште во дворот на ОУ „Блаже Конески“ – потенцираат од локалната самоуправа.

(А.П.) – Фото: Н. Батев

https://www.vecer.press/аеродромци-бараат-градинка-да-се-град/
----------------------------------------------------------------
Очигледно веќе го спремаат теренот за градба на фотката се гледа некој камион веројатно прво ќе ги отстранат кожевите и головите па ќе оградат ако не се смени нешто во меѓувреме да најдат друга локација но не верувам...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20832
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 08-Nov-2019 at 17:31
Мичуринци на протест против изградба на градинка во дворот на ООУ „Блаже Конески“



Родителите и учениците од ООУ „Блаже Конески“ во скопската населба Мичурин утре од 12 часот ќе излезат на мирен протест против изградба на детска градинка на местото на отвореното игралиште во училишниот двор.

„Тоа игралиште е место за спорт и рекреација на голем дел од населението на Мичурин и Острово. Со изградба на градинка на местото на игралиштето, децата ќе немаат каде да играат“, негодуваат тие.

Од Општина Аеродром велат дека, покрај градинката ќе се изгради ново спортско и детско игралиште, бидејќи училишниот двор бил доволно голем.

Родителите, пак, истакнуваат дека тоа ново игралиште би било помало од сегашното и поради тоа нема да ги задоволува потребите како сегашното.

Покрај планираната градинка во дворот на ООУ „Блаже Конески“, општината најавува изградба на уште една во овој дел од Аеродром.

https://expres.mk/michurinci-na-protest-protiv-izgradba-na-gradinka-vo-dvorot-na-oou-blazhe-koneski/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20832
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 10-Nov-2019 at 16:36
Не го даваме теренот – протест во Аеродром



Не го даваме теренот – беше испишано на една од паролите на основците од Блаже Конески , кои денеска заедно со своите родители протестираа на училишното игралиште.

Општината сака да го сруши и на тоа место да се изгради градинка. Аеродромци не се противат на градење уште една детска градинка, но бараат од надлежните да не им го земаат на децата единственото игралиште во овој реон на Аеродром.

За овој план на општинарите дознале откако виделе машини во дворот на школото.

Два часа градоначалникот Златко Марин разговараше со околу 200 граѓани на Скопски Аеродром.

Марин уверува дека најважен е гласот на народот, ама и дека не може да се промени Деталниот урбанистички план, кој го наследи од неговиот претходник Ивица Конески.

Градоначалникот најави повторна среда со граѓаните во наредните две недели. Жителите од Аеродром и Мичурин не веруваат дека надлежните ќе имаат слух за нивните барања кога и претходно никој не ги известил дека ќе дозволат во близина на училиштето да никне кафана.

https://telma.com.mk/ne-go-davame-terenot-protest-vo-aerodrom/
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1008
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 11-Nov-2019 at 13:17
Завземањето на игралиштето беше мое дамнешно предвидување на форумов,уште пред ДУП от да биде донесен, ме мрзи сега да листам назад...очекувајте нови узурпации до тотална Дебармализација на Стар Аеродром.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20832
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 29-Nov-2019 at 13:40


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15257
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 09-Dec-2019 at 21:23
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20832
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 14-Feb-2020 at 13:39
Originally posted by stef4o





Денес



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20832
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 21-Apr-2020 at 13:43
Во Волково се гради најмодерната градинка во земјава



Градежните работи на градинката во Волково се во полн ек и покрај корона-кризата. Како што информираат од Општина Ѓорче Петров, градинката ќе биде со капацитет од 175 деца поделени во осум занимални и нејзината изградба ќе чини над 80 милиони денари.

Оваа градинка се очекува да биде најсовремена и најмодерна во земјата, штедлив објект по сите стандарди. Изградбата е дел од „Проектот за условени парични надоместоци (УНП Проект)“ кој се реализира од Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска банка – соопштија од локалната самоуправа.

https://www.vecer.press/во-волково-се-гради-најмодерната-гра/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 25-May-2020 at 01:44
Фино изгледа.
______________________________________
Во населба Драчево се гради нова градинка

(...)

Благодарение на одличната соработка на Општина Кисела Вода со централната власт, по завршувањето на градежните работи конечно после доги години ќе бидат намалени листите за упис на деца во објектите на ЈДГ „8 Март“, „Пеперутка 1 и 2“. За успешна реализација на проектот, Општина Кисела Вода најпрво го изработи основниот проект за изградба на градинката, по што аплицираше и доби грант од Министерството за труд и социјална политика за зголемување на капацитетите на јавните детски градинки на нејзината територија.

Новата градинка ќе се простира на површина од 600 квадратни метри, со поделена катност од подрум, приземје и еден кат. Во подрумот е предвидена просторија за горилник и остава за огревен материјал. На приземјето ќе се наоѓа главниот влез на градинката, како и 4 занимални. На првиот кат се планира да бидат сместени јаслите, како и придружни простории. Капацитетот на градинката за згрижување е за вкупно 125 деца, од кои за 95 на возраст од 2 до 6 години и за 30 до 2 годишна возраст.

(...)

kiselavoda.gov.mk

Пред некој ден:


Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.