Градинки |
Post Reply | Page <12345 9> |
Author | |
MACK
Newbiе Joined: 23-Nov-2017 Online Status: Offline Posts: 18 |
Quote Reply #41 Posted: 29-Jan-2018 at 00:08 |
Intersesno sto se pravi gradinka vo bardovci , i se e toa super. Imam samo edno prasanje kako toa prioritet e da se gradi gradinka bo bardovci koj ima X broj ziteli , a vo rasadnik vo K.Voda Rasadnik kade se napraija 30 zgradi i se doselija 3 pati poveke luge od bardovcu ne se gradi gradinka pa nie sto sme tamu gi mnosime sekoe sabajle decata u przinoo , aerodron ili centar vo gradinka koj kade ke ubode i ke se snajde da go primat deteto bidejki vo kisela voda nema mesto. I pak ke kazam deka super e sto se gradi za site i sekade ama prioritetite vi se somnitelni malku poveke?@!@?#??
|
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1149 |
Quote Reply #42 Posted: 29-Jan-2018 at 15:36 |
Тоа во општина ќе си прашаш.
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #43 Posted: 15-Feb-2018 at 17:21 |
Реконструкција на детска градинка „Мајски цвет“ во нас. Карпош
|
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #44 Posted: 12-Mar-2018 at 12:20 |
Детска градинка во Киев, Украина
Повеќе фотографии на линкот http://abcnews.com.ua/ru/education/kak-vyghliadit-samyi-tiekhnologhichnyi-dietskii-sad-ukrainy |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #45 Posted: 06-Jul-2018 at 12:13 |
Детска градинка Буба Мара-Општина Аеродром(превземено од фб)
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #46 Posted: 18-Dec-2018 at 09:56 |
„МАЈСКИ ЦВЕТ“ ДОБИ НОВ ОБЈЕКТ ВО ТАФТАЛИЏЕ 2
Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2 доби целосно нов објект, со што капацитетот за сместување на деца се зголеми за дополнителни 150 m2. Стариот објект од монтажен карактер се замени со нов, од цврста градба, и истиот е енергетски ефикасен, со можност за сместување на 95 деца. Со него се добија деополнителни, четири простории, кои се опремени со нови дидактички материјали (играчки и едукативни средства изработени од еко – материјали, интерактивни ѕидови за цртање и нов мебел и опрема). http://www.karpos.gov.mk/vest/10032 |
|
За сè има вторпат
|
|
ironm
Senior Member Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
Quote Reply #47 Posted: 18-Dec-2018 at 11:24 |
Браво за инвестицијата, реткост е вакво нешто кај нас, ама занималниве повеќе на стоматолошка амбуланта наликуваат отколку на установа за деца.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #48 Posted: 08-Jan-2019 at 15:25 |
Градинка Буба Мара-Аеродром(од фб)
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #49 Posted: 08-Jul-2019 at 16:34 |
Градинка во Општина Брвеница(од фб)
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #50 Posted: 07-Sep-2019 at 18:01 |
Детска градинка „8 Април“ во Шуто Оризари, наскоро треба да биде пуштена во употреба
https://plusinfo.mk/%d1%86%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b5-%d1%81%d1%80%d0%b5%d1%9c%d0%bd%d0%b0-%d1%88%d1%82%d0%be-%d0%b4%d0%b5%d1%86%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%be%d0%b4-%d1%88%d1%83%d1%82%d0%be-%d0%be%d1%80/ |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #51 Posted: 06-Nov-2019 at 09:15 |
Неофицијално во план е на местото на игралиштето во дворот на ОУ Блаже Конески да се отвори градилиште за изградба на нова градинка во Мичурин.
Еве извадок од деталниот во дворот е вцртана маркица П+2 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #52 Posted: 07-Nov-2019 at 15:08 |
Аеродромци бараат градинка да се гради на друга локација Според ДУП-от за градска четврт И11, на посочената локација каде сега е детско игралиште, има впишано маркичка В2 за здравство и социјална заштита – детска градинка. Аеродромци бараат градинка да се гради на друга локација, а на децата да им остане игралиштето. Од општина Аеродром се децидни дека паралелно со градење на градинката, ќе се гради и детско игралиште во дворот на ОУ „Блаже Конески“ Единственото спортско игралиште во основното училиште „Блаже Конески” ќе се урива за да се изгради детска градинка. Оваа информација осамна на фејсбук-страницата на граѓанската група „Аеродром во моето срце“ кои се против тоа. Оттаму наведуваат дека игралиштето секојдневно е полно со дечиња од Стар Аеродром и Мичурин и е единствено во тој дел од општината и затоа треба да остане. – Претходното раководство го реконструираше ова игралиште и стави рефлектори за дечињата да можат и навечер да спортуваат, а сега некој решил сето тоа да го урива за да се гради нова градинка – реагираат од „Аеродром во моето срце“. Тие апелираат до градоначалникот Златко Марин да не го уништува ова игралиште, а за градинка да бара друга локација! На оваа информација не останаа имуни и останатите граѓаните од општината Аеродром. И тие реагираа со свои коментари. – Кој им даде за право тоа да го прават. Само да се уривало. И онака немаше место за дечињата од училиштето. Сега градинка ќе правеле. Токму во екот на учебната година да се гради на место каде што децата трчаат и си играат да поминуваат разни машинерии и да се крева прашина. Тоа е голема грешка. Сами сме си виновни, гледаме и ќутиме. Срамота. Што народ ќе бевме – вели Тања Јакимова Поп-Тасев и предлага новата градинка да се прави кај градинката „Црвенкапа“, каде што има голем простор во дворот. Соња Стаменковиќ смета дека треба да се распише референдум на локално ниво за да се изјаснат граѓаните. – Јас сум за игралиште, а објект градинка нека планираат на место каде што си планирале станбен објект – зграда. Децата нема каде да играат, учениците од школото каде да одат – вели Стаменковиќ. Од општина Аеродром одговорија дека според Деталниот урбанистички план за градска четврт И11, претходното раководство на посочената локација има впишано маркичка В2 за здравство и социјална заштита – детска градинка. – Општина Аеродром има план да изгради две нови градинки во овој дел, затоа што е зголемена потребата на жителите од вакви објекти. Кога ќе се почне со изградбата на градинката, ќе се изгради ново спортско и детско игралиште во дворот на ОУ „Блаже Конески“ – потенцираат од локалната самоуправа. (А.П.) – Фото: Н. Батев https://www.vecer.press/аеродромци-бараат-градинка-да-се-град/ ---------------------------------------------------------------- Очигледно веќе го спремаат теренот за градба на фотката се гледа некој камион веројатно прво ќе ги отстранат кожевите и головите па ќе оградат ако не се смени нешто во меѓувреме да најдат друга локација но не верувам... |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #53 Posted: 08-Nov-2019 at 17:31 |
Мичуринци на протест против изградба на градинка во дворот на ООУ „Блаже Конески“
Родителите и учениците од ООУ „Блаже Конески“ во скопската населба Мичурин утре од 12 часот ќе излезат на мирен протест против изградба на детска градинка на местото на отвореното игралиште во училишниот двор. „Тоа игралиште е место за спорт и рекреација на голем дел од населението на Мичурин и Острово. Со изградба на градинка на местото на игралиштето, децата ќе немаат каде да играат“, негодуваат тие. Од Општина Аеродром велат дека, покрај градинката ќе се изгради ново спортско и детско игралиште, бидејќи училишниот двор бил доволно голем. Родителите, пак, истакнуваат дека тоа ново игралиште би било помало од сегашното и поради тоа нема да ги задоволува потребите како сегашното. Покрај планираната градинка во дворот на ООУ „Блаже Конески“, општината најавува изградба на уште една во овој дел од Аеродром. https://expres.mk/michurinci-na-protest-protiv-izgradba-na-gradinka-vo-dvorot-na-oou-blazhe-koneski/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #54 Posted: 10-Nov-2019 at 16:36 |
Не го даваме теренот – протест во Аеродром
Не го даваме теренот – беше испишано на една од паролите на основците од Блаже Конески , кои денеска заедно со своите родители протестираа на училишното игралиште. Општината сака да го сруши и на тоа место да се изгради градинка. Аеродромци не се противат на градење уште една детска градинка, но бараат од надлежните да не им го земаат на децата единственото игралиште во овој реон на Аеродром. За овој план на општинарите дознале откако виделе машини во дворот на школото. Два часа градоначалникот Златко Марин разговараше со околу 200 граѓани на Скопски Аеродром. Марин уверува дека најважен е гласот на народот, ама и дека не може да се промени Деталниот урбанистички план, кој го наследи од неговиот претходник Ивица Конески. Градоначалникот најави повторна среда со граѓаните во наредните две недели. Жителите од Аеродром и Мичурин не веруваат дека надлежните ќе имаат слух за нивните барања кога и претходно никој не ги известил дека ќе дозволат во близина на училиштето да никне кафана. https://telma.com.mk/ne-go-davame-terenot-protest-vo-aerodrom/ |
|
kiriOK
Senior Member Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1008 |
Quote Reply #55 Posted: 11-Nov-2019 at 13:17 |
Завземањето на игралиштето беше мое дамнешно предвидување на форумов,уште пред ДУП от да биде донесен, ме мрзи сега да листам назад...очекувајте нови узурпации до тотална Дебармализација на Стар Аеродром.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #56 Posted: 29-Nov-2019 at 13:40 |
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15260 |
Quote Reply #57 Posted: 09-Dec-2019 at 21:23 |
Отворање на нова детска градинка во Муртино, Струмица [08.12.2019]
Отворање на нова детска градинка во Муртино, Струмица [08.12.2019"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr Отворање на нова детска градинка во Муртино, Струмица [08.12.2019"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr Отворање на нова детска градинка во Муртино, Струмица [08.12.2019"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr Отворање на нова детска градинка во Муртино, Струмица [08.12.2019"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr Отворање на нова детска градинка во Муртино, Струмица [08.12.2019"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #58 Posted: 14-Feb-2020 at 13:39 |
Денес |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20871 |
Quote Reply #59 Posted: 21-Apr-2020 at 13:43 |
Во Волково се гради најмодерната градинка во земјава
Градежните работи на градинката во Волково се во полн ек и покрај корона-кризата. Како што информираат од Општина Ѓорче Петров, градинката ќе биде со капацитет од 175 деца поделени во осум занимални и нејзината изградба ќе чини над 80 милиони денари. Оваа градинка се очекува да биде најсовремена и најмодерна во земјата, штедлив објект по сите стандарди. Изградбата е дел од „Проектот за условени парични надоместоци (УНП Проект)“ кој се реализира од Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска банка – соопштија од локалната самоуправа. https://www.vecer.press/во-волково-се-гради-најмодерната-гра/ |
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #60 Posted: 25-May-2020 at 01:44 |
Фино изгледа.
______________________________________ Во населба Драчево се гради нова градинка
kiselavoda.gov.mk Пред некој ден: |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
Post Reply | Page <12345 9> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |