build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Градинки
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градинки

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Градинки
    Posted: 26-Nov-2009 at 03:25

Штрковите донесоа градинка во Аеродром

Општината со најголем наталитет во Реонски центар ќе гради градинка на 7.500 квадратни метри, што ќе може да прими 200 деца

Жителите на Ново Лисиче за нецели две години во својата населба ќе добијат детска градинка, со што се очекува да се ублажи проблемот за сместување на децата во Општината Аеродром, која има најголем наталитет во Скопје. Градинката ќе има можност да згрижи околу 200 деца од предучилишна возраст, ќе се протега на 7.500 квадратни метри, од кои 1.400 ќе бидат за објектот од приземје и кат. Објектот се наоѓа веднаш до фудбалското игралиште, кое неодамна почна да се гради.

Темелите вчера со пригодна свеченост ги поставија премиерот Никола Груевски, градоначалникот на Аеродром Ивица Конески и министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, а ги осветија свештеници од Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Проектот е на фирмата „Инпума“, а изградбата ќе ја врши „НЃ-инженеринг“. Изградбата на градинката ќе се финансира од државниот буџет, а ќе чини милион евра.

- Ми причинува посебно задоволство што присуствувам на почетокот на изградба на детска градинка со буџетски пари од Владата, нешто што многу недостасуваше во Општина Аеродром и не се случило последните 20 години во Македонија. Локацијата Реонски центар Аеродром, воопшто не е случајна. Општина Аеродром е една од најмладите општини, која има една од повисоките стапки на наталитет во Македонија. Големиот број на млади брачни двојки, како и зголемениот број на деца во Аеродром, е факт што со задоволство го примаме, но и реалност, која нужно побарува нови градинки и зголемување на капацитетите на веќе постојните - изјави премиерот Груевски.

Градоначалникот Коневски рече дека изградбата на детската градинка е резултат на напорното и посветено работење на општината и на големата поддршка на Министерството за труд и социјална работа и на Владата.

Во Аеродром се чека ред за упис во детска градинка. Се фаќаат врски, се прават листи на чекање, а градинките се пребукирани. Општината со над 80.000 жители и со претежно млади брачни двојки има само две градинки - „Бубамара“, со клоновите „Пчелка 1“ и „Пчелка 2“ и „Срничка“, со клоновите „Калинка“, „Црвенкапа“, „Изворче“, „Бамби“, „Чекорче“.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2EF585AF31AFBB46BC05DE9686306194

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 03-Sep-2010 at 11:26
Почна изградбата на нова детска градинка во општина Росоман

Росоман 1 септември 2010 (МИА) - Во општина Росоман денеска на свечен начин беа поставени темелите за изградба на новата детска градинка во општина Росоман. Камен-темелникот го удрија заменик - министерот за труд и социјална политика Спиро Ристевски и градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов.

Заменик - министерот истакна дека ваков објект е потребен повеќе години, а Владата и ресорното Министерство конечно пронашле решение оваа година да се почне со изградба. Тој потенцира дека за оваа намена се одвоени осум милиони денари, а се очекува изградбата на градинката да заврши за две буџетски години. Капацитетот на установата  е за околу 50 деца, а како што рече Ристевски, иницијативата на градоначалникот ја поддржале врз основа на зголемувањето на наталитетот во општина Росоман и потребата за отварање на еден ваков објект.

Градоначалникот Стојанче Лазов изјави дека конечно потребата на росоманци за градинка ќе биде задоволена, и дека родителите кои децата досега ги носеа на престој во кавадаречката градинка, не ќе имаат потреба да го прават тоа или пак да размислуват каде ќе ги остават децата на чување додека се на работа. Градинката ќе биде сместена во просториите на ОУ „Пере Тошев“.

Заменик - министерот Ристевски потврди дека годинава околу стотина дечиња од Кавадарци се одбиени за престој во градинката Рада Поцева зашто капацитетите на истата се исполнети до максимум и плус 30 проценти од дозволеното,така да состојбата е во една група од 15 деца сега да престојуваат по 30 дечиња а со нив раководи само едно воспитно лице.

Кавадаречката градинка работи со четири клона, а Ристевски ја истакна потребата од адаптирање на постоечкиот објект во склоп на детската градинка и обезбедување на дополнителен простор за престој.

Ристевски рече дека радува фактот што општина Кавадарци е една од општините каде е зголемен наталитетот за разлика од некои други  општини во државата каде таа бројка е сеушта мала. бн/ев/16:17

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=76595403&lId=1&pmId=
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 03-Feb-2011 at 13:15

Во градинката „Орце Николов“ ќе се гради објект за француска група

Општина Карпош ќе вложи 200.000 евра, а зградата ќе ја опреми француската амбасада

Општина Карпош во кругот на градинката „Орце Николов“ во Карпош 3 ќе гради нов објект наменет за француска градинка. Планирано е градежните работи да почнат до пролет, а веќе наесен да се отвори групата во која ќе учат децата на француски јазик. Општината веќе бара фирма што ќе го изгради објектот планиран да се простира на површина од 400 квадратни метри. Во неа, практично, ќе учат децата од постојната француска група од градинката „Пролет“ што се наоѓа во Козле, како и новозаинтерсираните чиј број расте од ден на ден.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски вели дека одлучил да гради градинка на сметка на општината за да одговори на барањата на заинтересираните родители, и покрај тоа што ингеренциите од областа на социјалната дејност, во чиј домен спаѓа и изградба на нови градинки, е под капата на Министерството за труд и социјала.

„Не можевме да ги оставиме граѓаните во заложништво на незаинтересираноста на централната власт да инвестира во објекти од вистински интерес на граѓаните. Сметаме дека потребните средства за новиот објект, практично, доградба на постојниот, нема да бидат голем товар за нас, па издвоивме пари во годинешниот буџет за реализација на овој проект“, вели Јакимовски. Според неговата процена, новиот објект нема да ја чини општината повеќе од 160.000 евра. За нејзино опремување, пак, градоначалникот веќе договорил соработка со француската амбасада, односно таа целосно ќе го донира потребниот мебел и другите неопходни работи. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3D09DD945B27C54790B40BDA9B91CEF2
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 14-Mar-2011 at 11:50

Денес во општина Карпош беше поставен камен темелник на новата Франкофонска градинка.

franko-stevco-240
Темелникот го поставија градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски и амбасадорот на Франција Жан Клод Шлумберже.

Оваа градинка ќе се изгради во дворот на веќе постоечката градикна „Орце Николов“, и во истата ќе се говори на француски јазик. Во оваа градинка покрај децата на вработените во Француската амбасада, ќе простојуваат и деца на граѓаните на Република Македонија, кои ќе имаат можност да го учат францускиот јазик.

Градинката се очекува да биде отворена на есен.

Градоначалникот Јакимовски истакна дека за оваа инвестиција општината одвоила околу 200.000 евра со што ќе се изгради градинката, а додека внатрешното опремување на градинката ќе биде донација од Француската амбасада.

Градоначалникот Јакимовски најава изградба и на други вакви градинки во соработка со другите амбасади.

http://www.time.mk/read/3fd59e8c84/440ad91c22/index.html
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 23-Mar-2011 at 17:43
Еве нешто од детската градинка во Карпош 3...  отприлика тука е...  42° 0'16.45"N 21°23'51.26"E








Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-Mar-2011 at 23:56
fossil me interesira dali se e ushte vo ramkite na dvorot na gradinkat aili izlezeno e nadvor od ramkite na dvorot. Prashuvam ne radi drugo tuku kako mal jas odev vo ovaa gradinka
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Mar-2011 at 02:01
Originally posted by mirakuliks

fossil me interesira dali se e ushte vo ramkite na dvorot na gradinkat aili izlezeno e nadvor od ramkite na dvorot. Prashuvam ne radi drugo tuku kako mal jas odev vo ovaa gradinka
Во рамките на дворот е.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-Apr-2013 at 12:03
Нова градинка во ресенско Јанковец
Петок, 05 Април 2013 18:33

Министерот за труд и социјала Спиро Ристовски денеска во ресенското село Јанковец пушти во употреба нова детска градинка која ќе згрижува 20-тина деца.



пс,другиот текст го прескокнувам `од разбирливи `причини

Курир
Back to Top
JimmyN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Dec-2012
Location: Germany
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote JimmyN Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 08-Apr-2013 at 11:50
Браво! 
If you don`t have a clue,...use the internet!
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 13-May-2013 at 20:53
Градинка „Вудро Вилсон“, Тетово



http://bit.ly/16veBZi
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 13-May-2013 at 21:20
браво
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15257
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 13-May-2013 at 21:42
Не сакам да мрчам, ама некако кичесто ми изгледа фасадата, дури и за детска градинка...
За сè има вторпат
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 13-May-2013 at 22:05
Previous Не е само детска градинка, цел комплекс е и средно школо или колеџ незнам баш добро, и имаат и спортска сала и се се Big%20smile не сум бил да слика ме мрзи нешто у последно време, ама ке треба и ова и тетовскиот факултет да го сликам
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 13-May-2013 at 22:06
Премногу експлицитно за мој вкус.

Edited by totobobo - 13-May-2013 at 22:07
Interceptor design
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 13-May-2013 at 22:18
е градинка е,нормално да е кичеста.свати ги децата кога влегуваат,вероватно се полни со радост,а не како кај обичен објект каде не сакаат да влезат(мое искуство) бидејќи градинката била `стара`
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 22-Oct-2013 at 19:20

Бакрачески и министерот Спасов свечено ја отворија детската градинка во Велгошти
     
22.10.2013 | 16:26
Извор: Нетпрес




Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска свечено ја отворија детската градинка во други просторни услови во Основното Училиште "Живко Чинго" во село Велгошти.
Просторот со површина од 200 метри квадратни што е во рамки на Детската градинка „Јасна Ристеска“ располага со две занимални, дистрибутивна кујна и два тоалети.

„Иницијативата за отворање на ваков објект е на жителите на Велгошти“, рече градоначалникот Никола Бакрачески, кој потенцира дека ова е само уште еден доказ дека Локалната Самоуправа посветено ќе работи на сите оние ветувања кои што во минатиов период ги даде на жителите на ова село.

„Ќе продолжиме и понатака со реконструкција и адаптација на градинките во Охрид не само на овие две. Најавувам дека во текот на оваа и наредната година ќе работиме на подобрување на условите во градинките и во школите во Охрид, што подразбира реконструкција и адаптација на просторните услови и на реквизитите за сместување на децата од пред школска возраст“, рече Бакрачески.

Министерот за труд и социјала, Диме Спасов нагласи дека со оваа градинка дополнително се зголемува капацитетот за сместување, згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст во општина Охрид.

„Охрид е вистински пример на општина која работи на подобрување и унапредување на постоечките капацитети. Оваа градинка треба да придонесе во демографскиот раст и развој на наталитетот во општината“, рече Спасов.

Директорката на градинката, Розе Костеска, рече дека станува збор за хетерогена група, која ќе работи со деца на возраст од две до шест години. На почеток запишаните 35 дечиња ќе бидат сместени во една занимална, но доколку се зголеми бројот ќе функционира и втората занимална.

„Со ова им се овозможува на децата организирано образование, воспитување и згрижување, кога ќе почнат со училиште ќе имаат поголеми стекнати вештини и навики за учење“, рече Костеска.

Пред две недели градоначалникот Бакрачески и министерот Спасов ја ставија во употреба градинката во посебни просторни услови во село Лескоец.

http://tocka.com.mk/1/108772/bakraceski-i-ministerot-spasov-sveceno-ja-otvorija-detskata-gradinka-vo-velgosti

ПС.Овде вероватно удел во проектот има и досегашниот градоначалник,па ако тие не го спомнаа,еве јас ќе додадам една реченица

Edited by gjoko - 22-Oct-2013 at 19:21
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15257
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 18-Feb-2014 at 08:55
Жителите на Капиштец ќе добијат нова детска градинка



Најдоцна до март годинава треба да биде поставен камен темелник на новата детска градинка „Кочо Рацин“ во скопската населба Капиштец, која ќе се гради на местото на постоечките дотраени бараки на градинката, помеѓу улиците „Козара“ и „Васил Ѓоргов“. Објектот ќе се простира на површина од 2.200 метри квадратни и ќе се состои од осум занимални, три јасли, централна кујна, амфитеатар и свечена сала. Во него е планирано да се згрижат 270 деца.

За реализација на проектот Општина Центар потпиша договор со градежната компанија „Гранит“ од Скопје. Вредноста на договорот е 95.027.336 денари без вклучен ДДВ, а финансиите се обезбедени од буџетот на Општината. Оперативата на „Гранит“ треба да ги заврши градежните работи во рок од седум месеци.

http://www.build.mk/?p=32817">http://www.build.mk/?p=32817 http://www.build.mk/?p=32817
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15257
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Jan-2015 at 11:01
Нова детска градинка во скопската општина Кисела Вода

Денеска беше пуштена во употреба првата детска градинка во скопската населба Припор. Новата градинка „Стапалче“, во рамки на Детската градинка „8 Март“, има капацитет да прими 75 дечиња и располага со две занимални, една повеќенаменска просторија и јасли наменети за најмалите дечиња.







На отворањето присуствуваа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ. „Министерството за труд и социјална политика ја обезбеди опремата целосно за овој објект додека општина Кисела Вода инвестираше во реконструкција, адаптација на целокупниот процес што е значителна инвестиција од страна на општината“ изјави министерот Спасов. Од општинскиот буџет на Кисела Вода за новата градинка „Стапалче“ беа одвоени 12,3 милиони денари. Со заедничка инвестиција, пред еден месец беше отворена градинка и во населбата Црниче. Од локалната самоуправа соопштуваат дека во наредниот период предвидуваат изградба на дополнителни две градинки.

Во согласност со четиригодишната програма за работа на Министерството за труд и социјална политика, во македонските општини треба да се изградат вкупно 40 градинки или по околу 10 вакви образовни установи во текот на една година.

http://www.build.mk/?p=42682
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 31-Mar-2015 at 20:27
ВО КАРПОШ ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВА ГРАДИНКА



Советниците на Општина Карпош денеска, на 33-та седница, едногласно донесоа одлука за изградба на нова градинка на територијата на Карпош.

Градинката ќе биде дел од училишниот двор во ООУ „Аврам Писевски“ во Бардовци, со што ќе им се помогне на родителите од тоа населено место да бидат згрижени нивните деца и да се социјализираат.

Општина Карпош соопшти дека се исполнети условите за изградба и дека проектот ќе се реализира во наредниот период.

На денешната седница е усвоена и одлука за меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и општина Карпош за изградба и одржување на јавно осветлување околу локалитетот Етно Село.

- Инвестирањето во светилки и поставување е во доменот на Градот, а Општината ќе плаќа дел од електричната енергија, со тоа што за возврат очекува туризмот во овој дел од Општината да се искачи на повисоко ниво, особено во летните месеци од годината, информира Општина Карпош.

http://utrinski.mk/default.asp?ItemID=844A8E26CD026F4B92453072BF48C7E8
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4191
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 30-Jun-2015 at 00:42
Нова детска градинка се гради во Пинтија



Започна изградбата на нова детска градинка во скопската населба Пинтија, општина Кисела Вода. Објектот ќе се простира на површина од 480 метри квадратни и ќе се состои од три занимални за прием на деца од предучилишна возраст и една занимална јасли. Градинката ќе може да прими од 80 до 90 дечиња, а општината за изградбата ќе вложи 19,5 милиони денари. На денешното поставување на камен – темелник присуствуваа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ. Свечениот старт на изградбата на детската градинка е во рамките на одбележувањето на 60-годишниот јубилеј на оваа скопска општина.

http://www.build.mk/?p=45128
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.