build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Скопје
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Старо Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 55>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 02-Mar-2009 at 04:10
Originally posted by Vladimir P

Originally posted by lslcrew

Што бидна со оној проектот за 3д визуаелизација на старо скопје?! Имаше мислам некои од членовите тукана форумов што беше дел од тој проект. Денеска барем е лесно тоа. Со добра екипа и добар софтвер може чуда да се направат. А и збирката со слики и не била така мала како што ми изгледало до пред година две! Има доволно материјал да се реконструираат делови од скопје во повеќе периоди, од турско до земјотресот!

Ај прво ова да одговорам. Ни ја неможев да ја најдам нишката ???!!
Иначе со проектот - колку пари толку музика

семинарска за другата страна на вардар 

Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 05-Mar-2009 at 16:31
сепак не читаат од партииве - еден од кандидатите за градоначалник на Скопје на својата веб страна како проект од културата го најави рестартирањето на големиот часовник на Старата железничка станица (Музеј на Град Скопје). Banana
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 05-Mar-2009 at 16:38
анДарко јас само што читав за ова во програмата и се спремав да пишам. Како прво тој часовник е симбол на Скопје како таков, застанат и го симболизира новото време. Ова е повторно некое иделошко узурпирање на Скопје и на земјотресот се гледа како на "комуњарска направија". Вака само може да се уништ еден симбол на Скопје, а ништо нема да се добие. Не се зафркавам проблемов е психилошки. Тој саат не смее повторно да проработи.

Ако не читале, убаво што не читале, ама нека не дочитале барем до крај. Имав ја некој предлог како може да се постават два идентични саати кога би се реконструирала стара железничка од кој моменталниов ќе стои, а другиот кој освен што ќе работи, ќе дава симетрија на зградата.
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 05-Mar-2009 at 16:46
забелешката ти е на место...така да видиме што ќе испадне од тоа...некој спомна дека технички е изводливо да проработи стариот саат, а времето на земјотресот преку ден да остане забележано со сенка а со навечер со посебна илуминација...

како и да е, како и да се постапи, јас сум апсолутно за, бидејки на Скопје му е потребен градски часовик, а стара железничка со централната поставенот во поглед на Ул. Македонија и плоштадот е идеален објект за тоа...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 05-Mar-2009 at 16:59
Originally posted by anDarko

сепак не читаат од партииве - еден од кандидатите за градоначалник на Скопје на својата веб страна како проект од културата го најави рестартирањето на големиот часовник на Старата железничка станица (Музеј на Град Скопје). Banana


го пропушти делот каде според истиот тој градоначалник дека на секој саат часовникот ќе отчукува со македонски народни песни Poke LOL

што нема да слушнам


Edited by pbanks - 05-Mar-2009 at 17:00
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 05-Mar-2009 at 17:17
е добро де, па и во Битола саат кулата чука во мелодија на традиционални песни Smile не е дека ќе оди баш народна песна, верувам се мисли на тон кој ќе соодвествува на рефрен од некоја препознатлива традиционална песна од МК
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 06-Mar-2009 at 22:13
Кандидатот се откажал денеска од идејата поради реакциите во јавноста! Сега најавува изградба на сличен до постојниов!

Ќе засвири ли часовникот на Стара железничка станица?

петок, 06 март 2009, 18:25

Кандидатот за градоначалник на ВМРО- ДПМНЕ Коце Трајановски се пишмани од идејата - часовникот на старата железничка да пропее а стрелките да проработат. По реакциите на идеата запишана во неговата програма, денеска тој ретарира – стариот часовник нема да го  чепкал, а до него ќе изградел  друг кој ќе го покажувал  реалното време.  Иако проектот се наоѓа во културните приоритети доколку тој стане градски татко, Трајановски денеска објасни дека реализацијата на проектот не морала да биде онаква како што им ветува на гласачите во програмата.
 
Според изборната програма на Трајановски проектот треба да се реализира до крајот на 2010 година.

Обновата на часовникот е клучна заради неговата локација со поглед на улица Македонија и Плоштадот. Препознатлив детал од градот кој секој час би го означувал со песна од македонскиот народен мелос и би се овозможило осветлување на стрелките на часовникот.
Идејата на Трајановски не им се допаѓа особено на постарите скопјани.
 
Директорот на музејот на Град Скопје, Шурбановски поради обрвски не можеше да ја коментира идејата. Вели дека не сака да се меша во програмите на кандидатите за градската фотелја.

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=95&egId=35&eventId=5803



Edited by lslcrew - 06-Mar-2009 at 22:13
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 09-Mar-2009 at 04:40

па сеуште не е јасно дали се откажал, во емисијата остави простор да види како работите ќе се одвиваат понатаму, еве извадок од соочувањето.

туку ај што водителката ја промашила професијата, па и гостите ги префаќа лапсус атмосферата, па така и Коце понесен   во  рециталот апострофира: "Скопје треба да продолжи понатаму,  времето никако не застана со земјотресот од '93та"... 



Edited by beTon - 10-Mar-2009 at 23:43
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 09-Mar-2009 at 11:28
Одличен документ
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 09-Mar-2009 at 13:31
Коњаници на бришан простор
 
На овој дел од Балканот новото политичко доба нема да пристигне (по нафтовод, коридор 8, еврорутата Е-75, НАТО, ЕУ). Тоа ќе дојава, во 100 чекори и на бронзен коњ. А коњаници, дефинитивно ќе има. Но тоа не ќе се, како што и до сега не биле, единствените бронзени јавачи и коњи поставени на централниот плоштад во Скопје, тој плаце д’армес на Македонија, тоа политичко панаѓуриште од најраниот 20. век. Еве како оди таа приказна...

На почетокот од минатото столетие кога Градот позасилено се префрла од онаа страна на Вардар – и преоѓа на десниот брег, Каршиака како што ја викале Скопјани од старите маала спротивната страна, во последниот период на отоманското царство, таму стои Бурмали џамијата. Таа маркантна каршијачка москеја го пречекува и падишахот Решад и неговата свита во последната султанска посета на Градов пред неговата политичка разделба со Ориентот и првото ориентирање - ако сакаме да бидеме точни во насоките - кон северо-Запад. Така, плоштадната сценографија се менува со нова. Се урива Џамијата и се гради Офицерскиот дом на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, на македонски плоштад. И бидејќи Запад не се бидува без нив, каде се новите знаци и споменици на плоштадот? Освен оние архитектонските што раснат низ целото градско подрачје и масовно го преслекуваат шајакот на скопската касаба во згради според европски моден крој (Банката, Домот на армијата, Театарот, околните граѓански палати, јавни зданија од Природонаучниот музеј до Поштата), паметници на плоштадот нема. Дури во 1937-та – цели седумдесет години пред Скендербеј да дојава од Круја до мермерната платформа кај стоковната куќа „Илинден“ – на висок постамент се искачил првиот скопски споменик на коњ и јавач. И тоа не еден - туку два: Кралот Петар Први и син му Александар Први Караѓорѓевиќ, поставени на едната и на другата страна од Камени мост. Кралот Ослободител и кралот Обединител - чувари на мостот што води кон т.н. царски друм, а оттаму во скопската тврдина во која, во меѓувоениот период особено, престојувале сенките на цар Душан Силниот...

Цели четири години скопските гулаби што се роеја под раскошните сводови на Народната банка и на Офицерски, а потоа разлетуваа над плоштадот, ги бележеа, а скопските дождови ги одмиваа мртвите бронзи на туѓите кралеви. Потоа дојде нова власт и старите споменици ги симнаа сосе високите постаменти на кои кралските јавачи стоеја на безбедна височина. Исчезнаа и тие паметници како и намузли-џамијата пред нив, а по нив и новото сакскобурготско империјално име на скопскиот плоштад на кој историските ветрови му ги менуваа обрисите како есента зелените крошни на дивите костени, во динамичните морфинзи на ликот на централниот плоштад на Македонија, на кој се одигрувале сите најзначајни настани од современата историја на овој постојано очуден политички простор...

Потоа дојдоа партизаните, новата власт и првата македонска држава, но плоштадот кој го доби новото име „Маршал Тито“, за чудо, остана без споменик. Ние Македонците Тито си го сакаме, ама и во социјализмот споменик не му кренавме белки поради мудрата свест: повеќе простор за живите луѓе. Така одново се отвори големиот народен простор по кој најнапред за кратко обиколуваа и двокатни лондонери, додека автомобилите сообраќаа и преку Камениот мост, а на првите плоштадни сончевини на младата македонска држава, се разлеваа насмевките на едно време што нив и ги содржеше, а потоа за жал и калните води на поплавата во ‘62-та, густиот јулски прав заситен со човечкото страдање во земјотресот од ‘63-та, па пак одново џагорот на младоста на корзото од шеесеттите и седумдесеттите... Сето тоа на плоштадот на кој, непрекинато престојуваа живи луѓе. За разлика од сега, кога него ќе го освојат - бронзени идеи.

По ослободувањето, споменик додуша се кренал на истиот брег, но нешто погоре по текот на Вардар: една богата скулптурна композиција полна со динамика и повеќе ликови, посветена на Ослободителите на Скопје. Оние, чии жртвени плодови безобѕирно се доарчуваат денес. Броди низ времињата тој споменик со повеќе ликови - од кои првиот покажува напред во некој имагинарен јуриш на иднината - некогаш пред гимназијата Јосип Броз Тито, потем пред зградата на Це-ка, а сега пред комплексот на Владата, како показ за една вредност што времињата ја потврдиле, а народот ја прифатил и не сака да се откаже од неа. Како вредност што трае подолго од власта што ја инсталирала!

Поради каприцот во темата за бронзените и човечките вредности, сакам на ова место да приведам една приказна што, по повод спомнатиов, јасно говори за судбината на неприфатените споменици воопшто. Сум слушнал, имено, дека оние два споменика од почекот на текстов, посветени на двата српски крала, новопристигнатите бугарски власти ги симнале и ги засолниле од погледите на јавноста. По ослободувањето, среде општиот недостиг на храна за народот и материјал за бележење на историската победа, новата власт во депото ги наоѓа двата испрашени ненародни коњаника, дава налог да се стопат и од претопениот материјал го лее споменикот - на Ослободителите на Скопје... Кој знае дали е така, но приказнава сум ја чул како вистинита. Како и да е: таква е судбината на спомениците. Да ги има, па да се менуваат. Иако се изградени од трајната бронза, често умираат како и луѓето од крв и од месо. Некои траат пократко и од човечки живот, колку еден политички каприц. И кога се гради споменик, било која градба, треба добро да се размисли вреди ли да се постави скулптура или градба од краток век. И колкава по големина. Отвора ли простор. Или го затвора. И што треба да се памети и што треба да се одбележува и кое паметење да се негува: свое и автентично или новопроизведено. Зашто спомениците се најбележити знаци. Тие се речити сведоци за најделикатниот дел од националната култура - културата на паметењето. А таа не се наоѓа на плоштадите туку во убедувањето на граѓаните. На тој постамент, не на мермери, се креваат најтрајните споменици. Најтрајни, пак, колку тоа и да звучи излижано, се паметниците и димензиите што ги одредува и ги прифаќа народот, не административниот волунтаризам на власта. Оние другите ја доживуваат судбината на првите два скопски кралски коњаника, без оглед што се дела на еден Антун Аугустинчиќ, великан меѓу вајарите, зашто и со него, тие се творби со наметната и пропагандна, а не со искрена естетска идеја и мотивација. Другите остануваат на бришан простор: осамени, неприфатени, заборавени и – претопени во споменици што се подигнати во трајните вредности што луѓето ги сметаат достојни за паметење. Вистинскиот споменик не го зафаќа просторот на градот пред да го освои просторот на душата на неговите граѓани.

Н.Македонија - Томислав Османли - 31.01.2009

последнава реченица особено плени, но мислам дека скопјани никогаш не ни биле свесни за паментиците и обележјата што постојат во нивното опкружување!  

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 09-Mar-2009 at 16:31
Originally posted by beTon


ми се измолкнал добар сајт од студентскава колекција

www.ii.edu.mk/predmeti/mm/20052006/mmproekti/skopje_stara_charshija/znamenitosti.html

www.cdnh.edu.mk (ЦДНН - Центар за дигитизација на националното наследство на Македонија) веќе подолго време не функционира, серверот е паднат, па и повеќето погорни линка се во аут!    



Edited by beTon - 09-Mar-2009 at 16:41
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 09-Mar-2009 at 16:51

Previous сомнително те работи те неработи, веќе некое време удирам во ендек, но сега случајно отидов на друг букмарк и се си е на место www.cdnh.edu.mk/Proekti/

најверојатно е вакум при ажурирањето, туку ми падна во очи мала нејаснотија, ај ако може некој нека ја потврди:

  1. wsa.org.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=38&Itemid=53
  2. www.softver.org.mk/novica/01180869491
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 09-Mar-2009 at 18:50

да го евидентираме и ова, иако малку бајато сепак историографски корисно. навистина камениот мост повеќе од педесет години бил уникатно авантуристичко спомен обележје!!! има само една дискутабилна информација во текстов а тоа е за фитиљот, што малку ме насмеа, но ајде за доброто на историјата ќе замижиме пред фабрикатите!

Во Камениот мост најдени четири сандаци динамит
Во специјалните шуплини во столбовите број 5 и 6 на мостот, најдени се околу 80-ина килограми експлозив, со кој Германците сакале да го урнат при повлекувањето од Скопје во 1944 година...

Вест - 21.05.2002

Во Камени мост најден експлозив од Втората светска војна


Местото каде што беа најдени 25 килограми експлозив: Камени мост

Станува збор за втор наод на динамит во Мостот, бидејќи при градежни работи во 1972 година исто така биле најдени 25 килограми експлозив

Неколку сандаци со експлозив од Втората светска војна биле пронајдени под два столба на Камени мост во Скопје, во неделата наутро, информираше вчера МВР. Полициски експерти го демонтирале експлозивот, а според надлежните, тој бил во состојба на распаѓање.

- Поучен од искуството во 1972 година, кога за време на археолошки истражувања на Мостот беа пронајдени 25 килограми експлозив, претпазливо ги проверивме просториите кај сводовите под Мостот и во четири од нив имаше најмалку по едно пакување експлозив. Веднаш потоа ја известивме полицијата, - раскажува вели Васил Иљов од Градскиот завод за заштита на спомениците на културата.

Експлозивот бил спакуван во дрвени сандаци и во картонска амбалажа, а дел од експлозивните стапчиња биле расфрлени во просториите.

Според Иљов, неколку сандаци со експлозив, како и расфрлани стапчиња динамит, биле во четири простории кај столбовите број пет и шест на Мостот. Петнаесетина минути по наоѓањето на експлозивот пристигнале припадниците на антитерористичката единица на МВР и го извадиле експлозивот.

Според првичните информации од полициската единици за антитероризам, експлозивот бил безопасен и се наоѓал во фаза на распаѓање. Експлозивот го поставиле инженерските единици на германската армија во 1944 година кога се повлекувале од Скопје. Мостот во последен момент го спасиле партизаните од 12. ударна бригада, кои го пресекле запалениот фитиљ.

Станува збор за втор наод на динамит во Мостот што бил поставен за уривање во 1944 година од страна на инженерците на Германската група армии "Е".

Дневник - 21.05.2002

 

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 11-Mar-2009 at 01:15

● Старата железничка станица во Скопје!

СКОПЈЕ 1963 – 2005

● На 26 јули 1963 година во 05:17 часот, Скопје беше разурнато од силен земјотрес. Животот трагично го загубија околу 1070 лица, а над 3000 беа повредени. Фотографиите што ги објавуваме се од 1976 година.

● Часовникот на старата Железничка станица застана во 1963 во 05:17 часот!

● Пораката на тогашниот претседател на СФР Југославија, Јосип Броз ТИТО, беше “симната“ од старата Железничка станица во 2000 година!

http://www.tema1.net/F-Skopje-1963-2005.htm

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 11-Mar-2009 at 03:22
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 11-Mar-2009 at 23:57
















Edited by anDarko - 12-Mar-2009 at 00:05
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 11-Mar-2009 at 23:59










Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 12-Mar-2009 at 00:03


и после земјотресот:
















Edited by anDarko - 12-Mar-2009 at 11:25
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 12-Mar-2009 at 00:33
Previous Убава колекција
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7808
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 12-Mar-2009 at 10:46
anDarko кој е објектот на првата слика што ја постираше?
интересно е каков бил Лондон паб LOL
знае ли некој кој е објектот што се наоѓал во денешен Жена-борец парк?
прв пат гледам слика со изградбата на Холидеј ин, ако не грешам дека е тој објект (мислам на третата и четвратата слика од вториот пост)

навистина убаво освежување, ова се слики и некои објекти кои прв пат ги гледам Thumbs%20UpCheers
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 55>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.703 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.