build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Скопје
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Старо Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Старо Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4898
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 15-Dec-2012 at 21:38
ајде сега, и пајтонот стана главно обележје и сторија на градот... катастрофи сме стварно, некогаш навистина ми се допаѓа Данило, ама некогаш троши време на споредни работи
ај ако не следна статија нека биде за тоа како оделе пеш луѓето, кои фамилии оделе пеш и како тоа било голема традиција и каде се се оделео пеш
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 397
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 16-Dec-2012 at 13:01
od ssc


Edited by makonix - 16-Dec-2012 at 13:04
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 397
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 16-Dec-2012 at 13:05
od ssc

Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Online
Posts: 2578
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 21-Dec-2012 at 14:00

Јади Бурек и Данило Коцевски - https://www.youtube.com/watch?v=u-Ljvy2lRFs&t=17m17s




Славниот хотел "Москва"

Хотелот бил лоциран во самиот центар на градот, на денешната улица Македонија, на местото каде што се наоѓаат зградата на "Технометал Вардар" и познатото "Кафе ди Рома"... пишува Данило Коцевски

Скопскиот хотел и ресторан "Москва" е една од легендите за кои и денес се раскажува. Скопје има своја митологија за угостителските објекти, и тоа е една од главните препознатливости на неговото урбано живеење. Хотелот бил лоциран во самиот центар на градот, на денешната улица Македонија, на местото каде што се наоѓаат зградата на "Технометал Вардар" и познатото "Кафе ди Рома". Изграден е во дваесеттите години на минатиот век и постоеше сè до скопскиот земјотрес од 1963 година.

   

Основачот и сопственик на хотелот е човекот со звучно и карактеристично име - Доротеј Стојанов, познат угостител и трговец. И денес се прераскажува дека во тоа време, за да се добие каков било банкарски кредит, добро било ако зад вас, како жирант, стоел Доротеј Стојанов. А приказната за него започнува уште од Патишка Река, во околината на Скопје, од каде што потекнува неговото семејство. Еден ден таткото го качил малиот Доротеј на коњ, го сместил во кошница и го испратил на чување во Скопје кај неговиот чичко, кој немал пород. Чичкото поседувал меана во која Доротеј израснал учејќи ги сите тајни на угостителството. Подоцна, градејќи го хотелот "Москва" во периодот меѓу двете војни, тој станал надалеку познат и надвор од градот.
Во тогашните скопски маркетиншки објави, покрај другите реномирани угостителски објекти, вака во 1928 година се рекламирал хотелот "Москва":
Хотелот "Москва" Скопје, телефон 253, располага со најелегантен собен мебел. Чистотата е загарантирана. Првокласна кујна, најдобри природни пијалаци. Послугата брза и точна. Сопственик Доротеј".

Денес во Скопје живеат голем број потомци на Доротеј, негови внуци и правнуци. Еден од нив е и неговиот внук со исто име и презиме, Доротеј Стојанов.
"Познат по својата елеганција и отмениот стил на живеење, дедо ми бил и прочуен донатор. Тој донирал за изградбата на камбанаријата на црквата 'Св. Димитрија', но и за изградбата на црквата 'Св. Константин и Елена' во средината на дваесеттите години од минатиот век. Татко ми Кирил, еден од синовите на Доротеј, раскажуваше дека не само дедо ми туку и целото семејство било познато по дружељубивоста и отвореноста кон луѓето, по толеранцијата и избегнувањето конфликти и расправии. Хотелот 'Москва' бил популарно собиралиште на скопјани", раскажува внукот Доротеј.

Интересно е дека хотелот "Москва" ги собирал луѓето од средните социјални слоеви, главно службеници. Сепак, тоа била препознатлива боемска и уметничка средина. Се слушале традиционалните популарни народни песни, а забележано е дека изведбата на песната "Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо" предизвикувала овации. Во записите меѓу двете војни можат да се сретнат и вакви препораки за хотелот "Москва": "Софка во Скопје, во кафеаната 'Москва' севдалински глас на популарната пејачка. Нејзините вечери претставуваат атракција за ноќниот живот во Скопје. Атмосфера боемска, Софка е достојна на Коштана". Во ресторанот тешко се доаѓало до место. Свирел оркестарот на популарниот Пајо, кој го сочинувале еден пијанист, еден челист и тројца виолинисти.
Во Старата скопска чаршија постоел и познатиот "Доротеја ан", кој го држел сопственикот на хотелот "Москва". Анот се наоѓал во близина на денешната стоковна куќа "Мост", а постарите скопјани раскажуваат дека во него навраќале и намерници од другите градови во Македонија, кои, главно, доаѓале за време на пазарните денови. Долго време се препознавале алките за кои била врзувана стоката во придружните простории на анот. Посетената на овој ан се поврзува и со фактот што главното скопско пазариште во тоа време се наоѓало помеѓу црквата "Св. Спас" и скопското Кале, кое денес веќе не постои.
Стефан Живанов, внукот на Доротеј од неговата ќерка Евдокија, денес раскажува дека дедо му поседувал и неколку куќи во маалото зад хотелот. Во едната од нив живееле сè до поплавата, а потоа се преселиле. По дедото, но и по семејната лоза на бабата Цена, се разгрануваат неколку богати и интересни скопски приказни. Оние за создавањето и работата на пекарницата "Лукс", но и фабриката за чоколади "Европа", кои треба посебно да се раскажат.



По војната, хотелот "Москва" и семејните куќи се национализирани. Во едната од нив живеел и Доротеј сè до својата смрт во 1956 година. Тоа се познатите услови од тоа време, кога во национализираните куќи живееле многу потстанари од најразлични социјални слоеви. Сето тоа е само дел од бурната и богата историја на градот.

Следната сабота
Новогодишна ноќ во Офицерски, во театар
и во кино

http://www.vest.com.mk/?ItemID=D06AAA0AD6FE1B42A330624E81D7437F


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 21-Dec-2012 at 19:05
за мене е среќа што во вакво време има луѓе како Данило кои собираат вакви податоци кои се многу вредни.Да бидиш хроничар не е баш некоја исплатлива работа а е потребно секојдневно ангажирање.Ако пратиш некои работи треба постојано да се пратат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 23-Dec-2012 at 00:46
Фото: Хотелите и хотелиерството во старото Скопје
    
Хотелите во Скопје по 1918 год., според својот изглед и својата функција, биле далеку од вистински хотели, но според удобноста и хигиената, биле подобри од караван-сараите. Хотелите имале најмногу по 10 соби, со по неколку скромно наместени чисти кревети, а на долниот кат обично имало кафеани кои биле нарекувани “бирарии” или “локантри”. Гостите биле послужувани со храна и пијалаци.
Најплодна година за развојот на хотелиерството во Скопје била 1925 година, кога во градот биле отворени два големи модерно уредени хотели, со по 30 соби.
Со големиот налет на трговци и туристи во градот, здружението на меанџиско-кафеанските работници, во 1923 год. побарало да се воведе ред во работата со што би се задоволиле основните хигиенски услови. Се барало хотелите да бидат класифицирани и да се воведат одредени прописи во работата.
Во 1923 год. бил изнесен правилник за работа и отседнување на странци во скопските хотели. За престој во хотелите биле одредени такси, според квалитетот на услугите. Поскапи хотели за кои се плаќала такса од 3 динари биле хотелите “Српски крал”, “Москва”, “Цар Душан”, “Бел орел”, “Гранд хотел”,”Слобода”и “Балкан”.

(Хотелот “Бел орел”, спроти Ристиќева палата)
Хотели во градот за кои се наплатувала такса од 2 динари биле хотелите: “Бечар”, “Крагујевац”, “Пансион Карасо”, “Лондон”, “Париз”, “Круна”,
“Русија”, “Брегалница”, “Јелен”, “Ориент”,”Цариград”, “Шар Планина”, “Сарајево”, а по 1 динар такса се наплатувало во хотелите “Београд”, “Централ”, “Кавадар”, “Солун”, “Америка”, “Љуботен”, “Бела кафана”, “Телеграф”, “Мисир”, “Херцеговина”, “Брзи воз”, “Загреб”, “Станица”, “Битољ” и др. Во новиот дел на градот, во тогашната најрепрезентативна улица на градот, Крал Петар, која била поврзана со Железничката станица, биле сместени најугледните хотели во градот. На почетокот на улицата бил изграден хотелот “Бристол”, “Гранд хотел”, “Европа”, “Јелен”, “Крагујевац”, “Париз”, “Русија” и “Српска краљица”.
Хотел “Париз” се наоѓал на улицата Крал Петар, бил примитивно уреден и нечист хотел, имал своја бавча каде што секоја вечер гостите биле забавувани со театарски претстави на театарската група”Весели вечери”.
Хотелот “Бристол” се наоѓал на улицата Крал Петар, во близина на Железничката станица и бил сопственост на Ристо Караџа кој го издавал под кирија.
Семејството Караџа се доселило од Грција во Велес. На возраст од 12 години, т.е. во 1899 година, како најстар син на семејството Караџа, Ташко дошол да учи занает во Скопје и се вработил кај скопскиот трговец Петар Атанасов Чучукпетров каде што помагал во трговијата на големо. По некое време, Ташко во Скопје го повлекол и својот брат, а подоцна и сестрата. Браќата Караџа заедно со зетот Андровиќ во 1912 година ја основале фирмата “Караџа, Андровиќ и Ко.”, која постоела сé до 1947 година, но со повлекувањето на капиталот на зетот Андровиќ, фирмата го сменила името во “Браќа Караџа”. Ташко починал во Солун во 1931 година, а неговото место во фирмата го зазел син му Јован. Браќата Атанас (Танас) и Ристо Караџа, кои биле ценети скопски трговци и угледни граѓани, го изградиле хотелот “Бристол” во 1924 год.

(Хотелите “Бристол” и “Српски крал”)
Хотелот”Сплендид” се наоѓал на улицата “Пашичева” и “Крал Петар” и располагал со 25 соби со еден или два кревета, со централно греење кое во скопските хотели почнало да се воведува во 1932 год., бањи со топла и студена вода во секоја соба, и други удобности кои во тој период биле реткост. Ресторанот Бристол кој се наоѓал во близината на хотелот Сплендид, ги опслужувал посетителите на двата хотела. Хотелот бил проширен и располагал со 60 соби, а сопственик бил Владан А. Богдановиќ кој воедно бил и претседател на здружението на хотелиерите и поборник за развој на хотелиерството во Македонија пред Втората светска војна. Во периодот 1923-25 год. бил изграден модерен хотел, “Москва”, кој бил опремен со модерен и елегантен мебел, добра домашна кујна, чисти и природни пијалаци и брза послуга. Овој хотел бил изграден на главната улица Крал Петар, а сопственици биле Доротеја Стојановиќ и Никола Ц. Сидиќ-Сидовски.

(Хотел “Москва”)
Хотелот “Српска кралица” бил сопственост на Милоје Ч. Тодоровиќ-Миче. Според рекламите од 1928 год., овој хотел имал 30 кревети, нов уреден простор и добра домашна, француска и германска кујна.
Во 1937 год. хотелот “Српски крал” бил реновиран и бил дограден уште еден кат. Овој хотел располагал со 42 соби со 60 кревети, два апартмана, бања на секој кат, централно греење, топла и студена вода, модерни англиски клозети, електрично осветлување, удобно наместен салон, чиста постелнина и првокласен мебел. Сопственик на хотелот бил познатиот скопски трговец Филота Дича, а сопственик на уредувањето и мебелот бил Васа Аврамовиќ. Во 1924 година бил реновиран хотелот “Зрињски” кој имал и најголема сала за концерти и забави. Во 1919 год. во овој хотел работел и театарот во Скопје.
Хотелот и пансионот “Брегалница” се наоѓал во улицата “Цетињска” и бил сопственост на Вука и Драго Пешиќ, а важел за “скопска скадарлија” со неговата кафеана. Во овој хотел се собирале литерати и уметници.
Некои хотели, како “Бристол” и “Сплендид”, во собите вовеле и телефонски приклучоци, имале гаража со капацитет за неколку автомобили, но сепак не биле доволни за град кој постепено, но сигурно добивал модерен и современ изглед, па постоела тенденција за напредок на хотелиерството. Во 1928 год. во градот имало вкупно 31 хотел, а само дел од нив имале статус на хотели кои ја задоволувале потребата во услужна и хигиенска смисла.
Според статистичките податоци, во градот Скопје во 1935 год. престојувале 27.671 посетители со 49.667 преноќишта. Поради лошите хотели и лошата услуга , многу од посетителите не се задржувале подолго во градот.
Развојот на хотелиерството, сепак се сведувал само на добро уредените хотели, каде што се вложувало во модерен комфор и тие не заостанувале со ништо во поглед на другите градови, со што придонеле за развој и на туризмот во тогашна Јужна Србија.

(сојуз на хотелско-кафеански работници)
Главни гости во скопските хотели биле трговските патници. Со општата криза која владеела во светот, и патниците во Скопје се намалувале или пак се сместувале во преноќишта и гостилници.
Според наодите на хотелиерите, 2/3 од гостите биле исклучиво хотелски гости, додека другите гости отседнувале во конаци или свратилишта.
Со константното намалување на чиновничките плати се намалувала и работата на хотел-рестораните. Навиката за посета на подобар хотел- ресторан, морала да се жртвува. Отворањето на офицерските домови и нивната пристапност за широките граѓански маси, претставувало удар за хотелите и рестораните. Сé повеќе се резервирале соби по разни државни и самоуправни установи како во Монополот, Железничката станица, Офицерскиот дом, Народната банката, каде што отседнувале чиновниците.
Издавањето соби во конаците и преноќевалиштата, како и издавањето соби во приватни куќи, што земало замав, ја попречувало работата на хотелите.
И покрај законот кој бил донесен во 1930 год. за даночни и таксени повластици за хотелиерите , тие одвај егзистирале во секојдневната работа. Олеснителна околност за хотелиерите биле многуте свечености кои се организирале и многуте гости кои доаѓале во градот поради разновидни случувања, а хотелите не биле во можност да ги прифатат.
Според уредбата донесена во 1935 год. сите угостителски објекти морале да имаат нови имиња, и само објекти кои имале 15 добро наместени соби, потребен број на вработени, салон, парно греење, топла и студена вода, можеле да се нарекуваат хотели, а останатите конаци, пансиони, ресторани, бифеа, народни кујни, крчми или меани.
Постоел и правилник за работа на угостителските објекти и хотели и сезонско издавање на соби под наем. Сите хотелиери биле должни во рок од 12 часа да ги пријават своите гости во полициска станица.
Хигиената во хотелите морала да биде на ниво и можело да се издава само соба, а не кревет. На гостите во хотелите морало да им се обезбеди мир, а ако во хотелот се организирала забава, тогаш сопственикот тоа го пријавувал во полициска станица, каде што се одредувало време за пуштање на музика. Во хотелите можеле да работат само стручно оспособени лица кои биле лекарски прегледувани. Сите келнери морале да се однесуваат учтиво со гостите, да бидат чисто и уредно облечени и да познаваат еден странски јазик.
Хотелите кои имале над 25 соби, за време на летната сезона морале да имаат и послуга за разнесување на багажот. Слугата бил облечен во службено одело со капа на која било напишано името на хотелот, а морал да го знае и распоредот и времето на поаѓање на железничките линии и други информации. Во секој локал морало да има ценовник.
Освен за примање на гости, скопските хотели претставувале и собиралиште на скопските трговци, чиновници, интелектуалци, кои се разонодувале во летните бавчи на хотелите. Сите хотели имале ангажирано оркестри кои на улицата Крал Петар í давале весела атмосфера.   Ваквиот изглед на улицата го надополнувале и децата кои ги пречекувале гостите на Железничката станица, им нуделе преноќиште и помош за носење на багажот.
Овие деца биле облечени во ориентална облека со црвени фесови или бели капи, боси, се туркале околу патниците и создавале врева.
Хотелиерството во градот сепак претставувало гранка во развој и покрај многубројноста на хотелите.
http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1059820441/foto-hotelite-i-hotelierstvoto-vo-staroto-skopje
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1170
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 23-Dec-2012 at 02:34


Edited by HugoGoulding - 23-Dec-2012 at 02:34
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4898
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 27-Jan-2013 at 21:42
инаку, едно прашање кое не сум оспеал да си го одговорам:
знае ли некој што се има случено со куполата на Крангова палата?на постари слики ја има, на понови ја нема






Edited by zabegan - 27-Jan-2013 at 21:44
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2063
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 02-Feb-2013 at 20:44
Знае ли некој каде е овоа, Луботен или Лјубанци - Скопско

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1416
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 15-Feb-2013 at 05:00
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 397
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 19-Feb-2013 at 10:01
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 397
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 19-Feb-2013 at 10:02
1903 година

Kalaja e Shkupit dhe lumi Vardar ne vitin 1903



http://fuati.tumblr.com/post/40697968711/the-vardar-river-in-the-foreground-the-fortress

Edited by makonix - 19-Feb-2013 at 10:07
Back to Top
antigona View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 17-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 20
  Quote antigona Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 24-Feb-2013 at 03:09
Dali postoi fotografija ili video od vnatresnosta na starat zeleznicka stanica vo Skopje? Denovice chesto se zboruva za golemiot mural koj bil postaven vo glavniot hol na starata zeleznicka stanica, no od vnatresnosta na stanicata nememe nikakov foto ili video zapis?
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1170
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 25-Feb-2013 at 16:47
Хм, имало воден сообраќај на Вардар порано? Погледнете го видеото на 1минута и 27 секунда.




Edited by HugoGoulding - 25-Feb-2013 at 16:48
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 25-Feb-2013 at 17:37
можда е снимано од обично кајче(безплатно)
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4898
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 26-Feb-2013 at 00:44
дај не тресете зелени, на Вардар никогаш немало воден сообраќај, тоа на снимката е снимено од најобично кајче, ко што вика Ѓоко
и на спотот на Леб и сол може да се види како пловат со гумен чамец по реката, ама тоа не е воден сообраќај...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1170
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 28-Feb-2013 at 23:36


Каде се наоѓа ова во Скопје знае некој?





Edited by HugoGoulding - 28-Feb-2013 at 23:38
Back to Top
FCB View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 26-Jul-2011
Location: USA
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote FCB Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 28-Feb-2013 at 23:51
Se naoga vo dvorot na opsina centar, vo blizina na maticno.
42° 0'8.61"N 21°25'15.08"E
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1170
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 01-Mar-2013 at 00:16
Фала многу

Да не знаеш нешто околку неговиот историјат, од кога датираат остатоциве и за каков објект се работи ... ?
Back to Top
FCB View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 26-Jul-2011
Location: USA
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote FCB Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 01-Mar-2013 at 00:32
Osven lokacijata i deka del od nekogasnoto od "Ucitelso uciliste" neznam nisto drugo. Ova e star objekt, mislam deka e srusen so zemjotresot vo 63ta.Probav da pobaram nesto na internet no nisto ne najdov. Mozebi nekoj drug na forumot znae poveke.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.