build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Скопје
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Старо Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Старо Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 52>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 18-Jun-2010 at 20:40
Мислам дека до 60-тите таа пољана - некогаш парк стоеше испред железничка станица.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 23-Jun-2010 at 17:47
Знам дека е глупоо прашањево што ќе го постаем, но дали има некој некакви информацииј што би се градело во Скопје ако не се случесше земјотресот, дали би имало кули какви што се кај мостот Обединети нации, каков бил стадионот и други работи од инфраструктурата што не ми текнуваат во овој момент ? 
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 23-Jun-2010 at 21:57
Ништо поразлично, времето и приликите си го носат своето сакале ние или не.
Можа би останало некое „старо“ зградиче повеќе.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 23-Jun-2010 at 22:14
Jas mislam deka da ne bil Zemjotresot Skopje ke se razvivalo so pobavno tempo , sepak posle zemjotresot cel svet donirase za obnovata .
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 23-Jun-2010 at 23:39
Извесно ќе сме имале многу полоша „макро-урбанистичка“ структура отколку сега. Пред се ќе немавме можност за оформување на исклучително ефикасна сообраќајна мрежа (која можност не е доцна да ја прокоцкаме и баш како да одиме токму по тој пат). Тешко дека ќе се изградеше и некаква мегаструктура како ГТЦ или Транспортен центар.


Edited by Cloverstack - 23-Jun-2010 at 23:39
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 24-Jun-2010 at 00:23
А како би бил поделен градот (по општини) зошто ја не знаем може вие знаете дали постоеле тогаш Аеродром општината Ѓорѓе Петров и др. општини. И што мислите како градот би се ширел и како ќе се справувал со населеноста 
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 24-Jun-2010 at 01:33
Originally posted by Cloverstack


Извесно ќе сме имале многу полоша „макро-урбанистичка“ структура отколку сега. Пред се ќе немавме можност за оформување на исклучително ефикасна сообраќајна мрежа (која можност не е доцна да ја прокоцкаме и баш како да одиме токму по тој пат). Тешко дека ќе се изградеше и некаква мегаструктура како ГТЦ или Транспортен центар.


Tokmu toa i jas sakav da kazam , znaci so sigurnost nemalo da moze da se izgradi poefikasna soobrakajna mreza od ovaa denesnava na slikite se gleda kolku bile kukite nacickani vo centarot , a ulicite tesni , niti pak niza objekti kako transportniot centar, novata narodna banka ili gradski dzid ...

Edited by leonid23 - 24-Jun-2010 at 01:36
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 24-Jun-2010 at 09:58
Мал осврт на предходните посови

Можда ќе се развиваше нешто побавно, но го заборавате наглиот прилив на население кое неприродно го мегализира градот, па ден денес немаме водовот, канализација, азбесни цевки, атмосверска канализација, сообраќај со огромен број на возила, ... култура на живеење ...

Земете го примерот на Љублана која ден денес е „затворен град“ а со тоа овозможи сите градови во Словенија подеднакво да се развиват.

А за донацијата, освен Транспортниот центар, Песталоци, и уште некој објекти што би ги немале, од архитектонска точка, сето друго веќе одавно е или срушено или реизградено (спомнете дека главната помош беше сместување на населението и стварање на институциите)

За градскиот зид која е за мене наметна едно квази урбано решение, нехуманос на живеење, огромна концентрација на население во самиот центар а со тоа и нивни-наши проблеми, затварање на проток на струења, и промена на микроклимата на самиот град.

Трговскиот центар, како објект во ред но како што реков времете ќе донесеше некој нов трговски т.е. мол.

И незнам од каде дека имаме ефикасна сообраќајна мрежа - погледајте ги постовите на форумов па заклучете.

Иначе мислам дека ако немаше земјотрес времето ќе донесеше градење - ширење на градот како населбата Аеродром пространа и со урбана култура која е дозволува позиција на градот за хоризонтално ширење. Потоа немаше да ја имаме железара во цетарот на град (најголемиот виновник за прилив на население) а со тоа и многу индустриски зони скоро во самиот центар.

Но да не должам, ќе беше град по мерка.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 24-Jun-2010 at 16:10
Originally posted by Vladimir P

И незнам од каде дека имаме ефикасна сообраќајна мрежа - погледајте ги постовите на форумов па заклучете.

Владимир, не беше кажано дека имаме ефикасна сообраќајна мрежа, туку дека со земјотресот се отвори можноост за таква работа, можност која се уште стои неискористена, а за жал често одиме во правец и да ја прокоцкаме.
Оваа ситуација е многу индикативна и се вклопува и во мојата генерална перцепција за ефектите од земјотресот врз Скопје. Земјотресот имал големи негативни, но и позитивни ефекти врз градот. А доколку бевме нација со поголема колективна одговорност, ќе успеевме позитивните ефекти многу повеќе да ги потенцираме и експлоатираме.

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 25-Jun-2010 at 15:19
Апсолутно земјотресот и неговите последици за Скопје неможат да се гледаат еднолично. Мислам дека последиците од него се на равниште на целата Македонија. Апсолутна грешка е што дозволивме Македонија да стане Скопје и обратното. Некако градот по земјотресот доби непотребно голем приоритет во изградбата, а со тоа отворање на нови работни места и прилив на населението. Но, тоа би можело лесно да се поправи во рамките на една деценија, доколку државата работи во правец на развој на другите региони. Инаку грешите ако мислите дека Љубљана е затворен град (како што била Софија за времето на комунизмот-т.е. требало документ Жителство да се преселиш). Во Љубљана никој не ти забранува да живееш, само што никому тоа не му паѓа на памет заради далеку поголемиот комфорт на живеење на село. Сметам дека за здрава и рамномерно развиена држава, бројот на жителите во главниот град, не треба да превишува 20% од целосната популација на државата. Значи по таа сметка, Скопје треба да се преполови, односно да остане во рамките на 400 000. Сега имаме состојба кога главниот град на Македонија има слична популација со Загреб или Братислава, кои се столици на многу поголеми од нас држави.

Edited by Andrej_LJ - 25-Jun-2010 at 15:22
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Jumbo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Mar-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 141
  Quote Jumbo Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 27-Jun-2010 at 03:38
Кога веќе почнавте да дискутирате на темата- миграција од село во град би кажал и јас нешто, Љубљана е град кој бил отсекогаш раководен од сопствените жители а не од некој дојден од надвор, Скопје отсекогаш важел за отворен град и не верувам дека нешто некогаш ќе се промени на таа тема, во Скопје најголемите привилегии отсекогаш ги имаа луѓето што не беа родени во градот, после земјотресот Скопје беше обновен токму од дојденците кои не го сметаа Скопје за свој град и кои немаа ни тронка почит за старите скопјани, токму сега се повторува историјата со новиов план за централниот дел на градот малиот ринг повторно никој не ги прашува граѓаните, голем број туристи од балканот и пошироко доѓаа и сеуште доаѓаат и ни се потсмеваат по разни форуми на интернет за многуте 'комунистички' згради кои беа изградени после земјотресот во Скопје а сега цреша на тортата ќе биде токму неокласицизмот во Скопје во 21 век. Не велам дека старо Скопје бил идеален град но и доколку не беше земјотресот Скопје повторно ќе беше отворен град со таа разлика што барем ќе постоеа најубавите објекти и немаше денес да има ораници во папокот на Скопје и некој да ни разкажува приказни дека ќе му го врателе сјајот на предземјотресно Скопје а од се што се гради единствено стариот театар бил дел од градов и ништо друго.
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 737
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 14-Jul-2010 at 19:51



Skopje 1959

Back to Top
Jumbo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Mar-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 141
  Quote Jumbo Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 26-Jul-2010 at 23:44
Овие објекти со куполи не ги сруши земјотресот во 1963 туку ги срушија некои квази интелектуалци кои имаа намера да му го сменат ликот на градот Скопје, наместо овие објекти денес го имаме оној брутален бетонски објект на поштата.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 27-Jul-2010 at 01:03
Originally posted by Jumbo

Овие објекти со куполи не ги сруши земјотресот во 1963 туку ги срушија некои квази интелектуалци
Jumbo, дали имаш поуздани информации кои точно од овие објекти го преживеале земјотресот и со колкав степен на оштетувања?


Edited by Cloverstack - 27-Jul-2010 at 01:04
Back to Top
Jumbo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Mar-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 141
  Quote Jumbo Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 27-Jul-2010 at 01:33
Вториот објект (оној десно со поголемата купола) го имал преживеано земјотресот со неколку мали пукнатини но можело да биде саниран без поголеми проблеми, има и видео запис каде се гледа дека немало големо оштетување, но сепак некои луѓе како што веќе реков имале намера да го сменат ликот на градов Скопје од нивни причини. Речиси секој град кои претрпел земјотрес или некое друго оштетување бил обновен со истиот лик како што бил пред тој трагичен настан, можете да земете безброј примери од втората светска војна. Земјотресот во 1963 сруши многу објекти но имаше и доста објекти кои не претрпеа некое поголемо оштетување и можеа да бидат санирани но очигледно тогашните власти имаа поинакви планови за градот, чудно е што ниту еден неокласичен објект не беше обновен па дури беа и дополнително срушени неколку убави објекти од тогашните власти зошто биле 'склони на паѓање', па и доколку ги срушија од безбедоносни причини немаше никаква причина зошто да не бидат повторно изградени, доколку тогаш со Скопје раководеа скопјаните веројатно секој објект ќе беше обновен и денес немаше ни да се дискутира за малиот ринг.

Edited by Jumbo - 27-Jul-2010 at 01:51
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 27-Jul-2010 at 08:39


До 1963 Скопје беше селендра. Трагичниот настан го стави на мапата на градови и тоа светски. Некои луѓе уште неможат да ја преболат таа трансформација и тоа никогаш нема да го разберам. Се копнее за маала кои никогаш не ги виделе или искусиле еве се копнее и за некакви банални објекти како овој кој го посочуваш.

BTW стабилноста на еден објект не се гледа "од око" или на видео клип туку со испитување на неговите носечки елементи.

Исто така ме интересира кои се тие "скопјани" кои требало а не раководеле со Скопје во тоа време?

Блиц скопска демографска историја. Ослободувањето од турците Скопје го дочекува со едвај 32.000 жители, во голем дел немакедонци. Демографската структура доста се менува за време на српското владеење, крајот на војната градот го дочекува со нешто над 100.000 жители а земјотресот со неполни 200.000 жители.
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 27-Jul-2010 at 11:10
Ако нито друго гледајќи од сликите Скопје тогаш ми изгледало како попријатно место за живеење, град кој што можеш за еден ден да го засакаш. Денес сите што го сакаат Скопје го сакаат заради спомените врзани со овој град. Еве баш пред некој ден гледав таква емисија на ТВ. Сите рекоа дека денес Скопје е урбанистички утнат град исто и естетски ама го сакаат заради тоа што тука го поминале детството Crazy што се подразбира мислам дека не мора да се потенцира. И ја да сум роден во Гана и ја на некој начин ќе ја сакам.
I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 27-Jul-2010 at 12:06
Гледајќи ги сликиве од старо Скопје е стварно жалосно како се изгуби тој еден континуитет на историски развој на градот. Секоја куќа и зграда си има своја приказна, за некои тоа е селанда (демек градот треба да се гради одново со секоја нова генерација), ама за мене тоа сум јас и моите предци. Еден град е богат кога ги сочувува своите стари историски елементи и гради нови модерни и се проширува и надополнува, место да се негира себеси со рушење на својата историја. Али тоа е тоа, имаме менталитет на непочитување на естетика и величење на што поголеми бетонски коцки со стакло по можност.
Back to Top
Jumbo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Mar-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 141
  Quote Jumbo Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 27-Jul-2010 at 13:06
Pbanks ако за тебе ваквите предземјотресни објекти се банални тогаш тоа го говориш девинитивно од чист инает и без тронка почит за старите скопјани, јас сум скопјанец по татко, дедо пра дедо итн, и нема да дозволам да го навредуваш старо Скопје, немој да ми збориш многу за придобивките што ги доби градот и за трансформацијата после 1963 зошто скопјаните не добија ама баш ништо туку само загубија, беа раселени надвор од централниот дел од градот по тогашните неурбанизирани предградски населби околу градот а побогатите скопјани се преселија во Белград, добија многу провинцијалците кои навалија да се преселат во Скопје благодареније на тоа што нивни роднини веќе управуваа со градот и немој да дискутираме кој во тоа време раководел со Скопје, со градов отсекогаш раководеле некои дојдени надвор од него. Дали тогашната 'генијална' замисла и визија на архитектите беше градот со 150000 жители да го претворат во град со 700000 жители, да форсираат брутални грозни комунистички објекти како поштата, нормална е тагата и носталгијата на старите скопјани и јас ги разбирам, жителите од цела Македонија имаа големи придобивки од отворениот град а само старите скопјани останаа странци во сопствениот роден град.Старо Скопје имало неколку објекти бисери како што биле - стариот народен театар, народната банка, офицерски дом, неколкуте помали објекти со куполи, и најубавата железничка станица во цела тогашна Југославија, а од сето тоа остана само Ристичевата палата, половина железничка станица музеј, собранието, и не ми текнува на некој друг поголем објект.

Edited by Jumbo - 27-Jul-2010 at 14:21
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 27-Jul-2010 at 14:22
@odgovor do dvajcata

Промена на тези. Континуитетот на развојот токму сега се руши кога на сила се менува физиономијата. Негирањето на придобивките на постземјотресно Скопје е отидено на патолошко ниво. А благодетите од живеењето во еден условно речено велеград за балкански услови сите си ги земаат здраво за готово.

Да во совршени услови би било убаво да се сочуваат што повеќе историски слоеви на градот и да се негува неговиот континуитет. Но да се правиме дека земјотрес не се случил туку се случила некаква завера, барем мене ми е одвратно.

Како фокалната точка на нашата историја и традиција (во контекст на разговорот) се наметнуваат офицерскиот дом, стариот театар итн... (ете и Џамбо ги спомнува). А тоа се всушност симболи на српската хегемонизам на овој простор. Историските објекти за кои говориш биле во просек стари по 30 години во моментот кога земјотресот (или тоа што следувало) ги кутнало. Годиште кое веќе го има и населбата Ново Лисиче.

Реагирам на овие постови бидејќи со жалење можам да констатирам дека и после толку труд и презентирани материјали на форумов, наместо да имаме една сериозна дебата за историскиот урбан развој на Скопје, за причините и последиците, за тенденциите, за опипливите придобивки и евентуалните негативни страни (кои секако ги има), целата дискусија повторно се сведува на субјективните, романтичните (и себичните) перцепции на т.н. стари скопјани, кои од некоја причина градот го доживуваат како ексклузивна и неменлива категорија, во стаклено ѕвоно заштитена од сите надворешни влијанија и секако за темната комунистичка архитектура, категорија непозната во светската историја, но и те како етаблирана во македонското општество иако не е достојна ни за муабет пред кооперација.

Дополнително, сеграгацијата на стари скопјани и дојденци, вечното копнеење за "затворен град" (категорија која можеби постоела во најцрните сталинистички денови некаде во сибирските степи), за мене е во најмала рака разочарувачки со оглед на тоа дека кога на Скопје му беше најтешко, поради овие или оние причини, му помогна целиот свет и токму тој настан треба да е дефинирачки во  понатамошниот развој на градот.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 52>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.