build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Скопје
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Старо Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Старо Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 52>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 27-Jul-2010 at 14:48
Доволно е да се погледнат две карти „одозгора“, пред и по земјотресот. Станува јасно дека пред земјотресот неможе да дојде збор за урбанизам. Со постземјотресно Скопје се добива основа за правилен урбан развој. Зборувам за инфраструктура претежно. Тоа што поедини градби се тотално промашени (за мене Градски Ѕид е најголема утка), се жални делчиња од една поголема слика на генерално подобрување.

За мене е побитно што се почнало да се прават големи широки булевари отколку некакви грандиозни згради. Полесно можеш зградата да ја срушиш и да изградиш нова поубава, отколку да пробиеш нов булевар. Тоа на дело може да се види тек денеска.

Се сложувам со пбанкс во однос на симболиката на Офицерскиот дом и нему сличните. Да, биле убави градби, и има сеуште шанса некои од нив да се реизградат, со што делумно ќе се „затнат“ поборниците за Старо Скопје (ова не го кажувам во негативна конотација). Втората работа, за тоа дека некои имаат повеќе право на скопјанство отколку некои други, мене ми е комплетно смешна. Разберете дека човештвото е во постојано движење. Јазиците се менуваат, архитектурата исто така. Така и населението се менува, се преселува, расте и намалува. Неможе да се направи остра црта во никој поглед.

Старо Скопје не било Париз. Прошетајте низ Маџир Маало, Додадете две три „Ристиќеви палати“ и една „железничка“, и ете ви го Старо Скопје. Ви се допаѓа??? Мене лично повеќе ми се допаѓа Поштата. Колку и да е терорбетон, мене ми е баш уникатен пример за еден обид за модерна македонска архитектура. Зарем мора се на секого да му се допаѓа? Во тоа е и уметноста, да предизвикува, да отвара дебати.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Jumbo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Mar-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 141
  Quote Jumbo Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 27-Jul-2010 at 14:58
Pbanks успешно бегаш од темата на оваа нишка, овде не е тема за новиве објекти што се градат туку за старо Скопје, очигледно ти не си потомок на некој стар скопјанец па затоа упорно ми говориш за 'придобивките' што ги добил градов после земјотресот, точно е дека театарот,банката,офицерски дом биле градени од страна на српските окупатори во кралството на схс, но не треба да се заборави дека тие објекти го краселе градот без разлика кој и да ги изградил, на пример секоја земја област на Балканот која некогаш била под АвстроУнгарска власт има баш вакви објекти, Загреб, Љубљана, Нови Сад итн, па сега многу граѓани се горди токму на оние неокласични објекти који биле изградени токму од окупатори, ти како модератор на форум може да говориш колку сакаш за наводните придобивки на Скопје после земјотресот а јас би се запрашал ако во тие придобивќи спаѓаат објекти како што се - градски зид, поштата, студентски дом, факултет Кирил и Методиј, архивот, едно чудо фабриќи кој го труеја градов и грѓаните - цементара, железара, алумина, охис. хемтекс,циглана,итн и уште 500000 ново печени скопјани ако e ова придибивката за мене како граѓанин јас би ти одговорил фала НЕ.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 27-Jul-2010 at 15:11
Originally posted by alexgizh

Доволно е да се погледнат две карти „одозгора“, пред и по земјотресот. Станува јасно дека пред земјотресот неможе да дојде збор за урбанизам. Со постземјотресно Скопје се добива основа за правилен урбан развој. Зборувам за инфраструктура претежно.


Бидејќи сум доследен на своето противење на црно-бели перцепции би додал нешто тука. Точно, постземјотресно Скопје е квантен скок на урбанистичко (и не само тоа) поле, но редно е да се валоризира и претходниот развој особено во последните 20на години на турската империја но исто така и за време на владеењето на СХС (период во кое е изградено сето она што важи за Старо Скопје). Но развојот не се мери во бројот на куќи со куполи (кои за тоа време биле типични како што е бензинска пумпа на Лукоил денеска) туку во изградбата на Матка, на каптажата Рашче, првата регулација на Вардар, првиот урбанистички план, затварањето на канализациските канали во Скопје (кои биле отворени) итн...


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 27-Jul-2010 at 15:22
Originally posted by Jumbo

Pbanks успешно бегаш од темата на оваа нишка, овде не е тема за новиве објекти што се градат туку за старо Скопје, очигледно ти не си потомок на некој стар скопјанец па затоа упорно ми говориш за 'придобивките' што ги добил градов после земјотресот


Прозивката во секој случај не заслужува одговор и сигурно нема тебе да ти го приложувам семејното стебло за да го оправдам моето учество во дискусијата. Ако имаш нешто корисно да придонесеш во дискусијата дај една анализа која ќе ги поткрепи твоите тези, презентирај ги своите познавања од историјата на нашиот град а не мафтај околу со самопрогласеното "старо скопјанство" како ултимативен аргумент.


точно е дека театарот,банката,офицерски дом биле градени од страна на српските окупатори во кралството на схс, но не треба да се заборави дека тие објекти го краселе градот без разлика кој и да ги изградил, на пример секоја земја област на Балканот која некогаш била под АвстроУнгарска власт има баш вакви објекти, Загреб, Љубљана, Нови Сад итн, па сега многу граѓани се горди токму на оние неокласични објекти који биле изградени токму од окупатори,


Секако, јас не ни имам нешто против овие објекти (како такви). Но морам да протестирам кога некој тврди дека традицијата на нашите предци се темели на на нив кога вистината е дека во офицерскиот дом се забавувале српски офицери кои биле овдека со мисија да ја истераат асимилацијата. За мене тоа е самонегација.


ти како модератор на форум може да говориш колку сакаш


Јас не говорам како модератор на форум туку како рамоправен дискутант кој има право на свое мислење. Каква врска има модераторството со било што?


за наводните придобивки на Скопје после земјотресот а јас би се запрашал ако во тие придобивќи спаѓаат објекти како што се - градски зид, поштата, студентски дом, факултет Кирил и Методиј, архивот, едно чудо фабриќи кој го труеја градов и грѓаните - цементара, железара, алумина, охис. хемтекс,циглана,итн и уште 500000 ново печени скопјани ако e ова придибивката за мене како граѓанин јас би ти одговорил фала НЕ.


Да каков криминал, во Скопје се изградил универзитет и фабрики. Сироти ние што ни се случи. Во кој друг град во светот се изградиле фабрики и универзитет.


Edited by pbanks - 27-Jul-2010 at 15:23
Back to Top
Jumbo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Mar-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 141
  Quote Jumbo Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 27-Jul-2010 at 15:44
Pbanks ако мислиш дека тој универзитет личи на нешто и дека фабриките не го загадуваа градот тоа е нешто друго, него најдобар одговор зошто не се возобновија неколкуте убави раскошни објекти после земјотресот веројатно најдобар одговор би бил =НЕМА ВЕЌЕ ГРАДЕЊЕ ДВОРЦИ И ЗАМОЦИ- http://www.youtube.com/watch?v=mEn-L9-PObc
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 27-Jul-2010 at 15:59
Originally posted by Jumbo

Pbanks ако мислиш дека тој универзитет личи на нешто и дека фабриките не го загадуваа градот тоа е нешто друго, него најдобар одговор зошто не се возобновија неколкуте убави раскошни објекти после земјотресот веројатно најдобар одговор би бил =НЕМА ВЕЌЕ ГРАДЕЊЕ ДВОРЦИ И ЗАМОЦИ- http://www.youtube.com/watch?v=mEn-L9-PObc


Jumbo.... далеку од тоа дека мислам дека урбаните планери од 60те години биле совршени. Едноставно не се слагам со црно-белата перцепција дека се е лошо од една епоха или се е добро од друга. Или дека секоја куќа што има купола е добра и vice versa.

Да се фокусирам на двете последни теми кои ги зачна.

Да сметам дека универзитскиот комплекс е добар. Простран комплекс окружен со парковско зеленило, централен плоштад и модерна и актуелна архитектура од времето кога е граден. Кампусот на Штуловиот универзитет во Тетово е на пример конципиран по слична логика.

Како се одржува е сосема друго прашање и состојбата во која се наоѓа е незадоволителна.

За фабриките. Тешка индустрија секогаш носи загадување. Тоа го имало и во Рур, и во Манчестер и насекаде каде што се развивала. Точно е дека капацитетите кои се граделе во 50те малку обрнувале внимание на околината. Цената за тоа до ден денеска се плаќа. Но факт е дека особено во минатиот век овие индустрии се двигател на економијата во прогресивни земји. Скопје треба да жали што голем дел од овие индустрии ги загуби (ОХИС, Хемтекс, Стаклара, Алумина итн...). Секако за некои од нив требаше релокација, за некои од нив требаше интервенција за подигање на еколошките стандарди. Но дефинитивно Скопје изгуби што овие фабрики веќе не постојат.


Edited by pbanks - 27-Jul-2010 at 16:00
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 27-Jul-2010 at 21:06
не се согласувам со Џамбо иако признавам дека посочените објекти и „Старо Скопје“ во целост ми се допаѓаат, што се однесува до изглед и естетика
не ја развивајте дебатата за пред и после земјотресот бидејќи ако некој си стои цврсто позади своето мислењ, не води никаде

да се вратам на тоа како почнал муабетот меѓу Pbanks и Jumbo

@Jumbo тие објекти кои си ги посочил, а верувам и многу други се разбира дека си имале своја убавина, но по која цена? значи приметив дека обвинуваш, а немаш докази, за тоа дека објектите биле срушени неправедно, имаш право само да се сомневаш, како мене
но сепак, барем од тоа што го имам слушано и читано, сите тие објекти кои се срушиле имале свои структурни маани, оносно не биле изградени да издржат земјотреси, со носечки ѕидови и т.н. тие што останале биле исти такви, и верувам дека колку и да ги реновираа, истите тие ќе се срушеа при некој нов земјотрес и безпотребно ќе загинеа повеќе луѓе, а дали биле за рушење, може да одлучат само експерти и верувам затоа некој од модераториве ти бараше податоци. Но зарем не е себично да се посветува внимание на истите тие градби, да се реновираат и зацврстуваат додека толку многу луѓе останале без своите домови, а околу 70% од новиот план е потрошен на нови стамбени објекти? навистина треба да се помисли во каква состојба бил градот во годините после земјотресот за да се расправа за тоа кои биле неговите приоритети во тоа време!
а тоа кој живее денес во бараки, а кој во новите станови, и кој како го користи тогаш создаденото, е подеднакво вина и на народот и на властите од тогаш, па се до денес, но тоа нема врска со градбите на кејот на Вардар
Скопје посебно, многу пати е срамнувано со земја и одново градено, има огромна историја од антиката па се до денес, барем сметам дека не е толку неопходно да се фаќаме за објекти кои постоеле околу 30-40 години, без разлика колкава била нивната културна или историска вредност, мислам дека приоритет на градот е неговиот развиток во согласност со промената на генерациите и потребите на населението
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 28-Jul-2010 at 10:15
Дискусијава се развила и потполно забегала ко се во нашето денешно политичко битисување, про и контра, стари и нови, компетентни и лаици, ....

Скопје пред земјотресот беше мал град и скопјаните ко таков го сакаа, зошто, па постоеше една топлина на живот во маало, комшиски односи, познавање на соседот, секојдневно пожелување на „добар ден“, никаков криминал, и со еден збор мирен живот на еден град,

Прошетки во паркот, Кермез, Сарај, Матка, бањање на многубројните плажи на Вардар. Навечер искачање во Кафеани, некој од 20-те кина, театари, или кај приателите на серенада.

Дојде `63 и тој ритам се измени, после една недела го видов моето прво убиство на еден крадец пред Громби како краде од излогот, кој во тоа време дојдоа во Скопје од секаде барајќи „нешто“. Градот се „отвори“ и дојдоаа некој луге со некој други навики и разбирања на живеење во една поголема заедница.

Падна директива од „горе“ ќе се гради ново и поубаво, рушете се што е за „рушење“, политичарите директивата е спроведова мислејќи дека прават добро на овој град, чак гледајќи и профит од тоа.

Се уриваше се и сешто, имаше неколку преиспитувања на обележаните за објекти за рушење но секогаш бројот се зголемуваше. (п.с. мојата ќуќа имаше две жолти црти па е срушива). Буквално ама никој не помислуваше да нешто се санира, обнови или сочува. Исклучок беа неколку „нови згради“ во Карпош кој беа санирани додавајки дополнителни ар.бет.столбови.

Со огромниот отворен фронт на градба, многу видоа шанса за заработувачка во истата па почна да доаѓа работна сила од секаде која потоа остана во градот. Се изгради железара дојде дополнителен прилив на работници а потоа и граѓани.

Градот неприродно нарасна во текот на тие 5-6 години и се тргна удолу, се градеше на сите страни немајќи буквално никаква стратигија колкав град ќе се гради, почнаа проблемите со струја, вода, атмосверска и фекална канализација, сообраќај.

Зеленилото полека го снемуваше и бетонот го заменуваше, со брзоплетата регулација на Вардар гратскиот парк се исуши скоро 70 %, се изгради градскио зид живеалиште во самиот центар на градот, огромниот комплек во Капиштец и буквално целата природна циркулација на воздухот од Водно се блокира. Неминовно дојде до промена на микро климата.

Затоа го сакам тоа Скопје и тој живот на мал град каде со соседот ќе го испијам кафето.


И на крајот, погледајте ја демографијата на Македонија и нејзиниот „поденнаков развој“ на сите општини и средини па кажете дека е во ред.

П.С. Само немоте да споменувате пароли од типот неминовен прогрес, урбанизација, темпо на живот. Има стотици градови кој го зачуваа својот живот и го имплеменраа прогресот само и едино за подобар живот на својата средина.
Помислете на градот Бразилија и размислете пред следниот пост.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 28-Jul-2010 at 12:46


Воопшто не ми е целта да се создаде дискусија полна со антагонизам како во оние примери кои ги споменуваш Владимир но не сакам да преќутам на некои барем за мое сфаќање површно поставени тези зошто нешто се случило или не се случило.

Никогаш нема сите да бидеме задоволни од одредени работи секој ќе ги доживува онака или овака, но сепак мислам дека постои одреден сет на критериуми и параметри кои треба да ги сметаме како битни дискутирајќи одредено прашање. Во случајов неможе единствен аргумент во дискусијата да биде емотивната поврзаност на т.н. стари скопјани со идиличниот живот во малиот град пред '63 година. Како што кажа алексгиж во еден пост погоре градовите се динамична работа, тие постојано се менуваат, транформираат, растат, паѓаат... Па барем во историјата на нашиот град сите тие феномени ни се и те како познати.

Бидејќи демографијата се спомнува секогаш како главен фактор (како и нарушувањето на кревкиот баланс на "оригинални" граѓани) да погледнеме пример на неколку друго градови и нивниот "неприроден" раст. Да ги разгледаме и факторите за тој раст.

Историска популација на Истанбул


YearPopulation
19651,742,978
19702,132,407
19752,547,364
19802,772,708
19855,475,982
19906,629,431
20008,803,468
200711,372,613


Историска популација на Њу Јорк

1870942,29215.8%
18801,206,29928.0%
18901,515,30125.6%
19003,437,202126.8%
19104,766,88338.7%
19205,620,04817.9%
19306,930,44623.3%
19407,454,9957.6%
19507,891,9575.9%
19607,781,984−1.4%
19707,894,8621.5%
19807,071,639−10.4%
19907,322,5643.5%
20008,008,2889.4%
2008*8,363,7104.4%

Историска популација на Минхен

DateInhabitants
8 May 1945550,000 
31 December 1945674,154 
29 October 1946751,967¹
31 December 1947788,100 
31 December 1948801,500 
30 June 1949814,228 
30 June 1950823,892 
13 September 1950831,937¹
30 June 1951855,003 
30. June 1952873,065 
30. June 1953889,843 
30. June 1954908,572 
30 June 1955929,808 
30 June 1956957,177 
25 September 1956962,860¹
30 June 1957986,028 
30 June 19581,011,878


Историска популација на Љубљана

186918801890190019101931193519481953196119661970198020012008
26,87932,26536,87845,01756,84479,39185,00098,914113,666135,806154,690180,714265,000270,032276,091

Да ги разгледаме малку овие бројки. Очигледно е дека процентуално кај сите градови (вклучувајќи ја и фамозната Љубљана) имало големи скокови особено процентуално гледано кои се изразени во одредени периоди. Гледајќи ја историјата на овие градови ови скокови секогаш се должат на рапиден развој/индустријализација или пак на криза. Кај Њу Јорк на пример има големи скокови за време на големата депресија (може да замислите како некои "стари нови амстердамчани" реагирале на Крајслер зградата). Љубљна рапидно расте од кога добиве статус на сериозен град во СХС. Истанбул има бум од 80та година навака од кога Турција непрекинато расте економски а Минхен се дуплира за само 10 години после 2 светска војна.

Она што му се случи на Скопје не е воопшто вонсериско и невидено во светски рамки туку неминовно и логично. 50те и 60те години од втората светска војна се години кога Македонија од запустена и сиромашна територија се индустријализира. Земјотресот кој руши или оштетува голем дел од градбите е дополнителен стимул да се направи здрава основа која од градот ќе направи играч кој ќе може да се носи со светски околности и да биде компетитивен.

Јас лично му благодарам на бога што Скопје не остана идиличен град со профил на Битола (без навреда за Битолчани или било кој друг помал град) бидејќи и јас денеска како доста сограѓани кои доаѓаат од другите градови можеби среќата ќе требаше да си ја барам подалеку, во Софија или Белград или незнам каде бидејќи овдека немаше да има работа и перспектива за мене.

А ако има работа и перспектива, "куполите" (како врвен симбол за естетика и убавина во Македонија) ќе си дојдат сами по себе.


Edited by pbanks - 28-Jul-2010 at 13:05
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 28-Jul-2010 at 13:44

Аде една лаичка споредба на твојте градови и некој приближни бројки во однос на демографијатa, не земајќи ги и другите фактори кој се и те како значајни

Македонија жители ~ 2.023.000, Скопје ~ 508.000 или ~ 25 % население

Словенија жители ~ 2.053.000, Љубљана ~ 276.000 или ~ 13,5% население

Германија жители ~ 83.000.000, Минхен ~ 1.316.000 или ~ 1,5% население

Турција жители ~ 71.000.000, Истанбул ~ 10.035.000 или ~ 14 % население

Америка жители ~ 307.000.000, Њу Јорк ~ 8.300.000 или ~ 3 % население


Дали и понатаму мислиш дека подобро ќе беше да индустријата и градовите во Македонија поденакво се развиваа или ова што денес го имаме !!!???
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Jumbo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Mar-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 141
  Quote Jumbo Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 28-Jul-2010 at 13:45
Dobro bre Pbanks kaj bas najde na ni gi davas za primer ovie dzinovski gradovi kako New York i  Istanbul, porano bilo jasno deka najgolemiot del od emigrantite doagale so brodovi pa prva destinacija za Amerika im bila New York, sekoj grad so izles na okean ili more teznee kon zgolemuvanje na naselenieto, Skopje ako bese primorski grad odamna ke bese milioski grad, ako govorime i za Belgrad I Sofija e i tamu imase ogromna migracija vo poslednite 50 godini uste pogolema od onaa vo Skopje, nejgolemiot del od zitelite na Novi Beograd poteknuvaat od vnatresnosta na Srbija, Novi Beograd ima okolu 400000 ziteli.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 28-Jul-2010 at 14:33
Originally posted by Vladimir P


Дали и понатаму мислиш дека подобро ќе беше да индустријата и градовите во Македонија поденакво се развиваа или ова што денес го имаме !!!???


Но дали јас сум рекол дека е ова добро? Јас пред се се спротиставувам на тезата дека големината, развојот на Скопје се причините кои го прават лош град. Исто така се спротиставувам на тезата дека тоа што му се случило на Скопје е преседан во историјата кој се нема случено на ниедно друго место.

Листата на градови секако може да ја продолжиме.

Буенос Аирес (35% од популација)
Токио (28% од популација)
Атина (36% од популација)
Рига (31%)
Ереван (34%)
Талин (30%)
Хелсинки (24%)
...
...
...

Значи неможе да се извлече еден калап за се, во сите варијанти има и добри и лоши примери.

Големината на градот може да не значи ништо (пример Лагос) но реално од големината на градот зависат многу битни работи пред се какви едукативни институции може да развие, каков капацитет за развој на одредени услуги и индустрии има итн. Во едно глобализирано општество градовите кои се храбри да се развиваат понатаму ќе можат да одлучуваат за својата иднина и да влијаат на глобалните тенденции.

Во светот постои и класификација на алфа, бета, гама итн градови, градовите се во грчевита трка да привлечат што повеќе компании, институции итн кај нив и да напредуваат на оваа листа. Скопје иако стои во последната категорија на глобалните градови (Гама -) сепак се наоѓа во таа листа и спрема мене ние тоа треба да го надградуваме и да се стремиме кон повеќе.

http://en.wikipedia.org/wiki/Global_city


Edited by pbanks - 28-Jul-2010 at 14:34
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 28-Jul-2010 at 14:55
Индустријализација, пренаселеност, рамномерен развој... и уште многу такви многуслојни и многу комплицирани за анализа теми се легитимни и многу важни, но немаат ама баш никаква врска со куќите со куполи и другите напумпани митови за квалитетите на предземјотресно Скопје. Во целата таа митологија за Скопје во тој период гледам најголем дел носталгија (кај постарите) и ужасно површен романтизам комбиниран со најобичен конформизам (кај оние помлади кои го величаат тој град како да бил којзнае што).

Што се однесува поконкретно до бројот на население, се сложувам, ќе беше подобро Скопје да не станеше толку предимензионирано во однос на остатокот од Македонија. Но има една интересна „ситница“ која многу ми боде очи. Имено, зошто е во ред тоа што населението на Скопје пораснало речиси 10 пати во период од 50-тина години пред 1963, а е страшна катастрофа што пораснало 3 пати во наредните 50 години. И во контекст на ова, од каде излегоа толку многу стари скопјани?

Луѓе, во 1963 се случила огромна катастрофа и неминовно дека оставила големи лузни. Сигурно и дека во периодот потоа многу работи можеле да се изменаџираат подобро. Но како ние како општество ја третираме таа тема? Со митови и идеализирање на старото Скопје... Патетично! Резултатот на сето тоа кулуминираше со проектот „Скопје 2014“. Нека ни е наздравје, успеавме да се излажеме и да се издрибламе самите себеси!


Edited by Cloverstack - 29-Jul-2010 at 01:26
Back to Top
Jumbo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Mar-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 141
  Quote Jumbo Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 28-Jul-2010 at 15:13
Несакам и понатаму да се разправам и да го бранам старо Скопје но се додека ми држите лекции од типот ние дојдовме после земјотресот и ви го изградивме градот поубав од оној што бил пред 1963 е тоа ме иритира и нервира, кој ви збори бре луѓе за квалитетот и асеизмиката, нoсечки столбови....никој не рече дека Скопје било градено пред земјотресот прописно и со носечки столбови, и никој не рече дека старо Скопје било мал Париз, ако збориме за инфраструктурата и квалитетот на градбата тоа е дефинитивно во полза на новово Скопје но ако дискутираме за убавината на центаралниот дел од градот плоштадот тоа дефинитивно е во полза на старо Скопје.


Edited by Jumbo - 28-Jul-2010 at 15:29
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 28-Jul-2010 at 15:43
Originally posted by Jumbo

но се додека ми држите лекции од типот ние дојдовме после земјотресот и ви го изградивме градот поубав

Очигледно читаш работи кои што не се напишани Ohno

И зарем твојата чиста староскопска плава крв (барем според твоето лично тврдење) ти дава за право да пишуваш секакви небулози и омаловажувачки постови со дисквалификации кон оние кои не се согласуваат со твоите ставови и веднаш да ги класифицираш како лоши дојденци и безмалку нижа раса? Тоа се твоите аргументи во дискусијава?


Edited by Cloverstack - 28-Jul-2010 at 15:56
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 28-Jul-2010 at 15:45
Како што напомна Jumbo, треба да се направи разлика измеѓу дизајн на фасада и облик на зграда, и структура на град и квалитет на објект од архитектонски аспект. Во странство типично тоа го решаваат со сочување или реконструкција на надворешниот изглед со детална фасада, а у позадина се подобрува статистиката или пак воопшто се гради нов поквалитетен објект. Јас како дизјнер, чуствувам дека по земјотресот е изграден Скопје со поквалитетни згради. но исклучително едноставни, сиви и крајно не во склад со околината, и не приступачни, несимпатични за обичниот граѓанин. Ова е проблем на секој град каде што има згради во брутална архитектура. Довлно е да направите еден обичен гугл пребарување и да увидите од една страна архитекти кои им се восхитуваат, и од друга страна каде обичните луѓе ги гласаат како најгрди згради во својот град. Во Британија и Австралија веќе почнаа да ги рушат или пак се обично места за живеење на најдолните слоеви на опшеството. Новите згради во Скопје се добри од архитектонски аспект, ама им фали да се дотераат од надвор со детали, фасади и бои што би ги направил попривлечни кон обичниот човек.

Back to Top
Jumbo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Mar-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 141
  Quote Jumbo Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 28-Jul-2010 at 15:52
Не тоа се вашите аргументи Clover, требе да погледнеш доста постови од неколку членови уназад на оваа нишка а и на други нишки и ќе најдеш безброј критики и омаловажувања за старо Скопје од типот градот пред земјотресот било како Маџир маало, демек пар добри објекти а се останато било Маџир маало, оваа нишка сте ја направиле за старо Скопје а само го критикувате тоа старо Скопје па поарно ќе ви беше да не ја направевте оваа посебна нишка.

Edited by Jumbo - 28-Jul-2010 at 15:56
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 28-Jul-2010 at 15:58
Битката за старо Скопје тек почнува, затоа што денешниот демек модерен Скопје е изграден од архитекти за архитекти, не за обични луѓе кои сакаат да живеат во европски град со стара историја и култура.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 28-Jul-2010 at 16:02
Originally posted by Jumbo

Не тоа се вашите аргументи Clover, требе да погледнеш доста постови од неколку членови уназад на оваа нишка а и на други нишки и ќе најдеш безброј критики и омаловажувања за старо Скопје од типот градот пред земјотресот било како Маџир маало, демек пар добри објекти а се останато било Маџир маало, оваа нишка сте ја направиле старо Скопје а само го критикувате тоа за старо Скопје па поарно ќе ви беше да не ја направевте оваа посебна нишка.


Не верувам дека било баш така. Кога се критикува Маџир маало пред се се зборува за овие остатоци кои ги имаме денеска каде што нема критична маса на сочувани објекти со некаква вредност, нема маалски живот, нема никаква логика да постојат во таа форма во која што постојат денеска. Каде што има можност и урбана логика дел од нив може да се реконструираат но не како место за живеење на "старите скопјани" туку како кварт со услужни дејности.

Пример за тоа е квартот Лададика во Солун кој е одлично среден

1.

2.

3.

4.


Во Скопје прво на овој начин треба да се среди турската чаршија која е строг центар на Скопје. Во остатокот од маалата е многу тешко да се реплицира вакво нешто.

Во секој случај никој не го омаловажувал Маџир маало, маалскиот живот во Скопје итн како дел од историјата на нашиот град, не гледам зошто било кој би го правел тоа.


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 28-Jul-2010 at 16:04
@ Jumbo

Прва и веројатно најголема грешка што ја правиш ти е тоа што мислиш дека овде има некои „вие“ што ја отвориле нишкава со некаква специјална задна намена. Нема „ние“ и „вие“, секој може да отвори нишка, секој може да постира различни мислења, слики и материјали и сечие мислење е подложно на анализа и на спротивно мислење. Тоа е процес на дискусија и понекогаш борба на аргументи, но таму нема место за повикување на некакво благородно потекло или омаловажување на некого врз база на тоа од каде бил дедо му или некој друг предок.


Edited by Cloverstack - 28-Jul-2010 at 16:08
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 52>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.359 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.