build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Скопје
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Старо Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Старо Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 52>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 28-Jul-2010 at 16:04
Originally posted by makonix

Битката за старо Скопје тек почнува, затоа што денешниот демек модерен Скопје е изграден од архитекти за архитекти, не за обични луѓе кои сакаат да живеат во европски град со стара историја и култура.


како се гради стара историја и култура ако таа не постои?

или зошто не се валоризира старата историја и култура која ја имаме туку се измислува нова? Како може да се води битка за старо скопје освен ако не измислиме времеплов?

Зошто е Скопје демек модерно? Зошто потребата да се потцени и омаловажи модерниот идентитет на нашиот град?


Edited by pbanks - 28-Jul-2010 at 16:05
Back to Top
Jumbo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Mar-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 141
  Quote Jumbo Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 28-Jul-2010 at 16:18
Clover во Скопје веќе одмна немало луѓе со плава крв па затоа не вреди да ме зезаш на форумов, ако си скопјанец по неколку поколенија уназад незначи дека ќе имаш предност во овој град, да бевме како Љубљана можеби но во Скопје не е така, овдека со децении важеше онаa квази теза дека старите скопјани се голубари а поновите скопјани се образованите 'интелектуалци'
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 28-Jul-2010 at 16:28
Епа токму овој пристап кон дискусијата ја носи во погрешен правец. Наместо да дискутираме за конкретни урбанистички параметри и слично, со што повеќе факти, испаѓа дека треба да се концентрираме на нетрпеливоста помеѓу различните „типови“ скопјани и како тие групи емотивно се доживуваат меѓусебно.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 28-Jul-2010 at 17:02
На вклучувањето во оваа дискусиа на почетокот реков дека е забегана ....

Нишката е СТАРО СКОПЈЕ и може да се провлече најмногу до неговото прво „урбанистичко планирање“ и првите градби, за кој дадов свој коментар. За сето останато постои друга нишка СКОПЈЕ ПОСЛЕ ЗЕМЈОТРЕСОТ.

Незнам зашто постојано го мешате тоа Скопје со се останато и моменталната ситуација - ПА ЦЕЛ ОСТАНАТ ФОРУМ Е ЗА ПОС ЗЕМЈОТРЕСНО СКОПЈЕ.

Па затоа би ве молел да се читаме и да дискутираме за секоја одредена нишка и нејзината тема.


И да излезам со едно off, веќе во секоја нишка се провлекува „некоја“ купола за и про, а од друга страна буквално сите се одушевени на рестоврирањето и обновата на стариот објект банката во Струмица, зашто ???
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 28-Jul-2010 at 17:04
Претпоставувам бидејќи самиот чин на реставрација бил добар. А самата купола е одамна направена, не е нова. Пбанкс цели кон „новокомпонираните“ згради и куполи.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Jumbo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Mar-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 141
  Quote Jumbo Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 28-Jul-2010 at 17:09
Само јас покушавам да зборам за старо Скопје и апелирав да не се мешаат новиве објекти со куполи со старо Скопје, ама очигледно забегавме со дискусијава.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 28-Jul-2010 at 17:09
Владимир нека не те тревожи офтопкиов, секако ќе ја тргнам дискусијава во некоја поприкладна нишка од кога ќе се исцрпи.

Исто така не јас сметам за така лоша дискусијава, знам дека форумов е малку повеќе наелектризиран во последно време, но мислам дека во крајна линија не беше кажано ништо лошо погоре, само разменивме некои размислувања.

Што се однесува до твоето прашање. Ќе одговорам во мое име.

1. Немам ништо против куполите како такви
2. Немам ништо против вкусно дизајнирани куполи (стари или нови) кои се во склад со целината и околината
3. Имам и те како против дефинирањето на куполата како еденствен и бесценет детал кој одредува дали објектот ќе биде убав или нема да биде убав (појава во последно време)
4. Немам апсолутно ништо против архитектурата на старо Скопје ниту против објектот што го посочи Џамбо
5. Реставрацијата на банката во Струмица се изврши врз оригиналниот постојан објект кој и натаму е вклопен во околината на истиот начин како што бил во времето кога бил изграден. Поаѓајки од таму, тој проект кај мене буди симпатии за разлика од вештачкото садење на "стари" објекти онаму каде не им е местото
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 28-Jul-2010 at 17:39
Точно pbanks, и во контекс на самата нишка, значи се сложуваме дека добро оновен (велам обновен) објект е вредно да се зачува ако е неговата архитектура вредна за тоа (а на форумот се води дискусија ова е од српско, бугарско, турско), е па затоа е можда како ја нерекуваат сентименталноста на старите скопјани, многу вредни објекти се срушени во „обновата на Скопје“ кој никако не требаше, и можеше да се склопи барем еден кварт кој ќе го имаше оној шмек на тоа време ма чие било.



Edited by pbanks - 29-Jul-2010 at 09:05
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7256
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 28-Jul-2010 at 18:19
ама убавината на градовите и тоа како некој му се допаѓале а на некој не, не треба да се дискутира, секој различно го доживува тоа, мене ми се допаѓаат и куполите и најмодерните решенија, но тоа не е поентата, секогаш треба да се мисли на правилната насока на развивање на градот, со тек на промената на генерациите и промените на потребите на општеството во целост
значи да не се враќаат шмекови, туку да се мисли на сегашноста и иднината, бидејќи тие шмекови им се допаѓаат на одредени луѓе, а други луѓе и други генерации мислат поинаку, и зарем треба да се сопира развитокот на градот поради емоции и поврзаност со минатот?
тоа е се случило, Скопје било срушено, дали од земјотрес или од луѓе, сеедно ми е веќе, ама минато е треба да се продолжи, секое враќање е чекор назад, битно е да се биде во тек со сегашноста, па и да се мисли за иднината
инаку и мојата фамилија живеела тука пред земјотресот, да не ме стави некој во некоја „група“ Big%20smile
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 28-Jul-2010 at 18:49

Збориме за старо Скопје во оваа нишка, а шмек е израс кој вметнат во нишката за ново-денешно Скопје би одговарал соодветно и тамо.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 28-Jul-2010 at 21:47
Originally posted by Vladimir P

Точно pbanks, и во контекс на самата нишка, значи се сложуваме дека добро оновен (велам обновен) објект е вредно да се зачува ако е неговата архитектура вредна за тоа (а на форумот се води дискусија ова е од српско, бугарско, турско)


да бидам јасен. Јас сум зачувување за објектите независно кој е градителот. Коментарот кој го дадов преходно беше поврзувањето на тие објекти со традициите на луѓето.


, е па затоа е можда како ја нерекуваат сентименталноста на старите скопјани, многу вредни објекти се срушени во „обновата на Скопје“ кој никако не требаше, и можеше да се склопи барем еден кварт кој ќе го имаше оној шмек на тоа време ма чие било.


Такви квартови имавме, можеби не беа околу плоштадот но Дебар Маало и Буњаковец беа во голема мерка оние старите до 90 година. Барем јас така мислам. Потоа дојде транзицијата.




Edited by pbanks - 29-Jul-2010 at 09:05
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 29-Jul-2010 at 01:02



(inace jas se soglasuvam so pbanks i ako vo minatoto sum go gledal staro skopje vo romantizirana slika..)
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 29-Jul-2010 at 13:50
Кога зборувам за развој на еден град треба да ги земеме во предвид потребите на секого, а не само една елита. Секој има право на лично мислење се разбира, ама дај кога давате коментар за нешто додадете и зошто така мислете, за да може да се споредат различните мислења. На пример

Мене ми се допаѓаат старите градби од старо скопје со куполи и слични додатоци, бидејќи имаат текстура и детали, своја приказна и историја, го прават градот интересен од перспектива на обичниот минувач или турист, и го раскинуваат монотониот коцкест изглед на градот, со тоа го прави препознатлив. Овој период е значаен бидејќи населението покушавало да се врати кон европските текови преку архитектура, музика, култура. Се согласувам дека ако овие објекти се нестабилни, да се зарджи барем фасадата од надвор. Практика во странство е да се задржи барем од надвор изгледот, доколку се сака некој спрат повеќе, надградбата треба да го запази стилот. Јас Скопје повеќе го гледам како Копенхаген или Барселона да се развива него ли како Мелбурн или Бостон.

Од социјалистичкиот период Поштата е можеби единствениот објект што отскокнува во дизајн, па дури и во светски рамки во тој стил. Од странците што сум ги донел, тој објект обично единствено им остава впечаток од модерната архитектура. Бруталната архитектура е премногу минималистичка за да биде прифатена на ниво на обичниот минувач, поради недостаток на бои, детали, текстура, и создава чуство на изолираност и на ладна атмосфера. Ова не го зборам напамет сум го учел и студирал.

Е сега Јас ако се прашувам би сакал повеќе паркови, и многу ми се допаѓаат новите правци во Скандинавија, Австрија, каде градбите внимаваат на екосистемот, се модуларни, со органски дизајн и поразиграни.

Добро е што Скопје после земјотресот бил надграден со подобра инфраструктура, али треба да има и некаква рамнотежа. Да се оставеле барем некои делови, фасади со старо градски шмек. Проблемот е дека промената се случила нагло од една тогашна елита, без консултација со Скопјани. Па така денес како резултат имаме елита која го прави спротивното ала 2014. И овој процес бил не само во Скопје, ќе следи низ цела Македонија. Па за само 30 години ја снемува цела старо градска архитектура низ многу градови низ МК.

Еве и ќе одоворам на некои прашања упатени кон мене.

како се гради стара историја и култура ако таа не постои?
Не сум баш сигурен на што целиш. Стара историја и култура не се гради туку се воскреснува, доколку таа историја била потиснувана со години и векови. Тој процес се случува насекаде низ светот. Во Кина срушија цели предградија за да реизградат средновековен град, во Франција се гради замок во 16 век стил повторно, во Барселона градат Годи црква веќе 50 години и ќе трае уште 100 години, во Бугарија по социјализмот се градеа куќи и мини замоци после социјализмот. Сите тие стари стилови не се создадени преку ноќ, туку евлуирале 1000 години. Во последните 100 години со напливот на евтин материјален капитализам имаме експлозија на стилови кои тек треба да го поминат тестот на времето. Општ впечаток е дека бруталната архитектура со мали извонредни исклучоци не успеа да го помине тестот (види на интернет). Јас ценам во Скопје Поштата, МНТ и Транспортниот Центар со реставрација и збогатување на содржината ќе останат како споменици на културата, ама за се друго ќе мора да се адаптира кон новите текови.

или зошто не се валоризира старата историја и култура која ја имаме туку се измислува нова? Како може да се води битка за старо скопје освен ако не измислиме времеплов?

Една градба како новиот антички музеј (знам звучи апсурдно) е само израз на едно почитување (а можеби и една носталгија кон едно изубено време и уништено од безбројните окупатори врз оваа земја) на една школа која траела со векови. Тоа тие како да кажеш, не треба да компонираме класична музика демек имаме сега техно нов стил. Јас ти ја разберам поентата, има сега нови поефикасни футирстички стилови што се феномални и би сакал една зона во Скопје да биде посветена на тоа. Па да споредиме и да одиме напред во архитектурата. Инаку под битка за старо Скопје мислам на потребата на луѓето преку фасади и слични облици да си го изразат својот европски идентитет и припадност, без да им биде наметнат некој светски стил кој што е релативно непознат.

Зошто е Скопје демек модерно? Зошто потребата да се потцени и омаловажи модерниот идентитет на нашиот град?
Велам демек, бидејќи едноставно е наметнат од мала група на луѓе љубители на одредене стилови и несушествува со потребата на обичниот граѓанин. Секој архитект треба пред се кога гради треба да го има на ум за кој гради и неговите потреби за естетика и фунционалност, егото на страна. Како дизајнер јас за свои потреби можам што ми душа сака, али кога е за клиент тогаш го имам предвид неговите потреби и интерес.
Не потценувам ниту омаловажувам никого, али сум реалист, едноставно на мнозинството не им се допаѓа модернизмот во МК, поради едноставноста, сивата едноставна текстура, и минимализмот. Кога велам мнозинство мислам на илјадниците луѓе кои низ својот живот сум се сретнал.

Пред некоја недела правев статистика по гоогле, фликер за најпосетени и најинтерсни градби во МК од страна на странци
- на прво е заливот на коските со езерото
- тврдината во Охрид со црквите
- музејот на тереза во СК со камен мост
- турска чаршија во СК
- Битола, широк сокак
- источна МК манастирите и околината
- милениумскиот крст
- бикот во Центар

Јас сеуште чекам во МК да почне да се гради нешто ултра модерно со модуларни подвижни спратови, органски облик на згради, еколошки.

Поздрав до сите овде, не можам многу често да пишувам, али без разлика го ценам секое мислење колу и да е спротивно, само ве молам без лични напади и етикети




Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 29-Jul-2010 at 14:25
Originally posted by makonix

Велам демек, бидејќи едноставно е наметнат од мала група на луѓе љубители на одредене стилови и несушествува со потребата на обичниот граѓанин. Секој архитект треба пред се кога гради треба да го има на ум за кој гради и неговите потреби за естетика и фунционалност, егото на страна. Како дизајнер јас за свои потреби можам што ми душа сака, али кога е за клиент тогаш го имам предвид неговите потреби и интерес.

Е браво за делов. Мала група на луѓе (што архитекти, што заинтересирани) не фермаат функционалност и забегуваат со егото. Па така своите на првиот проект што ќе треба да го проектираат (макар и туѓа семејна куќа) ќе ги истурат сите свои извртени идеи и тоа нема да личи на ништо. Забораваат дека не работат за себе, туку за други луѓе што јасно знаат што сакаат и што им треба и не туку така "простаци без архотектонска свест", како што честа знаат да бидат наречени од оваа мала група луѓе.

И една друга работа. Модерните прости форми знаат да изгледаат многу убаво, ама во некои случаеви до толку се сувопарни и ладни и кога тоа ќе се стави на куп и на луќето што живеат и транзитираат во нивна околина таа бездушност на тие објекти ги доведува до потсвесно сами да бараат нешто пошарено и поразиграно и најчесто како нус ефект се појавува нестручки накитување на семејни куќи, на помали објекти што во огромен процент резултира со кич.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1310
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 29-Jul-2010 at 14:31
Originally posted by makonix

Една градба како новиот антички музеј (знам звучи апсурдно) е само израз на едно почитување (а можеби и една носталгија кон едно изубено време и уништено од безбројните окупатори врз оваа земја) на една школа која траела со векови. Тоа тие како да кажеш, не треба да компонираме класична музика демек имаме сега техно нов стил.


Добра компарација
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Jumbo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Mar-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 141
  Quote Jumbo Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 29-Jul-2010 at 14:35
Одличен заклучок на makonix. 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 29-Jul-2010 at 16:15
makonix, респект за постот, потполно се сложувам дека секој своите тези треба да ги образложи за да дискусијата има смисла. Воедно и се извинувам ако претходниот пост кон тебе ми беше поостар, тоа е само последица од општата атмосфера на форумот на која очигледно и јас не сум имун, атмосфера која само со вакви конструктивни постови може да се разбие.

Малку подоцна ќе ти одговорам и на поентите од твојот пост

Cheers
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 25-Sep-2010 at 15:03
Нај­поз­на­ти­от скопски градоначалник

Ако би тре­ба­ло да се избира најпознатиот или најзаслужниот меѓу најзаслужните, секако би бил избран градоначалникот од периодот меѓу двете војни, инж. архитект Јо­сиф Михајловиќ

Пи­шу­ва: Данило Коцевски

Пос­то­јат повеќе личности во Скопје што се заслужни за неговиот развој, за мо­дер­ни­от урбанистичко-архитектонски лик. Меѓу нив, секако, спаѓаат и гра­до­на­чал­ни­ци­те (претседателите на Општината), пред и по Втората светска војна. Но ако би тре­ба­ло да се избира најпознатиот или најзаслужниот меѓу најзаслужните, секако би бил избран градоначалникот од периодот меѓу двете војни, инж. архитект Јо­сиф Михајловиќ. Тоа што неговата легенда трае сe до денес, не е случајно, и се ба­зи­ра врз неговите исклучителни заслуги за градот.
Тој бил градоначалник на Скопје во два мандата: од 1929 до 1936 година, и од 1939 до 1941 година, кога починал. Во неговото време Скопје интензивно се гради, ги добива своите модерни урбани белези. Изградени се Железничката станица и На­род­на­та банка, Поштата, зградата на денешниот Парламент, водоводот Рашче, хид­ро­цен­тра­ла­та "Матка", направен е геодетски премер и урбанистички план на гра­дот, подигнати се многу станбени објекти. И тоа е само еден дел од она што е нап­ра­ве­но во неговиот период. Тој е еден од ретките градоначалници кој пред гра­ѓа­ни­те постојано држел предавања на теми од архитектурата и новото модерно об­ли­ку­ва­ње на градот.
По потекло е од Западна Македонија, роден е во с. Тресонче во 1887 година. Сес­тра­но обдарен, се сметал за еден вид инкарнација на мијачката генијалност и гра­ди­тел­ски­от дух. Во документите за него открив дека граѓаните честопати му скан­ди­ра­ле: "Да живее нашиот Мијак г. Јосиф Михајловиќ". Секогаш елегантен, во ра­ка­ви­ци, со продуховен изглед, вистински господин. Во еден запис од тоа време се ве­ли дека англискиот јазик го зборувал речиси совршено, без ниту една грешка. Не му била туѓа ниту една област од живеењето, а често другарувал со умет­нос­та и со уметниците - со Никола Мартиновски и со Лазар Личеноски. Нив особено ги консултирал ако требало нешто да се помогне во врска со зачувувањето на фрес­ки­те. Личеноски насликал и негов уметнички портрет. По конгресот на свет­ски­от ПЕН центар во Дубровник, писателите допатувале во Скопје во 1934 година ка­де што ги примил Јосиф Михајловиќ, кој одржал говор пред нив. На зачуваната фо­тог­ра­фи­ја, меѓу творците, до Михајловиќ стои францускиот писател Жил Ро­мен.
Во Скопје и денес постои раскошната семејна куќа која Јосиф Михајловиќ ја из­гра­дил во 1937 година. Подоцна, тој оваа куќа ја користел како приемна ре­зи­ден­ци­ја на градоначалникот, бидејќи просторот бил најсоодветен за таа намена. Во неа било инсталирано првото парно греење во градот. Неговиот внук инж. ар­хи­тект Драган Томовски, во едно искажување пред петнаесетина години вели дека не­го­ви­от вујко Јосиф Михајловиќ куќата самиот ја проектирал. Таа била изградена "од клепан мијачки камен во рустикален стил" од прочуени мијачки мајстори ѕи­да­ри. Ентериерот бил најмодерен за тоа време, со компонирана голема фреска со ми­јач­ки мотиви од Личеноски. Плакарите биле вградени во ѕидовите. Металните еле­мен­ти биле изработени во познатата браварска работилница на Антон Ручигај. Дол­ги години позната под името Македонска куќа, таа беше сопственост на угос­ти­тел­ско­то претпријатие "Меркез", а во неа во еден период живееја и видни по­ли­ти­ча­ри. Денес во оваа куќа под Калето се наоѓа амбасадата на Република Ал­ба­ни­ја.
Еден од плановите на Михајловиќ била и идејата за Зелен град, која посебно ја препорачувале и ја разработувале англиските урбанисти. Тој сакал да ги пошуми два­та острова на Вардар кои постоеле во тоа време - еден спроти Зоолошката гра­ди­на и Паркот, другиот во близината на тогашниот аеродром. Велел дека на ке­јо­ви­те на Вардар им е потребна побујна вегетација. Повеќето негови идеи Михајловиќ ги реализирал, некои останале само како идеја, но сето она што тој го остварил ос­та­ну­ва во богатата урбанистичко-архитектонска и духовна традиција на градот.

http://vest.com.mk/?ItemID=AB375072C1AB7C48A9C0CDA9B520DCB6
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 733
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 06-Oct-2010 at 04:54

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 06-Oct-2010 at 09:38

Ги гледам фотографиите од старо Скопје, и една работа навистина ме нервира. Погледнете како педантно пред 70 години се спроведувале каблите и споредете го хаосот денес, пред се предизвикан од бандерите на кабловските телевизии.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 52>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.