build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Скопје
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Старо Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 12-Oct-2010 at 05:52
Најславните скопски кафеани

Скопската ноќ има своја особена боја, каква што обично ја имаат градовите горди на својата убавина. Кафеаните се преполни преку целата ноќ, во нив се свири, се пее и се игра"...пишува Данило Коцевски

Ех, скопските ноќи и кафеани. Се лажете ако мислите дека само денес старо и младо "окапуе" по кафеаните. Не, Скопје како град има долга и богата кафеанска традиција. Еве еден романтичен запис за боемскиот живот од периодот помеѓу двете војни: "Скопската ноќ има своја особена боја, каква што обично ја имаат градовите горди на својата убавина. Кафеаните се преполни преку целата ноќ, во нив се свири, се пее и се игра". Еден хроничар од тоа време, кој се потпишувал како Калиф, ги издвоил следните три најславни кафеани во градот: "Маргер", "Париз" и "Москва".
Во нив секогаш имало посебна атмосфера. "Маргер", која е наоѓала на плоштадот, се сметала за најбоемско собиралиште. Доаѓале уметници, студенти, новинари. Книжевни разговори и караници се воделе и "преку маса", што било особено забавно за посетителите. Така нè известува Калиф во своите записи.
Во "Маргер" пеела темпераментната интерпретаторка на руски ромски романси, г-ѓа Наталија Вишњакова. А "Париз"? Таа кафеана не случајно го добила името. Неа ја посетувале богатите скопски трговци, особено почитуваната еврејска скопска елита. Музичка капела свирела беспрекорна музика за игра. Групата била предводена од г. Перица Пажин. Иако за "Москва" се велело дека е "бирократски штаб", дека се собирале службениците, сепак и во неа имало пријатна атмосфера и добра музика. Настапите на популарната Софка претставувале атракција. Најголемо воодушевување и аплаузи кај публиката предизвикувала песната "Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо, што тамбура свири". Зошто тоа било така, се разбира, не е потребен коментар.
Но, не станува збор само за овие кафеани. Во Старата чаршија меаните "љубоморно ја чувале пијаната романтика на Истокот - со чочеци, дајриња и чудно расплаканите ориенталски виолини". Најпознати биле "Јанчев ан", "Маврово", "Фенерли ан". Треба да се споменат и славната "Идадија", "Бристол", потоа "Румба", "Ислахане" (Кермез), кафеаната "Океан". Со "Океан" е поврзан и еден куриозитет. Познатиот сликар Никола Мартиновски го насликал ентериерот на оваа кафеана, која се наоѓала во близина на поранешната Мала станица, со еротски сцени. Подоцна овој објект беше урнат. Во близина на првата Железничка станица во Скопје се наоѓала и кафеаната "Тутанкамон", која го добила името според тогаш откриената Тутанкамонова гробница во Египет. По војната, познати се кафеаните и рестораните: "Македонија", "Јадран", "Победа", "Пелистер", "Букет", "Метропол", "Клубот на уметниците" (подоцна "Јоле"), "Шар", "Меркез" (во Старата чаршија), "Македонска куќа", "Крушево", бавчата "Балкан", терасата на Домот на градежниците, бавчата "Опатија", "Турист", "Инвалидски дом", подоцна "Панорама", "Континентал", како и оние што останаа од пред ослободувањето. Со посебна боемска атмосфера се изделуваше кафеаната "Зора" во близина на поранешната Женска гимназија, на Илинденска. Оваа кафеана ја овековечи и писателот Димитар Солев во романот "Зора зад аголот". Во неа се собирале професори, боеми, новинари, уметници со искричав дух, со маалски урбан менталитет, преполн со хумор и иронија. Во кафеаната "Зора", од желба да се имитира светот, наместо шатобријан се порачувало "Шопенхауер за две особи" за да се заклучи дека "според сите слаби писатели националната идеја, социјалната правда и идеалот за иднината се раѓаат во кафеана".
Во времето на нашата младост во шеесеттите и седумдесеттите години, не постоеја многу кафеани посетувани од младите. Одевме, главно, во "Пелистер", не во овој денешниов (поранешен "Дал Мет Фу") туку горе, на катот. Срамежливо пред девојките ги испивавме првите вињаци и ги пушевме цигарите "билјана" со необичен, син филтер. Одевме во "Маракана", а кафеаната "Карпош" беше собиралиште на студентите, со незаборавниот џубокс. Надвор од градот, главниот правец беше кон "Чардак", "Четири воденици" или "Сарај". Толку за кафеаните. Диско-клубовите и слаткарниците се скопска приказна што треба посебно да се раскаже.





Edited by leonid23 - 12-Oct-2010 at 06:02
Back to Top
LouReed View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 134
  Quote LouReed Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 17-Nov-2010 at 18:59
Ova se dobri sliki od plostadot pre prva balkanska vojna, samo sto gi vidov na skyscrapercity.com

Plostad:


Kameni Most Nokje:

Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 28-Nov-2010 at 18:29

1912


Edited by leonid23 - 28-Nov-2010 at 18:34
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1891
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 28-Nov-2010 at 18:50
Хммм... оваа првата слика повеќе ми личи на 1963 отколку на 1912... пред се поради рушевините од земјотресот и очигледно различните униформи (а и цивилните облеки што се гледаат), кои тешко дека се од 1912.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 28-Nov-2010 at 19:47
Во право си =) 
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3254
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 29-Nov-2010 at 10:24

Годината се однесува за втората слика, нормално првата е во периодот после емјотресот.

Поздрав, Владимир http://mz-rail.atwebpages.com/
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 29-Nov-2010 at 11:45
Првата слика се американски војници во Скопје ги гледаат последиците од земјотресот. Веќе сум ја видел у некоја емисија само не ми текнува која.
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 29-Nov-2010 at 18:01
Годината се однесува за втората слика, затоа ја ставив одма над неа
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 01-Dec-2010 at 22:11
Кермес

Српскиот крал во посета на Скопје, 1934

Резиденција на Српскиот крал во Скопје


Француските гробишта зад Кале

Воена болница

Воена болница

Тоа е веројатно куќата на Илинденска на семафорите што сега треба да се реставрира

Ова ако знае некој што е нека наведе...

Арапска куќа











Edited by leonid23 - 02-Dec-2010 at 00:28
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 01-Dec-2010 at 22:39












Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 01-Dec-2010 at 22:52



















[][]
[][]
[][]
[][]
[][]
[][]
[][]
[][]


Edited by leonid23 - 02-Dec-2010 at 00:31
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 12-Dec-2010 at 05:00
Тајните на непознато Скопје


Во еден од североисточните бедеми на скопското Кале и денес постои вграден дел од камен релјеф за кој се смета дека потекнува од многу стара скопска црква. Се претпоставува дека тоа е релјеф од олтарот на средновековната катедрална црква "Св. Богородица Троерачица", чија местоположба си уште не е лоцирана.

Градовите со долга и богата историја како што е Скопје, кријат во себе многу непознати детали од нивното минато кои сè уште не се одгатнати. Повеќето од таквите тајни и мистерии се провлекуваат со години и се пренесуваат од генерација на генерација. А куриозитети и многу непознати објекти, споменици и детали кои постојат и денес, сме ги подзаборавиле, поттурнале настрана и не им обрнуваме внимание.
Во еден од североисточните бедеми на скопското Кале и денес постои вграден дел од камен релјеф за кој се смета дека потекнува од многу стара скопска црква. Се претпоставува дека тоа е релјеф од олтарот на средновековната катедрална црква "Св. Богородица Троерачица", чија местоположба сè уште не е лоцирана. Не се исклучува и можноста тој артефакт да потекнува од некоја разурната црква од тврдината, кој потоа бил вграден во бедемите при нивното возобновување. Дел од ист таков релјеф бил вграден и во Водената кула, која денес се наоѓа во близината на "Електродистрибуција" под Калето, но тој релјеф со времето исчезнал. Се раскажува дека од таа кула, и во периодот по војната необични скали воделе угоре, кон воените касарни на тврдината. На истиот тој југозападен дел, под бедемите, лоцирано е и постоењето на една од ретките пештерски цркви "Св. Ѓорѓи Церебулски".

Според записите на Евлија Челебија, на Камениот мост во Скопје постоеле повеќе написи кои зборувале за неговата изградба, историја и за бројните возобновувања. Денес, за жал, од нив не постои ниту еден. По скопскиот земјотрес, на таинствен начин исчезна дури и плочата од Стражарската кула, која денес е обновена. Но постои уште една тајна за Камениот мост, која е помалку позната. Еден патописец од 1559-60-тите години запишал дека во Скопје, на реката Вардар има два многу убаво соѕидани моста кои ги изградиле Турци, а покрај нив им се наоѓаат гробовите.
Можно ли е во Скопје да постоеле два Камени (убаво соѕидани) мостови? Кој бил вториот мост? Таа тајна сè уште не е одгатната и истражена. Во Чаршијата денес се наоѓа гробот на освојувачот на Скопје Меддах-баба. Покрај него, се спомнуваат уште двајца освојувачи на градот, и тоа Игит-паша и Гази Евренос. До неодамна тука имаше и извори на лековита и света вода. А со тој простор поврзана е уште една тајна. Имено, на ова исто место во Скопје се споменува дека е погребан Џалинос. Џалинос е, всушност, арапски превод на името на прочуениот римски лекар Гален (Галениус). Зошто името на Џалинос се спомнува токму, покрај изворот на оваа скопска лековита вода? Можеби загатката се крие во податокот кој го забележала историјата дека овој светски познат лекар засекогаш исчезнал токму на патот помеѓу Рим и Цариград.

Едно од најубавите турбиња на нашите простори е Шареното турбе до Алаџа џамијата на Бит-пазар, со прекрасен фриз од шарени порцелански плочки. Кој е погребан во него? Е тоа не може со сигурност да се потврди. Едни извори велат дека во него е погребан еден од тројцата синови на Исхак-бег, ктиторот на истоимената џамија. Но други извори откриваат уште поинтересна приказна, тоа е дека во турбето е погребан хазнадарот (благајникот) на бегот, бидејќи Исхак-бег му ветил дека кој од нив прв ќе почине, тој ќе биде погребан во Шареното турбе. Натписот кој постоел на турбето го однел со себе еден германски офицер за време на окупацијата на Скопје од 1915 година, и не може да се утврди што точно пишувало на него.
Англискиот лекар и патописец Едвард Браун поминал низ Скопје во 1669 година. Покрај другите, забележал и еден ваков необичен податок за тогашното централно подрачје на градот и реката Серава: "Постои еден свод кој изгледа мошне стар, и една мала река поминува под него. Се гледа и еден голем камен кој некогаш служел како столб и на кој беше испишано СХИАН. Што точно значел овој збор? Од кога потекнувал тој мошне стар свод? Тајна која никогаш не била одгатната. Кога сме веќе кај сводовите, треба да се посочи и податокот дека во периодот меѓу двете војни, во стариот дел на градот, при изградбата на една приватна куќа, бил откриен огромен свод од монументална византиска градба. Се претпоставува дека сводот е дел од голем средновековен трговски објект. Но, за жал, понатамошни истражувања не се направени.
Постои уште една голема тајна која сè уште не е одгатната: Кој објект ѕирка од под темелите на Султан Мурат џамија? Се појавуваат темели од некоја друга градба, а тие денес се јасно уочливи. Не е исклучено тоа да се делови од друга исламска градба, бидејќи таа низ историјата повеќепати е реставрирана и обновувана, опожарувана уште од времето на Пиколомини. Ова се само дел од тајните на непознато Скопје, кои не само што ја разгоруваат фантазијата туку се и најсигурна потврда за една богатата традиција.

http://vest.com.mk/?ItemID=3BF5BF01BCF7B445A12C49E881FCB2DA
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3254
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 12-Dec-2010 at 13:33
@leonid23

Тоа е веројатно куќата на Илинденска на семафорите што сега треба да се реставрира
- Ќука на Др. Рубенс

Ова ако знае некој што е нека наведе...
- Соколана (или денеска - фискултурна сала)

Сликата после Арапска куќа
- Еврејско маало поред кејот на Вардар, напред е Камени мост а во позадина би бил театарот

Сликата со текстот ve vieux pont
- Чинарот на кој е обесен Карпош на левиот брег.

Поздрав, Владимир http://mz-rail.atwebpages.com/
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 26-Jan-2011 at 14:11








Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 26-Jan-2011 at 14:20












Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 26-Jan-2011 at 14:45










Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 26-Jan-2011 at 17:27












Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 449
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 06-Feb-2011 at 22:20





















Back to Top
schultz View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 21-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote schultz Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 29-Mar-2011 at 20:53
 Edna slika od mojata Familija pred II svetska vojna
 Slikana od Kiro Kiprijanov 1939god. eden od prvite slikari vo Staro Skopje
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4101
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 29-Mar-2011 at 20:55
Девојката најдесно има дефинитивно футуристички footwear како за 1939! Супер слика, убаво е што имаш вакви слики низ дома, уште повеќе што си ги дигитализирал.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.