Старо Скопје |
Post Reply | Page <1 1920212223 55> |
Author | |
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #401 Posted: 08-Jul-2012 at 20:08 |
не ми е смешно тоа што некој произволно си го употребува зборот „барок“, и онака за нашава игнорантна нација се што нема стакло бетон, алуминиум и останати современи материјали, по автоматизам е барок очигледно...
мене нешто друго ми боде очи, тоа што упорно во јавноста се пропагира период од пеесетина години (односно неколку различни културни генерации) и се претставува како да се работи за едно нешто... поради тие причини меѓу народов сеуште има огромен дел луѓе кои се во заблуда дека објекти изградени далеку пред војната се дело на комунизмот и политиката во глобала, и дека постземјотресната ситуација е виновна за исчезнувањето на објекти кои очигледно биле срушени уште меѓу двете војни... и ретки се луѓето кои ги знаат точните години на изградба на објектите, урбаната хронологија на градот, намената на објектите и уметноста што стои позади нив наместо тоа, очигледно сите се потпираат на чаршиски приказни и бајќи од пензионери или пак безвезни пропаганди и уфилмани луѓе кои кога зборат за тој одреден период во градов мислат дека се претвараат во поети... а всушност никој врска си нема понакогаш ми е срам што сум дел од таков менталитет... |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #402 Posted: 09-Jul-2012 at 10:15 |
Втор пат за кратко време се обидуваш да ја провлечеш таа теза за наводна политизација и предрасуди. Всушност ти си тој кој политизира, обидувајќи се моите ставови да ги ставиш во еден многу добро познат за мене калап, кој само ја храни предрасудата и стереотипот. BTW идентичен пристап со страната која што се обидуваш да ја посочиш со прст. Не би навлегувал подлабоко, би ти препорачал да го прочиташ постот уште еднашка од кога ќе го прочиташ објаснувањето. 1. Под ефтин журнализам мислев на „информацијата“ сервирана од МН, Курир, Скопјеинфо итн. 2. Во однос на таков ефтин журнализам, наведов дека налудничавата тероија на Вангел повеќе ја ценам, што не значи и дека ја ценам нели 3. Воопшто не видов ниту за кој клип се работи, ниту пак дека се работи за клип на БТВ. Одговорив директно на постот на ОЦБ бидејќи многу добро ја знам теоријата на Вангел. Edited by pbanks - 09-Jul-2012 at 10:37 |
|
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #403 Posted: 09-Jul-2012 at 10:28 |
ОК погрешно сум те разбрал и ти се извинувам!
Но верувај дека јас не сум ниту политизирам, ниту да ставам во калапи, ниту да посочувам со прст, само реагирав на нешто што мислев дека е погрешно, но се искажа дека јас сум во грешка! |
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #404 Posted: 09-Jul-2012 at 10:36 |
Да, но многу лесно рипаш во заклучок и даваш етикета, затоа реагирам за политизација Идеме понатака... |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #405 Posted: 21-Jul-2012 at 20:37 |
Како изгледале кината во старо Скопје?
Кината во градот Скопје во периодот меѓу двете светски војни, претставувале најинтересна и најомилена забава на скопјани. Со појавата на тонскиот филм, кината во градот биле максимално посетени. Постоела големата реклама и комерцијална основа за прикажување на тонски филмови, но тие не нуделе ни технички, ни содржински квалитет. Немите филмови, според критичарите, биле ремек дела во споредба со тонските филмови. Но, сепак, соединувањето на музиката и говорот во филмот претставувало своевремена сензација за човештвото. Во периодот 1923-1925 год. во градот постоеле три кина - “Балкан” “Вардар” и “Зрински”. Во големата сала на кафеаната “Зрински” секоја вечер, во зимскиот период, се прожектирале филмови, а во летниот период во бавчата. Филмовите кои се прикажувале во киното”Зрински” биле од продукција на познати светски филмски продукциски куќи. Во 1926 год. во голем пожар изгорела кафеаната и киното “Зрински”. Во 1925 год. во состав на кафе “Аполо” кое се наоѓало на плоштадот Крал Петар, било отворено ново кино кое во однос на опремата било посовремено. Киното “Аполо” имало ложи со седишта кои биле нумерирани, а салата била поделена на прв и втор дел. Во ова кино најстрого било забрането служење на пијалаци и храна, но затоа, во холот имало бифе. Киното во летните месеци ја прикажувало филмската програма на “венецијанската” тераса. Киното “Аполо” изгорело во 1930 год., а на неговото место било отворено ново кино - “Корзо”. Во 1932 год. освен киното “Корзо” било отворено и летното кино “Граѓанска касина” во бавчата на “Каламарас” во Пајко маало. Киното”Балкан” прикажувало филмови од германска, англиска и француска продукција, но се прикажувале и шпански филмови. Закупник на киното бил Светозар Диклиќ кој бил претставник на компанијата “Филипс” и затоа во ова кино биле прикажувани првокласни филмови. Филмовите биле прикажувани во кино-салата и во бавчата на ресторанот “Балкан”. Во филмската сезона 1934 год. биле прикажувани филмови од европска и американска продукција и најнови филмски журнали од продукцијата на “Paramount”. Новина претставувале и цртаните филмови со Мики Маус кои биле во боја. Во киното биле прикажувани и драми, музички дела со оперски пејачи, духовни и забавни оперети, комедии и др. Во 1936 год. скопското кина “Балкан” го презеле Богдан Арацки и Алберт Камхи кој во градот бил познат под името Ганди. Киното го воделе со успех и се труделе да емитуваат најдобри филмови со најпознати глумци, а публиката била многу задоволна. Стручноста и апсолутното познавање на работата на Камхи, била сигурна гаранција за посетеност на киното. Во салата на киното “Балкан”, по завршувањето на филмските проекции, се приредувале игранки. Киното”Вардар” се наоѓало до киното “Балкан”, чија дирекција со својата реклама во скопските весници ветувала најдобри и најнови филмови. На програмата биле прикажувани тонски филмови кои не биле разбирливи за голем дел од гледачите, со гласна музика и дијалози на германски и англиски јазик. Во 1930 година, во новото кино “Вардар” била одржана првата проекција на првиот тонски филм “Дама од тротоарот”. Посетата на кината била голема поради љубопитноста и желбата за нешто ново. Трите кина кои работеле во текот на 1930 год., на својата програма прикажувале тонски филмови, но со примитивни почетни облици. Киното”Капитол” било сместено во Кранговата палата и било сопственост на Мандил. Репертоарот на киното бил со филмови од подобар квалитет, поради склучениот договор со светската фирма “Paramount”. Во 1932 година, во Скопје било изградено и киното “Авала”. Киното “Уранија” се наоѓало зад киното “Вардар”. Во 1938 год. го изградиле Никифор Костиќ и Дича Филота. За набавка на најмодерна кино-апаратура, “Ернеманд 2”, од германско производство, вложиле 80 златни наполеони, а опремата била набавена од Виена. За монтирање на кино-апаратурата биле ангажирани двајца кино-оператори од Австрија. Киното било верифицирано од инспекторот на тогашна “Југославија-филм”, Роберт Кодман. Филмовите ги набавувале во лиценцните претставништва на “Метро - Голдвин Маер”,”Уфа”, Парамаунт” и “Твенти сенчери фокс”. Пред секоја проекција на неми филмови, пред киното имало мал ритуал: свирела плех-музика, а гледачите стоеле пред “луксовите” или пред газиените лампи, додека еден говорник ја читал содржината на филмот. Истото се повторувало и во салата, за време на долгите паузи кога се менувале лентите. Кината кои работеле немале прописни услови за работа и сигурност од пожари. Киното “Уранија” немало прописни врати за влез и излез на публиката. Ложите биле направени од лесно запалив материјал со тесни премини во фоајеата. Целокупниот дрвен материјал во салата и останатите простории на киното претставувале опасност од пожар. Неколку рачни апарати и вградени хидранти во просториите на киното не обезбедувале никаква сигурност. Киното “Вардар” се загревало со две големи печки под кои немало плех за обезбедување на патосот, а се одржувале со премачкување со зејтин. Киното немало апарати за гасење, а сигурносното осветлување било приклучено на градската мрежа што не било сигурно, бидејќи требало да биде приклучено на електрични батерии (акумулатори) независни од градската мрежа. Киното “Авала” било сместено во голема шупа од мешовит материјал. Благајната била сместена на дрвен сандак пред влезот во киното. Во салата немало апарати за гаснење пожар. Киното”Капитол”, се загревало со печки, а тие биле поставени до филмското платно и претставувале опасност. Ова кино најмногу го посетувале деца. Поради ваквите услови, во 1934 год. полициските власти во Скопје издале наредба, според која сите кина морале да овозможат безбедност на посетителите на кината. Според оваа наредба , седиштата во кината морале да бидат нумерирани и било забрането додавање на столови и клупи. Апаратот за проектирање морал да биде одвоен во кабина, а ѕидовите, таванот и подот, требале да бидат изработени од незапалив материјал. На страната на кабината кон публиката можело да има само простор за проекторот и мал прозорец. Во кабината секогаш морало да има една кофа со вода и мокро ќебе. За време на работата, во кабината не смеел да влегува никој освен операторот, неговиот помошник и ученикот кој се обучувал за работа. Салите на киното морале да имаат вентилатори за проветрување. Во салите било забрането викање и удирање по столовите. Бидејќи во повеќе од кината се продавале продукти, тие морале да бидат заштитени. Забрането било присуството на деца на проекции на филмови за возрасни. Сопствениците на кината биле должни 24 часа пред прикажувањето на филмот, во управата на полицијата да поднесат цензурна книшка или карта за филмот и да добијат дозвола за прикажување. Во случај да не добијат дозвола, не смееле да се објавуваат слики и натписи за филмот. Развојот на кинематографијата како уметност се одвивал забрзано, а кината биле места каде што се доаѓало во допир со оваа уметност. Затоа, скопската публика привлечена од атрактивноста на филмското платно редовно ги посетувала. Квалитетот на кино-претставите во многу зависел од квалитетот на кино -проекторите кои во скопските кина биле застарени, а со тоа и квалитетот на прикажуваните тонски филмови бил многу низок. Освен тоа, многу од филмовите не биле разбирливи за гледачите бидејќи не биле преведени. Кината ги посетувале сите граѓански слоеви, од чиновници, богати трговци, интелектуалци, деца, бидејќи никој не можел да одолее на возбудата што на носеле странските филмови и познатите актери. Репертоарот на кината во Скопје бил разновиден. Биле прикажувани филмови за Марко Поло, Флаш Гордон, Тарзан, Франкештајн и др. Во киното “Капитол” се давале по два филма, а пред почетокот се прожектирале цртани филмови со Мики Маус. Првиот филм обично бил љубовен, а вториот вестерн или криминалистички. Омилени вестерн артисти биле: Том Микс, Дик Форан, Кеј Менард, Жорж Обриен, Ерол Флин, Хари Бор, Џони Вајсмилер како Тарзан и др. Други познати артисти биле Мае Мурај, Марлен Дитрих, Морис Шевалие, Пјер Реноар и др. Детската публика особено ги прифатила филмовите на Волт Дизни, цртаните филмови со Мики Маус, Снежана и седумте џуџиња кои биле посетувани во голем број, а имале и педагошка вредност. Пред почетокот на Втората светска војна, во градот работеле кината “Вардар”,”Балкан”,”Уранија” и др. Едни од сопствениците на кино во Скопје биле семејството Петрови. Браќата Анте и Борис во Скопје се доселиле од Дебар. Живееле до Поштата кај Исламската бања. Уште за време на турското владеење купиле плац на улицата Крал Петар, Принц Анте Петров се оженил со Елисавета Јанева и од добиениот мираз во 1911 год. го изградиле првиот двокатен хотел во Скопје, хотелот Балкан. Подоцна го отвориле и киното Балкан. Анте и Елисавета имале три сина - Иван, Томе и Димитар и ќерка Петранка. Иван се школувал во Белгија и бил машински инженер, а се оженил со белгијанката Жермен. Томе се школувал во Франција и студирал право на Сорбона, а се оженил со французинката Ивон. Димитар и Петранка се школувале во францускиот колеџ во Солун. Семејството Петрови било видно семејство во градот со навики карактеристични за богатата класа. За нивната куќа се грижеле измеќарки. Елисавета со пајтон одела во црква и имала своја маса во бавчата на кафеаната Балкан, каде што седела со своите пријателки. http://www.skopjeinfo.mk/gradot/10106099/kako-izgledale-kinata-vo-staro-skopje%3E |
|
makonix
Senior Member Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
Quote Reply #406 Posted: 29-Aug-2012 at 14:49 |
некои ретки слики од Старо Скопје од Срдјан Адамовиќ
приметете ја зградата со статуите на врвот и со интерсни декорации, ме потсеќа на некоја лесна верзија на ристиќева http://www.skyscrapercity.com/showpost.php?p=94551849&postcount=613 Edited by makonix - 29-Aug-2012 at 14:50 |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #407 Posted: 25-Sep-2012 at 23:11 |
можеби сликите се повторуваат,но сепак е добро да ги видиме уште еднаш
ГАЛЕРИЈА: Скопје пред едно педесетина години Скопје | 25. септември 2012 - 23:10 Не бил зонски, ама сите се паркирале на плоштадот Македонија Зградата на ЕВН некогаш имала реклама на Охис. Постарите се сеќаваат на „Коцка“ на плоштад Некогаш црквата и не се почитувала така како денеска Фиќо, Фиќо и само Фиќо Улица Македонија И денеска има споемници на истите места Тогаш немало стадион но имало публика. Денеска е обратно... МТВ во изградба Партизанска http://press24.mk/story/skopje/galerija-skopje-pred-edno-pedesetina-godini |
|
gorco
Senior Member Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
Quote Reply #408 Posted: 27-Sep-2012 at 17:02 |
Само да дополнам, коментарот за црквата, т.е. Соборниот Храм е глуп. Тоа е во период на изградбата на црквата.
|
|
arhitetka
Newbiе Joined: 31-Oct-2012 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #409 Posted: 31-Oct-2012 at 19:47 |
Zdravo na site, super sliki ste postirale od Skopje, sekoja cest. Mene mnogu bi mi trebale sliki od starite stokovni kukji vo Skopje i stari fotografii od GTC i charshija. Ima nekoja kniga od arh.Tihomir Arsovski, vo koja sto mozebi bi imalo poveke podatoci za tematikata maloprodazba, pa ako nekoj ja ima se nadevam nema da e problem da spodeli nesto. Odnapred blagodaram
|
|
arhitetka
Newbiе Joined: 31-Oct-2012 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #410 Posted: 31-Oct-2012 at 19:50 |
http://www.e-novine.com/fotogalerija/fotogalerija-region/56380-Skoplja-preko-Splita-Zemuna-Zadra.html
Stotuku otkriv uste nekolku dobri fotografii koi gi nema na forumov |
|
HugoGoulding
Senior Member Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
Quote Reply #411 Posted: 07-Nov-2012 at 17:21 |
Како да најдам слика од киното Карпош кое се наоѓало во Дебар маало? Кинотот било таму каде што денес е кафичот кој го носи истото име "Kино Карпош", односно спроти Апче слаткарницата. Како што имам слушнато се работело за огромен комплекс. Киното било со врвени квалитети за тоа време а и внатрешноста му била мошне убава. Фасадата била во барок или така нешто. Функиционирало до 80тите и после како што разбрав поради х причини било срамнето со земја, највероватно од страна на комунистичкиот режим, но точната причина за овој настан не ја знам. Ако има некој слики од киното или некакви информации може да ги споделит тука. Фала
|
|
Dragan
Senior Member Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
Quote Reply #412 Posted: 07-Nov-2012 at 21:41 |
Сигурно модераториве ќе го избришат постот, ама морам да ти реплицирам. Срушено од комунистичкиот режим ????, и што имало после срушувањето знаеш?, или они биле будали па не сакале кино да има народот. сигурно имало некоја причина зашто било срушено, од толкаво Скопје тогаш во 80 год. сигурно не било за џабе рушено.
|
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #413 Posted: 07-Nov-2012 at 22:45 |
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
HugoGoulding
Senior Member Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
Quote Reply #414 Posted: 08-Nov-2012 at 09:03 |
Може се изразив несоодветно, киното било срушено од властите под чие раководство било Скопје во тоа време и киното било срушено без некоја посебна причина од истите. Инаку таа огромна парцела зјаеше празна и во рушевини повеќе од 20 години, така да не гледам некоја причина што тогаш го сраминле со земја тој огромен комплекс. Ако имате некоја информација или слика за конкретното прашање кажете, ако не, не се фаќајте за глупости.
Edited by HugoGoulding - 08-Nov-2012 at 09:04 |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #415 Posted: 19-Nov-2012 at 18:34 |
Булевар Кочо Рацин кај надвозникот (тогаш надвозникот всушност бил железнички мост) и кулата бр.19 во изградба.
Дали некој знае што е тој малиот индустриски објект на трасата на булеварот и кога бил отстранет? |
|
makonix
Senior Member Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
Quote Reply #416 Posted: 24-Nov-2012 at 02:07 |
Скопје тукушто ослободено и разрушено во 45 |
|
makonix
Senior Member Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
Quote Reply #417 Posted: 24-Nov-2012 at 02:20 |
Тајната црква "Свети Константин и Елена" Пишува Данило Коцевски - Црквата "Свети Константин и Елена" спаѓа во легендите кои го обележаа овој град. Во што се крие нејзината тајна, од каде доаѓа толкавата популарност? Сместена во централното градско подрачје, во некогашното Влашко маало и Попкочина улица, како дел од поширокиот простор на познатото скопско Ново маало, таа беше урната во земјотресот од 1963 година. Се смета дека станува збор една од првите православни цркви изградени во поново време од десната страна на реката Вардар, се разбира, не сметајќи ги многубројните средновековни цркви и манастири кои некогаш постоеле на Водно. Црквата "Свети Константин и Елена" во центарот на Скопје започнала да се гради уште пред Првата светска војна. Војните и бурните времиња кои се менувале едно по друго, ја попречиле нејзината изградба. Таа била завршена и осветена во 1926 година. Оттогаш не престанува нејзиното духовно зрачење, но и живото сеќавање на постарите генерации за неа откако беше урната во земјотресот. Тајната на духовното зрачење се крие и во тоа што таа се наоѓаше во центарот на градот и претставуваше, во онаа убава смисла на зборот, маалска црква, почитувана, сакана, посетувана. Но со текот на времето, ја посетуваа верници од сите краишта на Скопје. Се сеќавам дека чинот на крштавањето на своите деца во храмот "Свети Константин и Елена" го вршеа и жителите од другите маала. Таа памети многу венчавки, крштавки, простување со покојните, верски живот кој се одвиваше дури и во времиња кои не беа погодни за тоа. Скопското маало во кое е подигната таа има интересна историја. Најпрвин се нарекуваше Хаџи Селаледин, а потоа и Чивчи маало. Тоа започнува лево од Камениот мост, кога се оди во правец кон Плоштадот, а потоа продолжува по Кејот, до некогашниот Железен мост, пред комплексот банки. Подоцна се вклопи и населбата Пролет. Десно, маалото продолжува до Монополот, а потоа пак свртува кон Плоштадот и го опфаќа просторот спроти Парламентот, сe до центарот, кај ЕСМ и Стоковната куќа. Во рамките на Ново маало постоеле најубавите бавчи и градини, кои биле обработувани. Но подоцна, по балканските и по Првата светска војна, тука се населиле материјално позафатени граѓани од предвоена Југославија. Затоа, на Кејот, и не само на него, биле изградени најубавите скопски куќи во тоа време. Според сеќавањето, во црквата најпрвин се влегуваше низ дворот, во кој од левата страна се наоѓаше мало паркче со цвеќиња и грижливо негувани алеи. Над самиот главен влез во црквата имаше трем и низ неколку врати се влегуваше во внатрешните простории. Над влезот имаше фреска на заштитниците на црквата, царот Константин и царицата Елена. Во левата просторија се вршеа крштавките и често се слушаше детски плач од неа, а за крштавање се користеше голем бакарен сад, со изгравирани рачки од страните. Во поголемата централна просторија се вршеа Божјите служби и простувањето со покојниците. Во мала куќичка покрај црквата живееше служителот, за кого, кога веќе потпораснавме, заклучивме дека според необичниот изглед ни наликувал на ѕвонарот на Богородичната црква во Париз. Со голема грпка, со долги пожолтени нокти, ретка, побелена, долга коса. Ги бркаше децата низ дворот, но знаеше повремено и да ги погали со долгите прсти. И по Втората светска војна, црквата "Свети Константин и Елена" се наоѓаше во елитно маало. Во нејзиното окружување беа славни скопски објекти: Народната банка, НА-МА, основното училиште "Иво Лола Рибар", Вишата педагошка академија, Балетското училиште, големата зграда на Републичкиот секретаријат за финансии. Во близина живееја познати професори, адвокати, лекари, спортисти, уметници. Денес сe уште постојат оригинални документи зачувани од црквата. Од нив може да се види дека многу видни личности пред војната го помагале овој верски објект и биле вклучени во повеќе активности. Минуваше време, новите генерации скопјани речиси и немаа слушнато за црквата, која полека тонеше во заборав. И тогаш, во деведесеттите години, се случи нешто необично. По отворањето на Градскиот трговски центар во седумдесеттите, елитни продавници се наоѓаа на неговиот главен влез, од страната на Плоштадот. Многу од продавачките, и воопшто од персоналот што работеше во нив, започнаа да ми приоѓаат и да ме распрашуваат за историјата на тој дел од градот. "Зошто ви е потребно тоа?", ги прашав. "Постои еден човек во поодминати години", раскажуваа тие возбудено, "тој секојдневно доаѓа овде, на почетокот на Трговскиот центар, клекнува на колена и се моли. По тој ритуал, си заминува. Веројатно станува збор за некаква тајна, за нешто што се случило тука, но што?", се чудеа тие. "Тајната е во црквата", им реков низ насмевка, "тајната е во нејзините темели, кои тука сигурно сe уште постојат". Тој само ја почитувал традицијата и повторно доаѓал да се моли на местото на стариот храм "Свети Константин и Елена". Ете така, и на овој начин, полека се открива и возобновува традицијата на градот. http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=BC037C43FA3C7C47A67ED8518BE75551 |
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #418 Posted: 24-Nov-2012 at 19:51 |
од каде па сега таа црква стана легендарна? да не избиеше галамата околу црквата што беше планирана на плоштадот, ќе влезеше во тотален заборав
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
makonix
Senior Member Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
Quote Reply #419 Posted: 08-Dec-2012 at 11:51 |
Галерија: Сеќавање на свадбените обичаи во старо Скопје
Обично девојките се мажеле со помош на наводаџии. Многу важна улога на самата свадба играле кумот и деверот. Деверот ги “плаќал” чевлите на невестата во нејзиниот дом кога ја земале за венчавање. Таа пред него ги пробувала и велела дека не í се точни, а деверот ги земал, ги вртел трипати во рака, божем не ñ влегуваат и откако ќе ги “плател”, односно ќе ги наполнел со пари, таа ги облекува. Побогатите семејства до црквата на венчавка оделе со пајтон, а посиромашните пешки. На чело на колоната до црквата оделе свирачи. Кумот бил многу ценет од младоженците и го сметале за нивен духовен татко. На самата венчавка кумот им ставал на младоженците платно преку рацете кои им се вкрстени, со симболика вечно да останат “врзани” заедно. Тие пак кумот и кумата ги дарувале со бовчалоци. По вртењето околу олтарот над младоженците се фрлале бонбони и леблебии, со симболика да имаат плоден брак. Свадбата продолжува со веселба која најчесто била дома кај младоженецот. (Свадба со музичари во 20-тите години на минатиот век) Во понеделникот, по свадбата, жените оделе на блага ракија ритуал проследен со шеги на сметка на првата брачна ноќ - на свекрвата í се горат гаќите и невестата ги послужува со чашка црвена ракија. Симболиката на овој чин е чесноста на невестата. Пред свадбата кога невестата со другарките одела на капење во Бања, таа со неа носела и погачи и други јадења, а другарките носеле дајриња па играле ора , а на невестата и ставале к'на. (Зет и невеста со девер и деверуша) По свадбата Ганка памети дека кога влегла во дворот, на свекорот кој седел на стол како и на свекрвата им бакнала рака и им дала бовчалок, а на свекрвата одзади и пуштале вода викајќи “ Ау, се измоча свекрвата”. Често младите брачни двојки се запознавале на баловите во Офицерскиот дом. Во салата на една страна седеле девојките облечени во долги свечени фустани, а на другата момчињата во фракови. Ако некое момче сакало да игра со некоја девојка, морал да го замоли за дозвола нејзиниот татко. Елена го запознала својот сопруг на излет, а средбата била со стројници. Веридбата ја прославиле дома, иако многу граѓани ја славеле во Офицерскиот дом. На веридбата Елена ги дарувала сватовите со бовчалоци, а неа сопругот со злато. Пред свадбата девојката одела на бања со другарките, каде што ги послужувала со погача и кашкавал. Свадбата на Елена со Атанасие Атанасиевиќ била во хотелот Бристол. Фустанот на Елена бил изработен од кипер чипка и капче изработено од познатите скопски шапкарки Лујза и Јелена. Свадбените слики ги направиле кај познатиот фотограф Ковалски. За свадбата на Елена, татко í изнајмил автомобил, украсен со вештачки цвеќиња,со кој се возеле од црквата до хотелот. (младоженци се возат на пајтон низ старото Скопје) Свадбите најчесто се правеле дома. Во дворовите биле поставувани маси. Храната за свадбата ја правел изнајмен готвач, а ја служеле момчиња со бели престилки. За појадок на сватовите се меселе пити и кисело млеко. |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #420 Posted: 15-Dec-2012 at 20:07 |
Сеќавања на пајтонот во старото Скопје
Најраспространето и најстаро превозно средство во градот бил пајтонот. Пајтони се увезувале од Виена, но биле правени и во Скопје и Битола. Пајтоните обично ги влечеле пар коњи, но имало и такви со еден коњ, а биле отворени или затворени во зависност од временските услови. Во Скопје имало повеќе станици каде што стоеле пајтони кои служеле како јавен превоз и тоа: кај Железничка станица, на ул.”Престолонаследник Петар”, ул. “Кнез Арсен” до самиот плоштад, кај Државната болница, од двете страни на Железниот мост-”Генерал Бојовиќ” кај Кејот”Крал Александар”, кај Железниот мост во ул.”Немањичка”, на Кејот “13 Октомври” кај Споменикот на паднатите борци, кај Воената болница и на Бит-пазар на ул.”Краљевиќ Марко”. Во Скопје постоело и Здружение на пајтонџии кое броело околу 500 членови кои вршеле превоз на патници во градот и надвор од него. Канцеларијата на Здружението на пајтонџиите, арабаџиите и амалите се наоѓала во зградата на салонот”Мацура”, прв секретар бил Коце Кратовалиев(“Кратовалија”), а на крајот Страхил Титизов. Здружението имало и своја слава на денот на Св.Тодор, веднаш по Прочка. Тоа бил празник на коњите. На тој ден коњите не се изведувале од шталите, нив дури не ги впрегнувале, а газдите - пајтонџиите оделе во црква, потоа во кафеана, на веселба и слично. Пајтонџиите биле и од муслиманска и од христијанска Еден од најпознатите пајтонџии во Скопје бил Благоја Дворски од Маџир маало, потоа како пајтонџија работел и Димче Попанков, а едни од сопствениците на пајтон за сопствени потреби била фамилијата Настеви, познати трговци. Пајтонџиите работеле во дневна и ноќна смена. Дневната била од 6 до 20 ч. од април до октомври и од 7 до 18 ч. по октомври. Ноќната служба до 24 ч. била застапена со 4 пајтони, а до 4 ч. со два. Цените на возење, ако почетната постојка била кај Железничката станица, се движеле различно, во зависност од тоа колку луѓе се возеле и колкава била дестинацијата: од логорот “Крал Петар” 1-2 лица - 20 динари, 3-4 лица-25 динари, до Воена болница-15 динари, до Аеродром-20 динари, до Добиточниот пазар-20 динари итн. Пајтонџиите имале обврска за задолжителна годишна регистрација и преглед. Регистрацијата и прегледот се вршеле пред зградата на II Полициска станица во Скопје, на ул.”Венец на Цар Душан” бр. 27. Семејството Кратовалиеви биле пајтонџии. Татко му на Михајло Кратовалиев, Томе, имал пајтон и два коња за влечење. Семејствата на Томе Кратовалиев и на неговите двајца браќа, Страхил и Коце, живееле во претходно опишаната куќа на улица “Васина” бр.13 во Пајко маало. Сите тројца браќа имале вкупно три пајтони и шест коњи. За одржување на камилите, магарето и коњот имале вработено и шталар, односно работник што се грижел за животните - за хранење и подготовка за запрега, а тој, исто така, ја чистел и шталата. Сите тројца браќа го плаќале шталарот по ред, односно по недели. Истиот ред важел и за одржување на дворот и на заедничките простории во куќата. Шталарот живеел во куќата на сопствениците, каде што добивал храна. Пајтонот на Томе Кратовалиев бил купен во Нови Сад, а коњите биле донесени од Винковци, Хрватска. Во случај пајтонот да се скрши, тој се носел на поправка кај ковач. За поправка, а подоцна и за изработка на пајтоните, во градот имало повеќе занаетчии кои се занимавале и со изработка на арабаџиски и шпедитерски коли и слично. Коњите на Томе Кратовалиев се викале Арап и Циго, биле од една атица, а по возраст се разликувале само една година. Тие му служеле на семејството 16-17 години, а биле донесени, исто така, од Винковци, каде што од почетокот на 20 век па сé до Втората светска војна се одржувал најголем пазар за коњи во Кралството на СХС. Пајтонџиите обично настојувале коњите за запрега да имаат иста или приближно иста боја. Коњите Арап и Циго биле црн. Во семејството на Кратовалиеви коњите ги назобувале со овес и пченка и тоа го правел шталарот. Освен тоа, на коњите им се давало и сено, детелина и јачмен. За потковување коњите ги носеле на налбат(ковач), а нив ги имало насекаде во градот, но не и во Старата чаршија. Коларите изработувале коли, пајтони, чези и друго.Чезата уште се нарекувала и еднопрег, бидејќи ваквата кола со две тркала ја влечел само еден коњ. Понекогаш чезите уште ги викале “коли со две тркала”. Пајтоните, освен во секојдневниот превоз на патници , се користеле и во посебни прилики, за свадби, но и за погреби. На свадбите, невестата и зетот во пајтон биле пренесувани од домот до црква на венчавање и потоа до местото на веселбата. За превоз на свадба или за превоз надвор од градот се наплатувало по спогодба. Доколку се порачувал пајтон за превоз на невеста и зет, тогаш тој посебно се украсувал со “гирланда” д цвеќиња што ги правела сопругата на Томе Кратовалиев, како и другите жени од домаќинството. На овој начин се штедело, а и другите членови од семејствата на пајтонџиите се вклучувале во заработувањето пари бидејќи само така една градска фамилија можела да опстане и економски да зајакне, а децата се воспитувале така што секое од нив требало да стекне работни навики. Веќе спомнавме за Здружението на пајтонџии, арабаџии, шпедитери, амали, чистачи на чевли и други занаетчии поврзани со превоз кои имале коли со запрега од волови или биволи, а коишто служеле за вадење и пренесување на песок од реката Вардар и слично. Во ова Здружение членувале сите тројца браќа Кратовалиеви, Томе, Коце и Страхил. Но сé си има крај. Иако пајтонџиите сé уште биле барани како превозници, автомобилите и моторите ги потиснувале. Така, Коце Кратовалиев почнал да вози “Мерцедес”, кој , според претпоставките на нашиот соговорник, им припаѓал на индустријалците Хаџи Бошкови. Во архивската граѓа наидовме на едно Решение од 21.08.19000 година со следната содржина :”Во Скопје во три часот по турско време околу Камениот Мост да нема никаков пајтон, а доколку се најде таков, тој да се спроведе до Беледието”. Кога на почетокот на овој век се редуцирале станиците за пајтоните, на крајот на 40 - тите години тие станале вистински проблем за Скопје. Одржувањето на хигиената на пајтонџиските станици било сé потешко, иако во Здружението на пајтонџиите влегувале и чистачите. Санитарните прописи, хрната за животните, ниските цени на превоз на патниците поради малата брзина на превозот, го оневозможувале опстанокот на пајтонџиите. Во 1941 година Страхил и Томе Кратовалиеви имале само четири коњи, а Коце, како што веќе споменавме , се откажал од ова занимање и возел “мерцедес”, а своите коњи и пајтонот ги продал. Чичкото на Томе, Димче, бил самоук, но вешт трговец.Тој имал трговски врски со Арнаути од скопските села, на кои им продавал антерии, басма и друго. Димче артиклите ги набавувал во Солун, а преку тој град имал трговски врски и со Турција. Освен со трговија, тој се занимавал и со финансиски операции. По сé изгледа дека неговото семејство откупувало данок во Скопје и станувало гарант на прекупци, со што добро се заработувало. Според изнесените податоци за некои членови од семејството Кратовалиеви, доаѓаме до заклучок дека ова семејство било добро ситуирано. За време на истражувањето дознавме дека синот на Димче Кратовалиев, Панче(1899г.) бил електроинженер за висок напон во Хидроцентралата Матка со што се здобил со голем авторитет и углед како способен стручњак и виден граѓанин на Скопје во наведениот период. Според архивските материјали од книгата - адресар на скопскиот аптекар М. Генов, го наоѓаме и името на Димче Кратовалиев. По Втората светска војна големото семејство на Кратовалиеви од Пајко Маало се раселило низ градот. Пајтоните, како што веќе споменавме, се користеле и за погреби.Првата погребна кола во Скопје била набавена по иницијатива на Јанче Шалев кој бил кмет на градот до 1928 година, а пајтонот бил донесен од Виена. Погребните пајтони биле свечени, со стаклени врати на кои имало крстови. Колите ги влечеле пар коњи кои биле прекриени со црни наметки. Градскиот (општинскиот) возен парк во 1923 година поседувал: 2 пајтона за општинските челници, 2 мртовечки коли, 1 кола со буре за чистење на клозети, а до 1926 година биле набавени уште два пајтона, една нова мртовечка кола и една кола за чистење на клозети со септички јами. Во 1930 година вкупно, и приватни и општествени, имало 153 пајтони и 482 коли за превоз на сток. Сепак, со текот на времето, пајтоните станале застарено превозно средство, а многу од нив биле грда слика на градот. Во најмала рака тие требале да бидат барем во толку исправна состојба за да можат да одговорат на онаа потреба за која биле наменети. Но, често, меѓу јавните пајтони имало и такви што воопшто не можеле да се замислат ни во една малоазиска провинција. Нечисти и неизмиени со недели, а нефарбани и непокриени со години, тие пајтони претставувале грда слика со својата мизерија, особено кога во нив биле впрегнати и слаби коњ. http://www.skopjeinfo.mk/gradot/552632090/sekavanja-na-pajtonot-vo-staroto-skopje |
|
Post Reply | Page <1 1920212223 55> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |