build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Скопје
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Старо Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 52535455>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14147
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1061 Posted: 19-Dec-2021 at 17:04
Во ноември во Москва, во „Дом русского зарубежья“ (Дом на руската емиграција) се одржа изложба насловена „Руските архитекти во градот Скопје, 1920-1940“.

линк: https://www.domrz.ru/exhibition/28030_mezhdunarodnaya_fotodokumentalnaya_vystavka_russkie_arkhitektory_skope_v_1920_1940_godakh_/

На страницата налетав на неколку цртежи на никогаш неизградени згради, дела на руски архитекти, не знам дали сме ги виделе претходно, ако ги имало, ќе ми простите. Сепак ќе ги објавам тука, со мало објаснување за секоја од нив.



Училиште покрај пазар, на десниот брег на Вардар. Арх. Иван Артемушкин



Институт за тропски болести, 1922-1925. Арх. В. М. Андросов



Зграда на браќата Бојаџиевиќ, 1931 г. Арх. Иван Артемушкин

Други две згради што се наведени во статијата се Офицерскиот дом (арх. В.Ф.Баумгартен) и Палата Читкушеви (арх. Борис Дутов). Мислам дека има уште неколку згради во Скопје на руски архитекти, ако не грешам, Арапска куќа (Хотел Јадран), куќата во псевдо-маварски стил во Дебар Маало, сигурно уште неколку згради и куќи.

Edited by Џоле - 19-Dec-2021 at 17:05
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14147
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1062 Posted: 19-Dec-2021 at 17:10


Оваа последнава зграда е, всушност, зградата на ул. Максим Горки.

За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1063 Posted: 19-Dec-2021 at 17:16
Институтот за тропски болести бил изграден, се наоѓал некаде кај Државна болница
Originally posted by Zelenikovo

еве поголема фотка од Заводот за Хигиена, кој во денешни услови бидејќи физичкото здравје ни е колку толку на нозе, би било логично да се крене како Завод за Политичка Хигиена имајќи предвид колку е загадена психата на македонските граѓани со агитпроп наместо меритпоп политикологија ...

http://www.staroskopje.vestel.com.mk:80/sites/c21/c211zdravstvo.html

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14147
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1064 Posted: 19-Dec-2021 at 18:12
Еј, фала ти, изгледа сите згради биле изградени, ама се уништиле во земјотресот.
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1065 Posted: 21-Dec-2021 at 21:32
и првиот објект многу веројатно е Кермес, само скратен за еден спрат... далеку отишол од училиште до кафана

инаку, барав фотки од Кермес за да споредам, и ми излезе ова, не знаев дека фонтанава е толку стара, ова е фонтаната позади Кермес што е


Edited by zabegan - 21-Dec-2021 at 21:37
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1066 Posted: 22-Dec-2021 at 22:40
Не ќе да е Кермес. Малку наликува и на оваа зграда.
Originally posted by Staro Skopje




Edited by Staro Skopje - 22-Dec-2021 at 22:40
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1067 Posted: 22-Dec-2021 at 23:10
Originally posted by zabegan

и првиот објект многу веројатно е Кермес, само скратен за еден спрат... далеку отишол од училиште до кафана

инаку, барав фотки од Кермес за да споредам, и ми излезе ова, не знаев дека фонтанава е толку стара, ова е фонтаната позади Кермес што е

Американски морнари кај Кермес? Или па колонијални французи во Прва светска... 

Edited by hcitrS - 22-Dec-2021 at 23:12
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1068 Posted: 26-Dec-2021 at 23:21
па дефинитивно е таа фонтана, во позадина се гледа и учителската школа, плус парк на памет го знам, а што е со униформиве не знам
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14147
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1069 Posted: 27-Dec-2021 at 11:49
Куќичката што се гледа зад морнарот лево уште постои. (жолтата на долната слика)

За сè има вторпат
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 388
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1070 Posted: 11-Jan-2022 at 15:47
Негде меѓу двете светски војни:


Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1071 Posted: 11-Jan-2022 at 18:14
Има премногу малку слики од делот кај што сега проаѓа булеварот Гоце Делчев. Не знаеме дали тамо имало некој порепрезентативен објект, некој верски обејкт? Нешто повеќе од обична индивидуална куќа?
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 388
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1072 Posted: 25-Jan-2022 at 15:45
Неколку слики од изложбата „Руските архитекти во градот Скопје, 1920-1940“.

Семејни куќи и станбени згради во Скопје:






Офицерскиот дом:


Победничкиот проект на конкурсот за денешната зграда на Собранието на Македонија:


Институт за тропски болести:


Кино Култура:


Еврејски клуб:



Дуќани во старата чаршија:



Црква во с. Степанци:


Костурница во Крива Паланка:


Повеќе објекти денес не постојат, некои се срушени, некои не се реализирани. На виртуелната изложба можат да се најдат повеќе слики и податоци за архитектите:
https://www.domrz.ru/exhibition/30898_russkie_arkhitektory_goroda_skope_1920_1940_/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1073 Posted: 25-Jan-2022 at 17:52
медЕцину, наместо медИцину. Пројкат, наместо Пројекат.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14147
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1074 Posted: 25-Jan-2022 at 19:24
Проектот за собранието личи на оној српско-византиски стил што го има низ Белград, а и други српски градови. Интересен наод, Теоден. Фала.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14147
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1075 Posted: 05-Mar-2022 at 20:07
Може сме ја имале фоткава и претходно.

1926 година.

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14147
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1076 Posted: 05-Mar-2022 at 20:11
Зградата на Радио Скопје, 1950-ти г.

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14147
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1077 Posted: 13-Mar-2022 at 18:11
Свети Константин и Елена / Скопје 1909 – 1963



Година: 1909 – 1963

Локација: Централното градско подрачје, Скопје, денешен ГТЦ

Црквата Св. Константин и Елена предизвика големо внимание и интерес во 2010 година кога беше објавено нејзиното возобновување на градскиот плоштад но во сосема поинаков лик и форма од нејзината оригиналната архитектура. Прашањето за каде точно се наоѓала првобитната црква и во каков лик беше тема на бројните дебати кои се водеа во текот на реализацијата на проектот Скопје 2014. Денеска истата само по име е „возобновена“ на друга локација, имено на улица Македонија до Домот на Армијата на Македонија.


ул. Поп Кочина

Историјата на настанувањето на оваа црква не води во сосема друго време и контекст на градот Скопје. Изградена на десниот брег на реката Вардар во почетокот на 20 век претставува еден од првите христијански објекти на десната страна од градот. Овој дел од градот постанува „централно градско подрачје“ само во почетокот на 20 век. Се до средината на 19 век непосредната близина на Црквата Св. Константин и Елена е периферијата на градот, периферија која почнува да се шири и развива со поврзувањето на Скопје со железнички сообраќај во 1873 година и градењето на главната станица на десната страна на градот.

Црквата се наоѓала во централното градско подрачје, во некогашното Влашко Маало, како дел од поширокиот простор на познатото скопско Ново Маало е осветена во 1926 година. Нејзината изградба започнува во 1909 но сепак, заради турбулентните години кои следуваат на Балканскиот период истата е завршена само во 1919 година, а осветена во 1926 година.

Основата на црквата е со форма на впишан крст над која се издава и централната купола. На западната страна од црквата, се наоѓала отворена галерија со пет апсиди каде над средишното поле е поставена кула-камбанарија. Забележливо е дека ширината на црквата е помала и ги завзема само трите апсиди на галеријата. Црквата била опкружена со убаво уреден двор особено на самиот влез кон црквата.


Црквата во крајот на 50 години

Во третманот на декорацијата се чувствуваат ренесанси и романски елементи. Фасадната површина е расчленета со пиластри, кордон венци и низови од слепи аркадички. Високите прозорски отвори се врамени во убаво моделирани рамки. Фасаадната обработка е со глаток малтер додека на галеријата како цокле се појаввува фино обработен камен. На централните столбови на галеријата камената обработка оди се до капителите, каде се наоѓа и фреска од нејзините заштитници Констатин и Елена.

Во врска со внатрешната декорација немаме многу информации. Според неколку извори се наведува дека „Нестор Алексиев го изработил еднокрилниот, одмерено расчленет и обликуван иконостас, висок неколку метри, а широк околу 10 метри. Денес делови од овој иконостас се наоѓаат во црквата „Св. Петар и Павле“ во Јурумлери, и во „Св. Никола“ во Куманово.“

За време на земјотресот во 1963 година црквата претрпува големи штети. На авионската сника веднаш по земјотресот можеме да забележиме дека кулата-камбанарија над галеријата е срушена. Истата е урната по земјотресот и над нејзината локација во 1971 година се гради новиот Градски Трговски Центар.




Панорама по земјотресот 1963

Сепак и пред земјотресот од 1963 година црквата го губи својот контекст во која била изградена. Најголемиот градежен потфат се sтанбени кули ГТЦ проектирани од Александар Серафимовски кои се изведени во 1959 година. Со нивната изградба црквата останува осамена изолирана во брзо растечкиот контекст на Скопје во периодот после Втората светска војна.



По идејата за нејзиното возобновување на градскиот плоштад истата денес е подигната на ул. Македонија но во сосема друга форма по проектот на архитектите Искра и Лековска и Владимир Лековски од студиото „Лелелеле“ од Скопје. Оргиналната црква останува само во меморијата на старите скопјани и на фотографската иконографија за развојот на градот.

Автор на статија: Мартин Ефремовски

https://marh.mk/sveti-konstantin-i-elena/?fbclid=IwAR3peJVMumpYZMyzkV1Pl4SMebYEG-lsNEABx_QHYRIXMDIupC2HMzo35Lg

Edited by Џоле - 13-Mar-2022 at 18:13
За сè има вторпат
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 388
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1078 Posted: 15-Apr-2022 at 16:09



Edited by Théoden - 15-Apr-2022 at 16:14
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1079 Posted: 02-May-2022 at 09:55
Машка гимназија, денес ГТЦ.


Св. Богородица


Ретко ја имаме Пошта 2, денешен Рамстор (горе десно). Штета што не е обновена

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1080 Posted: 02-May-2022 at 10:49
Ретко познати слики, особено оваа. Се ширеа шпекулации дека наводно триаголниците биле додадени во дизајнот, не биле тамо во оригиналниот, Трифун и масоните, глупости... Уствари само се гледа дека при реконструкцијата добро е истражен оригиналниот дизајн за да се запазат и овие детали.
Originally posted by Staro Skopje

Св. Богородица
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 52535455>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.458 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.