build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Бесплатен јавен превоз
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Бесплатен јавен превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2504
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Бесплатен јавен превоз
    Posted: 01-Dec-2022 at 14:05

Целосно бесплатен јавен превоз за сите 26 линии за 2023 година размислува да воведе Општина Куманово, но бара мислење од граѓаните дали ваквата мерка е оправдана за време на енергетската криза.

https://kumanovonews.mk/vesti/opstina-kumanovo-bara-mislenje-od-gragjanite-za-voveduvanje-na-besplaten-javen-prevoz

Во соседна Србија, Књажевац воведе бесплатен градски и приградски превоз од 2015, а Јагодина од 2019 на територија на целата општина.



Edited by phenomenon - 01-Dec-2022 at 14:17
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2504
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 13-Dec-2022 at 21:43
Резултати од истражување на јавно мислење – Јавниот превоз во Oпштина Kуманово, потреба од бесплатен јавен превоз и негово влијание врз квалитетот на животот на граѓаните – декември 2022.



https://kumanovo.gov.mk/%D1%80%D0%B5%D0%B7%D1%83%D0%BB%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%BE-%D0%BC%D0%B8%D1%81/

Edited by phenomenon - 13-Dec-2022 at 21:46
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2504
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 22-Dec-2022 at 14:52
Од 10 јануари ќe воведеме бесплатен превоз за сите кумановци, најави Димитриевски.

https://kumanovonews.mk/vesti/od-10-januari-kje-vovedeme-besplaten-prevoz-za-site-kumanovci-najavi-dimitrievski
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14497
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 22-Dec-2022 at 18:02
Неколку прашања од мене:

-Има ли реална потреба Куманово за бесплатен јавен превоз?

-Ќе биде ли одржлив тој модел?

-Како функционираше досега јавниот превоз? (Ако го имало)

За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2504
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 22-Dec-2022 at 20:23
Originally posted by Џоле

Неколку прашања од мене:

-Има ли реална потреба Куманово за бесплатен јавен превоз?

-Ќе биде ли одржлив тој модел?

-Како функционираше досега јавниот превоз? (Ако го имало)



- Има реална потреба за бесплатен јавен превоз, првенствено поради лошата инфраструктура, тесните улици, недоволниот број паркинг места и узурпираните тротоари со возила.

- Да се надеваме дека ќе биде оддржлив.

- Имаше јавен превоз цело време, освен лани на почетокот на годината. Се плаќа во возило - 30 денари градска, 35 денари приградска зона, директно кај возачот кој ти дава фискална сметка, која воедно претставува билет. Има и месечни билети (не знам која е цената, бидејќи сум немал потреба да купувам) и истите важат само за една линија. Општинските линии одат од понеделник до петок редовно, во сабота - редуцирано, додека во недела и празници не возат воопшто.

Штуз има МАN Lion's City-и, додека Оли Травел Scania Omnilink-и, нископодни, во лето имаат ладењe, а во зима - греење.





Edited by phenomenon - 22-Dec-2022 at 20:37
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16931
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 28-Dec-2022 at 13:45
КУМАНОВО ЌЕ ДОБИЕ БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ, ЗАСЕГА Е ПРЕДВИДЕНО ДА ТРАЕ 6 МЕСЕЦИ И ЌЕ ЧИНИ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА

Општина Куманово од 1 јануари ќе воведе бесплатен јавен превоз, кој е предвидено да трае 6 месeци. За таа услуга од општинскиот буџет на приватните превозници ќе им бидат исплатени 30 милиони денари или 485 илјади евра. Предлог-одлуката за субвенционирање општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово беше едногласно усвоена од советниците од власта и опозицијата на вчерашната седница која треше до доцна во ноќта.

„Со воведување на бесплатен градски превоз, се надеваме дека граѓаните сѐ повеќе ќе го користат и нема со автомобили да одат на кафе во централното градско подрачје. Со реализацијата на овој проект ќе се заштити животната средина и ќе се намали сообраќајниот метеж“, кажа Лидија Ланг-Спасовски, раководителка во Секторот за комунални дејноси во Општина Куманово.

Бесплатниот јавен превоз ќе го вршат приватните превозниците кои веќе имаат дозвола и договор за работа и во моментот ја извршуваат услугата во Куманово. Предвидено е постоечкиот возен ред ќе се надополни со нови поаѓања кои ќе се покажат како неопходни за граѓаните или фирмите, а ќе се постават и нови современи автобуски постојки со информативни табли за новиот возен ред. На превозниците ќе им се плаќа по 40 денари од поминат километар, кои ќе сообраќаат на 27 линии во приградските населби и селата. Од овој превоз се иземени учениците од основното и средно образование, бидејќи за нив блок дотации обезбедува Министерството за образование.

Идејата да се воведе бесплатен градски превоз во Куманово била на градоначалникот Максим Димитриевски, како што и самиот се пофали, со цел да им помогне на граѓаните во време на економска и енергетска криза, да се намали загадувањето на воздухот, да се реши сообраќајниот хаос, проблемот со паркирањето и да се намалат дивите такси превозници во градот.

За потребите на проектот направена е телефонска и онлајн анкета на која 79 отсто од испитаниците се изјасниле за бесплатен превоз, 13 отсто биле против. Само 28 отсто од испитаниците кажале дека користат јавен превоз.

„Уште првиот месец ќе направиме сеопфатна анализа и ако видиме дека нешто не функционира ќе го прекинеме проектот и ќе продолжиме по старо. Ќе излеземе со информација колку патници користеле превоз, колку биле редовни линиите и во комуникација со месните заедници ќе дознеме дали граѓаните се задоволни. Со вградување на ГПС системот ќе имаме дополнителна контрола. Оваа одлука е за 6 месеци додека трае енергетската криза, а за понатаму ќе видиме, може да ја продолжиме и на една година ако имаме средства и ако се исполнат нашите очекувања“, кажа Димитриевски.

Дел од советниците укажаа дека одлуката да се воведе бесплатен јавен превоз е донесена без да се расчистат сите дилеми како тој ќе функционира во пракса, па се посомневаа дека се работи за премногу скап експеримент кој може да биде на штета на граѓаните и Општината.

„Во одлуката не стои колку автобуси ќе се користат во овој линиски превоз и колкава е вкупната бројка на потенцијални корисници на услугата. Сметам дека овие податоци треба да ги има Советот, доколку е направена таква анализа. 30 милиони денари се премногу пари да ги потрошиме тукутака, а ова е премногу скап експеримент за да имаме дилеми. Го имаме искуството со Град Скопје околу ангажирањето на приватниот превоз и проблемите кои настанаа таму. Сметам дека треба да се склучи договор на 3 месеци, додека да се расчистат овие дилеми и ние како граѓани и претставници на Советот добиеме повеќе информации“, кажа советникот Миле Андоновски од Партијата на пензионерите, кој ја поддржа иницијативата, но побара Општината да биде повнимателна при трошењето на јавните пари.

Куманово е првата општина во земјата која воведе бесплатен јавен превоз за сите граѓаните. На почетокот на годината Општината имаше проблеми со организирањето на превозот поради задоцнета постапка, па речиси 6 месеци одредени приградски населби останаа без превоз. Тогаш Димитриевски вети дека за тие граѓани ќе има субвенциониран превоз за да им ги надомести трошоците кои морале да ги даваат за такси. Но, како што вчера самиот кажа, таа одлука ја проширил, па не само за тие граѓани туку за сите ќе има бесплатен превоз.

Општината размислува по завршување на петогодишниот договор со приватните превозници да направи јавно претпријатие за градски превоз, но во моментот нема финансиска можност за такво нешто.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kumanovo-ke-dobie-besplaten-avtobuski-prevoz-zasega-e-predvideno-da-trae-6-mesetsi-i-ke-chini-pola-milion-evra/
Carpe diem
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2504
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 30-Dec-2022 at 17:53
Од 1 јануари стартува бесплатниот автобуски превоз за граѓаните, кој чини пола милион евра.

https://kumanovonews.mk/vesti/od-1-januari-startuva-besplatniot-avtobuski-prevoz-vo-kumanovo-koj-cini-pola-milion-evra
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2504
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-Jan-2023 at 18:57
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2504
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 04-Jan-2023 at 15:10
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2504
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 13-Jan-2023 at 01:00
И Македонска Каменица по стапките на Куманово.
https://press24.mk/kje-se-testira-besplatniot-javen-prevoz-vo-mkamenica
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2504
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 01-Feb-2023 at 17:03
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2023  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.