build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Здравствени институции (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Здравствени институции (општо)
    Posted: 08-Sep-2007 at 08:00



Edited by Cloverstack - 24-Nov-2012 at 04:52
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Sep-2007 at 19:17

Јапонска компанија сака да гради болница во Македонија

Менче Атанасова Точи  
09.09.2007
Имер Селмани
 

Јапонската компанија „Токушаи медикал корпорејшн“ сака да гради дијагностички центар во Македонија. Станува збор за најголемиот болнички ланец со 360 болници низ цела Јапонија.

Основач и сопственик е доктор Торао Токуда, кој бил четири мандати во Парламентот. Пред осум месеци ја отвори првата болница на Балканот, која се наоѓа во Софија. Сега е заинтересиран и за Македонија.

„Ова е пилот проект. Сакаат да изградат околу 200 болници низ цел свет. Нивни претставници ја сакаат и Македонија за проект“, изјави д-р Росен Панов, извршен директор на Токуда болница.

Министерот за здравство Имер Селмани веќе ги покани да дојдат во Македонија.

„Да видиме кои се можностите вакво искуство евентуално да се практицира и во РМ“, рече Имер Селмани, министер за здравство.

Огромната Токуда болница заедно со дијагностичкиот центар им овозможува на пациентите современа дијагностика и операции од сите области на медицината.

Опремена е со современа јапонска апаратура. Сега се адаптира и просторија за верски обреди.

Токуда болницата во Софија функционира веќе осум месеци и таа е прва од ланецот на болници коишто работат надвор од Јапонија.

Дијализата, за разлика од државните болници, во Токуда болницата функционира беспрекорно. Пациентите не плаќаат ништо, а државата една дијализа ја чини околу 100 евра месечно, исто колку и во Македонија.

„Централниот систем е сместен одделно. Тоа значи сите шумови, сите податоци, сите миризби се одделно. Тука се само пациентите со апаратите“, вели Александар Осиченко, началник на одделение за дијализа.

Дали македонските власти ќе бидат заинтересирани на ваков начин да го решат барем проблемот со дијализата, останува да видиме наскоро.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 19-Nov-2007 at 01:01
Ohno


Ќе се откаже ли Владата од изградбата на болницата кај „Панорама“ во Скопје?

Турските инвеститори се соочија со голем проблем - сопственици на земјиштето од 9.000 квадрати се приватни лица

Билјана Јовановска

Современата болница што требаше да биде изградена пред две години на местото на некогашниот хотел „Панорама“ на Водно, во која турска компанија ќе инвестира 35 милиони евра, се' уште е во фаза на проект. Се чека позитивна одлука на Владата, бидејќи турските инвеститори сметаат дека власта, која се декларира како отворена за странски инвестиции, нема валидна причина за да се откаже од еден олку значаен проект.

Турската „Универзал груп“ уште во 2004 година го купи хотелскиот комплекс сосе 9.000 квадратни метри земјиште, но кога почнаа градежните работи, на виделина излезе дека некој експресно или, наводно, од поодамна го купил земјиштето што се водело како државно и го користел хотелот „Панорама“, односно дека инвеститорот платил нешто што не е во сопственост на нашата држава, туку на приватни лица.

Станува збор за земјиштето околу „Панорама“, кое е неопходно за изградба на болницата за која се тврди дека ќе биде најсовремена на балканскиот простор. За нејзината изградба е информирана и Светската здравствена организација, бидејќи таа треба да биде во синџирот од 82 болници кои се наоѓаат на три континенти.

Во меѓувреме, турските инвеститори нарачаа и добија три проекти за болницата, ја започнаа и изградбата, за што се потрошени неколку милиони евра, но од поодамна сите работи се запрени. Спорно е земјиштето кое уредно го купиле.

За хотелот „Панорама“, како што вели Јуксел Чалишкан, сопственик на градежната фирма што треба да работи на изградбата на болницата, се јавуваат многумина заинтересирани да го откупат, но за такво нешто не станува ни збор. Презедовме обврска пред Светската здравствена организација дека ќе изградиме најсовремен болнички комплекс, со кој ќе ги кренеме здравствените стандарди во Република Македонија, објаснува Чалишкан, и со некакво откажување сериозно би го нарушиле и имиџот на вашата држава.

Во болницата, која ќе се изгради најмногу една година по надминувањето на спорните прашања што го кочат проектот, освен што ќе има најсовремени медицински апарати, пациентите ќе добиваат третман на европско ниво. Замислено е, како и во другите болници во синџирот, итните случаи веднаш да бидат примени од лекарот или, како што велат, „една минута по влегувањето во болницата“. Ќе бидат вработени најмалку 400 лица, главно од Македонија, но ќе има и докажани специјалисти од светот. Во вашата земја има многу врвни лекари, но ним им се потребни современи услови за работа и третман на болните, појаснува Сание Чалишкан, задолжена за медицинскиот кадар и опремувањето на болницата. Во срцето на Европа видовме дека во здравството се работи со застарена технологија и сакаме да помогнеме да се надмине овој проблем, потенцира Чалишкан.

Инвеститорите од Турција сметаат дека проблемите што им ги посочувала претходната власт, а делумно и оваа, се вештачки и дека, всушност, некој бега од конкуренцијата. За такво нешто нема причина, категоричен е Јуксел Чалишкан, сопственик на градежната фирма „Јуксан“, и ова го поткрепува со примерот од истанбулската Капали-чаршија. Таму, раскажува, постои улица со 120 златарски дуќани и, без оглед на конкуренцијата, сите одлично работат и заработуваат цели 400 години.

Проблемот со изградбата на болницата, чија инвестиција е тешка цели 35 милиони евра, неодамна министерот за здравство на Турција им го предочил на македонските власти. Тогаш била покажана подготвеност да започне реализација на овој проект, но конечниот, официјален одговор, зависи од Владата што треба да одлучи дали сака или се откажува од оваа странска инвестиција.

Работите се' уште се статус кво, но во случај на нови пролонгирања, турските инвеститори правдата најнапред ќе ја побараат пред македонските, а потоа и пред меѓународните судови, бидејќи платиле нешто што сега не е во нивна сопственост.



Извор: Утрински весник
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 19-Nov-2007 at 19:11


Зарем е можно вакви работи да се случуваат? Како може некој да продаде нешто што не е негово? Случајов ако е точен е неколку пати пострашен зашто како продавач се јавува државата Nuts

Исто така интересно би било да се дознае кој е тој скриен сопственик, што во многу интересен момент го купил имотот, а толку долго успеал да остане анонимен... Сигурно таа информација би била многу индикативна.
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 20-Nov-2007 at 19:08
Originally posted by Cloverstack



Зарем е можно вакви работи да се случуваат? Како може некој да продаде нешто што не е негово? Случајов ако е точен е неколку пати пострашен зашто како продавач се јавува државата Nuts

Исто така интересно би било да се дознае кој е тој скриен сопственик, што во многу интересен момент го купил имотот, а толку долго успеал да остане анонимен... Сигурно таа информација би била многу индикативна.


Абе одвратни работи се дешаваат со оваа болница. Се сеќавате уште лани каков медиумски притисок се вршеше за владата да превземе нешто околу целава ситуација, а тие се понашаа ко да не допира ништо до нив. „Ќе се среди, ќе се најде решение„ сите ко навиени повторуваа. Мене уште тогаш ми пукна филмот. Целата предизборна програма на ВМРО беше дека ќе носат инвеститори од цел свет и тн. а се дозволува тие што ни се до гз ги заебаваат некои локални мафијаши.

Сеа излегуваат на површина па вакви некои информации... којзнае и овие турциве што се не кријат. Како и да е, испаѓа дека ни една инвестиција кај нас неможе да тече како што треба... Ohno
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-Jul-2008 at 09:35
Незнам дали малце бојичка и ролетни се рачуна ко реставрација/реконструкција али нема каде на друго место Big%20smile 
 

Поликлиника „Бит-пазар“ добива нова фасада и прозорци

Поликлиниката „Бит-базар“ по цели 55 години добива нова фасадна боја и нови прозорци со ролетни. Три милиони денари чини боењето на фасадата и исто толкава сума ќе бидат потрошени за нови прозорци и ролетни. Моментно се бојосува задниот дел од објектот, а набрзо ќе се уредува и двориштето. Единствено останува нерешен дивиот пазар, кој ќе ја гради новоуредената зграда, а за кој надлежните од поликлиниката постојано се жалат и бараат дислокација. „Средствата за фасадата и прозорците ги обезбедивме од буџетот на поликлиниката, а дел ќе ни ги рефундира Министерството за здравство. До 20 септември ќе биде обновена и оградата и ќе се заврши партерното и хортикултурното уредување на дворната површина. Планирано е и внатрешно уредување на поликлиниката и замена на електричната инсталација со нова“, вели Боби Бојчевски од кабинет на директорот на поликлиниката „Бит-пазар“. (Сн.К.)

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 22-Sep-2008 at 11:48
КАМЕН - ТЕМЕЛНИК ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА
Домот за зависници и официјално во Бардовци
Според најавите на Општина Кисела Вода, изградбата на новата болница за наркозависници во Брадовци се очекува да заврши напролет

Општина Кисела Вода до крајот на годинава ќе постави камен - темелник на нова зграда во кругот на болницата во Брадовци и во неа ќе ги пресели наркоманите од Центарот за зависници лоциран кај амфитеатарот "Свети Ѓорѓи". Од Општина Кисела Вода информираат дека деновиве имале неколку завршни средби со надлежните од Министерството за здравство и тие им потврдиле дека ќе ги обезбедат финансиските средства за изградба на нова болница во Бардовци.
"Подготовките за изградба на нова болница се во завршна фаза. Во моментов работиме на комплетирање на документацијата и очекуваме во најбрзо време да ги добиеме сите дозволи за преселба на зависниците. Веднаш после тоа ќе објавиме тендер за избор на фирма која ќе ја гради болницата. Очекуваме таа да биде готова напролет", вели Тони Чуповски, портпарол на Општина Кисела Вода.
Повеќе од 15 години населението кое живее во близина на Центарот за зависници во Кисела Вода има сериозен проблем со наркоманите. Тие се жалат дека наркоманите кои таму одат на терапија им влегуваат во дворовите, им ги кршат прозорците и вратите, крадат, се случувало и да ги нападнат, а редовно наоѓаат расфрлани шприцеви пред нивните домови. Жителите велат дека ако Општината во најбрзо време не го пресели Центарот, ќе почнеле да ги напуштаат нивните домови и да се селат во други општини.
Според најавите на општинарите, на барање на жителите на Кисела Вода, на местото каде што сега е лоциран Центарот за зависници ќе се изгради поликлиника.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157274&idg=8&idb=2480&rubrika=Skopje

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-Oct-2008 at 00:08

Гостиварец, хирург од Германија, планира да инвестира во медицински бизнис

Д-р Серге е импресиониран од убавините на родниот крај и на селото Куново

ГОСТИВАР - Професор д-р Серге Јовановиќ, по потекло од гостиварското село Куново, над две децении е професор и шеф на Катедрата за уво, грло и нос во интернационална државна клиника „Шарите“ во Берлин, Германија. Неодамна, на 50-годишна возраст првпат го посети родниот крај. Професор Јовановиќ планира да вложува во Македонија во медицинскиот бизнис.

„Сакам да отворам приватна клиника за уво, грло и нос во Скопје. Со години соработувам со колегите оториноларинголози на скопската клиника. Тие ми испраќаат пациенти во Берлин кои ги оперирам и лекувам. Имам идеја, почетните чекори ги презедов“, вели д-р Јовановиќ. Тој е специјалист и за пластична хирургија на лице, а прави функционални и естетски операции. Познати личности од политиката, уметноста, водители, артисти, не само од Германија туку од цела Европа, доаѓаат токму кај него да се разубават.

„За првпат во мојот живот го посетив гостиварското село Куново, родното место на мојот покоен татко Васо, на моите дедовци и прадедовци. Импресиониран сум од убавините на крајот, на селото, кое се наоѓа во пазувите на Сува Гора. Посебно ме фасицинира тоа што од Куново, како на дланка ги гледав Гостивар и целото Полошка Поле. Средбите и разговорите со куновчани никогаш нема да ги заборавам. Нивните кажувања ме трогнаа, дури и солзи ми потекоа, емоциите не можев да ги скријам. Многу жалам што порано не дојдов да ги најдам корените на моето потекло. Меѓутоа, никогаш не е доцна. Македонските корени и идентитетот не сум ги заборавил, тоа никогаш нема да се случи“.

Вака со треперлив глас зборува професор Јовановиќ. За него Галичник е специјално место каде што има желба да изгради викендичка.

Како дванаесетгодишно момче, со завршено шесто одделение во Скопје, Серге со семејството се преселува во германскиот град Хесе, каде што го продолжува образованието. Во Берлин успешно ги завршува студиите на Медицинскиот факултет, а потоа магистрира и докторира на Државната клиника „Шарите“.

Специјалност на д-р Јовановиќ е операција на отосклероза (глувост), која ја врши со ласерски зраци и со микроскопско зголемување. Целата операција, во зависност од пациентот, трае околу два часа. Операцијата е доста сложена и прецизна.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0B1AEAC1C39B5E4B9C02A7FA210DACFF


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 16-Oct-2008 at 08:39
Да ви кажам дека досега што беше летното хард-рок, она кај Хубо, епа тоа ќе се руши и тука реплек ќе ја гради болницата. Значи нема да биде кај спортската сала, него на локацијата на денешно хард-рок. Така барем разбрам од маалски муабет, ама што се однесува до изворот е веродојтоен зашто се работи за личност блиска до еден од инволвираните во проектот.

Edited by Cloverstack - 15-Sep-2009 at 22:52
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3794
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 23-Nov-2008 at 16:32

Продолжува изградбата на новиот објект на Гинекологија - Чаир

23 November, 2008 03:01:00
Големина на фонт: Decrease%20font Enlarge%20font
image

Вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за здравство Бујар Османи денеска го посетиа новиот објект на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје

Одобрени се околу три милиони евра од буџетски пари, кои се веќе префрлени преку Министерството за здравство на сметката на Гинекологија.

- Конечно сега со средства обезбедени од Владата ќе се заврши овој објект. Ова е значајно за сите жени во Македонија, кои во иднина ќе го користат објектот и треба породувањето како најсвечен и најзначаен чин во нивниот живот и раѓањето на децата да биде направено во услови кои што се најдобри и соодветствуваат на европските стандарди, изјави вицепремиерот Ставрески.

Тој изрази верување дека за идните мајки и за вработените на Гинеколошко-акушерската клиника во новиот објект ќе има услови според европските стандард.

Овој проект, како што посочи Ставрески, ќе биде надополнет со купување на опрема од најдобрите светски производители  и со реконструкција и на други објекти во здравството и конечно ќе се вклопи во напорите на Владата за зголемен наталитет во Република Македонија и поттикнување на сите брачни парови да имаат повеќе деца.

Министерот Османи  потсети дека изградбата на Гинеколошко-акушерската клиника е почната со гранд од тајванската влада во вредност од пет милиони долари и додаде дека со тие средства е направена конструкцијата на објектот.

- Битно е што побрзо да го имаме овој објект, со цел квалитетот на здравствена услуга за сите жени да се подобри, како и за бебињата кои ќе се раѓаат во оваа установа, истакна Османи.

Според министерот за здравство, предвидено е објектот за биде завршен во рок од шест месеци, по што во него ќе се пресели старата гинеколгија, која сеизмички не е издржлива.

Работата на објектот, како што рече Османи ќе ја продолжи истата фирма која во 2002 година ја започна изградбата.

Новата клиниката се гради на површина од 10.500 квадратни метри и во неа треба да бидат сместени современи операциони сали, амбуланти, интензивна нега и одделение за инвитро-фертилизација

 

http://alsat-m.tv/mk/zemja/7513.html

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 24-Nov-2008 at 00:11


Да не помешале Алсат дека се работи за Гинекологија Чаир? Мене ми делува дека се работи за гинекологијата во клиничкиот центар

Гинекологија ќе се доградува

Вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за здравство, Бујар Османи, со вчерашната посета на новиот објект на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, го одбележаа продолжувањето на градежните и други рабoти на објектот. Одобрени се околу три милиони евра буџетски пари, кои веќе се префрлени преку Министерството за здравство на сметката на Гинекологија. „Ова е значајно за сите жени во Македонија, кои во иднина ќе го користат објектот, а породувањето како најсвечен и најзначаен чин во нивниот живот и раѓањето на децата треба да биде направено во услови што се најдобри и соодветствуваат на европските стандарди“, изјави вицепремиерот Ставрески. Министерот Османи потсети дека изградбата на Гинеколошко-акушерската клиника е почната со грант од тајванската влада во вредност од пет милиони долари.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A63342A499F80748B8DA5BF077126B59
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 19-Jan-2009 at 22:10

Одржана средба со стручниот колегиум на Градска болница


image

Наскоро може да отпочне процедурата за реконструкција на оваа болница, откако е добиена и дозволата од Заводот за заштита на културните споменици

Министерот за здравство, д-р Бујар Османи, денеска ја посети Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски” во Скопје, каде се сретна со директорот д-р Виктор Камиловски и со стручниот колегиум на клиниката. 

Тој најави дека наскоро може да отпочне процедурата за реконструкција на оваа болница, откако е добиена и дозволата од Заводот за заштита на културните споменици која беше пречка за нејзината реконструкција. 

.....

http://moh.gov.mk/index.php?news=364

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 19-Jan-2009 at 22:11
Е ај сега?! Кој будала ја заштитил градска болница?! Crazy Мене стварно не ми јасно што има тука да се заштитува!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 19-Jan-2009 at 22:59
Хмм, градска болница на времето била во тек со најмодерните правци во архитектурата, не знам како се вика.  Земете го ова како рекла-казала бидејќи неможам да го најдам весникот кај што го прочитав ова (одаамна)

И пред некој ден кога поминав, баш ја забележав и мислам дека изгледа многу интересно.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 19-Jan-2009 at 23:16


Да дефинитивно. И кога ја правеа реконструкцијата на фасадата во 2000 некаде се правеше се под голема супервизија и според строги услови бидејќи објектот е заштитен.

@ЛСЛ грешиш за ова
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 19-Jan-2009 at 23:30
Еве баш сега барав по форум да видам со што располагаме од слики од градска болница. Ок може грешам, ај ќе ве молам ако знае некој нека открие повеќе, баш ме заниме кој е тој стил?!


(Се гледа сао ќошот)



Edited by lslcrew - 19-Jan-2009 at 23:31
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 19-Jan-2009 at 23:31
...  Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ е објект од витално значење за градот и државата. Оваа зграда е направена по проектот на архитектот Драго Иблер и е дел од архитектонското богатство на Скопје. Градската болница која во прво време по изградбата била Завод за социјално осигурување е меѓу првите објекти граден во стилот на модерната архитектура во Скопје. Во тој период е изградено и Републичкото собрание, Црвениот крст на Македонија, Офицерскиот дом и банката. Сето тоа се реализирало благодарение на лавовскиот придонес на архитектот Јосиф Михајловиќ, кој бил и градоначалник на Скопје. Изградбата на овој објект е битна и по тоа што тој има големо значење и за зачувувањето на стилскиот израз. Во тоа време во буквална смисла се водело борба да се задржи неоромантичарскиот стил на градба исто како што денес се води битка помеѓу традиционализмот и модернизмот. Токму поради тоа со реконструкцијата на надворешноста на овој објект треба да се зачува историско-уметничката автентичност како архитектонски културен споменик од 20 век, а со тоа архитектурата и амбиентите во градот. По истиот проект е изграден ваков објект и во главниот град на Хрватска, Загреб.

http://217.16.70.245/?pBroj=794&stID=5618



Edited by Vladimir P - 19-Jan-2009 at 23:33
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7070
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 19-Jan-2009 at 23:38
еве една фотка, ја превзедов од http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/c06/c06gradezna.html
ова е Градска болница во 1936, патем и јас малце чаршиски, ама изградена е во слично време со собранието


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 19-Jan-2009 at 23:40
Еве ти и две архивски објави од реконструкцијата. Датумот за првата објава е грешен на сајтот (вели 2006 година Crazy) но објавата од Вест е од 8.7.2002 што веќе има логика

ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ
Се одрони дотраена фасада на Градската болница
За реконструкција на објектот биле одобрени 2,3 милиони ГМ, кои се обезбедени од продажбата на телекомот, но се уште не се префрлени



Поради дотраеност, завчеравечер се одрони дел од фасадата на Градската болница и тоа од страната на паркот "Жена-борец". Никола Груевски, директор на Градската болница, вели дека веднаш ги известиле надлежните институции и го заградиле просторот околу зградата оти не е безбеден за минувачите. Во Министерството за здравство велат дека за реконструкција на објектот биле одобрени 2,3 милиони ГМ од Владата, кои се обезбедени од продажбата на телекомот, но се уште не се префрлени. Градскиот архитект Никола Велковски вели дека градот е подготвен да изработи проект за реконструкција на фасадата, а парите за градежниот зафат треба да ги обезбеди Градската болница.

- Реагиравме до сите надлежни институции и од нив бараме да се подготви итен проект за поправка на фасадата, но и да се заштитат тротоарите околу болницата, бидејќи не е безбедно за минување на граѓаните. Фасадата е многу стара и е дотраена и бараме да се испрати екипа што ќе испита колку е оштетена. За среќа, завчеравечер немаше повредени - вели Груевски.

Во Министерството за здравство велат дека откако ќе се префрлат средствата од Владата, ќе почне реконструкцијата на објектот.

- Тротоарите околу болницата не се безбедни за минувачите и затоа ќе бидат заштитени се дури не заврши реконструкцијата. За сите активности што ќе ги преземеме со управата на Градската болница за реконструкцијата, ќе ги известиме граѓаните, заради нивна безбедност - велат во Министерството за здравство.

Градскиот архитект вели дека денеска проектантите ќе испитаат кој дел од фасадата треба да се поправа.

- Ние бесплатно ќе подготвиме проект за реконструкција на фасадата во соработка со Заводот за заштита на споменици, но парите за реконструкција треба да ги обезбеди болницата или Министерството за здравство - вели Велковски.


Извор: Дневник

Градската болница со нова фасада на 8 Септмеври

Најдоцна до 8 Септември ќе заврши реконструкцијата на фасадата на Градската болница, објект заштитен како споменик на културата. Одговорните од болницата велат дека континуирано се работи на дотерување на сите страни на фасадите на болницата и веќе работите се прикрај. Единствено, вели заменикот директор д-р Љубен Арсенков, фасадата која гледа накај Работничкиот Универзитет Кочо Рацин, нема да може да се реконструира до предвидениот рок.
Инаку за фасадата на болницата се користат германски мат црвени плочки кои се со термичка изолација. Исто така на прозорците од болницата се поставени и тенди кои се целосно нови.
Во болницата велат дека се очекува дел од уличките на кој сега стојат таксисти да бидат затворени со рампа. Наедно, тоа ќе бидат паркинг простори, како и паркинзи за возила на болницата. Дотерувањето на внатрешноста на Градската болница ќе почне во текот на месецов, а ќе се стартува со целосно уредување на приземниот хол. За приземјето ќе се користи мермер. Исто така целосно ќе биде поставена нова столабијата и браваријата, а ќе се обноват и работните простории.
За реконструкцијата на градската болница се потрошени 150 илјади евра. Изведувач на градежните работи е градежната фирма " Конартис"


Извор: Вест


Edited by pbanks - 19-Jan-2009 at 23:45
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 19-Jan-2009 at 23:41
Браво Владимир токму ова го барав Thumbs%20Up
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.