build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Здравствени институции (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Здравствени институции (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11623
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 25-May-2017 at 16:04
Реконструирана Клиничката болница во Битола. фото: миа.мк

За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 518
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 01-Dec-2017 at 13:05
Originally posted by Џоле

Реконструирана Клиничката болница во Битола. фото: миа.мк



Мислам дека го имам кажано ова, но пак ќе повторам оти многу се напнувам. Значи која мајка ги раѓа овие архитекти фатени, имаа прилика што се пружа еднаш на 40 години да ги исправат архитектонските тумори на транзицијата со релативно ефтин и едноставен зафат. Доградените спратови и поктровја, место да ги унифицираат со фасадата преку поставување на иста дограма, со што зградата би заличила повторно на изворниот дизајн, тие не само што ништо не промениле, туку и со различна боја ги потенцирале, па да бодат очи.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 656
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 01-Dec-2017 at 15:15

абе архитекти, овде како и насекаде последниот збор го има директорот, кој нели архитектот ќе го праша само за конструктивниот дел, додека за шминката како естетика сам си одлучува, онаку како нему му се кефнало ..
контрасти се возможни во архитектурата, но само преку одреден претоп, ова и јас дизајнерски си го дозволувам, а колку повеќе архитект треба кога станува збор за приватен а не пак државен објект ...

овде за да не биде фасада волку какафонична требало да има или сини или сиви појаси прелеани помеѓу основата и доградбата ... доволно би било и по некоја спојка или пак клод сив блок помеѓу надградбата и скалите во ист тон ... бар олуците да биле сиви, но и околу нив да имаше по некоја сива фрктална флека во случајов кубистичка ... каде е бојата на дограмата, каде се еркондишните да ги маскираат, каде е фасадно осветлување тоа и навечер да го консолидира итн. итн. импровизациите кај нас се норма, но се додека за истите на неповикани т.е. на нестручни луѓе тоа законски им е дозволено, ние и понатака ќе вадиме потпросечни дострели во архитектурата, Миле ти реков Миле ми текна Миле а види колку ми сече ..

но, ок, секаде и секогаш има недоносеност во секоја фела, затоа и се нво-ата кои како здруженија треба да растат и да се надраснуваат барајќи промени и давајќи поуки еве каде се и за ова ААМ или кое и да е друго архи-здружение асоцијација кружок, дефакто да не биднеше Ск14 немаше ни од мртва точка да мрднеме во однос думањето, а единствено тука на БИЛД што неформално архи ентузијасти кршиме клечки, дури нит Порта3 немаат форум а во текстовите речиси само афирмативно тераат во однос на естетиката во градов и државата фокусирајќи се само на уљепшан конзумеристички пристап oд аспект на маркетинг и едукација ...


Edited by Zelenikovo - 01-Dec-2017 at 15:15
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 518
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 01-Dec-2017 at 15:25
Башка, нема ли врска бојата и енергетската ефикасност на фасадата? По мое лаичко видување, на толкава квадратура на фасада, посветла боја би правела голема разлика на лето...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11623
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 10-Jan-2018 at 09:22
И Ниш пред Скопје!
   
Десетици години, генерации медицинари и пред се пациенти од Скопје и Македонија, па и пошироко, сонуваат за нов Клинички центар кој ќе ги подигне условите и услугите на многу повисоко ниво од ова сегашното.

И десетици години се водат расправи за избор на локација со основна дилема

-          1. Да се остане во просторот на сегашниот Клинички центар со сите ограничувања за развој, проблеми со инфраструктура и самата изведба во период од 5-7 год.

-          2. Нов Клинички центар на локација во реон Бардовци со дефиниран ДУП и одлични можности за изведба на содржини, кои покрај медицинските ќе ги задоволи и останатите услужни, комунални и бизнис услови.

-          И додека ние се мачиме со избор на министер за здраство и се уште далеку од решението што со НКЦ, соседниот “ провинциски “ Ниш го изгради долгоочекуваниот нов современ Клинички центар.



Со пригодна свеченост по повод завршувањето на работите на комплексот на новиот Клиничкиот центар во Ниш, беше пуштена во употреба оваа најмодерна медицинска установа во Србија.



Градежните работи на новиот КЦ Ниш завршени се пред два месеци, по што е комплетно опремен со најмодерна опрема. Во објектот се вложени 50 милиона евра – околу 35 милиони за градежни работи и 15 милиона за купување на опремата. Кредитот за изградба на овој центар е обезбеден преку Европската Инвестициона банка.



Во објектот од 50.000 метри квадратни, изграден по моделот на „паметни згради”, по највисоки стандарди, опремен е еден од најголемите операциони блокови во Србија и на Балканот, со 16 најсовремени хируршки сали и три ангиосали, интензивна и полуинтензивн нега.

Во комплексот има и два ургентни центри, дневни болници и повеќе дијагностички центри, и модерен центар за трансплантација на органи.



http://www.porta3.mk/i-nish-pred-skopje/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11623
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 11-Apr-2018 at 10:17
Судбината на новиот блок во „Св. Еразмо“ неизвесна, рокот за искористување на кредитот од Европска банка истекува наскоро

Шести месец градежните работи на новото крило во специјалната болница Св. Еразмо во Охрид се запрени. Иако објектот е готов над 80% тој не може да се заврши бидејќи се уште не е донесена одлука од страна на Министерството за здравство за неговата намена, односно дали тука ќе се пресели дел од Заводот за кардиологија во Охрид, како што беше најавено при почетокот на изградбата во 2015 година. Во меѓувреме тече рокот за искористување на кредитот од 3 милиони евра од Европската банка кој истекува во јуни, што може доплнително да ја искомпликува ситуацијата.



Од Министерството за здравство информираат дека дека градежните работи на новиот болнички блок се времено прекинати поради неколку констатирани недостатоци поврзани со проектните документации кои се појавиле во текот на самата градба. Исто така, болницата Св. Еразмо како корисник, согласно договорот за изведба имала обврски кои требало да ги изведе, меѓутоа за истите се соочила со недостаток на средства за реализација.

„Дополнително, корисникот требало да ги ослободи операционите сали, но и тоа во одредениот момент не биле во можност да го реализираат поради објективни причини, па дошло до застој во градежните работи кои се времено прекинати. Во согласност со позитивните законски прописи, Министерството за здравство работи на надминување на оваа ситуација и се преземаат сите мерки за соодветно искористување на одобрените средства.“ - велат за OhridNews од Министерството за здравство.

Во однос на новата опрема за оваа установа, министерството за здравство информира дека дел е веќе набавена, додека останатиот дел ќе биде обезбеден согласно предвидената динамика за реализација на проектот.

Зошто реконструкцијата на специјалната болница Св. Ерзамо започнала без да бидат обезбедени неопходните средства за нејзино завршување и опремување, и без јасно дефинирана намена, и дали некој ќе одговара за тоа, засега нема одговор. Граѓаните, пак, се прашуваат дали и специјалната болница Св. Еразмо ќе ја доживее судбината на општата болница во Охрид каде градежните работи за реконструкција поради сериозни пропусти доцнеа неколку години, што се одрази на квалитетот на услугите и здравјето на охриѓани и пациентите од околните места.

http://www.ohridnews.com/vesti/113711
За сè има вторпат
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 11-May-2018 at 17:01

Нова градска болница ќе никне кај Мајчин дом, болницата за хируршки болести од центарот на градот се сели таму

Уште една нова градска болница ќе никне на местото на Мајчин дом во скопската населба Аеродром, дознава „Фокус“ од извори во министерството за здравство.

Според нашите информации, таму ќе биде преселена Болницата за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, која е лоцирана во центарот на градот. Причината за ваквата одлука е да има две градски болници, со цел да се растерети гужвата во старата воена болница.

Нашите извори уште информираат дека во моментот се обезбедува маркица за градба и техничка документација со цел побрзо да почне постапката, а целата процедура оди преку министерството за здравство кои веќе ги потврдија информациите.

Министерот за здравство Венко Филипче за “Фокус” потврди дека на местото на Мајчин дом ќе се гради нова градска болница,  а причината за тоа е да се растерети гужвата во болницата „8 Септември“.

И.М.

https://fokus.mk/nova-gradska-bolnitsa-ke-nikne-kaj-majchin-dom-bolnitsata-za-hirurshki-bolesti-od-tsentarot-na-gradot-se-seli-tamu/

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1355
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 11-May-2018 at 17:46
А со „Св. Наум Охридски“ што ќе биде?

Инаку, мислам дека би било сто пати подобро нова градска болница да се гради во Маџари (веќе објавив идеи во нишката за Клинички центар) или пак кај хотел Русија. Кај Мајчин дом нема доволно место.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1187
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 11-May-2018 at 18:43
Би било добро и во Аеродром да ја изградат,бидејќи отидоа многу со трупање згради а за градинки,средни школи и здравствени институции не им текнува.Колку што знам за локацијава имаше дека е сопственост на ЗСФ КОМ и дека за некое време требаше да никне деветкатница.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11623
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 13-Sep-2018 at 17:10
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11623
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #251 Posted: Yesterday at 18:48
Комплетно реновиран одделот за интензивна нега на Клиниката за неврохирургија



Денеска на Универзитетската Клиника за неврохирургија се отвори новиот реновиран оддел за интензивно лекување.

По фазата на реновирање на овој оддел, капацитетот за интензивна нега е зголемен за 30%.

Опремен е со најсовремени технолошки апарати, модернизиран согласно највисоките стандарди во здравството, а за потенцирање е фактот што се обезбедени болнички кревети од Германија – најмодерни во моментов и со највисок квалитет. 11-те нови болнички кревети за оваа интензивна нега ќе резултираат со поголем број на прием на пациенти за нивен третман и реанимација.

Дополнително,инсталиран е систем за вентилација и климатизација што ќе значи многу во рехабилитација на пациентите.



https://www.slobodenpecat.mk/makedonija/kompletno-renoviran-oddelot-za-intenzivna-nega-na-klinikata-za-nevrohirurgija/
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.