build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Здравствени институции (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13062
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 28-Apr-2021 at 15:54
БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА „ПЛОДНОСТ“ СЕ ОТКАЖА ОД ДОГРАДБАТА ПО СПОРОТ СО ОПШТИНАТА



Наместо да ја доградува болница „Плодност“ во Битола, сопственикот Таше Трпчевски одлучи да се откаже од градењето и местото пак да го претвори во паркинг. Ова го соопшти на денешната прес-конференција истакнувајќи дека одлучил вака по несогласувањата со Општина Битола во врска со пресметките за комуналии и одолговлекувањето на постапката за градба.

„Дефинитивно се откажувам од оваа инвестиција, можеби во иднина ќе ја реализирам доколку некој умее да го цени она што јас го првам и да ги цени придобивките на градот и битолчани од оваа инвестиција. Јас сакам да ја изразам мојата длабока разочараност за тоа што градот не успеа да ме препознае, не препозна во мене ни инвеститор ни хуманист, ни професионалец од највисок ранг. Ќе вработевме нови 60 луѓе. Жал ми е е што немам простор да воведам компјутерска томографија и да отворам гастроскопија со колоноскопија“, рече Трпчевски.

Проблемот настрана минатата година, кога на „Плодност“ му беше доставена пресметка од 6.500 евра за комуналии кои ги плати, но не доби дозвола за градба, за по неколку месеци да дознае дека пресметката е погрешна и треба да плати уште 112.000 евра, на што се жалел до Министерство за транспорт и врски. Кога поднесол барање до Општината за нова премсета вели дека добил одговор да ја повлече жалбата, но иако го сторил тоа, до денес пресметака не добил.

Запрашан дали не се посомневал во грешка по првата преметка која била мала, одговори дека работата ја оставил на архитектите кои го известиле дека „пресметана е супер сума“.

Од Општина Битола соопштија дека остануваат доследни дека законот важи за сите и не може да се гради без градежна дозвола.

„Инвеститорот изминатиот викенд работел на градежни активности – отстранување на бесправната градба. Истото е констатирано на терен при извршениот вонреден инспекциски надзор“, соопштија од Општината.

Додаваат дека од нивна страна експедитивно брзо и во рамките на законските рокови е водена целата постапка се` до воочувањето на неправилноста, по што се преземени сите законски мерки. Додаваат дека за неправилноста во пресметката спровеле процедура на проценка на одговорност со внатрешна контрола и ревизија на постапката. По утврдената грешка не можеле да издадат одобрение за градба, зашто тоа е кривично дело.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bitolskata-bolnitsa-plodnost-se-otkazha-od-dogradbata-po-sporot-so-opshtinata/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1559
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 28-Apr-2021 at 15:59
За оваа болница ја имам слушнато најбитолската радио-реклама што може да постои, и тоа со нарација од најбитолчанец што може, од Паљото! Рекламата гласи: "За детето да биди ваше, обратете се кај доктор Таше!"
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 28-Apr-2021 at 20:17
И не сфаќам каде е грешката на општината тука, колку и да се општините утепани. Издале по грешка пресметка, се корегирале и му доставиле нова. Кога била грешката му било добро, сега не чинат.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Online
Posts: 304
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 28-Apr-2021 at 20:37
Long story short, ne ja podrzuva Petrovska za vtor mandat.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5314
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 28-Apr-2021 at 21:17

Зел кредит од 2 милиони евра, па му кажале дека треба да доплати комуналии оти му ги згрешиле, па не му се плаќало ама на крајот ги платил (а во меѓувреме почнале градежни работи), па го фатиле дека градел без дозвола па решиле дека поради тоа нема да добие дозвола.

Реално една од малкуте професионални здравствени установи во Битола, дали е во право или не не знам, ама дека се апсолутно некомпетентни тие paper pushers во општината, тоа е факт.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13895
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 28-Apr-2021 at 21:59


Муабетов (извини, ама морав)

За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5314
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 28-Apr-2021 at 22:46


Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13062
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 14-Jul-2021 at 06:54
ЌЕ СЕ УРНАТ 13 СТАРИ АМБУЛАНТИ, ЌЕ СЕ ЗАМЕНАТ СО НОВИ



конечно ќе се рушат и треба да се заменат со нови. Од четврток лекарите концесионери ќе започнат да ги селат ординациите каде што ќе бидат сместени времено. Станува збор за 13 бараки, стари 60 години распаднати од забот на времето кои во три фази треба да бидат заменети со нови. Се започнува со амбулантите во Горче Петров, Бутел и Лисиче.

Минатата недела на лекарите концесионери на состанок со министерот Филипче, директорите на Фондот и на Здравствен дом им биле презентирани новите објекти и им било соопштено каде ќе бидат сместени.

„Бараките се монтажни, но поцрврсти и поголеми со 550 метри квадратни. Првите три треба да бидат готови до 1- ви октомври, а потоа следни

се амбулантите во Карпош, Тафталиџе, Влае, Аеродром, Козле. Внатре планираме и амбуланти за превентива на децата и лаборатории, некаде аптеки“, изјави Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом-Скопје.

Лекарите кои ги затекнавме во амбулантата во Лисиче изразија незадоволство што мораат сами да се селат, за време на одмори, а немаат ниту писмен документ каде одат времено, но не сакаа да зборуваат во камера. Амбулантите од Горче Петров се селат во Геријатрија, тие од Бутел во општината, а во Лисиче во просториите на месната зедница.

https://24.mk/details/kje-se-urnat-13-stari-ambulanti-kje-se-zamenat-so-novi
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Online
Posts: 304
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 14-Jul-2021 at 09:10
Uste eden "tender" vo 4 ochi za Tenderbeg i Brako
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13062
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 15-Jul-2021 at 17:03
Originally posted by user8642

Д-р Органџиски / Dr. Organdziski

✅ Започнавме со подготвителни работи за градбата на нашата болница по гинекологија и акушерство и репродуктивно здравје, проект подготвуван темелно и професионално плод на нашето 28 годишно постоење.
✅ Нашата цел е да даваме здравствени услуги со највисок квалитет, медицински персонал обучен и сертифициран на европско и светско ниво.
✅ Локацијата е на главниот булевард при влез во град Штип веднаш до универзитетот Гоце Делчев, 5 минути пешки до центарот на градот и 5 минути со кола до автопатот Штип-Скопје.
Локацијата беше внимателно избрана, бидејќи една од најважните работи за една болница е лесниот пристап до истата.
❗НИЕ СОЗДАВАМЕ РАДОСТ !!!





https://www.facebook.com/Dr.Organdziski


ПЗУ Д-р "Органџиски" во Штип



https://www.facebook.com/Beton-Preciz
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13895
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 31-Jul-2021 at 15:50
Целосно реконструирана Општата болница во Гевгелија, изградена и нова хирушка сала

Премиерот Заев и министерот Филипче во увид на реконструираната болница во Гевгелија [31.07.2021"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr

Премиерот Заев и министерот Филипче во увид на реконструираната болница во Гевгелија [31.07.2021"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr

Премиерот Заев и министерот Филипче во увид на реконструираната болница во Гевгелија [31.07.2021"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr

Премиерот Заев и министерот Филипче во увид на реконструираната болница во Гевгелија [31.07.2021"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr

Премиерот Заев и министерот Филипче во увид на реконструираната болница во Гевгелија [31.07.2021"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr

Премиерот Заев и министерот Филипче во увид на реконструираната болница во Гевгелија [31.07.2021"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr

Премиерот Заев и министерот Филипче во увид на реконструираната болница во Гевгелија [31.07.2021"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13062
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 17-Aug-2021 at 15:31
Рушење на старата амбуланта во Бутел за изградба на нова





https://www.facebook.com/velimiramsmilevski
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13062
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 09-Sep-2021 at 06:39
ГОРИ КОВИД-ЦЕНТАРОТ ВО ТЕТОВО, ИМА И ПОВРЕДЕНИ



Гори Ковид-центарот во Тетовската болница. На местото интервенираат и пожарните екипи. Во моментов не се познати причините за пожарот, ниту дали има евентуални жртви. Но болни и повреденисо изгореници се изнесуваат од зградата во колички. Зградата е целосно изгорена.

Пожарот почна по 21 часот, но нема знаци за смирување, густ чад и пламен се шири наоколу.

Во тетовскиот модуларен Ковид-центар има 24 хоспитализирани болни.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/gori-kovid-tsentarot-vo-tetovo-ima-i-povredeni/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13062
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 09-Sep-2021 at 06:40
ИМА ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВСКИОТ КОВИД-ЦЕНТАР, СЕ УТВРДУВА БРОЈОТ, ПОТВРДИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид-центарот во Тетово, потврди Министерството за здравство. Од таму велат дека станува збор за страотна несреќа, а во моментов се утврдува точниот број на лица кои загинале, на повредените и нивната состојба.

„Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се транспортираат во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани. Министерот за здравство д-р Венко Филипче е во Тетово“, велат од Министерството.



Сашо Трајчевски, заменик-командир на тетовската противпожарна единица, за Алсат изјави дека се вадеа и жртви додека се гасеше пожарот, а пламените јазици беа огромни бидејќи модуларна е болницата и има пластика.

„Во 21 часот и 2 минути е пријавено дека гори модуларната болница во Медицинскиот центар во Тетово. Екипите, за 3-4 минути, нема повеќе, се пристигнати на лице место. Со околу 7 возила и над 30 пожарникари е учествувано од двете страни. Кога се екипите пристигнати беше целото во пламен. Значи тоа е внатрешно (почнато), не е надворешно. Се што е од наша страна е употребено. 21.30 е локализиран пожарот. Во 21 и 45 е ликвидиран комплетно“, рече Трајчевски.

Премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и лидерот на ДУИ Али Ахмети беа во обиколка на болницата, разговараа и со роднините на лицата кои биле во болницата и чекаа пред изгорениот објект. Тие потоа заминаа на средба со градоначалничката Теута Арифи во Кризниот штаб на Општина Тетово.

Пред болницата се изнесени неколку колички на кои има тела покриени со бели чаршави.

Во тетовскиот модуларен Ковид-центар има 24 хоспитализирани болни, а во последниве 24 часа има еден починат од Тетово.

На 23 август, непознат сторител ја оштети цевката со која Клиничката болница се снабдувала со кислород. За среќа, беа оштетени само една помошна цевка од системот за снабдување со кислород, и една цевка наменета за довод на азотен оксидол. Главната доводна цевка за кислород, која била веднаш до нив и преку која со кислород тогаш се опслужуваа 120 пациенти кои беа хоспитализирани поради ковид-19, за среќа не беше оштетена. До денес не е пронајдено кој ги оштети цевките за кислород.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ima-zaginati-vo-pozharot-vo-tetovskiot-kovid-tsentar-se-utvrduva-brojot-potvrdi-ministerstvoto-za-zdravstvo/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13062
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 09-Sep-2021 at 06:40


https://www.facebook.com/gjorcePatriotsko
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5314
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 09-Sep-2021 at 07:19
Ако не се лажам, во повеќето слични случаи во светот најчесто виновникот испаднал доводот за кислород. Баш пред неколку дена имаше оштетување на цевката кога луѓе се обиделе да ја сечат (веројатно за да ја украдат). Неблагодарно е да се коментира ваква трагедија, ама ДУИ се купче планинци со калашникови, и додека се на власт не ни може да се очекува нешто друго од нивната „експертиза“. И да даде оставка СДСМ, и да дојде пак ВМРО, ДУИ ќе си остане вечно. Лесна им земја на починатите, тоа е стравотна смрт.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 449
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 09-Sep-2021 at 09:24
Трагедија, сочувство до семејствата на загинатите.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13062
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 09-Sep-2021 at 10:29
14 ЗАГИНАТИ И 12 ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВСКИОТ КОВИД-ЦЕНТАР

Вкупно 14 лица загинаа, а 12 се на лекување во Тетовската болница и се надвор од животна опасност, во вчерашниот пожар во модуларниот Ковид-центар во Тетово, соопшти Министерството за здравство. Во Ковид центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти. Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди, велат од Министерството.

Како што утрово соопшти Јавното обвинителство, обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот. За некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет. До утрово, обвинителите сослушаа вработени во модуларната болница за да се утврдат причините за пожарот, а издадена е и наредба за обезбедување на снимките од видеонадзорот во и околу објектот. Увидот ќе продолжи и во текот на денешниот ден.

Пожарот во кој изгоре модуларната болница избувна вчеравечер во 21 часот и многу брзо се рашири. Изгасен беше околу 21.45 часот.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/14-zaginati-i-12-povredeni-vo-pozharot-vo-tetovskiot-kovid-tsentar/
Back to Top
Citizen View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Mar-2020
Online Status: Offline
Posts: 17
  Quote Citizen Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 09-Sep-2021 at 12:20
Originally posted by гитардемон

Ако не се лажам, во повеќето слични случаи во светот најчесто виновникот испаднал доводот за кислород. Баш пред неколку дена имаше оштетување на цевката кога луѓе се обиделе да ја сечат (веројатно за да ја украдат). Неблагодарно е да се коментира ваква трагедија, ама ДУИ се купче планинци со калашникови, и додека се на власт не ни може да се очекува нешто друго од нивната „експертиза“. И да даде оставка СДСМ, и да дојде пак ВМРО, ДУИ ќе си остане вечно. Лесна им земја на починатите, тоа е стравотна смрт.

Значи случајот е разрешен. Виновник е цевката, а одговорност не треба да има затоа што сите се исти.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5314
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 09-Sep-2021 at 17:03

Е оти сега вака? Шпекулираме, форум е за јавни мислења. Поентата беше дека и ВМРО си отиде, и Грујо е во Унгарија, и Заев дојде и ќе си оди, ама Аљи ќе биде вечен. И колку и да е назадна државата, Западна Македонија е двојно поназадна од остатокот. Зошто? Оти овие од ВМРО и СДСМ колку толку барем полуписмени кадри избираат, а ДУИ избира овчари.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.