build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Македонски градови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Струга

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 19-Nov-2012 at 23:41

Стари ама добри  

1


2


3


4


5


6


7

Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 19-Nov-2012 at 23:56

Владимир Каваев (Струга, 1880[1] - Загреб, 11 јули 1931) бил македонски лекар, учесник во Октомвриската револуција и градоначалник на Струга од 1923 до 1927 година.
...
http://mk.wikipedia.org/Владимир_Каваев


Откако започнуваат револуционерните настани во Русија, станува претседател на Балканската група на емигранти револуционери, која е блиска на болшевиците. На 4 април, заедно со Елена Каваева, е помеѓу луѓето што го пречекуваат Ленин при враќањето од прогонство. За време на јулските демонстрации ги лекува повредените болшевици. Зема учество во уличните борби во Петроград за време на Октомвриската револуција. По Октомвриската револуција Петроградскиот совет го избира за главен лекар во Петроградскиот округ.
http://www.cddc.vt.edu/marxists/makedonski/istorija/ruska/makedonci-ruska.htm


СТРУЖАНЕЦ ГЛАВЕН ЛЕКАР ВО ОКТОМВРИСКАТА РЕВОЛУЦИЈА

Владимир и Елена Каваеви биле блиски соработници на Ленин чија задача била да го организираат лекувањетао на ранетите

Стружанецот д-р Владимир Каваев бил главен лекар во Петроградската околија за време на Октомвриската револуција во 1917 година. Лично се познавал со Ленин, кај кого уживал неограничена доверба. Додека го организирал лекувањето на ранетите, учествувал и во работата на Петроградскиот извршен комитет, каде што се донесувале судбоносни одлуки на младата советска република. Со него работела и младата Полјачка Елена Ентигер, штотуку дипломиран лекар, со која за време на крвавите борби ќе организираат болнички пунктови со 15.000 легла, а за повеќе илјади деца постојана заштита.

Тогаш меѓу нив ќе се роди голема љубов која по две години ќе ја крунисаат со брак. Меѓутоа, тие нема да останат во Русија, иако Ленин ќе им нуди важни функции во власта за да и' помогнат на новосоздадената советска држава. Владимир Каваев долги години ќе мечтае за својата Македонија и по секоја цена сака да се врати дома и како лекар да му помогне на својот народ. А Елена Ентигер ќе оди секаде каде што ќе посака нејзиниот животен сопатник. Така во 1923 година тие ќе се вратат во Струга и во Охрид.

...

30.10.2007 - http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=79ACEBCA92C4534CA3C257285A8E9B20

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 28-May-2013 at 15:14








За сè има вторпат
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 06-Jun-2013 at 19:58








Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 06-Jun-2013 at 20:05
 ТРКАЛО растури со сликите. Мостчето прв пат го гледам , а исто така и тоа ресторанчето на вода . АЈде здравје во лето може да се пие некој пијалок таму. Да незнаеш случајно кој го работи локалот, ОК ли се луѓето што го посетуваат, каква понуда има и слично???  

Edited by kultuzin - 06-Jun-2013 at 20:27
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 06-Jun-2013 at 22:23
Името на местово е Versus Beach Bar или Конак, понуда од разни пијачки и храна, доста го фалат Стружани.Уште не сум го посетил...па 15км. еееј далеку е


Ова е Aquarius Beach, одма до Конак, двете во правец Струга - Калишта

Второво е плажата Туламур, во правец Хотел Дрим - Еуротел

Помеѓу нив се Женска Плажа и Пливалиште, со слични платформи

кафетериите и рестораните во Струга почнаа да се селат кон кејот за разлика од пред неколку години.

Edited by Тркало - 06-Jun-2013 at 22:38
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 06-Jun-2013 at 22:40
еве една и од мене,кога ќе имам малку време ќе ставам уште слики

Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 10-Jun-2013 at 00:20
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 27-Jun-2013 at 18:04




































Edited by Тркало - 27-Jun-2013 at 18:18
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 27-Jun-2013 at 19:18
Јас мислам дека за неколку години ,повеќето од туристите од Охрид ќе почнаат да бегаат накај Струга.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 27-Jun-2013 at 19:21

Originally posted by mitatos

Јас мислам дека за неколку години ,повеќето од туристите од Охрид ќе почнаат да бегаат накај Струга.


Јас мислам дека за неколку години нема да можат ниту туристите ниту граѓаните на Струга да се движат од дивоградбите.

Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 27-Jun-2013 at 19:32
Не ми беше во тој контекст муабетот ,но се сложувам со тоа што го кажа =).
Се надевам дека урбанистички ќе го уредат,и тие дивоградби што сметаат да се одстранат.Овие два града се бисери на нашата држава.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 27-Jun-2013 at 19:37
во контекст на муабетов


ПО НАЈАВАТА ЗА СРЕДУВАЊЕ НА КЕЈОТ НА ДРИМ
Дилавер Бојку со закана до градоначалникот Села: Ќе те исчистам од Струга!



Градоначалникот на Струга Зијадин Села вчера во струшката полиција пријавил дека добивал закани од Дилавер Бојку Леку, сопственикот на угостителскиот објект „Блу Скај“ што се наоѓа на брегот на реката Дрим. Општината деновива на сите сопственици на дивоградби покрај Дрим им испратила писмо во кое ги известува да ги отстранат дивоградбите на кејот.

Леку, очигледно револтиран поради ова, упатил вербални закани до градоначалникот. Полицијата потврдува дека добиле пријава од струшкиот градоначалник. Тие го повикале Дилавер Бојку во станица и писмено го предупредиле дека сопственикот Дилавер Бојку треба да престане со заканите, а проблемите да ги решава во институциите.


Зијадин Села
Во општина Струга изјавуваат дека до крај ќе ја резлизираат програмата за средување на проблемот со дивоградбите во градот.

Неодамна, на манифестацијата по повод Денот на Охридското Езеро, Села изјави дека не може да се зборува за УНЕСКО и заштита на животната средина доколку се градат објекти поблиску од 50 метри до езерото, и најави решавање на урбанистичките проблеми во градот.


ПС.Ова е човекот кој тепаше на времето министер и вицепремиер на Владата на РМлинк

Edited by gjoko - 27-Jun-2013 at 19:38
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 27-Jun-2013 at 19:41
Originally posted by mitatos

Не ми беше во тој контекст муабетот ,но се сложувам со тоа што го кажа =).
Се надевам дека урбанистички ќе го уредат,и тие дивоградби што сметаат да се одстранат.Овие два града се бисери на нашата држава.


Струга е прекрасен град и секогаш кога одам во Охрид поминувам ден или два во Струга. За жал таму со секој ден има се поголем хаос како на меѓуетнички план така и на урбанистички план. Само со ставање на ред Струга ќе биде тоа што заслужува и за што навистина има потенцијал. Што се однесува до дивоградбите може да ја продолжиме дискусијата во соодветна нишка. 

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 03-Jul-2013 at 21:51
стадионот

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 03-Jul-2013 at 21:54






За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 03-Jul-2013 at 21:56








За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 03-Jul-2013 at 22:01

Ѓоко ептен ме загреа за пред одмор. Планирам да бидам еден ден во Струга. Ќе биде тешко да се организира каде и што да се посети, кај да се јаде , на која плажа да се сунча.


Предлози???

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 03-Jul-2013 at 22:06
Originally posted by kultuzin

Ѓоко ептен ме загреа за пред одмор. Планирам да бидам еден ден во Струга. Ќе биде тешко да се организира каде и што да се посети, кај да се јаде , на која плажа да се сунча.

Предлози???



Уф, не сум бил во Струга 3-4 години, така што не би можел да ти помогнам. Најдобро е да пише некој стружанец или некој член на форумов којшто бил неодамна во овој град.

Edited by Џоле - 03-Jul-2013 at 22:08
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 03-Jul-2013 at 22:16
Џоле,не Ѓоко,никако да не раздвоите нас

Јас обично одам во Ливадиште,се оди после Елен Камен,има многу сенки,ресторан,кој оди со деца има љуљашки,убави паркови,и кој е заинтересиран има од оние како мала соба на плажа направена од платно со лежај.Има шанкови на плажите,кафе ,пијачки...све што треба.Мислам дека кампот е од Фијат цаноски, и секоја година инвестира по нешто.Последно се вадеа старите автоприколки,и се ставаа нови бунгалови.

Во ресторанот сум бил во зимско време!!!! и имаше многу пријатна атмосфера со камин,риба на жар....следуваат слики од Ливадиште,само да ги прикачам
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.