build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сообраќајни правила, етика и казни

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 06-Mar-2015 at 18:35

имаше некое друго едукативно видео освен ова за кружните токови




нешто налик ова

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 10-Mar-2015 at 00:03

Новите сообраќајни казни стапија на сила, еве за што се ќе казнува полицијата

6.000 денари глоба ако не го ставите заштитниот појас, не ги вклучите светлата или зборуват на мобилен. Ова се глобите за прекршоци кои возачите ги демнат во самиот старт. Понатаму секој одминат километар претставува можност за уште некој сообраќаен прекршок ако ве улови полицијата.

На пример, за непрописно паркирање глобата е 45 евра. 250 евра ако возилото е паркирано во близина на пешачки премин или крстосница. Ако на пешачки премин возачот не пропушти пешак глобата изнесува 250 евра. Ако тој ден ве улови радар, а сте ја надминале дозволената брзина, казната во град е 20 евра. Ако полицијата ве фати да "летате" на јавен пат, ќе платите 300 евра.

И ако случајно тој ден мора да го однесете во училиште вашето дете, кое нема 12 години, а седи на предното седиште, тогаш глобата ќе се зголеми за уште 45 евра.

Според новиот закон УЈП присилно ќе ги наплаќа казните за сообраќајните прекршоци од сметките на возачите.

http://brif.mk/?p=169133



Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 29-Apr-2015 at 09:09

22.04.2015 - Сообраќајна едукација на пешаците

„Пензионери, учествувајте одговорно во сообраќајот“ и „Да им дадеме пример на децата како да се однесуваат во сообраќајот“ се дел од пораките што денеска беа упатени како дел од кампањата за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот, во општината Ѓорче Петров



Во кампањата масовно учествуваа пензионерите од општината како посебна ранлива група учесници во сообраќајот и притоа им беа поделени едукативни летоци. На најфреквентната улица Ѓорче Петров беше упатен апел до пензионерите на себе да носат флуоресцентни елечиња или посветла облека за полесно да се забележат.

Претседателот на Републичкиот совет за безбедност, Стојче Стаменковски, истакна дека приоритетна целна група се возачите и зголемување на нивната свест за почитување на правилата во сообраќајот, а кампањата ќе се одвива во континуитет до 31 мај, во четири етапи. Градоначалникот на општината Сокол Митровски истакна дека општината ја поддржува оваа кампања и ќе даде максимален придонес што повеќе институции да се приклучат кон неа за да се зголеми безбедноста на улиците.

- Соработката помеѓу надлежните институции и локалната самоуправа ќе продолжи и понатаму за да има помалку жртви во сообраќајот - истакна градоначалникот Митровски.
За поголема безбедност на пешаците беше обележан пешачкиот премин кај кружниот тек, пред „СП планет“.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=422151110483&id=14&setIzdanie=23450



ден потоа прегазен пензионер в Гостивар

23.04.2015 - Прегазен пензионер во Гостивар

Гостиварецот С.С. (77) загина откако бил прегазен од автомобил, завчера во Гостивар, соопшти МВР. Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 15 часот, на булеварот Браќа Ѓиноски на влезот во градот. Тогаш автомобил „фолксваген бора“, кој го управувал А.М. (25) од Гостивар налетал на старецот. Од ударот С.С. добил повеќе повреди и како итен случај бил пренесен на скопските клиники. Лекарите се обиделе да го спасат, но С.С. им подлегнал на повредите.
http://dnevnik.mk/?ItemID=F7D88D9217974248957144D8B91FC32D



HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 15-May-2015 at 14:32


можеби најнебезбедна појава при вообичаено возење е Дехидрираност а особено  во летните месеци, уште поопасно при сумрак 

Not drinking enough water has same effect as drink driving - http://www.telegraph.co.uk/news/health/news/11547199/Not-drinking-enough-water-has-same-effect-as-drink-driving.html

Vozači, oprez - Koliko (ne)pijete vode može biti jednako opasno kao i koliko pijete alkohola

Blago dehidrirani vozači čine dvostruko više pogrešaka u vožnji u odnosu na one koji su unijeli dovoljno tekućine, pokazalo je britansko istraživanje.


Unošenje premalo tekućine može u vožnji imati učinak vožnje pod utjecajem alkohola, pokazalo je istraživanje po kojem su osobe koju su svaki sat popile manje od 25 ml vode napravile dvostruko više pogrešaka od onih koji su popili dovoljno vode odnosno onoliko pogrešaka koliko su napravile osobe koje su vozile pod utjecajem 0,8 promila alkohola.

Voditelj istraživanja Ron Maughan sa sveučilišta Loughborough kaže: "Svi osuđujemo vožnju pod utjecajem alkohola, ali obično ne razmišljamo o utjecaju drugih stvari na naše vozačke sposobnosti, a jedna od njih je dehidracija".

"Naše istraživanje ukazuje na neprepoznatu opasnost", kaže Maughan za britanski Telegraph.

http://dnevnik.hr/vijesti/zanimljivosti/vozaci-oprez-koliko-ne-pijete-vode-moze-biti-jednako-opasno-kao-i-koliko-pijete-alkohola---381590.html

 


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 16-May-2015 at 10:35


 

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 19-Aug-2015 at 22:33


Kазна од 50 евра за пешаците што ќе преминат улица на црвено

За возење без појас казни од 40 евра за возачот, а 50 за совозачот

Повисоки парични казни за едни, а пониски за други сообраќајни прекршоци за кои, пак, ќе се добиваат поголем број негативни поени кои ќе се впишуваат во возачките книшки се новитетите на предложениот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, кој деновиве ќе влезе во собраниска процедура. Основна карактеристика на предложените измени е што акцентот е ставен на одредбите од постојниот закон, со кој се регулира брзината на движењето на моторните возила, односно има воведување нови ставови, а не само зголемување на казните. Основната промена е во однос на брзината, па според предложените измени, наместо досегашните 60 километри на час, предвидено е на јавен пат во населено место возачот да не смее да се движи со брзина поголема од 50 километри на час, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел. Се предвидува и брзина поголема од 50 километри, но не поголема од 70 километри на час таму каде што сообраќајно-техничките елементи тоа го овозможуваат, а е дозволено со сообраќаен знак. Сегашниот закон овозможува возење со брзина над 60 километри на час, но не со прецизирана граница на дозволеното пречекорување. Новитет е што се воведува градација во однос на казните, па највисока казна од 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 километри на час над дозволената брзина или 120 километри на сообраќајниците каде што е дозволено возење до 70 километри на час. Паричната казна предвидено е да може да се замени со тоа што во возачката книшка ќе му бидат регистрирани 65 негативни бода. Во моментов казната е 300 евра, без впишување негативни поени. За престигнување на дозволената брзина од 30 до 50 километри на час возачот ќе плати 300 евра или ќе добие 50 негативни поени. Платен налог со глоба во износ од 45 евра или 25 негативни бода ќе добие возачот кој во населено место ќе се движи со брзина поголема од 10 до 30 километри над дозволената, а глоба во износ од 20 евра или 10 негативни бода за возачот кој се движи со брзина поголема до десет километри на час над дозволената брзина.

Во однос на возењето на јавен пат надвор од населено место, дозволените брзини остануваат исти, односно 130 километри на автопат, 110 километри на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и 90 километри на други патишта. Во предложениот закон исто така се предвидени градации во однос на пречекорената брзина, па највисока казна од 400 евра или 65 негативни бода ќе добие возач кој надвор од населено место ќе вози со брзина поголема од 70 километри на час над дозволената.

Според законот, возачот на возило не смее да врши полукружно свртување на преслап, кривина, патен премин преку железничка пруга во ниво, на мост, надвозник, подвозник, како и во услови на намалена видливост, на други места каде што прегледноста на патот е недоволна или на дел од патот каде што нема доволно простор за полукружно свртување. Kазна за овој прекршок ќе биде 45 евра или 25 негативни поени. <BR><BR>Предложените измени на законот предвидуваат повисоки казни за возачите и сопатниците кои не се возат со сигурносен појас, па наместо сегашните 20 евра и 10 негативни поени, возачот ќе добие глоба од 40 евра или 25 негативни поени, а совозачот, наместо 20, ќе биде казнет со 50 евра. За зборување на мобилен телефон наместо 45, возачите ќе плаќаат 40 евра глоба, а останува ист бројот на негативни поени - 25. Новитет е казната од 50 евра за совозачот кој ќе го попречува возачот на начин кој би го намалиле неговото внимание и можноста за реагирање и сигурно управување со моторното возило.<BR><BR>Во процесот на подготвување на предлогот на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата користени се компаративни искуства од соодветните закони на Германија, Франција, Словенија и од Хрватска како најблиски до условите во кои се оспособуваат и остваруваат функциите во областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата, со цел решавање на наведените прашања во согласност со европските стандарди што важат во оваа област, при што најголем дел од одредбите содржани во предложениот закон претставуваат обид одредени прашања и проблеми да се разрешат врз основа на стекнатите искуства и тоа на начин кој би одговарал соодветно на условите и потребите во Република Македонија - велат од МВР.

Kазна од 50 евра за пешаците што ќе преминат улица на црвено

Возачите на велосипед ќе плаќаат глоби од 50 евра наместо досегашните 25 евра за предвидените прекршоци при движењето, а истата глоба е предвидена и за родителите на дете од 14 години кои ќе превезуваат други деца на велосипед.

Kазни од 50 евра ќе добијат и возачите на мотоцикл, мопед или велосипед кои не носат заштитна кацига наместо досегашните 35, а 50 евра ќе ги чини и совозачите кои сега плаќаат по 20 евра. За велосипедистите и лицата што се превезуваат со велосипед предвидено е дека треба да носат заштитен шлем и рефлектирачки елек ноќе.<BR><BR>Kазна од 50 евра ќе платат и пешаците кои на пешачки премин на црвено светло од семафорите ќе поминат улица, како и 30 евра наместо досегашните 25 за преминување на коловозот на место каде што нема обележан пешачки премин.

http://dnevnik.mk/?itemID=5EC4591F254B30489EDB40AD701B8A79&arc=1



Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 25-Aug-2015 at 16:22
29.09.2015 - 400 ЕВРА КАЗНА ЗА ВОЗЕЊЕ НАД 50 КМ/Ч ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО

Глоба од 400 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 километри на час над дозволената брзина. Ова го предвидува Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата што го усвои Собранието на вчерашната седница.

Покрај глобата, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци.

Со Законот е предвидена глоба од 300 евра во денарска противвредност, односно регистрирање 50 негативни бода за возач кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина. Покрај глобата, на возачот ќе му се изрече и забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и начин утврдени со Закон.

Казна од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода на возач кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h над дозволената брзина.

Казна од 10 евра во денарска противвредност, односно 10 негативни бода за возачот кој постапува спротивно на одредбите од Законот е предвидена за возач кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 km/h над дозволената брзина.

http://vest.mk/?ItemID=E1051104AE4CDE46A452C933FCFCBAE5[/quote]


веројатно моторџиите ќе имаат поголем кабает, но ете и велосипедистите ќе имаат за што да ги драпаат ако им се сака

интересно и овој пат нема пропишано каква и колкава приколка може да влече велосипед

24.08.2015 - КАЗНА ОД 50 ЕВРА АКО ВОЗИТЕ ВЕЛОСИПЕД БЕЗ КАЦИГА

Во вечерните часови и во услови на намалена видливост, задолжителен ќе биде и рефректирачки елек.

Според новиот Закон за безбедност во сообраќајот, возачите на велосипеди ќе мораат да носат кацига, односно заштитен шлем. Во вечерните часови и во услови на намалена видливост, задолжителен ќе биде и рефректирачки елек.

-Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед, треба да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед ноќе и во услови на намалена видливост треба да носат рефлектирачки елек за време на возењето на патот, стои во текстот на Законот.

За непочитување на овие одредби од Законот, предвидени се казни од 50 евра за возачите и за родителите на децата кои нема да се придржуваат до законските одредби.

http://fokus.mk/kazna-od-50-evra-ako-vozite-velosiped-bez-katsiga/


30.09.2015 - КАЗНИ ЗА БРЗО НО И ЗА БАВНО ВОЗЕЊЕ: Комплетната листа на сообраќајни прекршоци и казни!

Казните се зголемени, но и се воведени нови обврски како детско седиште, шлем и рефлектирачки елек за велосипедистите и слично. Следува листата на глоби зспоред новиот закон:

Пропуштање пешаци на пешачки премин – Предвидена е глоба во износ од 200 евра .Сигурносен појас – глоба во износ 40 евра / 25 негативни бода. За сопатниците глоба во износ од 50 евра.Користење на мобилен телефон – глоба во износ од 45 евра / 25 негативни бода.

Лицето кое се превезува со возилото не смее да го попречува возачот на начин кој би го намалил неговото внимание во спротивно е предвидена глоба од 50 евра.

Возачот не смее да ја намали брзината на движењето на возилото до таа мера што неговото возило претставува пречка за нормалното одвивање на сообраќајот. Предвидена е глоба во износ од 50 евра.

На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 километри/час, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за негов дел.

Глоба во износ од:


400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци.
300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци.
45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h над дозволената брзина
20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода , на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 km/h над дозволената брзина.



Зголемена брзина надвор од населеното место

На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од:


130 km/h на автопат;
110 km/h на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и
90 km/h на други патишта.



Возачот кој при свртувањето на возилото пресекува велосипедска патека или лента, е должен да ги пропушти велосипедите, велосипедите со помошен мотор, мопедите, трициклите и лесните четирицикли што се движат по велосипедската патека или лента. Во спротивно е предвидена глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност.

Возачот не смее да престигнува друго возило кое се приближува кон обележан пешачки премин, кое преминува пешачки премин или кое застанало заради пропуштање на пешаци на тој премин.(Во спротивно е предвидена глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од три до 12 месеци).
Звучни и светлосни сигнали за предупредување

Возачот е должен да употреби звучен знак за предупредување кога тоа го бараат причините на безбедност на сообраќајот. Звучниот знак за предупредување не смее да се состои од низа тонови од различен интензитет при што возачот е должен давањето на звучен знак за предупредување да го сведе на неопходна мера. Во спротивно е предвидена глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода.

Запирање и паркирање

Возачот односно сопственикот на возилото не смее да го запре или паркира возилото на место на кое тоа би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или за движењето на пешаците и велосипедистите. На јавен пат, на места односно на простор наменет за запирање и паркирање на возила, како и на посебно уредена сообраќајна површина наменета за движење на пешаци и велосипедисти, забрането е да се остават возила кои заради оштетеност односно дотраеност, не се употребуваат во сообраќајот (хаварисани, напуштени возила, камп приколки и слично), како и други предмети со кои се попречува одвивањето на сообраќајот и се загрозува животната средина.

Предвидена е глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност , односно регистрирање на 25 негативни бода)

Употреба на светла во сообраќајот

Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот. Предвидена е глоба од 15 евра дење, 35 евра ноќе во денарска противвредност односно се регистрираат 15 негативни бода.

Комплетната листа на сите казни погледнете ја на ПРАВДИКО.МК

http://infomax.mk/wp/?p=39324


Edited by Max - 01-Oct-2015 at 00:11
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 26-Sep-2016 at 08:00

мозоци, после ние сме биле корумпирани полнејки буџет со секакви казни, сепак корисна идеја, не бидејки возачите ќе имаат поголема предострожност, туку работниците на пат да имаат поопуштен работен ден, чинам постресна и поризична работа од реконструкција на отворен пат здравје

можеби добро е ваква одредба да важи и за градежни зони а не само при работа на пат, хе хе дупла казна за секој сообраќаен прекршок во рурална средина

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 919
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 04-Nov-2017 at 00:12
Originally posted by beTon

можеби добро е ваква одредба да важи и за градежни зони а не само при работа на пат, хе хе дупла казна за секој сообраќаен прекршок во рурална средина

7:47


попосле, ние сме биле ригорозни ...

За пијан возач кој убил човек - доживотна робија

Возачите кои со опасно возење под дејство на алкохол ќе предизвикаат сообраќајна несреќа со смрттни последици би можеле целиот живот да го поминат во затвор. Ова е најновата одлука на владата на Велика Британија.

Како што пишува „Индепендент", максималната казна за несреќа со кобни последици која ја предизвикал возач поради пребрзо возење, или поради зборување на телефон додека вози, е зголемена од сегашните 14 години, на доживотен затвор.

Во законот ќе се изврши нова квалификација, но сеуште не е одлучено која максимална затворска казна ќе биде одредена, а се работи за предизвикување несреќа поради невнимателно возење во која има тешко повредени лица.

„Индепендент" пишува дека во 2016 година 157 луѓе биле осудени поради предизвикување на сообраќајни несреќи со смртен исход.

http://vecer.mk/svet/za-pijan-vozach-koj-ubil-chovek-dozhivotna-robija

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 919
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 14-Feb-2019 at 11:28

трета автобуска Трагедија во последните години, после излетаниот туристички автобус 2017-та кај Велес, скоро излизганиот на снег кај Лесковац, а сега и овој, иако низ годините имаше многу други, од нет има инфо за несреќи вон Македонија,
еден судар во 2016-та во Турција и еден излетан автобус во 2013-та кај Будимпешта, сигурно и многу други како еден изгорен во Србија итн.

Господ Да Ги Прости Настраданите а на Преживеаните Да Им Даде Здравје ...

15 загинати во тешката автобуска несреќа, на истото место 1987 година имало иста несреќа

Уште едно лице почина ноќеска, со што бројката на загинати лица во една од најтешките автобуски несреќи во историјата на Македонија се искачи на 15.

Вчера попладне се случи тешка сообраќајна несреќа, кога автобус на гостиварската фирма, Дурмо Турс, патувајќи од Скопје кон Гостивар, преминал на патниот правец кон Скопје, пробивајќи га оградата и падна во бездна, по што се преврте.

На местото на настанот загинаа 7 , а подоцна на тешките повреди им подлегнаа уште 8 патници.

Во скопските болници се згрижени уште 40 тина повредени, од кои неколкумина во тешка здравствена состојба.





фб статус

ДАЛИ СЕ СЕЌАВАТЕ НА УЧИЛИШНИОТ АВТОБУС ШТО НАСТРАДА НА ИСТОТО МЕСТО ВО 1987 ГОДИНА ЕКСУРЗИЈА ОД ТЕКСТИЛНОТО ,,КОЧО РАЦИН”!? СОЧУВСТВО ДО СЕМЕЈСТВАТА НЕКА ПОЧИВААТ ВО МИР

http://www.dokazmakedonija.mk/15-zaginati-vo-teshkata-avtobuska-nesreka-na-istoto-mesto-1987-godina-imalo-ista-nesreka/


после ваква низа на несреќи си поставувам едно прашање кое секогаш ме мачи кога се возам со приградски или меѓународен автобус, а при што Молитвата ми е приоритет, дали е нормална брзината на возење со која денес тераат автобусите а не се во засебна лента за товарни и автобуски возила, им влетуваат во макази, им рлаат по коловоз сешто, им застануваат во лента итн. друга работа е што ретко во кој автобус има појаси на патничките седишта, а не пак врзувањето да е задолжително, сосем небитно но дали шоферите денес екој им мери притисок или зема редовно крв, конечно колку се законски обврзани да проверуваат при секое поаѓање притисок на гуми, не сум експерт но претпоставувам при големи брзини во автос во кој патниците неретко си шетаат за да си фатат поубаво столче и маланерамнотежа на пневматиците може да предизвика проблем, но на крај колку и да сакаме нешто на побезбедно од јавниот автобуски превоз да сториме дури и во Германија се случуваат и автобѕски [1] и железнички [2] и авионски [3] несреќи, што укажува дека ние не сме некаков посебен исклучок но во однос статистика според бројност на население и те како сме во врвот, заради што мора стандардите да се исправат озбилно инспекциски а Народ да научи да не се расправа со шофери или пак си носи покуќнина по автобуси ...

_______________________________________________________________________

од оние светски медиуми кои ги проследив најконцизно известување е на https://www.fireengineering.com/ap-news/2019/02/13/bus-plunges-into-ravine-in-north-macedonia-killing-13.html

неофицијално на Сител чув дека пукната гума го исфрлила автобусот од колосек, за што не мора да значи дека е одговорен возачот, но затоа е истрага па да видиме, но имајќи ги во предвид нашите околности за супер стандардизација на хартија но не и во пракса можеби паметно би било да има секоја градкса автобуска станица технички надзор кој како кај возовите пред тргнување ќе ја проверува состојбата на секој автобус бидејќи не секој шофер е и механичар, а доколку би сакале блиску до 100% безбедност може комотно да се нормира задолжителен ролбар за секој автобус кај нас, можеби дополнителен испусти на ролбарот од страна кај кровот кои би оставиле бар малку простор за да се извлекуваат брзо патници во вакви ситуации, колку и бош ова да звучи реално нема лоша идеја која би го ја подобри безбедноста во сообраќајот на патници, конечно како се стигнува до некој изум или иновација, бар бочни хидраулични дигалки да има во таков ролбар ако не може да има испусти бидејќи при вакви несреќи милиметри и секунди се во прашање за нечиј Живот да се спаси, зошто се вели при сообраќајни несреќи прва работа е имобилизација на повредениот, а кого како да имобилизираат при ваква хаварија, само погрешно извлекување и отиде уште пршлен плус, може грешам не сум најпаметен кој би требало да говорам за ова, но ете ниту мене некој ме потсетил како во вакви ситуации е најдобро да реагирам како минувач, веројатно ако има ризик од експлозија нормално нема да се двохмам, но да се чека на брза помош долго исто не е опција, можеби добар потсетник зошто селските амбуланти и амбулатни возилатреба да се исто норма ...

Tire Explosion Prevention

...
  • Inspect tires – Inspecting your tires daily is one of the best ways to prevent tire explosion accidents from occurring. It allows you to gauge when your tires should be replaced and/or if they need to be inflated or deflated.
  • Maintain tires – Replace tires as needed. If a tire was damaged during a trip, make sure that it properly repaired as soon as possible. Follow industry regulations regarding when tires need to be replaced.
  • Do not overload your truck – Follow the rules and regulations for cargo weight before transporting material in your truck. Trucks that are too heavy with cargo can be at risk for explosion.
...




Edited by Zelenikovo - 14-Feb-2019 at 13:29
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 919
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 14-Feb-2019 at 17:17

да демантирам не е пукната гума туку блокиран бил воланот нема само информации од новинарите колкави и какви биле трагите на кочење по што би можело да се нагања дали е блокажата заради отидена спона на тркало или полжав на волан!?

според местото таму требало да има бетонска бариера чим толкава денивелација има под патот, иако не знам колку законски е тоа покриено така, но логично е чим мовчиња по рекички од селски патчиња се оградуваат екстра што пак автопат толку пари исфрлени за автопати а само на некои места етонски бариери, ова како и за обиколницата дури откако ќе се случи некоја несреќа се воочува дека проектот бил недоносен!

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 919
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 15-Feb-2019 at 16:01

вкупно Патници биле 50+1, официјално настрадани се 14 Сограѓани, а 5 се сеуште во критична состојба [1] трагедија која не е воопшто помала од последната поплава кога имаше исто многу настрадани и повредени, но и тогаш и сега можело правовремено да се реагира доколку на ачик биле информациите во однос проектите (тука мислам за бетонска банкина до раб на автопат со толкава денивелација) или пак ризиците за кои еве закаснето инфо колку всушност дефектите се секојдневие [2] од друга страна среќа амбулантните возила брзо дошле но и Ласкаичани брзо интервенирале [3][4][5]

може редно време е да се воведе задолжително ABS систем за кочење, бар за школски превоз [1][2] иако средношколците одат и со секојдневни регионални линии, на една таква сред тура карданот почна да му тропа на комбе а шофер не се исклучи од сообраќај, рече ќе издржело комбе до сервис, заради што веројатно мора некој поозбилен надзор да постои, можеби рутински месечн ако не неделен технички преглед за секој постар автобус од десет години, бар какви гуми за какви услови имаат и визуелно во каква состојба е подвозејето, ова може делува дека тресам од раква, но алудирам дека не мора да значи ако е постар автобус дека не е на арно работата, само треба агилна контрола и предострожност да не се брка патот пред себе [1] за што треба категориска ригорозност!





единствено што ме зачуди како немарност на институциите e како Град Скопје не најде за сходно на порталот да објави Жална Вест за сите настрадани [1] бар со црна лента да го одбележеа тоа! иако ни МВР ниту ЦУК се поарни [2][3]

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 919
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 16-Feb-2019 at 13:19

додека се чека на резултати од официјална анализа, морам да дополнам дека после три дена ниту една Институција (освен по некоја општина) не извади и еден банер ако не видео со Сочувство ... требаше бар да се организираат далеку поагилно информативно него штуро, пр. како што беше при поплавата [1] наместо така, сд бафтаа ситнопаланечки со проблемот, просто живееме во време кога е битно политички поени да се обработуваат од сите страни наместо да се сочувствува со Преживеаните и Семејствата на Настраданите, но имаше и бетер при што се надмина и логичното на тоа агитпроп поле но за тоа ќе коментирам другде, тука ќе потсетам дека ниту РСБСП не извадија бар црна лента на футер ако не хидер на сајтот [2] иако бар еве денес имаше нивно гостување во СК77 каде се кажаа и поучни но и конформистички работи налик да не прејудицираме како стојат работите затоа слушателите тоа го чинат [3] вака цела трагедија бидна уште поголема при што има вакум и во експертски анализи освен инстутиционална збунетост како заедништво и сочуството, но ко што коментира еден Брат на фејсбук нека биде опомена на повеќе нивоа за да не се повтори ...
Барам на тајм мк нови информации за вчерашната несреќа, што ја предизвикало - нема. Има информации дека е ден на жалост, се одложиле концерти, изрази на сочувство... За трагедијата во Србија со преполовениот автобус имаа веднаш и причина и виновник и изјави од сведоци. Нека биде оваа трагедија повод за менување на навики, за одговорност, за поголема присебност во сообраќајот. Почитта кон жртвите и нивните семејства нека биде искажана преку брзо расчистување на случајот. И нека биде искажана со почести контроли на тоа кој вози, како вози и што вози - за да нема следни. Човек да не е во кожа на семејствата - и на повредените и на загинатите. На загинатите да им се отворат рајските порти [1]





Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1766
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 16-Feb-2019 at 14:26
Ова е добра причина да се стегнат ЈАКО сите станици за технички преглед зошто сите и така знаеме дека регистрираат 100% од возилата кои ќе дојдат на регистрација. Подобро да не постојат доколку не прават селекција!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 919
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 16-Feb-2019 at 15:10
примарна работа е инсфраструктурата, дефекти на возила се случуваат од разни причини пр. ефтини репарирани или фалц резервни делови кои технички ќе бидат таман но при возење ќе пукнат или попуштат, додека недостатоци во инфраструктурата како бетонски банкини на онаква денивелација под автопатот или пак на брда тоа треба да е норма онаму каде има голем проток на возила или се дозволени големи брзини, но како што вели гостинот од РСБПС во линкуваната емисија пост погоре а во однос Станиците за Технички Преглед треба да се стегне стандардизацијата та ако порано можело зошто сега да нема ригорозен преглед на автобуските оператори, просто и нови автобуси да има секогаш постои ризик, тука е и табиетот на шоферите кој мора да се премерува не само од психолог туку и тајно да ги проверуваат инспекциите како се однесуваат во самиот транспорт, што значи инспекторатот треба да биде на далеку повисоко ниво, правдање на државниот инспектор при мин.тр.вр. дека главен проблем е староста на авотобусите е благо речено експертска кратковидост, на страна дали инспекторот ет експерт, иако со децении е во министерството на високи позиции, речиси како да сака да се амнестира од одговорност, зар чекаа да се случи нештомвакво за да направат подобен есап за промени ...

кај техничкиот преглед точно е дека може да се штима или премижува состојбата на некое возило, номдека за автобуси со лиценца тоа некој би си о дозволил се коси со здрав разум, иако нема што може да ме изненади во Македонија, особено ако ко во случајов си има превозникот свој Тех.Центар та купува на време додека направи ден недела месец подоцна репарација, иако така би ризикувал доколку го однесат на вондреден технички преглед да изгуби се', та нема и ова логика дури сме имале сеуште транзициона корупција, просто заради поголема безбедност треба само стандардите да се подигнат ете бар ABS да е задолжителен во јавниот транспорт, иако ко штомвелам погоре нема да куца магарето ако одиме и потака со ролбарови, хидраулични дигалки или макари напред и назад, ете од предострожност не дека вакви несреќи се секојдневие ...

што е до понови возни паркови тоа може да се стимулира на повеќе нивоа, но ако автобусите се на дофат на обичен минувач ризици секогаш ќе има на претек, само колку паргингот на САС секојдневно го претрчуваат луѓе, оградата околу него решеткаста, та една пиперка да влета во ауспух па какви се не глупости може да стори, по што снимки од камери би биле бадијала иако сега нема ниту една камера која го покрива паркингот од сите агли, во секој случај јавниот возен парк во државава е скоро олдтајмерски, но нови автобуси ќе ги кренат и цените на билетите, што пак би можело да се амортизира со државни субвенции, во кој случај можеби попаметно е државата да го рестартира ФАС а така и за 4-тина до 3-тина да се добијат поефтини нови автобуси при ригорозна стандардизација, иако можат да им скинат царина и данок за нови автобуси на превозниците па така да ги стимулираат но секогаш ќе биде поефтино ако деловите и поправките ти се на ертифицирана локална фабричка линија која биндржела нечија странска франшиза ...


Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 919
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 16-Feb-2019 at 16:44


ако се видат статистиките навиатина трагедии со голем број настрадани повлекуваат големо внимание, но кумулативно секоја година страдаат во сообраќајни несреќи многу Сограѓани, што упатува на тоа дека колку треба предострожност и ресетирање на ризици во јавниот транспорт на Патници исто толку треба во приватниот, тука веројатно би требало исто да се подигне нивото на стандардизација, 1. при што алкохолот треба да е на нула промили при возење, но чинам далеку поголем проблем е возењето под дејство на фармациски лекови со тријаголничиња меѓу нив најексплоатиран фамозниот дијазепам при што моториката кај возачите озбилно е намалена, а не пак што на далеку потешки пациенти им е дозволено управување на возило, антидепресанти од тип на ансилан само колку може да омлитави човек а не пак хелекс, 2. веројатно голем дел категории на лекарства мора да се стават на црна возачка листа а штом доктор ги препише да мора да му земе возачка дозвола на пациентот директно или да го упати индиректно во мвр сам да ја однесе а со белешка од таму да се врати по терапија, но што е ризик од друга природа при што Народ ќе ескивира лекарска помош а така исто толку голема ако не и поголема ризична категорија за во сообраќај, можеби решение би било лекарите да не препишуваат од ракав антидепресанти, бендозијазепини или опијати, туку попрво упатуваат на нутриционист и спортска терапија бидејќи добар дел од стресот и нарушеното здравје воопшто се резултат на неквалитетен начин на живот, но сиромаштија рулз па полесна закрпа е апче како што си е сега, 2.1. чии пак статистики може да се пеглаат со редовни јавни кампањи при што ќе се потсетуваат сите возачи дека меѓу нив секогаш има или некој болен или стар илити аздисан сограѓанин та влегувањето во кола секогаш да биде будна а не опуштена навика, само колку Животи би се спасиле ако сме сите свесни дека и на ново возило заради препумпани пневматици може да пукне гума а така да се случи карамбол и во Град а не пак на автопат, за што добра поука се дашкам видеата, а камо такви 3. камери да станат норма за секое возило кај нас па така и возачите ќе внимаваат почесто на своето однесување, црна кутија која како државно баждарена и пломбирана ќе се инсталира при секоја регистрација на возило ... 



~

инаку ова е прва поголема сообраќајна трагедија кај нас, а она што ја прави посебна во однос штетата е колкав број патници преживеале, за што не се сомневам дека виша сила е во прашање, ете Слава Богу трудната жена преживеа што неретко е случај да страдаат пример родителите а детето да преживее и во невозможни услови ... ова ме потсетува бар од Православен аспект дека може да се осветуваат и превозни средства слично како и земјоделски насади или домови, зошто Народ не го чини тоа и со возила незнам ...

Originally posted by beTon




Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 919
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 16-Feb-2019 at 20:20

колку сме центрифугално сомлени не само од стрес туку и од брзоплет живот тоа е навистина чудо, ова второво е особено воочливо во однос ваква трагедија, кога ајде комшиите не одложиле ратификација во парламент бидејќи е туѓа држава, (иако нелогично ако се земе во предвид нагласениот патриотизам кој логично ако Народ има љубов кон одреден земен идеал како нација та и политичарите треба да сочувствуваат со него), но тука нашите политичари бар оваа недела да ги беа одложиле своите конференции и конвенции, sdSSm земјоделска во Струмица а дпмн претседателска во Струга, премиеро пак во Минхен по аплаузи на маршалова отан конференција, поентата ми е дека ако се нема осет и при ваква трагедија сочувството се заобуколува час поскоро како и да не се случило ништо, што пак за преданост на реформи и подигнување на одржливо ниво на стандардизација и не само во сообраќајот, воопшто, сме станале налик топтан-центрифуга како општество а не само градот како урбана џунгла! после се чудат експерти зошто толку статистиките рушат рекорди, просто сите се брзаат некаде, итаат ко да се во видео игра, којзнае можеби се, во кои околности еденствен лек не само заради сообраќајот туку и безбедноста е rfid мониторинг, чинам веќе нарачаа дпмн за регистрациските таблички ваков новитет а само треба rfid локатори на секој семафор кривина или секоја десетта бандера и конечно по пошта да им стигаат казни на возачи дали заради надмината дозволена брзина или заради претeкнување на полна лента, илити во за возење во прва жолта лента која ако ја вратат булеварски во градот вака најлесно би се контролирала, но под услов автобусите да не прават гужви во сите три туку држат само прва лента во текот на цел сообраќај а само на одредени места со предност на престројување да се вклучуваат во лево заради менување правец, што конечно со клучки кај СОК Мавровка и тунел бар накај Илинденска ќе овозможи беспрекорна автобуска артерија Исток-Запад, но на оваа тема има други нишки на форумов па не би во оваа ...
тука би потсетил дека треба да тежнееме тркачкиот и адреналинскиот табиет да се префрлат од од уличен асфалт на специјалирани тркачки стази, комотно можат еколку и тоа поголеми да истераат во Скопје за оние кои милуваат трки да имаат каде и да се празнат наместо тоа да го прават по улици, а дека ги има многу ги има, но без да се инвестира во озбилен јавен транспорт кој ќе биде бесплатен напливот на коли се повеќе и повеќе ќе допринесува за гужви ако не потешки ризици, дури во такви услови стандардизација може да се крене до плафон а колата да е луксуз, додека на автобуските превозници да им се исплати да купуваат скапи автобусибидејќи Народ и би свикнал помасовно да ги користи т.е. ако навиките за градскиот јавен транспорт се зголемат ќе се зголемуваат и за меѓуградскиот, но нели кај нас предност имаат автопатските патарини и државниот буџет, или градежниот сектор за чиј бум скап или ограничен автомобилски транспорт е зицер, нели бркаме норма ако може Скопје сите села и градчиња да ги прибере на едно место, нели убавоме да се штима бдп и макроекономија низ таа призма во биланси, иако сето тоаме за сметка на позагадена и понебезбедна метропола, зар не ...
инаку логиката е дека што постара превозна компанија толку поозбилна, но кај нас е обратно и не важи ова правило еве пример ко што е случај во сАд, но ако се има волја ќе се најде начин како ризиците да се релативизираат, а за што ни фали мобилизација на експертската фела која ќе биде иницирана ако не натерана да дебатира по институционални  ефоруми со време а не постфестум несреќи или хаварии, која е фората да имаш алатки кои би ги сплотиле учените а тие дремат на фејкбук пуштајќи ко дечурлана некакви графити статуси по ѕидои, небаре учеле и се надградувале за сето тоа знаење да им дреме во џеб а само по некогаш од ракав да тресат твитои ако не статуси во најдобар случај тв сеир или чалам, после нормал вакумот го пополнуваат полуписмени ко мене, наместо таквите да се само мотивација што повеќе Луѓе да се описменат откако нели некој ваквите абери пример ќе ги оспори надополни или девалвира како би отворил простор за поелаборирана ука ...






Edited by Zelenikovo - 16-Feb-2019 at 20:30
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 919
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 17-Feb-2019 at 06:44

ако се погледне нишкава има натписи за безбедност во сообраќај од балкански автосписанија но не и од македонски, и ајде немале таков безбедносен табиет, но бар една црна лента да ставеле на порталот на првото македонско авто списание [1] се прашувам дали се работи за непрофесионалност, но не е, ако огледало ни се институционалните авторитети и нивната просечност ако не подпросечност во однос грижата за општествотомете од едукативен или солидарен аспект, кон што се фокусирани вооппто ако не кон тоа, веројатно ситнопаланечко медихмско бркање поени, мислам незнам зошто толку време глумат сообраќајно душегрижништво а всушност на таа тема имаат само републички совет и никаква сеопфатна агенда туку од време на време по некоја кампања онака медиумски бомбастично како што се правеше до сега колку да не е без ич, НО КАДЕ СЕ СООБРАЌАЈНИ ТВ ЕМИСИИ кои не само што ќе бидат резервирани за безбедност во сообраќајот туку ќе бидат продукциски бар на балканско ниво, идеално доколку законски тв и радио медиумите имаат законска обврска ~ или да имаат своја соодветна емисија или да ја превземаат државата на МТВ, но како да стигнат до или попрпво зошто и до сега не наметнале норма за да таква рубрика имаат и е-медиумите и специјализирани авто изданија, та авто+ е уште од титоизмот и ненни треба на ова да курљжат, но очигленонкај нас мора државна стратегија и мандатни механизми за да се натераат СИТЕ одговорни да си ја работат својата работа, сообраќајот кај нассамо стихијно се третира инисклучиво после некоја несреќа, еве сега имаат повод за инерција кон поголема општествена будност за потребата од постојано Учење Потсетување и Реформирање на Собраќајните Норми и Безбедноста во Сообраќајот, нешто што е постојано неопходно бидејќи не само што е зголемен број на учесници во сообраќајот туку со спуштени државни рампи истиот и дополнително ќе се зголемува на страна што живееме во век кога брзината опуштеноста и рефлексите се далеку поголеми него во минатиот, сега не се ни осеќа патот под нозе, си вози Народ тоа новите возила ко да е по вода, но и во вода кога има карпа или при паркирање бродот отворил труп и малку треба за да истиот потоне, пота бадијала барање кривец бидејќи инерцијата кон поголема безбедност не е само кај инспекциските служби туку кај самите капетани а тие постојано треба нешто ново да учат илимпак се потсетуваат на она што го знаат бидејќи во секоја ситуација ист научен аршин не поминува иако теоретски е нормиран, просто има толку варијабили или непознати во сообраќајната теорија да никогаш Човек не е на сигурно дека е безбеден штом влезе зад воланот, заради што постои Осигурување, но дали сонистот се избегнуваат ризици, напротив истото треба да е потсетник дека нив ги има многу во Сообраќајот, но имам чувство дека Народ го доживува како безбедносна полиса а всушност станува збор за утешна полиса, што пак може да се смени лесно само и ако се задолжени осигурителните компании да делат буклети за безбедност во Сообраќајот, но не онакви извадени од принтер туку глоси книгички за и на децата да им е мерак да си ги листаат, а за возачите да ги имаат на ум законски да мора да им стојат во автомобил на шалттабла со печат со рег.број да се распознава леснонкое возило е регистрирано, но и возачите секогаш кога ќе влезат во автомобил би се потсетиле дека ризиците се реални во сообраќајот ...

но и балкан да не ги фалиме за репер, иако ете според мапата на последниот линк од горниот пост јасно е дека хрватите се трудат црвената маркација да ја тргнат од таму, бидејќи имале тв стрим при Хрватски Ауто Клуб -Промет Инфо емисијата на хтв но истиот е сега 404 рут, иако би требало да имаат и YouTube архива или пак воја каде не само што секоја емисија ќе биде закачена туку и категоризирана или тагирана, о не заради друг заради идни нивни соработници, иако од корист е за мнозина кои би сакале да искористат поука или анализираат постојна или поранешна состојба ако не во сообраќајот во однос афирмирање на безбедноста во сообраќајот, иако и нив им фалат односно немаат инерција за еОпштество и академски или институционални еФоруми каде информација се лесно пребирливи и дофатни а анализите постојано надополнети дури и кога вака лаички би ги коментирале само студенти од дадениот сектор а не пак експертите да си пеглаат пристапот и атмосферата во фелата ...

жалосно е што порано при минимум сообраќај во земјава споредено со денес имаше детски тв-емисии како ЦрвеноЖотоЗелено мислам се викаше, па и стрипови за безбедност во сообраќајот, а сега принтолку поедноставен процес за креирање графички и аудио-визуелни уметности ајт што никој не наоѓа време некако од спунт да освежува општество на оваа тема туку ниту државата некако ги стимулира Граѓаните да бидат вака креативни а како постојано би се потсетувало дека секој што е зад волан не само што е одговорен за себе и тие со него туку има одговорност и за оние наоколу, ова е логичен позитивен пристап, иако лично колку се заминати времињава во однос неодговорност не би имал против да се размислува и дрско-креативно та секој видно пијан возач кој би седнал зад волан да не е казниво сомклуч да му се изгребе каросерија, клуч не механичарски туку браварски, ова последново го потенцирам бидејќи законски буквално мора да се акцентираат сите можни ситуации кога што е дозволиво, имаше нели еден пожарник на фејсбук пратил статус Луѓето од страна помагале ваделе настрадани но дали тоа правилно го сториле дали на јуриш не направиле некаква штета, логично, но ова мора да е педантно законски покриено а не е ...


Edited by Zelenikovo - 17-Feb-2019 at 06:48
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 919
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 17-Feb-2019 at 11:11

хак имале и тјуб канал но само со по некој издвоен прилог од емисиите [1] та и тие не се за пофалба како најагилни, но ние дефинитивно сме без конкуренција затворени или заспани, заборави имаме бар едно списание каде безбедноста во сообраќајот е третирана, но не ми е јасно зошто и како немаат електронко издание, онлајн архива, ги болат ли прсти за два три екстра клика и бар безбедносните содржини да се објават, може се плашат дека така ќе имаат помалку работа!?

https://www.amsm.com.mk/selectedarticle.aspx?cid=5394&scID=5826&l=94

од друга страна АМСМ сега е приватна компанија претпоставувам, иако нема ништо на сајтот во менито Историја за нивната трансформација, но РСБПС денес како едуктивен државен орган треба и може да има е-билтен ако не озбилен сообраќаен еду-портал, сега се сведени само на повремени кампањи, а и од нив нема комплетна архива, ќе да им имаат рок на траење кампањите, но може некој ќе ги потсети дека треба да им се топтан архивирани, имаше едно време интересен анимиран спот баш го барва за нишкава но без успех, АМСМ пак и по меил пробав да ги контактирам ако мажат пак да го закачат видеото за Помош на Пат, но ниту ми одговорија на пораката а не пак да го закачат пакмвидеото на јутјуб, веројатно се сомневале дека некој може да го прегледа повеќе пати ...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 919
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 17-Feb-2019 at 11:36

теоретски стандардите треба да го подигнат Квалитетот на Живот, но кај нас е обратно чекаме да се опариме и кренеме да Живееме а дури потоа за стандардизација ќе мислиме, за изуми ден потоа ако и тогаш обучно ќе бидат заборавени како патенти и толку, но бар иновации може да се тераат па она што веќе негде постои иновативно да го надградиме освен преведеме, пример АМСМ може да има квалитетна интерактивна апликација налик хаковата ...

но би билл паметно и државата преку советот да извади нешто слично но со еФорум каде за секоја недоумица ќе може Народ ако не стручни лица да одговорат на дилемите ...

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.107 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.