build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сообраќајни правила, етика и казни

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 06-Mar-2009 at 01:45
Originally posted by pbanks

Сеа се враќав од работа и кај собрание еден пратеник (незнам од која партија е и како се вика но сум го видел на ТВ) са намести на излезот кај Домот на АРМ и старташе лево преку дупла полна линија накај Рекорд. Сите знаеме кој е потенцијалот за судар во ваков маневар кога од рекорд коли доаѓаат од слеп агол со барем 50-60км/ч

Многу ми е криво што не стигнав да изреагирам да го сликам тоа или барем да му ги забележам табличките Wallbash

имаат добро посетено бифе во собрание, па затоа и ваков каубојштинлак!

Ракијата те прави сигурен - но само навидум

Алкохолот и сигурноста во сообраќајот

Продолжувањето на времето за реакција условено со страв се нарекува “секунда на стравот” и се движи обично помеѓу една и пол до две секунди. Помеѓу факторите кој влијаат на времето за реакција извонредно место завзема алкохолот. Рефлексната активност на пијаниот возач е најмалку три пати побавна кога, на пример, не се напил ниту капка.

За сообраќајните несреќи поопасни се послабите степени на алкохолизираност, отколку сосотојбата на видливо пијанство. Пијаниот човек ниту самиот со себе не може и не умее да управува и патниците од таков возач обично се тргаат на страна.

Алкохолизираноста и слабиот степен, а тоа зависи и од индивидуалната подносливост, доведува до успорување на брзината на движењата и регирањата, лабава прецизност во работата, го стеснува видното поле, ја ремети можноста да се воочи раздалеченоста, заморот побрзо настапува, а со тоа попушта и сигурноста во возењето.

Електро-енцефалографските истипувања покажуваат дека кај сите прегледани, со ниво нешто помало од половина грам, настануваат промени на активност на мозочните ќелии, всушност модификација на работењето на повисоките нервни центри, а тоа се одразува во низ понатамошни пречки при управувањето со возилото.

Така, на опасните места се преценуваат можностите, се ризикува претерано, внимателноста попушта - се до искажување на чувства на претерана сигурност. Несомнено е дека при тоа доаѓа и до слабеење на моторните автоматизми, што тешко ја загрозува безбедноста во уптавувањето со возилото.

Карактеристичен е примерот, на основа на еден експеримент направен во Манчестер, при кој еден мошне добар и вешт професионален возач, под дејство на само 17 центилитри виски, управувајќи автобусот широк 2,27 метри се обидел да помине низ премин широк само 2,08 метри.

Репортер - 06.11.2008



Edited by beTon - 06-Mar-2009 at 01:51
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 11-Mar-2009 at 15:22

малку подалеку од нас, но го постирам колку да биде јасно зошто и како имаат сообраќајна култура  во случајов британците! 

Шест месеци в затвор за брзо возење мотоцикл

Британецот Робер Бенет, кој го управувал својот мотоцикл со брзина од над 200 километри на час, на пат на кој ограничувањето било 95 километри на час, ќе одлежи 6 месеци затвор, а возачката дозвола му е одземена на 18 месеци, објавуваат британските медиуми. Мотоциклистот за време на брзото возење бил со својот 14-годишен син. Роберт Бенет (47), на суд се бранел дека почнал да вози брзо оти врнело дожд. Неговиот адвокат објаснил дека Бенет своето „сузуки 1300“ го возел со голема брзина само неколку стотини метри. Да изгубевте контрола над мотоциклот.... а ако го додадеме и фактот дека со вас беше и дете, вашата одговорност е неверојатно голема - ја објаснил судијата пресудата. Британецот, кој го возел својот син на мотоциклот, бил снимен од безбедносни камери.

Дневник - 04.03.2009

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 05-Apr-2009 at 19:18
Почнава трките низ улиците на Скопје


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 09-May-2009 at 19:15
Полицијата советува и казнува низ битолските улици
Петок, 08 Мај 2009 16:46

CVETANKA%20SOOBRAKAJ%20SL%20003

Неносење на потребната документација и опрема, непочитување на сообраќајни правила и прописи и загрозување на безбедноста во сообраќајот. И денес ова го имаше низ битолските улици:

,, Возачка дозвола, вели полицаецот. Сега се пријавив, одговара возачот. Вашата лична карта за докажување на идентитетот? Да видам кој сте вие. Не ја носам. Сторивте два прекршоци: управувавте скутер во сообраќај на пат без да поседувате важечка возачка исправа за што предвидена е глоба од 300 евра за што ќе добиете платен налог за сторен прекршок:управување во сообраќај на пат без заштитен шлем. За тоа е предвидено глоба од 45 евра, рече полицаецот.

CVETANKA%20UCESNIK%20VO%20SOOBRAKAJ

Возачот ја разбра пораката:

 Ќе положам за потврда и ќе носам кацига. Имам 15 и пол години. Тоа ќе го направам за една недела, вели возачот.

Друг возач не пропушти пешаци на пешачки премин, а трет ги погреши светлата.

CVETANKA%20SOOBRAKAJ%20SL%20002

Ваквата акција на сообраќајната полиција започна на 15 април како воспитна акција со наслов :Поголема безбедност на пешаците, велосипедистите и моторциклистите во сообраќајот. Полициските патроли интензивно ќе дејствуваат од 31 мај, а потоа од 1 до 31 октомври.

 За успешно спроведување на оваа сообраќајно воспитна акција со цел да се намалат штетните последици, односно бројот на сообраќајните незгоди во кои како настрадани се јавуваат: пашаци, велосипедисти,мотоциклисти, поставуваме сообраќајни патроли на најфрекфентните места, односно онаму каде има најмногу деца, пешаци, велосипедисти, вели Благој Трпковски, виш инспектор за превенција

CVETANKA%20SOOBRAKAJ%20SL%20001

Сообраќајните полицајци покрај превентивната активност ќе дејствуваат и во насока на откривање, санкционирање и докажување на потешките прекршоци што ги прават возачите во однос на пешаците и велосипедистите:

 Првите мерки се опомена, по што следува сообраќајна поука, а на крај платен налог за потешките прекршоци, вели Благој Трпковски, виш инспектор за превенција во сообраќајот.

И возачите и пешаците се подеднакво загрозени во сообраќајот. Затоа покрај возачите на моторни возила, санкционирани ќе бидат и прекршоците што ги чинат пешаците, велосипедистите, моторциклистите, а посебно поминувањето на црвено светло, надвор од пешачки премин, движење на пешаци и велосипедисти по автопат, како и неносењето на заштитен шлем на лица кои се превезуваат со велосипед со мотор и моторцикл за време на возење на патот.


Цветанка Ристевска
< ="" ="text/"> \n aktuel@tera.com.mk



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=7559:2009-05-08-14-48-58&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 12-May-2009 at 04:12
едукација е битен момент, но мислам за да се почитува максимално законот дефинитивно треба судски избаждарени камери на секој пешаќки и раскрсница со кои ќе се детектираат редовно аномалиите, и јасно по пошта ќе стигнуваат глобите. вака сега како што е поставена контролата врз основа на совест и случајни контроли, ефектот од спроведување и на почитување на сообраќајните правила е прилично дискутабилен...

сепак има донекаде ефект и психолошката репресија преку високите и строгите глоби, сега дури со новите измени мисла станавме и построги т.е. поефективни и од хрватска. таму после три бушења се одзема дозволата на година до три, а кај нас сега уште при (првото бушење) првата поозбилна казна може да се одземе дозволата на извесен период. еве ги измените, само тука нема инфо за санкционирањата околу начинот и времето на одземање на возачките дозволи, иако истата таа информација ја имаше во печатената верзија, или јас цитирам друг наслов!?

Кој повеќе испил, повеќе ќе плати

Наместо досегашните 400 евра казна за сите пијани возачи, отсега тие ќе се рангираат во четири категории и ќе плаќаат во зависност од тоа колку испиле.

...

Казните ќе се движат од 250 до 400 евра, во зависност од тоа во кој стадиум на пијанство ќе биде фатен управувачот на возилото.

Ова се измените и дополнувањата на Законот за безбедноста во сообраќајот, кои влегоа во собраниска процедура, а според кои висината на паричната казна ќе се одредува според концентрацијата на алкохолот во крвта. Предвидено е рангирање на пијаните возачи во четири категории. Во Македонија, дозволена концентрација на алкохол во крвта е под 0,50 промили.

Досега сите пијани возачи, без разлика дали биле фатени со 0,50 или пак со над 2 промила алкохол во крвта, плаќаа иста казна од по 400 евра. Надлежните сметаат дека на тој начин ќе има поадекватно санкционирање на пијаните возачи.

- Како резултат на компаративните искуства во Европа, со предложениот закон се предвидува конкретно дефинирање на недозволените промили на алкохол во крвта, како и адекватно санкционирање на учесниците во сообраќајот што постапуваат спротивно на посочените одредби - велат креаторите на законските измени. На нашата мини-анкета повеќемина граѓани позитивно реагираа на предложените законски измени.

- Не може некој што испил едно пиво да плаќа иста казна како некој што се направил „дрво“ пијан. Полицијата досега само еднаш ме запрела и по испиени две чаши пиво апаратот покажа дека имам околу 0,60 промили алкохол во крвта. Ми напишаа казна од 400 евра, но поминав само со половина од казната бидејќи ја платив во законскиот рок од осум дена. Сметам дека на тој начин ќе се воведе ред во контролата на пијаните возачи - вели возач од Скопје. Други, пак, сметаат дека не треба да се прави категоризација на пијаните возачи.
...
Македонија е земја што влегува во категоријата на земји со одредена толеранција кон процентот на алкохол во крвта. Дозволената граница до 0,50 промили како референтна ја имаат и Бугарија, Хрватска, Србија, Грција, Словенија, Турција, Италија, Германија, Швајцарија и други. Најригорозни земји, во кои воопшто не е дозволено присуство на алкохол во крвта, се Чешка, Унгарија, Романија, Словачка, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Полиберални земји, со дозволени до 0,8 промили алкохол во крвта, се Ирска, Велика Британија, Канада, Мексико, Малта, САД и други. Македонската полиција често врши поголеми акции за алкотестирање на возачите по македонските патишта и најчесто добиените податоци се дека околу 20 отсто од нив возеле под дејство на алкохол.

Процентот на алкохол во крвта не зависи само од количината на испиениот алкохол, туку и од други фактори: тежината на човекот, полот, возраста, временскиот интервал од внесувањето на алкохолот до тестирањето и друго. Маж со просечна тежина од околу 70 килограми по две испиени пива при тестирање може да ја надмине дозволената граница од 0,5 промили алкохол во крвта. За намалување на вредноста на алкохол во крвта од над 0,5 на нула потребно е да поминат од еден и пол до три часа.

Возењето под дејство на алкохол не е најчестата причина за предизвикување сообраќајни несреќи во Македонија. Во минатата година имало 4.408 сообраќајки со потешки последици, како и 11.698 сообраќајни несреќи со полесни последици во кои е причинета само материјална штета. Од сите несреќи во минатата година, само мал дел, односно 133, биле предизвикани поради возење под дејство на алкохол, а најголем број, т.е. 1.461 несреќа се случиле поради возење со преголема брзина. Лани на македонските патишта загинале 162 учесници во сообраќајот, а повредени се 6.724 лица.

Во 2008 година полицијата во Македонија поднела 135.384 барања за поведување прекршочна постапка, во 24.646 случаи наплатени се парични казни, а од сообраќај се исклучени 17.284 возила и 14.582 возачи. Привремено се одземени 5.150 возачки дозволи. Лани биле извршени и 71.000 алкотестирања.

Дневник - Александар Манасиев - 02.05.2009
И цариници и шумски полицајци ќе контролираат сообраќај

...
- Покрај униформираните полициски службеници, дадени се овластувања контрола во сообраќајот да вршат униформираните царински работници и припадниците на шумската полиција. Со овие новини се засилува степенот на контролата, а со тоа се влијае и врз безбедноста во сообраќајот. Исто така, овластени се и железничките работници да го регулираат сообраќајот на премин преку железничка пруга во случај да не функционираат светлосно-сигналните уреди - објаснува Зоран Ѓуроски, член на РСБСП.

Измени има и во делот што се однесува на обележување на премин на пат преку железничка пруга. Предвидено е означување на сите браници на премините со црвена и со бела боја, како резултат на потребата од унификација на сите сообраќајни знаци на патиштата.

Една од поголемите измени, како што претходно информиравме, е рангирањето на пијаните возачи во четири категории, што досега не беше практика. Досега сите пијани возачи, без разлика дали биле фатени со над 0,50 или пак со над 2 промила алкохол во крвта, плаќаа иста казна од по 400 евра. Отсега таа ќе изнесува од 250 до 400 евра, во зависност во која фаза на пијанство ќе биде фатен возачот. Од РСБСП тоа го објаснуваат како поправичен начин на санкционирање на пијаните возачи бидејќи не можат во ист кош да се ставаат оние што испиле две пива и оние што управуваат возило откако се довеле до тешко пијанство. Креаторите на законските измени сметаат дека во Законот ќе се вметнат делови за поголема етичност и солидарност на учесниците во сообраќајот

- Со новите предлози на законските решенија применети се искуства од Словенија, Хрватска и Германија, бидејќи се поттикнуваат начелата кај учесниците во сообраќајот за меѓусебна солидарност, етичко однесување, а кај субјектите, како државни така и останати, да ги поттикнуваат и надградуваат овие односи - велат од РСБСП. Во предлогот на измените се дава можност родители или наставници да запираат сообраќај кога водат организирани колони пешаци или кога сообраќајот во близина на училишта го регулираат припадници на училишните сообраќајни единици и сообраќајните патроли на граѓани. Оваа новина е воведена пред се' поради високиот степен на загрозеност на пешаците како учесници во сообраќајот, а посебно на децата.На дел од учесниците во сообраќајот овозможено им е движење со поголема брзина за да не се предизвика застој на патиштата.

- Направени се измени во релација со актуелната тенденција на производство на современи, технички поусовршени и софистицирани возила, чие користење во согласност со постојните ограничувања на брзините на патот може да предизвика застој во сообраќајот. За таа цел, користејќи ги компаративните искуства на некои земји, се овозможува соодветна динамика на движење, односно се предвидува зголемување на дозволената брзина во просек за 10 километри на час за товарните моторни возила и автобусите, како и конкретни специфики во однос на возилата со кои се врши превоз на опасни материи - објаснуваат креаторите на законските измени. Во Републичкиот совет велат дека многу значајна измена за подобрување на безбедноста ќе биде создавањето на таканаречената Национална стратегија.

- Многу значајна новина е што Собранието се овластува да донесе Национална стратегија за подобрување на состојбите на безбедноста во сообраќајот. Стратегијата се донесува на времетраење од пет години и за нејзино спроведување се задолжени сите државни органи, организации и здруженија на граѓани - вели Ѓуроски.Првата ваква Национална стратегија веќе беше промовирана пред крајот на минатата година. Главна цел на стратегијата е намалување на жртвите во сообраќајот за 50 отсто до 2014 година и целосна заштита на децата од сообраќајните незгоди.

Оваа стратегија утврди дека на патиштата во Македонија има дури 169 црни точки на кои секоја година се случуваат по десетици сообраќајки, најчесто со фатални последици. Станува збор за тесни патишта, опасни тунели и кривини и други места што сеат смрт на патиштата. Националната стратегија предвидува „снимање“ на овие места за да се елиминираат црните точки. Предвидено е да се креираат раскрсници со кружен тек, да се отстранат билбордите што може да бидат причина за несреќа, да се постави соодветно осветлување на патиштата и други безбедносни мерки.

...

 Сепак, РСБСП смета дека во блиска иднина ќе треба да се донесе нов закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, во кој ќе бидат вградени најдобрите европски искуства приспособени на состојбите и на степенот на развојот на сообраќајот во Македонија - вели Зоран Ѓуроски од Републичкиот совет.

Дневник - Александар Манасиев - 03.05.2009


Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 01-Jun-2009 at 20:10

NATATSA%20%20SOOBRAKAJKA%20002




Thumbs%20Up



Edited by гитардемон - 07-Jun-2009 at 22:20
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 01-Jun-2009 at 21:21
Деновиве слушнав една морбидна реклама на радио за безбедност на децата у сообраќајов. Значи прво група деца разговараат цитирам "Мене Рено, мене ферари, мене цитроен, мене......" и после тоа следи коментар со бројка колку годишно деца гинат или се повредени во сообраќај, и уствари што е рабпотва, демек децава мртви си разговараат кое дете што кола го удрило! Crazy Дури преоѓа граница на невкус!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 01-Jun-2009 at 21:30

ова на стотројка ја вртеле рекламава LOL или можеби на равел!

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 01-Jun-2009 at 21:41
Originally posted by beTon

ова на стотројка ја вртеле рекламава LOL или можеби на равел!


Или беше Antenna5 или е City-Radio. Само овие дверадија ги вртам у кола, трето не слушам!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 08-Jun-2009 at 18:14
ПОЛИЦИЈАТА ТВРДИ ДЕКА СООБРАЌАЈНАТА КУЛТУРА СЕ ПОДОБРУВА
Возачите и пешаците стануваат се посовесни

Бројот на сообраќајни несреќи во првото тримесечје годинава е за 25 проценти намален во однос истиот период лани. Од Министерството за внатрешни работи велат дека ова зборува дека сообраќајната култура се зголемува бидејќи возачите и пешаците стануваат се посвесни за последиците од незгодите.
Според полициските податоци, во првите три месеци годинава, на патиштата во земјава се случиле вкупно 2.903 сообраќајни несреќи, од кои 646 биле со тешки последици, додека лани заклучно со март биле предизвикани 3.847 незгоди, од кои 638 потешки. За разлика од истиот период минатата година кога во сообраќајните несреќи загинале 23 луѓе, а 969 поминале со повреди, годинава загинале деветнаесетмина, а се повредени 1.031.
- Се надеваме дека ова намалување на бројот на сообраќајните незгоди се должи на тоа што јавноста почнува се повеќе да го почитува новиот Закон за полиција и одредбите за безбедност во сообраќајот. Казните се поригорозни, а можно е и тој пад да се должи на новите стандарди за обука на новите возачи “ вели Иво Котевски, портпаролот на МВР Според него, периодот е прекраток за да се направи прецизна анализа и да се види на што се должи намалувањето на сообраќајните несреќи. Котевски се надева дека и во иднина бројот на несреќите ќе се намалува, а сообраќајната култура ќе се зголемува.
Најчеста причина поради која се случуваат незгоди на патиштата е пребрзото возење, но и непочитување на правилата за првенство и непрописно држење правец и растојание меѓу возилата. Само 27 случаи оваа година биле поради возење во пијана состојба.
Новиот Закон за безбедноста во сообраќајот, што е во сила веќе половина година, пропишува казна од 400 евра за возење под дејство на алкохол, а со глоба од 300 евра се казнуваат возачите што ќе поминат на црвено, возат без возачка дозвола или нема да пропуштат пешак. За погрешно паркирање во близина на пешачки премин следува казна од 250 евра. Покрај глобите предодредени за потешките прекршоци, постојат парични казни или негативни поени и за поситните прекршоци. Кај овие прекршоци, возачот има можност да избере или да си ја плати глобата што се движи до 45 евра, или, пак, да добие негативни поени во возачката книшка. Во поситните прекршоци спаѓаат зборување на мобилен телефон додека се управува возилото, непрописно запирање или паркирање, пречекорување на дозволената брзина и слично.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=10&tabid=1&EditionID=1725&ArticleID=115295
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 27-Jul-2009 at 15:42
Може ли некој да ја протолкува оваа вест во контекст на претходната?  Crazy

Двете за извор го имаат МВР, а излезени се во истиот дневен весник во размак помал од два месеци! Дали е возможно вакво нагло менување на трендовите???

ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА СООБРАЌАЈНИТЕ НЕСРЕЌИ
Во Македонија најмногу се гине во автомобил

Во битолското село Горно Оризари вчера загина пешак откако во него удрил автомобил, кој го управувал средовечен жител на село Крлино. Несреќата се случила на влезот на селото, а Димче Ш. од здобиените тешки телесни повреди починал на самото местото. Во 1.895 сообраќајни несреќи што се случиле во првата половина од оваа година животот го загубиле 61 граѓанин, а 2.873 биле повредени. Од полицијата информираат дека расте бројот на сообраќајните несреќи и дека од почетокот на годината се случиле за 11,7 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година. Од овој аспект најнебезбеден е скопскиот регион, каде што се регистрирани 912 несреќи во кои загинале 24 лица а 1.345 се повредени, а потоа се Тетово со 138 незгоди во кои двајца загинале и 247 биле повредени, додека, пак, во Куманово се случиле 132 сообраќајни несреќи во кои животот го загубиле двајца, а 194 граѓани биле повредени. Управување на возилата со поголема брзина од дозволената и со неприспособена брзина на условите на патот, според МВР било причина за најголем број несреќи на патиштата, дури 555 незгоди биле предизвикани на ваков начин. Граѓаните недоволно внимавале и на правилата за првенство на минување и на престигнување, а дел од несреќите се случиле и поради возење под дејство на алкохол. По седум незгоди се случиле поради техничка неисправност на возилата и неисправна состојба на патиштата и на патната сигнализација. Најмногу жртви имало при судир на возила.
Сообраќајната полиција во првите шест месеци поднела речиси 70.000 барања за поднесување прекршочна постапка, одзела околу 2.500 возачки дозволи, а алкотестот го употребила дури 37.000 пати

Вторник најцрн ден

Како најцрн ден во кој се случиле најмногу од несреќите на патиштата во полицијата е евидентиран вторник, а потоа се петоците. Речиси половината од сообраќајните несреќи се случиле во попладневните часови од денот и тоа во периодот од 16 до 18 часот, а најмалку во текот на ноќта. .



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1768&ArticleID=118589


Edited by Cloverstack - 27-Jul-2009 at 15:43
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3605
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 23-Aug-2009 at 15:30
Со скриени камери до поголема безбедност

Од поодамна во светот на богатите, камерите во улога на откривањето на сообраќајната деликвенција и зголемувањето на безбедноста на сообраќајот на патиштата масовно се користат. По неколку нереализирани најави, еве и кај нас започна користењето на камери. За да не биде пукање во празно, се вршат темелни подготовки за се да биде во рамките на заштитата на приватноста и во согласност со правилата на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Со оглед на тоа дека веќе е покрената постапка за промени во Законот за безбедноста на сообраќајот и законско регулирање на користењето камери, во Дирекцијата велат дека нема обврска за видливо најавување на зоната на поставените камери. Снимениот материјал ќе се чува шест месеци, а потоа ќе се уништува. Доказите пак, за потешки прекршоци, или незгоди ќе им бидат доставени на судиите. Е тогаш веќе нема беше или не беше...

Како што тргнале работите, многу брзо, на крстосниците и на патиштата ќе се појават камерите и тоа не само во Скопје, туку и во повеќето градови и на поопасните патишта во Македонија. Засега не е прецизирано колку камери ќе бидат поставени. Тоа зависи од реалните можности, но сигурно ќе има доволно и на вистинските места за да ги зауздаат недисциплинираните возачи...


Неприметно камерите го забележуваат однесувањето
на сите учесници во сообраќајот

Предвесник на масовното поставување камери, сега е едно возило, посебно опремено и наречено пресретнувач, што го користи сообраќајната полиција во Скопје, но тоа е без полициски ознаки. Се игра на факторот изненадување што сигурно е корисно во оваа фаза. Битно е дека веќе нема убедување и непотребно докажување кој е во право - полицаецот или возачот. Пред фактите и фотографиите и најтврдокорните замолчуваат. Возилото пресретнувач е опремено со статични камери на предниот и на задниот дел со што се документираат сите прекршоци, а потоа следуваат казни или прекршочни пријави. За да биде документацијата комплетна како доказен материјал, пресретнувачот е со вграден GPS со кој се прикажува моментната локација, брзината на движењето, времето и датумот на снимениот настан... Едноставно, се што е потребно.       

За лесните прекршоци казната може да ја изрече екипажот на пресретнувачот, доколку работи индивидуално. Меѓутоа, најчесто се работи во содејство со другите патроли во близина на прекршокот. Пресретнувачите снимаат, со помош на радио врска ја известуваат патролата, а таа натаму постапува според словото на Законот. Казнува или поднесува прекршочни пријави.   

Можам да кажам само едно – внимавајте, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи зашто и камерите демнат. Кога и каде, тоа го знаат само пресретнувачите. Казните воопшто не се за шегување. Сепак, најбитно е да се биде внимателен и дисциплиниран за поголема безбедност во сообраќајот, сопствената и на другите околу нас.

Датум на објава: 22.03.2009

http://www.avtopoint.com.mk/?str=305
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3605
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 23-Aug-2009 at 15:50
Половни возила без хомологација

Според измените во Правилникот, што во согласност со Одлуката на Владата го подготви Министерството за економија, се укинува обврската при увоз на користени возила во странство, стари до 11 години и со европски сертификат, да се врши хомологација. 

Наместо досегашната процедура на хомологација, се воведува само идентификација на возилото, се разбира доколку во меѓувреме не се вршени модификации, преправки или надградби. Доколку пак, по првата регистрација на возилото се направени измени, е тогаш при увозот ќе мора да се помине постапката на хомологација.

И натаму останува забраната за увоз на возила од онаа страна на големата бара, од американска продукција, доколку се нема европски сертификат. Причината е едноставна-таквиот увоз е спротивен на одредбите на договорот со Светската трговска организација...

Датум на објава: 23.01.2009

http://www.avtopoint.com.mk/?str=281
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3605
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 23-Aug-2009 at 17:40

http://www.rts.rs/media/multimediaBoxPopup.jsp?mediaId=26314

Ова е интересна репортажа на српската емисија SAT за К10 низ Србија, Македонија и Грција, со доста афирмативни и корисни информации. Афирмативно говорат за одмориштата Романтик го зеле ко пример за комерцијалните постојки за одмор иако на сите ни е познато дека такви има многу малку по автопатот. Добра им е поентата за колотразите т.е. свлечените бразди по автопатот на потегот Граница-Скопје, но најинтересна е споредбата на казните:


Казни во Македонија
  • неврзување појас 20 е
  • непропуштање пешак 35 е
  • користење мобилен во вожња 45 е
  • возење без светла 35 е
  • непрописно паркирање 45-250 е
  • пречекорување на брзина вон населено место - 10 до 30 km/h 35 е - 30 до 50 km/h 45 е - преку 50 km/h 300 е
  • возење под дејство на алкохол 400 е и од 3 до 12 месеци забрана за возење

Казни во Грција

  • користење на мобилен телефон 100 е
  • неврзување појас и возење мотор без кацига 350 е
  • претекнување преку полна линија 700 е
  • преминување на дупла полна линија 420 е
  • преминување на црвено светло 700 е
  • возење во алкохолизирана состојба 200-1200 е - преку 0,8 промили приведување и судење
  • пречекорување на брзина 40-350 е - преку 60 km/h приведување и судење
  • обврзувачко поседување на противпожарен апарат
_________________________________________________________________________

Оваа на нет што е качена е скратена верзија од репортажата, додека онаа што ја даваа на ртс имаше и неколку други корисни и дополнителни информации како тоа дека на цел потег на К10 во Македонија има вкупно 11 бензински пумпи од кои 5 имаат и автоплин.



Edited by Max - 07-Oct-2009 at 08:22
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3605
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 24-Aug-2009 at 00:59
Дали знае некој за споредба со погорните казни кои се паралелните во населено место? Претпоставувам се поголеми, а сигурно и за секој прекршок неможе да се компензира казната со поени?
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3605
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 16-Sep-2009 at 20:55

на нет нема ни законски ни  подзаконски акти околу новите казни и поените...

ПОЛЕСНИ ПРЕКРШОЦИ

- Користење мобилен телефон за време на возење: 45 евра или 25 негативни поени
- Неврзување сигурносни појаси: 20 евра или 10 негативни поени
- Непрописно запирање или паркирање: 45 евра или 25 негативни поени
- Возење без запалени светла: 35 евра или 20 негативни поени
- Непоседување или непокажување возачка дозвола: 20 евра или 10 негативни поени
- Непрописно движење по обележана сообраќајна лента: 20 евра или 10 негативни бода (рикверц, две ленти и полу-тротоар)
- Пречекорување дозволена брзина на движење од 10 до 30 км на час во населено место: 45 евра или 25 негативни поени
- Непријавување на промена на живеалиште од возач: 45 евра или 25 негативни бода

ТЕШКИ ПРЕКРШОЦИ

- Возење под дејство на алкохол: 400 евра

- Минување семафор на црвено светло: 300 евра 

- Возење без возачка дозвола: 300 евра

- Непропуштање на пешак: 300 евра

- Погрешно паркирање во близина на пешачки премин: 250 евра (истоварање сопатници, подзастанување за весник или цигари од трафика...)

Утрински - Горан Адамовски - 04.11.2008

Една од работите што нас не разликува од земјите од развиениот западен свет е ниското ниво на сообраќајна култура што ја поседуваат учесниците во сообраќајот во земјава.
Додека на запад, ваквите слики на луѓе кои улицата ја поминуваат на место каде што нема одбележан пешачки премин е вистинска реткост, кај нас би рекле дека е секојдневие.

...

Од полицијата велат дека посветено работат на подигнување на свеста за почитување на пешаците во сообраќајот бидејќи токму тие се и најранливите учесници во него.
Полицијата апелира и до возачите и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните знаци и правила бидејќи само така ќе придонесат за поголема безбедност на улиците.

Сител - Александар Спасовски - 15.09.2009



Edited by Max - 16-Sep-2009 at 20:55
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 16-Sep-2009 at 21:01
Она што пишува горе 300е без возачка дозвола, се мисли за они што воопшто немаат положено. Инаку за возачи што не поседуваат документи при себе околу 40е беше казна мислам.

А за непријавено промена на живеалиште е 400 евра. Е сега ова не ми е јасно горе 45 евра. Ова е вероватно и ако не е сменета адресата само на возачката. Малку е штуро што така немаме унифицирана база па автоматски да треба сите документи од еднаш да се заменат.


Edited by lslcrew - 16-Sep-2009 at 21:05
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3605
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 16-Sep-2009 at 21:35

Да за тоа се однесува, непромена на адресата во возачката дозвола, како што кажа далеку поголема е за во лична карта... туку за ова треба дебела кампања, пример на секому со сметката за комуналии и една ваква честитка! а по селата на секоја продавница бар по еден плакат ако не и флаери, колку да бидат да се сите на чисто, со оглед дека народов и баш неможе да стекне свест или стравопочит кон законите а тоа да се извергла само како вест во некој печатен или електронски медиум!

Медо да правеа ваква кампања и за контињерите, белки и ќе куртулеше од казна http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=209&PID=17528#17528

инаку погоре го цитирав намерно текстот за т.н. менталитет за висока сообраќајна култура на западот, чисто колку за да го искоментирам. ова што е изнесено како констатација или попрво истресено како лаф муабет, нема врска со нивниот менталитет, човек не ги стекнува навиките сам од себе за тоа треба предуслови т.е. тренинг, кој во случајов треба да го тераат односно наметнуваат институциите, затоа и не треба по народот да се фрла со дрва и камења туку по репресивниот апарат кој е во функција на народот, фактички тие треба ажурно и турбо да го спроведуваат законот! колку што можам да видам на сајтот на МВР http://www.mvr.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=72 звучи дека навистина притискаат, но за ефектот да биде потполн мораат и да креваат џева, кампањски или не, како во случајов со сителовава репортажа!  во прилог оди и можноста од следење на сообраќајот преку камери и rfid чипови за регистарските таблици кои веќе се во процедура за имплементација, начин на кој и енормно ќе се намали можноста за каубојски навики, особено за она поминување на жолто па и црвено, застанување на пешачки или надминување на дозволената брзина


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3605
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 16-Sep-2009 at 22:09

...

Најголемиот број кривични дела од странските државјани во минатата година се однесуваат на фалсификувањето сообраќајни документи. Обично се преправа носивоста на товарното возило од помала во поголема или се продолжува важноста на зелените картони. Од вкупно 270 кривични дела, 47 извршиле странци, а дури во 33 се работи за фалсификат. Најчесто фалсификуваат државјаните од Турција, СЦГ и од Бугарија. Иако предвидените казни за фалсификат се од шест месеци до пет години затвор, зависно од стореното дело, обично се изрекуваат условни и парични казни. Во пресудата се изрекува најчесто и протерување на странец од државава за време од една до две години...

Дневник - 18.08.2009

И навистина имаме строг закон но кога за негова ефективност требаат години а не месеци, тогаш и повеќе од очигледно е дека со него неможе и ефективно да се истренира јавното мнение!  со ова промените во кривичниот закон за судски казни од типот на општествена работа во замена за паричната казна, белки и пресудите ќе тераат како алва, па и ефектот ќе биде поголем, ако ништо друго ќе ни светне градот!

Две години затвор оти сам си ја продолжил "сообраќајната"

Скопјанецот минатата недела бил осуден на две години затвор бидејќи самиот го продолжил важењето на сообраќајна дозвола за автомобил. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го прогласил виновен за кривично дело фалсификување исправа. Осудениот во моментов е недостапен за органите на прогонот. 

Судската истрага утврдила дека на 3 ноември 1997 година осудениот употребил лажна сообраќајна исправа, која самиот ја фалсификувал. Тој во сообраќајна дозвола за автомобил "ситроен дијана" ги сменил цифрите на датумот на истекувањето од 5 јануари 1997 година, во 5 септември 1998 година. Фалсификатот го открил полицаец во рутинска сообраќајна контрола.

Дневник - 15.11.2001

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3605
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 28-Sep-2009 at 01:02

ВНИМАВАЈТЕ - ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРЗИНАТА (1)

Сакале ние тоа да го признаеме или не, на сите ни е јасно дека сите сообраќајните незгоди што се случуваат по нашите улици и патишта (од кои, за жал, некои завршуваат и со катастрофални последици) настануваат како резултат на непочитување на сообраќајните правила и прописи 

Во непочитувањето на сообраќајните правила и прописи практично може да се вгради сé, почнувајќи од непочитувањето на сообраќајната и патната сигнализација, па сé до екстремните случаи на возење, како што, на пример, е возење под дејство на алкохол.

Гледајќи ја секојдневно состојбата на нашите улици во градските средини, па и на отворените патишта и автопати, некако сам по себе се наметнува впечатокот дека оваа појава е толку масовна што, по мислењето на авторот на овој текст, добива загрижувачки размери. Самото излегување од станбената зграда, погледот на раскрсницата помеѓу ул. Орце Николов и ул. Никола Тесла (на која безмалку секој втор ден има сообраќајни незгоди и тоа сите, без исклучок, поради непочитување на улицата со првенство на минување), па понатамошното управувањето со возилото по градските улици (дури и како пешак), секој ден претставува една нова сообраќајна авантура.

Ќе речеме - такво е времето и начинот на живеење. Сите и секогаш некаде брзаме мислејќи притоа дека со непочитување на сообраќајните знаци за ограничување на брзината, со „кратење“ преку еднонасочни улици по кои воопшто е забрането движењето, со свртување таму каде што ни е забрането, ќе стигнеме побрзо до нашата крајна цел. Безброј пати сме констатирале дека тоа не е така, за што кристално јасна асоцијација ни дава и онаа убава кампања што се води со посредство на билбордите во нашиот главен град: „Вози пребрзо - стигни прерано“.

Можеби најмногу од сé загрижува податокот дека во ова непочитување на сообраќајните правила и прописи предничат оние што најмалку би требало да го прават тоа, а тоа се професионалните возачи и, пред сé, таксистите. Во овој наплив на голем број такси-возачи, што можеби е разбирливо со оглед на нашата тешка економска ситуација и огромниот број невработени работоспособни лица, впечатокот е дека токму тие во својата трка за патници и во борбата за профит пречесто го избегнуваат почитувањето на сообраќајната и на патната сигнализација. Секоја чест на исклучоците.

Каде е во целата приказна нашата сообраќајна полиција? Сигурно е дека сообраќајната полиција (барем во најголем дел) ефикасно и совесно си ја врши својата работа, но исто така, сигурно е и тоа дека полицајците задолжени за контрола на безбедноста во сообраќајот, сепак, ги нема во толкав број за да може да бидат присутни секогаш и секаде. Ние како возачи, знаејќи го тоа, често го злоупотребуваме тој факт и, свесно или несвесно, со секоја таква злоупотреба го загрозуваме безбедното одвивање во сообраќајот.

Значи, по сé, сепак најголемиот дел од ова останува кај нас, на нашата свест и совест или, ако сакате, на нашата сообраќајна, но и општа култура.

www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91191439213&id=24&setIzdanie=21790

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.133 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.