build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мост Лисиче-Маџари

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2031
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Мост Лисиче-Маџари
    Posted: 25-May-2020 at 19:56
Апел до Град Скопје да се зафати веднаш со процедури за реализација на мостот НовоЛисиче - Маџари кај Вардариште. Ова можеби и е единствениот мост за кој не треба во Скопје да се прави експорпријација за да се поврзат улиците кои би ги поврзувал од двете страни, што му ја прави цената исклучително поефтина за разлика од други планирани мостови во Скопје.

Секој кој што прошол барем еднаш дневно по Перо Наков знае каква гужва неподнослива е тоа кај Тинекс/Годел во која може да се заглави и до еден саат. Исто така гужвите на раскринцата кај Хилтон и таа кај ФОН. Единствениот градски излез за една голема индустриска зона и населба. Од друга страна зашто би го имале АСНОМ кој ќе завршува како автопат у ливада и не би имале соодветна инфраструктура да го наполниме со сообраќај.

Профилот би требало да е нешто како мостот кај Момин Поток, односно 2+2 сообраќајни ленти со 1+1 од страна тротоар/велосипедска патека.





Edited by user8642 - 25-May-2020 at 20:00
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-May-2020 at 20:05
На fb гледам доста коментари од луѓе кои го бараат овој мост. Имајќи ја предвид гужвата на бул. Србија и бул. Киро Глигоров, и те како е потребен. Поврзување на Ново Лисиче со Синѓелиќ значајно ќе го подобри сообраќајот.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 18-Apr-2023 at 16:55
Сообраќаен мост ќе ги поврзе Лисиче и Маџари, се бара проектант



Со цел да се олесни движењето на граѓаните и да се скрати патувањето меѓу двете страни на реката Вардар во Скопје, потребно е да се изградат нови осум моста. Во населбата Лисиче, освен еден пешачки мост, според ГУП-от е зацртан и сообраќаен мост кај улицата „Индустриска 1“, кој треба да ги поврзе Лисиче и Маџари. Токму деновиве Град Скопје подготвува основен проект со урбанистички проект со сите фази за сообраќајниците: „Февруарски поход”, „Маџари”, со мост на реката Вардар, раскрсницата со улицата „Индустриска 1”, како и раскрсницата со булеварот „АСНОМ”. За таа цел, Град Скопје распиша тендер за избор на фирма со најповолна понуда, која би го изработила основниот проект, заедно со урбанистичкиот

Со цел да се олесни движењето на граѓаните и да се скрати патувањето меѓу двете страни на реката Вардар во Скопје, потребно е да се изградат нови осум моста. За некои е планирано да бидат пешачки, за некои – за возила, како оној кај спортскиот центар „Јане Сандански“, мостот „Михајло Апостолски“ кој е готов, но сè уште не е пуштен за сообраќај.

Во населбата Лисиче, освен еден пешачки мост, според ГУП-от е зацртан и сообраќаен мост кај улицата „Индустриска 1“, кој треба да ги поврзе Лисиче и Маџари. Токму деновиве Град Скопје подготвува основен проект со урбанистички проект со сите фази за сообраќајниците: „Февруарски поход”, „Маџари”, со мост на реката Вардар, раскрсницата со улицата „Индустриска 1”, како и раскрсницата со булеварот „АСНОМ”. За таа цел, Град Скопје распиша тендер за избор на фирма со најповолна понуда, која би го изработила основниот проект, заедно со урбанистичкиот.

Како што се наведува во тендерот, урбанистичкиот проект е за инфраструктурата со сите фази за наведените сообраќајници, а основната цел е подобрување на функцијата на примарната мрежа сообраќајници во градот, зголемување на проточноста на сообраќајот, како и зголемување на безбедноста во сообраќајот на овој дел од градот. Проектот за инфраструктура треба да содржи планско решение за постојната и планираната подземна инфраструктура во сите фази.

– Постојната сообраќајница со својот непречен профил веќе не ги задоволува потребните сообраќајни услови од аспект на пропусна моќ, ниво на услуга, економичност и безбедност во сообраќајот – се образложува во тендерот.   

Освен тоа, треба да се предвидат пешачки и велосипедски патеки на пресекување со мостот. Проценетата вредност на изработката на проектот, без ДДВ, е осум милиони денари. Заинтересираните можат да ги достават своите понуди до Град Скопје најдоцна до 12.5.2023 година, во 12 часот, кога и ќе се спроведе нивното јавно отворање.

Инаку, во Генералниот урбанистички план и натаму се предвидени клучните мостови што се дел од примарната сообраќајна мрежа, оној кај Владата и во Маџир Маало. Мостот кај Владата е продолжение на булеварот „Климент Охридски“, кој откако ќе ја премости реката, треба да минува во тунел под Калето и да се поврзе со улицата „Никола Карев“ во Чаир, за која, исто така, е предвидено да прерасне во булевар од примарната мрежа, односно урбан автопат.

Идејата за урбани автопатишта каде што може безбедно да се вози со поголема брзина е стара повеќе децении, од планот од 1965 година. Оттогаш е и идејата за изградба на булеварот „Крушевска република“, кој треба да мине со мост преку Маџир Маало и треба да служи како брза попречна врска меѓу северниот и јужниот дел на градот. Доколку се изгради булеварот, во секој случај ќе се изведе и мостот.

Мост што има шанси поскоро да биде изграден е оној што е предвиден во Карпош – продолжение на улицата „Љубљанска“, која поминува покрај ТЦ „Сити мол“. Во Карпош е планиран и друг мост преку Вардар, како продолжение на булеварот „Илинден“. Овој булевар е зацртан преку Влае, покрај брегот на реката Лепенец, до Волково, каде што треба да излезе на северната обиколница. Меѓутоа, во тој реон нема тесно грло, поради постоење на мостот „Обединети нации“ и поради вториот мост во Хром, кои значително го растоваруваат сообраќајот.

https://www.vecer.press/сообраќаен-мост-ќе-ги-поврзе-лисиче-и-м/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20871
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 18-Apr-2023 at 17:02
Град Скопје со мост ќе ги поврзе Маџари и Лисиче?

Освен пешачки мост, според Генералниот урбанистички план бил зацртан и сообраќаен мост кај улицата „Индустриска 1“, кој треба да ги поврзе Лисиче и Маџари, објави „Вечер“.

Град Скопје деновиве подготвува основен проект со урбанистички проект со сите фази за сообраќајниците „Февруарски поход“, „Маџари“, со мост на реката Вардар, раскрсницата со улицата „Индустриска 1“ како и раскрсницата со булеварот „АСНОМ“.

Градот распиша тендер за избор на фирма со најповолна понуда, која би го изработила основниот проект заедно со урбанистичкиот.
Заинтересираните можат да ги достават своите понуди до Град Скопје најдоцна до 12 мај, до 12 часот.

https://nezavisen.mk/grad-skopje-so-most-kje-gi-povrze-madzhari-i-lisiche/
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2031
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 18-Apr-2023 at 17:59
Ова е одлична вест. Кој поминал накај електроелемент знае какви гужви се создаваат. Тука нема ниту еден квадрат приватно земјиште за експропријација, бришан простор за брза изведба. Башка кога ќе се направи и булеварот низ Ќерамидница, рачунајте дека индустриската зона околу кванташки практично ќе се приближи до центар за само третина од времето кое претходно беше потребно.
Back to Top
Bridgeburner View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Jan-2023
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 84
  Quote Bridgeburner Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 18-Apr-2023 at 21:04
Долго се чекаше ова , и се работеше на ова. Да знаете мои сограѓани какви се молби и притисоци сме правеле за ова да се реализира, богами и услуги и да не речам мита за да добие приоритет ова конечно.

Интересен факт е што замислата на БРТ е да биде збирно место Маџари за околните населби кои преку мостот само ќе преминат и ќе бидат на почетната станица на БРТ.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 19-Apr-2023 at 11:11
Ајдееее конечно!

Иначе кој е тој нов пешачки мост што го спомнуваат? Каде треба да биде? Измеѓу мостот Михајло Апостолски и Мостот Близнак, или? Кои делови би ги поврзувал тој мост од двете страни?
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 333
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 19-Apr-2023 at 13:15
Конечно... после мостот Михајло Апостолски овој е најпотребен мост. По мене дури и конзервативното решение со единечен мост би бил од помош, а секако посакувано сценарио е 2+2 физички одвоени коловози. Инаку планот е да биде поврзан со улицата Индустриска (според ДУП) која го сече бул. Киро Глигоров (старо име Војводина) кај ФОН/Мерцедес Мак ауто Стар.
Мислам дека нема граѓанин на Скопје, посебно од источниот дел кој барем малку се разбира од инфраструктура и оваа проблематика генерално, а да не го смета овој проект во топ 3 приоритети во делот на примарната (булеварска) инфраструктура.
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 333
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 19-Apr-2023 at 13:19
Originally posted by The Wild Boy

Ајдееее конечно!

Иначе кој е тој нов пешачки мост што го спомнуваат? Каде треба да биде? Измеѓу мостот Михајло Апостолски и Мостот Близнак, или? Кои делови би ги поврзувал тој мост од двете страни?


Всушност, мислам дека во прашање се два пешачки моста, едниот буквално кај Космос (меѓу Михајло Апостолски и Близнаци) а другиот на крајот на паркот Авионче, кај КЕЦ Аеродром, односно од зградите на Жикол Новоградба и Сара 4 до парк Авионче (мислам дека го има и во ГУП и во ДУП за конретниот градски четврт)

Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2031
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 19-Apr-2023 at 17:53
За важноста на овој проект имаме дискутирано неколку пати, барем јас знам дека сум пишувал. Добро би било ако може некој од модератореите да ги прибере дискусиите тука во темава.
Back to Top
Bridgeburner View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Jan-2023
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 84
  Quote Bridgeburner Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 19-Apr-2023 at 22:43
Originally posted by Vasilij

Конечно... после мостот Михајло Апостолски овој е најпотребен мост. По мене дури и конзервативното решение со единечен мост би бил од помош, а секако посакувано сценарио е 2+2 физички одвоени коловози. Инаку планот е да биде поврзан со улицата Индустриска (според ДУП) која го сече бул. Киро Глигоров (старо име Војводина) кај ФОН/Мерцедес Мак ауто Стар.
Мислам дека нема граѓанин на Скопје, посебно од источниот дел кој барем малку се разбира од инфраструктура и оваа проблематика генерално, а да не го смета овој проект во топ 3 приоритети во делот на примарната (булеварска) инфраструктура.


Според мене мостот ќе се поврзе на Перо Наков односно до самите отпади ќе поминува трасата на тој булевар, а ќе има раскрсница некаде пред перо наков лево за индустриска кон фон и мерцедес.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Online
Posts: 1149
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 20-Apr-2023 at 10:03
Чудно е тоа што во веста се споменува идејно решение за улица Маџари, раскрсници со АСНОМ и Индустриска, а нема ништо за спојка со Перо Наков, Благоја Стефковски и како ќе стига до ул. Маџари. Прво мислев дека е планот нешто вака:



Но изгледа идејниов проект ќе опфаќа и нешто поконкретно во Маџари. Како и да е, сигурно последна фаза ќе биде тоа. Прво мостот треба да се направи, за одма да се растерети Близнак.

Back to Top
Bridgeburner View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Jan-2023
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 84
  Quote Bridgeburner Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 20-Apr-2023 at 10:06
Originally posted by <Fresno>

Чудно е тоа што во веста се споменува идејно решение за улица Маџари, раскрсници со АСНОМ и Индустриска, а нема ништо за спојка со Перо Наков, Благоја Стефковски и како ќе стига до ул. Маџари. Прво мислев дека е планот нешто вака:



Но изгледа идејниов проект ќе опфаќа и нешто поконкретно во Маџари. Како и да е, сигурно последна фаза ќе биде тоа. Прво мостот треба да се направи, за одма да се растерети Близнак.



Реалноста е за да се растерети Бриколаж - Киро Глигоров треба да се поминува низ Перо Наков и да се дојде до Аеродром.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 20-Apr-2023 at 13:11
Како што знам оваа нова улица ќе оди над пругата, директно кон Благоја Стефковски па после дури до Улица Маџари.

Директно поврзување со Перо Наков пред преминот на пругата не треба да има туку треба Перо Наков да се преусмери да се поврзе со оваа нова улица на друга локација. Па така би се поминувало над пругата и од Перо Наков.

Еве грубо нацртано од телефон:


Плава боја - мост / надпатник над пруга
Црвена боја - траса
Зелена боја - преусмерување на Перо Наков према Вера Радосављевиќ, и од таму поврзување на оваа улица.
И во црно имам исцртано затворање на веќе постоечкиот премин преку пругата.

Е сега секако, овде трасата може да оди и од левата страна (западно) како што е и впрочем планирано, но незнам каде точно би можела ул. Перо Наков да се врзе со оваа нова улица а без да поминува преку преминот преку пругата и да има повеќе објекти за експроприација. Ако некој има подобра идеја, нека ја сподели овде.

Вака само овој дел со мостот па се до преминот преку пругата само би ги решил гужвите на бул. Киро Глигоров, но не би сменил ништо за делот кај преминот преку пругата...

Поголемиот сообраќај како што гледам гравитира од Пинтија, Усје, Аеродром, па се до Ченто и Стајковци. Па така да овде не би било лошо да се изгради и таа планирана индустриска улица (или како и да се викаше). Јас имам возено со велосипед до крајот на самата вело - стаза, и има еден железнички мост со доста голем оставен простор и за улица. Локација:
https://maps.app.goo.gl/N1LAUuALRw2fyv8i9

Да се направи нова улица од Долно Лисиче која што би се надоврзала на овој мост, па би продолжувала измеѓу Маџари и Трубарево, со нова клучка на бул. Александар Македонски ( главен влез во Скопје), па од таму преку Инџиково, Ченто, и Стајковци. Самата оваа улица исто така би имала главна улога во одстранување на сообраќај од бул. Киро Глигоров, а и од оваа нова улица.

По еден стар ГУП (објавен овде на форумот) гледам дека дури и Бул. Асном а и В. С. Бато биле планирани да продолжат низ Горно Лисиче па да се спојат со таа ул. Индустриска. Но мислам дека самото продолжување на овие булевари е mission impossible, гледајки како Данела се завлечка со експроприацијата кај мостот Михало Апостолски... а не па камоли да треба 1/4 од куќите во Горно Лисиче да се срушат за да се продолжат овие булевари...
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 565
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 20-Apr-2023 at 14:18
Ова е трасата според ГУП, и тековниот и претходниот, и мислам дека е во ред и не треба да се менува. Разликата во експропријација не би требало да биде голема, а вака е испланирано и подобро поврзување со ул. „Благоја Стефковски“. Улицата покрај Вардар во правец исток-запад е споменатата „Индустриска 1“:


За раскрсницата со „Перо Наков“ според ГУП е планирана обична раскрсница, но денивелизирана, така да ул. „Маџари“ оди под пругата.


Сепак, некако многу оптимистички беше дочекана оваа вест. Laugh
Во штуро пренесените информации се спомнуваат, во правец од југ кон север: раскрсница со бул. „АСНОМ”, ул. „Февруарски поход”, мост на реката Вардар, раскрсница со ул. „Индустриска 1” и ул. „Маџари”, но не се спомнува колку од „Маџари“. Убаво би било да се најдат средства да се заврши до самиот бул. „Александар Македонски“, каде според ГУП е предвидена и клучка. Секако дека е ова придвижување од мртва точка, но по многуте нереализирани проекти од овој калибар, би почекал пред да се израдувам.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2031
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 20-Apr-2023 at 17:57
Ќе цитирам тука пост од една друга тема кад еимаме дикутирано за истово:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3741&PID=269149#269149

Originally posted by user8642

Се работи за коридор од 1200 метра профил 2+2 без средишно зеленило, од кои 200 метри се мост. Значи 4 врзани ленти, нешто како Првомајска, како Рузвелтова, како Џон Кенеди, како 8-ми Септември во делот на Александар Палас и слично. 1200 метри вкупно, од кои 1000 се улица на рамно, значи боза за изведба.

На мапата подолу ги имате со портокалово и жолто обележано правците на сливање на сообраќајот према центар. Значи сега тековите се по портокалово, би било со мостов во иднина по жолтото. Дури и лиините од последна 5-ка/15-ка може да се продолжат за една станица па да опфаќаат и индустриската зона или да идат до Хиподром.

Другата мапа е гоогле трафик, да се види потребата од мостот. Се тоа што се гледа со темноцрвено ќе се слие преку овој нов мост и ќе излезе на два булевара 3+3 во Аеродром. Кој поминал околу 3ипол 4 попладне во индсутрикста зона, знае за какви гужви зборувам.



Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2031
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 20-Apr-2023 at 18:00
Значи да не бараме сега преку леб погача. Мостот завршува 90% од потребите во овој дел, зашто сега го НЕМА, за разлика од врската према Хиподром која сега ја ИМА, само не е во планиран профил.

Така да, да оставиме да се направи мостот, понатаму ќе се видат реално потребите дали ќе треба да се брза со градење премин под пругата, кој повтоно ќе кажам сега го ИМА, за разлика од вркста Кисела Вода - Аеродром која сега ја НЕМА никаква. Знаете ли колку би биле среќни луѓето од Аеродром и Кисела Вода да имаат премин макар и со рампи.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 20-Apr-2023 at 20:34
Добро би било кога ќе се направи мостов линијата 5ка да продолжи до Ченто.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 22-Apr-2023 at 09:56
Оф оно сега нема автобуси, а не пак до Ченто да оди 5ка
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Bridgeburner View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Jan-2023
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 84
  Quote Bridgeburner Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 21-Oct-2023 at 11:01
Доказ за придвижување на работите, само веројатно споро ќе оди многу.
2 години е дадено за да се направи проект.

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx?fbclid=IwAR19vPcSJI1yUt_XjIZh16YfeQoNyEk7lhh1EtApVZ441uUscrHc_CQxwVY#/dossie-acpp/53a59c15-b7b2-4f7b-8aa3-df921a684bc8
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.223 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.