build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Маџир Маало

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 31-Oct-2008 at 16:21
Кловер утре задутре ќе го видиш планот и ќе го сереш уште два дена. Многу лоши сообраќајни решенија за collect/distribute сообраќај околу крушевска. Инаку Крушевска е спуштена под земја и проаѓа под вардар. Инаку слушав коментари како требало булеварот компплет да се избрише зашто опфаќал 50 куќи. Имаше и коментар "...уште тоа ни требаше, да не заштитат...". Кој не го мрзи има уште пола саат да тркне и да сликне. До 17 часот е изложено.

Извинете што не земав апарат, знаете дека со драго срце ќе земев ама апаратот се шета. Деновиве ќе го земеме планот, до 10-ти е тамо.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 08-Nov-2008 at 02:20
Не сакаат црква, туку кат повеќе


На јавна трибина се договорија да побараат поддршка од сите институции и од премиерот лично за бришење на новопроектираниот булевар Никола Карев и на трамвајската траса, бришење на маркичката за верски објект, а да им се овозможи спојување на парцели и да се зголеми катноста барем за уште еден потпокрив


Маџирмаалци не се откажуваат од намерата да добијат урбанистички план по нивна мерка. По половина век живот во супстандардни услови, без водовод, канализациска и атмосферска мрежа, без можност легално да ги реконструираат старите куќарки само поради неурбанизираното земјиште, велат дека ќе ги преземат сите мерки за менување на нацрт-ДУП за оваа четврт. Прексиноќа тие организираа јавна трибина на која учествуваа изготвувачите на планот од Ин Пума, претставници од Општина Центар и Управата за заштита на културното наследство.
- Деталните планови се донесуваат за развој на квартовите, а овој нацрт не уназадува уште 50 години. Сите знаеме за колку атрактивен дел од Скопје станува збор. Затоа, сите наши барања ќе ги доставиме до сите релевантни институции и до премиерот Никола Груевски, лично - рече еден од жителите. Сите тие едногласно се против изградбата на булеварот Крушевска република, којшто населбата ја дели на два дела, против трасата за трамвај, против изградбата на црква, (1) како и против лимитираната катност на куќите само на приземје и два ката. Бараат да им се овозможи спојување на градежните парцели и да се зголеми катноста уште најмалку за потпокрив.

Планерите истакнаа дека при изработката на проектот имале обврска целосно да го почитуваат мислењето на конзерваторите за заштита на карактеристичните градби во рамките на локалитетот бидејќи станува збор за прва населба, прв локалитет во Македонија, кој е граден спрема некоја документација. Токму од таа причина конзерваторите инсиситирале Маџир Маало да остане амбиентална целина.
- Бидејќи моравме да внимаваме на автентичноста на тесните сокаци, не можевме да проектираме висококатници - појасни Лидија Андреевска, која за проблемот со Крушевска Република рече дека ќе се надмине со очекуваните измени на ГУП-от. (2) Во врска со висината на објектите, најави дека согласно со новиот Правилник за семејно домување може да се изврши пренамена на просторот од станбен во деловен.

http://vecer.com.mk/?ItemID=3448DDE4F51F51418921809943F65ED5

Конечно му текна на еден новинар да пушти нога надвор од канцеларија и да отиде до УБ и да го сликне ДУП-ов.

1.Срамота!!!
2.Срамота!!! Ова е ваљда она преверзно паушално, неиздржано, шупљо-промислено, бришење на проблемот, односно бегање од проблемот кој ќе се јави за некоја деценија, само што тогашп ќе биде стопати поскапо.


Edited by lslcrew - 08-Nov-2008 at 02:40
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8854
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 08-Nov-2008 at 15:46
Продолжуваме понатаму Bash Wallbash

Маџирмаалци заглавија во минатиот век

Да се избрише трасата на булевар Крушевска република и на трамвајската линија, да не се гради црква, да се урбанизира просторот десно од проектираниот булевар Никола Карев и да се зголеми со поткровје катноста на објектите кои сега е зацртани како приземје и два ката. Овие измени ги побараа жителите на населбата Маџир Маало на јавна дебата по повод предлог-планот на општина Центар. Тие усвоија заклучок да ги достават своите предлози до премиерот Никола Груевски и до надлежните министерства, градот и општината. - Генерално не сме против донесување детален план, но сакаме таков план кој ќе одговара за сите граѓани. Повеќе од 40 години не може да се реши проблемот со Маџир Маало, а сега сакаме да се реши до крај. Ако дозволиме населбата да се расцепка со булеварот Крушевска република, таа ќе ја загуби пазарната цена и во неа ќе нема живот - нагласи еден од присутните жители. Лидија Андреевска, планер и проектант на „Инпума“, фирмата што го изработи планот, пред граѓаните објасни дека овој ДУП се носи преку програма на Владата за приоритетни планови и посочи дека во новата проекција габаритот на булеварот е намален од 85 на 65 метри. - Во моментот кога градот ќе има пред себе Генерален урбанистички план кој нема да го вклучува булеварот на оваа локација, тој ќе може да се избрише и од деталниот план - изјави Андреевска. Таа додаде дека локацијата за црква е земена од план на Општина Центар и од направени ископи кои тука покажале постоење на постар храм. - Планот условно речено е направен како тантела бидејќи парцелите кои ги имате според катастарот се многу мали, а во нив секој, без да бара согласност од соседите, ќе може да гради. Планот ви е потребен и за да може да се изградат водоводна мрежа, канализација, мрежа за топлификација и за да се направат улиците - нагласи Андреевска. Од Град Скопје велат дека градоначалникот Костовски ја прифатил иницијатива од граѓаните за дислокација на булеварот Крушевска република. - Во моментов се работи на студија за наоѓање ново сообраќајно решение со кое од ГУП ќе се избриши постојната локација низ Маџир Маало - велат од Одделението за односи со јавност на градот. Меѓу другото, некои жители реагираа и за решението од Управата за заштита на културното наследство со кое целата населба и неколку определени куќи во неа се земаат за заштитено подрачје и со тоа е спречено нивно менување, туку само конзервирање. - Маалото е ставено под заштита бидејќи е првата целина во Македонија изградена според урбанистички план и се смета за вредно во однос на неговата улична мрежа, која не дозволува поголеми објекти - објасни Снежана Герасимова-Матоска од Управата за заштита на културното наследство.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1546&ArticleID=101879

Оваа објава е целата за читање, нема што да се болдира.... Wallbash


Клучот за спас на Маџир Маало е кај градот

Жителите на Маџир Маало бараат спас во градоначалникот Трифун Костовски за да се избрише предвидениот булевар Крушевска република, за чија изградба треба да се урне една четвртина од маалото и тоа да се расцепка на неколку дела. Костовски им ветил на маџирмаалци дека ќе се тргне булеварот, дури испратил и писмо до општината Центар да не го вметнува во новиот детален план. Сепак, општинарите ја вметнале сообраќајницата во најновиот нацрт-план и велат дека нема да ја отстранат додека градот не ја избрише од генералниот план.

- Не знам зошто го поставиле булеварот Крушевска република, тој ни го дели маалото, па дури на него треба да поминува и трамвајска линија. Зошто не направат повеќе мостови преку Вардар, на пример кај салата „МЗТ“? Со изградбата на предвидената црква, пак, ќе се затвори една улица, а мислам дека не ни е потребна црква кога веќе има неколку во непосредна близина - истакна Петранка Нарашанова, жителка на маалото.

Според надлежните од управата за заштита на споменици, Маџир Маало е вредно поради поставеноста на уличната мрежа, тоа уште во минатото било изведено плански и претставува споменична целина. Тие велат дека десетина куќи се заштитени со Законот за споменици, како и дека ако се задржи уличната мрежа објектите што ќе се градат не може да бидат повисоки од десет метри.

- Сметаме дека со изградбата на булеварот Крушевка република и на црквата ќе се наруши урбаната целина. Ние не се согласуваме со решението во деталниот план и доколку не се направат измени, најверојатно ќе ја повлечеме заштитата, бидејќи маалото веќе нема да биде исто - објасни Снежана Герасимова-Матевска од Управата за заштита на културното наследство.



http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=227&ArticleID=10761


Edited by Cloverstack - 08-Nov-2008 at 22:10
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 08-Nov-2008 at 17:12
Толку гомненици на толку мал простор, навистина е тешко да се поверува... Bash

Не знам од кого повеќе ми се гади, од урбаната мафија или од маџир-маалци (веќе почнува да натежнува накај второто). Можеби звучи чудно - се работи за нивни имоти и легитимни интереси, па би било нормално да се има некакви симпатии спрема нив, но тие тоа дефинитивно не го заслужуваат. Еве да објаснам зошто. Маџир-маалциве очигледно сакаат само да ја заменат мафијата, то ест они да се јават во улога на локална урбана мафија, која тој простор би го измасакрирала без ограничување од било какви критериуми или стратешки интереси на градот. Се со цел за да се докопаат до комбинација од најбрз и најголем профит, а плус да чуваат џокер за во иднина. Според нив, апсолутно све треба да се подреди на нивниот личен интерес и ништо друго (а се обидуваат да мачкаат очи со некакви маалски идеали, мада дури и да го земеме тој ретардиран концепт како легитимен,  јасно е дека такви работи не ги занимаат и дека токму тие самите при првата прилика би го уништиле тоа за што наводно се залагаат). Не сакам ни да помислам каква помија би никнала таму, доколку маџир-маалци добијат по нивно. Па не само „Крушевска“, туку и Никола Карев им сметал и мртви сериозни се залагаат онаа сообраќајна заебанција кај мостот да останела таква каква што е... Соочен со ваква „визија“, дури и урбаната мафија ми е помила... Ако ништо друго ќе истурка помалку лоша реализација отколку крпениците и надградбите за кои сонуваат маџир-маалци. Затоа што ова што го сакаат маџир-маалци е инфериорно дури и спрема тоа што го правеше урбаната мафија на своите почетоци во Дебар-Маало. Маџир-маалци со нивните заложби успеаја да го постигнат навидум невозможното - потенцијално да станат поголемо зло за тој простор дури и од урбаната мафија, за која сите сме свесни колкави штети му нанесе и му нанесува на градов.

Што да се каже па за општина центар, тоа дувло на корупција од сите можни видови... Уште пробуваат да не убедат колку биле они транспарентни и доследни Nuts
Па дами и господа општинари, не сме ние слепи па да не може да видиме колку смрдеа доаѓа токму од ваш правец. Вие сте гз и гаќи со урбаната мафија, нивна испостава, нивна продолжена рака. Тешко е да се одреди каде завршува урбаната мафија, а каде почнува општина центар! Џабе глумите лудило, џабе се криете зад формалности, во одреден момент глави ќе мора да се тркалаат, а вие во меѓувреме повелете копајте си очи кој кого ќе го намести. Се надевам дека што повеќе од вас ќе се заплеткате во таа мрежа!
Cheers


Инаку гледам дека Крушевска веќе ја „редуцирале“ и плус ја вкопале наместо да биде елевирана. Како ова да не е доволна заебанција и поигрување со една алка од толкава круцијална важност за градот, сите веќе лицитираат со уште поголема импровизација - нејзино несоодветно изместување и извртување.
Нека ни е наздравје Wallbash


Edited by Cloverstack - 20-Nov-2008 at 18:42
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 08-Nov-2008 at 17:16
А еве да ја регистрираме и анализата на баба Петранка во врска со Крушевска Република
Не знам зошто го поставиле булеварот Крушевска република, тој ни го дели маалото, па дури на него треба да поминува и трамвајска линија. Зошто не направат повеќе мостови преку Вардар


која анализа е отприлика на исто ниво со објаснувањата што континуирано ни ги сервираат надлежните:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=33&PID=749#749

Suicide



Edited by Cloverstack - 08-Nov-2008 at 22:09
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 20-Nov-2008 at 13:08
Еве на оваа слика се гледа до каде може да порасне маџир-маалското его, дури и да донесе последици по сообраќајот! Овој случај не се сеќавам да го имаме евидентираме со слика, еве нека го има за секој случај.


Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 20-Nov-2008 at 13:51
Само ко илустрација на ...

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 20-Nov-2008 at 14:02
па ова е кривина за гордеење, не за срамење! ова треба да биде урбана атракција за секој скопјанец а и секој посетител, вакво нешто мислам дека никаде во свет нема па затоа е и уникатно! во овој случај експропријацијата мора да заврши со спогодба, т.е. човекот си барал осум стана за двоспратната куќа, што е оправдано доколку се мери по градежна логика т.е. колку вреди такво место во СК доколку таму пример никне зграда! па мусе видело на градскиот таткко тоа скапо па се решил на заобиколно решение само за до го заврши започнатото додека не муу истекол мандатот! сепак ако ништо друго ваквата граѓанска непослушност -  неспогодливост допринесе за денешнава урбана атракција, за која јас мислам дека како таква треба и да остане и да опстане, со оглед дека ќе се пробива крушевска, па ова нема да биде воопшто на одмет! протокот на таа делница ќе се растерети само доколку се постови идентичен мост од другата страна на железничка кој би ги поврзал ул.Борис Кидрич со бул.Гоце Делчев... [1]
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 20-Nov-2008 at 17:35
Маџир Маало под итно треба да се руши заедно со Керамидница и останатите примитивни населби без вода и струја во сред центар на "метрополата".
Искрено овие маала се најголемиот проблем денес во Скопје тука може да никнат модерни бизнис центри или станбени комплекси со паркови и слично...
Тие што се бунат таму изгледа не знаат како е да се живее во 21 век и мислат дека се семоќни па дури и нас ќе не прават пијани.
ПС. За Трифун нема што да се зборува, типот очигледно е паднат од Марс и не знае како правилно да се однесува во вакви ситуации...


Edited by Junkie - 20-Nov-2008 at 17:38
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Online
Posts: 3323
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 20-Nov-2008 at 18:27
Се сложувам со Junkie. Треба да се срушат тие маала, да се изгради булеварот, трамвајот, а веројатно маџирмаалци им завидуваат на дебармаалци што успеаја да ги дадат куќите во замена за станови. Мислам дека позади нив стојат луѓе кои сакаат и Маџир Маало да го направат со згради, во самиот центар на Скопје, наместо градот да не добие трамвај или ново булеварско решение.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3768
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 13-Dec-2008 at 20:19
nesto staro ama sepak....od 2006 godina
idejata e super samo kade da najdeme pari..


Маџир Маало ќе се урбанизира


Само десетина куќи во Маџир Маало ќе се заштитат како споменици на културата, а останатите ќе може да се реконструираат или пак на нивно место да се изградат нови


Само десетина куќи во Маџир Маало ќе се заштитат како споменици на културата, а останатите ќе може да се реконструираат или пак на нивно место да се изградат нови. Вака се произнесоа експертите од Управата за заштита на споменици од културата, кои го подготвија Елаборатот со што, конечно, дадоа зелено светло за изработка на нов Детален урбанистички план за овој дел од Скопје. По добивањето на официјалното мислење, нацрт-планот по нарачка на Општина Центар веќе почна да се изработува во "Ин пума".
Според Јани Антониев, директор на Конзерваторскиот центар Скопје за секоја интервенција на заштитените објекти мора да се побара дозвола од Управата.
-Заштита од втора и трета категорија добија градби кои навистина вредат и не се многу руинирани. Категоризацијата значи дека може да се доградуваат само од задната страна, но притоа мора да се запази истиот стил и фасадата на објектот - информира Антониев. Иако реконструкцијата на заштитените објекти по правило треба да се врши на сметка на државата, буџетски средства за таа намена не се предвидени. "За да се дојде во програмата за реконструкција е тешко дури за објекти од прва категорија од едноставна причина што државата нема пари" - вели Антониев.
Урбанизирањето во преостанатиот дел од маалото ќе може да се врши во согласнот со Генералниот урбанистички план (ГУП). Единствен проблем ќе се појави доколку не се извршат планираните измени во ГУП-от, во делот на новопроектираниот булевар "Крушевска република" и трасата почне да се пробива според сегашните линии бидејќи таму се наоѓаат неколку заштитени објекти.
Маџир Маало е старо амбиентално скопско маало каде куќите пропаѓаат бидејќи за него и покрај неколкуте безуспешни обиди, половина век нема детален урбанистички план. Маџармаалци, во строгиот центар на градов живеат супстандардно без инфраструктурна мрежа, со септички јами. Со новиот план ќе се овозможи ниските и трошни куќарки изградени од керпич, да се обноват и подигнат на два ката и потпокрив, а одредени маркички се наменети за станбено-деловен комплекс


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D738D515BE1E074C803E6146B5D8EB2F



Edited by Cloverstack - 06-Jan-2009 at 09:58
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Online
Posts: 3323
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 16-Dec-2008 at 11:46
Некои објекти како споменици на културата може да се зачуваат, но 80-90% од куќите немаат никаква вредност. Урбанизацијата на Скопје не смее да се стопира, поради трошните куќи на маџирмаалци. Впролем, мислам дека они сакаат да направат згради на нивните куќи, но трамвајот и новиот булевар ги спречува во тоа.
Затоа они се бунат!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 06-Jan-2009 at 09:53
Originally posted by beTon

денешнава урбана атракција, за која јас мислам дека како таква треба и да остане и да опстане, со оглед дека ќе се пробива крушевска, па ова нема да биде воопшто на одмет!
Нема да биде на одмет да остане субстандардно и лошо од безбедносен аспект решение??
Без разлика на Крушевска, аргументи за корекција на сообраќајното „решение“ (попрво би го нарекол сообраќаен проблем) меѓудругото се поголема безбедност и проточност. Кои се аргументите за да не биде корегирано?

Има и дополнителен момент зошто „исправањето“ мора да се случи. Подетално за тоа подолу во постов.


Originally posted by beTon

протокот на таа делница ќе се растерети само доколку се постови идентичен мост од другата страна на железничка кој би ги поврзал ул.Борис Кидрич со бул.Гоце Делчев... [1]
Мостовите се скапа работа да се редат на секои 100 метри, особено кога не прават некоја сообраќајна логика. Протокот кај постоечкиов мост така нема да се растерети многу, затоа што оската што ја спомна удира на саем без можност за понатамошно продолжување и не е воопшто аналогна сообраќајна врска на постоечкава. Само би имало една дополнителна прилично сувишна и тешко вклоплива крстосница на продолжетокот на Гоце Делчев.
Главнината од сообраќајот треба да го превземе Крушевска Република (без разлика дали ќе ја преместат), а постоечкиов мост треба да се справи повеќе со локалниот сообраќај, за што е доволен, но тоа се разбира не значи и дека треба да го оставиме со онаква црна точка.

А во врска со севкупното сообраќајно решение околу транспортен центар, според ГУП-от и според донесениов ДУП Маџир Маало, извесно е дека се планира еднонасочно течење на сообраќајот од двете страни како би се оформил еден голем кружен систем околу транспортниот.
Она поврзување во горниот десен агол на сликава тоа го наметнува, а не може да се изведе без корекција на постоечката проблематична траса.



Всушност и изведбата на мостот е таква што сугерира дека моменталната дупла кривина е привремено решение, мене само ме плаши трајноста на „привремените“ решенија кај нас...

И повторно да се вратам на мостот што го предложи погоре. Ако има еднонасочен режим околу транспортен, нов мост би бил уште попромашена работа


Edited by Cloverstack - 06-Jan-2009 at 10:01
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 06-Jan-2009 at 09:56
Originally posted by BOJAN

Некои објекти како споменици на културата може да се зачуваат, но 80-90% од куќите немаат никаква вредност.
Јас се сомневам и во вредноста на тие споменици што ни ги сервираат цело време. Од која категорија се тие и кои се нивните вредности? И во каква состојба се, дали воопшто можат да битат квалитетно и автентично реставрирани/конзервирани во постоечката ситуација, или треба да се рушат и повторно да се градат, што од корен ја менува ситуацијата.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 06-Jan-2009 at 14:36
Дали некогаш ќе мрднат работите во Маџир Маало? До кога ќе ги толелираат примитивците.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 14-Feb-2009 at 21:49
Previous Мрдаат


Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
dimme.von.macedonia View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Jun-2008
Location: Hrvatska
Online Status: Offline
Posts: 78
  Quote dimme.von.macedonia Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 15-Feb-2009 at 15:24
Koj saka primitivizam ( navistina ne go mislam toa vo los ton, ednostavno nekoi lugje ne sakaat da mrdan dali od inat ili druga pricina ), neka poveli vo Kokosinje i sl. Neka se znae, Skoje Metropola, Kokosinje mali sokaci i kokoski vo dvor.


Se nadevam deka ne sum navredil nekoj. Se najubavo!



Back to Top
dimme.von.macedonia View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Jun-2008
Location: Hrvatska
Online Status: Offline
Posts: 78
  Quote dimme.von.macedonia Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 15-Feb-2009 at 15:25
Se izvinuvam na typefeller-ite
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 14-Aug-2009 at 14:52

Општина Центар држи во заложништво 4.000 маџармаалци

Маџармаалци повторно најавија дека ќе го блокираат влезот од Аеродром во Центар, ако надлежните не ја урбанизираат населбата за да можат да си ги поправат куќите

Општина Центар никако да донесе детален урбанистички план (ДУП) за Маџар маало, со кој, конечно, ќе се урбанизира оваа населба. Последниот предлог-ДУП за Маџар маало, како што вели градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ, е повлечен поради негодувањата на дел од жителите во него да биде вцртан неизградениот булевар Крушевска Република. Со постојниот Генерален урбанистички план на Скопје, булеварот Крушевска Република, кој ќе почнува од Тутунски комбинат, треба да минува среде Маџар маало и ќе зафаќа околу 80 куќи во оваа населба.
"Иницијативата да се измести трасата на булеварот Крушевска Република во ГУП минатиот состав на Градот и Општина Центар не го решиле. Во меѓувреме е направен предлог-ДУП за Маџар маало, кој одеше на јавна расправа, и тој требаше да биде донесен. Но, поради негодувањето на жителите чии куќи ги фаќа булеварот, одложено е неговото донесување", вели градоначалникот Тодоровиќ.
Според него, планот за Маџар маало сега ќе мора да го чека новиот ГУП, за чија изработка веќе е почната постапка во Градот.
"Во овој момент нема простор тоа да се реши брзо. Градот почна со измени на ГУП, но тоа ќе трае најмалку две години, а ние дури потоа можеме да донесеме план", рече Тодоровиќ.
Тој најави дека ќе се обидат планот да го донесат во две фази, односно уште сега да се донесе план, но само за делот каде што не минува булеварот.
"Не знам дали е тоа правно можно, но ќе видиме што може да се направи. Барем на дел од луѓето да им овозможиме да градат, бидејќи сега живеат во многу лоши услови, објектите се во распаѓање", рече Тодоровиќ.
Петар Галиќ, претседател на координативното тело за урбанизација на Маџар маало, вели дека не е вистина оти маџармаалци, чии куќи ги фаќа булеварот, го попречиле донесувањето на планот. Тој објасни дека поранешната градоначалничка на Центар Виолета Аларова им ветила оти планот ќе се носи во две фази, прво за делот од Маџар маало каде што не минува булеварот, а за останатите откако ќе се смени ГУП.
"Ова е големо безобразие. Држат во заложништво околу 4.000 луѓе. Повеќе од 50 години молиме да се урбанизира овој дел. Толку многу пати ја поминавме секоја постапка за носење на ДУП со јавни расправи, и тамам ќе дојде во финална фаза, носењето на планот се поништува или се одложува. Имаат ли чувство за одговорност кон луѓето од Маџар маало!? По одморите ќе одиме и кај Тодоровиќ и кај градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, и ќе бараме планот да се донесе во две фази. Ако не одговорат на нашето барање, тогаш ќе го блокираме влезот на Аеродром во Центар, како што еднаш веќе најавивме додека градоначалник беше Аларова. Таа тогаш омекна и почна во забрзана постапка да го носи планот, но сега пак сме на почетокот", вели Галиќ.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=DD9656D1C6252342BC43FBB67E736A45

Баш е обратна ситуацијата. Резерватот за стари скопјани т.н. маџирмаалци го држат Скопје во заложништво и треба да се дислоцираат од тамо.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 15-Aug-2009 at 10:34
Како мислиш да се дислоцираат?
 
 
 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.187 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.